Author |
Topic Search Topic Options
|
Danielbtmk
Senior Member
Joined: 26-Jan-2010
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 693
|
Quote Reply
#41 Posted: 17-Sep-2010 at 17:09 |
Се надевам дека дотогаш уште некои локомотиви ќе се обноват т.е. ќе се вратат од мртвите или па како што најавуваат дека ќе купат четвороделни моторни гарнитури... па така ќе има возови кои ќе сообраќаат кон Лерин...и плус тоа мора локомотивите да се дизел бидејќи до Битола нема електрифицирана пруга...
Edited by Danielbtmk - 17-Sep-2010 at 17:14
|
|
Danielbtmk
Senior Member
Joined: 26-Jan-2010
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 693
|
Quote Reply
#42 Posted: 26-Sep-2010 at 20:36 |
Со воз од Битола до Лерин во 2014 година
недела, 26 септември 2010, 17:21
Најмалку
девет милиони евра ќе чини реконструкцијата на железничката пруга од
Битола до Кременица, односно границата со република Грција. Оваа делница
која не е во употреба веќе 25 години е со должина од 16 километри и
претставува витален дел од Коридорот 10 и новиот проект„Карго 10“ на
железниците на Србија, Хрватска и Словенија кој стартува од први
октомври.
Министерството за транспорт и врски се` уште работи на подготовка на
проектната документација на проектот чија реализација според најавите
треба да започне во 2013 и да се заокружи во 2014 година. Најголем дел
од потребните пари, или 85% ќе се обезбедат од ИПА претпристапните
фондови на ЕУ за регионален развој, а останатите од буџетот.
Реконструкцијата на оваа делница ќе овозможи продолжување на кракот
од железничкиот Коридор 10 преку Грција до пристаништето во Солун и
градот Игуменица, што покрај патничкиот ќе биде од голема важност за
товарниот сообраќај. Владата пролетоска најави реконструкција и на
железничката пруга од Табановце до Гевгелија. Со заем од ЕБОР во износ
од 17,6 милиони евра, ќе се реконструираат четири делници во должина од
53 километри.
|
|
shaun.r
Groupie
Joined: 06-Jul-2009
Location: skopje
Online Status: Offline
Posts: 0
|
Quote Reply
#43 Posted: 27-Sep-2010 at 08:32 |
Originally posted by Danielbtmk
Со воз од Битола до Лерин во 2014 година
недела, 26 септември 2010, 17:21
Најмалку
девет милиони евра ќе чини реконструкцијата на железничката пруга од
Битола до Кременица, односно границата со република Грција. Оваа делница
која не е во употреба веќе 25 години е со должина од 16 километри и
претставува витален дел од Коридорот 10 и новиот проект„Карго 10“ на
железниците на Србија, Хрватска и Словенија кој стартува од први
октомври.
Министерството за транспорт и врски се` уште работи на подготовка на
проектната документација на проектот чија реализација според најавите
треба да започне во 2013 и да се заокружи во 2014 година. Најголем дел
од потребните пари, или 85% ќе се обезбедат од ИПА претпристапните
фондови на ЕУ за регионален развој, а останатите од буџетот.
Реконструкцијата на оваа делница ќе овозможи продолжување на кракот
од железничкиот Коридор 10 преку Грција до пристаништето во Солун и
градот Игуменица, што покрај патничкиот ќе биде од голема важност за
товарниот сообраќај. Владата пролетоска најави реконструкција и на
железничката пруга од Табановце до Гевгелија. Со заем од ЕБОР во износ
од 17,6 милиони евра, ќе се реконструираат четири делници во должина од
53 километри.
|
kolku se pismeni nasive novinari...a da im kazese nekoj deka do igumenica nema pruga
|
|
Vladimir P
Senior Member
Joined: 06-Apr-2008
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 3304
|
Quote Reply
#44 Posted: 27-Sep-2010 at 12:55 |
|
|
|
shaun.r
Groupie
Joined: 06-Jul-2009
Location: skopje
Online Status: Offline
Posts: 0
|
Quote Reply
#45 Posted: 27-Sep-2010 at 14:10 |
|
|
Danielbtmk
Senior Member
Joined: 26-Jan-2010
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 693
|
Quote Reply
#46 Posted: 28-Dec-2010 at 17:11 |
|
|
Vladimir P
Senior Member
Joined: 06-Apr-2008
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 3304
|
Quote Reply
#47 Posted: 02-Feb-2011 at 19:39 |
Originally posted by shaun.r
samo ne mi e jasno kako nasle deka treba da produzi do igumenica , |
Еве само една од мнугуте анализи и предности на Игуменица
... But the story does not end there. The Chinese government (through Cosco) is already interested in further investments in Greece, including the acquisition of ‘Thriasio’ (a large track of land close to the port) to be used both as an office park and as storage of containers for re-export to North Africa and the Middle East. The Chinese government is also interested in acquiring abandoned Olympic sites to use in ways that will accommodate exports to Greece and the transportation of goods to Europe through Greece. The Greek government is also looking for buyers of its other three main ports (Thessaloniki, Volos, Igoumenitsa) which are in the northern part of Greece and are even closer to the European markets that the Chinese are coveting. Cosco has already made a bid to manage the port of Thessaloniki, and so far is the only bidder. Although Athens is linked with Central Europe via rail, like Thessaloniki and Igoumenitsa, the port of Piraeus is not, thus making these other two Greek ports even more appealing to the Chinese government and Cosco...
Foreign Policy Blogs |
|
|
|
Cloverstack
Admin Group
Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
|
Quote Reply
#48 Posted: 02-Feb-2011 at 19:45 |
Originally posted by Vladimir P
Cosco has already made a bid to manage the port of Thessaloniki, and so far is the only bidder.] |
Охооо, значи Кинезите веќе направиле конкретен чекор и во однос на Солун, не само Пиреа. Многу позитивно за Македонија! Баш пред извесно време дискутиравме на форумов за таквата можност и за ефектите од тоа. Владимир, ако имаш на лагер нешто подетално, те молам постирај во посоодветна нишка.
|
|
Vladimir P
Senior Member
Joined: 06-Apr-2008
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 3304
|
Quote Reply
#49 Posted: 02-Feb-2011 at 20:02 |
Ако успееш еве го линкот на целиот текст од анализата
Chinese trojan horse investing in greece or invading europe / part 1
кој некогаш работеше !!!???
http://chinatrade.foreignpolicyblogs.com/2011/01/15/chinese-%E2%80%98trojan-horse%E2%80%99-investing-in-greece-or-invading-europe-part-i/
|
|
|
axel
Senior Member
Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3654
|
Quote Reply
#50 Posted: 11-Feb-2011 at 18:34 |
Бизнисот ја бара пругата Битола - Лерин
Делницата, долга само 15 километри, обрасната со треви и дрвја, чека ревитализација две децении
БИТОЛА - Македонските стопанственици вчера симболично допатуваа со
воз од Скопје, Велес и Прилеп во Битола со цел да и' дадат до знаење на
државата дека железничката инфраструктура е еден од клучните предуслови
за економски раст на регионот. За бизнисмените е неразбирливо зошто
државата во изминатите две децении не успеала да ја ревитализира пругата
Битола - Лерин, долга само 15 километри. Пругата Битола - Кременица со
години е обрасната со треви и дрвја. Таа по ништо не потсетува дека тука
своевремено минувале возови. Единствените траги од шините се на
сообраќајните премини.
Пелагонија е втора по висина на учество
на БДП во државата, најголем производител на пченица и со најголем
процент од 45 насто од капацитетите за производство на струја. За развој
на регионот неопходна е ревитализација на пругата која ќе ја олесни
транспортната комуникација со јужниот сосед.
„Дојдовме со воз за
да упатиме јасна порака дека мора после толку години мора да се вложи
во железничката инфраструктура, поточно во пругата Битола- Кременица-
Лерин, бидејќи тоа во голем дел ќе го олесни протокот на стоки кон
солунското пристаниште“,рече Бранко Азески, претседател на Стопанската
комора на Македонија.
Стопанствениците, патувајќи за Битола, прв
пат слушнале од вработените во железницата дека за ревитализација на
пругата Битола - Лерин е изработена физибилити студија, како и дека од
грчка страна има конкретни барања за реактивирање на пругата, особено за
масовни стоки.
„Владата даде се' што можеше на планот на
погодностите за странските инвеститори, а тие не дојдоа. Значи,
проблемот треба да го бараме кај нас. Да ја подобриме ситуацијата во
судството, во инфраструктурата, во самодовербата. Зашто несфатливо е
пруга долга 16 километри така да седи 20 години. За жал, во регионот
политиката е во фокусот. Почести и поактуелни се политичките наспроти
економските теми“, посочи Азески. Токму поради крајно лошите состојби во
железничката инфраструктура, стопанствениците најавуваат дека во
наредните 5 години ќе бараат од Владата поголем дел од средствата да се
намени за железницата.
„Транспортот на стоки стопанствениците
мораат да го насочат само во патниот сообраќај. Но, превозот со камиони
бара поголеми трошоци за разлика од железницата. Затоа ни е потребна
итна ревитализација на пругата Битола - Лерин,“ рече Благој Стојчев,
претседател на стопанствениците од регионот.
Според Оливер
Деркоски, директор на „Македонски железници“, потребни се големи
инвестиции да се ревитализира железничката инфраструктура во Македонија и
да се реновираат возовите.
„Планираме во следните 5 години
големи вложувања во железницата и во возовите. Еден нов вагон чини
милион евра, а нова локомотива е 1,5 милиони евра. Затоа дел од вагоните
ќе се реновираат во Велес“, рече Деркоски. Според него, „Железници“
преговараат со локалните вести од Прилеп и од Битола на оваа релација
почесто да сообраќа воз, бидејќи според нивни пресметки, 2.000 до 3.000
граѓани секојдневно патуваат од едниот во другиот град. (А.Б.)
http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=80F95FF7BFE101418115B59AF8823CEF
|
|
Vladimir P
Senior Member
Joined: 06-Apr-2008
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 3304
|
Quote Reply
#51 Posted: 11-Feb-2011 at 18:43 |
Еден цинична забелешка,
Ако коридор X ни се затвара, дали во овој период вреди да ре размислува за отварање-реновирање на коридор Xd или да се причека на некој подобри времиња ???
|
|
|
kultuzin
Senior Member
Joined: 07-Nov-2010
Online Status: Offline
Posts: 3811
|
Quote Reply
#52 Posted: 11-Feb-2011 at 18:59 |
Според мене приоритет треба да биде коридорот 8 , поврзување на Јадранското и Црното море.Вака Грците имат монопол кога сакаат не затварат кога сакаат отвараат.
|
|
polval
Senior Member
Joined: 18-Feb-2009
Online Status: Offline
Posts: 177
|
Quote Reply
#53 Posted: 11-Feb-2011 at 21:36 |
Ако има економска корист за Битолското и Прилепското стопанство и за целиот Пелагониски регион воопшто, тогаш треба да се обнови. Се работи за 20-тина км пруга (заедно со станични и други колосеци итн. итн. ) и тоа на лесен терен и без големи мостови, тунели итн. Меѓутоа , само во случај на економска оправданост. Кој ни гарантира дека Бугарија нема да постапува исто како и Грција...
Edited by polval - 11-Feb-2011 at 21:40
|
|
kultuzin
Senior Member
Joined: 07-Nov-2010
Online Status: Offline
Posts: 3811
|
Quote Reply
#54 Posted: 11-Feb-2011 at 21:41 |
Друго е кога имаш алтернативи.Особено кон Албанија треба да се направи пруга која ќе излева на Јадранското море. Особено сега кога Грците се одлучија да ги скратуват средствата на железничката и кога секој трет ден сме соочени со штрајкови.Секако оваа железничка е одлична можност за уште еден излез на средосемното море особено кога се работи за само 20 километри пруга, но како што реков според мене коридорот 8 треба да биде приоритет.
|
|
polval
Senior Member
Joined: 18-Feb-2009
Online Status: Offline
Posts: 177
|
Quote Reply
#55 Posted: 11-Feb-2011 at 21:55 |
Коридорот 8 секако треба да се направи од многу причини, тука нема спор и нема дискусија. И требаше веќе одамна да биде направен. Сообраќајните врски не може да се градат со идеја дека треба некогаш да се исплатат туку се со цел за општа добробит на земјата и на стопанството. Ако 20 км пруга донесе развој на стопанството во Пелагонија тогаш треба да се гради независно од коридорот 8 и не треба со него да се условува.
|
|
BOJAN
Senior Member
Joined: 09-Sep-2008
Location: SKOPJE
Online Status: Offline
Posts: 3438
|
Quote Reply
#56 Posted: 12-Feb-2011 at 11:41 |
А треба да се направи една анализа за тоа колку се големи претпријатијата во Прилеп и Битола за да ја ремонтираме пругата Битола-Кременица. Да појаснам, во пелагонискиот регион нема ниту еден металуршки комбинат или рудник, ниту пак рафинерија или нешто слично. Сакам да кажам, освен РЕК Битола, нема ниту еден капитален објект кој би имал побарувачка од 2-3 товарни возови дневно кон Солун. Можеби најголем од сите е Мермерниот комбинат во Прилеп, но се` останато е ситна боранија за товарниот железнички сообраќај.
|
|
гитардемон
Senior Member
Joined: 19-Feb-2008
Online Status: Offline
Posts: 5422
|
Quote Reply
#57 Posted: 12-Feb-2011 at 12:53 |
1. Не ни се затвора коридорот 10, туку привремено се укинуваат патничките возови. Товарните ќе продолжат да сообраќаат сосем нормално. Не значи дека пругава ќе биде бескорисна ако се реконструира.
2. Пругата се реконструира за да може да се справи со очекуваниот бум во индустриската зона Жабени.
Како и да е, ако е со европски пари зошто да не?
Edited by гитардемон - 12-Feb-2011 at 12:55
|
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
|
|
Danielbtmk
Senior Member
Joined: 26-Jan-2010
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 693
|
Quote Reply
#58 Posted: 24-Feb-2011 at 19:19 |
Тешко ни е да изградиме пруга од 16 км
Потенцијалите на Пелагонија неискористени Поради
нефункционалноста на железничката пруга до Грција, долга само 16
километри, патот на стоката од Битола до Солун е подолг за околу 200
километри, бидејќи стоката патува преку Велес. Неинвестирањето во
инфраструктурата во Пелагонискиот регион сериозно влијае врз бизнисот во
најголемиот регион во земјава
Скопје и вториот по
големина град во земјава, Битола, се на оддалеченост од околу 180
километри. За да се стигне со автобус до Битола се потребни од три и пол
до четири часа, а со воз, патувањето е подолго за еден час. Минатата
година, Кинезите, ја завршија железничката пруга помеѓу градовите Њухан
и Гуангзхоу, долга 1.100 километри, а брзиот воз наречен Хармони
експрес (Хармонѕ Еџпресс), го поминува растојанието, неколку пати
поголемо од реалацијата Скопје-Битола, за неверојатни, за нас, три часа.
Кина освен што секојдневно руши светски рекорди во економијата,
систематски и плански својот примат го става и во транспортот и во
инфраструктурата, базата за развој на една економија. Сега ќе гради
супермодерна и брза железничка пруга Пекинг-Лондон. Патувањето ќе трае
само два дена за растојание од 8.160 км, а возот ќе поминува низ 17
земји во Азија, Блискиот Исток и Европа. Што е уште поинтересно,
Кинезите планираат овој проект да го изградат со сопствени средства, а
наплатата за изградената пруга ќе ја врши во натура, односно со наплата
на природните ресурси од земјите каде што поминува пругата. Брзите
возови кои во просек се движат со брзина од 350 километри на час и во 21
век се сè уште научна фантастика за „Македонски железници”(МЖ), чии
возови достигнуваат просечна максимална брзина од 50 до 100 километри на
час, а се движат по пруги од турско време.
ДО СОЛУН ОД БИТОЛА ПРЕКУ ВЕЛЕС
За да укажат на овој сериозен проблем, бизнисмените од Стопанската
комора на Македонија (СКМ), минатата недела наместо со нови коли како
што бизнисмените од Сојузот на стопански комори дојдоа на доручек со
премиерот Груевски, решија на седница на Комората во Битола да
допатуваат со воз. „Во Битола дојдовме со воз за да упатиме јасна
порака дека мора по толку години неинвестирање да се вложи во
железничката инфраструктура и таа да се модернизира. Повеќе од потребно е
поврзување на Битола со Грција преку граничниот железнички премин
Кременица со што ќе се овозможи проток на стоки до Солунското
пристаниште. Неразбирливо е пруга долга 16 километри да не функционира
20 години. Бараме Македонија конечно да се сврти кон регионалниот
развој, со што ќе се подобри економијата на Пелагонискиот регион, каде
што се наоѓаат најголемите енергетски капацитети и најголемите извозни и
земјоделски објекти”, вели Бранко Азески, претседател на Стопанската
комора на Македонија. Поради нефункционирањето на железничката пруга
до Грција (од грчка страна, пругата е модернизирана пред четири години)
патот на стоката од Битола до Солун е подолг за околу 200 километри,
бидејќи стоката патува преку Велес. Модернизирањето на железничката
пруга Велес-Битола-Кременица (кракот Д од Коридорот 10) ќе ги поврзе
Прилеп, Битола и Велес и со други градови во Грција, како Лерин и Воден,
како и со Атина по магистралата Виа Егнација, а на север со западна и
северна Европа. Моменталната состојба на пругата Велес-Битола се
карактеризира со најниска комерцијална брзина, со што времето на
патување на стоки и патници е најдолго во однос на должина на пругата на
целиот Коридор 10, кој почнува од Грција, а преку Србија и Хрватска оди
до Словенија. Солунското пристаниште е прозорецот кон светот на
македонската економија. Најголемиот дел од извозот и увозот се остварува
преку него. „Единствено што им преостанува на стопанствениците е да
користат камионски превоз, кој е далеку поскап од железничкиот. Нашите
трошоци на производство само се зголемуваат, што сериозно влијае на
висината на финалната цена на готовиот производ. А сите се бориме за
поконкурентна цена, па битката тешко ни оди”, вели Благоја Стојчев,
претседател на регионалната комора Битола-Демир Хисар-Ресен, која е дел
од Стопанската комора на Македонија. Стојчев дваесет години е во
бизнисот со производство на брашно, а од пред извесно време отвори и
фабрика за производство на различни типови масло во која вложи повеќе од
10 милиони евра. Фабриката работи по ХАСАП системот и користи најнова
технологија. „За водењето бизнис не ми е проблем само
инфраструктурата. Нашите транспортни вагони се несоодветни за превоз на
масло и пченица, па морам да користам германски или украински”, вели
Стојчев. И за поранешниот директор на Битолската млекарница ИМБ,
Живко Радески, инфраструктурата и заживувањето на индустријата се
клучните работи за заживување на економијата во Пелагонискиот регион. „Немам
никаква дилема дека е потребно сериозно инвестирање во
инфраструктурата. Поради неинвестирањето ни пропаѓа стопанството и
индустријата. Обработливото земјиште стои неискористено. Да ги вратиме
шеќерната репка, сончогледот…”, вели Радески. Бизнисмените ги
поддржуваат и бројките, кои зборуваат за огромните потенцијали на
Пелагонија. Овој регион, најголем во земјава (19% од површината на
земјата), со 12% е втор по големина во земјава во учество на
бруто-домашниот производ. Учествува со најголем процент, 45%, од
капацитетите за производство на електрична енергија, а е и најголем
производител на пченица, млеко и млечни производи, тутун, јаболко и втор
по големина во производство на вишни и кајсии. Овде се наоѓа дури 23%
од вкупно обработливата земјоделска површина и 28% од пасиштата во
земјава. Голем е и потенцијалот за развој на летен, зимски и културен
туризам (Перспанско Езеро, националниот парк Пелистер, зимскиот
туристички центар Крушево). И покрај огромниот потенцијал, овој
регион е петти во трговската размена, иако е еден од ретките кој има
урамнотежена трговска размена, со 5-7% учество во извозот и 3-4% учество
во вкупниот увоз на земјава.
МАКЕДОНСКИ ФИРМИ ГРАДАТ КИНЕСКИ ЖЕЛЕЗНИЦИ
За да биде апсурдот уште поголем во прилепското село Алдани веќе
неколку години функционира фабриката „Еуропрофил”, која меѓу другото
произведува и фајберглас, материјал кој се користи за градење на пруги
(еколошки материјал-замена за дрвото кое се поставува во пругите).„Овој
производ освен во Србија, Бугарија и Унгарија, фабриката од пред извесно
време пробно го извезува и во Кина и Индија”, вели Ширкоски Александар
од „Еуропрофил”. Во Македонија, неколку компании, меѓу кои и
фабриката за кабли од Неготино и прилепската „Еурокомпозити”
произведуваат материјали кои се користат за изградба на пруги. Но, и тоа
не е доволно за Владата и менаџментот на МЖ да се заинтересира за
инвестирање во железничкиот сообраќај. Пругата од Битола до Кременица,
чие модернизирање се проценува на околу 9 милиони евра, поради немањето
пари, ќе почека уште неколку години. Ќе се чека на ИПА-фондовите, па
изградбата на пругата може да биде реалност во најоптимистичка опција во
2014г., а во најпесимистичка дури во 2016г.. „Признавам дека
работите одат бавно, но ние не располагаме со сопствени средства за
инвестирање во железничкиот сообраќај”, вели Оливер Деркоски, првиот
човек на МЖ Транспорт. Петар Спасовски, помошник-директор за
комуникации во МЖ Инфраструктура вели дека Владата размислува за
подобрување на железничкиот сообраќај кон Грција, но тоа не е моментален
приоритет. „Моментално работиме на Коридорот 8. Треба да се изгради
90 километарска пруга од Куманово до Деве Баир, Бугарија и 70 километри
од Кичево до Албанија. Кога овој проект ќе биде готов, тогаш ќе можеме
да аплицираме и за други проекти како што е пругата Битола-Кременица.
Сега сме во фаза на изработка на физибилити студија за реконструкција на
оваа пруга. Веќе аплицираме за да ги добиеме потребните 9 милиони
евра”, вели Спасовски.
КИНЕЗИ ВО ЖАБЕНИ
Немањето инфраструктура не е проблем само за локалното стопанство. „Најголемиот
проблем за заинтерсираните странски инвеститори е инфраструктурата. Тие
го посочуваат транспортот како најголема пречка за инвестирање. Убеден
сум дека Владата ќе ни помогне полека да ги оствариме сите наши
приоритети. Би било штета кога се подобрија условите за инвестирање и
кога општините добиваат поголеми ингеренции, да не ги собереме
плодовите”, вели градоначалникот на Битола, Владимир Талевски. Истото го потврдува и Трајче Котевски, поранешен директор на индустриската зона „Жабени”. „Индустриската
зона во која се крсти целото битолско стопанство ја нудиме со современа
железница и посебен железнички крак до неа. Што ќе се случи ако тој
крак не се изгради?”, вели Котевски. Според Талевски, веќе постои
голем интерес за инвестирање во „Жабени”, чија изградба е во финална
фаза. „Имаме интерес од дестина домашни и странски компании кои овде
сакаат да градат кланица, млекарница и сушалница и погон за преработка
на зеленчук. И кинеска компанија најави своја посета на зоната во март”,
вели Талевски. Индустриската зона „Жабени” се протега на 86 хектари.
Деталниот урбанистички план е готов, а завршени се и административните
процедури. „Изградена е и водоводна мрежа, а донесена е техничка
вода. Зоната има и телефонија, одводна канализација, а во финална фаза е
и нејзината електрификација, во која Владата се вклучи со 90 милиони
денари. Веќе функционира помалата трафостаница за 20 хектари, а се
работи на поставување и на големата-главна трафостаница”, информира
битолскиот градоначалник. За привлекување на што поголем број
инвеститори, општината Битола, освен владината одлука за закупување на
државно земјиште за 1 евро од метар квадратен се реши и за ослободување
од комуналии. „Заинтересираните инвеститори кои ќе се пријават до 31
март и кои до следната година ќе го изградат објектот и ќе вработат
повеќе од 20 вработени, ќе добијат 100% ослободување од комуналиите. Три
месеци по овој рок, заинтересираните под истите услови ќе добијат 75%, а
тие по шест месеци, 50% ослободување за плаќање на комуналии. Во кое
било време заинтересираните кои во следниве две години ќе изградат
објект и ќе вработат повеќе од 300 лица ќе добијат исто така 100%
ослободување од комуналии”, вели Талевски. Министерството за
транспорт и врски пред неколку дена распиша тендер за јавно наддавање за
градежно земјиште, во „Жабени”.Станува збор за 30 градежни парцели кои
се наменети за изградба на објекти за лесна и незагадувачка индустрија,
сервиси, стоваришта, како и две градежни парцели, наменети за изградба
на објекти за мало стопанство. Битолскиот градоначалник полага
голема надеж и во изградба на енергетските проекти „Чебрен” и „Галиште”,
лоцирани во мариовскиот крај, кои треба да му прават друштво на
најголемиот енергетски капацитет РЕК Битола. Инвестицијата е во вредност
од 700 милиони евра, а епилогот од четвртиот тендер за нив се очекува
во јуни годинава.
Извор: Форум
|
|
Danielbtmk
Senior Member
Joined: 26-Jan-2010
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 693
|
Quote Reply
#59 Posted: 25-Mar-2011 at 11:31 |
Железничката линија Солун Битола како делница од линијата кон Јадранското море беше изградена на 13 јули 1894 година.
|
|
гитардемон
Senior Member
Joined: 19-Feb-2008
Online Status: Offline
Posts: 5422
|
Quote Reply
#60 Posted: 02-May-2011 at 00:29 |
И СПМ со реакција за активностите на СДСМ
НЕДЕЛА, 01 МАЈ 2011 18:09
Денеска и Социјалистичката партија со реакција за вчерашната пародија на младите од СДСМ. Изјавата ја дадоа на железничката станица, каде што вчера пак младите од СДСМ го чекаа возот за Лерин, со што сакаа да потсетат дека токму таа железничка линија е уште едно неостварено ветување на битолската локална власт.
БЛА БЛА БЛА, SHIT SHIT SHIT...
И од Социјалистичката партија на Македонија рекоа дека за пругата Битола-Лерин обезбедени биле пари од ИПА фондовите.
-Во оваа прилика сакаме да информираме дека во тек е еваулација на тендерот за изработка на проектна документација, а тендерот ќе заврши во октомври. Во март заврши првата фаза од тендерот, во која учествуваа осум фирми. Избраната фирма треба за седум месеци да ги направи проектите. После ќе се гради, а цената на градбата е десет милиони евра – рече Христовски.
Од ВМРО-ДПМНЕ пак вчера рекоа дека во отчетот на Владата достапен за сите граѓани јасно се наведува дека реконструкцијата на железниктаа пруга за Лерин требало да почне во 2014 година.
|
http://tera.mk/index.php?option=com_content&task=view&id=35101&Itemid=106
|
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
|
|