Булевар Борис Трајковски (Првомајска) |
Post Reply | Page <1 22232425> |
Author | |
my Macedonia
Senior Member Joined: 09-Oct-2008 Location: 🇲🇰🇨🇭 Online Status: Offline Posts: 4089 |
Quote Reply #461 Posted: 30-Nov-2017 at 20:55 |
Гледајте го знакот во последната слика хаха. Немам коментар, FAIL
|
|
user8642
Senior Member Joined: 18-May-2020 Online Status: Offline Posts: 2026 |
Quote Reply #462 Posted: 21-May-2020 at 20:07 |
Да потсетиме само дека на Првомајска не е изведен во полн профил делот помеѓу Gulf бензинската и раскрницата со булевар Србија непосредно пред стариот влез за цементарница Усје. Ама затоа од кога се правеше тој дел пред 15тина години до денес, за среќа земјиштето е експропреирано и нема потреба повеќе перални и вулканизери да го узурпираат државното земјиште на кое треба да има 4та лента. Шилегов исправија глупоста што уште од времето Пенов/Трифун навака се провлекува.
Edited by user8642 - 21-May-2020 at 20:08 |
|
Staro Skopje
Senior Member Joined: 07-May-2013 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 2692 |
Quote Reply #463 Posted: 21-May-2020 at 20:19 |
Го откупиле тој дел? Одлично.
Преклани отворија и себе-перална таму, ама физички има простор за една уште лента. За годинава е најавено проширување на последниот сегмент, се надевам ќе им текне и на ова, ако не ќе се потрудам да ги потсетам... |
|
Градот убав никна, но го откорнаа
|
|
stef4o
Moderator Group Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 20697 |
Quote Reply #464 Posted: 23-Feb-2021 at 13:39 |
ГРАД СКОПЈЕ ЌЕ ГО ПРОДОЛЖИ БУЛЕВАРОТ БОРИС ТРАЈКОВСКИ ДО ДРАЧЕВО
Советот на Град Скопје денеска донесе Одлука за изменување и дополнување на Програмата за уредување на градежното земјиште на подрачјето на град Скопје за 2021 година, со која се предвидува продолжување со изградбата на булеварот Борис Трајковски до Драчево. Станува збор за капитален инфраструктурен проект со кој ќе се продолжи булеварското решение на потег од влезот во населбата Пинтија до Драчево, во должина од над 2 километри. На овој потег оваа сообраќајница ќе се реконструира и прошири и ќе прерасне во модерен булевар со 4 сообраќајни ленти, пешачки и велосипедски патеки, модерно и енергетски-ефикасно јавно осветлување, како и дополнителна комунална инфраструктура. Со изградбата на оваа фаза од булеварот Борис Трајковски, Скопје ќе добие уште една нова, модерна сообраќајница, што значително ќе ја зголеми безбедноста на сите учесници со сообраќајот, ќе се намали загадувањето и ќе се зголеми проточноста на сообраќајот во овој дел на градот. Овој капитален проект особено ќе биде значаен за околу 70.000 граѓани од Кисела Вода, Драчево, Пинтија, Лисиче, Студеничани и околните населени места кои ќе можат побезбедно и полесно да патуваат, а голем бенефит ќе има и индустриската зона лоцирана во овој дел на градот. https://www.facebook.com/CityofSkopje |
|
Џоле
Moderator Group Joined: 23-Apr-2013 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 15225 |
Quote Reply #465 Posted: 23-Feb-2021 at 13:57 |
Одлична вест, само како ќе се изведе тоа? И од фотографиите се гледа дека булеварот би стигнал до оградата на фирмите што се сместени во индустриската зона, што значи, ќе има ли место за тротоари за пешаци и за велопатека? Некако, се чини дека фирмите ќе си ги скратат дворовите „доброволно“ или со откуп на земјиштето од страна на градот.
|
|
За сè има вторпат
|
|
Macedonicus
Senior Member Google Maps: Regional Expert Joined: 29-May-2011 Location: Czech Republic Online Status: Offline Posts: 398 |
Quote Reply #466 Posted: 23-Feb-2021 at 14:47 |
Најверојатно ќе го стеснат коловозот, нека излезе документацијата па ќе видиме.
|
|
ಠ_ಠ
|
|
гитардемон
Senior Member Joined: 19-Feb-2008 Online Status: Offline Posts: 5422 |
Quote Reply #467 Posted: 23-Feb-2021 at 15:59 |
А има потреба од тротоари на патот? Колку што сфаќам, делот кој води до Драчево е пат, не е ни улица ни булевар.
|
|
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
|
|
Џоле
Moderator Group Joined: 23-Apr-2013 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 15225 |
Quote Reply #468 Posted: 23-Feb-2021 at 18:27 |
Па, штом овој проект го нарекуваат „продолжување“ на Бул. Б. Трајковски, тогаш мене логично ми е да исполнува барем минимум услови за булевар, што би значело и тротоари (во случајов, поради немање простор, веројатно ќе биде комбиниран за пешаци и за велосипеди).
|
|
За сè има вторпат
|
|
ehrlich
Senior Member Joined: 31-May-2012 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 1365 |
Quote Reply #469 Posted: 23-Feb-2021 at 19:37 |
Да, делницата од раскрсницата со булевар Србија до Драчево е регионален пат 2134, но на таа делница веќе постојат булевари, така што тоа не е проблем. Проблем е тоа што го кажа Џоле, јасно се гледа дека место за тоа што го најавиле.
|
|
Staro Skopje
Senior Member Joined: 07-May-2013 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 2692 |
Quote Reply #470 Posted: 23-Feb-2021 at 20:30 |
Има доволно место за ширина од 20м (како веќе постоечкиот дел кај Охис), само 2-3 мали објекти ќе треба да се срушат на почетокот на трасата и по некое метро да се откупи. Од тротоар и велосипедска има потреба и профилот кај Охис е доволен за тука, освен ако не урбанизира бившата фабрика.
|
|
Градот убав никна, но го откорнаа
|
|
zabegan
Senior Member Joined: 01-Jul-2008 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 7859 |
Quote Reply #471 Posted: 23-Feb-2021 at 22:36 |
делницава никогаш не сум ја видел да има гужви |
|
Architects create dreams...politicians create nightmares
|
|
stef4o
Moderator Group Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 20697 |
Quote Reply #472 Posted: 22-Jun-2021 at 11:52 |
ПОЧНА ДА СЕ ГРАДИ БУЛЕВАРОТ ДО ДРАЧЕВО
Градот Скопје денеска го почна проширувањето и реконструкцијата на булеварот Борис Трајковски, на потегот од крстосницата во Пинтија до мостот на Маркова река пред Драчево. На овој потег со вкупна должина од 2.325 метри ќе се изврши целосна замена на стариот асфалт со нов, проширување од две на четири коловозни ленти, изградба на пешачки патеки од двете страни на булеварот и велосипедска патека од едната страна. Kрстосницата пред мостот кај Драчево ќе биде заменета со кружен тек со дијаметар од 20 метри. - Овој булевар е една од артериите во нашиот град, кон него гравитираат педесетина илјади жители и поради тоа сметам дека со изработката на оваа делница и тоа како ќе го олесниме и осовремениме животот во овој дел од градот. Дополнително, на булеварот Борис Трајковски, на делот што сега го работиме, ќе биде поставена нова канализациска мрежа – и атмосферска и фекална. Изградбата планираме да трае неполни две години, бидејќи овде имаме и експропријација и отстранување на оградите. Градежните работи ќе чинат 212 милиони денари без ДДВ, средства кои се предвидени во Буџетот на Градот Скопје - рече градоначалникот Петре Шилегов, на почетокот на градежните работи на овој значаен булевар. Тој додаде дека во текот на оваа градежна сезона ќе се градат или реконструираат 11 градски сообраќајници, во неколку скопски општини. - Ова всушност е почеток на летната градежна офанзива на Град Скопје, па ги замолувам граѓаните да имаат трпение додека се вршат реконструкциите. Ќе бидеме брзи како и секоја година, што всушност стана препознатливост на оваа градска администрација и моја, како градоначалник. Да ги почитуваме сообраќајните режими бидејќи новата и квалитетна инфраструктура е гаранција дека Скопје чекор по чекор станува една поинаква приказна, дека Скопје чекор по чекор заличува на европска метропола – нагласи Шилегов. На почетокот на градежните работи за проширување и реконструкција на булеварот Борис Трајковски, на потегот од крстосницата во Пинтија до мостот на Маркова река пред Драчево, присуствуваше и градоначалникот на Општина Кисела Вода, Филип Темелковски и претседателката на Советот на Град Скопје, Љубица Јанчева. https://www.facebook.com/CityofSkopje |
|
stef4o
Moderator Group Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 20697 |
Quote Reply #473 Posted: 22-Jun-2021 at 12:12 |
ЗА ДВЕ ГОДИНИ ЌЕ БИДЕ ГОТОВ БУЛЕВАРОТ БОРИС ТРАЈКОВСКИ ОД ПИНТИЈА ДО ДРАЧЕВО, КАЖА ШИЛЕГОВ
Градот Скопје денеска почна со проширување во булевар на улицата Борис Трајковски, на потегот од крстосницата во Пинтија до мостот на Маркова река пред Драчево. Сообраќајницата во должина од 2.325 метри наместо две ќе добие четири коловозни ленти, пешачки патеки од двете страни на булеварот и велосипедска патека од едната страна. Kрстосницата пред мостот кај Драчево ќе биде заменета со кружен тек со дијаметар од 20 метри. „Овој булевар е една од артериите во нашиот град, кон него гравитираат педесетина илјади жители и поради тоа сметам дека со изработката на оваа делница и тоа како ќе го олесниме и осовремениме животот во овој дел од градот. Дополнително, на булеварот Борис Трајковски на делот што сега го работиме, ќе биде поставена нова атмосферска и фекална канализација. Изградбата планираме да трае неполни две години, бидејќи овде имаме и експропријација и отстранување на оградите“, рече градоначалникот Петре Шилегов. Изградбата на булеварот ќе чини околу 3,5 милиони евра, средства кои се предвидени во буџетот на Градот Скопје. https://sdk.mk/index.php/dopisna-mrezha/za-dve-godini-ke-bide-gotov-bulevarot-boris-trajkovski-od-pintija-do-drachevo-kazha-shilegov/ |
|
ehrlich
Senior Member Joined: 31-May-2012 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 1365 |
Quote Reply #474 Posted: 22-Jun-2021 at 21:58 |
Две години!!! По пет метри дневно ќе се прават значи.
|
|
Cloverstack
Admin Group Joined: 01-Sep-2007 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 12453 |
Quote Reply #475 Posted: 22-Jun-2021 at 23:43 |
Точката кадешто сега Борис Трајковски се стеснува на 2 ленти речиси се совпаѓа со точката од која планираната траса на Јужен булевар се раздвојува од трасата на Борис Трајковски. Мислам дека наместо да се проширува оваа катастрофална сообраќајница, многу попаметно ќе беше со овие пари да се пробие сегментот на Јужен Булевар помеѓу Охис и Драчево (2km), за почеток со обичен профил 2х1. И соодветно да се поврзе со Драчево. Покрај тоа што би добиле не баш мала делница од Јужен Булевар, туку тој така би го презел грото од сообраќајот од/кон Драчево и реонот кон исток и југоисток. Со тоа значајно би го растоварил адекватниот сегмент на Борис Трајковски. За разлика од Борис Трајковски ова би била експресна врска без семафори, без милион легални и нелегални странични приклучоци, без потреба за преминување преку двојна полна лента и други небезбедни акробации. Борис Трајковски на делот што засега би останал со две ленти би го опслужувал сообраќајот во сервисната зона што се оформи околу улицата, и сообраќајот од/кон Батинци и понатака кон запад. Борис Трајковски е многу лоша сообраќајница без јасно дефиниран концепт и дефинитивно спаѓа во категорија на "stroads": https://www.youtube.com/results?search_query=stroad И не само што е "stroad", туку е и многу импровизаторски изведена и ниска класа на "stroad". Ќе беше најдобро пред воопшто да се размислува за нејзино проширување, најпрвин соодветно да се трансформираше во контекст на околината. А како таква не може да биде брза транзитна сообраќајница, тоа едноставно не оди едно со друго. Брзата транзитна сообраќајница треба да биде Јужен Булевар. Edited by Cloverstack - 22-Jun-2021 at 23:51 |
|
user8642
Senior Member Joined: 18-May-2020 Online Status: Offline Posts: 2026 |
Quote Reply #476 Posted: 23-Jun-2021 at 17:02 |
Од секогаш сум се прашувал зашто овој сеприсутен профил на патишта од 2+2 или 3+3 со расрксници го има секаде по свет, а во Македонија го нема освен на потегот Охрид-Горица. Не сум знаел дека има име "stroad". Има некој феномен дека се појавува овакво нешто во Косово и Албанија, а делимично го има низ Грција, Турција и Бугарија. Еве сега Црна Гора гради нешто слично на потезите Подгоричка Обиколница, Подгорица-Даниловград и Подгорица-Тутин(граница со Албанија). Иако се работи за делниици од 20-30 км, сепак официјално ги нарекуваат меѓуградски булевари. На градежната компанија Бемакс од Црна Гора има доста видеа, може да се види за што зборувам да не идам сега тука со многу информации.
Следен чекор на оваквите булевари е ограничување на влезовите/излезите само во правец на свртување десно и додавање кружни текови и полусвиоци на неколку стотини метри заради довибање потполна достапоност во сите правци. Ова е крајно опасно заради тоа што возила се вклучуваат во сообраќај во најлева најбрза лента. Уште побезвезе е со кружните текови на секои неколку метри се создава чвор кој го успорува сообраќајот заради тоа што па сите правци имаат практично еднаква предност на вклучување. Овие "stroads" не се никакво решение, ама па ако нема буџет нема што друго да се прави. |
|
Staro Skopje
Senior Member Joined: 07-May-2013 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 2692 |
Quote Reply #477 Posted: 23-Jun-2021 at 20:13 |
Делот кој сега ќе се проширува би требало да се искористи за продолжување на БРТ-то до идниот кружен тек, со што булеварот би бил улица со по една лента во правец. Пат треба да биде продолжување на Јужен булевар, но негова изградба сега само од крајот на Охис до почетокот на Драчево (делот од БТ кој сега ќе се шири) би било нефункционално решение зашто би го изместило природниот тек на сообраќајот, не би имало добра врска со Драчево, а од другата страна патот би завршувал во регионален со по една лента на запад и евентуално нов булевар на југ со кој би се споил со Борис Трајковски. Подолго и неекономично решение. За подобро поврзување на југоисточниот дел од Скопје со центарот треба: Фаза 1: Проширување на БТ до Драчево (~2km). Фаза 2: Изградба на Јужен (доволно би било 2+2) од почеток на Драчево (2 од 4 источни клучки на сликата подолу) (~5.3km) со продолжување на ул. Славка Динкова (~0.5km) со 3 подфази, и тоа: 1 (Изградба на Ј.Б. од Драчево до почетокот на регионалниот пред Охис, ~2.1km) и продолжување на ул. Славка Динкова (~0.5km), 2 (Проширување на регионалниот во булевар од почетокот на Охис до влезот во Горно Лисиче, ~1.1km) и 3 (Изградба на Јужен од Горно Лисиче до бул. Србија,а ~ 2.1km). Фаза 3: Продолжување на БРТ до Драчево (~3.5km), со тоа што ова би било продолжување на веќе постоечки систем врз тогаш веќе постоечка инфраструктура, со купување на 2-3 нови возила (поради продолжувањето на времетраењето на патување) и намалена употреба на автобуси, но намалено користење на трасата од Пинтија до ЖС Лисиче, па цената би била драстично помала. Со ова веќе би имало добро поврзување на Драчево со Скопје. Во иднина би останале уште 2 фази за негово комплетирање: Фаза 4: Продолжување на Јужен до патот за Долно Лисиче (~1.8km) и од бул. Србија до Тутунски Комбинат (~2.5km), поделено во 2 подфази: 1 (бул. Србија-ул. Михаил Чаков, ~1km) и 2 (ул. Михаил Чаков-Тутунски, ~1.5km) Фаза 5: Продолжување на Јужен до ЖС Драчево (~1.2km) и изградба на улица од ЖС Драчево до ул. Драчевска (долж каналот, ~1.5km), изградба на улица од кружниот тек на влез во Драчево до Јужен (~1.7km), продолжување на ул. Ратко Митровиќ до оваа улица (~0.7km) и продолжување истата улица до патот за Горно Лисиче (~0.8km) и изградба на улица од ул. БТ до Јужен кај каналот во Лисиче (~0.8km). Тука е и продолжувањето на ул. Михаил Чаков преку пругите до Аеродром, а тука релевантениот сегмент е ~0.7km. Се работи за вкупно 10.8km Јужен, 6.7km улици и 3.5km БРТ. Бројот на куќи на трасите не е поголем од 20, но има многу ниви. Под претпоставка дека 1km булевар од 25м (2+2+3.5+3.5+3+3.5+3.5+2+2), кој може да се скрати и на 23м (2+1.5+3.5+3.5+2+3.5+3.5+1.5+2) чини 2.5 милиони евра (бул. ХТБ чинел 2.3м по km, тука да земеме многу повеќе по m ширина за експропријација), а 1km улица 1.3 милиони евра (цена пресметана од цената на Есенинова, намалена за 2.18м поради бунарите и краткиот сегмент од 4 ленти на Есенинова), а 1km БРТ не повеќе од 1.5 милиони евра (БРТ линија 1 3.6м, линија 2 2.2м, а ова продолжување уште помалку), тогаш вкупната цена на овој проект би била 41 милиони евра, и тоа 27 милиони евра за Јужен, 8.7 милиони евра улици и 5.3 милиони евра БРТ. Со тоа што БРТ може да биде доста поевтино, а цените на ЈБ и улиците многу зависат од експропријациите. Фаза 1 веќе започна и не ја бројам. Цена по фази: Фаза 2: ~14 милиони евра Фаза 3: ~5.3 милиони евра Фаза 4: ~10.8 милиони евра Фаза 5: ~10.2 милиони евра Без БРТ и некои улици, цената би била 32 милиони евра. Може да се изведе за 6-7 години.
|
|
Градот убав никна, но го откорнаа
|
|
stef4o
Moderator Group Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 20697 |
Quote Reply #478 Posted: 10-Dec-2021 at 17:40 |
Исто е и за булеварот „Борис Трајковски“ отпочнат е и таму има 179 предмети, само 61 се во сопственост на РМ, а останатите се на физички и правни лица. Има процена дека треба да им се исплати по пазарна вредност што е навистина голема сума, а сеуште и нема нивна согласност – рече Арсовска.
https://www.vecer.press/мостот-во-аеродром-сега-завршува-во-не/ |
|
user8642
Senior Member Joined: 18-May-2020 Online Status: Offline Posts: 2026 |
Quote Reply #479 Posted: 10-Dec-2021 at 18:12 |
Во Македонија пред 10-15 години се создаде специјален Управен Суд и Виши Управен Суд на кои една од задачите им беше да ги превземат и да се специјализираат за овие предмети, со цел што побрзо да се одглавуваат, зашто основните судови ги имаа завлечкано со децении случаевите. Од тогаш навака не гледаме дека нешто е значително помрднато, ама дефинитивно ни треба поголема агилност во одлучувањето.
|
|
stef4o
Moderator Group Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 20697 |
Quote Reply #480 Posted: 12-Jan-2022 at 11:44 |
Се продолжува булеварот Борис Трајковски: Над 70.000 граѓани побрзо ќе стигнуваат на посакуваната дестинација
Градежните активности околу продолжувањето на булеварот Борис Трајковски до населбата Драчево во Општина Кисела течат во полн ек, информираат од оваа скопска општина. Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски, заедно со претставник од Градот Скопје кој е директно задолжен за изведбата, во координација со Кисела Вода, извршија увид во динамиката на активностите на терен. На овој потег кој води од населбата Пинтија до влезот на Драчево, пред мостот на Маркова река, се изведува модерно булеварско решение во должина од над два километри, кое е продолжение на булеварот кој води низ Кисела Вода – објаснуваат од Општина Кисела Вода. Инаку, во моментов, се работи на процесот на експропријација на приватното земјиште, кое во најголем процент е во сопственост на деловни субјекти. – Очекуваната временска рамка за завршување на овој голем инфраструктурен проект е до крајот на оваа година. Истиот, ќе го намали метежот, ќе ја зголеми безбедноста и ќе го олесни сообраќајот за преку 70 000 лица од Кисела Вода, Драчево, Пинтија, Лисиче, Студеничани и околните населени места кои секојдневно ја користат оваа делница, а дополнително, бенефит ќе имаа и за индустриската зона лоцирана во овој дел на градот – информираат од Општина Кисела Вода. Како што информираа градските власти на почетокот на изградбата на ова сообраќајно решение, станува збор за капитален инфраструктурен проект со кој ќе се продолжи булеварското решение на потег од влезот во населбата Пинтија до Драчево, во должина од над два километри. – На овој потег оваа сообраќајница ќе се реконструира и прошири и ќе прерасне во модерен булевар со четири сообраќајни ленти, пешачки и велосипедски патеки, модерно и енергетски-ефикасно јавно осветлување, како и дополнителна комунална инфраструктура – соопштија тогаш градските власти. https://www.slobodenpecat.mk/se-prodolzhuva-bulevarot-boris-trajkovski-nad-70-000-gragjani-pobrzo-kje-stignuvaat-na-posakuvanata-destinacija/ |
|
Post Reply | Page <1 22232425> |
Forum Jump | Forum Permissions You cannot post new topics in this forum You cannot reply to topics in this forum You cannot delete your posts in this forum You cannot edit your posts in this forum You cannot create polls in this forum You cannot vote in polls in this forum |