build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Урбани прашања > Пешачки зони и паркови
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Зеленило

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 2728293031 43>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
FT View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 22-Jun-2010
Location: Kocani
Online Status: Offline
Posts: 570
  Quote FT Quote  Post ReplyReply #561 Posted: 04-Jun-2015 at 22:20
Во градскиот парк во Кочани се спремаат нешто како жардинери, најверојатно за палми. Јеј.

Може да посадат некои и во дупките по улиците во центарот кои веќе една година стојат неасфалтирани, а во вдлабнатините на штотуку ставениот асфалт може да стават солена вода. Сон!
Back to Top
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7859
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #562 Posted: 07-Jun-2015 at 04:16
Originally posted by King

Originally posted by N23


Originally posted by King

Јас зборував принципиелно за Велес, бидејки ги знам приликите изворно, и знам како од град кој што економски беше пропаднат, сега заедно со Штип и Кавадарци е редок светол пример на економски препород. И сега бидејки се реновираше театарот, кино салата била проблем, незнам дали и кога ке се реновира Кино салата, ама мислам дека во случајот таа им е најмалу важна на Велешани, кои патем не се дел од Источна Македонија, туку од Централна...
Сигурно не очекуваш од Скопје во Велес да се селат. Говорам дека ако беше Велес до толку развиен како што говориш, луѓето од истокот ќе идеа према Велес и Штип, а вака само по некој према Штип. Не бе, не треба кино сала, затоа Велешани у Скопје доаѓаат филмови да гледаат. Театарот е супер и јас немам никаква замерка, освен што очајно долго се градеше за разлика од градбите у Скопје. А штом за тебе е добро луѓето да работат за 9-10 иљади, неам што повеќе со тебе да дебатирам.

Од старт дебатата е промашена, бидејки погрешен град си одбрал за да ја правиш својата пропаганда, без аргументи паѓаат маските.
дебатата е утната од кога економската и целовкупната состојба на еден град е калкулирана преку тоа колку луѓе имало по кафичи...
Architects create dreams...politicians create nightmares
Back to Top
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7859
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #563 Posted: 07-Jun-2015 at 04:36
Originally posted by kultuzin

Затоа јас велам треба во законот на република Македонија да се внесе обврска со која секој ученик и студент е задолжен барем еднаш да ја напушти земјата и да се прошета по Европа. Со тоа мислам дека луѓето помалку ќе бидат изложени на пропаганди. Греота е што незнаењето на луѓето се користи за манипулирање на јавноста. Каде и кој напишал дека ПАЛМИ има само на море и во медитерански предели. Швајцарија МЕДИТЕРАН ли е што има градови во кои на секој метар има палми. Палми има и во градини во Германија ги има насекаде. Тие се декоративни дрва кои ако можат да се заштитат зошто да ги нема и во Македонија. Не дека јас сега нешто умирам за палми и дека сум голем љубител но ме нервира кога се манипулира со луѓето и секоја ситница се користи за политички цели.
извини јас вака како недоволно прошетан човек (а со тоа и недоволно развиен интелектуално изгледа) да ти демантирам
и во Скопје има егзотични градини, па тоа не значи дека секој булевар треба да ни е егзотичен и кај ни текне, да си ставаме било што... малце осет треба да се има и економски и просторно-естетски

не сум нешто посебно мразач на палми, ама ме нервира тоа што просечното мислење кај нас се сведува на „ако го има во *наведи рандом локација*, зошто да не го има и кај нас“
и јас мислам дека секој студент треба да биде образован да знае како да примени искуства, без разлика дали му се од читање или патување, а не да мисли дека Швицарска е ветената безгрешна земја, од каде што од сите работи кои може да ги научиме, се фативме за проклетите палми...
Architects create dreams...politicians create nightmares
Back to Top
my Macedonia View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 09-Oct-2008
Location: 🇲🇰🇨🇭
Online Status: Offline
Posts: 4089
  Quote my Macedonia Quote  Post ReplyReply #564 Posted: 08-Jun-2015 at 15:33
Кај новиот булевар во кичево
Back to Top
gjoko View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 18-Jun-2011
Location: kicevo
Online Status: Offline
Posts: 6554
  Quote gjoko Quote  Post ReplyReply #565 Posted: 08-Jun-2015 at 18:33
Originally posted by my Macedonia

Кај новиот булевар во кичево


од извори блиски до власта се дознава дека се фатени снимачите на сликава и ќе ја има во нашата тема
Back to Top
jyvation View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 4191
  Quote jyvation Quote  Post ReplyReply #566 Posted: 12-Jun-2015 at 10:11
СКОПЈЕ ИМА САМО СЕДУМ КВАДРАТИ ЗЕЛЕНИЛО ПО ЖИТЕЛ



Скопје, полека но сигурно, станува бетонска џунгла. Градежната експанзија, најмногу на штета на урбаното зеленило, го зема својот данок. Според последните податоци, на скопјани им останаа само по 7 квадратни метри зелена површина, што е бројка под секој пропишан минимум. Континуираната сеча на старите дрвја, кои обезбедуваат кислород на градот, не престанува. Пред електричните пили за само неколку месеци „капитулираа“ дрвјата на улицата „11 Октомври“, боровите кај Владата, костените на плоштадот, дрворедот покрај МЕПСО. Последни се старите дрвја на булеварот „Цветан Димов“, кои требаше да отстапат место за асфалтот на новата проширена улица.

Светската здравствена организација препорачува за секој жител да се обезбедат најмалку 9 квадратни метри, додека, пак, просекот во европските градови достигнува до 25 квадрати урбано зеленило за секој човек во градот. Во САД, пак, утврден минимум градско зеленило не постои, туку препораката од властите е да има што повеќе, а секој град да одлучи колку е тоа.

Проблемот на Скопје, но и на другите урбани средини во земјата е недонесениот закон за зеленило, кој со години стои во фиока. Тој треба да предвиди кој и за каква намена ќе уништува зеленило и на каков начин ќе ја надомести штетата. Освен невладините организации и граѓаните, кај нас никој не го мери зеленилото што се претворило во згради, деловни објекти, плоштади или тротоари ниту, пак, ги брои исечените стебла.

„Да имаше закон, пред секоја узурпација на зеленило градежниците ќе се замислеа малку, бидејќи ќе требаше да платат по 280 денари за секој уништен квадрат. Вака, зеленилото практично им е без пари“, коментираат од еколошките невладини организации.

Законот, кој се' уште се очекува да влезе во собраниска процедура, предвидува и секој кој ќе исече дрво да има обврска да засади две млади.

Во 2014 година во Скопје имало 4,1 милиони квадрати зеленило, урбани површини кои ги одржува јавното претпријатие „Паркови и зеленило“. Тоа се парковите меѓу зградите, покрај тротоарите, како и булеварското зеленило. Само општината Аеродром има 11 квадрати за секој жител, а Центар и Карпош по 9 квадрати и тоа благодарение на Градскиот парк кој се наоѓа на нивно подрачје. Сите други општини се многу под минимумот, а најмалку зеленило има во Шуто Оризари.

Годинава, информираат од ЈП „Паркови и зеленило“, ќе се зазеленат нови 50.000 квадрати во Скопје, а 17.000 квадрати ќе бидат реконструирани.

„Најголем дел од новото зеленило ќе биде булеварско, а во план е да се засадат и 5.000 различни садници. Најголемиот дел се листопадни, див костен, јавор, јасен, липа, платан, чинар или врби, кои најдобро успеваат на нашето поднебје. До крајот на годината ќе се исечат тополите кои се небезбедни, а и создаваат алергии“, вели Душан Авировиќ, директор на „Паркови“.

Авировиќ вели дека јавното претпријатие се грижи и за вонградското зеленило, кое заедно со парк-шумата „Водно“ се простира на 35 милиони квадрати. Тој посочува дека во приоритетите за годинава е обнова на делови од Градскиот парк, паркот „Жена-борец“ и Паркот на франкофонијата. Во моментов се реконструираат и делови од Паркот на природата „Гази Баба“.

http://utrinski.mk/default.asp?ItemID=DE3ECB25CDB3D747A7838041B70D3D02
Back to Top
Staro Skopje View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2692
  Quote Staro Skopje Quote  Post ReplyReply #567 Posted: 18-Jun-2015 at 19:36
Отиде и последната зелена површина во Центар

Искасапен Парк на новинарите


Сеча на дрвјата и во Паркот на новинари спроти зградата на некогашно НИП Нова Македонија.

Дрвјата овој пат не се ниту стари ниту исушени, туку со здрави и богати крошни, така што не е јасно зошто се уништува ова парче зеленило.



Во паркот до пред извесно време кампуваа средношколците кои го користеа како привремен дом за да го искажат својот протест кон Министерството за образование и наука.



Градски власт, инаку, планираат на местото на паркот да изградат кружен тек на две нивоа, но откако ќе се изгради подземниот булевар кој ќе поминува под Музеј на Град Скопје и ТЦ Рамстор, тунел кој треба да ги поврзе некогашна Бихаќка со булевар Мајка Тереза.

a1on.mk
Градот убав никна, но го откорнаа
Back to Top
iGi_PoP View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 09-Apr-2015
Online Status: Offline
Posts: 213
  Quote iGi_PoP Quote  Post ReplyReply #568 Posted: 18-Jun-2015 at 19:42
Originally posted by Staro Skopje

"не е јасно зошто се уништува ова парче зеленило. "......

"Градски власт, инаку, планираат на местото на паркот да изградат кружен тек на две нивоа"...


Novinarstvo vo Makedonija! Roll%20eyes Ohno

Prvo postavuvaat prasanje, a posle si go odgovaraat...

Znaci jasno bilo zosto go unisuvaat ova parce zelenilo, deka ke gradat kruzen tek.
Back to Top
fichot View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 02-Feb-2010
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2602
  Quote fichot Quote  Post ReplyReply #569 Posted: 18-Jun-2015 at 19:56
Да, ама со оглед на тоа што од подземниот булевар нема ни трага, се чини дека непотребно е да се започнува сега правењето на кружниот тек.
Back to Top
Z|evzek View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 10-Jun-2012
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 423
  Quote Z|evzek Quote  Post ReplyReply #570 Posted: 18-Jun-2015 at 20:22
Originally posted by fichot

Да, ама со оглед на тоа што од подземниот булевар нема ни трага, се чини дека непотребно е да се започнува сега правењето на кружниот тек.
А тие како професионални новинарски градежни инженери знаат што точно треба прво да се започне, а што да се заврши . Ова не ти е обично истражувачко новинарство во државава. Ова ти е тип есеј како оние во основно по македонски јазик    
Back to Top
kultuzin View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-Nov-2010
Online Status: Offline
Posts: 3811
  Quote kultuzin Quote  Post ReplyReply #571 Posted: 18-Jun-2015 at 20:29
Kakov naslov eeeeeejj "ISKASAPEN parkot" i posle takov novinar ke izleze na protesti za profesionalno novinarstvo. Eden naslov neznaat da stokmat a bez toj da e tendeciozen i od start da ja nasocuva percepcijata na citatelot.

Edited by kultuzin - 18-Jun-2015 at 20:32
Back to Top
Navigator View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 02-May-2014
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 678
  Quote Navigator Quote  Post ReplyReply #572 Posted: 19-Jun-2015 at 08:35
Originally posted by kultuzin

Kakov naslov eeeeeejj "ISKASAPEN parkot" i posle takov novinar ke izleze na protesti za profesionalno novinarstvo. Eden naslov neznaat da stokmat a bez toj da e tendeciozen i od start da ja nasocuva percepcijata na citatelot.


Професионалниот новинар е всушност шеф на кабинет на градоначалникот на Општина Центар. Тоа е таа слобода, независност и професионалност на медиумите.
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 15225
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #573 Posted: 19-Jun-2015 at 09:11
Од каде ти е таа информација, со оглед на тоа што текстот не е потпишан?
За сè има вторпат
Back to Top
Navigator View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 02-May-2014
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 678
  Quote Navigator Quote  Post ReplyReply #574 Posted: 19-Jun-2015 at 09:20
Ти сирот, не знаеш кој е уредник (да не речам газда) на А1он, а? Ми се повраќа кога се правите вака наивни.
Back to Top
fichot View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 02-Feb-2010
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2602
  Quote fichot Quote  Post ReplyReply #575 Posted: 19-Jun-2015 at 11:43
Во импресумот е пишан некој Предраг Петровиќ. Мене искрено, повратил ти или не, имево ништо не ми значи.
Back to Top
xnx View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 05-Apr-2009
Online Status: Offline
Posts: 1943
  Quote xnx Quote  Post ReplyReply #576 Posted: 19-Jun-2015 at 11:45
stvarno sram da im e na ovie a1on. mesto da napisat: "gi sotrea site drva" oni pisale deka "go iskasapile parkot".
Back to Top
jyvation View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 4191
  Quote jyvation Quote  Post ReplyReply #577 Posted: 19-Jun-2015 at 12:16
Тополите во Паркот на новинарите исечени оти оштетиле автомобили

Градот Скопје реагира на информациите објавени во дел од медиумите во врска со исечените дрвја на паркингот до Паркот на новинарите во Општина Центар, објаснувајќи притоа дека се работи за исечени дрвја кои веќе нанеле штета на паркирани автомобили.



„Сакаме да ја информираме јавноста дека во текот на изминативе денови, по поројните дождови, на повеќе локации во Скопје се скршија поголем број гранки од дрвјата коишто предизвикаа голема материјална штета, оштетени беа поголем број моторни возила и објекти. Точно во Паркот на новинарите, дрво падна врз повеќе возила, при што беа оштетени два автомобила марка ‘опел корса’ и ‘мазда’. Екипи на јавното претпријатие ‘Паркови и зеленило’, по извршениот увид на МВР и изготвениот записник за сторената штета, пристапија кон расчистување на искршените гранки и стебла, при што беа исечени 3 тополи на паркингот до Паркот на новинарите“, се вели во соопштението.

Екипите на Јавното претпријатие „Паркови и зеленило“ реагирале и во Старата скопска чаршија, на булеварот „8-ми Септември“, кај „Тутунска Банка“ и на уште неколку локации каде што имаше паднати гранки и оштетени дрвја.

Од Градот Скопје истакнуваат дека заедно со ЈП „Паркови и зеленило" на терен постапуваат во насока на заштита на населението и на јавните материјални добра и поради тоа ги отстрануваат дрвјата што претставуваат закана за општата безбедност.

Акцијата за сечење на тополите на територијата на градот Скопје се изведува врз основа на Одлука-Програма за работа на „Паркови и зеленило“ за 2015 година, донесена од Советот на Град Скопје и поддржана од сите советнички групи. Ќе биде имплементирана во сите програми за работа на „Паркови и зеленило“ во наредните години, затоа што бројот на тополите во Скопје е многу голем и ќе биде потребно време тие да се исечат и да се заменат со садници кои не се штетни по здравјето на луѓето, имаат позитивни еколошки карактеристики и кои не претставуваат опасност по безбедноста на минувачите и материјалните добра на граѓаните.

Скопските градски власти нагласуваат дека последниве пет години на подрачјето на градот се спроведува интензивна акција за подигање нови зелени површини и за засадување нови дрвја.

Градот Скопје ќе продолжи интензивно да работи на зазеленување на јавните површини и на засадување нови дрвја како една од приоритетните заложби за чиста и здрава средина.

http://kajgana.com/topolite-vo-parkot-na-novinarite-isecheni-oti-oshtetile-avtomobili

Абе и мене ме нервираат оние белите што летаат од тополите а ги имам и во моја непосредна близина.Но да видиме колку нови дрвца ќе се засадат на ова место.

Edited by jyvation - 19-Jun-2015 at 12:19
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 15225
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #578 Posted: 19-Jun-2015 at 16:10
Originally posted by Navigator

Ти сирот, не знаеш кој е уредник (да не речам газда) на А1он, а? Ми се повраќа кога се правите вака наивни.


Навигатор, етикетираш и генерализираш, ставајќи ме во ист кош со многумина други. А токму ти беше најгласен против тие работи пред некое време. Не сакам да ја претвориме темава во лична преписка, но биди доследен на начелата што самиот сакаш да ги промовираш (немешање дневна политика на форумов, етикетирање, генерализирање, лични навреди и сл.) Никој не се прави наивен, туку ти беше поставено обично прашање од страна на неинформиран член на форумов. Можеше да ме удостоиш со пристоен одговор или да ме игнорираш. Но ваквото обраќање не ти чини.
За сè има вторпат
Back to Top
fichot View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 02-Feb-2010
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2602
  Quote fichot Quote  Post ReplyReply #579 Posted: 26-Jun-2015 at 12:04
Back to Top
alexsend View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-May-2011
Location: Скопје, Центар
Online Status: Offline
Posts: 2085
  Quote alexsend Quote  Post ReplyReply #580 Posted: 26-Jun-2015 at 14:15
Кога на недораснати ќе им дадеш пари ова се случува...
Јас Скопје никогаш не сум го замислувал вака.
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 2728293031 43>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.250 seconds.

Copyright ©2007 - 2024  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.