Јавна чистота |
Post Reply | Page <1 2223242526 34> |
Author | |
stef4o
Moderator Group Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 20697 |
Quote Reply #461 Posted: 29-Mar-2018 at 13:19 |
Низ Аеродром-превземено од фб
|
|
Џоле
Moderator Group Joined: 23-Apr-2013 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 15225 |
Quote Reply #462 Posted: 06-Apr-2018 at 10:12 |
Не можев да најдам соодветна тема, па тука нека стои оваа вест - нови јавни тоалети во Белград. Досега се поставени четири, веројатно наскоро ќе се постават уште.
http://www.almaquattro.rs/2018/03/20/novi-javni-toaleti-u-beogradu/ |
|
За сè има вторпат
|
|
stef4o
Moderator Group Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 20697 |
Quote Reply #463 Posted: 17-Apr-2018 at 11:59 |
Во Карпош-превземено од фб
|
|
iGi_PoP
Senior Member Joined: 09-Apr-2015 Online Status: Offline Posts: 213 |
Quote Reply #464 Posted: 17-Apr-2018 at 17:02 |
Sto ubavo vaka.. nova fasada a do nea i novo kupiste gjubre... ova e dobar primer na toa ako smestis govedo od stala vo palata, pak ke si bide govedo...
|
|
FT
Senior Member Joined: 22-Jun-2010 Location: Kocani Online Status: Offline Posts: 570 |
Quote Reply #465 Posted: 16-May-2018 at 22:39 |
Градот е преполн со ѓубре. Не знам што е толку тешко да се чисти ако не секој ден барем преку еден.
|
|
Џоле
Moderator Group Joined: 23-Apr-2013 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 15225 |
Quote Reply #466 Posted: 21-Aug-2018 at 18:55 |
Република Депонија
Ѓубре, отпад и смет насекаде, Македонија е претворена во дива депонија! август 21, 2018 Македонија тоне во енормно количество ѓубре, расфрлено и депонирано буквално насекаде. Ова е делот околу Визбегово. Дивите депонии се регистрирани од Инспекторатот за животна средина, на повик на совесни граѓани. Но, од инспекторатот не кажуваат што ќе преземат, туку само кусо информираат дека излегле на терен по пријава, фотографирале и најавуваат дека трагаат по сторителите?! Дали ќе се преземат конкретни мерки за чистење, предупредување на околните жители и нивно казнување за да не се повтори ова, не кажуваат. Ова е туристичкиот центар Попова Шапка, во лето. Снег нема , па се гледа целата човечка беда и некултура, и сета негрижа на локалната самоуправа. Секој фрла каде ќе му текне и никој за тоа не одговара , ниту пак е санкциониран. Подолу крај патот кон Тетово, пред неколку години уреденото излетничко место со корпи за отпадоци и клупи, е прекриено со смет, во срцето на планината: Но, за оваа планина, не се само проблем ѓубрето и дивите депонии кои ги има буквално насекаде и во секое планинско село, туку и дивоградбите, сечењето на шумата и узурпацијата на јавен простор. По патот кон Шапка може да се забележат многу пробиени диви патеки за да поминуваат камионите со бесправно исечена шума, околчени и омеѓени големи пространства, на кои потоа никнуваат хациенди надвиснати над планината, како да паднале од небо. На еден од свиоците, некој си направил куќа, ја оградил и истакнал албанско знаме. Викенд населбата на Попова Шапка е претворена во градилиште. Џамијата се гради бесправно. Куќите стануваат станбени згради, инфраструктурата пропаѓа… Надлежните институции, почнувајќи од локалните самопуправи, градоначалниците, комуналните претпријатија, па сѐ до Македонија пат која е задолжена за чистењето на патиштата, односно покрај нив, не е доволно да се каже дека потфрлија, туку едноставно не знаат и не си ја вршат работата за која се одговорни. И никој не ги повикува на одговорност, туку без мува да ги лази, си ги тераат своите функционерски мандати. И не само тоа, туку ги ротираат од еден ресор во друг, од една институција во друга. Резултати со минусно салдо, негативни, не се ниту на 0, на мртва точка, туку се штетни за државата, општеството и граѓаните. Скопје како никогаш досега е валкано и неисчистено. Неодамна група волонтери, на иницијатива на Ирена Ристиќ, го исчистија ѓубрето кај Пошта 2, а камиончиња на општина Центар , ги собраа црните вреќи и никому ништо. Молк. Си продолжија по старо. Негрижа и некултура насекаде. Фотелја крај контејнер во Аеродром. Одложувањето на кабастиот отпад, проблем кој не се решава и не се санкционира. Исто е покрај сите сообраќајници низ целата држава. Од околните села и населени места, буквално сѐ се исфрла покрај патиштата. Глетките покрај патот од Скопје до Охрид, главниот автопат Табановце Гевгелија, да не зборуваме за регионалните патишта се срам за цела држава, за институциите, а најмногу за луѓето кои фрлаат и немаат основна култура на живеење. Но, тие ја користат неспособноста и неефикасноста на заспаните градоначалници и на другите раководители во надлежните државни институции, кои повеќе сакаат да седат по кабинети и да се фотографираат насмеани со високите гости што им доаѓаат, отколку да ја исчистат државата од сметот, ѓубрето и дивите депонии. И да воспостават ред и поредок. Да ги спроведуваат законите што постојат. Да казнуваат за фрлање отпадоци на улица, да ги гонат одложувачите на смет кои создаваат диви депонии, да имаат редовни инспекциски контроли, да ги зајакнат капацитетите на сите нивоа и ова да биде принцип од кој нема отстапување. Систем кој функционира. И кој во иднина ќе им донесе доверба кај гласачите и гласови. Инаку-нема. Исто така, освен Дрисла, Македонија практично нема ниту една регуларна депонија. Сите други се диви и ако тргнете било каде, еве на пример кон Крива Паланка, ќе видите дека целиот смет од градот и околината се фрла покрај патот во бездна, која сега е претворена во вештачка планина од ѓубре. Тоа е релната и тажна слика на Република Македонија на полето на (не)хигиената. Апсолутно алармантно и неприфатливо! Нешто што треба да се казни со граѓанска непослушност и масовни протести во иднина, доколку некој не седне и не сфати дека мора итно и квалитетно да се реши овој проблем.Вчера, а не утре. Емилија Лазаревска https://ako.mk/%D1%93%D1%83%D0%B1%D1%80%D0%B5-%D0%BE%D1%82%D0%BF%D0%B0%D0%B4-%D0%B8-%D1%81%D0%BC%D0%B5%D1%82-%D0%BD%D0%B0%D1%81%D0%B5%D0%BA%D0%B0%D0%B4%D0%B5-%D0%BC%D0%B0%D0%BA%D0%B5%D0%B4%D0%BE%D0%BD%D0%B8%D1%98/ Edited by Џоле - 21-Aug-2018 at 18:58 |
|
За сè има вторпат
|
|
Влатко
Senior Member Joined: 01-Aug-2016 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 517 |
Quote Reply #467 Posted: 22-Aug-2018 at 09:33 |
[QUOTE=Џоле] Република Депонија
Ѓубре, отпад и смет насекаде, Македонија е претворена во дива депонија! август 21, 2018 Македонија тоне во енормно количество ѓубре, расфрлено и депонирано буквално насекаде. Ова е делот околу Визбегово. Дивите депонии се регистрирани од Инспекторатот за животна средина, на повик на совесни граѓани. Но, од инспекторатот не кажуваат што ќе преземат, туку само кусо информираат дека излегле на терен по пријава, фотографирале и најавуваат дека трагаат по сторителите?! Дали ќе се преземат конкретни мерки за чистење, предупредување на околните жители и нивно казнување за да не се повтори ова, не кажуваат. Конкретно би сакал да елаборирам на делов со Визбегово. Имено, објавата на страната на Инспекторатот на Град Скопје е по моја иницијатива и неколкукратно пријавување. Неколку седмици наназад околу 2 по полноќ почнува да се шири ужасна миризба во Визбегово при што јас не знам дали е од некоја фабрика или пак запалена депонија. Случајот, како што напоменав, неколку пати го пријавив во Инспекторатот и им предочив дека можеби е од дивата депонија за која имам видео запис како гори. Уште поинтересно е тоа што таа дива депонија ја создава КХС бидејќи го одложува ѓубрето таму. Од Град Скопје потврдуваат дека е дива. Ете, вистина испратија инспекција но на крај 'се се сведува само на една објава на фб и неколку портали. Дали ќе има разрешница, не знам, иако се надевам, но јас имам изгубено комплетна доверба во институциите. Не во последнава година, да не бидам погрешно сфатен ами со години наназад. Можам да констатирам дека на нашиве простори живеат монструми а не луѓе кои свесно ја уништуваат природата околу нас. |
|
stef4o
Moderator Group Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 20697 |
Quote Reply #468 Posted: 26-Aug-2018 at 14:55 |
Од фб
Локациите се поред кеј кон Карпош и околу СЦ Борис Трајковски и аквапаркот |
|
alexsend
Senior Member Joined: 11-May-2011 Location: Скопје, Центар Online Status: Offline Posts: 2085 |
Quote Reply #469 Posted: 27-Aug-2018 at 08:08 |
Одсекогаш имало диви депонии. Пак ќе кажам проблемот е цивилиѕациски. Живееме со голем број на луѓе кои се цивилиѕациски заостанати и тоа е непоправливо во наш животен век.
Ова власта не треба да го игнорира срамејќи се да не навреди некој. Ѕа ова треба постојано да се реагира. Имаме пренатрупана администрација може да ја организираат и некој постојано да надгледува. На крја краева постојат дронови денес, на неделна баѕа може да прават надгледување и чистење. |
|
Јас Скопје никогаш не сум го замислувал вака.
|
|
stef4o
Moderator Group Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 20697 |
Quote Reply #470 Posted: 13-Sep-2018 at 18:07 |
На паркингот кај Транспортен(фотките се од фб)
И ова е во Мичурин на ул.Симеон Кавракиров Патем на неколку места низ градов приметувам дека се поставени нови контејнери ама џабе пак капаците се отворени,контејнерите преполни...А незнам зошто во последно време од камионите што ги празнат се повеќе и повеќе се цеди од ѓубрето и остануваат флеки по речиси сите улици што создава ужасна миризба. |
|
Џоле
Moderator Group Joined: 23-Apr-2013 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 15225 |
Quote Reply #471 Posted: 13-Sep-2018 at 18:24 |
За паркиралиштето кај Транспортен центар - тука веќе подолго време живеат неколку ромски семејства, велосипедската патека, на пример, е полна со ѓубре што го фрлаат одозгора, затоа не би се зачудил дека и другово ѓубре доаѓа од нив, иако не исклучувам да е дело на несовесни граѓани со кои градов е полн (а и државава исто така). Тоа што никој не го одржува тој простор е веќе друго прашање. |
|
За сè има вторпат
|
|
stef4o
Moderator Group Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 20697 |
Quote Reply #472 Posted: 18-Sep-2018 at 16:10 |
Незнам што се случува во последно време ама нема контејнер околу кој не е расфрлан отпад,изнесени се цели гарнитури кои скапуваат со месеци,колку и да има акции за чистење и собирање пак неможе да се постигне.Еве во продолжение низа фотки од фб за "чистотата низ централното градско подрачје" за периферијата подобро и да не зборуваме.
А имаме и модерни системи за наводнување,погодно за одгледување ориз во секој случај |
|
Џоле
Moderator Group Joined: 23-Apr-2013 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 15225 |
Quote Reply #473 Posted: 19-Sep-2018 at 15:29 |
Не знам колку е точно, но според некои информации што проструија на интернет, Комунална хигиена има околу 5.000 вработени. Изгледа дека 95% од нив си го дрват ташакот, да ми извините на изразот, а само 5% работат нешто. Прошетајте низ градов, ќе ме разберете на што мислам. А Скопје е посебно нечист за време на викенди, кога и тие 5% не работат.
|
|
За сè има вторпат
|
|
stef4o
Moderator Group Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 20697 |
Quote Reply #474 Posted: 23-Sep-2018 at 12:34 |
На потегот меѓу СЦБТ и Систина,честопати се спалува овој насобран отпад и е една од причините за загадениот воздух во Карпош(од фб)
|
|
Џоле
Moderator Group Joined: 23-Apr-2013 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 15225 |
Quote Reply #475 Posted: 24-Sep-2018 at 16:37 |
Конечно една добра вест по подолго време!
„КОМУНАЛНА ХИГИЕНА“ ГО ПРЕЗЕМА ЧИСТЕЊЕТО И СОБИРАЊЕТО ЃУБРЕ ВО САРАЈ И МАТКА Од први октомври ЈП „Комунална хигиена“ ќе го собира ѓубрето и ќе ги чисти општина Сарај и Матка. Станува збор за површина од 18.000 метри квадратни во која спаѓаат населените места Љубин, Сарај, Крушопек, Лока, Грчец, Кондово, Шишево, Глумово, Долна Матка, Рашче, Арнакија. Град Скопје преку неговото јавно претпријатие го презема и овој дел од градот кој досега го чистеше општинското претпријатие бидејќи имало голем број забелешки за чистотата. „Одлуката за проширување на територијата за дејствување ја донесовме со една единствена цел, зголемување на нивото на чистотата и хигиената на градот на што поголем дел од територијата на град Скопје. Работиме да собереме податоци колку индивидуални домаќинства има да им дадеме канти за ѓубре за да не го носат ѓубрето во контејнерите“, рече директорот на ЈП „Комунална хигиена“ Абдусамед Шабани. Градоначалникот на општина Сарај Блерим Беџети кажа дека општинското комунално претпријатие ќе продолжи со подигнување на сметот во другите населени места и за прв во општина Сарај ќе се собира ѓубрето на целата територија. Покрај тоа што „Комунална хигиена“ ќе го чисти Сарај, ЈП „Паркови и зеленило“ ќе биде ангажирано во одржување на зеленилото. Градоначалникот Петре Шилегов кажа дека и покрај проширување на територијата на работа тие ќе имаа капацитети да интервенираат бидејќи наскоро ќе биде распишан тендер за набавка на нови камиони и контејнери, а дотогаш ќе добијат дел од механизацијата со која располага општинското претпријатие. https://sdk.mk/index.php/dopisna-mrezha/komunalna-higiena-go-prezema-chisteneto-sobiraneto-gubre-vo-saraj-matka/ |
|
За сè има вторпат
|
|
ironm
Senior Member Joined: 07-Jun-2018 Location: Frankfurt Online Status: Offline Posts: 886 |
Quote Reply #476 Posted: 25-Sep-2018 at 10:09 |
Го исчистија центарот на градот, па сега и пошироко ќе чистат... нека зафатат и накај Тетово и Куманово
|
|
stef4o
Moderator Group Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 20697 |
Quote Reply #477 Posted: 22-Oct-2018 at 16:59 |
Низ Центар и Гази Баба(од фб) не дека на други места е почисто.Незнам дали има недостиг од камиони за празнење на сметот или...
|
|
stef4o
Moderator Group Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 20697 |
Quote Reply #478 Posted: 05-Nov-2018 at 07:49 |
Во Гази Баба(од фб)
|
|
stef4o
Moderator Group Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 20697 |
Quote Reply #479 Posted: 16-Nov-2018 at 14:05 |
Во Мичурин-Аеродром(од фб)
Еве за која локација се работи,просторот е катастрофа има купишта песок,градежен отпад. Патем и улицата Борис Кидрич е во многу лоша состојба асфалтот не е обновен откако е направена за тротоарите подобро и да не се зборува. |
|
stef4o
Moderator Group Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 20697 |
Quote Reply #480 Posted: 21-Nov-2018 at 14:41 |
Страшно,Индија може да ни позавиди.Фоткиве се од Вардариште-Гази Баба каде во текот на вчерашниот ден комуналните инспектори им ги одезеле гумите кои биле користени за загревање но мислам дека за некој ден ситуацијата повторно ќе биде иста.-превземено од фб
|
|
Post Reply | Page <1 2223242526 34> |
Forum Jump | Forum Permissions You cannot post new topics in this forum You cannot reply to topics in this forum You cannot delete your posts in this forum You cannot edit your posts in this forum You cannot create polls in this forum You cannot vote in polls in this forum |