Зоолошки градини во Македонија |
Post Reply | Page <1 252627 |
Author | |
stef4o
Moderator Group Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 20697 |
Quote Reply #521 Posted: 08-Feb-2021 at 08:27 |
ВИКЕНДОВ ИМАЛО 12.000 ПОСЕТИТЕЛИ ВО СКОПСКАТА ЗООЛОШКА ГРАДИНА
Над 12.000 посетители викендов биле во скопската Зоолошка градина. Директорот на Зоолошката Ѓорѓи Галетановски вели дека оваа е рекордна бројка за месец февруари во споредба со минатите години. „Покрај домашните гости, викендов имаше голем број посетители и од соседството. Во градината се почитуваат протоколите за ковид-19 и не е дозволен влез без маски. Очекувам пролетва со отворањето на Дино паркот во еден викенд да имаме нов рекорд од 20.000 посетители“, вели Галетановски. Дино паркот ќе се отвори за посетители за петнаесетина дена. Галетановски вели дека во моментов просторот хортукултурно се уредува и штом екипите на ЈП „Паркови и зеленило“ завршат со садење зеленило и дрвца, посетителите ќе можат да ги видат диносаурусите. Во паркот ќе има 41 модел на диносаурус во природна големина, со можност за синхронизирани движења и испуштање звуци. Ќе се плаќа посебна карта која ќе чини 50 денари. https://sdk.mk/index.php/dopisna-mrezha/vikendov-imalo-12-000-posetiteli-vo-skopskata-zooloshka-gradina/ |
|
stef4o
Moderator Group Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 20697 |
Quote Reply #522 Posted: 28-May-2021 at 15:04 |
41 диносаурс чинат 320.000 евра – од утре отворен Дино паркот во Скопје
41 диносаурс се дел од новиот Дино парк распоредени на површина од 2000 метри квадратни, а чинат 320 000 евра. Дино паркот е веднаш до зоолошката градина во Скопје. Официјално се отвора вечерва, а од утре и за посетители. Цената на билет ќе чини 50 денари. Се очекува да биде туристичка атракција како за домашни посетители, така и за странски туристи. „Станува збор за околу 40 фигури од различен период од развојот на диносаурсите. Самиот Дино парк е од забавен карактер, но и од едукативен карактер. Се потрудивме диносаурсите да бидат во што е можно поавтентична средина , како што и живееле, самиот амбиент е на едно сериозно високо ниво“, вели Петре Шилегов. https://mk.tv21.tv/41-dinosaurs-chinat-320-000-evra-od-utre-otvoren-dino-parkot-vo-skopje/ |
|
stef4o
Moderator Group Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 20697 |
Quote Reply #523 Posted: 29-May-2021 at 12:12 |
НОВА ТУРИСТИЧКА АТРАКЦИЈА ВО СКОПЈЕ – ОТВОРЕН Е НОВИОТ ДИНО ПАРК
Новиот Дино парк лоциран веднаш до Skopje ZOO / Зоолошка градина Скопје е официјално отворен за посетители. За сите оние кои сакаат да се впуштат во нови и возбудливи авантури, да дознаат нешто повеќе за неверојатниот свет на диносаурусите и имаат желба да видат како изгледале Тираносаурус, Стегосаурус и Алосаурус во природна големина, од утре ќе имаат прилика тоа да го искусат и доживеат https://www.facebook.com/CityofSkopje |
|
stef4o
Moderator Group Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 20697 |
Quote Reply #524 Posted: 06-Jun-2021 at 16:45 |
НЕ ГИ ЈАВАЈТЕ И НЕ ГИ ВЛЕЧЕТЕ ДИНОСАУРУСИТЕ ЗА ОПАШ, АПЕЛИРААТ ОД ДИНО ПАРКОТ КОЈ ЗА ЕДНА НЕДЕЛА ГО ПОСЕТИЛЕ 25.000 ЛУЃЕ
Дино паркот во рамките на скопската Зоолошка градина секој ден е полн со посетители. Вчера имало над 6.000 гости не само од земјавата туку и од Србија и Косово. Со тоа за само една недела од отворањето паркот го посетиле 25.000 лица. Иако во паркот е забрането посетителите да се качуваат на динасаурусите и местата каде тие се поставени се оградени со јажиња, сепак голем број не ги почитуваат правилата. Не само децата, туку и возрасните влегуваат во забранетиот дел и се качуваат на карпите за да бидат поблиску за сликање до динасаурусите. Децата ги јаваат реквизитите, ги влечат за опаш и за заби диносаурусите, во устата им ставаат камчиња и зеленило. Вработените во Дино паркот велат дека иако има редари бидејќи секој ден има многу посетители не можат да ги контролираат сите. „Апелираме до сите посетители да се почитуваат правилата на однесување, за да не се оштетат реквизитите и паркот уште долго време да биде атракција во Скопје. Изминатава недела има голем интерес, вчера имавме и организирани тури со автобуси од Србија и Косово, што покажува дека бевме во право кога најавивме дека Дино паркот ќе биде регионална туристичка атракција“, велат од Зоолошката градина. Дино паркот беше пуштен во употреба на 29 мај. Има 41 диносаурус во природна големина. Диносаурусите се движат и испуштаат звуци. Влезот во Дино паркот е 50 денари https://sdk.mk/index.php/dopisna-mrezha/ne-gi-javajte-i-ne-gi-vlechete-dinosaurusite-za-opash-apeliraat-od-dino-parkot-koj-za-edna-nedela-go-posetile-25-000-luge/ |
|
stef4o
Moderator Group Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 20697 |
Quote Reply #525 Posted: 17-Jul-2021 at 15:02 |
ОТВОРЕН ЗА ПОСЕТИТЕЛИ „ЗАЛИВОТ НА ПИНГВИНИТЕ“ ВО ЗОО ВО СКОПЈЕ
Со пуштањето во употреба на пингвинариумот на едно место ги имаме двата најегзотични и најпопуларни видови на птици - фламинга и пингвини кои за првпат се жители на нашата Зоолошка градина. Пингвинариумот е составен од внатрешен дел со затворен базен, надворешен базен од 180м2, подземен дел со филтри и пуми за вода, како и тераса од 120м2. Направен е и мал зелен кров за да се заштеди на електрична енергија. Граден е по светски стандарди и со идеални услови за овие јужноамерикански пингвини кои најлесно се адаптираат на нашата клима. https://www.facebook.com/CityofSkopje/ |
|
stef4o
Moderator Group Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 20697 |
Quote Reply #526 Posted: 17-Jul-2021 at 15:38 |
ПРВИТЕ ПИНГВИНИ ВО СКОПСКАТА ЗООЛОШКА ГРАДИНА СЕ ЛАДАТ И СО ВЕНТИЛАТОРИ
Од денеска, во скопската Зоолошка градина може да се видат новите жители, пингвините. За првпат во своето постоење градината доби пингвини, вкупно девет, од кои три се од Италија, а шест од Русија. По карантинскиот престој и адаптација, пингвините се пуштени во надворешното живеалиште кое е градено по светски стандарди и со идеални услови за овој вид пингвини. Станува збор за јужноамерикански хамболт пингвини, кои можат да живеат и на повисоки температури. „За првпат од своето постоење од 1926 година, Зоолошката градина добива пингвини. Бараат многу нега на стапалата, а се хранат со свежа риба, што значи неколку пати во денот треба да се одмрзнува и подготвува. Потекнуваат од Чиле и Аргентина каде се навикнати на ветер, па затоа во живеалиштето поставени се специјални вентилатори со кои ќе ги разладуваме“, рече зоо негувателот Војо Иванов на денешното отворање на живеалиштето. Поради специфичните услови кои ги бараат, зоо негувателите мора да внимаваат постојано и на надворешната температура, врнежи на дожд и снег, колку ќе се качи или спушти температурата навечер. Ако падне под 5 степени мора да се затворат во внатрешното живеалиште, ако се качи над 25, пак мора да бидат во ладна соба. Летниот период е попроблематичен поради можна појава на маларија. Многу често комарци носат болести на кои пингвините можат да бидат осетливи, па поради тоа во живеалиштето е насадена лаванда, а ќе се постават вентилатори и специјални УВ ламби кои ќе ги бркаат комарците. https://sdk.mk/index.php/dopisna-mrezha/prvite-pingvini-vo-skopskata-zooloshka-gradina-se-ladat-i-so-ventilatori/ |
|
Џоле
Moderator Group Joined: 23-Apr-2013 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 15225 |
Quote Reply #527 Posted: 10-Sep-2021 at 22:07 |
Му ги следам видеата на дечково, фини му се, еве сега се сетил да направи и детален видео преглед на скопската зоолошка градина.
Edited by Џоле - 10-Sep-2021 at 22:07 |
|
За сè има вторпат
|
|
Џоле
Moderator Group Joined: 23-Apr-2013 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 15225 |
Quote Reply #528 Posted: 20-Mar-2022 at 16:13 |
Арсовска: Се ревитализира ботаничката градина во ЗОО Скопје
Денес на денот на пролетта градоначалничката Арсовска заедно со директорот на ЗОО Скопје Кристијан Стаменов и дел од советниците од град Скопје учествуваа на отпочнување на пролетната акција за раззеленување на ботаничката градина. Од таму појаснуваат дека вработените на ЗОО Скопје во координација со ЈП Паркови и работат заедно во акција за чистење и ревитализација на ботаничката градина којашто во изминатите четири години не беше функционална, односно посетителите немаа можност да прошетаат во тој дел од зоолошката градина. “Ботаничката градина се протега на 20.000 метри квадратни, а следи обновување на системот за полевање и подготвени се нови 200 садници за засадување. Градината ќе добие и нова урбана опрема, а во план е и реконструкција на дрвените мостови, со што овој простор ќе биде повторно достапен за посетителите”, истакна Арсовска. Во наредниот период Градот Скопје заедно со ЗОО Скопје, ќе спроведе низа активности со кои ќе се подобрат условите на живеалиштата на животните, како и инфраструктурата којашто ќе овозможи подобри услови за посетителите на скопската зоолошка градина, најавија од оваа институција. https://makfax.com.mk/makedonija/%D0%B0%D1%80%D1%81%D0%BE%D0%B2%D1%81%D0%BA%D0%B0-%D1%81%D0%B5-%D1%80%D0%B5%D0%B2%D0%B8%D1%82%D0%B0%D0%BB%D0%B8%D0%B7%D0%B8%D1%80%D0%B0-%D0%B1%D0%BE%D1%82%D0%B0%D0%BD%D0%B8%D1%87%D0%BA%D0%B0%D1%82/ |
|
За сè има вторпат
|
|
Џоле
Moderator Group Joined: 23-Apr-2013 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 15225 |
Quote Reply #529 Posted: 23-Jan-2023 at 18:10 |
Skopje Zoo in Winter by Lisa von Hyyperlic, on Flickr
Skopje Zoo in Winter by Lisa von Hyyperlic, on Flickr Skopje Zoo in Winter by Lisa von Hyyperlic, on Flickr Skopje Zoo in Winter by Lisa von Hyyperlic, on Flickr Skopje Zoo in Winter by Lisa von Hyyperlic, on Flickr Skopje Zoo in Winter by Lisa von Hyyperlic, on Flickr Skopje Zoo in Winter by Lisa von Hyyperlic, on Flickr Skopje Zoo in Winter by Lisa von Hyyperlic, on Flickr Skopje Zoo in Winter by Lisa von Hyyperlic, on Flickr Skopje Zoo in Winter by Lisa von Hyyperlic, on Flickr |
|
За сè има вторпат
|
|
Post Reply | Page <1 252627 |
Forum Jump | Forum Permissions You cannot post new topics in this forum You cannot reply to topics in this forum You cannot delete your posts in this forum You cannot edit your posts in this forum You cannot create polls in this forum You cannot vote in polls in this forum |