build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Урбани прашања > Пешачки зони и паркови
  Active Topics Active Topics RSS Feed: Паркови (општо)
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Паркови (општо)

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 242526
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 20697
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #501 Posted: 25-Jun-2023 at 14:55
Мега паркот во Ѓорче Петров







https://www.facebook.com/photo?fbid=668065318696163&set=pcb.668069902029038
Carpe diem
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 20697
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #502 Posted: 25-Jun-2023 at 17:09
ГЕВГЕЛИЈА ЌЕ ДОБИЕ НОВ ГОЛЕМ УРБАН ПАРК

Гевгелија, по подолго време, ќе добие голем урбан парк. На просторот пред станбениот комплекс на булевар „Гевгелија“, познат како „Социјални згради“, ќе никне нов Градски парк. Станува збор за досега најголем уреден простор во градското подрачје на Гевгелија, на површина од 6.000 метри квадратни, наменет за одмор и рекреација. По изработката на проектот, завршувањето на тендерската постапка и изборот на најповолен изведувач, започнаа подготвителните работи. На почетокот од расчистувањето на локацијата, на просторот кај вториот кружен тек на булеварот „Гевгелија“, од едната страна и улицата „Сава Михајлов“ од другата страна, градоначалникот на општина Гевгелија, Андон Сарамандов, изврши увид во воведните работи за реализација на овој значаен еко-проект.
- Согласно проектот, паркот ќе располага со хортикултурно-уредени зелени површини, пешачки патеки, партерно уредени со павер елементи, урбана опрема и современо осветлување. Воедно, тука ќе никнат и нови садници со кои ќе придонесеме за зголемување на зелените површини во нашата општина, истакна градоначалникот Андон Сарамандов, нагласувајќи дека за реализацијата на новиот урбан Градски парк се обезбедени 6.500.000 денари во Буџетот на Општина Гевгелија за 2023 година.
Изградбата на новиот Градски парк, градоначалникот на општина Гевгелија, Андон Сармандов, ја најави на 26. седница на Советот на Општина Гевгелија, информирајќи ги советниците дека на избраната локација, согласно Урбанистичкиот план, беше предвидена изградба на станбени згради. Но, имајќи ги предвид барањата на граѓаните и недостигот од зелени површини, донесена е одлука за пренамена на земјиштето и изградба на нов градски парк, со што ќе се подигне квалитетот на животот на граѓаните во Гевгелија, истакна притоа Сарамандов.
Со уредувањето на просторот кај кружниот тек на булеварот „Гевгелија“, гевгеличани ќе добијат најсовремен, хортикултурно-уреден и модерен парк. Во паркот покрај изградбата на пешачки патеки, ќе бидат поставени 40 клупи за одмор, 18 корпи за отпад, како и два парковски држачи за велосипед. Исто така, целиот парк ќе биде осветлен со 25 лед светилки. По изведбата на градежните работи и поставување на урбаната опрема, ќе се пристапи и кон хортикултурно уредување.















https://www.facebook.com/profile.php?id=100071471694876
Carpe diem
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 20697
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #503 Posted: 07-Sep-2023 at 17:33
Originally posted by stef4o



Локацијата е оградена,изведувач е Голден Арт







Аеродром за младите и идните генерации - пуштен во употреба паркот „23 Октомври“ во Стар Аеродром





https://www.facebook.com/OpstinaAerodrom
Carpe diem
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 20697
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #504 Posted: 08-Sep-2023 at 13:50
Carpe diem
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 20697
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #505 Posted: 25-Oct-2023 at 16:59
Првиот и единствен мега шаховски парк во Македонија, се гради во Кисела Вода









https://www.facebook.com/photo?fbid=871093061310651&set=pcb.871094744643816
Carpe diem
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 20697
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #506 Posted: 30-Nov-2023 at 17:59
ИЗГРАДБАТА НА СМАРТ ПАРКОТ ВО КУМАНОВО ТРАЕ 20 МЕСЕЦИ, ПОТРОШЕНИ СЕ 220.000 ЕВРА И ФАЛАТ ПАРИ ДА СЕ ДОВРШИ



Никако да заврши реконструкцијата на најстариот парк зад автобуската станица во Куманово, кој требаше да биде паметен и модерен простор за рекреација граѓаните. Наместо за 6 месеци како што првично беше најавено, реконструкцијата се влече повеќе од 20 месеци и нема изгледи дека наскоро ќе заврши. Граѓаните и советниците во Советот на Општина Куманово реагираат дека паркот две лета е неупотреблив бидејќи нема урбаната опрема. Единствено што е во функција е паркингот кој беше изграден на дел од зеленилото, првенствено за автомобилите на вработените во јавните институции во тој дел на градот.

„Граѓаните се жалат затоа што моментално состојбата е полоша отколку пред започнување на работите. Таму кога ќе излезат луѓето немаат клупи каде да седнат, да одмораат, тие што беа се уништени, а нови не се поставени. Веќе заборавивме кога се почнати работите во Градскиот парк, кога ќе завршат, кој е последниот рок. Зошто толку се одолговлекува работата и постапката, каде е проблемот?“, праша советничката Арта Мемеди Адеми од ДУИ.

Проектот „Изградба на смарт парк – Градски парк Куманово“ започна во март 2022 година и го имплементира Центарот за развој на Североисточниот Плански Регион. Предвидува реконструкција на постоечките и изградба на нови рекреативни содржини, како и инсталирање на нова модерна урбана опрема, единствена во градот. Краен корисник на смарт паркот е Општина Куманово.

„Проектот предвидува изградба на ново кошаркарско игралиште, парк за миленици, изградба на нови пешачки патеки, како и изградба на паркинг простор. Во рамки на проектот кој е смарт, предвидено е поставување соларни канделабри, паметни кантички коишто ќе имаат сензори што ќе јавуваат кога се преполни за да може ЈП ‘Чистота и зеленило‘ навреме да ги исчисти, а предвидено е и поставување смарт клупи, преку коишто посетителите ќе можат да користат интернет конекција. Предвидено е градежните работи да завршат до крајот на септември, но се очекува дека тоа ќе се случи многу порано“, кажаа надлежните од Центарот за развој на Североисточниот Плански Регион, кога започна проектот.

Според првичниот проект вредноста на целата инвестиција изнесуваше 11,22 милиони денари (околу 180 илјади евра), а парите ги обезбеди Биротот за регионален развој и Министерството за локална самоуправа од програмата за рамномерен регионален развој за 2021/2022 година. Подоцна беше направена измена во проектот поради пропусти во однос на поставеноста на гасоводната мрежа, па Општина Куманово обезбеди уште 2,3 милиони денари (околу 38 илјади евра) заради изградба на рабници, бекатон, шахти, кои не биле предходно предвидени. Сега фалат пари да се доврши.

Градоначалникот Максим Димитриевски вели дека поголем дел од паркот е завршен, со асфалтирање на пешачките патеки, поставување на рабници, кастрење и сечење на склонопадните дрвја, изградба на паркинг и пешачка патека на кејот на реката Липковка. Според него, Општината треба да ги добие средства од Бирото за регионален развој, кои ќе ги употреби за довршување на паркот.

„Оваа година на Општина Куманово и следуваа 36 милиони денари по основ на рамномерен регионален развој, но за жал ќе добиеме само 16 милиони денари. Тие средства требаше да се на располагање на Општината до крајот на мај, за да можеме да го завршиме проектот. Доколку не ни ги дадат парите од државата кои ни следуваат по закон имаме буџет и во следната година ќе ги предвидиме тие средства и ќе го изградиме паркот како што е предвиден со проектот“, истакна Димитриевски.

Тој потврди дека старите клупи се извадени, а новите смарт клупи не се монтирани, бидејќи треба да се обнови електричната инсталација за поставување на ново осветлување на паркот.

https://sdk.mk/index.php/dopisna-mrezha/izgradbata-na-smart-parkot-vo-kumanovo-trae-20-mesetsi-potrosheni-se-220-000-evra-i-falat-pari-da-se-dovrshi/
Carpe diem
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 20697
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #507 Posted: 13-Dec-2023 at 14:37
Град Скопје отпочна со изградба на новиот мега-парк во Кисела Вода
Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, денеска изврши увид во отпочнувањето на градежните работи на новиот мега-парк во општина Кисела Вода.
- Со желба и посветеност ја отпочнавме изградбата на четвртиот од 5те мега паркови во Скопје, мега паркот во општина Кисела Вода кој ќе се простира на површина од 52.000 квадратни метри. Со реализација на овој проект кој е дел од програмата „За модерно Скопје“, делуваме со цел долгорочно унапредување, заштита и зачувување на животната средина. - истакна градоначалничката Арсовска
Во паркот се покрај зелениот појас, дрвјата и садниците, предвидена е изградба на пешачки патеки и паркинг за посетителите, урбана опрема и парк за миленици. Посветено се работи на подигнување и уредување на зелени, модерни и еколошки содржини во градот кои се дел од долгорочните решенија за почиста животна средина и почист воздух за граѓаните на градот Скопје.
За прв пат по децении завршени се три мега-паркови и тоа во Ѓорче Петров на површина од 32.000 метри квадратни, Аеродром на површина од 27.000 метри квадратни, и во Чаир на површина од 30.000 метри квадратни, а во тек е изведбата на мега-парковите во општина Карпош од 86.000 метри квадратни и Кисела Вода од 52.000 метри квадратни.



https://www.facebook.com/CityofSkopje
Carpe diem
Back to Top
SkMk View Drop Down
Newbie
Newbie
Avatar

Joined: 18-Jul-2023
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 23
  Quote SkMk Quote  Post ReplyReply #508 Posted: 13-Dec-2023 at 15:06
Во кој дел од Кисела Вода ќе биде овој парк? Претпоставувам е некој дел покрај пругата. Можеби бил претходно најавен дека сега не навеле точна локација.
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 15225
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #509 Posted: 25-Jan-2024 at 18:03
Во тек е реконструкција на паркот кај Соколаната во Куманово, фоткиве се од декември 2023 г. Се менува урбаната опрема, а изградени се и неколку фонтани.











https://www.facebook.com/MaksimDimitrievskiOfficial/photos_by?locale=mk_MK
За сè има вторпат
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 15225
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #510 Posted: 29-Mar-2024 at 00:05
Нов парк во Гевгелија





На зумиранава фотка може да се видат доста куќи во изградба во близина на паркот:



Две ноќни фотки:





https://www.facebook.com/saramandovandon
За сè има вторпат
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 20697
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #511 Posted: 30-Mar-2024 at 19:34
целосна реконструкција на паркот ,,Бојмија”
Проектот опфаќа целосна реконструкција на детското игралиште и фитнес просторот, изведба на ново фудбалско игралишта со вештачка трева и атлетска патека, целосна реконструкција на урбаната опрема, како и уредување и пуштање во употреба на фонтаната.





https://www.facebook.com/OpstinaAerodrom
Carpe diem
Back to Top
kiriOK View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-Apr-2012
Location: Tamworth,UK
Online Status: Offline
Posts: 1008
  Quote kiriOK Quote  Post ReplyReply #512 Posted: 30-Mar-2024 at 22:39
Усул да се немало од крадење народни пари
Парков беше пуштен во употреба на крај на 2020 година
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 20697
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #513 Posted: 02-Apr-2024 at 19:01
Мегапаркови во ниви и во маалски ќошиња



Во киоскот со натпис „чизбургер“, поставен до мегапаркот што го направи скопската градоначалничка Данела Арсовска во Општина Ѓорче Петров, одамна не бил направен и продаден ниеден сендвич. Тој служи како куќарка за неколкутемина чувари што на смени внимаваат на овој парк.

Дваесет и четиричасовното обезбедување тука било потребно, ни рече дежурниот чувар, бидејќи локацијата е надвор од населено место и нема струја, што привлекува несакани ноќни посетители и го зголемува ризикот од оштетување на клупите и на зеленилото.

„Навечер светиме со ламби, а се грееме на дрва“, додаде тој, покажувајќи на складираните цепаници до киоскот.

Мегапарковите беа едно од клучните ветувања на Арсовска во предизборната кампања во 2021 година, заедно со бесплатниот јавен превоз и новите автобуси. За разлика од превозот, ова ветување се реализира. Но, какви се резултатите од реализацијата?

Посетивме четири од петте ветени паркови, бидејќи последниот не е ниту почнат. Три се веќе во употреба, а четвртиот е во изградба. Еден е опкружен со ниви и со депонии и е надвор од населено место, друг е уредено зеленило меѓу згради, а трет е на траса каде што треба да се гради булевар. Некои имаат многу помала површина од онаа што беше најавена, или помалку елементи од тие што беа ветени на почетокот.

„Следете ги тополите“

Откако ниту сателитската навигација на мобилните телефони не ни помогна да го најдеме мегапаркот во Ѓорче Петров и нè однесе прво во депонија покрај Лепенец, а потоа во слепи улички меѓу куќите во Ново Село, помош побаравме од локален жител.

„Следете ги тополите, паркот е веднаш зад нив“, ни рече тој.

До тополите, пак, се поминуваше низ повеќе ниви и други имоти.

Првото нешто што го забележавме на мегапаркот беше паркингот. Просторот за паркирање таму е корисен, со оглед дека паркот се наоѓа среде ниви, со само пет-шест куќи и два-три индустриски објекти во близина, и е на половина километар оддалечен од најблиското населено место, Ново Село.

Логично се наметна прашањето – зошто некој би правел парк овде?

„Мегапаркот во Ѓорче Петров е речиси целосно реализиран, а преостанува поставувањето на урбаната опрема, која е предвидено да биде поставена во следниот период“ изјавија од Град Скопје без да потенцираат кога ќе биде тоа.



Оттаму појаснија дека локацијата на која е изграден мегапаркот во Ѓорче Петров, претходно била дива депонија што предизвикувала значително загадување на просторот и на воздухот во тој дел на градот, па затоа било одлучено токму таму да се спроведе проектот.

На северната страна до паркот сè уште има дива депонија, а и реката Лепенец што поминува веднаш покрај него е полна со ѓубре.

Мегапаркот има површина од над 30 илјади квадратни метри. Долг е околу 400 метри, односно за да се стигне од едниот до другиот крај се потребни десетина минути. Местото не изгледа идентично како видеоанимацијата што градоначалничката Арсовска ја објави во 2022 година на својот фејсбук-профил. Таму имаше и фонтани, летниковци и парк за миленици, кои на теренот ги нема. А тоа што најмногу недостасува е електричната инсталација и осветлувањето.

Според најавеното соопштение, овој парк чини 1,1 милион евра.

„Микропарк Чаир“



Таблата на која пишува „Мегапарк Чаир“ е главниот показател дека ова парче зеленило меѓу булеварот Македонско-косовска бригада и зградите е посебен проект, а не обично маалско зеленило. Просторот и порано беше зелен, со големи дрвја, а нови се патеките, неколку видиковци и други елементи.

Најпосетен дел од овој парк се лулашките и другите детски реквизити, каде што неколку мајки си играа со децата.

Споредувајќи ги цртежите од промовирањето на паркот и тоа што е реализирано досега, во него недостигаат 23 летниковци, ново детско игралиште, парк за миленици и фонтани. Од Град Скопје велат дека средствата за тоа се обезбедени и дека паркот ќе се доправи во иднина. Оттаму не кажаа колку чини уредувањето на овој простор.

„Мегапаркот во Чаир е во постапка на реализација. До овој момент е завршено поставувањето на зеленилото, а преостанува инсталирањето на урбаната опрема за која обезбедени се средства и план за реализација“, се вели во одговорот од Градот.

Парк врз булеварска траса



Мегапаркот во Аеродром е, всушност, продолжение на т.н. проект „Рајски парк“, кој го направи поранешниот градоначалник Коце Трајановски покрај последната станица на автобуската линија број 5 во Ново Лисиче.

Она што е ново во овој простор е обновениот тревник, изградената пешачка патека и поставените летниковци меѓу последна „петка“ и паркот Авионче од околу 800 метри, меѓу булеварот АСНОМ и комплексот на Фудбалската федерација на Македонија.

Урбанистичката документација покажува дека дел од ова зеленило и некои елементи се наоѓаат на трасата каде што треба да се направи вториот крак од булеварот АСНОМ, што значи дека ако некогаш почне тој проект, дел од мегапаркот ќе треба да се уништи.

Нема конкретен одговор зошто е одлучено така. Од кабинетот на градоначалничката само рекоа дека Рајскиот парк бил делумно оштетен кога се градел колектор и затоа решиле да го обноват зеленилото таму.

Ризично ќоше



Мегапаркот во Кисела Вода, сместен во ќоше меѓу пругата и улицата Есенинова, почна да се уредува во декември 2023 година. Во средината на март 2024, кога го посетивме местото, тоа не изгледаше различно од денот кога свечено беше одбележан почетокот на работите. Освен што овојпат немаше ниту булдожери, ниту работници, само купишта земја и отпадоци.

Од најавени 52 илјади квадратни метри, нема ниту две илјади на просторот што се уредува, според пресметките од сателитските снимки. Имотите во продолжение се приватни, а од Град Скопје истакнаа дека се планира тие да се откупат.

„Во овој момент, секторот за уредување ја процесуира експропријацијата“, велат оттаму за БИРН.



Улицата Есенинова беше доградена во 2021 година за да ги поврзе населбите Кисела Вода и Пролет. Со тоа, сообраќајот на неа драстично се зголеми. Една жителка на населбата вели дека е чудно што токму тоа место е избрано за парк.

„Никако да не се постават реквизити за деца на ова место. Опасно е тие да трчаат тука, кога има улица и пруга веднаш до паркот“, ни рече таа.

Најавите се дека уредувањето на овој парк ќе заврши до крајот на годината и тој ќе чини 486 илјади евра.

Изградбата на последниот парк во Карпош ќе почне во текот на оваа година, а според информациите што ги добивме од градот, тој ќе чини нешто помалку од милион евра.

https://prizma.mk/megaparkovi-vo-nivi-i-vo-maalski-koshina/
Carpe diem
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 20697
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #514 Posted: 02-Apr-2024 at 19:07
Хортикултурно уредување и активности за раззеленување на уште еден парк во населбата Стар Аеродром.







https://www.facebook.com/OpstinaAerodrom
Carpe diem
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 20697
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #515 Posted: 09-Jul-2024 at 18:16
Започнуваме нов инвестициски Европски проект „ПАРКС“ што ќе донесе урбана пејзажна трансформација на локацијата под комплексот згради кај градскиот пазар.











https://www.facebook.com/o.krivapalanka
Carpe diem
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 20697
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #516 Posted: 13-Oct-2024 at 14:02
Општина Штип наскоро започнува со реализација на нов мега проект во продолжение на бул.Партизанска помеѓу населба ,,8ми Ноември" и населба ,,Баби".
"Парк Иднина" ќе има огромна површина, со зеленило, дрвја, места за одмор и релаксација, сето тоа распространето на 70.000 м2.
Паркот ќе биде во непосредна близина на р. Бергалница, од која природно ќе се создава водена површина во вид на езеро со големина од 5.600 м2.
Штипјани и идните генерации заслужуваат ново урбана зелена површина, споменик на природата, место каде ќе ја создаваме иднината и ќе ги креираме најубавите спомени!













https://www.facebook.com/OpstinaStip.MunicipalityOfStip

Edited by stef4o - 13-Oct-2024 at 14:03
Carpe diem
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 20697
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #517 Posted: 13-Oct-2024 at 14:16
Продолжуваат градежните работи на новиот мега-парк во општина Карпош, зелен појас кој ќе се простира на површина од 86.000 метри квадратни. Се уредува и чисти запуштениот простор кој беше непристапен и обраснат, а сега прераснува во парк со чија реализација како проект и дел од програмата „За модерно Скопје“, делуваме со цел долгорочно унапредување, заштита и зачувување на животната средина.







https://www.facebook.com/photo?fbid=863908762472946&set=pcb.863910415806114
Carpe diem
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 20697
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #518 Posted: 20-Oct-2024 at 14:53
Во скопски Карпош се гради нов парк со површина од 86 000 метри квадратни







Значајно е да се напомене дека во овој појас во минатото беше дислоциран шутот од скопскиот земјотрес во 1963 година, што го прави не само простор на актуелните проекти, туку и место со историја. Оваа трансформација на просторот е добредојдена, особено во контекст на зголемената потреба за зелени површини во урбаниот амбиент, каде што квалитетот на воздухот и животната средина е постојано во фокусот на вниманието.

Иако проектот беше најавен од претходните градски и општински власти, Петре Шилегов и Стефан Богоев, тие своевремено не го реализираа. Ќе видиме и сегашните власти до каде ќе стигнат со негова реализација.

https://trn.mk/se-gradi-nov-park-so-povrshina-od-86-000-metri-kvadratni/
Carpe diem
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 15225
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #519 Posted: 25-Oct-2024 at 16:49
Од денес, најголемиот парк на шахот во Македонија се наоѓа во Кисела Вода!

❤️ Со особено задоволство денес го отвораме новиот модерен „Парк на шахот“ во населбата 11 Октомври Бараки, кој се простира на површина од 4000м².

☝️Наместo дивата депонија која тука постоеше, сега жителите на нашата општина добија прекрасно уредено катче, опремено со современа урбана опрема, хортикултурно уредување и шаховски маси, каде што љубителите на шахот ќе можат да уживаат во оваа интелектуална игра.

♟️Во самиот центар на паркот се поставени и шаховски статуетки на кралот и кралицата, симболизирајќи го значењето на шахот како игра која го поттикнува умот и развива стратегиско размислување.

🙏 Посебна благодарност упатувам до Шаховската федерација на Македонија и нејзиниот претседател, Саша Богдановиќ, за целокупната поддршка при реализацијата на овој проект.


https://www.facebook.com/1OrceGj











За сè има вторпат
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 242526

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.223 seconds.

Copyright ©2007 - 2024  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.