Проблем со летните тераси |
Post Reply | Page <1234> |
Author | |||
pbanks
Admin Group Joined: 01-Sep-2007 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 9141 |
Quote Reply #41 Posted: 13-Apr-2010 at 22:09 | ||
Дефинитивно е нова, ене го Ченто од десно |
|||
axel
Senior Member Joined: 08-Dec-2009 Location: kumanovo Online Status: Offline Posts: 3654 |
Quote Reply #42 Posted: 20-Apr-2010 at 11:40 | ||
|
|||
Cloverstack
Admin Group Joined: 01-Sep-2007 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 12453 |
Quote Reply #43 Posted: 22-Apr-2010 at 22:58 | ||
Би ги потсетил господата од општина центар дека надлежност за летните тераси не значи само собирање на пари, туку и обврска да се воведе и одржува ред. Години наназад гледавме како се покажаа на тоа поле. Инаку дотичните господа во одредени случаи радо прифаќаат да бидат декор и нечија алатка (или по нивно „подрачна единица“) за упад во надлежностите на градот (во времето на Трифун), ама некогаш па сакаат да бидат држава во држава. Епа не бива |
|||
SkyBoy
Senior Member Suspended Joined: 24-Feb-2010 Online Status: Offline Posts: 738 |
Quote Reply #44 Posted: 24-Apr-2010 at 14:22 | ||
Решение за уривање на стреата на „Тренд“Трите фирми што на тендер ги избра општината Центар, деновиве прават увид на ситуацијата со надградбата на кафулето „Тренд“, во центарот на градотТрите фирми треба да видат во каква состојба е кафулето и колку пари ќе чини отстранувањето на покривот, кој сопственикот незаконски го постави. Фирмата што ќе побара најмалку пари ќе биде овластена од општината Центар да ја отстрани дивоградбата. Јовица Ацковски, портпарол на општината Центар, изјави дека е донесено решение за уривање на „Тренд“, а се чека само фирмите да се изјаснат за сумата потребна за отстранување на стреата. |
|||
SkyBoy
Senior Member Suspended Joined: 24-Feb-2010 Online Status: Offline Posts: 738 |
Quote Reply #45 Posted: 24-Apr-2010 at 14:27 | ||
Советниците од Центар се премислија за летните терасиОткако во вторникот советниците од општината Центар решија дека сами ќе издаваат дозволи за поставување летни тераси, на седницата на советот што се одржа во четвртокот се премислија и решија сепак градот да ги издава овие дозволи во нивно имеНа оваа седница на советниците им се поделени нови материјали, меѓу кои и попрецизниот договор со кој Владимир Тодоровиќ, градоначалникот на општината Центар, треба да го овласти скопскиот градоначалник Коце Трајановски да ги издава дозволите за летни тераси во име на општината Центар. Советниците велат дека овој пат го усвоиле договорот затоа што во него се прецизирани повеќе точки, за кои тие мислеле дека со претходниот договор не се опфатени. |
|||
Cloverstack
Admin Group Joined: 01-Sep-2007 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 12453 |
Quote Reply #46 Posted: 24-Apr-2010 at 14:54 | ||
Знаејќи како стојат работите, поверојатно ми е дека ги повлекле за уши |
|||
SkyBoy
Senior Member Suspended Joined: 24-Feb-2010 Online Status: Offline Posts: 738 |
Quote Reply #47 Posted: 24-Apr-2010 at 23:46 | ||
СОПСТВЕНИКОТ НА КАФУЛЕТО „ТРЕНД“ ОБВИНУВА
Весникот „Вест“ сака да го уништи „Тренд“ Сопственикот на кафулето „Тренд“, Предраг Василевиќ-Пеџа, кое се наоѓа во строгиот центар на градот, тврди дека весникот „Вест“ и неговиот главен уредник Горан Михајловски од лични мотиви константно се обидува да му го наруши угледот и целосно да му го уништи бизнисот. Само во изминатиов период во овој весник се излезени околу дваесетина текстови со кои без аргументи и по секоја цена се напаѓа исклучиво кафулето „Тренд“. Текстовите се однесуваат на се и сешто, од невистинити обвинувања за гласна музика, до тврдења за незаконско работење. - Очигледно дека целта на „Вест“ и на Михајловски е да ми ја затворат кафеаната по секоја цена. Нема друг одговор. Им пречам и тие ја манипулираат јавноста и вршат притисок врз институциите да ме затворат - вели Василевиќ. Мотивот за ваквите напади, според газдата на ова популарно кафуле, е во фактот што близок роднина на Михајловски живее во зградата веднаш до „Тренд“ и најверојатно тој врши притисок врз главниот уредник на „Вест“ да се пишуваат текстови оти му пречи кафулето. Интересно е што од во центарот на Скопје, поточно, околу плоштадот Македонија и трговскиот центар, гравитираат околу 300 кафулиња, но „Вест“ објавува толку текстови само за едно, а тоа е кафулето „Тренд“. |
|||
pbanks
Admin Group Joined: 01-Sep-2007 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 9141 |
Quote Reply #48 Posted: 24-Apr-2010 at 23:55 | ||
Трагична судбина на скопскиот кафеанџија. Тој само сака чесно да си го заработи лебот |
|||
SkyBoy
Senior Member Suspended Joined: 24-Feb-2010 Online Status: Offline Posts: 738 |
Quote Reply #49 Posted: 06-May-2010 at 23:37 | ||
вака-така, терасава на Тренд пак стои и функционира и е залепена до постаментот за споменикот на Ченто (кој патем некако ми се чини превисок)..
Edited by SkyBoy - 06-May-2010 at 23:38 |
|||
axel
Senior Member Joined: 08-Dec-2009 Location: kumanovo Online Status: Offline Posts: 3654 |
Quote Reply #50 Posted: 27-May-2010 at 22:09 | ||
ЌЕ СЕ СТАВИ ЛИ РЕД
ВО ХАОСОТ НА ПЕШАЧКИТЕ ЗОНИ
Летните тераси ќе ги одобрува Градот Контролата и санкциите и натаму ќе ја вршат општинските градежни инспектори Одобренијата за летните тераси кафеанџиите ќе треба да ги побараат во Град Скопје, каде што ќе се изработуваат и елаборатите, а не како досега во општините, а контролата и натаму ќе ја вршат општинските градежни инспектори. Ова било договорено на средбата на Координативното тело на градоначалници, со цел, како што истакна градоначалникот Коце Трајановски, да се реши хаосот што во изминативе години се правеше поради недоследности во законската регулатива и преклопување на надлежностите меѓу Градот Скопје и општините. - Годинава првпат се воведува ред и во овој дел од надлежностите на локалната власт. Град Скопје ја презема обврската да ги изготви елаборатите и програмите за урбаната опрема за сите општини. На атрактивните делови, како улицата Македонија" и кејот 13 Ноември" се направени елаборати со Општина Центар според кои се даваат одобренија, информираше Трајановски и потсети дека Градот ги издава одобренијата за поставување урбана опрема за сите општини, а финансиите од приходите ќе се делат 50 отсто за општини и 50 за Градот. Досега во Градот биле поднесени 300 барања за поставување на урбана опрема на јавни површини од кои на половината било позитивно одговорено. Градоначалникот Трајановски најави и дека се планира летово на плоштадот Македонија" и поширокиот центар да се постават повеќе мултифункционални тезги од отворен и од затворен тип на кои ќе се продаваат уметнички и занаетчиски производи. За таа цел веќе се склучуваат договори со избраните форми за изработка на тезгите кои ќе имаат унифициран изглед. http://www.vecer.com.mk/default.asp?ItemID=842371AED322E94DA77A1FE102BF9F21 |
|||
SkyBoy
Senior Member Suspended Joined: 24-Feb-2010 Online Status: Offline Posts: 738 |
Quote Reply #51 Posted: 01-Jun-2010 at 22:23 | ||
Нова градска шема за летни тераси Сопствениците на кафулето „Тренд“ викендов ја сменија својата натстрешница, односно ја урнаа старата и изградија нова, уште поголема, но овој пат легална, со дозвола од градските власти. Иако според Правилникот за поставување урбана опрема, според кој летните тераси ќе се покриваат само со чадори, а масите треба да се местат директно на подлогата, без да се зашрафува нешто друго на неа, легалната стреа на „Тренд“ има посебна подлога, цврста изградена натстрешница и никаде нема чадори. Сопствениците на кафулето велат дека се' е легално и дека градските власти им издале одобрение за натстрешницата врз основа на однапред подготвен и одобрен елаборат.
Од Градот Скопје, кој од оваа сезона ги издава дозволите за летни тераси, потврдија дека „Тренд“ е меѓу кафулињата што обезбедиле дозволи. Велат дека сите субјекти што сакаат да постават опрема и мебел надвор од објектите мора да ги почитуваат нормите. - Сите елементи треба да бидат според стандардите предвидени во правилникот и не смеат да бидат градежно фиксирани за подлогата. „Тренд“ има добиено одобрение за поставување мебел на јавна површина и не смее да изведува никакви градежни активности со кои ќе го огради и покрие просторот. Ако не се придржувал до нормата, општинската градежна инспекција треба да го констатира тоа и да ги преземе сите законски мерки за почитување на пропишаните стандарди - велат во одделението за односи со јавноста. Општина Центар досега неколкупати најавуваше дека ќе ја урне старата натстрешница на кафулето, но не го исполни ветувањето. Првин немаа обезбедено фирми за уривање, потоа им фалеше полициска асистенција, а на крајот се правдаа дека фирмите за уривање рушеле на улицата Железничка. |
|||
Cloverstack
Admin Group Joined: 01-Sep-2007 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 12453 |
Quote Reply #52 Posted: 15-Jun-2010 at 02:23 | ||
Може некој да ми објасни како летната (и зимска!) тераса на „Тренд“ стана легална?!?
А како бонус, зарем не е недоличен начинот на кој што терасата на „Тренд“ е слепена за споменикот на Ченто? Милион евра за огромен мермерен споменик, за некој кафанџија практично да си го направи инвентар. Кого лажеме дека со овие споменици им оддаваме почит на нашите великани? Очигледно на некои им е битно да се направат набавките, а за понатака не се замараат премногу. 1 2 |
|||
<Fresno>
Senior Member Joined: 13-Jun-2010 Online Status: Offline Posts: 1137 |
Quote Reply #53 Posted: 15-Jun-2010 at 10:59 | ||
Значи нема никаква разлика со претходната „стреа“...
...а и близината до Ченто е иста. Мора некако да се притиснат градов и општиниве да стават крај на ова узурпирање на јавен простор. Направија каков таков ред на кеј и ул. Македонија, ама на Тренд и на сите кафичи со тераси на тротоар (Ленинова, Буњаковец и низ цело Скопје) им дадоа одврзани раце да прават што сакаат. Се знае како се прави тоа, еден два реда маси, мала стреа над нив и тоа е тоа. А на медиумиве глас не им се слуша, па ако нешто заслужува посебно внимание тоа е оваа тема. |
|||
Andrej_LJ
Senior Member Joined: 20-Oct-2008 Location: Ljubljana Online Status: Offline Posts: 2954 |
Quote Reply #54 Posted: 15-Jun-2010 at 12:51 | ||
Ама се е поткупено во таа проклетија од држава. Вие зошто мислите му правеа рации неколку пати, за да го зауздаат ли? НЕ, да си ја поткупи дебело дозволата. Така се случува со повеќето угостителски објекти (ниту зборовите кафич, ниту кафуле се правилни на македонски, всушност мислам дека е настанат вакум во 1945 со вештачката промена...кафене треба да е правилно, но не тврдам), а и зградите воопшто. Истото е и со СК2014, мрсна пара се изналапаа од сите страни, простиот народ се пали и се дели, тие безделничат и само за свое добро гледаат.
|
|||
"Тaм, където глупостта е образец, разумът е безумие." Гьоте
|
|||
SkyBoy
Senior Member Suspended Joined: 24-Feb-2010 Online Status: Offline Posts: 738 |
Quote Reply #55 Posted: 15-Jun-2010 at 18:10 | ||
ако веќе неможе да се тргне (незнам од кои причини) бар да беше пола од ова што е.. срамота е до спомеников е залапена тересава.. што апетити ќе беа во прашање.. ептен се нема респект за спомеников.. |
|||
lslcrew
Senior Member Joined: 14-Jan-2008 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 10988 |
Quote Reply #56 Posted: 15-Jun-2010 at 23:35 | ||
|
|||
SkyBoy
Senior Member Suspended Joined: 24-Feb-2010 Online Status: Offline Posts: 738 |
Quote Reply #57 Posted: 19-Jun-2010 at 22:21 | ||
Кафеанџиите се залепија до излозите В понеделник ќе биде дефинирана шемата за поставување на масите и столовите Иако кафеанџиите од улица „Македонија“ и кеј „13 Ноември“ веќе три месеци ја тераат летната шема, тие дури в понеделник ќе знаат, конечно, до каде можат да ги распостилаат масите и столовите. Градот Скопје во изминатата недела на терен ја снимаше ситуацијата и го испитуваше визуелниот ефект од досегашните состојби, а ги имаше предвид и последните предлози за начинот на поставување на инвентарот. |
|||
Cloverstack
Admin Group Joined: 01-Sep-2007 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 12453 |
Quote Reply #58 Posted: 16-Dec-2010 at 00:59 | ||
Треба да ги патентираме овие наши уникатни „летни тераси“. Ниту се летни, ниту се тераси.
|
|||
Radoslav
Newbiе Joined: 14-Apr-2014 Online Status: Offline Posts: 0 |
Quote Reply #59 Posted: 14-Apr-2014 at 17:17 | ||
Верувам дека темава е можеби и претходно спомната, али сепак морам да прашам.
Значи во маало имаме кафеана, која е во сопственост на полицаец. Е сега, како полека иде летната сезона тие почнаа да местат тераса, а сигурен сум дека они за тоа немаат дозвола, затоа што целиот плац е планиран да биде паркинг. Мене лично ми смета затоа што таа летна тераса би се наоѓала на 3м од мојот прозорец, па во ситуација кога тие би имале гости - јас немам приватност. Цело маало сме против оваа незаконска летна тераса, а знаеме дека ја местат поради поврзаноста на сопственикот со локалната самоуправа. Прашањето ми е, дали постои некоја правна алатка на која би можеле да се повикаме? Собирање потписи и тн.? Затоа што, обичен разговор со инспекцијата нема да биде од помош.... |
|||
Cloverstack
Admin Group Joined: 01-Sep-2007 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 12453 |
Quote Reply #60 Posted: 15-Apr-2014 at 23:28 | ||
Не сум многу упатен, но гледам никој не пишал, па еве ги моите 2 денари. Немој да претпоставуваш дека нема дозвола, увери се. Ако навистина нема, тогаш не би требало да е проблем да издејствувате отстранување, мада и тоа зависи од местото на твоето живеење, односно нивото на каубојштина кај локалната власт. Инаку фактот дека на таа локација е планиран паркинг (претпоставувам се повикуваш на некој ДУП) не би требало да значи дека не може во меѓувреме да се издаде дозвола за летна тераса. Има некаков си правилник за поставување на урбана опрема, најди го и прочитај го, дури и ако типот има дозвола за терасата, види дали е прекршен правилникот, па терај оттаму. |
|||
Post Reply | Page <1234> |
Forum Jump | Forum Permissions You cannot post new topics in this forum You cannot reply to topics in this forum You cannot delete your posts in this forum You cannot edit your posts in this forum You cannot create polls in this forum You cannot vote in polls in this forum |