Проблем со диви депонии |
Post Reply | Page <12345 8> |
Author | |
stef4o
Moderator Group Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 20697 |
Quote Reply #41 Posted: 25-Sep-2020 at 06:53 |
Кичево мака мачи со отпадот - стадионот во Зајас сега е депонија
https://tv21.tv/mk/kichevo-maka-machi-so-otpadot-stadionot-vo-zajas-sega-e-deponija-2/ |
|
stef4o
Moderator Group Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 20697 |
Quote Reply #42 Posted: 27-Sep-2020 at 11:19 |
Ништо од ветената дислокација на дивата депонија кај Струга
https://alsat.mk/mk/ништо-од-ветената-дислокација-на-дива/ |
|
stef4o
Moderator Group Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 20697 |
Quote Reply #43 Posted: 09-Nov-2020 at 17:52 |
Во Аеродром(од твитер)
|
|
stef4o
Moderator Group Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 20697 |
Quote Reply #44 Posted: 09-Nov-2020 at 18:03 |
ЌЕ СЕ ЧИСТИ ДЕПОНИЈАТА ВО СКОПСКО ВИЗБЕГОВО, ОБЕЗБЕДЕНИ СЕ 325.000 ЕВРА СО РЕБАЛАНСОТ НА БУЏЕТОТ, ВЕЛИ МИНИСТЕРОТ НУРЕДИНИ
Со ребалансот на државниот буџет на Министерството за животна средина и просторно планирање му беа доделени 20 милиони денари (325.000 евра) за чистење на депонијата во близина на скопската населба Визбегово. Со тоа конечно ќе почне решавањето на проблемот со депонијата во Општина Шуто Оризари, која покрај тоа што се трупа со секаков вид на отпад и ѓубре, секојдневно се пали и со денови гори. Жителите на околните населби Чаир, Бутел и Визбегово постојано се жалат дека дишат чад и воздух што мириса на изгорена пластика од депонијата. Министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини вели дека преку ребалансот успеале да обезбедат средства за решавање на овој проблем, со што ќе се придонесе до намалување на загадувањето во овој дел од градот, нешто на што секоја зима се жалат жителите кои живеат во близина на депонијата. „Ќе ѝ предложам на Владата да не се ангажира приватна фирма и да се одолговлекува со тендерски постапки туку работите за чистење на депонијата да ги врши ЈП ‘Комунална хигиена“ на Град Скопје, кое располага со соодветна механизација, вели министерот за животна средина Насер Нуредини. Тој вели дека оваа одлука треба да се донесе утре. Откако просторот ќе биде исчистен, Град Скопје ќе треба да го загради и обезбеди. Градоначалникот Петре Шилегов вели дека на тој начин ќе се спречи повторно да се создаде депонија во овој дел од градот. Со ребалансот на буџетот Министерството за животна средина доби вкупно 165 милиони денари за реализација на проекти од областа на заштитата на животната средина. Од нив 49 милиони денари се за завршување на секундарната мрежа за вода за пиење во селата Липково и Оризаре, 39 милиони денари за колекторски систем во Општина Струга, а пари за изградба на водоводна мрежа се предвидени за општините Чаир, Сарај, Крушево, Тетово, Пробиштип, Ресен. Пари се предвидени и за чистење на дивите депонии во Маврово и Ростуше. https://sdk.mk/index.php/dopisna-mrezha/ke-se-chisti-deponijata-vo-skopsko-vizbegovo-obezbedeni-se-325-000-evra-so-rebalansot-na-budhetot-veli-ministerot-nuredini/ |
|
stef4o
Moderator Group Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 20697 |
Quote Reply #45 Posted: 09-Nov-2020 at 18:29 |
Од спалувањето отпад на Вардариште изминативе денови
https://www.facebook.com/groups/vozduhsega |
|
Влатко
Senior Member Joined: 01-Aug-2016 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 517 |
Quote Reply #46 Posted: 10-Nov-2020 at 08:52 |
https://sdk.mk/index.php/dopisna-mrezha/ke-se-chisti-deponijata-vo-skopsko-vizbegovo-obezbedeni-se-325-000-evra-so-rebalansot-na-budhetot-veli-ministerot-nuredini/ Ќе го следам ова во чекор
|
|
stef4o
Moderator Group Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 20697 |
Quote Reply #47 Posted: 01-Dec-2020 at 18:23 |
ДЕПОНИЈАТА РУСИНО ЌЕ БИДЕ ЗАТВОРЕНА ПО ПЕТ ГОДИНИ ОТКАКО БЕА ПРИФАТЕНИ БАРАЊАТА НА ЕКОЛОГИСТИТЕ
Регионалната депонија Русино кај Гостивар ќе биде затворена и дислоцирана после пет години. На ова со потпис се обврзаа градоначалниците од Полошкиот плански регион на состанокот кој денеска се одржа во Општина Желино. Поради енормното загадување на воздухот и почвата кое доаѓаше од Русино, екологистите и невладините организации од летоска го блокираа одложувањето на сметот на депонијата и до градоначалниците од Полошкиот регион доставија 19 барања, меѓу кои најважно беше нејзина дислокација. „На состанокот во Министерството за животна средина, на кој беа и претставници од организацијата ‘Стоп Русино‘, невладината организација ‘Двеко‘, Општина Гостивар и од сите политички партии од регионов, консензуално донесовме одлука депонијата Русино после пет години да се дислоцира од зоната и да се најде друга депонија која ќе биде за цел Полошки регион. Градоначалниците од Полошкиот регион се согласија со сите 19 точки и денеска ги потпишавме, за да се почне со спроведување на швајцарскиот проект, со кој треба да се изврши рехабилитација на Русино. Се надевам дека после пет години Министерството ќе најде друга локација која ќе биде координирана со други општини и ќе ги исполнува условите да биде регионална депонија. Нѐ радува тоа што по пет години Русино ќе биде комплетно средена и исчистена и ќе стане зелена површина. Верувам дека сите сериозно ќе се придржуваме до она што го потпишавме“, изјави градоначалникот на Општина Гостивар, Арбер Таравари. Оптимизам владее и кај претставниците од Полошкиот плански регион, кои се најзасегнати со проблемот на депонијата Русино. Дел од деветте општини во Полошкиот регион веќе ги потпишале барањата од невладиниот сектор, а останатите се очекува да го направат тоа во наредниот период. „Ние постигнавме договор со организацијата ‘Стоп Русино‘, нивните барања веќе се прифатени и потпишани од градоначалниците на општините Тетово и Брвеница, а денеска ќе им биде дадена и на другите градоначалници. Друг битен момент за деблокирање на Русино е да се формира регионално претпријатие за управување со отпад. И таа одлука ја имаат донесено четири општини. Сите членови на управни и надзорни одбори поминуваат на советите на сите општини. Чекаме сите да потпишат, па да свикаме седница на управен одбор и да назначиме директор“, изјави Фатмир Саити, директорот на Полошкиот плански регион. Депонијата Русино се наоѓа на неколку километри од Гостивар и досега нејзината работа, односно одложувањето на сметот, повеќе пати беше блокирана, како од месното население, така и од еколошките организации од Гостивар. https://sdk.mk/index.php/dopisna-mrezha/deponijata-rusino-ke-bide-zatvorena-po-pet-godini-otkako-bea-prifateni-baranata-na-ekologistite/ |
|
stef4o
Moderator Group Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 20697 |
Quote Reply #48 Posted: 02-Dec-2020 at 12:30 |
Македонските депонии - од места за фрлање отпад до фабрики за рециклирање?
https://meta.mk |
|
stef4o
Moderator Group Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 20697 |
Quote Reply #49 Posted: 03-Dec-2020 at 11:49 |
Порталб: После многу години ветувања, конечно се чисти депонијата во тетовската „Ромска населба“
Една од најголемите депонии во Тетово, кoja се наоѓа во „Ромската населба“ после неколку години конечно ќе се отстрани. Општинските власти известуваат дека веќе шест дена се одвиваат работи и, како што велат, ќе се исчисти и целото речно корито на Пена. „Порталб.мк“ постојано информираше за опасноста што ја носи оваа депонија за граѓаните, особено за жителите од околината, пишува Порталб.мк. „Веќе 6 дена трае чистењето на речното корито, а акцијата ќе заврши зависно од работите на терен. Отпадот оди во депонијата „Дрисла“, велат од општина Тетово. Потсетуваме дека во оваа населба се создаде преполна депонија. Таму може да се најдат килими, мебел, телевизори и многу други апарати за домаќинство што се фрлени од несовесни граѓани а реата што се испушта е одвратна. „Порталб.мк“ постојано информираше за оваа депонија, поради тоа што често пати експертите од оваа област истакнуваа дека ваквите депонии претставуваат реален ризик од ширење на разни епидемии, ниту една институција било на локално или централно ниво нема преземено мерки за решавање на оваа проблематика, барем не за градот Тетово. Депонијата се наоѓа 700 метри воздушна линија од Општина Тетово, при што во оваа населба живеат десетици жители, кои од ден на ден се сѐ позагрозени од разни болести што може да се предизвикаат како последица на депонијата. Инспекторатот за животна средина – бескорисен „Порталб.мк“ со години пишува за феноменот на ненаоѓање на лицата што ги палат отпадоците во Тетово, и за создавањето депонии како оваа. Бројот на лица кои се задолжени да ги најдат и санкционираат прекршителите е 4, што е многу мал број за еден град со околу 70,000 жители. Неколку од случаите за кои прекршителите останаа неоткриени, како последица на неспособноста на инспекторатот за животна средина е палењето на депонијата во Тетово, палењето отпадоци во населбите „Блок 70“ и „Дарданија“, палењето отпадоци во „Ромската населба“, како и многу други кои граѓаните ги пријавуваат на „E-репорт” бидејќи бројот даден на веб страницата на општината (0800-55-043) за пријавување на вакви случаи, не работи. Инаку, иако декларативно, надлежните постојано ги обвинуваа граѓаните за создавањето на депониите, а тие никогаш не презедоа било каква мерка за санкционирање или превенција со цел такви случаи да не се повторуваат повеќе. А за една година, Инспекторатот за животна средина во Тетово има изречено само 15 казни. https://meta.mk/portalb-posle-mnogu-godini-vetuvanja-konechno-se-chisti-deponijata-vo-tetovskata-romska-naselba/?fbclid=IwAR2ZHvuSVcjiN3NzS3M0aSKbePCsXHa19PZIZEiJyD2_Ncr5wpjO4vSJutY |
|
Влатко
Senior Member Joined: 01-Aug-2016 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 517 |
Quote Reply #50 Posted: 24-Dec-2020 at 12:49 |
Тука сме https://makfax.com.mk/makedonija/%D0%B4%D0%B5%D0%BF%D0%BE%D0%BD%D0%B8%D1%98%D0%B0%D1%82%D0%B0-%D0%B2%D0%BE-%D0%B2%D0%B8%D0%B7%D0%B1%D0%B5%D0%B3%D0%BE%D0%B2%D0%BE-%D1%81%D0%B5-%D0%BF%D0%BE%D0%BB%D0%BD%D0%B8-%D0%B3%D1%80%D0%B0%D0%B4/
|
|
stef4o
Moderator Group Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 20697 |
Quote Reply #51 Posted: 24-Dec-2020 at 14:55 |
Итни мерки за расчистување на депонијата во Визбегово ќе побара Државниот инспекторат за животна средина
Државниот инспекторат за животна средина (ДИЖС) ќе испрати барање до градоначалниците на Општина Шуто Оризари и Град Скопје, со цел да преземат итни мерки за расчистување на депонијата во Визбегово, но и за соодветно да се уреди земјиштето, информираат оттаму. Од ДИЖС потенцираат дека на 23 декември утврдиле прекршување на законот за управување со отпад, откако извршиле вонреден инспекциски надзор на депонијата, по претставки од граѓани. Дополнително, тие информирааат дека депонијата постојано гори и нелегално се полни со отпад, ослободувајќи гасови кои ги дразнат грлото и очите. „До депонијата се пристапува преку земјен пат што се одвојува од патот Визбегово – Шуто Оризари, а пристапот се контролира преку капија што се заклучува. Во моментот на надзорот капијата беше отворена, за да се пропушти камион кипер од општина Шуто Оризари да исфрли отпад. Инспекторите утврдија дека од двете страни на пристапниот пат се депонира градежен шут, комерцијален и индустриски отпад, додека на крајот од патот депонијата се проширува и завршува во огромна дупка што се исполнува со различни видови отпад, вклучително и комунален. Долж патот, а особено на проширувањето на депонијата, беа видливи траги од опожарување. Отпадот депониран покрај дупката тлееше на повеќе места“, се посочува во соопштението на Инспекторатот. Тие додаваат дека возачот на камионот и лицето кое ја отвориле капијата ги информирале дека била исфрлена земја за да се прекрие отпадот што се пали, но, од ДИЖС посочуваат дека инспекторите утврдиле дека земјата била истурена покрај дупката. „Инспекторите одржаа состанок со Градоначалникот на Општината Шуто Оризари, за да му укажат за обврските на општината што произлегуваат од членот 41 од Законот за управување со отпад. Имено, градоначалникот е должен да ја одржува јавната чистота и да постапува со напуштениот отпад во неурбанизираниот дел од општината. Градоначалникот извести дека депонирањето на отпад нелегално го вршат правни и физички лица и дека општината е немоќна тоа да го спречи“, се додава во нивното соопштение. Од ДИЖС порачаа дека депонијата во Визбегово „не смее да гори и мора да се исчисти“. https://www.radiomof.mk/itni-merki-za-raschistuvanje-na-deponijata-vo-vizbegovo-kje-pobara-drzhavniot-inspektorat-za-zhivotna-sredina |
|
alexsend
Senior Member Joined: 11-May-2011 Location: Скопје, Центар Online Status: Offline Posts: 2085 |
Quote Reply #52 Posted: 24-Dec-2020 at 18:56 |
Нема решение...со таков народ живееме, да не вреѓам сега и навлагам во стереотипи...
Ама единствено решение е поголема мобилност на Градот и тековно решавање на депонииве како се пронаоѓаат. А имаат дронови и се знае во кој дел на градот се најчесто... |
|
Јас Скопје никогаш не сум го замислувал вака.
|
|
stef4o
Moderator Group Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 20697 |
Quote Reply #53 Posted: 25-Dec-2020 at 17:21 |
СЕ РАСЧИСТУВА ДЕПОНИЈАТА СО ГОЛЕМИНА ОД 10 ФУДБАЛСКИ ИГРАЛИШТА ВО ВИЗБЕГОВО
Градот Скопје денеска почна голема акција за расчистување на дивата депонија во Визбегово, која претставува повеќедецениски еколошки проблем за Скопје, а особено за жителите на околните општини Шуто Оризари, Бутел и Чучер Сандево. Од оваа депонија која се протега на површина од 10 хектари (околу 10 фудбалски игралишта) ќе бидат расчистени околу 50.000 кубни метри шут и комунален отпад. - Овој проблем овде постои повеќе децении и директно влијаеше врз квалитетот на воздухот зашто депонијата често беше предмет или на самозапалување или пак ја палеа несовесни граѓани. Денешната акција е доволен доказ дека извонредната соработка меѓу локалната и централната власт може да резултира со конечно решавање на ваквите проблеми. Голема благодарност до Владата, а особено до министерот за животна средина за неговиот личен ангажман за одвоените средства од страна на Министерството за животна средина за да може да ја реализираме оваа акција. Јас очекувам во наредните 30-на дена да ја исчистиме оваа површина од околу 10 хектари или околу 10 фудбалски игралишта од која ќе бидат подигнати 50.000 кубни метри комунален смет и шут, да се израмни и да се заштити подрачјето, за овој простор од депонија да прерасне во зелена оаза - рече градоначалникот Петре Шилегов, на почетокот на големата акција за расчистување на депонијата во Визбегово. Градот Скопје, додаде тој, во текот на оваа година ја решава четвртата невралгична повеќедецениска точка - акции за расчистување беа спроведени и веќе се зазеленети депонијата во Ѓорче Петров, депонијата во Мичурин и депонијата во Кисела Вода кои прераснаа во паркови. - Очекувам и бизнис заедницата од зоната Визбегово да придонесе овој дел од градот да го заштитиме што е можно повеќе. Да го чуваме нашиот град како што го чуваме нашиот дом. Како што сакаме дома да ни биде чисто, така да се однесуваме и кон нашиот град. Посакувам овој простор во иднина да стане еден убав парк и убаво шеталиште за скопјани – рече Шилегов. Тој напомена дека веќе дојде до здружување на инспекциските служби на Градот Скопје и на скопските општини и дека повеќе нема да се толерира несовесното постапување од страна на поединци кои на вакви точки фрлаат отпад. Тој упати апел до граѓаните одговорно да се однесуваат кон животната средина и отпадот што го создаваат. На денешната акција присуствуваа и министерот за животна средина и просторно планирање, Насер Нуредини и градоначалниците на општините Бутел и Шуто Оризари, Велимир Смилевски и Курто Дудуш. https://www.facebook.com/CityofSkopje |
|
ehrlich
Senior Member Joined: 31-May-2012 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 1365 |
Quote Reply #54 Posted: 25-Dec-2020 at 17:44 |
Првин, малку е неточен фактот за депонијата во Ѓорче Петров во нас. место Ново Село, покрај реката Лепенец, која не е зазеленета. Додуша тоа цело крајбрежје не е ни очистено, ама добро изгледа за ПР добро делува набројување.
Потоа, баш ме интересира дали ќе го исчистат земјениот пат под Обиколницата и подвозникот, кој реално е дел од оваа депонија (се гледа на последната фотографија) или ќе речат толку за сега, не можеме се. |
|
FT
Senior Member Joined: 22-Jun-2010 Location: Kocani Online Status: Offline Posts: 570 |
Quote Reply #55 Posted: 25-Dec-2020 at 17:50 |
А каде се носи сето ова ѓубре?
|
|
stef4o
Moderator Group Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 20697 |
Quote Reply #56 Posted: 27-Dec-2020 at 18:39 |
Вардариште
https://www.facebook.com/groups/145337166272043 |
|
stef4o
Moderator Group Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 20697 |
Quote Reply #57 Posted: 09-Jan-2021 at 17:54 |
Поред патот што ги поврзува Брњарци и Стајковци
https://www.facebook.com/groups/145337166272043 |
|
stef4o
Moderator Group Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 20697 |
Quote Reply #58 Posted: 16-Jan-2021 at 16:06 |
Годинава ќе почне чистењето на сите несоодветни депонии и ѓубришта во Источен и Североисточен регион
Чистењето и затворањето на несоодветните депонии и ѓубришта во Источниот и Североисточниот регион на земјава ќе чини 9 милиони евра. Со овие финансиски средства ќе се чисти натрупаното ѓубре на нестандардните депонии од јавните комунални претпријатија, како и фрлањето на отпадот од несовесните граѓани на забранети локации. Од Министерството за животна средина и просторно планирање за „Мета.мк“ информираат дека избрани се две компании од Германија и Турција, кои во наредниот период ќе работат одделно во Источниот и Североисточниот регион од земјава. До крајот на февруари ќе се изберат и двете компании што ќе го вршат надзорот над работите, по што сложената постапка ќе треба да почне. Затворањето на депониите и ѓубриштата ќе се одвива во две фази. Во Источниот регион се регистрирани 12 несоодветни депонии и 72 диви ѓубришта, додека во Североисточниот регион има определено шест депонии за чистење и 32 диви ѓубришта. Со обезбедените средства, во наредните месеци ќе се исчистат сите 104 идентификувани ѓубришта во двата региона. Воедно, комплетно ќе се исчистат несоодветните депонии создадени на териториите на Општина Чешиново-Облешево, Зрновци, Карбинци и Старо Нагоричане, а предвидено е комплетно затворање на депониите во Кратово, Крива Паланка, Пробиштип, Виница, Берово и Македонска Каменица. Првата фаза опфаќа расчистување на ѓубриштата и затворање на помалите депонии и депониите кои претставуваат висок ризик кон животната средина што е можно поскоро и парцијално затворање на останатите депонии. Во вторава група на делумно затворање на депониите, влегуваат постојните несоодветни локации во Куманово, Ранковце, Липково, Штип, Кочани, Делчево, Пехчево и Свети Николе. Во втората фаза, откако би се воспоставил регионалниот систем за управување со отпад (вклучувајќи ја и изградбата на идната регионална депонија во Општина Свети Николе), предвидено е комплетно затворање на сите други оперативни депонии во Источен и Североисточен плански регион. Инаку, депониите и ѓубриштата ќе се затвораат по три модели. Сите оние локации на кои е депониран отпад помал од 3.000 метри кубни, ангажираните компании ќе ги исчистат локациите, додека ѓубрето ќе се премести на постојните несоодветни депонии. Останатите локации на кои е напластен отпад во количества до 10.000 метри кубни, планирано е затворање и покривање на депониите без систем за собирање на биогасот. За поголемите депонии со над 10.000 метри кубни отпад, работите опфаќаат нивно затворање, стабилизирање и покривање со систем за собирање на биогасот. https://meta.mk/godinava-kje-pochne-chistenjeto-na-site-nesoodvetni-deponii-i-gjubrishta-vo-istochen-i-severoistochen-region/ |
|
stef4o
Moderator Group Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 20697 |
Quote Reply #59 Posted: 20-Jan-2021 at 12:19 |
УНЕСКО: Властите за три години да го решат проблемот со дивите депонии во Југозападниот регион
Во последниот Нацрт-извештај на УНЕСКО за состојбата со природното и културното наследство на Охридскиот регион стои дека во временски период од три години, државата, Југозападниот плански регион и општините мора да ги затворат нелегалните депонии како Буково и Мауцкер во Охрид, депониите кај Струга, но и помалите, многу побројни ѓубришта во регионот, а просторот соодветно да го исчистат и оплеменат. Според претходниот извештај, охридската депонија во Буково требаше да биде затворена до крајот на 2020 година и повеќе на таа локација да не се одлага отпад, но во најновиот извештај, за оваа препорака се вели дека треба да се исполни во временска рамка од три години. Откако отпадна идејата за изградба на регионална депонија во Општина Дебрца, оваа година Југозападниот плански регион мора да изнајде решение за изградба на регионална депонија. Кога станува збор за депонијата за инертен шут на влезот на Охрид, кај Мауцкер, пред помалку од една година директорот на ЈП „Охридски комуналец“ кажа дека Мауцкер засега е единственото решение за граѓаните да го одлагаат градежниот шут, а истиот се депонира на Мауцкер по принципот на депонијата Буково со зарамнување. Помалите и многу бројни диви депонии во Охридското сливно подрачје, во рамките на своите можности ги расчистуваат јавните комунални претпријатија и еко ентузијастите. Најновиот Нацрт-извештај на УНЕСКО претставува своевиден резултат на реактивната мониторинг-мисија од месец февруари 2020 година и е сублимат на забелешките од сите претходни мониторинг мисии кои биле реализирани во овој регион. https://meta.mk/unesko-vlastite-za-tri-godini-da-go-reshat-problemot-so-divite-deponii-vo-jugozapadniot-region |
|
stef4o
Moderator Group Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 20697 |
Quote Reply #60 Posted: 09-Feb-2021 at 14:33 |
Расчистувањето на депонијата во Визбегово трае подолго од очекуваното
Иако градските и општинските влaсти најавија дека една од најголемите диви депонии во Скопскиот регион, депонијата во Визбегово, ќе биде расчистена за триесетина дена, сепак работите на терен се одвиваат многу побавно од очекуваното. Расчистувањето на депонијата во Визбегово стартуваше на 25 декември минатата година, но поради огромните количества складиран отпад на посочената локација, четири товарни возила се уште исфрлаат најразличен шут и отпад кој таму се складирал повеќе децении. – Градот Скопје работи на расчистување на дивата депонија во Визбегово, која претставува повеќедецениски еколошки проблем за Скопје, а особено за жителите на околните општини Шуто Оризари, Бутел и Чучер Сандево. Од оваа депонија која се протега на површина од 10 хектари (околу 10 фудбалски игралишта) ќе бидат расчистени околу 50.000 кубни метри шут и комунален отпад. Ова е финансирано со 20 милиони денари од страна на Министерството за заштита на животната средина. Од почетокот до денес постојано на терен се работи со четири товарни возила и голем дел од депонијата е исчистен. Навистина е тешко да се предвидат рокови за чистење на ваков вид на депонии, бидејќи ова не е градежен зафат туку процес и активност за која има непредвидливи фактори кои се појавуваат во текот на чистењето – ја објаснуваат работата на терен од Град Скопје. Насобраното ѓубре старo неколку децении претставуваше „жешка еколошка точка“ во oвој дел на градот. На посочената локација, честопати се палеа поголеми количества ѓубре поради што концентрацијата на канцерогените ПМ10 честички континуирано растеше во тој дел на градот, притоа загрозувајќи го здравјето на локалното население поради континуираното вдишување на чад. На стартот на чистењето на депонијата во Визбегово, од страна на надлежните институции беше најавено дека откако ќе заврши процесот на исфрлање на складираниот отпад, местото целосно ќе се израмни, ќе биде донесена нова и чиста земја, а потоа целиот простор ќе се преуреди и на него ќе биде посадено зеленило. Покрај расчистувањето на депонијата во Визбегово, досега на територија на Град Скопје се исчистени и три други исто така поголеми депонии, кои значително многу придонесуваа кон влошување на квалитетот на амбиенталниот воздух кој го дишат скопјани, поради нивно често спалување од страна на несовесни граѓани. Станува збор за депониите во Мичурин, Кисела Вода и Ѓорче Петров. Сепак, депонијата на Вардариште сѐ уште останува нерасчистена, а со тоа и можноста за спалување на огромни количества на отпад од страна на несовесни граѓани и понатаму продолжува. – Во однос на Вардариште, станува збор за повеќедецениски проблем за чие надминување е потребен ангажман на повеќе институции, а според процените од неколку стручни студии, за санација на депонијата се потребни 26 милиони евра. Во моментов се прават дополнителни анализи и студии, како и подготвување на финансиска рамка за дефинитивно и системско решавање на проблемот – објаснуваат од Град Скопје. https://www.slobodenpecat.mk/raschistuvaneto-na-deponijata-vo-vizbegovo-trae-podolgo-od-ochekuvanoto/ |
|
Post Reply | Page <12345 8> |
Forum Jump | Forum Permissions You cannot post new topics in this forum You cannot reply to topics in this forum You cannot delete your posts in this forum You cannot edit your posts in this forum You cannot create polls in this forum You cannot vote in polls in this forum |