Легализација на дивоградбите |
Post Reply | Page <12345> |
Author | ||||||||||||||||
Observer
Senior Member Joined: 13-Oct-2010 Location: MK Online Status: Offline Posts: 271 |
Quote Reply #41 Posted: 07-Jan-2011 at 13:05 | |||||||||||||||
La Linea законот не е дискриминаторски а дека ќе падне на уставен веројатно ќе падне, сите знаеме зошто. Кои се тие легализирања со повисоки суми за кои зборуваш и дали според истата логика не е дискримнаторски да се легализира дивоградба воопшто за било кои пари по однос на луѓето кои си граделе легално? Не држи логиката за некаква дискриминација иако Устваниот Суд поништи сто закони по тој основ затоа што е најлабав и може да се толкува вака или онака...
|
||||||||||||||||
lslcrew
Senior Member Joined: 14-Jan-2008 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 10988 |
Quote Reply #42 Posted: 07-Jan-2011 at 14:03 | |||||||||||||||
Ова е многу слично со законот за увоз на стари возила. Добри начини се и двата за да се легализира онаму каде што ионака по некои логики би било можно а проблем се средствата и комплицираните постпаки. НАстрана сите политички придобвки, ако ова е цената дека изричито во иднина нема да има дивоградби треба да се плати. А дискриминторски не е воопшто зашто јасмо се прецизираат на што се однесуваат законите. Крај краева и ако сакаме да бараме грешка во целава работа со сите сили може да речеме дека е дискриминатроски ишто варираат цените нанедвижности, па и на основни продукти восупермаркети.
|
||||||||||||||||
Max
Senior Member Joined: 07-Jun-2009 Online Status: Offline Posts: 3664 |
Quote Reply #43 Posted: 07-Jan-2011 at 14:04 | |||||||||||||||
законот го токмат подолго време во спрега со европски консултанти, па мошне веројатно да не падне на уставен! инаку ке се легализираат сите дивоградби коивака или онака влегле во катастарските снимања, но сепак немаат имотен лист, потоа мора таа дивоградба да е приклучена на струја и водовод, па преку сето ова во општина докажуваш дека си живеел таму и имаш право на легалзација, но ако не се вклопува никако дивоградбата во дупот на општината, пример таму било предвидено да мине улица или да се гради нешто друго големо, нема да може дивио да си го легализира местото...
|
||||||||||||||||
StreetStruck
Senior Member Joined: 18-Nov-2010 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 415 |
Quote Reply #44 Posted: 07-Jan-2011 at 16:33 | |||||||||||||||
Дали не е дискриминирачки, тоа што некој во државава се придржувал кон законите секогаш, не зависно каков социјален статус има тој, а некој кој што цел живот гледа да го помине гага, заобиколувајќи ги законите, со цел да извлече корист, пак ќе кажам без разлика на социјаниот статус бидејќи законите и прописите важат за сите без разлика дали си сиромашен или богат, е "наградуван" на некој чуден начин. Ако 40% од граѓаните на оваа држава си имаат уредно платено комуналии, легално се приклучиле на довод за струја, вода, канализација, а останатите 60% ги заобиколиле прописите, што значи тоа дека ова не е дискриминирачки, бидејќи 40 се помалку од овие 60 посто. Ако важи 1 евро за метар квадратен, тогаш ако тој што плаќал се навремено, а на кого му се фаќа околу 10 пати повеќе по регуларна постапка, тогаш нека им се вратат парите на тие луѓе што се совесни граѓани на оваа држава, а што викате, можно е тоа? Одма ќе ви кажам НЕ! А башка што толку години не успеале да платат комуналии, од кога си изградиле, а тие што плаќале морале веднаш да платат. Плус тоа се направија милион глупости во катастер, па и тие со уредни документи немаат добиено сеуште имотен лист, а утре некој ќе си плати 100 евра и ќе си го добие имотниот лист одма и тоа не е дискриминирачки?
Единствено добро од оваа работа е што ќе се стави колку толку под контрола урбанава мафија и градењето без дозволи, иако и тоа не е сигурно воопшто кај нас. |
||||||||||||||||
"Поробените треба да тежнеат кон слободата, а слободните кон совршенство"- Јане Сандански
|
||||||||||||||||
lslcrew
Senior Member Joined: 14-Jan-2008 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 10988 |
Quote Reply #45 Posted: 07-Jan-2011 at 19:33 | |||||||||||||||
Ова е перфектно политичко прашање за што треба да се распиѓе референдум. Тков карактер е. Само сега да се испозамараме и со ова не иде баш. Не зашто е научно или незнам каков прашање, баш затоа ѓот е прашање на солидарност или не и е прашање на идеологија и пристап. Да бевме некаде на друго место прво што ќе се направеше е референдум. Мене ми е највеќе технички да не с забега и да се легализира нешто што е врз булевар. Други аспекти се политички прашања и нека си го креираат пристапот како им се слага на политиката. Нека си направат проценка колку гласови добиваат и колку губат што од некои ќе се осетат дискриминирано. Битен нас ни е техничкиот дел.
|
||||||||||||||||
StreetStruck
Senior Member Joined: 18-Nov-2010 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 415 |
Quote Reply #46 Posted: 07-Jan-2011 at 22:41 | |||||||||||||||
Брат како така гледаш бе какви гласови какви бакрачи, закон е над се, а очигледно не е така, што има тука политички да се гледа на работите. Закон мора да се толкува правнички не политички.Баш ради тие гледишта овде дискутираме за ненормални работи кои не би требало да се спорни, а се. Башка каков референдум кога мнозинството е со дивоградби или недосредена документација, што мислиш како ќе помине референдумот. Ја ја опишав работата каква што е прецизно, а сеа ако сака некој да си толкува како него му одговара бујрум и онака тоа цело време се прави.
А за техничкиот дел ако сакате да зборуваме, па со самото тоа што се легализира дивоградба, значи пак повторувам ДИВОГРАДБА, до некаде у старт е утната работата така. Ок имаш право дека многу треба да се внимава што и како ќе се легализира, но самата легализација за мене е спорна, разбирам дека мора некако да се среди тоа прашање но сите да бидат среќни, задоволни и да се задржат некои стандарди како што кажуваш.А искрено ако некој објект е дивоградба колку техничките моменти и стандардизацијата се задоволени? А ако е за едни мајка, за други маќеа, само револтот е поголем, што да кажам друго. |
||||||||||||||||
"Поробените треба да тежнеат кон слободата, а слободните кон совршенство"- Јане Сандански
|
||||||||||||||||
Max
Senior Member Joined: 07-Jun-2009 Online Status: Offline Posts: 3664 |
Quote Reply #47 Posted: 07-Jan-2011 at 22:53 | |||||||||||||||
SS ова ние бенчмарк ајде речи обрврска превземена од евроинтеграциите, а законот е токмен доволно долго и како што напоменав повторно со европски потпис читај помош, имаш некаде поназад во нишкава за тоа, така да освен легалистичкиот дел дофрлен е и политичкиот, односно цената по која ке се плаќа квадратот т.е. владата дека нели ете светска криза па ги амортизира шокоите на здивените, ова важи за секоја општина а се надевам ќе почне да важи и за селата, а не само за градовите и предградијата... потоа се останато немилосрдно ќе се урива, но мора прво да се пресече со цел отпадок или нус ефект од транзицијава!
|
||||||||||||||||
ovaj_stariov
Senior Member Joined: 02-May-2008 Location: Prilep Online Status: Offline Posts: 1319 |
Quote Reply #48 Posted: 07-Jan-2011 at 23:29 | |||||||||||||||
Јас мислам дека тука треба да се обрни внимание на едно друго прашање.
Зошто државата 20 години спиеше,зошто дозволи да никнат толку многу дивоградби? Така да за цела оваа ситуација колку што граѓаните криви толку е и државата. За тоа колку е правилен овој закон не можам да коментирам,бидејќи не ми е баш јасно дали со плаќањето на овие 1 евро по квадрат ги имаш истите привилегии како и сите. |
||||||||||||||||
build.mk, гради форумска историја
|
||||||||||||||||
Max
Senior Member Joined: 07-Jun-2009 Online Status: Offline Posts: 3664 |
Quote Reply #49 Posted: 07-Jan-2011 at 23:41 | |||||||||||||||
ги имаш, но да почекаме да го видиме прво законот што предвидува за оние објекти кои немаат асеизмичност, ен. ефикасност итн. и дали воопшто вакви нешта ќе бидат норма во спрега со легализирањето...
|
||||||||||||||||
lslcrew
Senior Member Joined: 14-Jan-2008 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 10988 |
Quote Reply #50 Posted: 08-Jan-2011 at 03:31 | |||||||||||||||
Никако другше неможе да се реши ваков проблем. Како ќе натераш тристаилјади во двамилиона да платат не е битно каква давачка. Кој да се обиде по постоен начин да го регулира ова ќе падне од власт. Ќе дојде друг и да се обиде исто пак ќе се случи. Мора да се превземе ваков рез. Затоа е политичко. И што е целта да го пресечеме ваквиот начин на однесување во урбанизмот што се наталожил преку транзицијава и порано и да почнеме на чист терен или да го оставиме статус кво. И не се работи за се, точно се прецизирани услови. Како да некој којзнае колку ќар че направи. Затоа викам дека е прашање за референдум, дали државата треба да е солидарна во случаи на дивоградби каде е можна процедура за озаконување и каде проблем се срествата и каде не се проблем урбаниситчките пречки. И тоа не е за секогаш да остане оваа шема него е еднојратен повеќедекаден пресек. Слично ги наведов и увозот на автомобили каде се таложел проблем и мора да се почне со расчистување на старото да може да се воспоставува нови правила и да може да влезат во работа, а не пак да и оставиме иста ситуација. Мораме да ги завршиме и оставиме веќе некои детски болести на државава.
|
||||||||||||||||
StreetStruck
Senior Member Joined: 18-Nov-2010 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 415 |
Quote Reply #51 Posted: 08-Jan-2011 at 16:34 | |||||||||||||||
@Max: Ок не викам дека не треба да се реши проблемот, јас највеќе реагирав за тоа колку ќе плаќаат оние кои цел живот ги болело уво за се. Зошто да плаќаат 1 евро, кога јас сум платил 10, фер ли е тоа?
Иначе се сложувам дека треба се да се стави под лупа и сеизмичи исправни објекти и се што мора да биде под конец. @ovaj_stariov: Така е, сосема си во право, не го спомнав тоа, само поради тоа што нема што да се навраќаме како било, едноставно така е државава спиела цело време и баш за тоа се има наталожено целиот проблем. Но факт е дека проблемот не е решен па наместо да се бараат кривци и да се губи време со празни муабети од стилот: вака требаше, вака не требаше, треба да се седне и најидеално да се реши еднаш засекогаш. А после ова, треба да се води сметка и за најмалата ситница, не се застанува со овој закон, колку закони има што треба да се поправат, заради тоа што се искористува на перверзен начин секоја дупка во нив. Иначе бидејќи праша за привилегиите, баш и тоа е најболно, што важат двојни аршини, барем мене многу ме иритира. |
||||||||||||||||
"Поробените треба да тежнеат кон слободата, а слободните кон совршенство"- Јане Сандански
|
||||||||||||||||
zabegan
Senior Member Joined: 01-Jul-2008 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 7859 |
Quote Reply #52 Posted: 08-Jan-2011 at 19:28 | |||||||||||||||
џабе дискутирате, дивоградба е дивоградба, закон си е закон, едното треба да го јаде другото, ама не обратно!
не се сложувам со тоа дека држата не можела да се справи со вакво нешто, па морало да се сведе на ова! не се работи за тоа државата да ги конфискува и сруши пола од градбите во државава, но може да се контролира тој криминал до одреден степен, ако ништо друго, може да се започне со дивогрдабите кои нарушуваат урбанистички планови и во кои лежат повеќе начини на кршење на законот, кај другите дивоградби може да се конфискува имотот, ама не мора да се руши доколку самата градба не претставува проблем за да се спречи изградба на објекти ќе си се регулира и следи изградбата на објекти, а не да гради секој сешто! а тоа дека прашањето било политичко и некој требало да задржи власт со него, тоа не ме интересира, ако некој според своите потреби си формира закони, јас не му давам ни поддршка ни глас, а народот богами некој треба да го стегне и да си ги менува навиките кои ги стекнал! ако не пресече некој сега, истото ќе продолжи ќе хаосот ќе се акумулира без разлика какви закони има! Edited by zabegan - 08-Jan-2011 at 19:29 |
||||||||||||||||
Dave Gahan
Senior Member Joined: 27-Oct-2008 Location: 42°0′N,21°26′E Online Status: Offline Posts: 986 |
Quote Reply #53 Posted: 08-Jan-2011 at 19:37 | |||||||||||||||
Самиот факт што тие што ги болел с$(%)# кога граделе сега треба да поминат по багатела со изговор дека еден ден, кога-тогаш мора да се решат, кажува дека намерите на овој закон не се добри. Уште нешто што се поклопува со овој закон (директно или индиректно) е паѓањето на фамозната ЛУПД на уставен суд, што дополнително ги надополнува сомнителните околности под кои и ова новосервирано ѓубре ќе се применува. Факт е дека еден ден и ова ќе падне на уставен, а уште поголем факт е дека еден куп ѓубре во меѓувреме ќе стане легално - браво за нас! Прашање е до кога со вакви колективни ослободување ќе си ги решаваме малоумните, малограѓански работи што ги правиме секојдневно. Намерно не сакам да влегувам во потемелна анализа, затоа што ова смрди на политика од најмизерен локален карактер....стапот од ова ќе го јадеме во наредните години....
До кога дивоградбите ќе се третираат само како градби за кои не се платени обврските кон општината и ништо друго освен тоа? Како ќе се стаи под контрола урбаната мафија??? Прашање за тој што го спомна ова погоре.... |
||||||||||||||||
MAKE CAPITALISM HISTORY
|
||||||||||||||||
Max
Senior Member Joined: 07-Jun-2009 Online Status: Offline Posts: 3664 |
Quote Reply #54 Posted: 08-Jan-2011 at 23:29 | |||||||||||||||
ало луѓе ова е пракса во цел свет каде профучела транзиција! и пак повторувам ова е бенчмарк од еу, а не само нечија политика, јасно има и политика ова со еднаквоста на цената на здивените мали или големи, но сепак во парламент ќе се допегла со еден куп амандмани сигурно, за кои можете да ургирате и секој од вас кај својот парламентарен претставник! затоа престанете да млатите празна слама, има време има начин, а посекако ни е превземена обврска од евроинтеграциите која како закон е пеглана токму со европска помош т.е. советници!
|
||||||||||||||||
гитардемон
Senior Member Joined: 19-Feb-2008 Online Status: Offline Posts: 5422 |
Quote Reply #55 Posted: 09-Jan-2011 at 00:25 | |||||||||||||||
Знаеш и сам дека ЕУ нема никаков удел во регулирањето на цената. Ним им беше задача да нè подучат каков модел да искористиме. Си потпишавме спогодба, како и сите потписници мора и ние да ги легализираме дивоградбите, ама никаде не пишува дека по цена 10 пати пониска од легалните градби.
Не ми е јасно заклучно со кој датум ќе се легализираат дивоградбите? Заклучно со ноември или декември 2010, или имам време да направам вила на Шапка на сред стаза? |
||||||||||||||||
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
|
||||||||||||||||
Max
Senior Member Joined: 07-Jun-2009 Online Status: Offline Posts: 3664 |
Quote Reply #56 Posted: 09-Jan-2011 at 00:44 | |||||||||||||||
сето тоа може да се испегла амандмански подоцна, кога ќе влезе законот во собрание! битно законот е обврзувачки за нас како претенденти за еу...
|
||||||||||||||||
Max
Senior Member Joined: 07-Jun-2009 Online Status: Offline Posts: 3664 |
Quote Reply #57 Posted: 10-Jan-2011 at 09:53 | |||||||||||||||
но останува голема недоумица како ќе се спроведе овој закон кога пола од општините немаат дупови ако не и повеќе, а капак катастарот сеуште ни е во хаос!!! се додека не се среди квалитетно катастарот и не се исчистат сите спорни нешта во него овој закон нема да биде мноу од корист, и пак земјава ќе остане полна дивоградби!!! исто голема дилема е, зошто и индустриските објекти би платиле исто како и граѓаните, а сепак остваруваат на див терен профит, за нив мора да има друга цена, не смејат да се стават во ист кош со останатите... се надевам сето ова подоцна ќе се среди амандмански, во спротивно можно е да падне законот на уставен, но тоа нема да го реши проблемот туку само дополнително ќе ја развлече цела ситуација и на штета на граѓаните и на штета на државата т.е. конечно да може слбодно да профункционираат инспекциите и демолерите по општините, а со тоа и да се стави конечно ред во урбанизмот, што е битен момент како за еу интеграциите така и за инвеститорите!!! |
||||||||||||||||
Cloverstack
Admin Group Joined: 01-Sep-2007 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 12453 |
Quote Reply #58 Posted: 12-Jan-2011 at 00:59 | |||||||||||||||
Edited by Cloverstack - 12-Jan-2011 at 01:01 |
||||||||||||||||
Cloverstack
Admin Group Joined: 01-Sep-2007 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 12453 |
Quote Reply #59 Posted: 13-Jan-2011 at 22:23 | |||||||||||||||
Edited by Cloverstack - 13-Jan-2011 at 22:23 |
||||||||||||||||
Cloverstack
Admin Group Joined: 01-Sep-2007 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 12453 |
Quote Reply #60 Posted: 17-Jan-2011 at 19:24 | |||||||||||||||
|
||||||||||||||||
Post Reply | Page <12345> |
Forum Jump | Forum Permissions You cannot post new topics in this forum You cannot reply to topics in this forum You cannot delete your posts in this forum You cannot edit your posts in this forum You cannot create polls in this forum You cannot vote in polls in this forum |