Author |
Topic Search Topic Options
|
lslcrew
Senior Member
Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
|
Quote Reply
#41 Posted: 07-Dec-2008 at 19:01 |
Па во овој случај објектот нема толку елементи на урбана мафија колку што хајката против истиот мириса на таква појава.
|
|
Cloverstack
Admin Group
Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
|
Quote Reply
#42 Posted: 08-Dec-2008 at 14:52 |
По мое мислење објектот и те како спаѓа во доменот урбана мафија, а Велија од друга страна не знам во која мафија да го сместам...
|
|
zabegan
Senior Member
Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7859
|
Quote Reply
#43 Posted: 08-Dec-2008 at 18:10 |
Originally posted by Cloverstack
По мое мислење објектот и те како спаѓа во доменот урбана мафија, а Велија од друга страна не знам во која мафија да го сместам...
|
у сељачка
|
|
Chiko
Groupie
Joined: 12-Nov-2008
Online Status: Offline
Posts: 0
|
Quote Reply
#44 Posted: 08-Dec-2008 at 22:42 |
Ука-бука неколку дена и стољка. Како е возможно, кадешто се гради особено во центар да не е вмешана урбанистичката мафија. Еве јас ако бев прашан, ке платев по 250 евра од квадрат. Ќар за државата ни наша 100 пати повеќе. Но, дали е официјално 25 евра по квадрат откупено? Спрема државата да, таа е цената но дали е таа цифра конечна ? Од тие причини, немојте да помислувате дека урбанистичката мафија не е вмешана во овој случај. Тоа што опозицијата не реагира......... тоа е показател дека урбаната мафија е над власта и над политичарите. Едно кратко време се отвори тема за становите на Груевски,....... но кратко траеше. Тоа беше една мала секвенца за да се заќути премиерот и да не превзема ништо против урбаната мафија. Од оваа гледна точка, претењето се покажа успешно. На таков начин работи Аларова. Ке собере станови и ке ги распредели на одредени функционери. Кога ке се заврти јавноста против нејзе тогаш ги активира поткупените во одбрана,...... и то. АЈ НЕКА ПИСНАТ ТИЕ ШТО СЕ ОФАЈДИЛЕ ОД АЛАРОВА !!! Дечки, каде што има кеш, има и танго..
|
|
Chiko
Groupie
Joined: 12-Nov-2008
Online Status: Offline
Posts: 0
|
Quote Reply
#45 Posted: 08-Dec-2008 at 23:06 |
Заборавив да кажам за Велија, ........ а и што да кажам за еден патетичен ФУЛ од двојки и тројки. Тој преставува кондом во урбаните афери. Не дозволува да забремени проблемот и да се породи во јавните медиуми. Замислите најава во ударните вести: ПРИВЕДЕНИ ЛИДЕРИТЕ НА УРБАНИСТИЧКАТА МАФИЈА ВО МАКЕДОНИЈА. ПРИВЕДЕНИ СЕ 23 ЛИЦА И УШТЕ 56 ЛИЦА СЕ НА РАСПИТ КАЈ ИСТРАЖЕНИОТ СУДИЈА. ВО ОВАА АФЕРА СЕ СПОМНУВААТ ЛИДЕРИ НА ПАРТИИ, ФУНКЦИОНЕРИ НА НАЈВИСОКИТЕ ФУНКЦИИ ВО ДРЖАВАВА, ОД МВР, СУДСТВОТО ПА ДУРИ СЕ СПОМЕНУВА И ИМЕТО НА ИСТРАЖНИОТ СУДИЈА КОЈ ЈА ВОДИ ОВАА ИСТРАГА. МВР ОВАА АФЕРА ЈА НАРЕЧЕ “ЌОРАВО ОКО“. ВО ИСТРАГАТА СЕ ВКЛУЧЕНИ И КУЧИЊА ВОДАЧИ НА СЛЕПИ ЛУЃЕ ПРЕКУ УЛИЦА, МЕРОДАВНИ ГЛЕДАЧКИ НА ДЛАНКА, ИГРАЧИ НА ПЕТКАМЕН, ПОТКАЖУВАЧИ ВО ПОДЗЕМЈЕТО (РУДАРСТВОТО) КОИ РАБОТАТ ЗА СТРАНСКИ ВЛАДИ (ВОСТОК) И ЕКСПЕРТОТ НА СИТЕ ПОЛСКИ ПОЛИЊА ГОСПОДИНОТ ТАУ.
Само на сон
|
|
vardar
Senior Member
Joined: 03-Mar-2008
Online Status: Offline
Posts: 1106
|
Quote Reply
#46 Posted: 24-Dec-2008 at 00:49 |
Реално Кирче заслужува своја нишка ала Трифка али ај.
Него незнам дали човек да се смее или да плаче, и градоначалник и советници и инвеститор, кој е бетер од кого
Разгорена војната помеѓу Советот и градоначалникот на Аеродром
Тодоровски преку јавен оглас ги обвини советниците дека незаконски потрошиле 250.000 евра за паушали
Деспина Трајковска
Во Општина Аеродром повторно врие. Откако минатата недела на Кирил Тодоровски му беше изречена тригодишна затворска казна, страстите меѓу градоначалникот и Советот повторно се разгорија. Советниците најавија кривична пријава за клевета против Тодоровски поради огласот објавен вчера во дневниот печат, во кој тој ги обвинува дека незаконски потрошиле 250.000 евра од општинскиот буџет за паушали. Претседателот на Советот, Сашо Петковски, дополни дека ќе го тужат градоначалникот и за незаконски потрошените 1.000 евра за огласот. Објавата за советниците е неоснована, бидејќи, како што тврдат, парите не биле трошени незаконски, туку се исплаќале согласно со одлуките на Советот. Тие вчера ги отфрлаа наводите дека одлуката била поништена од Уставен суд.
Градоначалникот ги обвини советниците дека на секого од нив му биле исплатени во просек по околу 8.000 евра како надомест за присуство на седници, како и за патни и дневни трошоци за работата на комисиите на Советот. Тој со решение ги задолжува советниците да ги вратат парите со камата.
За повторно разгорената војна меѓу советниците и градоначалникот Тодоровски вчера требаше да се дискутира и на вонредна седница на Советот, но и покрај најавите, таа не се одржа. Официјално, седницата беше откажана заради дополнителни консултации на службите за да се испочитувал законскиот рок за донесување на буџетот, но и за консултации со надлежните министерства заради преземање активности во насока на одземање на ингеренциите на градоначалникот. Советниците бараат начин да го прекинат мандатот на Тодоровски заради заштита од повторување на делото и од злоупотреба на буџетските средства. Пред неколку месеци, кога градоначалникот беше пуштен од притвор, министерствата се изјаснија дека, според законот, Тодоровски е прв човек на Општината се' до правосилноста на евентуално изречена законска казна во траење од над шест месеци.
Кирил Тодоровски продолжи да си работи веднаш по изрекувањето на пресудата. И тоа со акција за уривање на објектот на фирмата „Елинг“, чиј газда го пријави за барање поткуп од 100.000 евра. Но, до уривање се' уште не дојде, бидејќи Општината не добила полициска асистенција. Како што велат од Аеродром, МВР без писмен документ ги одбиле со образложение дека барањето не им е комплетирано. Инвеститорите, кои освен локациски услови немаат никаков друг документ за изградба на објектот, обвинуваат дека најавената акција е класична одмазда на Тодоровски.
„Уривањето не е оправдано. Ги имаме сите услови за да добиеме одобрение за градба, но сега, по судската пресуда, тоа е невозможно. Со оглед на тоа каков градоначалник е, очекувам и самиот да дојде да не' руши. И сето тоа заради лична одмазда, а на штета на Општината“, изјави вчера Димитар Тодоровски, менаџер на „Елинг“.
Од Општината ги отфрлаат обвинувањата за лична одмазда на градоначалникот и велат дека решението за уривање не го потпишал Тодоровски, туку било изготвено додека тој бил во притвор. Општинарите укажуваат дека генезата на проблемот датира од 2005 година, кога објектот бил констатиран како дивоградба, бидејќи имал само локациски услови добиени од Општина Кисела Вода, по што во 2006 година градителот добил решение за стопирање на градбата, а на 23 февруари годинава и наредба за уривање.
|
|
|
beTon
Senior Member
Joined: 25-Jun-2008
Online Status: Offline
Posts: 3887
|
Quote Reply
#47 Posted: 29-Dec-2008 at 21:52 |
НЕ МОЖЕВ ГЛАВА ДА КРЕНАМ ОД РЕКЕТОТ ШТО МИ ГО БАРАА ЛУЃЕТО ОКОЛУ ГРУЕВСКИ Градоначалникот на општина Аеродром, Кирил Тодоровски неодамна беше осуден на казна затвор од три години заради примање поткуп од 100 илјади евра, кои што тој и неговата одбрана ги квалификуваат како донација за изградба на црквата Свети Пророк Илија. Тодоровски, впрочем како и сите други обвинети политичари, смета дека му е монтиран целиот случај. Тој уште на самиот старт на процесот изјави дека бил, наводно, рекетиран од партијата за дел од парите на општината да ги префрли на нивна сметка. Со други зборови, посочи дека така се полнела вмровската каса. Со оглед на тоа што финансирањето на партиите и изборните кампањи е најмистериозната тема, најстрого чуваната партиска и државна тајна, сметав дека осудениот градоначалник во очекување на правосилна пресуда, треба барем да добие шанса да ги дообјасни своите обвинувања за партиски рекет'. Во неговата верзија има и жиро-сметки во странство, надувани фактури, рекламирање, местени тендери - како начин на кој партијата доаѓа до пари ФОКУС: Вашиот прв коментар откако сфативте дека сте осуден на три години затвор беше дека пресудата против Вас била донесена уште пред три години на партискиот Централен комитет во Струмица? ТОДОРОВСКИ: Прво би сакал да објаснам како станав кандидат за градоначалник на ВМРО-ДПМНЕ. Јас бев директор на Агенцијата за вработување некаде пред конфликтот. И во тој период, на таа функција имав страшни притисоци. Ќе Ви наведам еден пример, за ЈП 'Аеродром' кога требаше да се вработат 100 лица и тоа сите Албанци. Тоа ми го побара тогашниот директор на Аеродромот, јас реагирав на тоа, бидејќи требаше да потпишам, во тоа време имаше таква пракса. И дојдов во конфликт со одредени луѓе. Во тој момент, бев подготвен да дадам оставка, дека така не одат работите. ФОКУС: Со кого влеговте во конфликт? Со Љубчо Георгиевски? ТОДОРОВСКИ: Влегов во конфликт со сите кои не работеа во интерес на македонскиот народ, бидејќи кажав дека додека сум јас директор на Агенцијата за вработување, тоа нема да се случи. Бараа да се извинам за ова што го кажав. Тоа не го направив, ме сменија во помошник директор на Агенцијата за вработување, но веднаш си дадов оставка. Груевски го запомни тоа. Во тоа време многу соработував со него како министер за финансии. Му помагав во многу работи. На пример, тој сакаше државата да ги контролира вработувањата да не одат кој колку што ќе му текне во било кое министерство или државна институција. Јас смислив начин како: во Одлуката за спроведување на буџетот да влезе дека без согласност на министерот за финансии да не може да се вработува никој. За тоа Груевски ми беше благодарен. Тоа беше во 2001 година, но во меѓувреме се сменија работите. Во 2002 година, ВМРО-ДПМНЕ катастрофално изгуби. Потоа и на претседателските избори доживеавме пораз и дојде до препукување меѓу Георгиевски и Груевски. Јас застанав на страната на Груевски. ПАРТИЈАТА ДАДЕ САМО ИЛЈАДА ЕВРА ВО КЕШ ФОКУС: Зошто се определивте за Груевски? ТОДОРОВСКИ: Георгиевски во тој момент беше 'аут'. А Груевски го почитував дека беше млад, амбициозен и упорен. Јас му се најдов и му помогнав и на еден начин ми остана должен. Во тој период, Груевски беше во судир и со Марјан Ѓорчев и Доста Димовска. Мене ми падна задачата да ги исклучам од партијата. Сепак, тие беа најголеми авторитети во партијата, покрај Георгиевски. Јас се нафатив на таа работа, затоа што прво човекот ме молеше. состојбата беше многу сериозна и сакав на Груевски да му помогнам. Но, тој очигледно лошите работи многу повеќе ги помни, човекот е многу суетен. Во 2005 година, кога дојде време за кампањата за локални избори, од 11 предложени кандидати од општина Аеродром јас избив на прво место. ФОКУС: Кој Ве избра? Груевски или базата? ТОДОРОВСКИ: Прво во рамките на базата. Во тоа времево Аеродром имаше 12-13 месни комитети и требаше да бидеш предложен бар од еден комитет. Јас бев предложен од 3-4 месни комитети. Потоа, има комисија во која беа Сашо Мијалков, докторот Борче Георгиевски и меѓу сите предложени, поминав јас. После една година, прашав зошто. Ми рекоа дека само јас сум имал програма. Но, не беше само тоа во прашање, туку имаше и други работи. Се интересираа кој сте, што сте, дали доаѓате да се збогатите или не и слично. Всушност, уште пред кампањата почна рекетирањето. ФОКУС: Добро, кој ја финансираше Вашата кампања за градоначалник? Собиравте ли донации? ТОДОРОВСКИ: Никогаш не сум собирал пари. Во животот сум работел разни работи и приватни и државни. Имав некое семејно наследство. Јас и за време на кампањата и пред неа користев само мои пари. ФОКУС: Кој износ го уплативте? ТОДОРОВСКИ: Јас не уплатив, но ми се бараше. Јас платив за мојата кампања, почнувајќи од реклами, спотови, билборди, плакати, пенкала, запалки. Во тоа време, од сите нас се бараше да платиме, бидејќи партијата беше во катастрофална состојба. Се сеќавам од она што го слушав од Груевски во дадени моменти дека барем милион евра беше партијата во минус, должеше пари на сите страни. За мојата кампања првично мис- лев дека ќе потрошам околу 20 илјади евра, но, трошоците беа многу поголеми, не се сеќавам точно колку. Во последните моменти плаќав на сите страни. Од 2002 до 2005 година партијата имаше доста неплатени сметки. Ме тераат сега мене наназад три години да платам нешто што не било платено. Беше многу некоректно. Јас да си ја финансирам мојата кампања, тоа е во ред, ама да финансирам трошоци за месните комитети во Аеродром неколку години наназад, не е во ред. Дел од моите пари беа и за плаќање на тие трошоци. Мислам дека по илјада евра даде и партијата на секој кандидат, а од каде ги наЈде парите, не знам. ФОКУС: Парите ви ги дадоа во кеш или на жиро-сметка? ТОДОРОВСКИ: Во кеш, во евра. Еден партиски функционер ги делеше парите. ФОКУС: Потпишувавте нешто? ТОДОРОВСКИ: Јас не, туку претседателот на општинскиот комитет, бидејќи кај мене не одеа парите. ФОКУС: Во секој случај, Вашата партија Ве кандидираше без проблеми? ТОДОРОВСКИ: Напротив! Ме кандидираа и на Централен комитет од 120 членови, 115 гласаа за мене, но противкандидатите веднаш почнаа да реагираат кај Груевски и да зборуваат дека божем сум лежел во затвор, дека кога сум бил во Агенцијата за вработување сум украл не знам колку пари и сл. Груевски во еден момент почна да се пишмани за мене. Се најде во една многу непријатна ситуација и една вечер во 18:00 часот ме викнаа во главниот штаб. Таму беа присутни Груевски, Миле Јанакиески, Гордана Јанкуловска. Борче Георгиевски, Сашо Мијалков и три часа ме убедуваа да се откажам од кандидатурата за градоначалник.
Математика 'ТИЕ ПАРИ НЕ СЕ ВАДАТ ПРЕКУ ЕДЕН МАНДАТ' ФОКУС: Кој беше мотивот да дадете околу 30 илјади евра, Ваши пари? Обично луѓето што финансираат кампањи очекуваат тоа да им се врати? Си го повративте ли вложеното? ТОДОРОВСКИ: Верувајте дека јас сум многу искрен и хуман човек. Сакав да помогнам на општината, а тие пари не се вадат преку еден мандат, може дури во вториот. Јас имам некој ќар од оваа работа што сега земам 68 илјади денари месечно или над илјада евра и кога ќе помножите со 12 месеци тоа се 12 илјади евра. За 4 години мандат, тоа се 50 илјади евра и во овој период најверојатно сум ги повратил тие пари. Може не сите, но имате привилегии, личност сте, Ви годи работата. Но, сепак, најтешка работа во животот ми била оваа, најѓаволска работа, бидејќи цело време сте под контрола, Ве снимаат, Ве следат, секој може да Ве малтретира. Сто пати на човек да му помогнете, сто и првиот пат да не му дадете помош, ништо од претходното не се важи. Многу е битно дали влегувате за да ќарите или влегувате за некоја друга цел. Многу е важно да ја сакате општината. Секогаш сум викал дека ако некогаш бидам на позиција, нема да бидам како овие другите што крадат, дека има и поинаков начин на работа. Во првиот мандат обично немате што посебно да покажете. Но, сепак, со Општината Аеродром се случи препород во само еден мандат. Општината Аеродром се' уште не е најдобра, но нема подобра во државава. Условно речено, горд сум што направив европска општина.
| БАРАА ДА ТРОШАМ ПАРИ НА РЕКЛАМИРАЊЕ ФОКУС: Што нив толку ги поколеба? ТОДОРОВСКИ: Дека сум ваков или таков, тврдоглав. Ми рекоа дека се шират гласови за мене и дека тоа ќе влијае на кандидатурата. Јас не се откажував, зашто прво ми беше срам. Веќе беше објавено дека сум избран за кандидат за градоначалник на Аеродром на ВМРО-ДПМНЕ. Тогаш, Груевски ги тргна останатите и ме праша: 'Што си запнал сега, ние ќе дојдеме на власт идната година и ќе те ставиме министер за труд и социјала. Во Македонија ти си најупатен за тоа'. Но, јас бев решен да одам на избори за градоначалник. Едноставно, знаев како работи Груевски, па си реков: поарно во општината, барем ќе бидам колку-толку независен, отколку таму во владата, ќе бидам врзан 24 часа на ден. Го знам неговиот стил на работа. Му реков: 'Претседателе, јас сум човек во години, ја сакам општината и сум роден да бидам градоначалник'. Минута-две беше шокиран, не знаеше дали сум луд или нешто друго и на крај ми рече: 'Нека ти биде'. Но, тоа не траеше многу долго. Ноќта некаде околу 11:00 часот ми се јави, ме разбуди и ми рече дека може да ми ја скине кандидатурата. Го прашав како ќе го направи тоа, бидејќи тоа може да го стори само Централниот комитет. Но, ми рече дека ако сака може и тоа да го направи, дека има начини. Сепак, на крај ми порача дека ќе ми даде шанса. Но уверен сум дека мислеа оти нема да победам и дека ќе бидам жртвено јагне. Да ве потсетам дека на претседателските избори во 2004 година, во Аеродром, Кедев изгуби од Црвенковски 5:1. И поради таквата катастрофална состојба тие сметаа дека јас нема да победам. Во првиот круг, јас бев зад Шутиновски од СДСМ со приближно 2.500-2.600 гласови. Но, во вториот круг го победив за 900 и нешто гласови. Тие не очекуваа таков пресврт и од тој момент се' се промени. ФОКУС: Се промени односот на партиското раководство кон Вас?! ТОДОРОВСКИ:Од кога станав градоначалник, започна и рекетирањето. Знаете ли што значи да се направи една нова општина? Во април 2005 година станав градоначалник, а немав ниту столче, компјутер, вработени, буџет, а имав празна сметка. Еден период бев сместен во општина Кисела Вода, од дома си донесов компјутер, а во оваа зграда сме од август 2005 година. Зградата беше на Станинов, но беше запуштена и во катастрофална состојба. ФОКУС: Ја купивте од Станинов? ТОДОРОВСКИ: Не, се' уште сме под кирија. На Станинов му плаќавме, односно на ЗУС. Со него имавме потпишано договор за користење на зградата што истекува до крајот на идната година. Но, во меѓувреме, Станинов ја изгуби зградата, бидејќи била под хипотека на Комерцијална банка. Банката му ја зеде и му ја продаде на Мите Николов од 'Брилијант'. И тој сега е сопственик. ФОКУС: Рековте дека откако бевте избран за градоначалник започнало рекетирањето. Како изгледаше тоа? ТОДОРОВСКИ: Прво беше софистицирано. Ни бараа пари, но кога ќе кажевме дека немаме пари, ни велеа дека општината има. А веќе ви реков дека од 1 април до 23-ти ноември 2005 година, јас бев единствениот вработен во општината. Морав самиот да направам буџет, одлука за организација, правилник... ФОКУС: За што и како Ви бараа пари? ТОДОРОВСКИ: На пример, во тој период се организираат курсеви за градоначалниците, а нив ги имаше и пред и потоа. Одевме во Охрид на ден-два и сметката е колку што е. Но, ќе ви дадат фактура и таа е неколку пати поголема и таа фактура кога ќе се вратите, треба да ја платите. Со тие фактури, она што мене ми е одредено како репрезентација, го стопив за многу краток временски период. Во тој период, ќе се јавеше некој и ќе кажеше да потпишам договор за таа и таа фирма за рекламирање за големи пари, некаде за околу 10 илјади евра. Но, што да потпишам и што да рекламирам кога немав ни вработен, ни буџет, ни комисија за јавни набавки. Веднаш одбив. ФОКУС: Преку рекламирањето најлесно се извлекуваат пари? ТОДОРОВСКИ: Вие не знаете колку пари некој даде преку 'Водовод и канализација' за рекламирање?! Огромни износи, но човекот беше партиски војник. Мене ме предложил премиерот, сегашниот претседател, но ме избрал народот. Овие не се ниту мои, ниту негови пари.НА ЦК ВО СТРУМИЦА МЕ НАПРАВИЈА 'ПАРТАЛ' ФОКУС: Кога би дошол некој да го прочешла периодот кога бевте сам вработен во општината, би нашол ли криминал? ТОДОРОВСКИ: Јас сум економист и професор по математика, имам два факултета и многу добро си ја познавам работата. Знам дека кога и да е, некој ќе дојде и ќе ја исчепка работата, како што вели Заев. Но, дали и кога ќе дојде СДСМ, прашање е, ама технички и теоретски, тоа е така. Да ви кажам, на градоначалникот од Могила или на оној од Новаци свеста им се одземаше кога мораа да платат некоја фактура. А, износите беа колку што чини една свадба. Тоа може и во Скопје да се организира и да нема никаков трошок, но направиле тоа да биде на некое друго место, да се патува до таму. После тоа, ви даваат фактура, но ајде првиот пат проаѓа, вториот, третиот, но, четвртиот пат веќе луѓето почнуваат да се плашат. Некој одбива, некој не. Тој што не одбива, повторно сега ќе се кандидира со поддршка на Владата. Јас ги одбивав таквите работи и им кажував дека треба тоа да го скратат, дека не можам толку да платам. Е, во септември имаше Централен комитет во Струмица и ме направија 'партал' дека не и' помагам на партијата. Ме нападнаа сите со ред, а меѓу првите беше претседателот на Советот, Зибероски. ФОКУС: Ве критикуваа само заради тоа што не давате пари или и дека не вработувате партиски кадри? ТОДОРОВСКИ: За се'. Јас при вработувањата настојував да примиме млади и квалитетни луѓе од Аеродром, да знаат јазици, компјутери. Тоа не одеше само преку мене, туку и преку Агенцијата за државни службеници. Возачите и хигиеничарките одеа преку мене. Во тој период, многу лесно ги пополнив тие технички работни места. ФОКУС: Вработивте ли партиски кадри? ТОДОРОВСКИ: Вработив, но сите беа квалитетни. Дел од оние што ми ги нудеа, не беа. Но, не ми даваа само луѓе од нашата партија, туку имаше и од коалиционите партнери. Знаев дека во иднина ќе си имам мака. Не само што некои од кадрите што се нудеа не беа квалитетни, туку беа и проблематични. ФОКУС: Одговоривте ли Вие на критиките, на седницата во Струмица? ТОДОРОВСКИ: Ме направија ренде'. Станав да се бранам, но колку можев да се одбранам, само Господ знае. Целта беше еден да се нападне од сите страни за да се попушти, бидејќи тие почувствуваа дека јас ќе им правам проблеми и дека тоа ќе биде поучно и за другите. Ако мене ме легнат, а јас сум најекспониран, тогаш со другите е полесно. Од Струмица почна да пука тиквата. Ме напаѓаа, на пример, зошто на Советот на општината не му давам пари колку што бараат. А советниците бараа по 40-50 илјади денари, што беше 4-5 пати поголем износ од вистинскиот. Тогаш имаа право на по 4 илјади денари од седница или 30 отсто од просечната плата во Македонија. Тие држеа по 4-5 седници без потреба, некогаш со по една точка. Но, јас интензивно работев во општината, технички ја стабилизирав и почнаа работите да одат на арно. Првите месеци кога бев сам, заштедив некаде околу еден милион евра и сакав тие да влезат во инвестирање на општината, во детални урбанистички планови. Општината ја поделив на 30 дела, имаше 30 планови и интензивно работев на плановите. Тие чинат многу, ама еден проект да се реализира, еден хотел да се направи, ќе ги вади тие средства. Груевски ме прашуваше што сум направил и бараше да се направи некоја клупа, паркче, но, јас одев на покрупни работи. Не можев ни клупи да ставам, немав вработени и не можев да формирам комисија за јавни набавки. Еднаш ми рече да прекинам со тие ДУП- ови, а сега ДУП-овите му се на прво место на премиерот. Да се вратам на советниците. Како почна да се полни касата, така тие повеќе притискаа. Почнаа секој месец да измислуваат некои работи за да земат што повеќе пари. Освен тие пари за присуство на седници, кои се земаат по основ на законот, формирале 15 комисии и секој е во 4-5 комисии, и за секоја комисија да се зема над 4-5 илјади денари без разлика дали се одржале седници или не. ФОКУС: Колку пари му се собираа така на еден советник? ТОДОРОВСКИ: Околу 40-50 илјади денари месечно. Сите тие одлуки ги оспорив на Уставен суд и кога Груевски стана премиер му дадов еден куп одлуки на Уставен суд и тогаш барав да се распушти Советот на општина Аеродром. Во законот стои дека ако советот донесе два пати една иста неуставнаодлука, тогаш се распушта. Овде не беше два пати, туку 15 пати донесоа исти вакви одлуки, а кои на моја иницијатива Уставниот суд ги поништуваше. ФОКУС: Тука влеговте во конфликт со целиот Совет? ТОДОРОВСКИ: И со Груевски, зашто тој не сакаше да го распушти Советот.[quote]Опасни игри 'ТРЕБАШЕ ДД УПЛАТИМЕ ПАРИ НА ЖИРО - СМЕТКА ВО СОфИЈА' ФОКУС: Велите дека уште пред кампањата почнало рекетирањето? Како? ТОДОРОВСКИ: Па, Ви даваат жиро-сметка и име на фирма во Софија за да уплатите пари. А тоа не беа мали износи. ФОКУС: Пред да почне официјално кампањата за локални избори? ТОДОРОВСКИ: Пред да почне, јас бев одреден дека ќе бидам, ама уште не бев влезен на список. Ни даваа образец да ги уплатиме парите на една фирма отворена во Софија. ФОКУС: Фирмата е на Бугарин или на Македонец? ТОДОРОВСКИ: Пополнувате нешто дека доброволно за некакви работи донирате пари некаде во Софија. ФОКУС: Чија е таа сметка во Бугарија? ТОДОРОВСКИ: Мислам дека сметката е на еден висок партиски функционер. Не верувам дека е на партија. Но, тоа е многу опасно за мене и не би сакал повеќе да кажувам. |
Edited by beTon - 29-Dec-2008 at 21:56
|
|
beTon
Senior Member
Joined: 25-Jun-2008
Online Status: Offline
Posts: 3887
|
Quote Reply
#48 Posted: 29-Dec-2008 at 21:54 |
ИЗМИСЛИЈА ФИКТИВЕН ДОЛГ ОД ЕДЕН МИЛИОН ЕВРА ФОКУС: Зошто? ТОДОРОВСКИ: Па, нека земат пари, што ти е гајле, ми велеа. Но, за тоа што тие земаат пари, јас можев да одам во затвор. Тоа беше 2005-2006 година. Бев притиснат за пари не само за партијата, туку и за советниците. Јас ги тужев и ќе презентирам пред јавноста кој колку зел, се' имам на лист хартија. Незаконски зеле разлика околу 250 илјади евра. А, сега, додека бев во притвор, работата се зајакнала уште повеќе. Значи, за доаѓање и одење на работа, за превоз, моите вработени земаат 900 денари, а советниците над 7 ил јади денари месечно за еднаш што ќе дојдат. Дојдов во конфликт со Груевски, бидејќи сакав законот да го спроведам, а господинот ми вели да мижам. Како да мижам, кога утре ќе дојде некоја друга власт... ФОКУС: Дали во 2006 година, пред парламентарните избори имавте притисоци за финансирање на партијата? Веќе зајакнавте како општина, имавте пари. ТОДОРОВСКИ: Во 2005 година јас се обидував да ги осуетам нивните апетити и тие беа резервирани колку-толку кон мене. Но, во другите, околни, општини направија ’ршум. И овде доаѓаа, околу јавните набавки ми кажуваа што и како треба да направам. Еднаш го повикаа претседателот на комисијата за јавни набавки, им реков дека тој е пар тиски нивен човек и со него да договараат. Јас пред неколку дена го избркав овој човек од работа, а тој ја здувна на боледување со двајца од техничкиот персонал. Оној што сега ми формираше синдикат во општината, па синдикатот демек да ми врши притисок. Тие три и пол години не формираа, и зошто не формираа за време на Зибероски? Сметам дека тоа е поттикнато и организирано одвнатре за да ме држат мирен и за да не вревам. После тоа ме повика Мартин Протоѓер и ми кажа дека треба да молчам. Му реков дека тие треба да молчат, а не јас, бидејќи јас ништо не сум направил. ФОКУС: Да се вратиме на обидите како што велите 'да Ве рекетираат'?! ТОДОРОВСКИ: Кога видоа дека нема да можат директно со мене, се обидоа индиректно. Тоа го започнаа во 2005 година. Ние се одвоивме од Кисела Вода и од вкупно 130 илјади жители, околу 80 илјади влегоа во Аеродром, а во Кисела вода останаа околу 50 илјади жители. И тогаш измислија некој делбен биланс, а во законот стои дека документите, архивата, се предава од едната општина на другата. Но, никаде не пишува дека некакви пари треба да се делат. Наеднаш измислија некаков наш долг, не знам каков, на општина Аеродром кон Кисела Вода од еден милион евра. ФОКУС: Каков долг, кога вие сте нова општина? Кога го направила општината тој долг? ТОДОРОВСКИ: Никогаш. Измислија некој фиктивен долг за тие пари да одат таму и после тоа да одат на друго место. За ова еден месец ми досадуваа Трајко Славески, Влатко Ѓорчев и Влатко Чингов. И имав вистинска тортура од нив за да дадам пари на Кисела Вода. Им велев дека немам пари, но ми се закануваа дека ќе видам што ќе ми направат. Ова се случуваше пред Централниот комитет, пред Струмица. Додека бев во притвор, Зибероски изјавуваше дека ќе го реши овој проблем. Но, адвокатите го советувале дека ако потпише, не му бега затвор и се повлекол. Зошто инаку Зибероски не го потпиша тој т.н. делбен биланс? Изгледа дека некој му кажал дека работата не е како што треба. Една од тие работи беше таа - парите да се оттуѓат од општина Аеродром. Но, важно е дека од мене не ги извлекоа парите, па подоцна се обидоа на друг начин тоа да го завршат, зборувам за 2005 година. ФОКУС: На кој начин? ТОДОРОВСКИ: Ќе наведам пример со една позната фирма, што има седиште и Управна зграда во Аеродром, а градеа уште една. За другата зграда што ја градеа немаа платено комуналии, односно ми тврдеа дека некогаш имале платено на Кисела Вода на Љупчо Димов. Но, им реков да си ги земат парите од Кисела Вода и да ги платат овде за да им се издаде одобрение за градење. И во 2006 година, некаде пред изборите, Џорџе Арсов, градоначалникот на Кисела Вода, дал одобрение за градење во општина Аеродром. Тоа е кривично дело и за тоа некој треба да си сноси одговорност. Пред седница на ЦК во Штип јавно кажав дека е преседан градоначалник на една општина да даде одобрение во име на друга општина. А, знаете зошто беа тие работи? Некои пари се дадоа, а кој и како ги зема, можам само да претпоставам. Човекот си имаше мака, објектот требаше да му се урне. Зборуваме за износ од неколку стотици илјади евра, пари што требаше да влезат во општина Аеродром. Не можам јас без платени комуналии да му издадам одобрение за градење.'МЕ ПРИТИСКАА ДА НЕ РУШАМ' ФОКУС: Значи, Кисела Вода му го издаде одобрението? ТОДОРОВСКИ: Да, му го издаде, но во 2006 година, една година по изборите. Јас реагирав на сите страни за тоа, а за тоа Џорџе Арсов доби тужба. Реагирав во рамките на законот, не можам да реагирам поинаку. Ги објавив сите диви колективни градби во весникот на општината и најавив нивно уривање. Тогаш ме повика премиерот и ме праша што мислам со тоа да правам. На Централен комитет на партијата, во Кочани или во Виница, Груевски се фаќал за челото и се прашувал 'Што си направив со овој човек?'. Но, јас ништо не правев, само го спроведував законот. Очигледно дека го болеше нешто околу тоа. ФОКУС: Знаете ли што го болело? ТОДОРОВСКИ: Го болеше ова. Најголемата индивидуална дивоградба - зграда во општината е на Томче Ѓуровски, а тој во тоа време беше претседател на Општинскиот комитет на Аеродром. Во моментов, истиот е заменик-генерален директор на Фондот за пензиско и инвалидско осигурување, а јас зградата треба да ја рушам. Ме повикаа во Главниот штаб, премиерот со Томче Ѓуровски, седнат на работ на неговата фотелја, а јас спроти нив. Ме праша што ќе му правам на човекот, а јас одговорив дека ќе ја рушам неговата џиновска дивоградба. Ме праша како тоа јас да го рушам, кога тој бил наш човек, реков дека тоа нема врска дали е наш човек, тоа е по законот. Ако него не го срушам, нема да рушам никого во општината. Ми рекоа дека со вакви работи ќе си ја земам белјата. Почнаа да ме притискаат, да не рушам, да молчам, да кријам... Одев лудо храбро и со тоа се судрив со државата. За се' бев во право по законот, ама според нив, не бев во право. ФОКУС: Но, зошто да се урива ако може да се плати драстична казна?! ТОДОРОВСКИ: Така е во Шведска, ама може и кај нас да биде така со Законот за легализација на дивоградбите. За оваа зграда (на 'Елинг', н.з.) ми подметнаа. Требаше да молчам се додека не се донесе Законот за легализација на дивите градби. А, знаете дека Миле Јанакиески го најави тој закон уште пред две-три години и никако да излезе со него. Со тој закон ќе може ако еден објект се вклопува во деталниот урбанистички план да се легализира. Многу итро ја направија работата. Ми го пратија газдата на 'Елинг' на капија некаде во средината на јануари оваа година. Јас прв доаѓам и последен си одам и на излегување околу 17:00 часот, ме сопре тој на врата долу, за тоа имам сведок, возачот, којшто беше присутен, и тој сведочеше за тоа. Го прашав кој е и што сака. Ми се претстави и кажа дека е подготвен да помогне за црк вата. Му реков дека овој разговор не се прави ова време и го поканив утредента да дојде и го упатив да се види со Сашо Стојчески (второобвинетиот, н.з.). Инаку, приближно во исто време бев притиснат уште за еден случај. Ми рекоа дека ако не го направам 'тоа' ќе си ја земам белјата. Постојано и во континуитет ми се закануваа. Стануваше збор за многу богат Албанец, кој ги финансира сите албански партии, а јас дури во априлскиот број на општинскиот весник сакав да го објавам тоа, за сите закани кои ми се случуваа, но работата се сврте. Еве, тука ќе прочитате, но тоа не е објавено, затоа што ми се заканија да не го објавам (покажува на текстот, н.з.). ФОКУС: Кој Ви се закани, од партијата или Албанецот? ТОДОРОВСКИ: Еве ја целата работа како беше. Во јануари-февруари почувствуваа дека јас ќе ја пробијам оваа работа. Тогаш прво премиерот ме повика на еден состастанок на комитетот за експанзија во градежништвото. Инвеститорот не беше присутен, премиерот беше внатре, а надвор беше министерот за просторно планирање и животна средина, од ДПА. Премиерот дојде со него, го седна лево од мене и јас сфатив што е работата, бидејќи во тој период доаѓаше министерот во општината и бараше за Албанецот да му се определи маркица каде што немаше право за тоа. Јас и на Албанецот и на министерот им кажував дека нема шанси да се согласам со маркица за градење, додека јас сум тука, дека сакам и јас да живеам во општината, и дека подобро е да земам пиштол и да се отепам. Бараше на простор што е наменет за зеленило, за спорт и рекреација, да направи зграда во етнички чиста македонска средина на зелената површина во непосредна близина на мојот дом. Тогаш, премиерот ме праша зошто не се согласувам со маркицата, а јас се обидов да му кажам дека законски тоа не е во ред. На крајот, кога виде Груевски дека со мене не може да се разберат, министерот започна да ме навредува од страна. Реков дека ќе си станам и дека нема да ги слушам овие навреди. Тогаш ми рекоа во понеделник да бидам во 9:00 часот кај министерот Миле Јанакиески, иако тој беше тука до него. Отидов на договореното и со мене беше второобвинетиот Сашо, но се повторија истите разговори. Во летниот период, додека бев отсутен (во притвор, н.з.) имаше обиди да му се даде маркица и се уште во програмата на Владата стои таква работа. Но, јас тука не попуштив. Истиот тој Албанец доаѓаше кај мене неколку пати и ме прашуваше колку пари сакам, но јас го одбивав. 'ЌЕ ГО ОБЈАВЕВ ТЕКСТОТ АМА МЕ УАПСИЈА' ФОКУС: Значи, не подлегнавте на притисокот, но затоа подготвивте текст за Албанецот за општинскиот весник во април. Зошто не го објавивте? ТОДОРОВСКИ: Затоа што премиерот разбра за работата и за извесен период го тргнав текстот, бидејќи ни беше тригодишнина на општината и не сакав да се крева врева, да биде циркус. Јас го имам сочувано текстот и сакав да го објавам во некој нареден број, но ме уапсија. Сепак, интересно е дека во истиот период, покрај донацијата за црквата од 'Елинг', имаше уште една донација од 100 илјади евра од еден висок функционер на ВМРО-ДПМНЕ. ФОКУС: Тој Ви ја даде донацијата? ТОДОРОВСКИ: Не, тој дојде заедно со уште еден човек. И за оваа донација потпишавме договор заверен во 6 примероци, и парите влегоа на сметката на Здружението. На крајот од судскиот процес како последен сведок беше Коста Станоески, секретарот на скопската епархија, кој потврди дека овие донации биле уредно пријавени на Црквата. Тој пред судот спомена 200 илјади евра донации и никој не обрна внимание дека не се 100 туку 200 илјади евра. Никој не потпраша ако 'Елинг' дал 100 илјади, од каде се другите 100 илјади евра. ФОКУС: Дали тој висок партиски функционер што ја дал донацијата имал некоја 'мака' со вашата општина? ТОДОРОВСКИ: Тој првично ми криеше дека во тој период купил плац без маркица во општина Аеродром по багателна цена. Откако се дадоа парите за донација за црквата, тогаш тој почна да ми зборува дека таму сакаат да градат нешто и му реков да запре малку, дека кога ја даде донацијата, не ми спомена вакви работи. Му кажав дека ако сака да гради, ќе треба Миле Јанакиески да го праша. Но, кога го прашав министерот, тој ми кажа дека нема шанси, зашто Миле воопшто не го трпи него, не знам зошто. Зошто никој не ги споменува тие 100 илјади евра донација? Зошто не ме обвинија за нив? Кога бев на суд и во полиција кажав дека во тој период има уште 100.000 евра донација. Дајте еднаш осудете ме на 10 години, а не нон-стоп да ме малтретирате. Другиве 100 илјади евра не се пипнати исто така, туку стојат на сметка. Во секој случај, на човекот за кој Ви зборував во еден момент му реков дека ако сметаат опти донацијата ми ја даваат како поткуп, веднаш бев подготвен да ги вратам парите. Ме напаѓаа дека сум лош менаџер и дека сите во светот така работат. ФОКУС: Но, дали врвот на партијата знаеше за ова? ТОДОРОВСКИ: Па и ова е дел од партијата. Мислите ли дека Миле не знаеше за ова? ФОКУС: Дали во 2006 година, на парламентарните избори и помагавте финансиски на Вашата партија? ТОДОРОВСКИ: Пред изборите, во јуни доаѓаа тука, но јас не сакав да помагам. Доаѓаше и претседателот на Советот на соседна општина и секогаш доаѓаше во група со двајца-тројца и бараа пари. Јас не сакав да соработувам и ми се закануваа. ФОКУС: Во која смисла бараа пари? Од парите на општината? ТОДОРОВСКИ: Од јавните набавки. Јас сега тука работам, на пример, асфалтирам некоја улица и тоа чини 100 илјади евра. И од тие пари бараа дел. Не од мене директно, туку бараа на тој да му се јавам и да му ја кажам работата, но, реков дека тоа нема да се случи. Ме прашуваа кој е претседател на комисијата за јавни набавки и одеа кај него, кај оној што деновиве пишува во весниците дека сум го избркал, што формираше синдикат. ФОКУС: Парите за кои Ве осудија биле донација за градба за црквата, што судот ги квалификува како поткуп. Од друга страна, скопската епархија за милиони евра купува хотели. Зарем не мислите дека и без Вашето Здружение, МПЦ има пари? ТОДОРОВСКИ: Зошто дедо Стефан не застана зад мене? Јас го споменав и се заблагодарив на МПЦ, бидејќи на крај смогна сили да прати претставник да каже дека се' знаеле и дека дедо Стефан знаел за донацијата за која ме осудија. Значи, било транспарентно давањето пари. АЕРОДРОМ ЗА НЕКОГО ЌЕ БИДЕ 'ЗЛАТНА КОКОШКА' ФОКУС: Имате ли објаснување зошто откако господинот од Елинг' ги дава парите, донацијата или поткупот, сеедно, минуваат 40 дена до денот кога ќе Ве уапсат. Зошто чекале толку? ТОДОРОВСКИ: Тие мислеа дека кога-тогаш ќе ги земам парите и тогаш ќе ме уапсат со пари во џеб. Ама дојдоа изборите и тие избрзаа поради тоа. ФОКУС: Како пример дека се апсат и вмровци. ТОДОРОВСКИ: Латас многу често го кажува истото. И уште манипулираат со таа работа. Јас се' уште сум член на ВМРО ДПМНЕ, но сега после оваа пресуда, очекувам да ме исклучат од партијата. Мартин Протоѓер веќе ме опомена. ФОКУС: Кога? Каде? ТОДОРОВСКИ: На 19-ти септември, во петок, ме пуштија од притвор. Следниот ден, се сеќавате, обив 4 брави за да можам да влезам во општината, бидејќи партијата ми подготвуваше отпор, лично да ме пречекаат пред вратата на општината и да не ми дозволат да влезам. По една недела, ме повикаа на Комитетот за експанзија во градежништвото. Кога требаше да започне, ми пријде една девојка и ми шепна дека ме барал Мартин Протоѓер. Станав и тргнав по неа. Знам дека тој не сака да ме види, а не пак да седне со мене да разговара... ФОКУС: Зошто? ТОДОРОВСКИ: Бидејќи јас сум посебен карактер и поинаков човек. Ми кажа: 'Ти немаш поим колкава непроценлива штета правиш на партијата и не знам дали тоа го правиш свесно или несвесно. Да застанеш и да престанеш, зашто знаеш што ќе ти се случи'. Му реков дека што сака повеќе од она што ми го направија и дека и 100 години да бидам во затвор, ќе бидам истиот. Мартин повторно рече: 'Еве, застани, молчи, не зборувај и престани со таа работа'. Го прашав што ќе биде со Зибероски, па и со претседателот на Советот на Аеродром, рече дека и ним ќе им каже и почна да врти на телефонот. Сега пред неколку дена се јави и Роберто, тој му е на Протоѓер како заменик. Јас пуштив во јавноста едно соопштение во врска со синдикатот што го прават во општината, дека всушност тоа се членови од раководството од иста партија и почна да ме убедува да престанам веќе. А, Роберто ми кажа дека се јавува во име на Мартин. ФОКУС: Значи, цело време сте биле во судир со Партијата? ТОДОРОВСКИ: Една од причините што сум притворен е да не одам повторно на втор мандат, иако јас мислам дека ќе го добијам и вториот мандат. Сериозно размислував повторно да се кандидирам. Тие почувствуваа дека рејтингот ми расте кај граѓаните. ФОКУС: Сепак. некои проекти сте ги прифаќале иако не сте верувале во нив? ТОДОРОВСКИ: Висококатницата, на пример, не беше моја идеја, туку Груевски и Миле Јанакиески сакаа да ја претстават Македонија како земја на облакодери, барем на хартија. Знам дека тоа е утопија и дека 500 метри - тоа го нема никаде во Европа. И Трифун Костовски велеше дека нема да потпише додека е жив, но како и јас и тој потпиша како попче за да има мир како градоначалник. На крајот обајцата го потпишавме планот. ФОКУС: Зошто потпишавте, заради притисокот? ТОДОРОВСКИ: Да. Не сакав за се' да влегувам во конфликт и ништо не пречи ако има висококатница. Јас со ДУП-овите направив околу 10 милијарди евра инвестиции да влезат во општината и да се вработат 25.000 лица во наредните 10-15 години. ФОКУС: Значи, за тој што ќе дојде сега на Вашето место овде, ќе се слева голема пара. ТОДОРОВСКИ: Да, општина Аеродром ќе биде за некого 'златна кокошка'.
Последици 'КЕ МЕ УНИШТАТ И МЕНЕ И СЕМЕЈСТВОТО' ФОКУС: Какви реакции очекувате после разговорот за 'Фокус'? ТОДОРОВСКИ: Дека ќе ме уништат психички, финансиски и физички, и мене и семејството. ФОКУС: Во која смисла? ТОДОРОВСКИ: Нека ви каже син ми како го бркале, како го притискале, како му правеле сообраќајки, како го следеле. Дури влегувале дома и го тепале кучето со клоци. Го наоѓавме прекршено и сокриено под кревет. ФОКУС: Обивано Ви е дома? ТОДОРОВСКИ: Ги менуваме неколку пати бравите и има ситуации каде од автомобилот на син ми му се земени клучеви и паричник. Од каде Алфите се погодиле веднаш до него?! Тој ги препознал. Знам и дека неколку години ме прислушкуваат. |
Фокус - Јадранка Костова - 25.12.2008 |
Edited by beTon - 30-Dec-2008 at 00:03
|
|
beTon
Senior Member
Joined: 25-Jun-2008
Online Status: Offline
Posts: 3887
|
Quote Reply
#49 Posted: 29-Dec-2008 at 21:57 |
последно интервју за Фокус од 25.12.2008 каде основано или не на свој претпознатлив начин градоначалникот Кирил Тодоровски ги демистифицира колегите, партијата и сопствениот линч преку судењето ... текстов го постирав најпрво во Административно раководење бидејќи покрива добар дел од начинот на кој функционираа и фунционираат сите општини во Македонија без разлика на партиската припадност! но најверојатно заради континуитет со статијата која ја постираше лсл погоре е преместен тука и можеби реално за некого повеќе му звучи за во мафија што не е спорно, но според мене доловува битен момент во административното работење на градски власти во СК т.е. раѓање на највота и најбогата општина во МКД! но вкус е вкус секој со своето мислење! инаку вакво разобличување требаше порано да се случи пред да го наместат градоначалникот Кирил, но и самиот тој најверојтно не очекувал дека ќе го фрлат на вакво дереџе! инаку текстот е прилично информативен иако почнува со сензационалистички наслов кој наизглед е политичко препукување! сега е јасно дека висококатниците во аеродром не се идеја на градоначалникот Кирил туку маркетинг трик на партијата чив член е! неможам да не се изначудам колку храброст треба човек да има за вака прецизно и јавно да ја долови цела атмосфера во која се трудел да ја формира и тера општина Аеродром! дури сега е јасно кој е луд и зошто постојано го правеа луд човекот!
хм!
Edited by beTon - 30-Dec-2008 at 00:41
|
|
La Linea
Senior Member
Joined: 07-Nov-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2067
|
Quote Reply
#50 Posted: 30-Dec-2008 at 00:48 |
И јас сум до некаде воодушевен од храброста која ја покажува, иако веќе нема што многу да изгуби. Сосема е возможно и многу да зажали за ова, зошто најверојатно сеуште е во афект и делува импулсивно.
Особено ме изненади фактот дека човекот има завршено 2 факултети, и читајќи го интервујто наеднаш човекот воопшто не ми изгледа прост, туку напротив, остроумен. А сега навистина ми е јасно со каква влада си имаме работа и што можеме да очекуваме понатаму.
|
Помогнете во Македонската Википедија - Слободна енциклопедија!
|
|
beTon
Senior Member
Joined: 25-Jun-2008
Online Status: Offline
Posts: 3887
|
Quote Reply
#51 Posted: 30-Dec-2008 at 01:31 |
па сите партии се финансираат на овој начин, ноова е само капка во споредба со рекетот врз ЈП-ата или пак добростоечките фирми! да нема забуни цел свет функционира на овој начин со идиректни спонзорстава од фирми чии приходи се сомнителни, но никаде не останува простор вака некој да удри по партијата, обично или ги убиваат ваквите испади на културен начин или ги заплеткуваат со награди! во случајов пристапот на партијата им бил посуптилен, но како што кажа Кирил не го дочекале да ги прибере бележаните пари со себе и на пат до дома или дома да го уапсат со нив! инаку како обем далеку помалку и потешко се цедат пари него порано за време на ембаргото кон југославија но тогаш за партијата одеше симболична сума, а повеќето завршуваа во приватни џебови. додека сега едвај крпат за да покријат тековен маркетинг на партија, а како награда евентуално властодршците добиваа стан или викендичка, но не и сметка во дринидат и тобаго во секој случај можеби и го спасија со судењево од ликвидација, бидејќи доколку го оставеа Кирил да се справува сам на легален начин со урбаната мафија, дефинитивно ќе го испокасапеа волците на овој или оној начин! сигурно мислеа дека вака само ќе го заќутат и судот ќе го пушти со условно, останува да видиме како ќе тера муабетот понатаму! сепак секоја чест за Кирил! инаку човекот е далеку од глуп, па зар ќе успее да убеди толку лесно да гласа народ за него и да го предложи за кандидат и да го избере за градоначалник, и тоа на општина Аеродром! човекот навистина постигна многу, од нула дотера до добра позитива, агилен е, а и пристапот му е единствен, доби нова машина за печатење на донација од усаид и редовно и јавно ги информираше аеродромци за сите случувања во општината...
|
|
lslcrew
Senior Member
Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
|
Quote Reply
#52 Posted: 30-Dec-2008 at 02:39 |
Бетон незнам за кој мој пост посчуваш?!
Третманов со Кирца е сеуште докрај не ферментиран! Ја ќе почекам уште некое време да доскиселат работиве до избори и да излезе уште понекоја информација па да кфалиффикувам. Да давав свој став пред месец дена сигурно ќе го изкритикував остро Кирца, ама денеска не би го рекол истото што тогаш би го имал речено. Така да сеуште не го знаеме епилогот, иако суд-от официјално пресече. Сега има жалбени постапки, од кај знаеме што све ќе излезе. Еве сега нови случаи се залепуваат за овој како со оваа гзрадата што требаше наводно одмазнички да се руши и слично. Или како то викаше една наша новинарка ,"Мрежата се фрла на далеку и нашироко, па после кога се збира порво искачаат ситните риби, а големите се најдоле у мрежата. Ама големите се тука и неможе да избегаат, додека од маливе може некоја да рипне и да се врати у водата!!!" Ова не значи дека комплетно ќе чекам да расчистиме со мафијата, нормално тоа не е можно, но ќе почекам уште понекоја недемантирана шпекулација!
Edited by lslcrew - 30-Dec-2008 at 02:39
|
|
beTon
Senior Member
Joined: 25-Jun-2008
Online Status: Offline
Posts: 3887
|
Quote Reply
#53 Posted: 30-Dec-2008 at 03:31 |
апансаз лапсус Лсл! мислев на постот - статијата за Кирил и рушењето од Вардар! од една страна и јас верувам дека има можност апелација да го врати случајот на повторно судење, но се е можно, може ќе го пуштат затвор па на врховен да падне монтировката! но едно е јасно наседнал на глупа фора, се играл како то треба но парите ги заборавил случајно или не во фиока месец дена наместо на сметка да ги префрли во здружението! јасно е дека се замерил со Грујо или подобро речено Грујо му замерил нему на своето јас, исто како што беше и со Бучко и Бране, но тука работата избега од контрола т.е. и овие неговите претераа и Кирил егото (иако во позитивна смисла) го стави над партијата, преседан што позитивно ќе влијае во трасирањето на нови ветрови на политичката сцена во Македонија! сепак во недостаток на јаки спонзори и заради потреба од скап маркетинг партиите че мора да лапаат и на ваков начин средства за кампањите и понатака...нема друго од каде(од народот за народот)гордоста на крај удира во глава туку ај види колку маргинално опрацдување во однос на клеветите имаат ДПМНЕ
Кирил Тодоровски ги разбранува власта и опозицијата
Дали е вистина дека ВМРО-ДПМНЕ ја почнува кампањата за избори со рекет и дека веќе ја добиле сметката на фирма во Софија, како на минатите избори, и кој висок партиски функционер ја отворил, праша вчера опозицискиот СДСМ. Повод за тоа беше интервјуто на градоначалникот на Аеродром, Кирил Тодоровски, за неделникот „Фокус“, во кое тој изнесува серија обвинувања за неговите сопартијци и блиски соработници на премиерот и лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски.
- Бидејќи никој друг освен Груевски лично не може и не смее да даде одговор, го прашуваме дали е точно дека градоначалниците, што ВМРО- ДПМНЕ повторно ќе ги кандидира, се истите што НЕ одбивале да вршат незаконски дејствија, наложени од партискиот врв, и дали премиерот ќе демантира дека парите за агресивно рекламирање на власта не се само од државниот туку и од буџетите на општините во кои ВМРО-ДПМНЕ е на власт - праша потпретседателката Магдалена Несторовска.Оценувајќи ги обвинувањата на СДСМ како алузии, директорот на Центарот за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ, Илија Димовски, изрази „разбирање за ситуацијата во која се наоѓа Тодоровски“.
- Тој е сепак човек, обвинет за тежок криминал слично како што пред неколку месеци беше обвинет и Зоран Заев. Ги повикуваме институциите, ако оценат дека има нешто сериозно во неговите изјави, максимално брзо да постапат по нив - рече тој. Дневник - 27.12.2008 |
каква честитка им испорача првиот и последниот мохиканец од градоначалниците во МКД на своите сопартијци, тоа е навистина уникатно нема што! не требало до ова да дојде но инатот си го стирол своето, а и неажурноста на Јанакиевски со законот за дивоградбите била кобна, па сега толку извиканата агилност на оваа влада ќе падне врз грбот на Миле, со оглед дека се ќе си било на свое место доколку МТВ навреме си ги завршело обврските! вака сега и Кирил несакал огламник а и ДПМНЕ не сакала да ја изгуби сопартиецот зградата(читај зграда на партијата) и работите стигнале до кршење его стапови од кои најголема колатералка ќе биде самата партија и нормално суетата на премиерот! мислам дека многу луѓе се попарени од изјавите на Кирил, но само ова е начин за некој да се прибере и да се приземји, со оглед дека гордоста само на ендек може да заврши, ова е и безболен начин малку да се спуштат акциите за и околу идолопоклоничкиот мит кој се појави кон Грујо!да не заборавиме сите сме луѓе и сите може да пукнеме па вака бар некој ќе се погледне во огледало и малку ќе ја стише топката околу агресивниот маркетинг ако ништо друго! но се плашам заради ова испадиве на Кирца сега да не добиеме и екстра доза на бомбардирање со 24/7 спотови! сепак комунизам или не во многу што се сложувам со владата и некзината програма, само изгледа дека тркалото се сврте на нив во поглед на изјавите дека СДС треба да се реорганизираат доколку сакаат да преживеат, сега ќе треба ДПМНЕ да се исфилтрираат доколку сакат да ги добијат претстојните избори! Математика и Контраразузнавање
|
|
Cloverstack
Admin Group
Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
|
Quote Reply
#54 Posted: 30-Dec-2008 at 05:02 |
Апелирам да се држиме попрецизно за темата. Вистина е дека случајов е во голема мерка испреплетен и со таа тема па може да се дискутира тука во недостаток на поприкладна нишка. Но сепак коментарите да не забегуваат до толку во индиректни политички сфери.
|
|
гитардемон
Senior Member
Joined: 19-Feb-2008
Online Status: Offline
Posts: 5422
|
Quote Reply
#55 Posted: 12-Jan-2009 at 01:33 |
Појма немам каде е ова и што е, но ете конечно да се руши дивоградба. Исто е почнато и во Битола со такви активности, и колку за евиденција ќе ја постирам и таа вест тука.
Општина Аеродром
Уривање на објектот "Елинг"
Општина Аеродром ја информира јавноста дека во четврток ќе преземе акција за уривање на бесправно изградениот објект што се наоѓа на локацијата Трета македонска бригада" бб, кој е во сопственост на ДПТУ ЕЛИНГ". Од општината информираат дека на осми овој месец по втор пат е побарано асистенција од полицијата. За уривање на станбено-деловниот објект, за кој инвеститорот нема одобрение за градење, е издаден и писмен налог до фирмата што Општина Аеродром ја ангажира како извршител. Уривањето на објектот на ДПТУ Елингг, како и на сите други бесправно изградени објекти се реализира со цел да се спроведе владината политика, која на општините со писмо број 19-6031/1 од 4.12.2008 година јасно им препорачува да предвидат средства во буџетите за извршување на управните акти за уривање на бесправно изградените објекти и континуирано да ги извршуваат донесените акти. Градоначалниците се должни да ги почитуваат законските обврски, додека во спротивно ќе сносат сериозни последици. |
Преземено од: http://vecer.com.mk/?ItemID=9012D66FBE5AEE4CA147338D4E0E0C29
|
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
|
|
гитардемон
Senior Member
Joined: 19-Feb-2008
Online Status: Offline
Posts: 5422
|
Quote Reply
#56 Posted: 12-Jan-2009 at 01:42 |
Во Битола започна борбата со дивоградбите
Битолскиот општински инспекторат најавува уривање на дивоградбите за кои не постои можност да бидат легализирани. Решенија за уривање добија осум семејства. Началничката Костадина Стериева појаснува дека осумте спорни објекти се градби што претставуваат опасност за опкружувањето поради слабата архитектонска стабилност или се наоѓаат на узурпирано земјиште.
,,Изведени се на мал простор, збиени до други објекти, прашање е дали се градени по проект и кој го вршел надзорот. Што ако тој се сруши? Колку семејства ќе настрадаат таму? Дел од објектите се изградени на државно земјиште, а пак други не само што навлегле во просторот на соседите туку им го попречиле патот или им ја зеле светлината“, вели Стериева. Според неа, инспекторите во неколку наврати ги опоменувале дивоградителите дека не постапуваат според законот, но тие продолжувале со ѕидање. Сега или ќе мора сами да ги отстранат дивоградбите или извршните служби од општината ќе им ги срушат.
,,Доколку има услови, спорните објекти ќе ги отстраниме до крајот на годината, ако не, во текот на идната. Донесеното решение за запирање и отстранување на дивоградбите, како и заклучокот за извршување не застаруваат“, вели началаничката на Општинскиот инспекторат, Стериева. |
Преземено од: http://www.bitolainfo.com/index.php?option=com_content&view=article&id=610:2008-11-26-20-06-24&catid=14:vesti&Itemid=26
|
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
|
|
lslcrew
Senior Member
Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
|
Quote Reply
#57 Posted: 12-Jan-2009 at 01:44 |
Gitar не се радувај, тачно е дека е ова дивоградба и затоа треба да се руши но мотивот е сосеома политички, така да нека не те радува многу дека наводно настапила правната држава.
|
|
Chiko
Groupie
Joined: 12-Nov-2008
Online Status: Offline
Posts: 0
|
Quote Reply
#58 Posted: 30-Jan-2009 at 19:42 |
Каде е Киро во јавност бе луѓе. Абе во урбаниот дел владее најсофистицирана мафија.
|
|
vardar
Senior Member
Joined: 03-Mar-2008
Online Status: Offline
Posts: 1106
|
Quote Reply
#59 Posted: 04-Feb-2009 at 23:55 |
ОПШТИНА АЕРОДРОМ НЕУМОРНО СЕ ОБИДУВА ДА ГО УРНЕ "ЕЛИНГ"
Џабе и по 4 пат пак ништо!
Од МВР информираат дека сегде каде Законот дозволува, ќе пружат асистенција се со цел да се спречи нарушувањето на јавниот ред и мир. Со ова апелираме уште еднаш до Општината Аеродром да не ја префрлаат топката, на наша вина. Во случајот Елинг се додека нема финална судска разрешница ние нема да асистираме, велат од МВР
Општина Аеродром и покрај претходно закажана вчерашна акција за рушење на деловно-станбениот објект "Елинг" на локацијата Трета македонска бригада по четврти пат не успеа да го урне објектот во текот на изминатиот ден. Причината според општинските власти за континуираниот неуспех на општината да се справи со дивоградбите во Аеродром, е неасистенцијата на полицијата која била надлежна а воедно и информирана тоа да го стори, да биде присутна при извршувањето на правосилноста на решението за уривање на зградата на "Елинг". - Бидејќи и овој пат полицијата не обезбеди асистенција, Општината Аеродром ќе покрене тужба против МВР за надомест на досегашните трошоци околу ангажирање на фирмата за уривање на спорниот објект, - велат општинарите на Аеродром. Надлежните тврдат дека се уште не се запознати зошто полицијата неколку пати не интервенира, односно не праќа екипа која ќе врши надгледување и обезбедување на лицата кои ќе вршат уривање. Градоначалникот на Аеродром Кирил Тодоровски вчера не беше достапен за изјава.
Од МВР информират дека сегде каде Законот дозволува, ќе пружат асистенција се со цел да се спречи нарушувањето на јавниот ред и мир. Со ова апелираме уште еднаш до Општината Аеродром да не ја префрлаат топката, на наша вина. Во случајот Елинг се додека нема финална судска разрешница ние нема да асистираме, велат од МВР.
Инвеститорите, од друга страна, обвинуваат дека станува збор за класична одмазда на градоначалникот Тодоровски и тврдат дека ги имаат сите услови за одобрение за градба, но сега по добиената судска пресуда тоа е невозможно.
Инаку станува збор за објект во сопственост на ДПТУ "ЕЛИНГ" за кој градоначалникот на Аеродром Кирил Тодоровски е осуден на тригодишна казна затвор поради поткуп од 100 илјади евра, но поради неправосилноста на пресудата случајот се уште нема финална разрешница.
|
|
|
Vladimir P
Senior Member
Joined: 06-Apr-2008
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 3304
|
Quote Reply
#60 Posted: 08-Feb-2009 at 15:22 |
Дали овде може да се гради !!?? Прекопат базенот на булевар Кочо Рацин
|
|
|