![]() |
![]() |
![]() |
Булевар Митрополит Теодосиј Гологанов |
![]() |
Post Reply ![]() |
Page <12345 22> |
Author | |||||
Cloverstack ![]() Admin Group ![]() ![]() Joined: 01-Sep-2007 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 12453 |
![]() ![]() |
||||
Изведба на ЛРТ е скапа, но во склоп на јужен булевар би се поделиле трошоците и би била многу поевтина отколку што е цената за посебна изведба. Иста е трасата, ќе се припрема иста подлога, ќе ја користи истата денивелација, иста пропратна и субинфраструктура... Велиш да рачунам „градски услови“? Што значи ова? Трасата е речиси чиста и тоа е најбитно. Edited by Cloverstack - 15-May-2011 at 18:31 |
|||||
![]() |
|||||
Cloverstack ![]() Admin Group ![]() ![]() Joined: 01-Sep-2007 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 12453 |
![]() ![]() |
||||
@ phenomenon Иако одат во прилог на моите желби, јас не би ги земал како премногу релевантни тие проценки, особено онаа на Коце за 50 милиони евра. Зависи што подразбираат под јужен. Реално јужен булевар кај нас сеуште ни е само груб концепт во ГУП-от и многу растеглив поим, а за вистинска проценка на инвестицијата и ред други работи, треба да се направат темелни студии. Проблемот е што ни со студии не е започнато, а очигледно ниту планираат да започнат во догледна иднина. Edited by Cloverstack - 15-May-2011 at 19:45 |
|||||
![]() |
|||||
phenomenon ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 26-Oct-2010 Location: Kumanovo Online Status: Offline Posts: 2691 |
![]() ![]() |
||||
Јас имам мото:
Никогаш, ама баш никогаш, не земам за сериозно изјава и проценка на политичар.
Горните постови ги приложив тука чисто информативно.
|
|||||
開始されていないだけの戦いが失われ、
|
|||||
![]() |
|||||
Supervisor ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 28-Jan-2008 Location: skopje Online Status: Offline Posts: 1220 |
![]() ![]() |
||||
Луѓе не знам што се занимавате со цени за Јужен кога реално до сега ако кај нас како капитален проект се сметаше Илинденска со едвај 4 ленти без средишно што е обична проточна брза улица и ништо повеќе каква што ќе биде и МТГ, Јужен булевар е научна фантастика од секој можен аспект. Исто така со оглед на тоа што нема никаков изготвен проект ниту е размилсувано за конкретни чекори и барање инвеститор цените може само да се вртат.
|
|||||
NewYork-London-Paris-Moscow-Tokyo-Skopje
|
|||||
![]() |
|||||
<Fresno> ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 13-Jun-2010 Online Status: Offline Posts: 1161 |
![]() ![]() |
||||
За Јужен булевар во делот од Рузвелтова до Рамстор најдобро решение би било да се оди на моделот што е предвиден позади Рамстор. И така има многу нерешени имотно-правни односи, што приватни инвеститори би се нафатиле да ги решат, со оглед на тоа што се работи за атрактивни локации. Годинава нели треба да се донесе нов ГУП па може уште од 2012 да направат основен проект, за да пресметаат цена, и да можат на инвеститорите да им кажат колку треба да биде нивниот дел за сегментот врз кој ќе биде објектот (и нормално да не плаќаат целосна сума, бидејќи така никој нема да се нафати, туку 50% на пр.). Се подразбира решението да биде 2х2 со траса за трамвај. Во таков случај МТГ со 4 ленти е потребен за да се справи со сообраќајот кој ќе го привлечат новите објекти, а и проширување на Народен фронт би дошло добро.
На ваков начин, по 4-5 години масовно градење на тој потег, Градот со собраните средства ќе треба да додаде уште половина (или Владата сеедно) + средства за делот западно од Рузвелтова се до мостот преку Вардар и да распише тендер. За 7-8 години ако се оди како што треба ќе имаме Јужен булевар од мостот до Рампа (а трамвајската линија може да оди и до Транспортен центар. |
|||||
![]() |
|||||
Cloverstack ![]() Admin Group ![]() ![]() Joined: 01-Sep-2007 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 12453 |
![]() ![]() |
||||
Fresno, јужен булевар во целото градско подрачје дефинитивно би бил 2х3, а не 2х2.
А на Теодосиј Гологанов во никој случај не би му биле потребни 4 ленти бидејќи со реализација на јужен булевар таа ќе стане еднонасочна колекторска улица. Исто така нови објекти врз трасата на јужен булевар не би требало да има освен во делот што го опфаќа ДУП Стара железничка станица, а Теодосиј Гологанов влегува во сликата тек кај католичка црква. Edited by Cloverstack - 15-May-2011 at 19:54 |
|||||
![]() |
|||||
StreetStruck ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 18-Nov-2010 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 415 |
![]() ![]() |
||||
Се убаво и на крај кога ќе се земе изјавата на Коце: "Во 2011 нема да се почне со изградба, размислуваме во 2012 доколку можеме", се си кажува. Ако на некој што е на таква функција, нешто му е на врвот на листата на приоритети, нема да дава вакви изјави. Само залажувања и ништо друго!
Иначе Јужен во градското подрачје дефинитивно треба да биде 2X3, се друго е импровизација и неумешност да се спакува проектот финансиски и изведбено. |
|||||
"Поробените треба да тежнеат кон слободата, а слободните кон совршенство"- Јане Сандански
|
|||||
![]() |
|||||
krale ![]() Senior Member ![]() БАНИРАН Joined: 28-Dec-2009 Online Status: Offline Posts: 1487 |
![]() ![]() |
||||
Трасата можеби личи чиста, ама не верувам дека е баш така. Каде се раскрсниците, поврзувањата со другите улици, столбови и понирања, или целата траса е во засек? Не знам доволно да коментирам, ама не може во ниви, и во сред град да биде иста цената, за ова нема потреба ни да знам нешто конкретно за трасата, едноставно од општо познавање. Јас искрено сум јужен да биде и те како правен како што треба, со сите нишани, нека биде и со ЛРТ, бидејќи подоцна ќе биде НИКАД. Само тоа што не влегува во некои планови на администрацијата е доволно индикативно дека пред 2025 нема да се реализира. Ако има некои планови кајшто е исцртана трасата, би сакал да ми ги посочиш, ако знаеш кај има. |
|||||
![]() |
|||||
Baze ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 08-Jan-2010 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 409 |
![]() ![]() |
||||
Искрено кажано, ако воопшто не се планира изградба на Јужниот булевар (чисто се сомневам) тогаш во најдобар случај е изведба на Тедосиј Голганов во булевар паралелен на Партизнаска. Да си признаеме, никогаш нема да се изведе Јужниот Булеавар сите сме свесни за тоа, но барем со помош на булевар Теодсиј Гологанов ке се растерети тој дел од Паретизанска. Целото проширување на Гологанов и изградбата на кружни текови јасно треба да ни каже дека ќе биде замена на јужниот булевар. Мислам, треба да сме сонувачи за да веруваме дека покрај таква улица (Гологанов), градот ќе се нафати на поголема инвестиција како Јужниот булевар.
Тој уште многу, многу, многу години ќе остане на хартија. Така да бидете срќни што ќе се растерти, и Партизанска ќе добие паралелен булевар, и покрај Илинденска нема да бидат единствените сообраќајници кои ќе не поврзуваат со западниот дел на градов.
|
|||||
![]() |
|||||
<Fresno> ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 13-Jun-2010 Online Status: Offline Posts: 1161 |
![]() ![]() |
||||
Мене ми е се ова јасно, дадов предлог како може полесно да се изведе проектот. Значи да се преслика решението од ДУП Стара железничка. А во таков случај, со сите тие нови објекти (кои нема да имаат пристапи до булеварот под нив) ќе се оптоварат колекторските улици МТГ и Народен фронт, па затоа и реков дека проширена МТГ добро ќе се вклопи во ваква хипотетичка ситуација. |
|||||
![]() |
|||||
Cloverstack ![]() Admin Group ![]() ![]() Joined: 01-Sep-2007 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 12453 |
![]() ![]() |
||||
@ Baze Немојте така бе друже, да ги отпишуваме најразвојните проекти и проектите кои ни се најнасушно потребни (кои патем воопшто не се научна фантастика како што ни е натурено). Така се осудуваме на не баш светла иднина. Факт е дека има финансиска моќ за реализација, ама проблемот е во тоа како политичките елити ги поставуваат приоритетите. Јужен булевар и другите такви големи проекти ги доживуваме како митови и како неостварливи сонови токму поради политичарите без трунка способност, одговорност и визија. Dave Gahan најубаво го опиша проширувањево на Гологанов - пикање на ѓубрето под тепих. Ама и под тепихот не собира бесконечно многу ѓубре, кога тогаш ќе бидеме принудени да го исчистиме вистински, ама по многу поголема цена. Така да наместо резигнација и помирливост, до политичарите нека стигаат пораки од народот дека сакаме да видиме реализација на проекти како јужен булевар и дека ни е доста од замачкувања и импровизации. Edited by Cloverstack - 16-May-2011 at 00:43 |
|||||
![]() |
|||||
krale ![]() Senior Member ![]() БАНИРАН Joined: 28-Dec-2009 Online Status: Offline Posts: 1487 |
![]() ![]() |
||||
Па еве затоа што на пример, во тој парк на тополи има времени објекти, кои треба да се дислоцираат. Исто така, доставата на материјали, работата е понапорна во урбана средина, отколку на отворен простор. Можеби влијае исто така и тоа што ќе има многу поголем број на клучки (и сите изведени на поскап начин) од оние во ниви ан автопат. Значи мислам дека изградба во ниви и во град, не може никако да биде исто.
Фала многу, ќе ги разгледам убаво. |
|||||
![]() |
|||||
Cloverstack ![]() Admin Group ![]() ![]() Joined: 01-Sep-2007 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 12453 |
![]() ![]() |
||||
Работата во урбана средина била „понапорна“? Во кој смисол? Што се однесува до доставата на материјали хммм... тоа зависи како гледаш. Ваму има постоечка сообраќајна мрежа, а некаде на зафрлено место па треба да почнеш од нула и прво да градиш пристапни патишта. Навистина не сум во состојба да правам пресметки дали и колку доставата на материјал во урбана средина ќе го поскапи или поефтини проектот, но секако не зборуваме за значаен процент во вкупната цена, кој може битно да ги измени цифрите. Клучките не се којзнае колку на број и нормално влегуваат во цената, а таа проценка што ја изнуди од мене воопшто не беше наивна сума за да рачунаме дека клучките би биле плус трошок. Конечно, за поскапата изведба на клучки... не е поскапа затоа што е во град по дифолт, туку поголемиот трошок се сведува на фактот што јужен ќе треба да се протне под неколку постоечки сообраќајници. Да се направи тоа не е шега, но не е ни научна фантастика и повторно нема во некоја ненормална мерка да ја зголеми цената. Си има методи, низ светот такви зафати се правеле на неспоредливо поголемо ниво. Но добро што ме потсети да се осврнам на ова. Бидејќи ако јужен булевар се протнува на тој начин, тоа значи дека импактот врз сообраќајот во време на изведбата ќе биде минорен. А за тунелот под плоштадот на пример, ќе биде потребно подолготрајно и прилично опсежно блокирање на местата каде што ќе бидат влезовите, а тие места се многу важни сообраќајни јазли. Од тој аспект прави голема логика јужен булевар да биде поголем приоритет, бидејќи кога би функционирал тој, би имало солидна алтернатива која би ја спасила ситуацијата за врме на изградба на тунелот под плоштад, а доколку се гради по обратен редослед, сето тоа многу потешко ќе може да се изменаџира. |
|||||
![]() |
|||||
StreetStruck ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 18-Nov-2010 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 415 |
![]() ![]() |
||||
[quote=krale]Па еве затоа што на пример, во тој парк на тополи има времени објекти, кои треба да се дислоцираат.[quote]
Времени објекти се рушат, не се дислоцираат, без извини и без пардон. Тие таму си биле свесни кога си ги направиле исто како што се свесни сега дека објектите им се/ќе им бидат од времен карактер. А ако не се свесни власта е таа што треба да им стави до знаење. Уште нешто сакам да кажам, се дур нашиве партии кои на база на глупоста и заспаноста на народов, се тепаат за поенчиња од неколку стотини "задоволни" Маџир Маалци и останатите на кои им се попушта, a кај што треба да поминува Јужен, ништо нема да биде од работава. Тоа ти е исто, парите идат за "бесплатно" користење на бањи и автобуси, се покачуваат плати на некои што клатат столчиња и ги фаќа промаја и се качуваат пензии, додека вечните проблеми и потреби си остануваат вечни, поради тоа што парите и визиите се насочени кон друга насока...Али секој глас е скапоцен нели. |
|||||
"Поробените треба да тежнеат кон слободата, а слободните кон совршенство"- Јане Сандански
|
|||||
![]() |
|||||
Cloverstack ![]() Admin Group ![]() ![]() Joined: 01-Sep-2007 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 12453 |
![]() ![]() |
||||
Се согласувам и верувам дека обвинувањето за популизам го имаш упатено генерално кон неодговорните политички елити без разлика со која боја, ама да не ја носиме дискусијата баш во тој правец.
|
|||||
![]() |
|||||
StreetStruck ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 18-Nov-2010 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 415 |
![]() ![]() |
||||
Секако дека е за сите политички партии, кога некоја ќе го направи Јужен булевар ова нема да важи за неа, а гледаме дека Јужен е сеуште присутен само во нашите фантазии.
|
|||||
"Поробените треба да тежнеат кон слободата, а слободните кон совршенство"- Јане Сандански
|
|||||
![]() |
|||||
leonid23 ![]() Senior Member ![]() ![]() БАНИРАН Joined: 30-Nov-2009 Location: Strumitza Online Status: Offline Posts: 579 |
![]() ![]() |
||||
Датум: 15.05.2011, 23:00
ПРВА ФАЗА ОД БУЛЕВАРСКИОТ ЗАФАТ ЗА НАМАЛУВАЊЕ НА МЕТЕЖОТ ВО ЦЕНТАР „Гологанов“ се шири со турбо-крстосница ![]() Улицата, за пет месеци, ќе стане булевар со две ленти повеќе, од Рузвелтова па се` до зградата на поранешна НИП „Нова Македонија“, а кај Католичката црква ќе се гради долгонајавувана кружна раскрсница За пет месеци улицата Митрополит Теодосиј Гологанов ќе стане булевар со четири ленти, и тоа од улицата Рузвелтова до семафорите на Мито Хаџи Василев-Јасмин. Исто така, кај Католичката црква, во близина на АМСМ, ќе се гради долгонајавувана кружна турбо-крстосница, прва од таков тип во Скопје. Градската власт е убедена дека со оваа инвестиција ќе го растовари метежот во овој дел од населба Капиштец, виновник за многу сообраќајни незгоди на наведената локација. Улицата, објасни градоначалникот Коце Трајановски, ќе се проширува од десната страна во насока од Општината Карпош кон Центар, и тоа во вкупна должина од 1.600 метри. Откога во минатата недела беше означен почетокот на градежните работи, на терен деновиве може да се види дека веќе се раскопува десната страна на планираниот потег. Најголемо очекување на Трајановски му е кружната раскрсница. - Реализацијата на проектот во голема мера ќе придонесе за решавање на сообраќајните проблеми во централното градско подрачје, ќе се зголеми проточноста на возила и ќе се намали времето на патување, што ќе придонесе за заштита на животната средина. Треба да се нагласи дека формирањето на кружниот сообраќаен тек директно ќе влијае врз зголемувањето на безбедноста во сообраќајот во овој дел од градот - рече скопскиот градоначалник. Ова е само прва фаза од реализација на проширувањето на „Гологанов“. Втората фаза од овој капитален проект, за која с` уште нема целосна техничка документација, ќе значи уште две ленти, но во делот на Карпош, од Рузвелтова до улицата Московска, кај студентскиот дом „Гоце Делчев. Од десната страна на булеварот ќе биде поставено ново улично осветление. Се предвидува и посебен џеб за возилата од јавниот превоз, како и пешачки и велосипедски патеки на тротоарите. За целосна реконструкција на улицата Митрополит Теодосиј Гологанов, Градот Скопје ќе потроши околу 72 милиона денари. Еднонасочни улици за полесно движење Градските власти информираат дека сообраќајот на Гологанов, во прво време, додека се изведуваат земјените работи, ќе се одвива нормално. Потоа, кога ќе почне асфалтирањето, една лента ќе биде затворена за движење на возила. Со цел намалување на метежот во тој период, неколку улици во Капиштец ќе бидат отворени како еднонасочни. http://dnevnik.com.mk/default.asp?ItemID=DD471FFB4432C240996AECF451E36C7B Edited by leonid23 - 16-May-2011 at 01:55 |
|||||
![]() |
|||||
krale ![]() Senior Member ![]() БАНИРАН Joined: 28-Dec-2009 Online Status: Offline Posts: 1487 |
![]() ![]() |
||||
Времени објекти, ако не сакаат да ги дислоцираат газдите, што често се случува, мора да ги дислоцира државата на свој трошок. Само го спомнав во контекст на качување на цената за изведба.
Значи цело време правам исклучиво споредба урбана/рурална градба на ваква делница. Во градско подрачје, се прават гужви, доставата е отежната, работното време се прилагодува на урбаните потреби (некои изведби ќе мора да се прават можеби ноќе, или викенд, што ја качува работната цена), итн., значи сега не знам дали тие трошоци значително ја менуваат цената, ама сепак да не тераме инает дека е исто.
Нема потреба да се укинат „привилегиите“ за старите лица. Секое цивилизирано општество се грижи за старите, и не знам каква врска има тоа со ј. булевар. И те како треба да се обезбедат услови за бањи и лекови, итн., за старите лица. |
|||||
![]() |
|||||
StreetStruck ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 18-Nov-2010 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 415 |
![]() ![]() |
||||
![]() Плус само за старите се фати, јас кажав и за пребројната администрација, каде што е најголемиот проблем и заради која почнуваме да наликуваме на Грција, сите на терет на буџет. Епа крупни инфраструктурни проекти не можат да видат светлина така. |
|||||
"Поробените треба да тежнеат кон слободата, а слободните кон совршенство"- Јане Сандански
|
|||||
![]() |
|||||
krale ![]() Senior Member ![]() БАНИРАН Joined: 28-Dec-2009 Online Status: Offline Posts: 1487 |
![]() ![]() |
||||
![]() Се фатив за старите, затоа што со тој дел не се сложувам (за администрацијата си апсолутно во право). Мислам дека државата мора повеќе да се грижи за старите, отколку за младите. Младите треба да си ја креираат својата иднина, а старите нема веќе што можат да сторат за самите себе. Нека замараат и у 6 сабајле. Не може тој однос да го подржам во кој веќе старите едавј чекаат да умрат, или да ги нема, па само ни прават гужва и терет во општеството. Верувам во достоинството на човекот и во младост и во старост, и мислам дека потезите за старите се супер. |
|||||
![]() |
Post Reply ![]() |
Page <12345 22> |
Forum Jump | Forum Permissions ![]() You cannot post new topics in this forum You cannot reply to topics in this forum You cannot delete your posts in this forum You cannot edit your posts in this forum You cannot create polls in this forum You cannot vote in polls in this forum |