![]() |
![]() |
![]() |
Брза железница Будимпешта-Белград-Скопје-Солун |
![]() |
Post Reply ![]() |
Page <12345> |
Author | ||
BOJAN ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 09-Sep-2008 Location: SKOPJE Online Status: Offline Posts: 3438 |
![]() ![]() |
|
Ние прво треба да средиме неколку важни работи, пред воопшто да почне да се размислува за градење. Прво, локомотивите треба да возат од Суботица, а ако е можно и од Будимпешта, директно до Солун, без нивно менување на граница. Второ, царинската процедура за сите држави треба да се одвива на едно место, по можност во Солун уште пред тргнување на возот. Кога ќе се реши, можеме да размислуваме за пруга од 160 км/ч. И тоа нема да биде брза пруга, бидејќи со 300 км/ч не знам каде би застанувале во земјава тие возови. Од друга страна, нема доволно патници меѓу Солун и Скопје...
Edited by BOJAN - 25-Jan-2015 at 10:36 |
||
![]() |
||
nenad ![]() Senior Member ![]() Joined: 19-Dec-2009 Online Status: Offline Posts: 741 |
![]() ![]() |
|
Колку што знам договорена е брза пруга Белград-Будимпешта, за на југ уште ништо не се знае. А и та нема да вози 300 на сат, туку околу 160-180км/ч. А треба да се знае дека за теретни возови не е еономски оптимало да одат со големи брзини. Малку ќе добие макеоднија од оваа пруга, но и тоа е повеќе од ништо. Ќе има веројатно некој динар за транзит.
|
||
![]() |
||
MIKI1 ![]() Senior Member ![]() Joined: 14-Jan-2011 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 313 |
![]() ![]() |
|
nenad,
тука е целата „квака„: медиумски беше лансирана инфорамцијата дека „жутите„ сакаат да градат брза (?) пруга од Солун кон север (кон Будуимпешта) па ако е таа пруга навистина брза, тоа значи дека треба да допушта брзини поголеми од 160км/ч. Проблемот се јави кога одредени членови на форумов ја разбраа таа брза пруга како прига за брзи патнички возови и на тоа измрдување се разви дискусија... Проблемот е: ако е таа пруга толку „брза„, значи дека ќе биде наменета пред се‘ за патнички возови. Што ќе им се брзи патнички возови на „жутите„, ако навистина сакаат брза пруга од Солун кон Будимпешта? Ќе извезуваат и превезуваат кинези од Солун кон средна Европа? Ако на „жутите„ им треба пруга за да го транспортираат своето индустриско ѓубре од Солун кон север, тогаш за кој тип теретни возови ќе биде наменета таа брза пруга? За некој теретен „МАГЛЕВ„?...Кои се тие брзи теретни возови? Edited by MIKI1 - 25-Jan-2015 at 19:46 |
||
![]() |
||
martind ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 29-Jun-2011 Online Status: Offline Posts: 332 |
![]() ![]() |
|
се откажувам
|
||
![]() |
||
beTon ![]() Senior Member ![]() Joined: 25-Jun-2008 Online Status: Offline Posts: 3893 |
![]() ![]() |
|
aman te be kako vo tajvan da ste rastele, kakvi sekptici ![]() |
||
![]() |
||
MIKI1 ![]() Senior Member ![]() Joined: 14-Jan-2011 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 313 |
![]() ![]() |
|
Тајванците уопште не сонуваат: иако се остров, веќе имаат брзи возови, така да „сањарењето„ само нам ни останува, иако не е корисно...
Edited by MIKI1 - 27-Jan-2015 at 08:33 |
||
![]() |
||
kengur ![]() Newbiе ![]() Joined: 16-Jan-2015 Online Status: Offline Posts: 0 |
![]() ![]() |
|
Ако зборите за брза пруга во најоптималини услови на Мак нема потреба побрза пруга до мах 160КМ на сат. И да се изградат најмодерни автопати бзината ке биде ограничена на 120КМ. Со тоа тој вид на транспорт станува најекономичен и најбрз а како што спомнавте теретните возови не се движат со поголеми брзини од 160км. Авионскиот патнички собркај нема да биди конкурентен на помали дистанци до 500км и економски и временски.
Владава прави голема грешка со автопатот Охрид - Скопје тие пари требаа да се вложат во пруга исто другиот автопат Штип- Скопје. Замисли Охрид - Скопје,Струмица - Скопје Битола - Скопје плус два интреннационални коридори со ехпресен воз за еден сат- студенти бизнисмени дури и вработени можат да патуваат дневно и сите стоки превоз на железница. Која заштеда во пари за увезени деривати автоматски го пораваш билансот а истите пари пренасочени да ја исплаќаат инвестицијата а користиш почиста Ел енергија. Edited by kengur - 29-Jan-2015 at 02:05 |
||
![]() |
||
beTon ![]() Senior Member ![]() Joined: 25-Jun-2008 Online Status: Offline Posts: 3893 |
![]() ![]() |
|
ако се прашувавме ние ни постојната немаше да ја оправаме а не па нова траса да пуштиме, а дали на кинезите им треба само карго транспорт тоа е друга рбота, тие и сега со нешто моденизација на постојниве пруги кај нас и во Србија брзината можат а ја кренат на 160 а тоа да биде со далеку помали зафати него нов колосек, мене како ми мириса каргото ќеси тера по стариот, а новава пруга би им била претежно за патнички композиции инаку она што го посочуваш за инвестирање во железница наспроти автопат тоа е точно ако се земе долгорочно дека горивото расте а нашиот стандард особено не се оправа, претпоставувам со добро железничко поврзување и грото карго транспорт да се префрли од друм кон брод, сепак на крај повторно ќе ни треба патна инфраструктура, просто тоа ни се превемени обврски за меѓународни коридори а кои би гитрасирале со европски пари мене ме интересира дали нашив ќеуспејат да ја врзат ваквата нова пруга зааеродромот та од него да направат транспортен хаб, логично би било тука кај петровец да се вкрстува и кракот од К8 но идеално би било кога на ова би се врзала старата пруга по К10 со некое лрт кое би ги опслужувала скопјани до тирз-оите и аеродромот |
||
![]() |
||
kengur ![]() Newbiе ![]() Joined: 16-Jan-2015 Online Status: Offline Posts: 0 |
![]() ![]() |
|
Да убаво е да се има автопат но според природен еконимски распоред се гради тоа што е поекономски исплатливо. Гарантирам да се има таква железница протокот на коли ке се намали на пола А со тоа авотпатот и патарините ке станат уште понеисплатливи. Замисли 3 билети за воз Охрид - Скопје да се поефтини него трошак за патувајне со автомобил или да 10 тонски товар со 10 тонски камион. Товарно депо кај Скопје Тетово Кичево Охрид Товарен воз врви остава вагон и прикачува друг па после се истовара па камионче локално која придобивка има народот бизнисот и државата. Edited by kengur - 29-Jan-2015 at 06:55 |
||
![]() |
||
nenad ![]() Senior Member ![]() Joined: 19-Dec-2009 Online Status: Offline Posts: 741 |
![]() ![]() |
|
Ципрас не го дава пристеништето во Пиреј на Кинезите. Ако тоа се случи, дали кинезите ќе инвестираат во оваа пруга?
|
||
![]() |
||
beTon ![]() Senior Member ![]() Joined: 25-Jun-2008 Online Status: Offline Posts: 3893 |
![]() ![]() |
|
кој го прашува Ципрас ![]() впрочем и вака како што е постојнава ситуација, на Кина и одговара да гради брза пруга, и не бидејки така би требало да заработи, туку бидејќи така се позиционира тука, и тоа за ефтини пари, додека и се може и додека ние и Србија сме неврзани целосно за еу а грците се у аут можеби она што ние требаме да го направиме во овие околности е да ја искористиме кинеската заинтересираност за еден ваков проект и да им понудиме некоја соработка за кревање на колска и некое ЛРТ или Трам да извадиме со нивна помош - она лиценца од кончар, кредит и пруга од Кина, а и некое нивно маглев know-how би било пожелно да купиме бар ко абер за на МФ односно ЕТФ |
||
![]() |
||
Superman ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 08-Jun-2010 Online Status: Offline Posts: 154 |
![]() ![]() |
|
„НЕ“ за приватизацијата во Грција – што значи ова за Македонија?
Новата влада ги сопре старите проекти. Грчката инфраструктура ќе остане на Грците, нема да се продаваат ни електростопанството, ни пристаништата, ни аеродромите, ни железниците, ни рафинериите – ова беа првите изјави дадени од министрите за развој и за енергетика откако влегоа во кабинетите. И премиерот Алексис Ципрас потврди дека нема да отстапи од ветувањата дадени во предизборната програма меѓу кои е и враќање на работа на административците кои биле неправедно отпуштени. „Не дојдовме до овде, да ги преземеме институциите за да уживаме во моќта туку за радикално да ги промениме начините на владеење и управување со оваа земја“ изјави Алексис Ципрас, премиер на Грција. И Македонија може да има последици од промените во Грција. Поради стопирањето на приватизацијата на Пиреја се проблематизира тргнувањето на балканскиот брз воз. Железничката инвестиција Кинезите ја планираа во пакет со купување на најголемото пристаниште за кое веќе имаат 35 годишна концесија. Кинескиот амбасадор веднаш побара прием кај грчкиот премиер, а порака стигна и од Пекинг. „Имаме намера да побараме од грчката Влада да ги заштити правата и легитимните интереси на кинеските компании во Грција“ вели Сун Наинг, портпарол на Министерството за трговија на Кина. Нема да се приватизира ни малцинскиот државен удел во Хеленик Петролеум кој е доминантен сопственик на ОКТА, а веројатно ќе пропаднат и плановите за продажба на фирмите - ќерки на Националната банка на Грција меѓу кои е и Стопанска Банка – Скопје. На ваквите најави веднаш реагираше и атинската берза – индексите паднаа за 7%, а акциите на банките загубија дури 22% од вредноста. Сепак, најголемиот предизвик за новата Влада допрва следува - преговорите со европската тројка кредитори, мерките за штедење наспроти владината платформа. Постојната кредитната линија за Грција истекува на крајот на февруари. „Тие две работи можат да се покажат како некомпатибилни. Во моментот сметам дека шансите Грција да се откаже од еврото се 20 до 25 проценти, мислам дека тоа не е незамисливо, а пазарите засега го потценуваат можното влијание од ова“ вели Ник Бикрофт, Саксо банка. Со или без евро Грција мора да го врати долгот. Унијата нема да попушти. Претседателот на Европската Комисија со директна порака до грчкиот премиер. „Ние ги почитуваме резултатите од гласањето во Грција, но и Грција треба да ги почитува останатите, јавното мислење и останатиот дел на Европа“ изјави Жан Клод Јункер, претседател на Европската Комисија. Токму бришењето на најголем дел од државниот долг кој изнесува 316 милијарди евра или 170% од БДП беше главниот адут со кој СИРИЗА однесе убедлива победа во Грција. Никола Крстиќ http://alfa.mk/News.aspx?id=88834#.VMqkl2jF9ic Edited by Superman - 29-Jan-2015 at 22:24 |
||
The One Whose Name Cannot Be Spoken...
|
||
![]() |
||
Navigator ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 02-May-2014 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 678 |
![]() ![]() |
|
|
||
![]() |
||
beTon ![]() Senior Member ![]() Joined: 25-Jun-2008 Online Status: Offline Posts: 3893 |
![]() ![]() |
|
![]() битно седнавме на маса, така да веќе не е празен муабет, а што и да излезе само на арно нека е http://www.build.mk/forum/forum_posts.asp?TID=3117&PID=188365#188365 |
||
![]() |
||
beTon ![]() Senior Member ![]() Joined: 25-Jun-2008 Online Status: Offline Posts: 3893 |
![]() ![]() |
|
кај нас ко и за гасовоот та и ск'14, она ќути си трај си, прво скокни сетне речи оп
|
||
![]() |
||
beTon ![]() Senior Member ![]() Joined: 25-Jun-2008 Online Status: Offline Posts: 3893 |
![]() ![]() |
|
интересно размислување за економист, само заборава дека и по брза пруга може да се менаџираат спори товарни возови, со оглед дека истата треба да биде двотрачна т.е. со два колосека
|
||
![]() |
||
gjoko ![]() Senior Member ![]() Joined: 18-Jun-2011 Location: kicevo Online Status: Offline Posts: 6554 |
![]() ![]() |
|
И овде се коментираше дека теретните возови неможат да сообраќаат со толкава брзина.Но не е исто да се вози воз по сегашнава железница, и по потполно нова на која можаи да се вози 160 км/ч.Патничките ќе си возат со таа брзина,а товарните ќе чекаат `укрштај` и после ќе си возат на раат ама не со сегашните 30-40 км максимум или на местата каде е пругата оштетена со 10 км/ч/
ќе се вози со константна брзина од 70,80,па и 90 км/ч |
||
![]() |
||
beTon ![]() Senior Member ![]() Joined: 25-Jun-2008 Online Status: Offline Posts: 3893 |
![]() ![]() |
|
она претпоставката за поскапи билети ме багира што би рекол панкс, која е логиката да бидат поскапи картите од постојните цени, прво државни претпријатија се посреди, а потем и доколку сакаме желеницата да биде озбилна транспортна алтернатива мора власта да се погрижи цените да бидат сразмерни за стандардот на граѓаните |
||
![]() |
||
kultuzin ![]() Senior Member ![]() Joined: 07-Nov-2010 Online Status: Offline Posts: 3811 |
![]() ![]() |
|
Македонија потенцијален логистички центар за побрз железнички транспорт Apr 27, 2015Јовица ПауноскиМакедонија0 Македонија потенцијален логистички центар за побрз железнички транспорт Раководители на железнички компании од регионот и кинеската компанија КОСКО анализираат логистички решенија за ефикасни брзи транспортни патишта од пристаништето Пиреја преку железничките мрежи на територијата на Македонија до Централна Европа. Според оценките од денешната средба во Скопје, што ја организираат МЖ Транспорт и КОСКО, со развој на транспортната мрежа и создавање железнички собирен пункт на стратешко место во Македонија, ќе се забрза транспортот на стока и ќе се зголеми конкурентноста на компаниите и економиите. – Одамна ја имаме идентификувано и можноста Македонија да стане логистички центар на оваа рута по овој коридор. Целта на денешниот состанок со кинеската компанија во соработка со македонските железници и железниците во регионот е да се идентификува локација во Македонија која долгорочно би можела да претставува еден логистички центар, а понатаму тоа ќе биде основа и евентуално за формирање некаква посебна зона каде би можело да има и полесно производство, како и други услуги коишто се важни, изјави вицепремиерот за економски прашања Владимир Пешевски. Поврзувањето на Македонија со регионот, оцени Пешевски, е она што ќе ги решава реалните проблеми и на странските и на домашните инвеститори, ќе ја зголемува нивната конкурентност и ќе создаде можност и за нови инвестиции и создавање нови работни места. Шеесет проценти од увозот на стоки во Македонија пристигнува преку Океанскиот пат на свилата од пристаништата во Пиреја и Солун. Во Македонија железничкиот транспортен сообраќај во вкупниот транспорт учествува само со 10 проценти, што, според Пешевски, во голема мера се должи на застарената железничка инфраструктура. Се работи, истакна, на подобрување на патната и на железничката инфраструктура. – Веќе имавме разговори за изградба на брза железница со кинеските власти, а паралелно македонската Влада поддржува околу 10-ина проекти, дел за изградба на нови железнички станици и обновување на постојната железничка инфраструктура, дел за изградба на нови железници и за набавка на возови и вогони, рече Пешевски. На пристаништето во Пиреја, во кое КОСКО инвестираше 700 милиони евра, годишно впловуват 24.000 транспортни бородови, а според вицепремиерот, очигледно е дека подобрувањето на патната инфраструктура во Македонија ќе биде од обостран интерес. Според директорот на МЖ Транспорт Никола Костов, Македонски железници првпат се промовираат како регионален лидер во железничкото поврзување, момент што треба да се искористи и Македонија да стане логистички центар имајќи ја стратешката позиција и европската позиција. Проектите што ги имаме во соработка со Владата треба да ги искористиме пред се од аспект на железничката инфраструктура, товарните вагони, новите патнички возови,… рече Костов, оценувајќи дека тоа ќе овозможи просперитет и оти за кратко време ќе се зголеми обемот на работа и во товарниоти во патничкиот сообраќај. Јелисавета Георгиева, потпретседател на Стопанската комора на Македонија, истакна дека реализацијата на идејата за создавање железнички собирни пунктови во земјата и понудата на логистички решенија за ефикасни и брзи транспортни текови од и за Европа во целост се вклопуваат со барањата и потребите на бизнисот. – Идејата и потребата за што подобро и поефикасно интегрално и инфраструктурно поврзување на економските центри од поширокото опкружување со балканските водени пристаништа, вклучувајќи го пристаништето во Пиреја за бизнис заедницата не е никаква новост, а особено сега потребата за излез на трети пазари на македонското стопанство преку користење на најблиска и најекономична транспортна поврзаност е се понагласено, рече Георгиева. Основниот бенефит од реалзиацијата на тој процес, порача, би бил значително подобрување на конкурентноста на домашните производи на странските пазари. Не треба да се заборават, потенцира, и бројните проблемите кои постојат од административно техничка природа, како што се неунифицираноста на правната легислатива, шареноликоста на прописи од сообраќајната и царинска сфера, разноликоста на патните такси и давачи, нетарифни бариери по разни основи. Тоа значително го оспорува транспортиниот циклус од почетната до крајната дестинација за која треба да работат сите заеднички од аспект да може да се намали влијанието на наведените прашања и проблеми, рече Георгиева. http://tvorbis.com.mk/?p=4602 Ovoj proekt i GASOT da ni se sluci ke bide ogromen potencijal za tazvoj. |
||
![]() |
||
+Protagorist ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 01-Nov-2012 Online Status: Offline Posts: 3588 |
![]() ![]() |
|
кое чудо би се случило попрво ... а ако навистина во план е и' континентална траса, може за сигурно да се надеваме и на локална супер брза вожња, освен и кај нас ако не се најде некој еж да ја стопира идејата [1] http://www.wallstreetdaily.com/2016/04/21/china-europe-silk-road-railway/ за да разбијам скепса ќе потенцирам дека кинезите се толку инвестициски нафатирани да во однос пр. на сад и европа се недостижно помалку задолжени, иако на краток рок побрзо од било кој имаат зацапано во долгови, но вакви проекти колку што се ултра брзи толку се и ултра исплатливи, јасно доколку товарните возови го имаат главниот збор |
||
HaјсилнoтoOpужјe е вo caмитeHac cинaпoвo3pнo co НaдeжВepaЉубoв
|
||
![]() |
Post Reply ![]() |
Page <12345> |
Forum Jump | Forum Permissions ![]() You cannot post new topics in this forum You cannot reply to topics in this forum You cannot delete your posts in this forum You cannot edit your posts in this forum You cannot create polls in this forum You cannot vote in polls in this forum |