![]() |
![]() |
![]() |
Автопат Демир Капија - Смоквица |
![]() |
Post Reply ![]() |
Page <1 2324252627 42> |
Author | |
Navigator ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 02-May-2014 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 678 |
![]() ![]() |
КАПИТАЛ НИЗ ТУНЕЛИТЕ И ПРЕКУ ВИЈАДУКТИТЕ НА АВТОПАТОТ ДЕМИР КАПИЈА – СМОКВИЦА
Автопатот се гради со полна пареа. Завршен е првиот од шесте големи моста како и четирите витални тунели. Веќе се асфалтирани и првите километри од трасата на автопатот, а и на останатите мостови се работи интензивно и се очекува нивно скорешно завршување. Помеѓу изведувачите на градежните работи се дебатира околу евентуално одложување на пуштањето на патот неколку месеци после крајниот рок (август 2016), но според многумина се уште е возможно патот да биде завршен и навреме. Градежниците уште од сега го оценуваат автопатот како еден од најтешките кој воопшто го изведувале, а проценките велат дека тој двојно ќе го скрати патувањето помеѓу Демир Капија и Гевгелија. Завршен е првиот од шесте големи моста на новиот автопат Демир Капија-Смоквица како и четирите витални тунели кои треба да го комплетираат македонскиот дел од Kоридорот 10. Веќе се асфалтирани и првите километри од трасата на автопатот, а и на останатите мостови се работи интензивно и се очекува нивно скорешно завршување. Ова новинарот на Капитал успеа да го констатира на лице место од градилиштето каде што се привршува еден од најсложените инфраструктурни проекти во Македонија, а истовремено и помеѓу најзначајните за земјава и за регионот. Околу 30 километри низ карпи, реки и долини „Мајка на сите инфраструктурни проекти“. Така Светлозар Дотчев, тим-лидерот на екипата за надзор од меѓународната компанија Егис Интернационал ја опишува комплексноста на овој проект. „Во мојата 30 годишна кариера сум бил надзор на многу патишта. Некои биле рамнински некои планински и во зависност од тоа сме граделе соодветна придружна инфраструктура како мостови, тунели, надвозници, подвозници или што год други да било потребно. Е сега ретки се случаите каде што на малку километри е потребно сето тоа заедно. Таков е случајот со Демир Капија Смоквица каде што на нецели 30 километри имате шест големи моста, четири долги тунели и 12 надвозници и подвозници, две клучки и сообраќаен контролен центар.Во секој случај ова е еден од најкомплицираните проекти со кои сме се соочиле“ вели Дотчев. Неговите наоди имавме можност да ги потврдиме и на самиот терен. Турата ни започна низ стариот германски тунел ископан уште 1916 година низ една од масивните карпи во Демиркаписката клисура веднаш до брегот на надојдениот Вардар. Од тука имавме можност да го видиме почетокот или најинтересниот и најкомплициран дел од градбата. Имено за да се спои постоечкиот автопат Скопје Демир- Капија со новата траса се изградени два долги моста од двете страни на античката тврдина Просек, околу која тече Вардар, а самата карпа е пробиена со два тунели од по 1,3 км. Понатаму имавме можност да ги видиме сите шест големи мостови од кои најдолгиот е со големина од 600 метри, а највисокиот се издига над 70 метри над една навистина остра долина. Заменикот на одговорниот инженер Велизар Томов од компанијата Егис Интернешнл ни кажа дека во изградбата на мостовите е користена најсовремената техника која во моментов постои во светот- техниката на „кантар“. „Многу слично на старите кантари за мерење кои се користеа по пазарите и апотекита, така и оваа техника ја користи сопствената тежина балансирана преку гравитацијата за да пренесува и поставува блокови тешки и по 100 тона. Ова е досега најпрактичниот и најбрз начин во изградбата на мостови но кој бара големо познавање, современа техника и многу внимание“, вели Томов. Сепак, не е се така современо во изградбата на овој автопат. Тунелите на пример се пробивани со застарената техника на минирање, бидејќи современите форми со помош на ротациони машини од изведувачот и инвеститорот се оценети како премногу скапи. Бидејќи минирањето e одамна завршено ние имавме можност да го видиме одблизу поставувањето на изолацијата и бетонирањето на вториот горен и завршен слој на тунелите. Секако најинтересен дел беше разговорот со самите работници кои работат по тунелите. „Иако вам сето ова ви изгледа мрачно клаустофобично и чудно, за нас не е многу различно дали ќе работиме на самата траса која е под ведро небо или, пак, неколку стотина метри под земја каде што се протегаат тунелите. Можеби би било страшно ако седиме тука со денови, но ние сепак после завршувањето на смената се враќаме на површината и се е нормално. Со градбата на високите мостови е сосема друга работа. За таму се одбираат луѓето кои немаат висинска болест, бидејќи во спротивно последиците би можеле да бидат фаталн“, вели еден работник од Грција кој го сретнавме на работното место во средината на еден од четирите големи тунели. Има шанси автопатот да биде готов во август 2016? Автопатот Демир Капија-Смоквица е планирано да биде пуштен во употреба во август 2016 година. Околу реалната остварливост или неостварливост на овој рок во јавноста досега многу пати се коментираше. Факт е дека поради аферата со главниот изведувач Актор изградбата паузираше две недели, а во неколку наврати низ четирите години градба работата од технички или нетехнички причини паузирала со денови и недели. Според градежниот инженер од Актор Христос Заркадис, кој вели дека во градежништвото е од своите 13 години, во секој ваков голем проект кој трае неколку години логично е да се очекува доцнење од неколку месеци до половина година. „Во долг период од четири години нормално да се случат некои работи или да искрснат пречки кои ќе ја одложат градбата. Конкретно за овој автопат реалната проценка е дека е можно да доцни најмногу половина година. Но, се уште не се знае. Можно е и работите да се забрзаат“, вели Заркадис. Надзорникот Светлозар Дотчев, кој делумно се согласува со оваа проценка, вели дека сепак се уште има простор автопатот да се заврши навреме. „Роковите се уште не се пробиени. Во зависност од стабилноста на финансирањето и од тоа дали ќе има дополнителни пречки, моја проценка е дека автопатот сепак може да се заврши навреме. Но, и да се одложи неговото пуштање за неколку месеци, мислам дека тоа нема да направи голема разлика во крајниот исход“, вели Дотчев. Кој, како и за колку пари го гради автопатот? Финансиската конструкција за целиот проект Демир Капија-Смоквица е тешка 271 милиони евра од кои 130 милиони евра се од Европската инвестициска банка, 45 милиони евра се ИПА грант на Европската унија, 107 милиони евра се од Европската банка за обнова и развој и шест милиони евра од Буџетот на Република Македонија. Главен изведувач на автопатот е грчката градежна компанија Актор, а надзорот на целата операција ја прави мултинационалната компанија Егис Интернационал. Според официјалните податоци за да ја расчистат целата траса, машините и градежниците отстраниле 600 милиони кубни метри земја. Во моментов во изградбата се вклучени 700 градежници – 200 од Грција, односно од главниот изведувач Актор, и 500 од Македонија. Голем дел од нив се сместени во двата кампови крај Демир Капија кои се како вистински мали населби. Со завршување на оваа делница од Коридорот 10 тој ќе стане модерна делница во согласност со европските стандарди. Главна цел за изградбата е намалување на патните трошоци и заштеда на време и побрз проток на возила што позитивно ќе влијае на зголемување на транзитот на лица и стоки и подигање на нивото на трговската размена меѓу земјите. Коридорот 10 е најзначајниот елемент на централната транспортна мрежа која ги поврзува Република Грција со Австрија. Неговата должина изнесува 1,451 км. Проценките говорат дека патот до грчките плажи и гевгелиските казина ќе се скрати за 8 километри, а до нив ќе се стигнува и до 30 минути побргу. Тогаш и старата делница Демиркаписката клисура ќе стане само регионален пат кој ќе ги поврзува околните населени места. ![]() ![]() ![]() ![]() ![]() ![]() ![]() ![]() ![]() ![]() ![]() ![]() Извор: http://kapital.mk/kapital-niz-tunelite-i-preku-vijaduktite-na-avtopatot-demir-kapija-smokvitsa/ |
|
![]() |
|
Denko ![]() Senior Member ![]() Joined: 14-Aug-2010 Online Status: Offline Posts: 2271 |
![]() ![]() |
Жал ми е за природата и животната средина, но ми се чини дека оваа делница мераклиски ќе се вози.
|
|
![]() |
|
Macedonicus ![]() Senior Member ![]() ![]() Google Maps: Regional Expert Joined: 29-May-2011 Location: Czech Republic Online Status: Offline Posts: 398 |
![]() ![]() |
![]() Нека почива во мир пештерата „Бела Вода“ - затрупана со шут и отпад од неинформирани работници |
|
ಠ_ಠ
|
|
![]() |
|
jyvation ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 11-May-2013 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 4191 |
![]() ![]() |
Тунелите – предизвик со својата убавина
![]() Изградбата на делницата од автопатот Демир Капија – Смоквица е вистински предизвик за градежниците. Сместена по долината на реката Вардар, со должина од 28 километри, но претежно во планински делови, таа е најтешка делница на целата должина на автопатот од Табановце до Гевгелија. Во изминатите два броја на „Порта 3“ ви го прикажавме историјатот на нејзиното проектирање, со сите проблеми, предлози и решенија, како и сегашната фаза на изведба на трасата, особено на мостовите за кои инженерско-технолошките решенија се новитети во македонското градежништво. Но, освен високите мостови, на оваа делница за првпат во Македонија се прават тунели со современа австриска метода и избивање на материјалот во полн профил на тунелот наместо да се дели на три дела по висина. Тоа е и тема на третото продолжение кое следува во овој број на „Порта 3“. Тунелот Т1 се наоѓа на новата делница на автопатот Демир Капија – Удово – Смоквица меѓу км 1+100 и км 2+400 и се планира да биде тунел со двојна цевка и еднонасочен сообраќај. Веднаш пред северниот портал и после јужниот, трасата од двете гранки мора да ја пресече реката Вардар. Должината на јужната цевка (десна гранка) е 1.214,00 метри, а пак должината на северната цевка (лева гранка) е 1.274,75 метри. ![]() На средина меѓу северните и јужните портали, трасата на дватe тунелски цевки преминува преку Челевечки поток кој се влева во реката Вардар и кој се наоѓа на длабочина од приближно 10 метри под планираните коловози, во неверојатна клисура со стрмни карпести падини. Тунелот Т2 се наоѓа на северниот дел од патната делница Демир Капија – Смоквица помеѓу KM 7+400 и KM 8+700 и поминува под планински гребен со две цевки. Должината на јужната цевка (десна гранка) е 1.295 метри, а пак должината на северната цевка (лева гранка) е 1.155 метри. ![]() Оддалеченоста помеѓу двете оски на тунелитe е главно константна. Во централната делница, оддалеченоста е приближно 50 до 53 метри, додека во близина на порталите се намалува на вредност од приближно 40 до 45 метри. Ископаниот профил од главниот тунел е прoектиран како градба со две оплати со водонепропустлив мембрански систем помеѓу првичната и крајната облога во сводот на тунелот. Водонепропустливата мембрана ја штити трајната конструкција од навлегување на вода во сводот. ![]() Почетната или примарната оплата е изградена од облога од армиран прскан бетон. Kрајната облога е изработена од бетон лиен на самото место, додека пак должината на еден бетонски дел (бетонски блок) изнесува 12,50 м (максимум). На дното на бочните ѕидови и под коловозната конструкција на патот, со дренажни цевки се врши одводнување на околното подземје. Коловозот се одводнува со засечен континуиран сливник на долната страна од профилот. Главниот довод на противпожарна вода е сместен под издигнатиот пешачки премин на левата страна (во насока на движење на сообраќајот), додека пак кабловската канализација е сместена под издигнатиот пешачки премин на десната страна. ![]() Површината помеѓу сообраќајниот слободен профил и сводот се користи за инсталации како вентилатори и сообраќајни знаци. Целосниот слободен профил на главниот тунел е со површина од околу 55 м². На потегот каде тунелските цевки на Тунелот Т1 преминуват преку Челевечки поток со цел да се избегнат проблеми со вентилацијата (опасност од распространување во случај на пожар), и двете тунелски цевки ќе минуваат низ клисурата наместо низ стандарните делници на мостовите. Поради тоа, мостот во целост ќе има облик на тунел. Носивоста на мостот се состои од единечен носач во форма на тунелска цевка, изработен од армиран бетон. Мостот ќе биде со приближен распон од 13,30 метри за десната гранка, и приближен распон од 18 метри за левата гранка. ![]() Поради ризикот од одрон на карпи, конструкцијатa ќе биде со поотпорен свод изработен од водонепропустлив армиран бетон со дебелина на ѕидот од 40 сантиметри, Сепак, од голема важност за безбедноста на градбата е поставувањето на системи за заштита од одрон на карпи на соодветни локации над премините преку клисурата, со цел да се избегне влијанието при одрон на поголеми карпи. Во тунелите со двојни цевки каде цевките се на исто ниво, премините за возила погодни за користење од страна на итните служби треба да бидат поврзани за стојалиштата. ![]() Покрај двете сообраќајни ленти, стојалиштето има и лента за во случај на дефекти со минимална должина од 40 м. Ширината на лентата за во случај на дефекти помеѓу границата на коловозот и пешачката патека изнесува 3,00 м. Првичната облога е изградена од слој на армиран прскан бетон. Завршната облога е изработена од бетон лиен на самото место, каде што дебелината на облогата во ископаниот тунел изнесува 40 см. Во овој случај, изведувачите тунелите ги правеа одеднаш целосно со минирање. Потоа се ставија анкери кои го стабилизираа делот што е одозгора. Анкерите се затегнуваат и се поставува мрежа. Пред да се бетонира тунелот се става филц, а дренажата се зафаќа нанадвор. Потоа тунелот се бетонира дел по дел. Кога ќе се направи горниот дел се преминува на долната конструкција која има своја специфичност затоа што тука треба да се внимава на дренажата и светлосните инсталации. Кога тоа ќе се заврши, се оформува коловозната лента. Времето предвидено за градење на тунелите со две цевки е 27 месеци. На делницата од Демир Капија до Смоквица на две места има и пропратни содржини, како и клучки кои водат до населени места и кои веќе се во завршна фаза од изградбата. Се на се, со завршувањето на оваа делница Македонија ќе има комплетно автопатско решение за делот од Европскиот коридор 10, кој минува низ нејзината територија. Со тоа, на неговите корисници кон крајот на 2016 година ќе им се овозможи да патуваат од Табановце до Гевгелија по современ автопат. Како што пишувавме во претходните продолженија, со завршувањето на автопатот се комплетира патната сложувалка север-југ, а патниците возејќи се низ облаците, се надеваме ќе уживаат во ова инженерско остварување. http://www.porta3.mk/tunelite-predizvik-so-svojata-ubavina/ |
|
![]() |
|
brans ![]() Newbiе ![]() Joined: 15-Jun-2015 Online Status: Offline Posts: 0 |
![]() ![]() |
![]() |
|
jyvation ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 11-May-2013 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 4191 |
![]() ![]() |
фала за линкот @brans многу добри фотографии
![]() |
|
![]() |
|
Џоле ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 23-Apr-2013 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 15368 |
![]() ![]() |
Е па, редно е да ги објавиме фотките тука (извор, горниот линк):
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|
За сè има вторпат
|
|
![]() |
|
Џоле ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 23-Apr-2013 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 15368 |
![]() ![]() |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|
За сè има вторпат
|
|
![]() |
|
Џоле ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 23-Apr-2013 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 15368 |
![]() ![]() |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|
За сè има вторпат
|
|
![]() |
|
Џоле ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 23-Apr-2013 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 15368 |
![]() ![]() |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|
За сè има вторпат
|
|
![]() |
|
Џоле ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 23-Apr-2013 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 15368 |
![]() ![]() |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|
За сè има вторпат
|
|
![]() |
|
Џоле ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 23-Apr-2013 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 15368 |
![]() ![]() |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|
За сè има вторпат
|
|
![]() |
|
Џоле ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 23-Apr-2013 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 15368 |
![]() ![]() |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|
За сè има вторпат
|
|
![]() |
|
Џоле ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 23-Apr-2013 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 15368 |
![]() ![]() |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|
За сè има вторпат
|
|
![]() |
|
Џоле ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 23-Apr-2013 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 15368 |
![]() ![]() |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|
За сè има вторпат
|
|
![]() |
|
Џоле ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 23-Apr-2013 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 15368 |
![]() ![]() |
![]() ![]() ![]() ![]() И линк до видео, снимено од воздух, на кое е прикажана целата делница во изградба: https://player.vimeo.com/video/130746858 |
|
За сè има вторпат
|
|
![]() |
|
ѓорче ![]() Groupie ![]() Joined: 28-Feb-2014 Online Status: Offline Posts: 58 |
![]() ![]() |
Значи нема да има место за средишно зеленило?!
|
|
![]() |
|
kliment ![]() Groupie ![]() ![]() Joined: 18-Sep-2012 Online Status: Offline Posts: 55 |
![]() ![]() |
Прекрасно! Мора ли и вакви убави проекти да се провлекуваат со разни афери.
|
|
![]() |
|
alexsend ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 11-May-2011 Location: Скопје, Центар Online Status: Offline Posts: 2086 |
![]() ![]() |
Еден од ретките моменти кога си ја сакам државата
![]() |
|
Јас Скопје никогаш не сум го замислувал вака.
|
|
![]() |
|
Denko ![]() Senior Member ![]() Joined: 14-Aug-2010 Online Status: Offline Posts: 2271 |
![]() ![]() |
Ke povtoram. Od edna strana ova mi pravi golem keif, od druga, pak, zal mi e za unistuvanjeto na prirodata. Spektakularni fotografii, bravo!
|
|
![]() |
Post Reply ![]() |
Page <1 2324252627 42> |
Forum Jump | Forum Permissions ![]() You cannot post new topics in this forum You cannot reply to topics in this forum You cannot delete your posts in this forum You cannot edit your posts in this forum You cannot create polls in this forum You cannot vote in polls in this forum |