да кај нас бидејќи закачуваме на меѓународниот сопствени кушети или спални истите редовно одат последни бар до белград, а за ресторанот логично е да биде в среде за да им биде подеднакво блиску на сите.
Кушетите и спалните најчесто одат на крајот од возот а на некои железници тоа е регулирано и со правило. Исто така ресторанот по можност се става на средина од композицијата поради причини кои ги наведе БеТон.
Во врска со „Локомотивата Hiawatha 3“, се работи за локомотива од серија А на американската железница „Милвоки“ наменета за влечење на престижните возови „Hiawatha“. Ги имало 4 , произведени две во 1935 и по една во 1936 и 1937. Максималната брзина била 100 - 110 mph (160-177 km/h) . Биле воведени за да им конкурираат на исто така престижните возови "Зефир“ кои биле со дизел влеча. Извадени се од употреба во период од 1949 до 1951. Не е сочувана ниту една од нив
СО ОДЛУКА НА ВЛАДАТА 140 милиони евра отпишан долг на Железници
Станува
збор за веќе отплатени долгови на старата Македонски железници кои сега
во двете друштва наместо како долг ќе се книжат како државен капитал
Владата им прости околу 140 милиони евра долг на ЈП МЖ "Инфраструктура"
и на АД МЖ "Транспорт", двете компании кои произлегоа со поделбата на
старото јавно претпријатие Македонски железници.
Во одлуката што вчера беше објавена во Службен весник, Владата дава
согласност долговите на "Инфраструктура" и на "Транспорт" кон Република
Македонија создадени врз основа на користени кредити од странски
институции заклучно со 31 декември 2006 година, да се претворат во влог
на Владата во претпријатијата. Владата на "Инфраструктура" и отпиша
долг од околу 2,6 милијарди денари (околу 42 милиони евра) создадени
врз основа на користени кредити од ЕУРОФИМА, Светска банка и ЕИБ
Луксембург и од денарски кредити. На "Транспорт", пак, му се простува
долг од околу 3,1 милијарда денари (околу 50,4 милиони евра) врз основа
на кредити од ЕУРОФИМА и Парискиот клуб на доверители. Со истата
одлука, и долговите од околу 49 милиони евра на "Транспорт" кон
странски железници се претвора во влог на Владата во друштвото.
"Транспорт" сам ќе си го исплаќа околу 13,2 милиони евра долг кон други железници.
Министерот за финансии Трајко Славески вели дека оваа одлука нема да
има фискални импликации, односно Владата нема годинава да издвојува
пари за покривање на долгови на двете претпријатија. Одлуката е
донесена согласно Законот за трансформација на Македонски железници.
"Македонија веќе ги има исплатено овие долгови на Железници кон
странските институции и досега тие се книжеле како побарување на
државата од двете друштва. Нема да има ново задолжување, туку за да не
се книжат обврски, ќе се книжи капитал. Значи, квалитативно ќе се
подобри пасивата на 'Инфраструктура' и на 'Транспорт', односно ќе се
подобри бонитетот на акциите", објаснуваат од Министерството.
БРОЈОТ НА ПАТНИЦИ ВО ЖЕЛЕЗНИЧКИОТ ПРЕВОЗ ВО ПОСЛЕДНОТО ТРИМЕСЕЧЈЕ МИНАТАТА ГОДИНА ЗГОЛЕМЕН ЗА 47,6 ОТСТО
Бројот на
превезени патници во патничкиот железнички превоз во четвртото
тримесечје минатата година во однос на истиот период во 2007 година е
зголемен за 47,6 отсто.
Според податоците на Државниот завод за статистика, во четвртото
тримесечје од 2008 година во однос на истиот период од 2007 година,
бројот на превезени патници во патничкиот сообраќај изнесува 2.692.000,
во градско-приградскиот превоз 18.888.000, а бројот на превезените
патници во воздухопловниот превоз изнесува 139.019.
Количеството
на превезената стока во воздухопловниот превоз е намалено за 18,1
отсто, во железничкиот превоз за 26,3 отсто, а во товарниот патен
превоз намалувањето изнесува 44,6 отсто.
Владимир ме претрка, вчера го видов извештајот на страницата на Заводот за статистика! Да заокружиме 1.448.000 превезени патници и 4.318.000 тони превезена стока. Загрижува големото намалување на превозот на патници во меѓународниот сообраќај за преку 40%, а најмногу намалувањето на превозот на стока што е главниот извор на приходи на Железницата. Мислам дека превозот на патници во железничкиот сообраќај за 2008 година е еден од најголемите од осамостојувањето на земјава. Ако има некој податоци нека ги прикачи.
ОСУМ МИЛИЈАРДИ ЕВРА ИНВЕСТИЦИИ ВО СТРАТЕШКИ ПРОЕКТИ
Нова инвестициска
програма тешка осум милијарди евра, најавува Владата. Програмата опфаќа
осум области во кои во наредните 7 години ќе се реализираат крупни
стратешки инфраструктурни проекти во повеќе области.
Искрено, не им верувам! Не дека ја мразам владава, ама мислам дека нема капицитет да го догради и реновира Коридорот 8 и 10. Не само оваа влада, мислам дека ниту една влада не може да го направи тоа за 7 години. За жал живееме во Македонија.
Бројот на
превезени патници во железничкиот сообраќај, во четвртото тримесечје
минатата година, во однос на истиот период претходната 2007 година е
зголемен за 47,6 проценти, велат статистичките податоци
Глобалната финансиска криза и високите цени на горивата ги
натераа граѓаните да патуваат со воз - речиси две децении подзаборавено
и неатрактивно превозно средство. Ова го потврдуваат и податоците на
Државниот завод за статистика, според кои, бројот на превезени патници
во железничкиот сообраќај во четвртото тримесечје минатата година, во
однос на истиот период претходната 2007 година е зголемен за 47,6
проценти.
Сепак, состојбата со возниот парк на транспортното претпријатие
Македонски железници се уште не е на бараното ниво и е многу далеку и
од просекот во земјите-членки на ЕУ. Од МЖ Транспорт велат дека
изминатите две години со сопствени средства вршат реновирање на
постојниот возен парк за превоз на патници, како и за транспорт на
разни видови стоки. - Просечната старост на вагоните е 35 години,
поради што Владата одлучи да набави 100 товарни вагони и две
локомотиви, а со цел зголемување на домашниот железнички возен парк -
велат од МЖ Транспорт.
Со цел да го деблокира веќе подолго време запоставениот железнички
транспорт во земјава, Владата прости околу 140 милиони евра долг на
двете железнички претпријатија. Според одлуката што деновиве беше
објавена во Службен весник, Владата даде согласност долговите на
"Инфраструктура" и на "Транспорт" создадени врз основа на користени
кредити од странски институции, а заклучно со 31 декември 2006 година -
да се претворат во влог на Владата во двете претпријатија. На
"Инфраструктура" Владата и отпиша долг од околу 42 милиони евра, што е
направен врз основа на користени кредити од ЕУРОФИМА, Светска банка и
ЕИБ Луксембург и од денарски кредити, а на "Транспорт" му е простен
долг од околу 50,4 милиони евра, а врз основа на кредити од ЕУРОФИМА и
Парискиот клуб на доверители. Со одлуката се претвораат во влог на
Владата во "Транспорт" и околу 49 милиони евра долгови на ова
претпријатие кон странски железници, а тоа ќе си го исплаќа и долгот од
околу 13,2 милиони евра кон други железници.
Според министерот за финансии Трајко Славески оваа одлука, која е
донесена согласно Законот за трансформација на МЖ, нема да го оптовари
буџетот. Тој вели дека нема да се издвојуваат пари за оваа намена
бидејќи државата веќе ги има исплатено овие долгови на МЖ кон
странските институции, а досега тие се книжеле како побарување на
државата од двете нови железнички друштва. Како што истакнуваат од
Финансии, нема да има ново задолжување, туку ќе се книжи капитал, со
што квалитативно ќе се подобри пасивата на двете претпријатија, односно
ќе се подобри нивниот бонитет.
Патнички воз завчера попладне заглави во снег кај скопското село
Зелениково. Луѓето што завчера во 14.30 часот од Скопје тргнале со воз
за Битола, четири часа биле заглавени на железничката станица кај
Зелениково. Тие велат дека тргнале за Битола и Прилеп, ама патувањето
било прекинато веднаш штом тргнале поради нерасчистениот снег.
Патниците премрзнале во студените вагони, додека екипите на ЈП
"Македонски железници" се обидувале да го одглават возот. Благоја
Крстевски, директор на секторот транспорт во ЈП "Македонски железници",
вели дека возот за Прилеп и Битола бил заглавен поради оштетувања на
оптичкиот кабел. "Возот не заглави в снег, односно тој не заглави
поради нерасчистената пруга, туку поради тоа што бил оштетен кабелот од
снегот. Нашите екипи веднаш интервенирале, но било потребно време за да
се отстрани дефектот", вели Крстевски. (Е.А.)
Оптичкиот кабел кој не е закопан во земја, него растегнат помеѓу столбовите од тежината на снегот се прекинал и се уплеткал со напонскиот кабел така да дошло и до кршење на пантографот на локомотивата и до целиот застој.
Во паркот во Ѓорче Петров општинските власти планираат да направат градска кафеана и музеј на македонски железници.
Освен градска кафеана, општинарите сакаат во паркот да направат и музеј на Општината и на "Македонски железници", бидејќи на крајот од паркот сe уште стои депо од некогашната дирекција на ЈП"Македонски железници". Градоначалникот вели дека во уредувањето на музејот ќе им помогне и Министерството за култура. "Разговаравме со ЈП'Македонски железници' да ни го дадат објектот и да го направиме заеднички музеј на Општината и Железницата, бидејќи развојот и растот на Ѓорче се тесно поврзани со развојот на Железницата. Веднаш до објектот го ставивме и некогашното скопско вовче пампурче, и сметаме дека со ова ќе се заокружат содржините во паркот. Се надевам дека годинава ќе можеме да почнеме со реализација на овој проект, но тоа ќе зависи од решавањето на имотно-правните односи", вели Митревски. (Е.А.)
Работна средба на државниот секретар со менаџерскиот тим на Фабрика за шински возила „Велес“ Велес, 14.04.2009
Во
рамки на редовните средби на претставниците на Владата на Република
Македонија со деловните субјекти, државниот секретар на Министерството
за економија, г-ѓа Катерина Костеска ја посети фабриката за шински
возила „Велес“ од Велес и одржа средба со менаџерскиот тим. Тема на
средбата беа актуелните состојби и потешкотиите со кои се соочува
фабриката веќе подолг период, како и можностите за изнаоѓање на
решенија за справување со нив во догледно време.
Од страна на
менаџерскиот тим на фабриката беа презентирани финансиските показатели
за првите три месеци од оваа година, како и најгорливите прашања со кои
се соочува ова Друштво - стара и дотраена технологија и потреба од
инвестирање во човечки ресурси.
Да потсетиме, дека ова Друштво е
основано пред осум години , а сопственик е Владата на Република
Македонија. Основна дејност на Друштвото фабрика за шински возила
„Велес“ е производство на железнички и трамвајски локомотиви и возен
парк, односно поправка и редовна ревизија на патнички и товарни вагони,
како и нивна реконструкција. По поделбата и оснивањето на двете нови
компании ЈП за железничка Инфраструктура Македонски железници и
Македонски железници Транспорт АД, работата на Друштвото фабрика за
шински возила „Велес“ ДООЕЛ - Велес, кое моментно бори 219 вработени, е
тесно поврзана со потребите за репарирање на постојниот возен парк на
МЖ Транспорт АД.
Посетата на г-ѓа Костеска имаше за цел
добивање на податоци за моменталната состојба на Друштвото, посебно во
првиот квартал од оваа година, како и остварување дијалог со
менаџерскиот тим во насока на разрешување на проблемите на Друштвото.
You cannot post new topics in this forum You cannot reply to topics in this forum You cannot delete your posts in this forum You cannot edit your posts in this forum You cannot create polls in this forum You cannot vote in polls in this forum