![]() |
![]() |
![]() |
Гасификација |
![]() |
Post Reply ![]() |
Page <1 2324252627 30> |
Author | ||
phenomenon ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 26-Oct-2010 Location: Kumanovo Online Status: Offline Posts: 2691 |
![]() ![]() |
|
Никому не му текнува да оддржи некакво предавање за ракување со плински уреди, како се постапува со неисправен плински уред и на што треба да се внимава за да не дојде до експлозија.
http://kumanovskimuabeti.mk/silna-eksplozija-oshteti-nekolku-stanovi-na-oktomvriska-revolucija-foto/ Што ли ќе се случува со гасификацијата и дали нејзините инсталации ќе бидат стручно изведени и редовно и квалитетно одржување? Сигурно не! |
||
開始されていないだけの戦いが失われ、
|
||
![]() |
||
Џоле ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 23-Apr-2013 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 15368 |
![]() ![]() |
|
„Рапид Билд“ ќе го гради гасоводот Штип – Неготино
Кумановската фирма „Рапид Билд“ е избрана за изведувач на магистралниот гасовод од Штип до Неготино, јави порталот „Фактор“. Конечниот избор следува по одлуката на Државната комисија за жалби по јавни набавки да ја отфрли жалбата на конзорциумот предводен од прилепската фирма „ДМБ Продуцтион“. Првичната одлука за избор на изведувач на работите беше донесена од „Македонски енергетски ресурси“ уште пред еден месец, по што некои од компаниите реагираа на спроведената постапка. Во конзорциумот што го предводи фирмата „Рапид Билд“ влегуваат и фирмите „Квалитет Пром“, „Чакар и Партнери“, „ЕЛТЕ Инжинеринг“ и „Спектартермо“. За изградба на гасоводот тие доставиле понуда во висина од 15,8 милиони евра. ![]() Тендерот за магистралниот гасовод Штип – Неготино беше објавен кон крајот на декември минатата година. Трасата на цевководот ќе почнува од блок станицата 5 во Штип до главната мерно – регулациона станица во Неготино. Вкупната должина на гасоводот изнесува 36 километри. Финансиите за реализација на овој инфраструктурен објект се обезбедени со кредитно задолжување на нашата земја од 90 милиони евра кај германските Дојче Банка и Ерсте Банка. http://www.build.mk/?p=49874 |
||
За сè има вторпат
|
||
![]() |
||
mackomk ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 04-Nov-2007 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 130 |
![]() ![]() |
|
Македонија аут од Трансјадранскиoт гасовод
мај 17, 2016 Денес, 17 мај, со официјална церемонија во Солун ќе биде даден потег на проектот за Трансјадранскиoт гасовод (ТАП), кој ќе обезбеди сино гориво од Каспискиот регион за Европа. Бугарија исто така може да се искористи од разновидноста на енергетските извори преку идната гасна врска со Грција. Трансјадранскиoт гасовод се планира да започне од турско-грчката граница, да помине низ Грција, Албанија до Италија. Тој е дел од планираниот Јужен гасен коридор, кој до Европа треба да донесе гас од наоѓалиштето „Шах Дениз 2“ азербејџанското поле на Каспиското Море. ТАП е продолжение на Јужнокафкаскиот и Трансанатолскиот гасовод. Трасата поминува низ Грузија, Турција, Грција, Албанија, а се очекува да има разграноци, освен за Бугарија, и за Македонија, Хрватска и Босна и Херцеговина. Бугарија ќе се приклучи кон проектот преку интерконекторна гасна врска со Грција. Вчера, оваа Обратна врска, како и терминал за течен гас до Александрополис беа разгледани на средба меѓу министрите за енергетика на двете змеји. Тие се обединиле околу тоа дека овие проекти треба да се развиваат заедно и зависат еден од друг. Сигурни количества гас за ТАП сепак ќе има дури по 2020 година, кога ќе влезе во употреба наоѓалиштето „Шах Дениз 2“. Се очекува потоа во Европа, по цевка да се доставуваат до 10 милијарди кубни метри гас годишно. Што е ТАП? Шах Дениз II е најголем енергетски проект на светот, се предвидуваат инвестиции од околу 35 американски долари, како и голем број на нови работни места. „Станува збор за историска одлука и историски ден за Азербејџан и за цела Европа, бидејќи се отвора нов јужен гасен коридор кон Европа, кој ќе ја овозможува посакуваната енергетска диверзификација и енергетска безбедност. Овој настан ќе ја промени енергетската слика на Европа“, изјави претседателот на Азербејџан, Илхам Алијев. Во почетната фаза, покрај Азербејџан, се и државите Грузија, Турција, Грција, Албанија, Италија, а по наредната фаза се очекува соработката да се прошири на Црна Гора и Хрватска, рече Алиев. Во рамки на проектот Шах Дениз II, планирано е првото снабдување со гас во 2018 година за Турција, а во 2019 година за останатите европски држави. Шах Дениз II е едно од најголемите гасни полиња, со три билиони кубни метри плин. Хрватска, Албанија и Босна и Херцеговина потпишаа меморандуми Ресорните министри на Хрватска, Албанија, Црна Гора и Босна и Херцеговина потпишаа меморандуми со Азербејџан и фатија приклучок и кон овој мегагасоводен проект. Хрватска ќе се приклучи на проектот Јадранско – јонски гасовод, кој ќе се гради од Сплит до албанскиот град Фиере. „Целиот проект е многу важен за севкупната слика за енергетската независност односно добивање на гас од различни кракови, а ова е еден од нив“, изјави хрватскиот премиер Зоран Милановиќ во Баку, Азербејџан. Домашната експертска јавност досега многупати ја повикуваше Македонија да побара да биде дел од Трансјадранскиот гасовод. „Овој гасовод поминува многу блиску до нашата граница и тој овој проект најверојатно ќе се реализира од следната година. Тој треба да донесе големи количини на природен гас, а тоа е иделана причина Македонија да фати приклучок и да добиеме алтернативно снабдување со природен гас. Ние имаме од 1997 изграден гасоводен систем, иако за волја на вистината само во Скопје и преку тој гасоводен систем се снабудваме само со руски гас, затоа е потребно за да се намали цената на природниот гас да се направи нова инфраструткруа“, велат експерти во оваа областа за Фактор. Тие алармираат дека е штета што Македонија не се интересира и испушта можности за осигурување на енергетската безбедност. „Хрватска е вклучена во четири енергетски проекти, а во сите тие проекти ние не сме никаде. Што е уште пострашно ние сме многу долу на оваа скала во споредба со сите регионални држави. Ова значи дека политички сме спиеле, додека за другите држави е важна енергетската сигурност. Тоа е невозможно. Босна и Херцеговина која е во постојана политичка криза има меморандум за разбирање за проектот ТАП, а ние немаме“, додаваат аналитичари. |
||
![]() |
||
nenad ![]() Senior Member ![]() Joined: 19-Dec-2009 Online Status: Offline Posts: 741 |
![]() ![]() |
|
ista sudbina ke go doceka kako Juzniot tek!
|
||
![]() |
||
ink ![]() Senior Member ![]() Joined: 01-Dec-2010 Location: Bulgaria Online Status: Offline Posts: 530 |
![]() ![]() |
|
Jжен поток ке го има под една или друга форма.Цевки под Црното море ке има, но може би само до границата на ЕУ. После тоа ке си е цевка на државите или ке се разпределува по националните им системи,а не по цевка на Jжен поток. Edited by ink - 20-May-2016 at 11:46 |
||
![]() |
||
+Protagorist ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 01-Nov-2012 Online Status: Offline Posts: 3588 |
![]() ![]() |
|
17.05.2016 - http://kapital.mk/pochnuva-izgradbata-na-grchkiot-del-od-transjadranskiot-gasovod-tap/ти држи вода логиката ink, грците го почнуваат овој а веќе по десет дена со Путин го договараат и рускиот гасовод, та ако има интерес за руски инвестиции во поморство и железница, колку повеќе за јужен тек ... патем со овие капацитети и двата гасоводи нема да имаат доволно количини ни за балкан а камо ли европа 27.05.2016 - http://www.sky.mk/svet/465112-putin-juzhnite-energetski-ruti-ostanuvaat-na-agendata Edited by +Protagorist - 28-May-2016 at 03:20 |
||
HaјсилнoтoOpужјe е вo caмитeHac cинaпoвo3pнo co НaдeжВepaЉубoв
|
||
![]() |
||
ink ![]() Senior Member ![]() Joined: 01-Dec-2010 Location: Bulgaria Online Status: Offline Posts: 530 |
![]() ![]() |
|
Просто е - нема како цевка да помине от Русиja до Грциja без таа да помине преку Турциja или Бугариja. Романиja изобшто не може да се спомне поради многу причини. Оттамо е незамисливо. Каде е проблемот? Проблемот е дека до сегашните териториални води за Русиja излегуваше прескапо да пушти цевка тамо далеку до Сочи. Затоа сега може би ке изкористи Крим и оттам ке минава цевката, за да се намали цевката под водата и да зачува пари. Убаво но за Европа се уште тоа са териториални води на Украjна, а не на Русиja. Тука се кршат дел от копиjaта. Знаеме дека после симнуването на рускиот авион - односите Русиja-Турциja са многу влошени. ![]() Да не зборуваме дека Бугариja форсира изградбата точно гасов хап "Балкан" внатре во Црно море наспроти Варна (Точно по трасата на Jжен поток). Edited by ink - 30-May-2016 at 09:16 |
||
![]() |
||
Navigator ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 02-May-2014 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 678 |
![]() ![]() |
|
Конекција со соседите: Македонскиот гасовод ќе стаса до Стојаково за да се поврзе со грчкиот
Нова гасоводна мрежа за пренос на природен гас ќе се гради од штипското село Хамзали до Стојаково, на границата со Грција. Владата издаде дозвола компанијата „Македонски енергетски ресурски“ (МЕР) да почне со постапката за изградба на овој дел од магистралниот гасовод. Со ова се реализира намерата на државата магистралниот гасовод да се доведе до границите на соседните држави за да можат трасите потоа да се поврзат со тие во Грција или во Албанија и Србија. Во меѓувреме МЕР обезбеди дозволи и за изградба на трасите од Неготино до Битола и за таа од Скопје до Тетово и Гостивар и тие веќе се објавени во последниот „Службен весник“. Мрежата, која ќе завршува до Битола, на крај ќе се движи во рамнински дел и ќе пресекува мали канали, кои се, всушност, почеток на гасоводот, кој подоцна ќе се гради од Битола до Ќафасан, Албанија. Според објавените одлуки, веќе се познати и точните траси на двете нови гасоводни делници. Таа до Битола ќе почнува од Kавадарци, преку реката Црна, кон југозапад, а по должината гасоводот ќе сече и неколку други реки, но и автопатот. - Движејќи се паралелно по должината на Драгор натаму трасата оди по рамнинска делница, пресекувајќи мали канали, што претставува почеток на перспективниот гасовод Битола - граница со Албанија (Ќафасан), стои во одлуката во „Службен весник“. За оваа делница МЕР веќе имаше објавено и јавен оглас за избор на инвеститор, кој ќе ги гради, а заинтересираните понуди доставуваа до 12 мај. Во тек е изборот на компанијата изведувач. Трасата за другиот гасовод кон западна Македонија почнува од постојниот магистрален гасовод Деве Баир-Скопје од локацијата каде што има крак кон мрежата каде сега со природен гас се напојуваат индустриски објекти од Скопје. - По поврзувањето на постојниот магистрален гасовод трасата почнува да го заобиколува Скопје на неговата јужна страна поминувајќи низ Kисела Вода - Сопиште со што низинскиот терен постепено преминува кон планински западно од врвот на Водно. Потоа трасата почнува да се спушта кон реката Треска, стои во одлуката. Според планот, приклучокот за Тетово е кај месноста Добрев Јаз, а оттаму трасата оди кон Гостивар, преку реката Вардар и Полошката Kотлина. Со постојниот гасовод од Деве Баир до Скопје, веќе изградениот до Штип и планираните од Штип до Неготино, па до Прилеп и Битола и тој од Скопје до Тетово и Гостивар, Македонија ќе ги добие главните магистрални гасоводни правци во земјава со што природниот гас ќе стане достапен и за најголемиот дел од индустриските капацитети и индустриски зони во овие градови, а ќе се даде можност и за гасификација на општините. На гасоводот кој прв ќе биде ставен во употреба, односно веќе изградениот од Kлечовце до Штип, веќе се поставени и седумте контролни станици, а тековно се прават контроли и на гасоводните цевки, кои покажуваат како функционира системот. Први корисници на гасот ќе бидат неколку штипски компании и фирмите што работат во индустриската зона во градот. Овој гасовод го изгради руската компанија „Стројтрансгас“, а конзорциум предводен од кумановската фирма „Рапид Билд“ ќе ја гради гасоводната делница од Штип до Неготино, за 15,8 милиони евра. За изградбата на сите три гасоводи, пари се обезбедени преку кредит од 90 милиони евра од германските Дојче банк и Ерсте група. Извор |
||
![]() |
||
beTon ![]() Senior Member ![]() Joined: 25-Jun-2008 Online Status: Offline Posts: 3893 |
![]() ![]() |
|
во право си ink работата има тргнато во тој правец, само какво е тромеѓето и дали Романија околу истото би правела проблем
|
||
![]() |
||
beTon ![]() Senior Member ![]() Joined: 25-Jun-2008 Online Status: Offline Posts: 3893 |
![]() ![]() |
|
![]() тру'ман шоу ![]()
|
||
![]() |
||
pedza ![]() Newbiе ![]() Joined: 27-Mar-2015 Online Status: Offline Posts: 0 |
![]() ![]() |
|
УТРЕ
Штип - Одбележување на завршувањето на изградбата на магистралниот гасовод делница Клечовце - Штип (БС5), како дел од Проектот за изградба на Националниот гасоводен систем во Република Македонија. (пат Штип - Струмица, пред село Селце, патот ќе биде обележан со ознаки „кон гасоводот“ / 11:30) |
||
![]() |
||
beTon ![]() Senior Member ![]() Joined: 25-Jun-2008 Online Status: Offline Posts: 3893 |
![]() ![]() |
|
за сега нема параф на турски тек, но после соборувањето на рускиот авион од страна на проамерички ориентираниот премиер Давутоглу кој експресно беше присилен на оставка после тоа, а како би се амортизирале руските реакции, ова е очигледно рестартирање на веќе отпочнатата руска инвестиција дури сега и турците се спремни на кофинансирање 11.08.2016 - Ердоган: Му кажав на Путин, делиме фифти-фифти - http://republika.mk/638469 што пак е изнудено недела претходно од руско-бугарскиот спин за основниот ток Бугарија и Русија се договорија за “воскреснување“ на Јужен Ток - http://emagazin.mk/vesti/vest/24724?title=bugarija-i-rusija-se-dogovorija-za-voskresnuvane-na-juzhen-potok а на што одма почнаа новинските шпекулаци, иако јасно е дека за истите има и те како основ, но истиот посреди новопројавената бугарска одлучност, бар ќе биде колку толку амортизиран, дали ова значи дека русите си осигуруваат бекап или пак рутаџииве рекетираат подобра позиција во својо клуб, тоа допрва ќе видиме Zbog pakta Putina i Erdogana Amerika sprema HAOS U SRBIJI! - http://informer.rs/vesti/politika/86186/DRAMA-OPET-SMO-NADRLJALI-Zbog-pakta-Putina-Erdogana-Amerika-sprema-HAOS-SRBIJI ![]() за нас идеално би било прво јужниот ток да почне да се реализира, а потем да го пуштат турскиот грците навака, прво како би се дисперзџирал притисокот колку толку само од нас како спона, но и за во меѓувреме се ијаловат превратничките агенди на западните служби апропо земјава 15.08.2016 - ONE LINE OF TURKISH STREAM GAS PIPELINE FEASIBLE - http://turkishsquare.com/one-line-of-turkish-stream-gas-pipeline-feasible/ 14.08.2016 - http://sputniknews.com/business/20160814/1044258904/ukraine-turkish-stream-consequences-analysis.html [1] 12.08.2016 - Which holds more advantages for Russia: South Stream or TurkStream? - https://in.rbth.com/economics/business/2016/08/12/which-holds-more-advantages-for-russia-south-stream-or-turkstream_620405 ~ 07.03.2015 - http://www.countercurrents.org/venturini070315.htm ![]() Edited by beTon - 15-Aug-2016 at 17:17 |
||
![]() |
||
nenad ![]() Senior Member ![]() Joined: 19-Dec-2009 Online Status: Offline Posts: 741 |
![]() ![]() |
|
pusta fantazija, nema sansi ova da se izgradi. Edinstveno e mozno do Turcija da se izgradi cevka so okolu 15 milioni kubici samo za Turcija. Posle sto Amerikancite ke go srusat erdogan
|
||
![]() |
||
beTon ![]() Senior Member ![]() Joined: 25-Jun-2008 Online Status: Offline Posts: 3893 |
![]() ![]() |
|
![]() зар не гледаш дека живееме во фантастични времиња? нели гледаш дека ни срипаа в куманово уз траса терористички, зар шарените невладино најслучајно ли се ангажирани?! јасно е како ден дека Русија по секоја цена сака да влезе во Европа и одоздола, а особено по најавите за затворање на протокот низ цевки во Украина во 2019 и бидејки ова им е јасно на САД гледаат и рандевуто, и свадбата и медениот месец да му ги загорчат на рускиот гасоводен ток, колку и како истиот да пенетрирал во ЕУ но чинам не е проблем гасоводот, особено ако е наша инвестиција, туку тоа што балканскиве држави немајки вишок за инвестиција само транзитно ја договораат работата, а гасоводот како чисто руска инвестиција им дава за раво на русите утре истата и политички па и воено да си ја штитат, иако пред се туку е економскиот бенефит кој ќе го имаат од сето ова Можеби доколку успееме сами да го исфинансираме нашиот дел па и да не остават америте на мира, но ко што гледаме и на турците им е склет за 50/50 а не пак ние да тераме 100% самостојно, не дека не е остварливо, муабетов за нас и дополнително би бил атрактивен доколку размислуваме долгорочно да наместо во нуклеарка би инвестирале во гасоводов Edited by beTon - 16-Aug-2016 at 09:40 |
||
![]() |
||
nenad ![]() Senior Member ![]() Joined: 19-Dec-2009 Online Status: Offline Posts: 741 |
![]() ![]() |
|
самиот рече гасоводот на Рудите ќе им даде право војно и политички да интервенираат секаде каде тој поминува.
Зошто да си го реметиме мирот заради гасовод кој не е потребен? Постојано потенцирам, ние сме мала земја, имаме релативно мали енергетски потреби и тие можат да се задоволат од многудруги извори. Подобро сиромав, со мирен сон, отколку под постојан притисок. Нуклеарка и гасовод не си конкурираат, се работи за поптолно различна работа. |
||
![]() |
||
beTon ![]() Senior Member ![]() Joined: 25-Jun-2008 Online Status: Offline Posts: 3893 |
![]() ![]() |
|
![]() да но ако удри некој пожар што мислиш вода од каде ќе треба да бараме, можеби брисел или вашингтон ќене вооружат ![]() мајтап или не, но ако размислиш поубаво доколку тука има една цевка денес ќе има и друга утре, како велат чим пушти срце оди сетне затни дизната, плус ако се има предвид дека меракот е голем да имаш осигурач одоние кои си ги покрстил и описменил не е баш лесно да одолееш, татие ако си бранат својата инвестиција, сигурно и насќене бранат, зарнее така во случајот со Сирија, од пусто тапшањепо рамо и братска лубов многу многу не етна арно, требит и некаков екстра интерес или бар ко во нашиов случај некоја дружба |
||
![]() |
||
beTon ![]() Senior Member ![]() Joined: 25-Jun-2008 Online Status: Offline Posts: 3893 |
![]() ![]() |
|
сето ова е ако и само ако во однос нас и нашата неутралност односно западно полтронство, а кога ќе се погледнат бројките, дефинитивно или јужен или турски ток веќе биднува реалност, ако не и двата ... Русија за ова веќе е одлучна, а дали и како ние ќе ќариме од сето тоа, особено со повторното бугарско улетување на мала врата е големо прашање, дури сега навистина ќе биде среќа ако пак не спојат пак во комбинациите но ако тргне муабетот посекако ќе има и нови цевки во иднина, та и шанса бар индиректно да се приклучуваме по истите а заради своја егзистенција, но отом потом, сето тоа да е само за и на арно... 08.08.2016 - Bugarska oživljava Južni tok i nuklearku Belene - http://www.energetskiportal.rs/bugarska-ozivljava-juzni-tok-i-nuklearku-belene/ 18.08.2016 - Partneri odustali od “Severnog toka 2”, “Gasprom” sam pokreće projekat - http://www.energetskiportal.rs/partneri-odustali-od-severnog-toka-2-gasprom-sam-pokrece-projekat/
http://sputniknews.com/world/20160815/1044270081/nord-stream-paris-climate-agreements.html [1] ![]() |
||
![]() |
||
Navigator ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 02-May-2014 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 678 |
![]() ![]() |
|
Почна изградбата на гасоводот на делницата Штип-Неготино
Магистралната гасоводна мрежа од Штип до Неготино во должина од 36 километри почна да се гради денеска. За неа ќе бидат инвестирани околу 16 милиони евра, а ќе ја гради македонски конзорциум предводен од кумановски „Рапид билд“ заедно со уште четири компании – „Ел-Те“, „Сектартермо“, „Чакар партнер“ и „Квалитет пром“. ![]() Гасоводната мрежа Штип – Неготино се надоврзува на гасоводот Клечовце – Штип чија изградба во должина од 61 километар заврши минатиот месец, а беа инвестирани 75 милиони долари. Се очекува изградбата на делницата Штип – Неготино да заврши до крајот на следната година. Паралелно со изградбата на оваа делница во текот на следниот месец се очекува да започне и изградбата на гасоводните делници Неготино – Прилеп – Битола и Скопје – Тетово – Гостивар со што ќе се заокружи првата фаза од изградбата на националната гасоводна мрежа. ![]() Извор |
||
![]() |
||
goranmitev ![]() Newbiе ![]() ![]() Joined: 29-Jan-2015 Online Status: Offline Posts: 12 |
![]() ![]() |
|
Градоначалникот на општина Радовиш Герасим Конзулов заедно со раководителот на секторот за урбанизам во општина Радовиш Кирчо Сусинов, деновиве, остварија работна средба во Скопје најпрвин со раководителот на проектантската фирма ФИЛБИС Дооел Скопје, коешто е водечко име во областа на проектирањето во областа на запалливите супстанции, магицински простор, како и инсталациите за горива и имплементацијата на течниот нафтен гас – ТНГ во Република Македониаја.
Градоначалникот и началникот за урбанизам во Филбис разговараа за изработка на техничка документација и основен прокет за реализација на Гасификацијата на општина Радовиш. Општина Радовиш е помеѓу првите десет општини во Република Македонија, која има побарано изработка на техничка документација за гасификација на општината со што ќе се создаде можност за апликацирање за изработка на мрежа за гасификација, која доаѓа од Република Бугарија, па преку Струмица, цефководот ќе поминува и кон Радовиш. Во текот на оваа седмица од проектантското биро ФИЛБИС до градоначалникот ќе биде доставен ПРАШАЛНИК на кој стучните служби во општината треба да дадат одговор. Истовремено ќе се изработи и тендерска документација согласно техничката документациа со цел распишување тендер за јавна набавка по овој капитален прокет кој се проценува во вкупна вредност од 1.000 000, 00 евра. Временската рамка за реализацијата на овој прокет е почеток на 2019 – крај на 2020 година. Исто така, градоначалникот на општината заедно со раководителот на урбанизам остварија и работна средба во Шведската амбасада во Република Македонија во која беа примени од раководителот Билјана Џартова – виш менаџер по Програмата за развојна соработка и трговски односи во оваа амбасада. При разговорите се потенцираше дека соработката на општината Радовиш со амбасадата ќе резултира со збратимување со шведски град со слични референци како Радовиш со можност за заедничка соработка, како и за поинтезивна соработка преку УНДП програмата за развој на ОН преку која може да се овозможи влез на средства за развојот на општина Радовиш. Во таа смисла, преставникот на амбасадата вети дека ќе помогне во реализацијата на таа соработка, особено во сферите на родовата еднаквост и заштитата на животната средина. http://radovis.gov.mk/portfolio_page/gasifikacija/ |
||
![]() |
||
Zelenikovo ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 19-Oct-2017 Online Status: Offline Posts: 1631 |
![]() ![]() |
|
па па па, рандевуто помина со залапуење освен гушкање, да видиме што ќе стори бившата, но јасно дека свадба ќе има, но и многу деца понеа бидЕјќи газпром ќе сврти на Газдапром! тро двсомислен назлов,мно некуца магарето ос тоа
|
||
![]() |
Post Reply ![]() |
Page <1 2324252627 30> |
Forum Jump | Forum Permissions ![]() You cannot post new topics in this forum You cannot reply to topics in this forum You cannot delete your posts in this forum You cannot edit your posts in this forum You cannot create polls in this forum You cannot vote in polls in this forum |