![]() |
![]() |
![]() |
ЗСФ КОМ |
![]() |
Post Reply ![]() |
Page <1 2526272829 42> |
Author | |
Graditelot ![]() Groupie ![]() Joined: 17-May-2016 Online Status: Offline Posts: 77 |
![]() ![]() |
Му се нафрливте на човекот а тој најпоштено си даде мислење.
Епа ајде, еве и јас купив таму стан. Па кај да купам, живеам на 100на метри од мајчин дом и сакав тука да останам. Паркинг се наоѓа, не е до толку лошо, населбата е супер. Урбана мафија- да точно е. Ама што да правам, цела република Вукој*бина е мафиотска организација. Не можам ја да оправам нешто што Господ не го оправа. Патем, како е со терминот за завршување кај тебе, дали ти најавија дека ќе има доцнење ради коронавирус? |
|
![]() |
|
kiriOK ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 11-Apr-2012 Location: Tamworth,UK Online Status: Offline Posts: 1023 |
![]() ![]() |
Кога овој ред би бил полн, собира 25 коли...сега со новава зграда ќе треба да има бар уште 126 паркинг места т.е 5 вакви реда. Среќа у несреќа има простор за проширување на паркинзите наоколу (за сметка на зеленилото) ![]() |
|
![]() |
|
JovanOdGjorche ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 13-Oct-2012 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 518 |
![]() ![]() |
Е добро де шега беше аман. И јас сум Куманово, во Ѓорче од пред 10 години, и јас ќе купам стан некаде во овој дел на градот. Не сме ние криви што политичарите со години градат централизирана држава.
|
|
And something, somewhere was lost in 1938...
|
|
![]() |
|
nikolatriki ![]() Newbiе ![]() ![]() Joined: 15-May-2020 Online Status: Offline Posts: 6 |
![]() ![]() |
Кажи ете апропо тоа што го пишав, кој сум јас што купувам стан во кутијава? Не разбрав. Јас сум од Царево Село, од '99 -та студирам тука, а потоа и работам и живеам во овој град. Работам во ГД Гранит веќе 10 години, не сум инжињер :), економист сум, но го следам форумот оти е активен и информативен за мене. Имам фамилија и плаќаме кирија. 21 година плаќам кирии, па уплативме за стан. Одлуката не беше лесна, бидејќи постојат драстични разлики во изведбата, моделите, местоположбата на објектите што се продаваат низ Скопје. Нешто што мислиш дека се подразбира, во многу станови сфаќаш дека го нема- на пр. решенијата за соодветно греење и ладење, на друго место столбови во средина на трпезарија, некаде ламинат што ти го продават како нешто „прва класа“, некаде паркет кој не го чекаат да се исуши па е подиспакнат (Ројал Васе), локации со нерешени инфраструктуни прашања или одма до зградата змијарници и сквотиралишта (Црниче) итн., а цената на станот- висока (за мене си кажувам) единствено поради побарувачката, а не поради квалитетот што го добиваш. Живеев неколку години во Бања Лука и таму менував станови под кирија (5 години) и не сакам да бидам мрчач ама таква какофонија од неуедначен квалитет од нова зграда до зграда- нема! Тоа само во Скопје! Ние баравме стар стан во зградите на Маврово во нас.Јане Сандански уште пред да почне зсф да гради, но не најдовме, многу пати бевме блиску до склучување на договор но не се усреќивме па затоа „се протегнавме подолго отколку што ни е чергата“. Пишав дека немаат паркинг, не дека сум наивен и не знам дека мафијаши ни го кројат животот, чим има закон за градба шо им пропишува колку смее мин.висина на плафон, квадратура на дневна итн. има сигурно и таков закон колку паркинг места треба да обезбеди објектот, туку затоа што сакав да ги информирам другите на форумов (што со задоволство го разгледувам одвреме навреме) дека наплив на нови возила би имало во прв ред поради криминалното необезбедување на паркинг од страна на инвеститорот а не оти луѓето така сакаат, да си паркираат по тревата или по тротоарите. |
|
![]() |
|
nikolatriki ![]() Newbiе ![]() ![]() Joined: 15-May-2020 Online Status: Offline Posts: 6 |
![]() ![]() |
Не сум се информирал дали ќе доцнат поради епидемијата. Искрено, очекувам да доцнат и без тоа, работејќи во градежништво- знам дека тоа е норма, за жал, не само во Македонија, ама сега можат да се вадат на тоа. А тоа нели е виша сила, не можеме да бараме обесштетување, па ќе ми се радува закуподавецот уште некој месец плус од јануари 2021.
|
|
![]() |
|
zabegan ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 01-Jul-2008 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 7859 |
![]() ![]() |
доколку се спроведуваше законот за тоа дека секој објект мора да има соодветен број на паркинг мест, во однос на тоа колку станови/вработени и посетители има, немаше да се изгради ни еден објект во Скопје
|
|
Architects create dreams...politicians create nightmares
|
|
![]() |
|
skopskodete ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 17-Feb-2017 Online Status: Offline Posts: 926 |
![]() ![]() |
Во догледно време ќе се изгради и нова болница до оваа локација така што и со соодветен паркинг во самата болница сигурно ќе бидат потребни нови паркинг места тука. Нов паркинг, дали на дел од тревникот, дали нешто монтажно или подземно треба да му ја мислат тие што се одговорни.
Луѓето кои ги купуваат становите не се ни малку криви за актуелната ситуација со паркинг местата во Скопје. Реално далеку е посложен проблемот бидејќи треба да се вклучи и квалитетот на јавниот превоз во градот, инфраструктурата за користење велосипед и сл. |
|
![]() |
|
Cloverstack ![]() Admin Group ![]() ![]() Joined: 01-Sep-2007 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 12453 |
![]() ![]() |
@ nikolatriki Добредојде на форумот и не се замарај со испадот на kiriOK. Типот се однесува како да може да го докаже своето „благородно“ скопско потекло 10 генерации наназад, и како да тоа би имало некакво знањече дури и во тој случај. |
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
@nikolatriki
Добредојде на форумот.Бидејќи спомена дека имаш земено стан во зградава па ме интересира дали е во делот со разиграните тераси каде добар дел од фасадата е веќе завршена или е во овој другиот дел со стандардните вовлечени тераси...и патем до која фаза се во внатрешноста бидејќи се работи за голем објект а вака надворешно може да се види дека активно работат само на фасадата. |
|
![]() |
|
<Fresno> ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 13-Jun-2010 Online Status: Offline Posts: 1161 |
![]() ![]() |
Не знам каков е законот и дали воопшто е дефинирана прецизна бројка по стан, или па тоа е оставено на секој ДУП поединечно, но 0.5 ми личи на апла криминал. Во ваков случај треба прво одговорност од секој поврзан со проектов во општината, а потоа и пренамена на првите 3 ката на пример за гаража. Ако не, рушење.
Сфаќам некој да купи стан без паркинг ако околината има доволен број надземни места и ако го погледнал ДУП-от и знае што да очекува во следни 10-15 години. Идење со глава во ѕид и после плачење за паркинг не ми е јасно, а добар дел од станарите тука ќе прават баш тоа и ќе бараат монтажни гаражи. Одговорноста е и кај купувачите кои прифаќаат компромиси од секаков тип, најчесто заради локација, што е нон-сенс. |
|
![]() |
|
Graditelot ![]() Groupie ![]() Joined: 17-May-2016 Online Status: Offline Posts: 77 |
![]() ![]() |
Досега беше најлабаво за паркинг во цел аеродром, тек пред некое време воведоа зонско тука. Од кога ќе се изгради зградата и овој дел ќе стане како и остатокот од аеродром.
|
|
![]() |
|
Staro Skopje ![]() Senior Member ![]() Joined: 07-May-2013 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 2692 |
![]() ![]() |
ПРАВИЛНИК ЗА СТАНДАРДИ И НОРМАТИВИ ЗА УРБАНИСТИЧКО
ПЛАНИРАЊЕ
e-urbanizam.mk |
|
Градот убав никна, но го откорнаа
|
|
![]() |
|
Graditelot ![]() Groupie ![]() Joined: 17-May-2016 Online Status: Offline Posts: 77 |
![]() ![]() |
Закон во РСМ не постои, без оглед што пишува во книфчињата. Многу поголем проблем ќе биде паркирањето позади тобако 2, кај што ретко кој купил паркинг плац, а десеткатниците се на 10 метарски растојание една од друга и главната улица руди чајевац е потесна од сервисната уличка кај мајчин дом.
|
|
![]() |
|
nikolatriki ![]() Newbiе ![]() ![]() Joined: 15-May-2020 Online Status: Offline Posts: 6 |
![]() ![]() |
Благодарам и тебе и на другите. Да, во делот со тие тераси. Во останатите 3 ламели нема трособни станови, освен по 1 на секој кат (кај паркингот кон 7-ца), кои беа продадени (вкупно се 8 стана), а јас барам трособен. Прочитав за мислењето дека терасите се нефункционални, но еве го мојот впечаток кога се излегува на тераса од станот: терасата од дневна е 6.7 м2, има ѕид до плафон со соседната тераса и гледа кон терасата од мојата спална, што е ОК. Широка е, навистина не осеќаш дека си на тераса. Висока е и оградата. Мислам дека е една од најдобрите страни на станот. Имам искуство со разгледување во Импексел 2, станот гледа на Иво Лола, значи исто ко овде на булевар, го гледаш сообраќајот, тераса од дневната долга, но широка помалце од 1 м- не смееш да излезеш од страв. Другата тераса, од спалната е 2 м2 и баш поради тоа шо го пишав со Импексел, што е мој субјективен впечаток- е супер шо ја пуштиле малтене цела плоштина во ширина. На терасата има место за четворица луѓе -гарантирам. Приватност со соседната тераса нема. По проект- треба да ја одвојат соседната со оваа, со жардињера со дрво. Жардињери не изѕидаа ко на рендерот, а одвод на ѕиданите огради поврзан со системот за одвод на терасата и климата има. Очекувам дека ќе направат импровизација со саксии ќе закачат на надворешната страна од терасите. Внатре во тој влез е завршено со кошулица до горе и се залепени плочки во купатилата и кујните и на терасите. |
|
![]() |
|
nikolatriki ![]() Newbiе ![]() ![]() Joined: 15-May-2020 Online Status: Offline Posts: 6 |
![]() ![]() |
За воља на вистината тука и нема проблем со паркинг како во останатиот дел- не од Аеродром, туку од Скопје. И јас го знам тоа. Јас проблемот го гледам во тоа што, ете, го објави @Graditelot дека станбенава зграда треба да обезбеди на 80 м2 станбен простор 1 паркинг место. Направив пресметка со податоците од веб стр.на ЗСФ и тие треба да имаат на оваа вкупна станбена површина од 13.788 м2- 172 паркинг места. Имаат 122 и тоа го напишале дури! Тоа е без деловните простории на приземје. Значи само треба да прочиташ, си го пишува криминалот, ама неписмени луѓе во инспекторати па не гледаат. Настрана што законот не е добар, барем така мислам. Во зградава од 250 стана само 40 се со квадратура од 80 и нагоре, над 200 се по 40-тина квадрати. И наместо законот да перцепира 250 различни фамилии со потреба од паркинг место, тој е напишан на некаква квадратура. Исто, да земев ДУП и видам дека ќе градат болница, не е аргумент. Да земев ГУП и видев дека ќе градат мост кон Ќерамидница у 1965 год. уште ќе чекав да ја поминам реката. Инаку, се преброивме дома и после 1 месец од уплатата за стан се договоривме да му платиме и подземен паркинг. Муабетот ми беше немање некаков base line, барем нешто закон да функционира. Во некои станови видовме нема прозор во спалната соба и не ти го кажуват тоа додека не видиш, и не ти сметаат по коефициент за логија итн. Овде немаат паркинг, па тоа ти е. |
|
![]() |
|
xnx ![]() Senior Member ![]() Joined: 05-Apr-2009 Online Status: Offline Posts: 1943 |
![]() ![]() |
Ako nemase dovolno parkinzi nikogas nemase da dobie odobrenie za gradba, bar toa e sigurno.
|
|
![]() |
|
bambi ![]() Newbiе ![]() Joined: 18-May-2020 Online Status: Offline Posts: 2 |
![]() ![]() |
Ајде и јас да си дадам мислење на темава
![]() На темата прогрес на зградава: - Пред 3 месеци влегов во „станот“ (Влез А) и нормално ништо посебно немаше, ѕидови, електрична инсталација и цевки за вода + прозори. - Последно кога се јавив пред месец дена ми кажаа дека се се одвива како што било планирано. Дека влезовите В и Г веќе бираат плочки. Влез Г имал плочки на 1 и 2 спрат. Влез А најверојатно за месец дена ќе бирал плочки. Моментално не давале да се видат од безбедносни причини (така беше минатата недела). - Како што гледам од прозорите внатре ѕидовите се бели, не знам дали се искречени и што значи тоа која фаза е. Исто така поставени се „струјните кутии“ (не знам како се викаат правилно ![]() На темата паркинг: Уште кога го земавме станот (значи лани летото), имаше останато уште само 20 паркинг места и покрај тоа што цената е ненормално скапа (верувам дека брзо се потрошиле и тие). Нема да пишувам за тоа дали има доволно паркинг места во зградата или нема, меѓутоа колку паркинг места и да се направат, пак ќе бидат малце. За споредба ќе го дадам бесплатниот паркинг кај ОУ. Љубен Лапе кој што пред година дена беше полу празен, се додека не го научија и почнаа да паркираат секакви канти (служи ко депонија) и службени возила, а денеска веќе и нема место. Не може една станбена единица во која има 5 возрасни луѓе да има 4 или 5 возила (знам многу такви случаи). Аеродром како населба има најмногу паркинг места, земете за споредба Центар, Карпош каде што нема тротоари. Исто така во Козле каде што има повеќе куќи никој не паркира у двор туку сите на тротоар иако нема 250 станбени единици, туку се поединечни куќи со дворови. На темата зошто баш оваа зграда: Бевме во потрага по стан година дена, независно од тоа дали е нов стан или стар стан. Ќе наобројам неколку причини зошто е тешко да купиш стар стан во добра состојба. До 50 квадрати речиси и да нема, а тие што се на лагер се стари, преградувани со некои без врска ѕидови, па нема вентилација во ВЦ-то или во кујната и + ако се нафатиш да реновираш треба да се мафташ со мајстори (кој реновирал знае како е - освен ако немаш кеш да дадеш и да ти го средат цел стан да не се замараш со ништо). Продавачите се крајно несериозни, не креваат, ќе стигнеш го влез ти викаат се премисливме не го продаваме, агенциите ти викаат ќе ти пратат понуда и не ти праќаат итн. Од новите згради, многу е важно што повеќето гледаат една во друга, тротоарот е продаден како надворешен паркинг и треба да си одиш на улица (која што е со една лента) и исто така варира и квалитетот на градбата како и распоредот. Израснав во Карпош во „руските згради“ и становите сами по себе се без никаква изолација (очекувано), на приземје се се слуша, дали некој се движи, гази по лисја или зборува. Комшиите обавезно ги слушаш, во зима е многу студено, па ако се нафатиш да реновираш и од надвор цената ќе ти испадне иста. Исто така влезовите се нечисти, смрдат, лифтовите се стари. Поздрав од уште една „бабуш(ка)“ што купила стан у зградава ![]() ![]() Edited by bambi - 18-May-2020 at 12:15 |
|
![]() |
|
ironm ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 07-Jun-2018 Location: Frankfurt Online Status: Offline Posts: 886 |
![]() ![]() |
Луѓе не знам што се замарате да се објаснувате и да се оправдувате за тоа каде сте се одлучиле да си купите дом и каде сте се родиле и израснале.
|
|
![]() |
|
xnx ![]() Senior Member ![]() Joined: 05-Apr-2009 Online Status: Offline Posts: 1943 |
![]() ![]() |
![]() |
|
![]() |
|
kiriOK ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 11-Apr-2012 Location: Tamworth,UK Online Status: Offline Posts: 1023 |
![]() ![]() |
Реално има разлика помеѓу некој роден и растен во Стар Аеродром и некој роден и растен во Василево и дојден во Скопје пред 5 години...разликите се во менталитетот,навиките,целиот однос кон градот и урбаното живеење. Така да изреченија од типот ''не е важно од кај си, важно каков си'' е точен но тоа е случај само до степен на индивидуалци,генералната слика друго зборува. |
|
![]() |
Post Reply ![]() |
Page <1 2526272829 42> |
Forum Jump | Forum Permissions ![]() You cannot post new topics in this forum You cannot reply to topics in this forum You cannot delete your posts in this forum You cannot edit your posts in this forum You cannot create polls in this forum You cannot vote in polls in this forum |