![]() |
![]() |
![]() |
Верски објекти (општо) |
![]() |
Post Reply ![]() |
Page <1 2526272829 63> |
Author | ||
pfc ![]() Groupie ![]() Joined: 27-Nov-2012 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 55 |
![]() ![]() |
|
![]() |
||
ovaj_stariov ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 02-May-2008 Location: Prilep Online Status: Offline Posts: 1321 |
![]() ![]() |
|
Некое време беше затворена главната црква во Прилеп,имаше интервенција на ѕидовите во внатрешноста,досега ентериорот беше бел измалтарен и немаше атмосфера на типична црква, по интервенцијата се гледаат самите материјали од кои е изградена црквата и изгледа доста поубаво.
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() ![]() ![]() Слики http://prilep.gov.mk/news/mk/crkvata-sv-blagoveshtenie-povtorno-otvorena-za-gragzanite/ |
||
build.mk, гради форумска историја
|
||
![]() |
||
Makedonij ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 08-Apr-2009 Location: Celje - Виница Online Status: Offline Posts: 2190 |
![]() ![]() |
|
19.09.2012 Со
грант од САД од 98.900 американски долари ќе се конзервира и ќе се
реставрира конакот од 17 век во манастирот во Кучевиште Вчерашниот
сончев ден во Скопје, може да се рече беше и вистинскиот за ...
Грантот е обезбеден од Амбасадорскиот фонд
за културна заштита, а проектот ќе биде 11-ти во Македонија што ќе се
реализира со средства од тој фонд. Конкуренцијата за средства од Американскиот фонд оваа година била голема – имало 175 апликации од светот, а одобрени 43 гранта. Проектот за обнова на конакот е меѓу седумте во Европа што добиле американски грант во 2012. Волерс и Канческа-Милевска нагласија дека со доделениот грант се потврдува силното партнерство на луѓето во САД и на Македонија. - Со овој договор продолжуваме со нашите заложби да им обезбедиме долговечност на сите споменици на старата македонска архитектура, но со денешниот чин уште еднаш го потврдуваме партнерството помеѓу Република Македонија и Соединетите Американски Држави, демонстрирајќи заедничка грижа за она што се вели светско културно наследство, рече министерката за култура. За американската помош се заблагодари и архиепископот г.г. Стефан и рече дека обновата на конакот долго го очекува мајка Марија која 47 години е жителка во манастирот и се грижи за него. - Денешниот настан ја потврдува вистината дека духовните, културните вредности на еден народ им припаѓаат на сите народи. Искажаната подготвеност за објекти и вредности во Македонија од страна на американската влада се потврдува со помошта дадена и за ова прекрасно светилиште, рече поглаварот на МПЦ и посочи на големиот број цркви и манастири во околината на Скопје. Конакот што ќе се обновува е изграден во
средината на 17 век. Има приземје и кат со простран чардак. Во конакот
има фурна и огниште, а низ приземните одаи тече поток. Има уште еден
конак, на јужната страна, изграден во 19 век. Манастирската црква
посветена на архангелите Михаил и Гаврил датира од 14 век. Изградена е
во периодот меѓу Маричката (1371) и Косовската битка (1389). Градена е
по примерот на црквите на Света Гора. Живописана е во 1591, под
ктиторство на свештеникот Никола кој ги ангажирал сликарите. Во тоа
време е направен и иконостасот, од кој е зачуван само крстот. Сегашниот
иконостас и иконите се од средината на 19 век. Црквата и иконостасот се
реставрирани во 1991/1992 година.
http://kurir.mk/makedonija/vesti/85107-Amerikanski-grant-za-obnova-na-konakot-vo-Sv-Arhangeli-Mihail-i-Gavril |
||
ЈАС ГО РАЗБИРАМ СВЕТОТ КАКО ПОЛЕ НА КУЛТУРЕН НАТПРЕВАР...ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ
|
||
![]() |
||
gjoko ![]() Senior Member ![]() Joined: 18-Jun-2011 Location: kicevo Online Status: Offline Posts: 6554 |
![]() ![]() |
|
ПО ЕДЕН ВЕК КИЧЕВО ЌЕ ДОБИЕ НОВА ЦРКВА
По еден век во Кичево ќе биде изградена нова православна црква. Црквата ќе го носи името на словенските просветители “Св. Кирил и Методиј“, а ќе биде лоцирана на крстосницата на патот за Крушино и Магистралниот пат - Конечно се надминати сите пречки за почеток на изградбата на црквата Св.„ Кирил и Методиј“. Во текот на овој месец ќе почне изградбата на храмот, а со божја помош и со помош на големиот број верници од градот и државата, за година две ќе го изградиме овој, толку посакуван, храм, изјави за Нова Македонија Тони Петрески,претседател на црковниот одбор. Инаку камен темелникот за новата црква беше ставен на ден Петровден 2002 година, но поради неразрешени имотно правни односи на дел од плацот, изградбата на истата беше одлаган полни 10 години. Сега во Кичево има една црква Св.„ Петар и Павле“. ПС.човекот кој пречеше во изградбата на црквата има куќа дива градба блиску до плацот каде треба да се гради црквата,и секоја година оградата ја померува по некое метро,така да сега има ограда како прстен од 1м околу крстот каде е каментемелникот. 41°30'25.09"С 20°57'10.50"И |
||
![]() |
||
Z|evzek ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 10-Jun-2012 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 423 |
![]() ![]() |
|
Фала БОГУ !!!
![]() ![]() |
||
![]() |
||
Makedonij ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 08-Apr-2009 Location: Celje - Виница Online Status: Offline Posts: 2190 |
![]() ![]() |
|
18.12.2012, 17:29 Дали Битола се откажа од изградба на нова црква пред Саат-кулата? Власта зборува за овој објект само во пресрет на денот посветен на свети Нектариј Битолски, заштитник на градот Битола - Дали власта во Битола се откажа од изградба на новата црква
во срцето на градот!? На просторот пред Саат-кулата, во сакралниот
триаголник кој го сочинуваат храмот „Св Великомаченик Димитриј“,
Јени-џамија и Исак-џамија, локалната власт и Преспанско-пелагониската
епархија пред повеќе од една година најавија дека ќе никне православен
храм, најверојатно посветен на свети Нектариј Битолски, заштитник на
градот Битола. Но, плановите за новата црква засега стојат во место.
Власта за овој објект зборува само во пресрет на денот посветен на свети
Нектариј Битолски. |
||
ЈАС ГО РАЗБИРАМ СВЕТОТ КАКО ПОЛЕ НА КУЛТУРЕН НАТПРЕВАР...ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ
|
||
![]() |
||
Z|evzek ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 10-Jun-2012 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 423 |
![]() ![]() |
|
Во прилепско пронајдена мермерна скулптура од 2 век
Во обид да се откријат темелите и да се возобнови стара црква напуштена пред повеќе од 200 години мештани од прилепското село Тополчани пронајдоа мермерна скулптура, која потекнува од вториот век и преставува препознатлив белег на античкиот град Стибера близу Чепигово, оддалечен само неколку километри од ова село. Скулптурата била во темелите од овој православен храм, и според црковните книги станува збор за некогашната црква вознесение Хрстово Свети Спас. Пронајденото национално богатство, веднаш е пријавено кај надлежните институции. При денешниот обид скулптурата да биде згрижена од страна на надлежните, жителите се спротивставија. Знаат дека и припаѓа на државата, и е од исклучително значење за македонската историја ама не ја даваат и деноноќно ќе ја чуваат да не биде украдена од други. И тоа, се додека државата не им вети парична или материјална помош за возобновување на црквата. Мештаните ,се убедени дека од утре институциите,месната заедница,црковниот одбор и прилепските локални власти, преку преговори и договор за помош при возобновувањето на старата црква ќе најдат заеднички јазик и мермерната скулптура на прилепскиот завод и музеј ќе му биде предадена. Зоран Момироски 13.01.2013, 17:34 http://kanal5.com.mk/default.aspx?mId=43&egId=17&eventId=103774 |
||
![]() |
||
Makedonij ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 08-Apr-2009 Location: Celje - Виница Online Status: Offline Posts: 2190 |
![]() ![]() |
|
Св. Архангел Гаврил - Карпош, Куманово
Десет години се гради нова црква во Куманово,но објектот бавно напредува.На иницијатива на здружението Коледари и со поддршка од свештенството од Кумановско-полошката епархија, пред десетина години започнала изградбата на оваа црква,но досега е стигнато само до карабина. На празник, чие што име го носи црквата, Св. Архангел Гаврил , кум беше градоначалникот,кој се обврза дека ќе ги поттикне бизнисмените во градот и сите кои можат да помогнат да дадат донации за црквата побрзо да биде завршена. Црквата се наоѓа во кумановската населба Карпош, и ако градежните работи се забрзаат се очекува таа да биде готова најдоцна за две години. ![]() ![]() ![]() ![]() Сликите се од јуниј 2012, моментално се ставени кровните плочи који на сликите уште ги нема. Малку по надоле во населбата Доброшане се гради уште една црква, која истотака е во 3 фаза на градење. ![]() Edited by Makedonij - 15-Jan-2013 at 19:16 |
||
ЈАС ГО РАЗБИРАМ СВЕТОТ КАКО ПОЛЕ НА КУЛТУРЕН НАТПРЕВАР...ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ
|
||
![]() |
||
macedonia ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 01-Feb-2008 Location: Lerinsko Online Status: Offline Posts: 754 |
![]() ![]() |
|
|
||
![]() |
||
Makedonij ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 08-Apr-2009 Location: Celje - Виница Online Status: Offline Posts: 2190 |
![]() ![]() |
|
Како ќе изгледаат новите конаци на манастирот Богородица ПречистаНовите конаци на манастирот Света Богородица Пречиста се градат на местото на некогашните конаци кои изгореле кон средината на минатиот век. Камен темелник беше поставен на 2 Август, Илинден, на денот кога беа канонизирани светите пречистански преподобномаченици. Како изгледале некогашните конаци: http://kicevo.mk/konaci-precista/ |
||
ЈАС ГО РАЗБИРАМ СВЕТОТ КАКО ПОЛЕ НА КУЛТУРЕН НАТПРЕВАР...ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ
|
||
![]() |
||
gjoko ![]() Senior Member ![]() Joined: 18-Jun-2011 Location: kicevo Online Status: Offline Posts: 6554 |
![]() ![]() |
|
овие беливе конаци што се гледаат се изгорени во пожар некаде после 2с.в.
ПС.во овој манастир има дел од крстот за кој се смета дека на него е распнат Исус Edited by gjoko - 17-Jan-2013 at 17:45 |
||
![]() |
||
Makedonij ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 08-Apr-2009 Location: Celje - Виница Online Status: Offline Posts: 2190 |
![]() ![]() |
|
Значително за него е и тоа шо во црквата има место и за не крстените, во предниот дел на црквата може да флеваат и муслимани, који, и ја посетуваат црквата поради чудотворната икона на Пресвета Богородица.
|
||
ЈАС ГО РАЗБИРАМ СВЕТОТ КАКО ПОЛЕ НА КУЛТУРЕН НАТПРЕВАР...ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ
|
||
![]() |
||
gjoko ![]() Senior Member ![]() Joined: 18-Jun-2011 Location: kicevo Online Status: Offline Posts: 6554 |
![]() ![]() |
|
еден од локалните бизнисмени(средно имотен,не од поголемите) вети за изградба на конаците неговата градежна механизација да одработи во противвредност од 10 000 евра.темелите се положија на верскиот празник `Богородица`(не се сеќавам дали на мала или голема)
|
||
![]() |
||
gjoko ![]() Senior Member ![]() Joined: 18-Jun-2011 Location: kicevo Online Status: Offline Posts: 6554 |
![]() ![]() |
|
Во Ерусалим имаме локација за Македонска црква
Како мирјанин, Станинов апелира до МПЦ да најде сила и можности да направи фонд и да ја купи локацијата за црква, работа што, според него, е веќе 90 отсто завршена. За ова, како што вели, имаме поддршка од израелската влада, но и од нашите полубраќа Палестинците ![]() Токму на местото каде што Исус Христос се движеше по патот на страдањето до Голгота, позната како улица Виа Долороса во Стариот Ерусалим, требаше да се наоѓа и храмот на Македонската православна црква-ОА. Работата беше речиси завршена, но и покрај неколкуте посети во 1999, 2000 и во 2001 година на Ерусалим, проектот за црквата замре. Вака Сашко Станинов, адвокат и поранешен функционер во Владата на Љубчо Георгиевски, објаснува како настанала идејата за верски храм на МПЦ во светата земја. Тој потврдува дека тоа можело да стане реалност уште во 1999 година, кога бил главен иницијатор и предводник на таквата идеја. Вели дека пред него, во 1999 година, во светата земја не бил никој од тогашната влада. Неодамна, дознавајќи од дипломатски извори, „Нова Македонија“ објави дека во лобирањето за тоа како ќе се изјасни нашата држава во Обединетите нации по прашањето за приемот на Палестина како членка-набљудувач, наводно биле вклучени и двете страни, кои лицитирале со изградба на црква на МПЦ на териториите на Израел и на Палестина. Официјална потврда на информациите не можевме да добиеме ниту од македонските ниту од израелските или палестинските власти, но во разговор со аналитичари и црковни великодостојници, како и со упатените во односите на Македонија со Израел и со Палестина, дознавме дека идејата досега не е реализирана главно поради непризнаениот статус на МПЦ во православието. Дополнителен проблем е што Грчката црква во Израел има доминантно влијание во православието, што се оценува како сериозна пречка за каква било реализација на проектот. Каде што се спојуваат крстот и месечината Желбата на Станинов била голема и се појавила уште кога првпат го посетил Ерусалим. Токму на местото каде што требало да се наоѓа Македонската црква почувствувал огромна енергија. - Првата посета на македонската делегација беше во 2000 година. Кога Ехуд Олмар беше градоначалник на Ерусалим, тогаш се роди идејата за храм на МПЦ во светиот град - додава Станинов. Како што вели нашиот соговорник, тогаш имало предлози да поставиме табла со молитвата „Оче наш“ на местото каде што Исус ја кажал уникатната формула за отворање на патот до увото на неограничената енергија, што обичниот човек ја нарекува Господ, а квантните физичари - неограничена енергија. За разлика од тоа, сите патријарси и архиепископи заклучиле што е Господ - дека тој е неограничена енергија. - Во Ерусалим не може да се гради. Затоа сакавме да купиме објект за црква. Тоа и се оствари - вели Станинов. Тој додава дека во една од делегациите одлучиле црквата да не ја сместат на локација каде што ќе има големи врати што се отвораат со далечински управувач, туку објектот да се наоѓа на местото како што е претскажано во откровението по свети Јован. - Таму се вели дека онаму каде што ќе се спојат крстот и месечината, еден библиски народ ќе направи црква и ќе го слави името божје. Ја имавме таа можност сликовито во таа персонификација да бидеме на тоа место - вели Станинов. Во 2000 година во делегацијата се вклучил и владиката Наум, од струмичката епархија кој, како што вели Станинов, со сета сила и енергија настојувал да најде решение. Сепак, тој смета дека во целата идеја и борба, реализацијата на проектот црква во Ерусалим не му одговарала некому внатре во МПЦ. - Сепак, Господ го чува тоа место за нас, ние сме божјата промисла. И премиерот Никола Груевски и челниците од МПЦ го знаат местото, за кое сопствениците добија понуда од 30 милиони долари и не ја продадоа локацијата. Плацот не смее да биде отуѓен ниту на Палестинци, ниту на Евреи - додава Станинов. Црква во Ерусалим до 2018 година Неговиот став за локацијата на црквата бил јасен. Тој инсистирал црквата да се наоѓа во светиот град, а не надвор од него, зашто само така ќе се создало нешто единствено и македонско. - Нашата вековна желба и идеја на Ѓорѓи Наумов, ексминистерот за правда, кој се залагаше за законско одбележување на 2.000-годишнината од раѓањето на Исус се имплементира во Милениумскиот крст и на Плаошник - вели Станинов. Како мирјанин, Станинов апелира до МПЦ да најде сила и можности да направи фонд и да ја купи локацијата за црква, работа што, според него, е веќе 90 отсто завршена. За ова имаме поддршка од израелската влада, но и од нашите полубраќа Палестинците. - Драго ми е што на еден начин Македонија се придружи во групата на, не конкретно поддржувачи на Израел, туку поддржувачи на љубовта божја, односно изградив Музеј на холокаустот во Скопје и им ги врати имотите на Евреите - нагласува Станинов. Тој вели дека Македонија со Израел не водела војна, нема никакви спорови во врска со јазикот, идентитетот, религијата. Станинов додава дека премиерот Груевски не ветил дека ќе го исполни ова, но затоа би сакал од душа да вети, ако не во проектот „2014“ барем во проектот 2018-та да се направи црква во Ерусалим. Следната цел е таму да се постави молитвата на Господ на 99 имиња, чија универзална љубов се спојува на ова парче место, кое се нарекува Македонија. „Оче наш“ на македонски во Ерусалим Поглаварот на МПЦ, г.г. Стефан, во 2007 година извршил осветување на плочата со текстот на молитвата „Оче наш“ на македонски јазик со староцрковни букви во Ерусалим. Покрај неговото име, на плочата е потпишано и името на фамилијата Станинов-Вуковски. - На тоа место каде што се наоѓа француската црква добивме дозвола и Господ дозволи да добиеме признание под нашето име. Плочата е на завидно место на влезот на самиот храм - вели Станинов. Тоа била 155-та поставена плоча по ред. По неа, плочи се поставени на уште шест други јазици, но и текст за луѓе со оштетен вид. Кога се лепела петтата табла за слепите на македонски јазик во Ерусалим паѓал снег, вели Станинов. Автор: Радмила Заревска http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=1291390303&id=9&prilog=0&setIzdanie=22791 Edited by gjoko - 30-Jan-2013 at 01:02 |
||
![]() |
||
Makedonij ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 08-Apr-2009 Location: Celje - Виница Online Status: Offline Posts: 2190 |
![]() ![]() |
|
![]() |
||
ЈАС ГО РАЗБИРАМ СВЕТОТ КАКО ПОЛЕ НА КУЛТУРЕН НАТПРЕВАР...ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ
|
||
![]() |
||
gjoko ![]() Senior Member ![]() Joined: 18-Jun-2011 Location: kicevo Online Status: Offline Posts: 6554 |
![]() ![]() |
|
вероватно конаци кои по обичај ќе ги користат `погорните` слоеви на МПЦ
|
||
![]() |
||
+Protagorist ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 01-Nov-2012 Online Status: Offline Posts: 3588 |
![]() ![]() |
|
тука од Црквата Свети Илија ќе биде административната зграда односно просториите на Скопската Епархија,која сега е во зградата на Светиот Архиерјски Синод на МПЦ кај Соборниот Храм Свети Климент |
||
HaјсилнoтoOpужјe е вo caмитeHac cинaпoвo3pнo co НaдeжВepaЉубoв
|
||
![]() |
||
Makedonij ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 08-Apr-2009 Location: Celje - Виница Online Status: Offline Posts: 2190 |
![]() ![]() |
|
![]() ![]() |
||
ЈАС ГО РАЗБИРАМ СВЕТОТ КАКО ПОЛЕ НА КУЛТУРЕН НАТПРЕВАР...ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ
|
||
![]() |
||
Makedonij ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 08-Apr-2009 Location: Celje - Виница Online Status: Offline Posts: 2190 |
![]() ![]() |
|
Се работи за храмот Пр.Св.Богородица во Ростуша ![]() ![]() ![]() ![]() Edited by Makedonij - 05-Feb-2013 at 20:23 |
||
ЈАС ГО РАЗБИРАМ СВЕТОТ КАКО ПОЛЕ НА КУЛТУРЕН НАТПРЕВАР...ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ
|
||
![]() |
||
Makedonij ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 08-Apr-2009 Location: Celje - Виница Online Status: Offline Posts: 2190 |
![]() ![]() |
|
ставање на камен темелникот на црквата во с. Видовиште, на ден 29.03 четврток во 12 часот ги покануваме сите верници кои сакаат да присуствуваат на овој свечен ручек ![]() ![]() Izgradba na crkvata vo tek vo Vidoviste...24. junij 2012 ![]() ![]() ![]() ![]() Црквата „Св Климент Охридски“ во с.Видовиште 28. januar 2013 ![]() ![]() ![]() |
||
ЈАС ГО РАЗБИРАМ СВЕТОТ КАКО ПОЛЕ НА КУЛТУРЕН НАТПРЕВАР...ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ
|
||
![]() |
Post Reply ![]() |
Page <1 2526272829 63> |
Forum Jump | Forum Permissions ![]() You cannot post new topics in this forum You cannot reply to topics in this forum You cannot delete your posts in this forum You cannot edit your posts in this forum You cannot create polls in this forum You cannot vote in polls in this forum |