Author |
Topic Search Topic Options
|
Dave Gahan
Senior Member
Joined: 27-Oct-2008
Location: 42°0′N,21°26′E
Online Status: Offline
Posts: 986
|
Quote Reply
#501 Posted: 03-Jan-2011 at 18:06 |
Originally posted by axel
За Општина Аеродром приоритети ќе биле нови висококатници,
станбени згради, резиденции, хотел, сала за хокеј, забавен парк, болница
и уште неколку други кои неодамна Општината ги презентираше, а треба да
ги изградат инвеститори.
|
Генерално глуп текст...ама ова со Аеродром, жити се'!?! Треба да ги градат инвеститори, а општината што? Ќе им дува, да иде побрзо работава!?
|
MAKE CAPITALISM HISTORY
|
 |
gorco
Senior Member
Google Maps: Regional Expert
Joined: 22-Oct-2009
Online Status: Offline
Posts: 642
|
Quote Reply
#502 Posted: 04-Jan-2011 at 08:51 |
Toa e za prostiot narod da se izlaze, lelel 100-katnici, a zabaven park realno treba
|
 |
axel
Senior Member
Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3654
|
Quote Reply
#503 Posted: 11-Jan-2011 at 16:54 |
Конче ја подготвува Сончевата езерска населба Општината
Конче неделава ќе почне со пробивање и порамнување на теренот за улици
врз основа на изработената урбанистичка документација за таканаречената
Сончева езерска населба покрај акумулацијата Мантово. Подготвителните
градежни работи ќе ги изведува ЈП „Равен“ од Пехчево. - Според
градоначалникот на Конче, Стојан Лазарев, покрај езерото се предвидени
плацови за стотина викендички и локации за два хотела. Кон крајот на
месецов се очекува Министерството за транспорт и врски да распише оглас
за 35 плаца и за двете локации за хотели. Најавено е дека почетната цена
на земјиштето наменето за изградба на викендички ќе биде 100 денари, а
за хотелите 1 евро за квадратен метар. http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=05DC1ABED8669F47A83A2B473C2564B6
|
 |
lslcrew
Senior Member
Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
|
Quote Reply
#504 Posted: 02-Feb-2011 at 16:07 |
Овде се отворило градилиште. 42° 0'8.79"N 21°25'34.74"E Веднаш карши министерството преку уличето.
|
 |
axel
Senior Member
Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3654
|
Quote Reply
#505 Posted: 03-Feb-2011 at 13:17 |
Автопатот го промени Полог

Градоначалникот
на општина Врапчиште, Бајрам Кадрија, вели дека во Горни Полог се
очекува економски бум бидејќи има се` поголем интерес за изградба на
стопански објекти крај автопатот
Нови темели и објекти с` почесто растат на плодната полошка почва по
должината на автопатот Скопје - Гостивар. Сред ниви, лево и десно од
главната сообраќајна артерија, која минува низ Полошката Котлина, може
да се видат табли со натписи дека нивата се продава, рекламни паноа на
фирми, разни стопански објекти... Последниве пет-шест години се
изградени повеќе фабрички хали, стоваришта за градежни материјали,
ресторани со базени за рекреација, погони за обработка на мермер, отпади
на стари возила, магацини и куќи.
Впечатокот дека тука е
зголемена градежната активност го потврдуваат и од локалната самоуправа
на Општина Врапчиште, на чија територија е речиси половината од дваесете
километри од автопатот.
Од Општината објаснуваат дека тоа се
должи на близината на автопатот и на пругата, поради што ја отвораат
можноста за инвестиции во лесната индустријата и во производството на
храна.
Градоначалникот на Врапчиште, Бајрам Кадрија, вели дека
во Горни Полог се очекува економски бум, каде што пораснала и цената на
земјата, па сопствениците не брзаат со одлуките да продадат дел од
имотот.
- Врапчиште е на праг од рурална да прерасне во
индустриска општина. Ние му сме посветени на развојот на општината и во
изминатите две години презедовме значајни чекори. На тоа бевме принудени
поради големиот интерес, како на месното население, така и од
бизнисмени од други градови кои сакаат да ја прошират својата дејност.
Тоа би ја намалило невработеноста, а значајно би ја полнела и
општинската каса од даноци - вели градоначалникот Кадрија.
За да
се одговори на барањата на заинтересираните инвеститори, потребно е да
се исполнат и предуслови. Тие, пред с`, се однесуваат на законските
одредби со кои овој дел од Полог треба да се урбанизира, а процедурите
се прикрај.
- Советот на Општината донесе одлука со која во
должина од 12 километри, по приближно 500 метри, лево и десно од
автопатот може да се гради. Станува збор за површина од 420 хектари која
од земјоделско ќе се пренамени во градежно. Ова е неопходно, а на тој
начин ќе се воведе и ред во градењето - потврдува Бесим Рамадани од
секторот за урбанизам и сообраќај.
Проектот, кој овој дел од
Полог ќе го направи индустриска зона, наишол на поддршка и одобрение од
државните институции. Откако се исполниле условите и биле добиени
согласностите од ресорните министерства, на ред е и изработката на
катастарските подлоги. Тоа е обемна работа и чини многу, појаснува
градоначалникот Кадрија.
- Со проектот за урбанизација
конкуриравме и во Центарот за плански развој на Полошкиот регион.
Добивме позитивен одговор и поддршка. Првичните процени се дека
изработката на катастарските подлоги и плановите ќе чини 2,5 милиона
денари (околу 40.000 евра). Очекувам до почетокот на летото да се почне
со реализација.
Сериозни намери за вложување во измината година
пројавиле и домашни и странски фирми што се занимаваат со лесна
индустрија. Еден од таквите примери е и мини-индустриската зона во
селото Зубовце, каде што лани гостиварски бизнисмени откупија државно
земјиште и почнаа да градат производствени капацитети. Реализација
чекаат и плановите на уште десетина фирми кои веќе поднеле барања за
откуп на државно земјиште.
Се води грижа и за аграрот
Иако владее голем интерес за градење во Горни Полог, локалната власт
води сметка и за унапредување на земјоделството и на сточарството, кои
традиционално се присутни на овие простори.
- Свесни сме и за
потребите на земјоделците. Работиме и на создавање поблагопријатни
услови за производство на храна. Земјата е плодна и заедно со климата е
основа за добар род. Токму затоа инсистиравме на нашата територија да се
изгради и агроберза, која е влезена во програмата на Владата.
Локацијата со површина од 3 хектари е во близина на селото
Неготино-Полошко. Ова ќе значи и побрз пласман на производите и развој
на земјоделството во овој регион - вели градоначалникот Бајрам Кадрија. http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=9ACDC5EA2EBDF44AAB1E5E909977074C
|
 |
axel
Senior Member
Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3654
|
Quote Reply
#506 Posted: 05-Feb-2011 at 17:41 |
Руси, Бугари и Израелци ќе градат во Охрид
Многу бизнисмени и потенцијални инвеститори со години меркаат локации во
Охрид. Пред се‘ сакаат да вложат во изградба на хотели. Доаѓат, гледаат
и си заминуваат. Законите се добри, но не и нивната примена, велат тие.
„Македонија - рај
за светските инвеститори“, „Македонија меѓу 10-те топ дестинации за
инвестирање“ - вака Владата со месеци ја промовираше земјата низ
светските медиуми. Смени и поедностави многу закони, но резултатите се
разочарувачки. На пример во Охрид, најтрактивната локација кај месноста
Горица не може да се продаде ни по цена за едно евро квадрат и да се
најде инвеститор кој ќе гради супер-луксузен хотел.
Bildunterschrift: Großansicht des Bildes mit der Bildunterschrift: Зоре Темелковски: Странците се соочуваат со локал-патриотизам во државата
Секојдневно градот го
посетуваат разни странски делегации. Сите се восхитени од убавината,
природата. И се‘ е добро до тој миг. Но, кога ќе почнат деловните
контакти, најчесто се разочаруваат од односот на администрација и
креваат раце од се‘. Бизнисменот Зоре Темелковски вели:
„Владата мора да
размислува во административниот дел да направи еден зелен коридор за
оние инвеститори кои имаат депонирано или ќе дојдат со проекти од над 5
милиони евра. Тоа да е долниот лимит, но не за сите, бидејќи странците
се соочуваат со локал-патриотизам во државата и не можат да го остварат
законскиот дел којшто го гледаат на интернет страницата.“
Темелкоски, со
партнери од Русија и Бугарија, во Охрид ќе гради голем спа-центар, но и
луксузни апартмани. Идејата е да ги опслужуваат сите хотели на
крајбрежјето, а бизнисот да го префрлат и на другата страна од езерото,
во Албанија. Од личното транзиционо инвестициско искуство додава: Bildunterschrift: Großansicht des Bildes mit der Bildunterschrift: Далечниот исток е зрак надеж за Охрид
„Странците не сакаат
да зависат од некој локален шеф. Тој да го толкува законот според
неговите видувања и да вика: ’Јас сум власт’. Токму оваа реченица мора
Владата, министрите и граѓаните да се обидеме да ја искорениме од
администрацијата.“
Никаде не се плаќаат
однапред комуналии за инфраструктура пред да ви биде направена, вели
Темелкоски. Со тоа открива уште една замрсена алка на патот до
инвестирањето:
„Мора што побрзо
ингеренциите од централната власт да поминат кај локалната власт и
буџетските пари да бидат што поголеми во локалната самоуправа за таа да
може да ги решава инфраструктурните проблеми на инвеститорите.“
Во Охрид дојде
поголема група бизнисмени од Израел, вели Владо Суклоски, заменик
директор во Агенцијата за поддршка и промоција на туризмот, чие седиште е
во Струга :
„Пред се‘ беа
заинтересирани да инвестираат во изградба на хотел, но се и за локација
за изградба на фабрика за преработка на отпад и добивање био-дизел
гориво. Тоа ќе биде значајно за Охрид и околината со што ќе се реши
проблемот со отпадот од околните општини.“
Охрид е потенцијалното
место во кое Израелците ќе сакаат да градат Македонска национална
населба со сите највпечатливи туристички места и обележја:
„Заминаа со одлични
впечатоци и доаѓаат во февруари. Тогаш доаѓа и министерот за надворешни
работи на Израел и ќе имаат конкретни предлози и се надевам дека ќе биде
потпишан договор барем за еден проект.“
Далечниот исток е зрак
надеж за Македонија и Охрид. Кинезите беа тука, а наскоро доаѓа и
бизнис делегација од Индија која преферирала инвестиции во туризмот.
http://daily.mk/cluster3/f6cd1ff67860458027833331d19b330f/582537
|
 |
axel
Senior Member
Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3654
|
Quote Reply
#507 Posted: 07-Feb-2011 at 16:38 |
Ранковце облекува урбано руво

Оваа општина
со 5.000 жители забрзано се развива и го има решено поголемиот дел од
приоритетните потреби на жителите, има обезбедено услови за
инвеститорите и стандарди за поквалитетен и урбан живот
Ранковце е една од најуспешните рурални локални самоуправи, забрзано
прераснува во урбана средина и има најповолен локален економски развој.
Таа е меѓу ретките општини што немаат долгови, меѓу првите рурални
општини што влегоа во втората фаза на децентрализација, ги има изготвено
сите стратегиски документи, успешно се справува со пренесените
надлежности и инвестира во обезбедувањето стандарди со градски одлики.
Во некои области, на Ранковце, општина со околу 5.000 жители, можат да
му позавидат и многу поразвиени и поголеми општини.
- Пред 6
години почнавме буквално од нула. Локалната самоуправа имаше само двајца
вработени, не постоеше речиси никаква инфраструктура, најголем дел од
селата беа без патишта, а повеќе најгусто населени места се снабдуваа со
вода за пиење од цистерни. По неколкугодишна работа, денес може да се
пофалиме со изградени административни, институционални и инфраструктурни
капацитети. Локалната самоуправа сега има 20 вработени, како и служби
на Центарот за социјални работи, УЈП, Агенцијата за вработување и други -
вели градоначалникот Орце Тодоровски, кој го одработува својот втор
мандат.
Само во изградба на патишта се инвестирани околу 40
милиони денари, а околу 70 отсто од селските населби веќе имаат
изградени системи за водоснабдување и за канализација. Ранковце пред 4
години изгради и пречистителна станица за отпадни води, горлив проблем
кој многу поголеми општини долги години не можат да го решат.
-
Преку Владата и ЕБОР обезбедени се и нови 500.000 евра за водоводи и
канализација и 360.000 евра за патишта, кои треба да ги реализираме во
наредниот период. Формиравме и јавно комунално претпријатие, го решивме
проблемот со одлагањето на сметот преку изградба на депонија, а сме и
единствена општина во државата која од општинскиот буџет ја финансира
Противпожарна служба - вели Тодоровски.
Ранковце има голем напредок и во урбанизацијата.
-
Донесовме урбанистички план за индустриска зона од 5 хектари, на која
се планирани 25 локации за малото стопанство, кои со јавно наддавање ќе
бидат доделени годинава. Интересот е голем затоа што општината обезбеди
поволности за инвеститорите преку ниски цени за градежното земјиште и
комуналиите. Една сме и од 6-те општини во државата во кои ќе се гради
индустриско-технолошка развојна зона. Таа опфаќа 40 хектари на
подрачјето на селата Петралица и Псача, а локацијата е атрактивна затоа
што се наоѓа на Коридорот 8, има обезбедена инфраструктура и блиску е до
големите центри. Во постапка е и изградба на бензинска станица со
придружни објекти, издавање концесија за фабрика за пакување вода и
други инвестициони проекти. Во завршна фаза е и урбанизацијата на
викенд-зоната во селото Пклиште, за која постои голем интерес -
објаснуваат Моме Крстевски и Славица Ѓоргиевска од одделението за
урбанизам, комунални работи и животна средина.
Неодамна е отворен
нов погон за заштитна опрема во кој се вработени 50 лица, а се
очекуваат уште 100 нови вработувања. Голем дел од населението се
занимава со земјоделство, кое се осовременува.
Покрај с`
поголемиот број повратници и нови доселеници, оваа рурална општина
успева да ги задржи и младите кои наместо да се иселуваат, овде ја
планираат иднината. Веќе се обезбедени средства за изградба на
спортско-рекреативни комплекси, тениски игралишта и спортска сала.
-
Решавајќи ги приоритетните потреби на жителите за обезбедување основни
услови за живеење, сега може да се посветиме и на други развојни
проекти. Оваа година ќе се работи и на уредување на улиците и на
уличното осветлување во повеќе населени места, а планираме и
урбанизација на државно земјиште за социјални плацови, како и изградба
на дом за стари лица на регионално ниво. Работиме и на прекугранични
проекти со Бугарија за развој на туризмот, кој е еден од најголемите
потенцијали на општината - вели Тодоровски. http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=5C37C1569433164B9EB59589B2B77EAA
|
 |
axel
Senior Member
Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3654
|
Quote Reply
#508 Posted: 12-Feb-2011 at 12:14 |
Туристичка треска во Берово

Општината планира да понуди 350 локации за изградба на викендички и на угостителски објекти
Иван Бојаџиски
ШТИП
- Со новиот Детален урбанистички план, општина Берово планира на
северната страна од Беровското Езеро да понуди дури 350 локации за
изградба на викенд-куќи и туристичко-угостителски објекти. Но, проектот е
оспорен од Министерството за животна средина, кое осумнаесет месеци не
дава дозвола за реализација на урбанистичката идеја. И тоа од две
причини. Првата причина е што на тој дел од брегот не постои колекторски
систем, а новите градби можат сериозно да го загрозат квалитетот на
водата во езерото и да ја загадат преубавата животна средина. Втората
забелешка се однесува на бројноста на објектите, кои локалната власт
планира да ги „смести“ на овој терен.
Слични реакции пристигнаа и
од беровското еколошко друштво „Брица“. Оттаму бараат локалната власт
да ги почитува трите заштитни зони околу езерото, бидејќи неговите води
во основа се наменети за снабдување со вода за пиење на 15.000 жители во
Малешевијата.
„Од Министерството за животна средина не добивме
еколошка дозвола за нашиот проект. Идејата е поголем обем на изградба
објекти покрај езерото заради желбата и потребата од развој на туризмот
во овој преубав крај. Без таква дозвола не можеме да тргнеме во
реализација иако сме соочени со големиот интерес од фирми и поединци за
купување плацеви. Надлежниот ресор не' обврзува прво да изградиме
колекторски систем, а потоа и да го намалиме бројот на планираните
локации за нови објекти. На другиот брег од езерото каде што се сместени
детското одморалиште, новите градби на туристичката агенција „Аурора“ и
старите угостителски објекти има колектор. Потребна е изградба на нов
колекторски крак во должина од 800 метри и негово поврзување со
постојниот колекторски систем. Но општината нема пари за таква
инвестиција“, вели Драги Наџински, градоначалник на Берово. Тој не се
сложува со ваквиот став на министерството. „Не станува збор за градби во
првата заштитна зона на езерото. Локациите се во втората зона.
Бројноста на објектите не може да биде спорна, бидејќи токму тоа ќе
значи реализација на децениската идеја за голем замав на туризмот во
нашиот крај“, потенцира Наџински.
Претседателката на еколошкото
друштво „Брица“, Славица Фурнаџиска, тврди дека околу езерото постојат
дури три заштитни зони кои новиот урбанистички план ги игнорира. „Првата
голема грешка беше направена пред пет шест години, кога без каков било
ред почна масовно купување на земјиште околу езерото. На тој дел се
изградија над педесет викендички, иако таму нема колекторски систем, па
отпадните води се решаваат со септички јами. Што ќе биде кога ќе има
близу 400 септички јами? Тоа е голема закана за езерските води. Не е
точно дека не смее да се гради само во првата заштитна зона. Не смее да
се гради во ниту една од трите вакви зони. Локалната власт не' обвинува
дека сме против развојот на туризмот во нашиот крај. Но, ние велиме дека
сме против анархијата во градењето на езерскиот брег, бидејќи е тоа
против интересот на нашето еколошки незагадено подрачје“, тврди
Фурнаџиска.
Од пред дваесетина дена црвените алги загосподарија
со површината на езерото. Од ден на ден тие се' повеќе се шират.
Наџински смирува. Алгите не биле опасни, бидејќи не можеле да навлезат
во базените на фабриката за вода, поради тоа што биле површински.
http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=BFD6DA8E641D044F9355AD356B4FF406
|
 |
axel
Senior Member
Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3654
|
Quote Reply
#509 Posted: 17-Feb-2011 at 17:30 |
moze li nekoj koj e poupaten da mi kaze nesto poveke za ambientalna arhitektura,kade e zastapena pr koi regioni,drzavi...
Куманово денеска беше домаќин на работната група на Асоцијација на
градови со амбиентална архитектура што има задача да изготви програма за
своите активности што ќе се реализираат во наредните две години.
Нашата асоцијација е формирана под покровителство на
Француската асоцијација на градови со амбиентална архитектура.Тие како
партнери ќе не посетат на крајот на месецот, каде заеднички треба да
презентираме програма за нашите активности на локално и државно ниво. Со
тие проекти ќе аплицираме во Европските фондови- вели Горан Митевски,
член на асоцијацијата од Куманово.
Куманово во
своите активности планира инвентаризација на амбиентално-архитектонското
наследство,или скенирање на постојната состојба во која се наоѓаат
објектите. Со преокти ќе се заштитат неколку индивидуални стари објекти
кои се во распаѓање, како и заштита на Занатскиот дом, Соколана, Стар
мерак и други. На работниот состанок присуствуваа претставници од Берово, Велес, Кочани и Штип, како и професори од Архитектонскиот факултет.
http://www.kumanovonews.com/vesti/vesti/ambientalnata-arhitektura-ce-se-obnovuva-so-proekti.html
|
 |
axel
Senior Member
Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3654
|
Quote Reply
#510 Posted: 01-Mar-2011 at 14:33 |
Арапи ќе меркаат плацеви во МакедонијаПретставници од
Катар и Обединетите Арапски Емирати
се заинтересирани
за евентуално
инвестирање
во изградба на
недвижности на атрактивни парцели,
кои се слободни
за продажба или
за подолгорочно
изнајмување |
|
|
|
 |
|
За прв пат во Македонија директно состојбата за инвестирање ќе ја опипуваат бизнисмени од арапскиот свет
Од утре до сабота во Скопје доаѓаат десетина бизнис-делегации од Дубаи и
од Турција, кои ќе учествуваат на Саемот за градежништво што се одржува
во Скопје. Првпат во Македонија директно состојбата за инвестирање ќе
ја опипуваат и претставници од државата Катар и Обединетите Арапски
Емирати, поточно од Дубаи. Тие биле пред сé заинтересирани за евентуално
инвестирање во изградба на недвижности на атрактивни парцели, кои се
слободни за продажба или за подолгорочно изнајмување.
- Ја одбравме Македонија поради неколку причини. Затоа што сметавме дека
тука потенцијалот е релативно голем и дека брзо може да стане центар во
кој најмалку сите регионални земји ќе бидат присутни на овој пазар.
Предвидувам дека цената на недвижностите во иднина ќе расте, па поради
тоа и инвестирањето во овој сектор е примамливо, пред сé изградбата на
големи трговски центри, друг тип деловни објекти, но и луксузни
резиденцијални објекти и големи станбени блокови - ни изјави Игор
Чучков, директорот на „Леорон груп“ за Југоисточна Европа, компанија со
седиште во Дубаи.
Можноста да се продадат празните плацеви на кои е дозволена и предвидена
изградба на објекти ќе ја искористат и дел од нашите општини. Некои од
нив ќе имаат директни презентации на градежното земјиште, кое е слободно
за градба. Ова добива на значење, особено со наближувањето на први
јули, откога сите општини што ќе ги исполнат пропишаните услови ќе
располагаат со земјиштето што е во сопственост на државата и ќе можат да
го продаваат или да го издаваат под закуп. Денеска прва пред
потенцијалните инвеститори ќе се претстави општината Карпош, која
најагресивно настапува во својот обид да донесе свеж капитал на своја
територија.
- Ќе ги презентираме инвестициските можности на општината Карпош. Преку
анимации на потенцијалните инвеститори ќе им ги покажеме сите слободни
парцели на кои е возможна градба во иднина. Парцелите ќе можат да се
искористат за изградба на станбени згради и деловни центри со трговски и
канцелариски површини - вели Стевче Јакимовски, градоначалник на
општината Карпош.
На Скопскиот саем, од денеска до 5 март, под мотото „Градиме иднина“ се
одржува осмиот Саем за градежништво, градежни материјали и градежна
механизација. Овогодишниот саем ќе се фокусира на екологијата како
актуелен тренд во градежништвото и на користењето на екоматеријалите и
обновливите извори на енергија, а на него ќе се претстават околу 300
изложувачи. За прв пат годинава саемот е збогатен со уште две
манифестации - Саемот за недвижности и инвестиции „Реал ЕХ“, во
организација на „Леорон груп“ од Дубаи и Саемот на извозни производи од
Република Турција, што го организира „Меридиен“, во соработка со
Македонско-турската стопанска комора. |
http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=311191352&id=10&prilog=0&setIzdanie=22219
|
 |
axel
Senior Member
Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3654
|
Quote Reply
#511 Posted: 02-Mar-2011 at 17:12 |
Градоначалникот на Штип оддржа брифинг со новинарите
Вторник, 01 Март 2011 16:09 |
Градоначалникот на Штип, д-р Зоран Алексов
денес оддржа брифинг со новинарите. Зборуваше на неколку клучни теми а
пред се проекти кои се основа на активностите на локалната самоуправа во
идниот период.Тој меѓу другото се задржа и на вчерашниот преседан на
седницата на Советот кога група граѓани-дуќанџии од локалитетот
„Печурки“ ја прекина седницата. Тие бараа да не се променува
урбанистичкиот план со кој ќе се овозможи изградба на повеќекатница, да
не им се поместуваат дуќаните, како и можност да си го откупат
просторот.
Градоначалникот Алексов напомена дека граѓаните во случајот се инструирани и бараат нешто што ниту Законот не им го нуди:
-Станува
збор за времени објекти на кои ни во минатото не им е ветено дека еден
ден ќе можат да си ги легализираат тие локации. Уште со потпишување на
договорот, знаат дека имаат времени објекти кои еден ден ќе мора да ги
остранат. Освен тоа, со измените на Законот тие нема да можат да вршат
трговија во времени објекти. Од 2001 тие не плаќаат никакви давачки на
општината а јавно кажуваат дека имаат вработено лица. Значи
функционираат, прават профит, но давачки кон општината немаат. Наша
интенција е на таа локација да се изградат две повеќекатници со височина
од 50 метри со вкупно 220 станови, додека приземниот и подрумскиот дел
би бил затворен пазар. Ова е проект од јавно-приватно партнерство
бидејќи инвеститорот на таа локација, на површина од 3000 м/2 би
направил затворен пазар за потребите на општината а ние би го ослободиле
од надоместот за комуналии и земјштето.
Според
него, ова е атрактивна локација и проектот за затворен пазар не е стара
идеја. Она што дуќанџиите вчера го направиле, било по „нечиј совет“ со
цел добивање на политички поени. Самите дуќанџии знаат дека еден ден ќе
мора да ги отстранат дуќаните а намерата да ги откупат локациите е
едноставно невозможна. Додека да се реализира идејата ќе помине една
година, што значи во соработка со општината, тие можат да добијат друга
времена локација, но ако се финансиски моќни, тогаш и во новиот објект
ќе можат да си закупат простор па дури и да купат, напомена
градоначалникот Алексов.
Во врска со проектот за уредување на
централното градско подрачје, Алексов напомена дека сите проекти се
финализирани и дека до крајот на март се очекува отпишување на договор
со Светската банка за кредитот од 2 милиони евра. Дел од проектот за
реконструкција на централното градско подрачје ќе биде и плоштадот. Штип
ќе добие нов плоштад со нови содржини. Исто така, Штип доби и 1.5
милиони евра за комунални проекти од Владата на РМ од кои 500.000 евра
требаше да се искористат за адаптација на филтер станицата. Наместо за
таа намена, Општината ќе ја прифати препораката на Владата, да се
искористат дел од 2.5 милиони евра вишок пари за ХС Злетовица од „Џајка“
токму за оваа намена. Тие ќе се отплаќаат 25 години со камата од 1.5 %
што е мошне поволно за општината.
Општина
Штип исто така има намера да издаде обврзница со оглед на тоа што во
мај очекува да добие кредитен рејтинг а финансиските резултати
покажуваат раст на приходите во буџетот пред се заради ефикасната
даночна политика. Само во 2011 се очекува приход по основ на комуналии и
уредување на градежно земјите од над 70 милиона денари. Само од два
објекта кои ќе се градат во Штип, локалната самоуправа ќе инкасира околу
30 милиона денари а остатокот е по основ на легализација на
дивоградбите.
Што
се однесува до цената на водата од 4 денари која ја нуди ХС Злетовица,
таа е прифатлива за Штип со опцијата да се зголеми по 4 години и тоа
само за 1 денар. Доколку се промовира решението секоја година цената да
се зголемува за по 1 денар, Штип тоа ќе го одбие и во тој случај ќе ја
користи водата од ЈП „Исар“, бидејќи ќе биде поефтина за граѓаните.
-Мислам дека Штип е во ситуација да поставува услови, бидејќи ние имаме бунарски систем и не зависиме само од ХС Злетовица. Доколку цената на водата од овој систем е поскапа од оној на ЈП Исар, ние едноставно нема да ја користиме-вели градоначалникот Алексов.
Осврнувајќи се на проектот за брана на река Отиња, тој напомена дека Комисијата работи и дека наскоро се очекува да се измени проектот
за камено-насипна брана со тоа што наместо со височина од 33 метри, таа
би била 24 метри. Тоа значи намалување на трошоците а со оглед на тоа
што Општината е во фаза на активности за референдум за пренамена на пари
од самопридонесот, тоа значи дека уште во старт располага со 1 милион
евра. Браната според грубите пресметки би чинела околу 1.6 милиони евра,
но при тендерска постапка може да има и помала цена. Освен тоа, проект
веќе постои од порано, со сите ревизии и ќе бидат потребни мали средства
за негова преадаптација.
Што се однесува до уредување на улицата
„Ванчо Прке“ во пешачка зона, тој напомена дека наскоро ќе биде распишан
повик за решение, иако намерата на општината е крстосницата кај
Стопанска банка да ја спушти под земја, а надвозниот дел да биде
претворен во пешачка патека во поголема должина од замисленото. За овој
проект ќе бидат потребни околу 3 милиони евра, но тие ќе овозможат
двонасочни улици, деблокирање на густиот сообраќај и пред се пешачка
зона во срцето на Штип. | http://www.stip.gov.mk/index.php?option=com_content&view=article&id=1156%3A2011-03-01-15-20-00&catid=93%3Anastani&Itemid=109&lang=mk
|
 |
N23
Senior Member
Joined: 03-Feb-2011
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2159
|
Quote Reply
#512 Posted: 15-Mar-2011 at 13:30 |
Градоначалникот Трајановски на екскурзија во Шпанија
Од кабинетот на Трајановски не соопштија од колку члена е делегацијата која вчера отпатува за Шпанија со цел да види до каде се проектите за панорамско тркало, подземна сообраќајница и луна-парк
Висока делегација од Градот, на чело со градоначалникот Коце Трајановски, од вчера е во посета на фирмата ИДОМ од Билбао, Шпанија, и тоа само за да видат како тече изработката на проектите за панорамско тркало, подземна сообраќајница и луна-парк.
Со Трајановски патуваат и Ирена Мишева, претседател на Советот на Град Скопје, а и неколку раководители од секторите. Иако запрашани, од неговиот кабинет не соопштија имиња на избраните и за колкумина се платени авионски карти и сместување во хотел.
- Градоначалникот на Град Скопје е во посета за да се разгледа текот на реализацијата на проектите што ги изработува оваа реномирана шпанска корпорација. Во делегацијата се и претставници од секторите за сообраќај и локален економски развој, како и претседателот на Советот, Ирена Мишева - ја објаснија причината за посета од Одделението за односи со јавност.
Исто како и изминативе шест месеци, сега оттаму не ја соопштија сумата што ќе ~ ја платат на шпанската фирма само за проекти.
http://www.dnevnik.com.mk/default.asp?ItemID=D0CB90B851490C438134420B79BEAE0C
|
 |
Djole88
Senior Member
Joined: 28-May-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 611
|
Quote Reply
#513 Posted: 18-Mar-2011 at 13:34 |
Енергоплан ќе гради елитна еко населба
Елитна еко населба ќе никне во Сопиште или Зајчев рид. Ова го најавува словенечката компанија која го доби тендерот за изградба на зградата на Министерството за финансии.
Велат, по примерот на Словениија и Хрватска, можноста за изградба на вакви станбени објети има и кај нас. Во тек биле преговори со градоначалниците на овие општини.
Македонскиот пазар има многу потенцијал и можности. Од Енергоплан велат дека кај нас последиците од кризата во градежништвото речиси и не се чувствувале. Во ниту една земја во регионот каде што биле присутни државата не инвестирала толку колку кај нас.
Според нив, цените на становите кај нас се нереално високи и неспоредливи со останатите во регионот. Максималната пазарна цена би требало да биде 1.000 евра за метар квадратен, затоа што изградбата на најквалитетен објект не чини повеќе од 600 евра.
http://sitel.com.mk/dnevnik/biznis/energoplan-ke-gradi-elitna-eko-naselba
|
 |
axel
Senior Member
Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3654
|
Quote Reply
#514 Posted: 25-Mar-2011 at 20:30 |
Претставена Студија за мали акумулации на Пониква
Кочани - Во
организација на Источниот плански регион во Кочани е претставена нацрт
верзијата на Физибилити студијата со идејни решенија за изгардба на мали
акумулации во месноста Арамиска чешма на Осоговските планини.
Според студијата, ќе се градат
три мали езерца во кои водата од Осоговијата ќе се акумулира и ќе се користи за
викенд населбата на Пониква, како и за наводнување на 200 хектари површина во
атарите на Кочанско и Пробиштипско.
Студијата предвидува и изгардба
на два мотела со придружни објекти за развој на палнинскиот, езерскиот и
ловниот туризам.
Средствата
за изработка на студијата во висина од еден милион и 200 илјади денари, ги обезбеди
Владата на Република Македонија, а Физибилити студијата за мали акумулации на
Пониква ја изработи фирмата „Чакар“ од Скопје.Претставена Студија за мали акумулации на Пониква
Кочани - Во
организација на Источниот плански регион во Кочани е претставена нацрт
верзијата на Физибилити студијата со идејни решенија за изгардба на мали
акумулации во месноста Арамиска чешма на Осоговските планини.
Според студијата, ќе се градат
три мали езерца во кои водата од Осоговијата ќе се акумулира и ќе се користи за
викенд населбата на Пониква, како и за наводнување на 200 хектари површина во
атарите на Кочанско и Пробиштипско.
Студијата предвидува и изгардба
на два мотела со придружни објекти за развој на палнинскиот, езерскиот и
ловниот туризам.
Средствата
за изработка на студијата во висина од еден милион и 200 илјади денари, ги обезбеди
Владата на Република Македонија, а Физибилити студијата за мали акумулации на
Пониква ја изработи фирмата „Чакар“ од Скопје.
http://www.porta3.com.mk/index.php?option=com_content&task=view&id=2913&Itemid=125
|
 |
lslcrew
Senior Member
Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
|
Quote Reply
#515 Posted: 28-Mar-2011 at 05:56 |
Што е со овој кран. Од кога е? Нов е или јас касно го приметувам. Не ми текнува дека имаме градилиште за толкав кран на потегот меѓу ЕВН и првата кула во позадина.На памет ми доаѓаат опции како една откажана доградба на градски реновирање на евн како најмалку веројатна опција и евентуално обелискот или што и да требаше во жена парк како логична варијанта.  Овој споменик на паднатите херои лежи на линијата. додека да разјасниме нека седи тука.
Edited by lslcrew - 28-Mar-2011 at 06:07
|
 |
UrbanFreak
Senior Member
Joined: 28-Oct-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1732
|
Quote Reply
#516 Posted: 28-Mar-2011 at 08:49 |
Lsl, мислам дека кранов е помеѓу Лумикс и ЕВН. Вчера шетајќи се низ центар го приметив и јас. Мислам дека го користат за триумгфалната порта, или пак за зградата на ЕВН.
|
 |
lslcrew
Senior Member
Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
|
Quote Reply
#517 Posted: 28-Mar-2011 at 08:59 |
Mene ne mi se gledahe konstrukcija pred zgradata, mislev deka e pozadi, anekako blisku. Za triumfalna e daleku, verojatno za evn. Da ne stavaat i oni nova fasada.
|
 |
alexgizh
Moderator Group
Joined: 07-Jan-2009
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1976
|
Quote Reply
#518 Posted: 28-Mar-2011 at 09:31 |
Го тргнаа знакот ЕВН пред неколку недели. Можеби сега ставаат ПОГОЛЕМ И ПОДОБАР
|
The only thing necessary for the triumph of evil is for good men to do nothing.
|
 |
FoSsiL
Senior Member
Joined: 01-Mar-2009
Location: Аеродром
Online Status: Offline
Posts: 4699
|
Quote Reply
#519 Posted: 28-Mar-2011 at 09:41 |
А да си ја залепат најпрвин таа плочката од другата страна што им е падната од фасадата. Сте ја приметиле, нели? А не е нешто голема интервенција.
Edited by FoSsiL - 28-Mar-2011 at 09:42
|
Македонија - Земја на чудата!
|
 |
toasumjas
Senior Member
Joined: 25-Jun-2010
Location: Skopje/ljubljan
Online Status: Offline
Posts: 434
|
Quote Reply
#520 Posted: 28-Mar-2011 at 15:11 |
Пониква односно Осого9во мора да прерасне во голем ски центар, сега со акумулациигве се отвара можност и за продуцирање на вештачки снег.
|
 |