Спoменик нa плoштaд Maкедoнијa |
Post Reply | Page <12345 88> |
Author | |
pbanks
Admin Group Joined: 01-Sep-2007 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 9141 |
Quote Reply #41 Posted: 20-Dec-2008 at 17:14 |
Скроз непотребно му го истрошија името на Тоше за глупости во минативе година и кусур. Го бутаат и кај што треба и кај што не треба и постојано го девалвираат со тоа.
Но... да се вратиме на вистинскиот проблем.... Трифке ќе го снема за 3 месеци а со него и сите негови бисери вклучувајќи го и овој... Но она што ќе ни го насадат на плоштад ќе биде тука долго време... А според сите најави нема да биде воопшто добро. |
|
beTon
Senior Member Joined: 25-Jun-2008 Online Status: Offline Posts: 3887 |
Quote Reply #42 Posted: 20-Dec-2008 at 19:12 |
па добро донекаде имаат заеднички црти и двата лика: и двајцата млади а воедно и трагично загинати, обединувачи на народните маси, вешти во боречките вештини! единствено разликата е што Тоше има Влашки корени, а Александар има Пелазгиски корени (династија Аргеадите односно Теменидите од Арг). не е нешто споредбава значајна, но сакам да фрлам светло на фактографскиот момент во предлогот на Трифка, кој за волја на вистината смета дека подобро ќе се идентификуваме со Славеј од поблиската отколку со Славеј од подалечната историја, и јасно со предзнак на Тодоровата хуманост и "срдечно позитивната" акустична резонанца. сепак државите обично е пракса да се идентификуваат со државници, но тоа не треба да ни биде оправдување за да запреме со експериментот наречен FYROM, па кога можевме името да го смениме, знамето да го смениме, претходно азбуката да ја стилизираме итн. па зошто сега не би смениле уште нешто во контекст на обележјата со кои би се идентификувале пред светот, а и себе би се скротиле околу поривите за докажување на националниот идентитет, ионака живееме во држава која не е Македонија на Македонците (да не ме разберете погрешно ова е позитивен момент бидејќи сме први после Александар во светот со космополитски пристап кој ги признава сите за еднакви во една држава без да им го наметне сопствениот национален императив, само кај нас сите се народи, не еден, два или три сите!) јасно е дека трифка е визионер, но кој подранил со идеи! сеуште балканот не е подготвен за ваков пристап т.е. се додека не признаат сите, дека Македонците постојат и дека истите се поголем дел од заедничкиот корен на народите кои живеат на овој полуостров(гледано културно, државно и историски) нема да има простор од се срце да се свртиме кон културни колективни вредности како ID симболи, туку ќе држиме до тоа дека за да опстанеме мора да се идентификуваме со славата на борците за слобода било тие да биле во антиката, средниот или современиот век... |
|
macedonia
Senior Member Joined: 01-Feb-2008 Location: Lerinsko Online Status: Offline Posts: 753 |
Quote Reply #43 Posted: 20-Dec-2008 at 19:16 |
A statue of the young pop singer in Skopje's main square? Has this mayor lost his mind? It looks like he is turning the singer's death into a cult... Hey maybe they should also build statues of Petranka Kostadinova and Goce Nikolovski
Edited by macedonia - 20-Dec-2008 at 19:19 |
|
mitatos
Senior Member Joined: 06-Jan-2008 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 1739 |
Quote Reply #44 Posted: 21-Dec-2008 at 00:01 |
Svetot vo kriza , Makedonija gradi spomenici tooooo napred )))
|
|
"Најлошиот град од градовите е тој што нема ред,мир и сигурност за своите граѓани" (Али ибн Еби Талиб)
|
|
mitatos
Senior Member Joined: 06-Jan-2008 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 1739 |
Quote Reply #45 Posted: 21-Dec-2008 at 00:05 |
eve za sto se raboti :
ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА СКОПЈЕ ПРЕДЛАГА ЗАМЕНА НА СПОМЕНИЦИТЕ Тоше место Александар на Плоштад Тоше спонтано го одбележа кругот на Плоштад, кога за него таму со недели се палеа свеќи кога загина, а се палеа и годинава на годишнината од смртта Скопскиот градоначалник Трифун Костовски предлага на плоштад Македонија место на Александар Македонски, да му се подигне споменик на Тоше Проески. Тој вели дека е многу пореално и поприфатливо во центарот на Скопје да се подигне споменик на трагично загинатата поп-sвезда, бидејќи скопјани спонтано го одбрале токму Плоштадот за да ги искажат своите длабоки чувства кон Тоше. "Тоше го одбележа кругот на Плоштадот. Тука сите се собираа и со недели палеа свеќи кога загина, а нема кој не му запали свеќа токму на ова место и на годишнината од смртта. Сметам дека граѓаните ова место го чувствуваат како место на Тоше, и многу поприродно е на ова место нему да му се подигне споменик, а не на Александар Македонски, кој ако постоеше во денешни времиња, би завршил во Хаг поради убиствата и колежите што ги правел", вели Костовски. Плоштадот и местото каде што треба да се гради споменикот од 2004 година е сопственост на Градот, и единствено со дозвола од Градот таму може да се поставуваат не само споменици туку и нови плочки. Бидејќи градоначалникот Трифун Костовски досега во неколку наврати јавно кажа дека е против споменик на Александар Македонски, Владата сега си ја побарала назад сопственоста на делот од Плоштадот каде што треба да стои споменикот. "Немам намера да се откажам од концесијата за Плоштадот кој ни е даден на 99-годишно користење. За тоа ќе треба одлука на Советот на Скопје, но јас не можам воопшто да му предложам на Советот такво нешто бидејќи немам аргументи за враќање на концесијата", вели градоначалникот. Враќање на концесијата за Плоштадот, како што рече Костовски, телефонски му побарал министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески, а официјалната преписка, пак, одела преку претседателката на Советот на Скопје Ирена Мишева која по сугестија од градоначалникот, го одбила барањето. Министерството за транспорт и врски два дена молчи и не дава одговор на прашањето зошто ја побарало назад концесијата. (Е.А.) http://www.vest.com.mk/default.asp?id=161169&idg=8&idb=2554&rubrika=Makedonija |
|
"Најлошиот град од градовите е тој што нема ред,мир и сигурност за своите граѓани" (Али ибн Еби Талиб)
|
|
гитардемон
Senior Member Joined: 19-Feb-2008 Online Status: Offline Posts: 5422 |
Quote Reply #46 Posted: 21-Dec-2008 at 00:43 |
Сега испадна Александар антихрист, бетер од Хитлер и Наполеон. Ајде... !? |
|
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
|
|
ovaj_stariov
Senior Member Joined: 02-May-2008 Location: Prilep Online Status: Offline Posts: 1319 |
Quote Reply #47 Posted: 21-Dec-2008 at 00:52 |
Tрифун почнал да се дрогира |
|
build.mk, гради форумска историја
|
|
zabegan
Senior Member Joined: 01-Jul-2008 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 7859 |
Quote Reply #48 Posted: 21-Dec-2008 at 01:19 |
Сигурно трифун мисли дека тоше ќе се гордееше со него
бидејќи си беше скромен, тоше сигурно немаше да сака негов споменик, било каде, али у секој случај трифка се однесува како и обично (натрипано) |
|
lslcrew
Senior Member Joined: 14-Jan-2008 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 10988 |
Quote Reply #49 Posted: 25-Dec-2008 at 08:24 |
Веќе е непишано правило и општо е познато што ќе има на плоштадот Македонија како споменик. Тоа е Александар Македонски и се согласувам со тој споменик, без разлика на сите наводни "околнисти", но тоа настрана тука е офтопик! Е сега можам да не се согласам со димензиите кој ги слушаме (се надевам дека е грешка) и слично. Но еве веќе почна и да се лецитира со обликот на фонтаната. Овој предлог за осум лава на прв поглед ми делува многу ОК! Сепак лавот сам по себе влече симболика, а и осмицата влече симболика од дамнешни времиња до денес да ја имаме на државното знаме така да со предлогот можам да се сложам се додека не станува збор за некој кич лав како оние гипсени лебеди саксии пред куќа. Се надевам дека ако се иде на некое вакво решение лавовите ќе бидат копија на оние од Херонеја или па незнам некое друго археолошко наоѓалиште како не би се допуштило кичот да го загрози и централниот плоштад, односно да не се остави на малоумноста на некој партиски-архитект-уметник. Ова е само еден предлог од една невладина организација така да не треба да го сметаме за којзнае колку релевантен, и повеќе е тука да го евидентираме. |
|
pbanks
Admin Group Joined: 01-Sep-2007 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 9141 |
Quote Reply #50 Posted: 25-Dec-2008 at 11:54 |
Јас имам дијаметрално спротивен став кој повеќе пати го имам искажано. Значи лавови, коњи и слични работи се за мене комплетно промашена работа, тие припаѓаат на друго време а не на времето во кое живееме (линк). Низ Европа 99% од статуите од овој тип се направени до 20тите години од минатиот век (со благи испади во Финска на пример во 70те години). Некои се дури и отстранети на некои места (листа на коњички статуи). Проектот спрема мене е ретрограден независно од тоа кој ќе го јава коњот. За крај само ќе го цитирам американскиот амбасадор Филип Рикер од неговото последно интервју во Теа Модерна. Со оваа негова изјава комплетно се сложувам.
Ова е суровата вистина која Рикер без влакно на јазикот ни ја кажува во лице. |
|
pbanks
Admin Group Joined: 01-Sep-2007 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 9141 |
Quote Reply #51 Posted: 25-Dec-2008 at 12:25 |
Еве една коњичка статуа во Чешка од 2005 . Очигледно мотивите при изборот и дизајнот не биле исти како кај нас.
А еве како изгледа спрема мене коњичка статуа поставена на погрешно место (што е исто битен аспект во нашиов случај бидејќи архитектурата на плоштадот не одговара) Ова е во Софија Еве како изглеа тоа одозгора, спрема мене окружението е комплетно утнато иако се гледа дека кога иницјално ја дигнале апсолутно имале логика во позиционирањето во однос на Националната галерија за странска уметност (мислам дека тоа е белиот објект кој го дефинира долниот дел на полукружниот плоштад, а проблемот е во тоа што плоштадот никогаш не се дооформил како што треба. Ако веќе мора да идеме со коњ (како нужно зло). Искрено мислам дека окружението на плоштадот Карпошово востание ќе биде далеку поодговарачки. Edited by pbanks - 25-Dec-2008 at 12:27 |
|
dejan
Senior Member Joined: 01-Sep-2007 Location: Australia Online Status: Offline Posts: 672 |
Quote Reply #52 Posted: 25-Dec-2008 at 13:35 |
Јас не би подржувал да се гради споменик на Александар на плоштад. Првенствено нема да личи воопшто убаво да се вклопи таков споменик на такво место, треба нешто по модерно. Што се случи со фонтаната? Исто мислам нема да ни ‘личи‘ кога ке земеме во предвид се ова со името, ама да не навлегувам во тоа пошто не сакам да се претвори ова во политичка тема. Едно време би се согласил со споменик на Александар, ама сега не. Барем не на тоа место, ако им е дојдено до градење споменик, нека биде негде каде ке личи.
|
|
Б.Ѓ.Т
Senior Member Joined: 15-Nov-2008 Location: skopje Online Status: Offline Posts: 311 |
Quote Reply #53 Posted: 25-Dec-2008 at 14:17 |
izgleda nishto od fontanata,jas mnogu sum za da se postavi fontana nego spomenik.a ako vishe se resheni za spomenik nemora da bide aleksandar tuku moze da bide justinijan sto nekoj tuka imashe spomnato.
|
|
ovaj_stariov
Senior Member Joined: 02-May-2008 Location: Prilep Online Status: Offline Posts: 1319 |
Quote Reply #54 Posted: 08-Jan-2009 at 03:12 |
Да не ви се верува на еден бугарски блог најдов како би изгледал Александар Македонски на плоштад
А еве што планирал Бранко да изгради во своите "златни години" |
|
build.mk, гради форумска историја
|
|
kire85
Senior Member Joined: 27-Nov-2007 Location: Düsseldorf Online Status: Offline Posts: 400 |
Quote Reply #55 Posted: 08-Jan-2009 at 03:36 |
ne sakam da zvucam staromoden, zosto znam deka navistina ne sum, ama idejata za izgradba na spomenik konjanik na plostadot makedonija ja poddrzuvam bidejki smetam deka na skopje mu treba eden spomenik od takov vid koj sekogas ima posebno znacenje....pred se ja poddrzuvam idejata zasto konjanikot e megjudrugoto i simbol na slobodata
ne znam, toa e moe licno ubeduvanje i sekade vo stranstvo kade sto sum bil i sum videl slicni spomenici mi ostavile dosta pozitiven vpecatok, zatoa bi sakal i skopje da ima nesto takvo. |
|
lslcrew
Senior Member Joined: 14-Jan-2008 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 10988 |
Quote Reply #56 Posted: 08-Jan-2009 at 08:38 |
kire воопшто не те прави старомоден тоа што сметаш дека треба коњаник на плоштад Македонија. Нити па треба да се првадаш за тоа. Некако дефанзивен пост. Аргументите си ги набројал, но оправдување не барај, пошто ова е твој личен став, секако мора да е поткрепен, а гледам делумно си го поткрепил нешто со слобода. И јас сум со тебе на истава линија. Инаку сликава горе не илустрира баш најдобро како ќе изгледа. Постаментот треба да биде правец мост-ристиќ.
|
|
kire85
Senior Member Joined: 27-Nov-2007 Location: Düsseldorf Online Status: Offline Posts: 400 |
Quote Reply #57 Posted: 08-Jan-2009 at 13:40 |
pa dobro vidov deka povekjeto se protiv idejata, pa zatoa mislev deka mora da navedam i zosto, da ne bidam gresno interpretiran. inaku ednistveno nesto sto me stava vo misla e deka planiraat aleksandar makedonski kako konjanik i okolu nego 8 lava.....ne znam kolku toa bi odelo edno so drugo, zatoa sto sepak, ne treba samo ubavo da izgleda, tuku treba i nekoja simbolika da ima. lavot ne e simbol na antickiot period na makedonija, tuku pred se na ponoviov.....pa zatoa mislam deka ne bi bilo na mesto da messat simboli od razlicni vreminja.... Edited by kire85 - 08-Jan-2009 at 13:40 |
|
lslcrew
Senior Member Joined: 14-Jan-2008 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 10988 |
Quote Reply #58 Posted: 08-Jan-2009 at 13:43 |
Лавот влече логика и од антиката! Обично кога освојувале нови територии па ставале лавови како скулптури да бележат територија! Ја има и симболиката само треба да не излезе кич дело на плоштад!
|
|
kire85
Senior Member Joined: 27-Nov-2007 Location: Düsseldorf Online Status: Offline Posts: 400 |
Quote Reply #59 Posted: 08-Jan-2009 at 13:47 |
abe da, imas pravo, toa im bilo simbol na golema pobeda, megjutoa toa e samo eden lav ispraven na prednite 2 noze.....mene pred se mi smetase toa sto ovie sakale da nacukaat 8....nekako preterano mi e na prv pogled.... |
|
lslcrew
Senior Member Joined: 14-Jan-2008 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 10988 |
Quote Reply #60 Posted: 08-Jan-2009 at 13:52 |
Епа мислам дека за некои такви слични лавови се работи! Онакви исправени. Најблиску до нас мислам дека има еден у Херонеја!
|
|
Post Reply | Page <12345 88> |
Forum Jump | Forum Permissions You cannot post new topics in this forum You cannot reply to topics in this forum You cannot delete your posts in this forum You cannot edit your posts in this forum You cannot create polls in this forum You cannot vote in polls in this forum |