![]() |
![]() |
![]() |
Колектори и пречистителни станици |
![]() |
Post Reply ![]() |
Page <12345 9> |
Author | ||||
axel ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 08-Dec-2009 Location: kumanovo Online Status: Offline Posts: 3654 |
![]() ![]() |
|||
Македонија ќе добие 14 милиони евра за прочистителна станица во ПрилепМинистерот за заштита на животната средина и просторно планирање Абдилаќим Адеми во Брисел ја отвори првата меѓународна конференција на земјите од Балканот на тема „Енергетиката и екологијата“.Тој изјави дека од европските парламентарци е добиена поддршка за подготовка на проекти и програми со кои би можеле да аплицираме за доделување на грантови од предпристапните ИПА фондови. Министерот Адеми информира дека Македонија го доби и првиот договор за искористување на ИПА фондовите, наменет за прочистителната станица во Прилеп во вредност од 14,5 милиони евра. Според него, во фаза на подготовка се и други проекти за прочистителна станица во Тетово и Гостивар, а ресорното Министерството е во тесна соработка со сите региони, околу менаџирањето со депониите. Пред европратениците, министерот Адеми ги истакна и предлозите за заштита на животната средина, меѓу кои се и примена на економски инструменти со цел да се созададе поттик за воведување порадикални технолошки промени, Упатства за зелени јавни набавки, како и креирање зелени пазари. На конференцијата, тој истакнал и дека македонската Влада е подготвена да ги имплементира регулативите и директивите на ЕУ за заштита на животната средина, конкретно на делот кој се однесува на употреба на обновливи енергетски извори. Се очекува министерот Адеми денеска да оствари средба со генералниот администратор за екологија на Валонија, а за утре е најавена билатерлна средба на министрско ниво, со министерот од Фландрија. http://daily.mk/cluster3/81a7c417648ed204e4b58edb1e996604/939843 |
||||
![]() |
||||
axel ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 08-Dec-2009 Location: kumanovo Online Status: Offline Posts: 3654 |
![]() ![]() |
|||
Почнаа подготовките на проектот палење на отпадГрадоначалникот на Куманово Зоран Дамјановски, како претсадетел на Североисточниот плански регион денеска, со чешката компанија „Бресон“, потпиша договор за изработка на физибилити студија, планска и тендерска документација за изградба на фабрика за согорување на цврст отпад. ![]() Студијата ќе чини 255 иљади евра, а треба да биде готова за две месеци. Половина од сретствата ќе бидат донација од чешката влада, а останатите ќе ги обезбедат општините од Североисточниот регион.
Фабриката најверојатни ќе биде лоцирана во населбата Добрешане во близина на Станицата за пречистување на отпадните води. Слични горилници на има во Прага, Рим и Будимпешта. Фабриките се изградени по највисоките технолошки стандарди и ги исполнуваат сите еколошки норми на ЕУ. Проектот ќе чини околу 50 милиони евра, а инвеститорот ќе ја добие на користење 35 години.
|
||||
![]() |
||||
axel ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 08-Dec-2009 Location: kumanovo Online Status: Offline Posts: 3654 |
![]() ![]() |
|||
Битола ќе гради прочистителна станицаПроектот кој беше запрен поради светската економска криза, а со кој Битола треба да добие пречистителна станица со колекторски систем за отпадни води, ќе биде возобновен како дел од македонско -словенечката соработка, вели битолскиот градоначалник откако за ова прашање разговараше со словенечкиот амбасадор во Македонија. ![]()
- Со
амбасадорот се договоривме уште еднаш да го иницираме проектот преку
словенечката влада и „Рико“ - голема фирма од Словенија за изработка на
голема пречистителна станица во Битола. Јас сум убеден дека и со
Министерот за животна средина во соодветното министерство ќе најдеме
разбирање за целата оваа работа и дека идниот период после кризата која е
зад нас, ќе можеме да најдеме начин и финансиски да го изработиме и да
го реализираме овој проект-вели Владимир Талески, градоначалник на
Битола.
24.10.2011, 11:43
http://www.kanal5.com.mk/default.aspx?mId=37&egId=13&eventId=81821 |
||||
![]() |
||||
axel ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 08-Dec-2009 Location: kumanovo Online Status: Offline Posts: 3654 |
![]() ![]() |
|||
ЕKОЛОШKИ ЗАФАТ НА ОПШТИНА ПРИЛЕП Пречистителна станица ќе ја бистри градската река Проектот е вреден околу 19 милиони евра во првата фаза, од кои околу 70 отсто се пари на ЕУ, а остатокот од државниот буџет Изградбата на пречистителна станица за отпадните води во Прилеп ќе почне во почетокот на идната година. Проектот е вреден околу 19 милиони евра во првата фаза, од кои околу 70 отсто се пари на ЕУ, а остатокот од државниот буџет. Пречистителната станица ќе ги филтрира водите на градската река до степен за полевање, оти сегашниот водотек е загаден од петта категорија, без знаци на живот.Се очекува проектот да се реализира до крајот на 2013 година или комплетно, со втората фаза, која предвидува уште 10 милиони евра за нов градски колекторски систем за сепарирање на фекалната и дождовната канализација, да заврши при крајот на 2014 година. Градоначалникот на Прилеп, Марјан Ристески, вели дека Брисел веќе избрал на тендер надзор на проектот и распишал тендер за избор на изведувач. - Се надеваме дека со почетокот на идната година ќе започне градбата на овој значаен еколошки зафат, што е прв од ваков вид, следен со европски пари - вели Ристески. Филтерската станица ќе ги пречистува загадените води, ќе ги заштити флората и фауната на Црна Река и ќе обезбеди дополнителни количества вода. Екологистите оценуваат дека зафатот е полн погодок, не само од еколошки туку и од економски аспект. - Загадените води на Градската Река во Прилеп се влеваат во Црна Река. На овој водотек, во Мариово, ќе се градат хидроцентрали. Водотекот е кус, а загадените води тешко се рехабилитираат природно. А со загадена вода не се произведува струја, туку само се создава талог во акумулацијата. Затоа пречистителната станица во Прилеп, која ќе произведува и природно ѓубре за земјоделството, има економска оправданост, покрај еколошка. Добро би било и вториот најголем загадувач на Црна Река, Општината Битола, да најде начин за изградба на пречистителна станица - велат експертите по екологија. http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=429BA3F4B6D3F744A0C8D5F1ED8D09EC |
||||
![]() |
||||
Cloverstack ![]() Admin Group ![]() ![]() Joined: 01-Sep-2007 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 12453 |
![]() ![]() |
|||
|
||||
![]() |
||||
Cloverstack ![]() Admin Group ![]() ![]() Joined: 01-Sep-2007 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 12453 |
![]() ![]() |
|||
http://www.skopje.gov.mk/ShowAnnouncements.aspx?ItemID=4962&mid=482&tabId=1&tabindex=0 |
||||
![]() |
||||
FoSsiL ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 01-Mar-2009 Location: Аеродром Online Status: Offline Posts: 4699 |
![]() ![]() |
|||
Навистина незнаев каде да ги пуштам... Еве што се испушта во Вардар...
|
||||
Македонија - Земја на чудата!
|
||||
![]() |
||||
Cloverstack ![]() Admin Group ![]() ![]() Joined: 01-Sep-2007 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 12453 |
![]() ![]() |
|||
|
||||
![]() |
||||
pbanks ![]() Admin Group ![]() ![]() Joined: 01-Sep-2007 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 9141 |
![]() ![]() |
|||
Ова е одлична вест. Сепак не треба да се заборави дека огромно загадување доаѓа уште од Гостивар и реката во Скопје влегува како 3 категорија ако не се лажам. Значи треба да се реши целиот тек на реката од Гостивар па се до термоцентралата Неготино некаде.
|
||||
![]() |
||||
Cloverstack ![]() Admin Group ![]() ![]() Joined: 01-Sep-2007 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 12453 |
![]() ![]() |
|||
Еве една тазе и две поврзани релативно скорешни вести во врска со колекторскиот систем на Охридското езеро.
Патем, има ли некој објаснување зошто пречистителната станица се науѓа толку далеку од езерото (над 5 km): 41°13'8.00"N 20°40'18.36"E
|
||||
![]() |
||||
milena ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 22-Aug-2011 Online Status: Offline Posts: 184 |
![]() ![]() |
|||
ЈП "ВОДОВОД И КАНАЛИЗАЦИЈА" ПОДГОТВУВА ПРОЕКТ ЗА ПРЕЧИСТИТЕЛНАТА СТАНИЦА
Ќе секнат фекалиите во Вардар ![]() Пречистителната станица во Скопје, конечно, ќе се гради. В година ќе се изработи основниот проект, согласно кој станицата треба да биде готова до 2018 година. Со оваа инвестиција која, според првичните проценки на ЈП "Водовод и канализација", ќе изнесува 100 милиони евра, ќе се стави крај на излевањето фекалии директно во Вардар. За таа цел, планирано е да се изградат два колектора од двете страни на реката, во кои ќе се собираат отпадните води. "Ќе се запре излевањето на фекални води во Вардар, и реката ќе го врати квалитетот од пред 60 години. Во моментот ги разгледуваме физибилити студиите кои ги даваат насоките како да се реши проблемот. Станицата ќе се изгради во село Трубарево, после добиточниот пазар", изјави Стојан Србиновски, директор на "Водовод". Тој ја најави изградбата како заеднички проект со Градот Скопје и со неколку министерства. Пред една недела, во населбата Горно Лисиче беше пуштен во употреба нов фекален колектор, кој ќе ги собира фекалиите од цела населба. http://vest.com.mk/?ItemID=55B04383CEFA7642A39BA71248A5A908 |
||||
![]() |
||||
makonix ![]() Senior Member ![]() Joined: 08-Feb-2010 Online Status: Offline Posts: 520 |
![]() ![]() |
|||
Вардар за шест години ќе почне да се чисти од фекалии
До 2018 година, Скопје конечно ќе добие пречистителната станица, со што би се ставило крај на излевањето фекалии во реката Вардар. Основниот проект ќе се изработува догодина, а станицата би требало да почне да се гради во 2014 година. Реализацијата на проектот ќе изнесува 100 милиони евра. Во план е изградба на два колектора од двете страни на реката, во кои ќе се собираат отпадните води. - Ќе се запре излевањето на фекални води во Вардар, и реката ќе го врати квалитетот од пред 60 години. Во моментот ги разгледуваме физибилити студиите кои ги даваат насоките како да се реши проблемот. Станицата ќе се изгради во село Трубарево, после добиточниот пазар - изјави Стојан Србиновски, директор на ЈП „Водовод и канализација". Тој ја најави изградбата како заеднички проект со Градот и со неколку министерства. http://www.plusinfo.mk/vest/61051/Vardar-za-shest-godini-kje-pochne-da-se-chisti-od-fekalii- |
||||
![]() |
||||
zabegan ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 01-Jul-2008 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 7859 |
![]() ![]() |
|||
пречистителна станица конечно ќе се изгради... за 6 години...
имааат ли смисла ваквите реченици? |
||||
Architects create dreams...politicians create nightmares
|
||||
![]() |
||||
milena ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 22-Aug-2011 Online Status: Offline Posts: 184 |
![]() ![]() |
|||
Да го вратиме Вардар како пред 50 години
Изградбата на пречистителната станица е од исклучителна важност за градот и за квалитетот на водата на реката Вардар затоа што сите отпадни води непреработени се испуштаат во самата река ![]() ОВА ПРЕЧИСТИТЕЛНА СТАНИЦА ВО ТРУБАРЕВО Лоша миризба, ѓубре, пластични шишиња, хартиени кутии, можат да се забележат по текот на реката Вардар. Нечиста и матна вода е ликот на реката Вардар, кој е целосно уништен. Сликата што може да се види однадвор, всушност е и потврда на она што во себе го содржат и водите на оваа река, чии примероци подложени на физичко-хемиска и микробиолошка анализа покажуваат дека водата е премногу загадена. Граѓаните постојано се жалат за непријатниот изглед на реката и дека е невидена еколошка катастрофа. Изградбата на пречистителната станица, која ќе биде лоцирана во селото Трубарево, е дел од проектот што би требало Вардар во делот на Скопје да го спаси од прекумерно загадување. - Изградбата на пречистителната станица е од исклучителна важност за градот и за квалитетот на водата на реката Вардар затоа што сите фекални отпадни води непреработени се испуштаат во самата река. Со нејзината изградба ќе се врати квалитетот на водата на реката Вардар како од пред половина век, па и повеќе - ни изјави новиот директор на ЈП „Водовод и канализација“, Стојан Србиновски. „Џајка“ го спасува Вардар Во Скопје не постојат објекти за пречистување на отпадните води и затоа Вардар е загаден. Од претпријатието велат дека затоа и се обратиле за помош до јапонската влада, за изработка на студија за оправданост. Ваква пречистителна станица освен во Скопје нема ниту во Белград и Тирана. Причините за тоа што досега не е изградена станицата се дека немало доволно средства ниту за доградба на недовршениот колекторски систем за собирање на отпадните води. Проектот го подготвува Министерството за животна средина и просторно планирање, врз основа на студијата за оправданост направена од јапонската корпорација „Џајка“, според која проектот чини приближно 100 милиони евра. Според генералниот урбанистички план, локацијата на самата пречистителна станица е предвидена во селото Трубарево. - За таа цел потребно е да се изградат два колектора на левиот и на десниот брег од градот и ќе се одведуваат до пречистителната станица и така прочистени ќе се испуштаат во реката Вардар - велат од ЈП „Водовод и канализација“. Реализацијата на проектот треба да започне следната година и да заврши до крајот на 2018-та. Откако ќе биде изградена, со неа ќе стопанисува ЈП „Водовод и канализација“ - велат од претпријатието. Заживување на флората и на фауната Ако повозрасните скопјани го паметат Вардар по убавите градски плажи и капењето во проѕирно бистрата вода, овие генерации го знаат по неговата матна вода, по чија површина пловат најразлични отпадоци. - Го паметам Вардар како доволно чист за да се плива во него, а сега има најмногу комунален отпад. Непријатниот мирис што се шири на одредени делови ја надополнува грдата слика - вели еден постар граѓанин. Со изградбата на пречистителната станица од здравствен и еколошки аспект значително ќе се подобри квалитетот на водата. - Тоа подобрување од една страна ќе значи заживување на флората и на фауната, создавање на потребните услови за нормален живот на рибниот фонд, подобрување на животната и човековата средина и воедно ќе значи и еден нов стил на живеење во градот - велат надлежните. http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=1019121622142&id=14&prilog=0&setIzdanie=22709 |
||||
![]() |
||||
Cloverstack ![]() Admin Group ![]() ![]() Joined: 01-Sep-2007 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 12453 |
![]() ![]() |
|||
![]() Не знам од каде им е оптимизмот дека реализацијата на проектот ќе започне наредната година... 100 милиони евра од небо ли ќе паднат? Навистина за вакви проекти може да се надеваме на по некој грант и мек кредит, но досега немаме слушнато ама баш ништо конкретно на тоа поле. Инаку „Џајка“ не е корпорација туку јапонска агенција која токму преку грантови и меки кредити финансира вакви проекти за јадници како нас, но после грабежот што оној феудалецот од Кратово и го приреди на истата таа „Џајка“ која го финансираше хидросистемот Злетовица, прашање е дали од јапонциве може повторно да се надеваме на дарежливост. Ете изработиле студија за оправданост на проектот, но од таму до 100 милиони евра патот е мноооогу долг. Можеби поголеми шанси има нешто преку ЕУ, но повторно велам, засега нема никаква поконкретна најава, а толкави пари не се одобруваат преку ноќ, потребна е процедура и време... |
||||
![]() |
||||
mitatos ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 06-Jan-2008 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 1739 |
![]() ![]() |
|||
Porano neka ne go gradat, oti posle ke sipat sole, i ke napravat MORE od VARDAR.
|
||||
"Најлошиот град од градовите е тој што нема ред,мир и сигурност за своите граѓани" (Али ибн Еби Талиб)
|
||||
![]() |
||||
axel ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 08-Dec-2009 Location: kumanovo Online Status: Offline Posts: 3654 |
![]() ![]() |
|||
Изградба на две пречистителни станици Општинарите од Илинден се ангажирани околу изградба на два сегмента
од канализацискиот систем во населбите Илинден и Кадино. Се поставуваат
канализациски цевки и шахти во должина од 8.000 метри и две
пречистителни станици со капацитети од по 1.250 еквивалент жители. http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=CB255E1B40B2A546897213FF3B35E52F |
||||
![]() |
||||
kultuzin ![]() Senior Member ![]() Joined: 07-Nov-2010 Online Status: Offline Posts: 3811 |
![]() ![]() |
|||
Со изградба на колекторски систем ќе се заштитува водата во Охридското езеро.Студијата за одведување отпадни води од Градиште до Свети Наум е изработена и претставува базичен документ за овој проект за изградба на тој систем или на пречистителна станица во Трпејца која што е жешка точка на охридското крајбрежје.Станува збор за проект кој Центарот за развој на Југозападниот плански регион го договори со германското техничко друштво за меѓународна соработка. Од здружението на граѓани За Трпејца со љубов велат дека на овој начин ќе се стави крај на загадувањето на езерото а воедно ќе се зачува и квалитетот на водата за подобар развој на туризмот. Според експертите,потребни се две години за изградба на целиот систем од Градиште до Св Наум во висина од 2 милиони евра. http://www.sitel.com.mk/mk/koletorskiot-sistem-kje-gi-zashtiti-vodite-na-ohridsko-ezero-0 Ме интересира колку време ќе го влечкат овој проект. Ако е навистина 2 милиони евра, смешно е вакви проекти да не се реализираат во најскоро време. |
||||
![]() |
||||
mr bombastic ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 10-Jun-2011 Online Status: Offline Posts: 420 |
![]() ![]() |
|||
![]() Ќе го влечкаат и тоа баајги како и сите останати проекти во земјава што се, нема нешто кај нас што не се влечка ![]() |
||||
![]() |
||||
gjoko ![]() Senior Member ![]() Joined: 18-Jun-2011 Location: kicevo Online Status: Online Posts: 6554 |
![]() ![]() |
|||
Јас мислам дека колекторот ќе го прават одма,не дека сакаат туку оти мораат заради проектот од Субрата Рој.Без Колектор отпадните води нема каде да ги носат
|
||||
![]() |
Post Reply ![]() |
Page <12345 9> |
Forum Jump | Forum Permissions ![]() You cannot post new topics in this forum You cannot reply to topics in this forum You cannot delete your posts in this forum You cannot edit your posts in this forum You cannot create polls in this forum You cannot vote in polls in this forum |