build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Инфраструктура > Енергетика
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Енергетика (општо)

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <12345 27>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #41 Posted: 06-Jan-2009 at 10:09


Дај боже за една година да може да се направат сите потребни истражувања за во 2009 да добиеме јасна слика како стоиме со јаглен, што е од клучно значење за сите енергетски проекции што ги правиме. Досега слушаме само шпекулации, од тоа дека сме многу т'нкина ова поле, до тоа дека ги немаме чепнато главните резерви.


А за електрификацијата, случајно го гледав тој дел од седницата. Бесими беше задолжен до средината на февруари да изготви детална информација за тоа кои села се неелектрифицирани и колку би чинела нивната електрификација, како би можела владата да излезе со рок до кога треба да се заврши таа работа и конечно како држава ова елементарно прашање да го оставиме зад нас.
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9141
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #42 Posted: 27-Jan-2009 at 11:57

ТВ Алфа: МАНУ предлага дури и нуклеарка за да имаме струја

Инвестирање во големи хидроцентрали – дури и изградба на нуклерка, за Македонија да има стабилно и сигурно снабдување со струја во следните 20 години. Ова е главната препорака на МАНУ во Енергетската стратегија на Макеоднија која е испратена на разгледување до Владата, објави вчера Алфа телевизија.
Стратегија се заснова на колку што е можно поголемо искористување на домашните ресурси и што помал увиоз на струја. Оттука, проекциите, зависно од различните сценарија, предвидуваат најмалку 2, а најмногу 5 милијарди евра инвестирање во енергетски објекти. Меѓу наведените проекти се големите хидроелектрани: Чебрен, Галиште и Бошков Мост, нови ископи ја јаглен, а не се исклучува ниту можноста за изградба на нуклеарна централа. Енергетскиот документ на МАНУ треба целосно да одговори - како ќе се задоволат енергетските потреби на земјава во следните 20 години. Откако ќе го разгледа Владата, ќе следат јавна расправа и конечно усвојување.

Се очекува стратегија да се усвои до крајот на февруари. Таа доаѓа во период на рекорден увоз на струја во земјава, зачестени дефекти во струјната мрежа и лоша енергетска слика за земјава.
Денеска, околу илјада жители од скопското село Визбегово, останаа без струја 3 часа. Жителите велат дека честопати имаат вакви прекини.
Струјните испади особено зачестија од крајот на минатата година, по што експертите оценија дека во мрежата малку се инвестирало.



http://www.total.com.mk/default.aspx?mId=16&eventId=14817
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #43 Posted: 29-Jan-2009 at 21:11
ВО ПОВЕЌЕ СКОПСКИ НАСЕЛБИ
Поставени нови трафостаници

Десет нови 10-киловолтни трафостаници се пуштени во употреба во скопските населби Гази Баба, Припор, Ѓорче Петров, Влае, Крушопек, Злокуќани, како и во селата Скопско Поле, Лисиче и Сингелиќ, информираат од „ЕВН Македонија“. Жителите од овие населби имаа големи проблеми со снабдувањето со електричната енергија во изминатиот период, со чести прекини на енергијата. Од ЕВН објаснуваа дека испадите во мрежата биле поради преоптовареност на старите трафостаници, кои беа делумно или целосно оштетени. Новите трафостаници се со двојно зголемен капацитет за да се надминат проблемите со кои се соочуваат граѓаните и да се постигне квалитетна испорака на електрична енергија.



http://www.vreme.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=0&tabid=1&EditionID=1609&ArticleID=106529
Back to Top
La Linea View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Nov-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2067
  Quote La Linea Quote  Post ReplyReply #44 Posted: 22-Feb-2009 at 22:59

БУГАРСКИОТ ХОЛДИНГ СО АМБИЦИОЗНИ ПЛАНОВИ ЗА РЕГИОНОТ


БЕХ планира енергетска експанзија во Македонија


Бугарскиот енергетски холдинг (БЕХ) планира експанзија на енергетскиот пазар во Македонија, а потоа и во останатите земји во регионот. Претставници на компанијата објавуваат дека цел на БЕХ е во следните неколку години да стане регионален лидер во овој сектор.
-Според планираното инвестициите ќе се реализираат преку заеднички претпријатија. БЕХ во иднина има намера да учествува и во програми за истражување на гасни наоѓалишта во земји, кои се богати со тој енергенс - изјавила Галина Тошева, директор на бугарската компанија.

БЕХ прво ќе се насочи кон македонскиот пазар, а потоа ќе тргне кон другите земји од југоисточна Европа. Пазарите во Албанија и во Србија се планирани за подоцната фаза на проширување.
-Кога станува збор за регионот, тоа значи прво Македонија, а потоа и Албанија. Србија исто така би можела да се најде во фокусот на фирмата - рекла Тошева, која македонскиот пазар го оценила како многу интересен, со оглед на брзиот развој на енергетскиот сектор и фактот дека македонските власти најавија тендери за хидроелектрани.

Во Македонија, БЕХ планира и ангажирање во секторот за гас. Лани "Булгаргас холдинг", кој подоцна стана дел од БЕХ, објави дека со француската фирма "Далкиа" планира заедничко учество во проект во сектор за гас во Македонија, вреден 100 милиони евра.

Паралелно со ширењето во регионот, БЕХ во Бугарија планира реализација на проекти вредни околу 900 милиони евра, во следните 2-3 години. Дел од тие проекти се изградба на гасовод меѓу Бугарија и Грција, во вредност од 125 милиони евра, гасовод меѓу Бугарија и Романија вреден 30 милиони евра, како и терминал за течен природен гас, вреден околу 500 милиони евра. Исто така најавите се дека БЕХ ќе се концентрира и на стратешки проекти, како што се 3.300 километри долгиот гасовод "Набуко", потоа на гасоводот "Јужен поток" и на изградбата на нуклераната електрана "Белене".

За 2009 година, бугарската енергетска компанија планира консолидиран приход од околу 3 милијарди евра.

Во состав на холдингот БЕХ се единствената бугарска нуклерана електрана "Козлодуј", потоа "Булгаргас", "Булгартрансгас", "Булгартел", кој се бави со телекомуникации, НЕК од секторот на електромрежа и неговиот оператор ЕСО, електраната на јаглен "Марица Исток 2" и рудникот за јаглен "Марица Исток". Планирано е дел од оваа групација да стане и третата по големина бугарска енергетска компанија "Топлификација Софија", која е во големи долгови.


http://www.vecer.com.mk/?ItemID=10D28D86781DF449BDFB4D0F1002F409
Помогнете во Македонската Википедија - Слободна енциклопедија!
Back to Top
my Macedonia View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 09-Oct-2008
Location: 🇲🇰🇨🇭
Online Status: Offline
Posts: 4090
  Quote my Macedonia Quote  Post ReplyReply #45 Posted: 01-Mar-2009 at 16:44

Владата, во пресрет на изборите, презентира Инвестициска програма

01 March, 2009 04:54:00
Големина на фонт: Decrease%20font Enlarge%20font
image

И Македонија ќе има атомска централа. Ова го соопшти премиерот Никола Груевску ден пред официјалното започнување на изборната кампања.

 Тој денеска најави  инвестициска програма за реализација на стратешки инфраструктурни проекти вредна околу 8 милијарди евра. Груевски вели дека амбициозната инвестициона програма планира да ја реализира во следите 7 години а во неа се вклучени проекти во осум области : енергетиката, транспортот, водоснабдувањето,  животната средина, образованието, културата и инвестирање во изградба на социјални згради и познати спортски сали. Само за енергетика Владата планира инвестиција од 3 милијарди и 850 милион евра а како што беше кажано најинтересен проект е тој за изградбата на атомската централа .

„Владата донесе одлука за започнување со подготвцителни активности за нуклеарна програма и во тек е формирање на Агенција за имплементација на нуклеарна енергетика.Доколку во иднина се донесе таква одлука за изградба на нуклерана централа, за која што во моментов нема одонесено Владата затоа отвораме Агенција која што ќе работи  на  тоа, рокот за изградба на нуклеарната централа би бил 15 години, односно некаде 2025 до 2030 година“ вели Груевски

Инвестициите во 30 енергетски проекти Груевски планира да ги реализира со кредитирање на земјата во вредност од 1 милијарда евра и 2.6 милијарди евра од концесиите во јавно – приватно партнерство. 250 милион евра ќе се обезбедат од буџетот. Се планира и изградба на многу други објекти кои се од општествен интерес.

„Отворање на рудници, изградба на хидроцентрали, термоцентрали , гасни централи, гасификација , нуклерана програма, далноводи, ветерници и тн. Вкупната вредност на енергетските проекти е 3, 85 милијарди евра. Реализацијата на овие проекти ќе го подобри квалитетот на живеење на сите граѓани, ќе го стимулира развојот на долг рок и значително ќе ја подигне конкурентноста на македонската економија“

Премиерот Груевски најави и изградба на нова зграда на Министерството за надворешни работи, наУставниот Суд, државната Архива како и проширување на просторот на Собранието.
Наим Вренези
 
 
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9141
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #46 Posted: 07-Mar-2009 at 18:45

ИНТЕРВЈУ: АКАДЕМИК ГЛИГОР КАНЕВЧЕ

Мораме веднаш да инвестираме во - енергетиката

Во стратегијата е предвидено дека треба да се насочиме и кон поефикасно искористување на домашниот јаглен и хидроенергијата и другите обновливи извори на енергија, природниот гас, а не ја отфрламе и опцијата за нуклеарна енергија

На Македонија до 2020 година и' се потребни речиси три милијарди евра инвестиции во енергетскиот систем.Ова е предвидено во Националната енергетска стратегија што ја изработи Македонската академија за науки и уметности, а Владата треба да ја разгледа на една од следните седници. Со академик Глигор Каневче разговаравме што ќе се случи ако не се остварат овие инвестиции?

- Ние ја разгледувавме и таа опција како сценарио во стратегијата. Со оглед дека ќе бидеме се' повеќе интегрирани во регионалниот пазар, можно е да се увезува и електрична енергија во поголеми количества. Меѓутоа, не верувам дека Македонија ќе може, со туѓо производство на енергија, да остварува толкав прилив на девизи кои ќе можат да го покријат дефицитот. Се чини дека треба навистина да се направат сите напори да се оствари стратегијата. Инаку, Македонија и сега е силно енергетски зависна, ги увезуваме сите потреби на нафта, на природен гас па и одредено количество на јаглен и електрична енергија. Тоа е навистина голем товар за трговскиот дефицит на земјата.

ПОТРЕБИТЕ ЌЕ РАСТАТ

* На што би требало најпрво да се посветиме?

- Треба веднаш да почнат акции во сите насоки. Најбитно е да почне процесот, затоа охрабрува оваа најава на владата за диверзификација на снабдувањето со енергија. Во стратегијата е предвидено дека треба да се насочиме и кон поефикасно искористување на домашниот јаглен и хидроенергијата и другите обновливи извори на енергија, природниот гас, а не ја отфрламе и опцијата за нуклеарна енергија. Прво, најзначајна е изградбата на голема термоелектрана-топлана на природен гас која ја гради „Топлификација“ со приватно партнерство во Скопје- Север веднаш до постојната топлана и која треба да биде во погон во 2010 година. Исто така слична таква електрана планира да изгради и ЕЛЕМ до 2014 година.

Овие две, заедно со една мала термоелектрана-топлана која се гради во скопската железарница, која исто така ќе биде готова до 2010 година, во потполност би ги задоволиле потребите од топлинска енергија во Скопје и на некој начин до 2015 година би ја намалиле во голем степен нашата увозна зависност од електрична енергија. Ако во меѓувреме се изгради и хидроцентралата „Бошков мост“, би стигнале да ги задоволуваме сами своите потреби во таа година. Е сега, потребите ќе растат со текот на времето и ќе има потреби од нови централи. Во тој период, меѓу 2015 и 2020 година, планираме да влезат во погон хидроцентралите „Чебрен“ и „Галиште“. Колку што сум јас запознаен, тендерот не е пропаднат меѓутоа требаше да се направат некои измени во условите. „Галиште“ е планирано да почне да работи во 2016 година заедно со „Луково Поле“, во 2017 година „Градец“ и во 2018 година- „Чебрен“. Сето тоа во зависност од зголемувањето на енергетските потреби. Во меѓувреме ќе биде довршена и „Света Петка“.

*Експертите предупредуваа дека во тендерските услови хидроцентралите „Чебрен“ и „Галиште“ се предимензионирани, дека се планира повеќе вода отколку што реално има во Црна Река. Колку е тоа точно?

- За Црна Река постојат повеќе мерења и типови на акумулации. Овие проекти произлегоа како некој оптимум од сето тоа. Секогаш има секоја варијанта предности и недостатоци. Едната од двете централи ќе биде реверзибилна централа, односно ќе има систем за враќање на водата и повторно користење, што ќе биде многу значајно за исполнување на очекувањата и одржување на стабилноста на системот. Ние имаме релативно мал број, но големи потрошувачи на електрична енергија. Така голем потрошувач кога ќе се вклучи или исклучи ствара големи разлики, нестабилност и проблеми. Поради тоа ќе мора и кај термоцентералите да се одржува одредена резерва за да се реагира во тие моменти. Друг проблем е тоа што кај нас постои голема разлика во потрошувачката на електрична енергија во текот на денот и во текот на ноќта. Токму во тој дел реверзибилната хидроцентрала ќе биде многу корисна оти ноќе кога немаме потреба од електрична енергија таа ќе троши, а дење кога треба, ќе произведува.

ПРИРОДЕН ГАС

* Гасификацијата во Македонија одамна се чека да заврши. Се зборува со години колку е потребна, но никако да заврши проектот. Сега Владата најави дека е избран консултант и се вршат подготовки. Во сред гасната криза кога цела Европа патеше, Македонија беше поштедена од големи последици бидејќи е неразвиена. Зошто е толку битна гасификацијата?

- Природниот гас е далеку најблагородно гориво од сите фосилни горива. И тоа од повеќе аспекти. Прво, од еколошка гледна точка природниот гас е чисто гориво и испушта многу низок степен на штетни материи, а сулфурот е сведен практично на нула. Од таа причина многу е згоден за користење во урбана средина. Гасоводот во Македонија е изграден, но не создадовме дистрибутивна мрежа и не изградивме термоцентрали-топлани до сега од проста причина што електричната енергија кај нас беше многу евтина. Дури и топланите кои имаа можност да паралелно користат и природен гас и мазут, во далеку поголем степен го користеа мазутот. Гасификацијата на градовите, односно изградбата на дистрибутивна мрежа не е едноставна работа. Тоа е една макотрпна работа за која ќе мора да се најде некој стратегиски партнер, голема компанија, која ќе биде заинтересирана да ја финансира изградбата. Како што знаете, почнаа првичните процеси во неколку градови.

 Во Скопје се оформи акционерско друштво кое ќе треба да ја води акцијата и избравме одбор на директори каде јас сум претседател. Ние испративме писма со намери до повеќе компании и домашни и странски и се јавија неколку заинтересирани, меѓутоа сето тоа сега се совпадна со светската економска криза и акцијата е малку стопирана и одложена. Сепак, проектот останува и тоа сигурно ќе се заврши со економска оправданост. А ние, во стратегијата планираме покрај изградба на дистрибутивна мрежа во градовите кои се поврзани со постојниот магистрален гасовод, да се продолжи со изградба со главните водови и кон Тетово и кон Велес, Неготино, Битола и Охрид. Од економски аспект, еден од најголемите проблеми кај нас е користењето на електричната енергија за греење и за загревање на вода. Околу 18 отсто од електричната енергија која се користи во домовите се употребува за нивно загревање, но голем дел од нашите градови немаат друга алтернатива.

ДОМАШНА НУКЛЕАРКА

* Колкави се потребите на Македонија за природен гас и како очекувате да се развиваат?

- Има потреба од природен гас и повеќе отколку што поддржува сегашниот капацитет на магистралниот гасовод. Веќе се работи на регионално поврзување преку еден план за нов гасовод кој што ќе може да се снабдува со гас од различни извори за да не се случи повторно гасна криза. Има повеќе најави за големи гасоводи во соседството, како Јужен поток, Набуко, Син поток, Бел поток и други. Се појави и можноста да се користи транспорт во течна состојба со бродови и истовар во блиски пристаништа. Сите овие гасоводи ја заобиколија Македонија за жал. Затоа, Македонија мора да се поврзе во планираниот регионален гасовод. Србија успеа да направи договор со Русија за продажба на Нафтената Индустрија на Србија (НИС) во кој го приклучија договорот за изградба на гасовод и големи инвестиции. Бугарите многу добро стојат во тој план и тие се главната раскрсница на Балканот. Успеаја да водат мудра политика и со Европската унија и со Русија. Грција исто така успеа да воспостави многу добри односи со Русите. Вештината е во паралелно добрите односи и на тоа поле мораме ние да се подобриме. 

* Бугарија веќе почна да гради втора нуклеарка, два реактора се уште работат во Козлодуј, а сега се гради и Белене која треба да почне да работи за пет шест години. Нуклеарка најави и Албанија заедно со Хрватска, претходно и Грција, Словенија ја има Кршко, а сега и Македонија не ја отфрла оваа можност. Првото прашање е дали се можни толку нуклеарни централи на толку мал простор. И второ дали Македонија има такви услови за своја нуклеарна централа?

- Грците сигурно дека имаат потреба од повеќе енергија. Албанија и Хрватска најавија дека нуклеарката ќе ја градат заедно и ќе ја поделат енергијата. Ние, во нашиот план предвидуваме нуклеарката да почне да работи по 2025 година. Таа би била на некој начин алтернатива на можните термоцентрали на јаглен со подземен коп. Може да се случи цената која што треба да се плати за испуштање на стакленичките гасови од централите на јаглен да биде превисока за да тие можат економски да опстојуваат. Во таков случај, нуклеарката би била спас. Значи, овие планови многу ќе зависат од сценаријата во светот и Европа за намалување на стакленичките гасови според протоколот од Кјото. Ние сигурно до тогаш ќе бидеме во ЕУ и ќе мора да ги исполниме обврските. Со оглед на тоа дека денес периодот за изградба на нуклеарните централи е многу долг, преку 15 години од првичните акции. За да може македонската нуклеарка по 2025 година да работи ние мораме да започнеме со активностите сега.

Нуклеарка во Мариово

* Дали е исклучена можноста Македонија да се вклучи со инвестиција во бугарската НЦ „Белене“?

- Во случајот со „Белене“ повеќе се работеше за желба на некои политичари од Бугарија отколку реалност. Бугарија ја заврши финансиската конструкција на проектот со тоа што државата задржа 51 отсто од сопственоста, а 49 отсто му отстапи на инвеститорот РВЕ. Тука не остана простор за трет инвеститор. А, да откупувате струја со однапред дадени пари треба да бидете многу богата земја. Ние сега не сме во можност да платиме за струја што би ја добиле за пет години.Изградба на домашна нуклеарка ќе значи ангажирање голем број наши фирми. Се работи за армија луѓе при изградбата плус приближно еден вработен на еден мегават моќност што значи уште 1.000 вработени во нуклеарната централа. Затоа предност има домашната нуклеарка. Ако градиме нуклеарна централа, таа најверојатно ќе биде во Мариово, затоа што тој терен е многу поволен и од сеизмички и од аспект на населеност.



Извор: Дневник
Back to Top
vardar View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 03-Mar-2008
Online Status: Offline
Posts: 1106
  Quote vardar Quote  Post ReplyReply #47 Posted: 10-Mar-2009 at 06:26

МАКЕДОНСКО-КОСОВСКА ЕНЕРГЕТСКА СОРАБОТКА


Од Косово ќе увезуваме јаглен


Ќе се гради и заедничка акумулација во реонот на Луково Поље, која преку мала хидроцентрала ќе биде споена со мавровските хидроцентрали, најави министерот Фатмир Бесими


Македонија ќе увезува јаглен од Косово за производство на струја. Ќе се гради и заедничка акумулација во реонот на Луково Поље, која преку мала хидроцентрала ќе биде споена со мавровските хидроцентрали. Ова се дел од енергетските проекти што вчера по заедничка работна средба ги најавија македонскиот министер за економија Фатмир Бесими и неговата колешка, министерката за енергетика и минерали на Косово, Јустина Широка-Пула.

Според министерот Бесими енергетскиот тим за проектот Луково Поље веќе е екипиран, а според постоечката студија на Електрани на Македонија инвестицијата ќе чини околу 40 милиони евра.
-Водите од овој регион ќе бидат прибрани во заедничка акумулација која преку мала хидроцентрала ќе биде поврзана со централите Маврво, Врбен и Вруток - вели Бесими.
Тој појаснува дека со тоа ќе се зголеми постоечкиот капацитет, а со тоа и производството на струја. Бесими додаде дека постои политичка волја од двете страни да се стартува со заеднички економски проекти и пред двете држави да воспостават дипломатските односи.

Бесими потсетува дека дел од овие капитални енергетските проекти е изградбата на 400-киловотниот далновод меѓу Македонија и Косово, со што ќе има и заедничко поврзување на двата електроенергетските системи. За Бесими постои политичка волја јагленот од Косово да се искористи во македонските енергетски капацитети за производство на електрична енергија.
-Наскоро ќе биде подготвен проектот со кој детално ќе се прецизира продажбата на лигнитот од Косово за Македонија - вели Бесими.

Тој додава дека изработена е драфт верзијата на меморандумот за соработка што многу скоро ќе биде потпишан меѓу двете министерства.

Косовската министерка Широка-Пула смета дека со заедничките капитални проекти ќе се надминат тесните грла во енергетскиот сектор, а ќе се интензивира и меѓусебната соработка. Во фаза на изработка од страна на косовските и на македонските експерти е физибилити и финансиска студија за проектот Луково Поље. Според косовската министерка, соработката ќе се темели и на помали проекти за обновливи извори на енергија, како и за енергетска ефикасност.
-Ќе ги искористиме вашите искуства во приватизацијата на енергетскиот сектор, бидејќи во моментов во Косово овој сектор се реконструктуира - вели Широка-Пула.

На официјалната министерска средба вчера присуствуваа и енергетски компании од Косово и Македонија, меѓу кои и претставници на државните компании ЕЛЕМ и МЕПСО.

Back to Top
beTon View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 25-Jun-2008
Online Status: Offline
Posts: 3887
  Quote beTon Quote  Post ReplyReply #48 Posted: 08-Apr-2009 at 23:34

Миле Грдановски - Електроинжињер

ПРОИЗВОДСТВОТО НА БИОДИЗЕЛ ОД МАСЛОДАЈНИ РАСТЕНИЈА И ЖИТНИ КУЛТУРИ НАЈЛУДА ИДЕЈА ВО ЕНЕРГЕТИКАТА

Во услови кога значаен дел од светската популација гладува, да се зафаќаат најпло­дните површини што служат за производство на земјоделски култури од кои се добиваат основните прехранбени продукти, со исти или слични такви култури наменети за добивање на горива, е не само во спротивност со сите етички правила, туку и во спротивност со законите на природата. Покажете ми барем една животинска врста на планетава Земја, којашто достапната храна ја користи за друга намена освен за исхрана – истакна во интервјуто нашиот соговорник Миле Грданоски.

  ► Во еден Ваш научен труд констатирате дека „светските резерви на фосилните горива“, и спо­ред најоптимистичкото сценарио, ќе се исцрпат до крајот на овој век. Што понатаму?

  - Тоа е всушност констатација на експертите што се занимаваат со светските енергетски ресурси и би сакал малку да ја попрецизирам. Кога станува збор за јагленот, него ќе го имаме можеби во наредните два века. Природниот гас со сегашново темпо на експлоатација би се исцрпел до крајот на овој век. А нафтата? Е таа е посебен проблем, што секого треба да го загрижува. Светските резерви на нафта ке бидат исцрпени во наредните 30 – 35 години, а сите знаеме дека нафтата не служи само за горење, туку се користи и во многу технолошки процеси за добивање на огромен број разни производи. Што значи дека реално нафтата треба да престанеме да ја користиме за енергетски цели веќе во наредните дваесетина години. Од тука е сосема јасен стрмоглавиот пораст на нејзината цена во последнава година и можеби уште подрастичен во наредниот период.

  Среќна околност е што резервите од природен гас ги има за еден многу подолгорочен период, во текот на којшто веројатно ќе биде решен проблемот за широка примена на алтернативните извори на енергија, пред се на соларната, во комбинација со горечките келии, вклучувајќи го тука и процесот на нуклеарна фузија за којшто резервите на „гориво“ (тешка вода од океаните) се речиси неограничени, а самиот процес е многу побезбеден од процесот на нуклеарна фисија што се користи во сегашните нуклеарни реактори.

  ► Според сегашните прогнози, енергетската иднина на светот нема да биде во нуклеарната енергија. Постојат ли ризици и какви?

  - Нуклеарната енергија во светски размери сéуште е многу контроверзен вид на енергија. Посебно е за одбележување што неа ја прати одиумот на Чернобилската катастрофа. Но, тука во јавноста медиумите создадоа една многу лоша слика. Во Чернобил всушност, со тешко замислив сплет на околности, експлодираше графитното јадро на едниот реактор и во круг од стотина километри направи вистинска катастрофа. Но такви нуклеарни реактори веќе одамна не се произведуваат, а и тие што постоеја во источноевропските земји, со помош од Европската Унија се затворени. Сепак тоа не значи дека сегашново користење на нуклеарната енергија со нуклеарни реактори што користат високо радиоактивни елементи со процес на фисија на атомските јадра е премногу за препорака. Зошто проблем претставува сместувањето на нуклеарниот отпад кој е високотоксичен материјал со век на траење од близу 25 илјади години.

  ► Колку денешниот степен на развој на науката ни овозможува комерцијално користење на обновливите извори на енергија? Каква е состојбата во тој поглед во нашата држава?

- Е тоа е суштинското прашање кога станува збор за примената на алтернативните или обновливите извори на енергија. Ако се исклучи нуклеарната енергија и донекаде напредокот во развојот на аерогенераторите, може да се констатира едно загрижувачко ниво на степенот на развој на примената на алтернативната енергија. Еве да ја земеме за пример сончевата енергија. Сонцето дозрачува годишно до Земјата количина на енергија која што е 10.000 пати поголема од вкупната светска годишна потрошувачка на енергија. Тоа значи дека сéуште не сме во состојба да искористиме ни 0,01 процент од расположивата сончева енергија. Се разбира, мислам на енергија што ќе биде конкуретна на онаа добиена од фосилните горива. На пример, рамните сончеви колектори веќе неколку децении се на ист степен на развој. Нешто е подобра ситуацијата со примената на фотонапонските ќелии коишто сончевата светлина директно ја пре­твораат во електрична енергија, но и тука се работи за енергетски решенија со ред на величина од вати или киловати, наместо од мега и гигавати, колку што во практиката е потребно за задоволување на масовните потреби од енергија. Можам слободно да речам дека ако на пример, компјутерската техника се развиваше со исто такво темпо, ние денес уште ќе ги користевме моделите ХТ на персонални компјутери од раните осумдесетти години на минатиот век, иако се работи за голема разлика во тежината на пробле­матиката. Метафорично кажано, според мене, на светската енергетика и е потребен еден Бил Гејтс.

  Што се однесува на нашата земја, која располага со висок интензитет на сончевото зрачење во однос на повеќето европски земји ,нејзиното користење значително заостанува зад тие земји. Хипотетички , ако само 1% од површината на Република Македонија се покрие со претворувачи на сончевото зрачење во топлинска или електрична енергија, нашата држава би добила четирикратно поголема количина на енергија од онаа што денес годишно ја троши. Се разбира, со денешниот степен на развој на соларната техника, тоа би била економски неподнослива инвестиција. Иако за обичниот наш граѓанин, бесплатната сончева енергија е сéуште во моментов премногу скапа, сепак и со таквата техника можно е конкуретско користење на сончевата енергија за потребите од добивање на санитарна топла вода. Во тој поглед за поз­дравување е одлуката на Владата парично да го стимулира користењето на рамни сончеви колекто­ри. Можеби тоа треба да биде и законска обврска за сите новоградби.

 Што се однесува до геотермалната енергија, досега е испитано дека ја има во Република Македонија во одредени региони, но и таму може да се користи само за нискотемпературни топлински потреби, а не и за производство на електрична енергија, зошто нејзината температура кај нас достигнува до 800С, за разлика од други региони во светот. Слична е состојбата и со енергијата на ветерот. За разлика од на пример Данска, Холандија, Германија и други земји, кај нас има многу малку географски простори каде што константно или многу често дува ветер со брзина од преку 5 m/s,што е минимална брзина за исплатливо добивање на електрична енергија.

  ► Во последно време е многу актуелен, особено во медиумите, т.н. биодизел. Дали тој претставува некакво решение за потребите на сé поголемиот број моторни возила?

  - Ни најмалку. Напротив, според мене, производството на биодизел од маслодајни растенија и на етанол од житни култури, претставува најлудата идеја во историјата на енергетиката. Зошто, во услови кога значаен дел од светската популација гладува, да се зафаќаат најплодните површини што служат за производство на земјоделски култури од кои се добиваат основните прехранбени продукти, со исти или слични такви култури наменети за добивање на горива, е не само во спротивност со сите етички правила, туку и во спротивност со законите на природата. Покажете ми барем една животинска врста на планетава Земја, која што достапната храна ја користи за друга намена освен за исхрана!

  За жал, и нашава држава, со огромен дефицит во производството на житни и маслодајни култури, се вклучи во овој процес, па се фалиме кога отвораме некој нов погон за производство на биодизел.

  ► Колку изградбата на нови хидроцентрали би била излез од денешниов недостиг на елек­трична енергија кај нас?

  - Во нашава држава, во изминатиот повеќедецениски период сме имале паметни инжењери, коишто заедно со инжењерите од бившите југословенски републики, кај нас го зафатиле токму оној хидропотенцијал за којшто се потребни најниски инвестициони вложувања по произведен 1 kWh. Оној потенцијал што преостанува, ако се исклучат можностите за мали хидроцентрали, бара многу повисоки инвестициони вложувања по 1 kWh. За пример, земете ја само вредноста на инвестициите за хидроцентралите Чебрен и Галиште, коишто заедно би произведувале одвај неколку проценти од целокупната потрошувачка на електрична енергија кај нас. Впрочем, нашава држава од сите постоечки хидроцентрали денес обезбедува околу 10% од вкупната потрошувачка, со тенденција на намалување на тој процент.

  ► Според сето што досега го рековте, произлегува дека природниот гас ќе биде најприфатлив енергент во наредните децении?

  - Токму така. Се додека не настапи периодот што јас го нарекувам ера на соларна цивилизација, природниот земјен гас ќе биде доминантен енергент во светски размери, зошто употребата на јагленот како најголем загадувач на атмосферата во иднина ќе биде ограничувана со разни конвенции од типот на онаа од Кјото. Во тој поглед ни нашата земја не смее да биде исклучок. Исклучувањето на пелагонискиот регион од гасоводната мрежа, во никој случај не смее ни да се споменува, туку напротив, и за тој регион гасификацијата треба да биде најважното енергетско решение во поблиската иднина.

www.denicamk.com/Denica090/90-Inteview.htm

Back to Top
beTon View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 25-Jun-2008
Online Status: Offline
Posts: 3887
  Quote beTon Quote  Post ReplyReply #49 Posted: 09-Apr-2009 at 18:14

добро ова со  исцрпувањето на фосилните горива доста пати сите го имаме чуено, според ваквата анализа мислам дека доколку и навистина секнат истите, самиве проекции за количевството на резерви пример на гасот па и јагленот исто нагло би се намалиле во иднина, веднаш по секнувањето на црното злато...

инаку мошне веројатно е покрај гасот, и сончевата и водородната енергија да ја заменат нафтатам само прашање е колку се подготвуваме како цивилизација за ваквиот пресврт, не дека е нешто сложено да се прешалта користењето на некое гориво, туку колку како светска економија ќе издржи светов, а да не падне во длабока рецесија, од која мислам дека излезот не би можел да се гледал со денешни очи и од денешни потреби! најпрво колкав се удар ќе биде за сите економии ближењето на исцрпување на фосилните резерви гориво, сигурно цените на се можно ќе се зголемат енормно, мислам дека комфорот каков што го познаваме денес нема веќе да постои во ваква форма, што од една страна е добро, но од друга страна ова ќе предизвика масовни социјални немири низ цел свет.

Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #50 Posted: 22-May-2009 at 00:34
Приоритет - изградба на хидроцентрали и гасификација


Изградба на хидро централи и гасификација на поголемите населени места во Повардарието, се приоритет на локалните самоуправи во овој дел, чии претставници во изминативе денови дебатираа за развој на Вардарскиот регион.
- Освен енергетскиот потенцијал сериозно треба да се размисли за равој и подобрување на инфраструктурата, туризмот и за аграрот. Приоритетот секако ќе биде ставен на изградбата на хидроцентрали бидејќи на Вардар и на другите реки постојат идеални услови за изградба на вакви објекти. Тие ќе придонесат Македонија да не биде голем зависник од увозна струја - вели претседателот на Советот за развој на регионот Горан Петров.

Градоначалниците беа единствени во констатацијата дека рамномерниот регионален равој во Македонија се уште во практика не функционира на потребното ниво. Причина е тоа што пратениците во Собранието се уште не ја донеле националната стратегија.
- Во Бирото за рамномерен развој ја подготвуваме стратегијата. Откако ќе биде готова Владата треба да ја предложи до Собранието и по нејзиното прифаќање од пратениците може да се очекува развој на сите делови од земјата - вели Киро Левески, раководител на сектор за развој на плански региони во Бирото за рамномерен развој.

http://www.vecer.com.mk/default.asp?ItemID=803B1887AA82EE44AC92A0021B23C6DA
Back to Top
Vladimir P View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 06-Apr-2008
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 3304
  Quote Vladimir P Quote  Post ReplyReply #51 Posted: 22-May-2009 at 23:20

ЕЛЕМ ќе купи деловни простории за 1,8 милиони евра

22.05.2009
 

 

Државните компанија за производство на струја, ЕЛЕМ, ќе потроши 1,8 милиони евра за да купи деловни простории. Зделката е веќе склучена, дознава А1.

Се работи за просториите на „Македонска банка“, што се наоѓаат во истата зграда со ЕЛЕМ, лоцирани на плоштадот Македонија.

Барањето за купување на канцелариите е одобрено од Надзорниот одбор пред две недели. Договорот е направен без тендер, но од Електрани тврдат дека за тоа немало потреба, оти така предвидувал Законот за јавни набавки.

А1 дознава дека овој потег е направен на барање на Секторот за развој и инвестиции, со образложение дека кај нив имало недостаток на работни простории.

Само во овој сектор, според нашите информации, од април годинава има шест нови вработени луѓе и тоа по двајца рударски и машински инженери и по еден градежен инженер и кореспондент.

Луѓето од енергетскиот сектор овој потег го коментираат како нелогичен во услови кога инвестициите во енергетиката одамна ги нема.

Да се трошат милионски суми пари за деловни простории, во време на криза, кога Владата најави дека се кратат нестопанските расходи и дека наместо тоа ќе се инвестира во инфраструктурни и енергетски проекти, за познавачите и енергетските експерти, економски е неоправдан овој чекор за купување на деловни простории кои чинат близу 2 милиони евра.

Наташа Стојановска

http://www.a1.com.mk/vesti/default.aspx?VestID=108968

Клуб на љубители на железниците во Македонија, Macedonian Railways Fan Club
https://www.facebook.com/767277056651521/
Back to Top
Vladimir P View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 06-Apr-2008
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 3304
  Quote Vladimir P Quote  Post ReplyReply #52 Posted: 22-May-2009 at 23:47
Previous
... Притоа, на првиот оглас биле доделени 41 локација, со вкупна инсталирана моќност од 43,7 мегавати, при што вкупната произведена струја треба да изнесува околу 189 ггвч. годишно. Инвестиционата вредност се очекува да биде околу 45 милиони евра. . ...
http://www.build.com.mk/forum/forum_posts.asp?TID=131&PN=4

Дали тоа искача дека отидоа 71.7 MW !!??


Edited by Vladimir P - 22-May-2009 at 23:48
Клуб на љубители на железниците во Македонија, Macedonian Railways Fan Club
https://www.facebook.com/767277056651521/
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #53 Posted: 23-May-2009 at 00:51
хммм ми се чини дека имаш грешка во рачуницата но поентата стои
Back to Top
гитардемон View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Feb-2008
Online Status: Offline
Posts: 5422
  Quote гитардемон Quote  Post ReplyReply #54 Posted: 04-Jun-2009 at 19:38
СДСМ бара седиштето на ЕЛЕМ да биде во Битола
Четврток, 04 Јуни 2009 17:04
PRESS%20SDSM%20001Советничката група на Социјалдемократскиот сојуз најави дека ќе поднесе Декларација до советот и градоначалникот на општина Битола со која ќе бара од Владата, седиштето на ЕЛЕМ да се премести од Скопје во Битола.

-РЕК произведува близу 80% од електричната енергија, а пак на стопанските фирми им должи околу 500 милиони денари со години наназад. На тој начин го умира битолското стопанство. Бројките говорат за повеќе од 200 затворени фирми само во април и мај 2009 година - вели Томе Наумов, советник од СДСМ Битола.

Од СДСМ бараат по итно да отпочне проектот за гасификација на Битола.

-Да потсетима вицепремиерот Ставрески, на оваа наша иницијатива, како гостин на ТВ Тера во 2007 година децидно ја прецизира оваа обврска - додава Наумов.

Парите кои безполезно се трошат на споменици и цркви, додаваат од СДСМ, треба да се потрошат на проекти кои ќе овозможат отварање на нови работни места во градот.PRESS%20SDSM%20004

-Се повеќе пред се млади луѓе бараат работа, а во исто реме се затвараат фирми и се отпуштаат работници. Негативните движења во Битола, сериозно ги допреа и некои претпријатија од јавен карактер. Деновиве ни беше поделен Планот за работа на ЈП „Водовод" за 2009 година каде раководството предвидува загуба од 32.500.000 денари. Намерата им е јасна. Поскапување на водата за домаќинства и фирмите - вели Наумов.

За крај од партијата додаваат дека грижата за идните генерации во Битола е сведена само на надеж и дека битолчани се потешко се справуваат со економската криза.



http://tera.mk/index.php?option=com_content&task=view&id=8604&Itemid=106
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #55 Posted: 13-Jun-2009 at 20:09
 

Како земја на сонцето, има ли логика за нуклеарка?

Предлогот на МАНУ за изградба на нуклеарна централа во Мариово до 2026 година ги раздвижи експертската и политичка јавност и наиде на сериозни критики

- Размислувањата за изградба на нуклеарна централа немаат логична рамка, тргнувајќи од ризиците што таа ги носи – големи инвестициони средства, сеизмички трусно подрачје, недоволно количество на вода, немање технолошка култура, немање човечки ресурси, немање простор за складирање на нуклеарниот отпад. Всушност, каква туристичка и еколошка земја ќе создаваме, ако во неа поставиме нуклеарна централа - запраша вчера Лилјана Поповска, претседателка на ДОМ, на трибината „Сонце наместо нуклеарка“. Учесниците се согласија дека Македонија има рекордно ниска искористеност на сончевото зрачење од 0, 1 отсто, додека во западните земји оваа искористеност е илјадници пати поголема. Со преку 270 сончеви дена Македонија мора да се стреми кон искористување на сонцето за добивање енергија, а не кон изградба на нуклеарка, сметаат тие.

За потенцијалните опасности што ги носи нуклеарната енергија зборуваше д-р Ана Угриновска, која посочи дека опасноста од појава на карциноми и други заболувања е многу висока.

- Нуклеарната енергија претставува можност за сериозен еколошки криминал, кој може да се одрази врз здравјето на луѓето и на целокупниот екосистем. Во нуклеарниот отпад, според ЕИА, се вртат 10 билиони долари од еколошки кривични дела – рече Марина Малиш Саздовска, од Факултетот за безбедност во Скопје. Од друга страна, во МАНУ сметаат дека изградбата на нуклеарка во Македонија е неминовност доколку земјата сака долгорочна енергетска стабилност и развој.

Струмичани сé уште не го откриле сонцето

Граѓаните и фирмите од струмичкиот регион малку или воопшто не се заинтересирани за користење на алтернативни и обновливи извори енергија, кои се поевтини и кои ги има доволно во регионот. Иако Струмица како најјужен град во државата има најмногу сончеви денови во годината, сосема мал број фирми и домаќинства имаат инсталирано соларни колектори за добивање топлинска или електрична енергија.

Во овој град нема интерес ниту за субвенциите од државата од околу 300 евра за набавка и инсталирање соларни системи.

http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=613934554538&id=10&prilog=0&setIzdanie=21711
Back to Top
Vladimir P View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 06-Apr-2008
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 3304
  Quote Vladimir P Quote  Post ReplyReply #56 Posted: 13-Jun-2009 at 21:14
... Во овој град нема интерес ниту за субвенциите од државата од околу 300 евра за набавка и инсталирање соларни системи ...

Ова веќе е таква јадица а новинарите упорно ја голтаат.

Има само 500 субвенции за инсталиран систем.

Колку жители има Струмица и да скаат никогаш нема да дојдат на ред, многу мој приатели поднесоа за субвенции уште лани ги одбива со образложение дека е пополнет бројот. Верувам дека и оваа година ќе извисат, или ќе им кажат дека тоа се фактури од лани.

РЕШЕНИЕ - Владата

- Да го намали данокот за панелите на 0% и нека субвенционира со некој процент, па тогаш ќе нема конкурси, администрација, папирологија, протекции, ....

- Од кредитите за развој да овозможи наменски кредит за набавка на истите но не со банкарска камата него со таја - владината со која е добиен кредитот.

Е тогаш ја би бил прв во редот да набавам, и на секого да му препорачам и објаснам за бенефитот како личен така и на целата држава од таа инвестиција.
Клуб на љубители на железниците во Македонија, Macedonian Railways Fan Club
https://www.facebook.com/767277056651521/
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #57 Posted: 16-Jun-2009 at 00:09

Презентирана Нацрт-стратегијата за развој на енергетиката во Македонија

Скопје, 15 јуни


Министерството за економија денеска го презентираше нацрт текстот на Стратегијата за развој на енергетиката во Македонија за период 2008-2020 со визија до 2030, изготвен од МАНУ. Документот е ставен на веб страницата на Министерството за јавна расправа, а по нејзиното завршување ќе следи изготвување на финална верзија која потоа ќе биде усвоена од Владата. 


Стратегијата предвидува две сценарија за развој не енергетскиот сектор во Македонија, без и со изградба на атомска централа. За реализација на стратегијата Македонија ќе треба да обезбеди четири милијарди евра за сценариото без атомска централа, а пет милијарди евра за сценариото со атомска централа. Од нив до 2020 година треба да се реализираат три милијарди евра.


Документот предвидува модернизација и ревитализација на постојните хидро и термо енергетски објекти, дури и на ТЕЦ Неготино која работи на мазут, целосно искористување на домашните ресурси - хидропотенцијалот и лигнитот, како и воведување на природниот гас и обновливите извори на енергија - ветрот и сонцето во производство на електрична енергија. 


Со стратегијата се потврдува изградбата на хидроелектраните Чебрен, Галиште и Бошков мост, а предвидено е од хидропотенцијалот да се довибиваат 780 мегавати елетрична енергија. Во зависност од сценариото предвидена е изградба на три термоелектрани од по 300 мегавати или пак една ТЕЦ од 300 и една нуклеарна централа од 1.000 мегавати во второто сценарио. Исто така, се предвидува од термоелектрани и топлани да се добиваат 564 мегавати електрична енергија, а 180 мегавати од обновливи извори на енергија. Хидро и термо електраните треба да се реализираат до 2019 година, а нуклеарната електрана во 2026.


- Намената на документот е да ги дефинира главните цели, принципи и приоритети како да се развие енергетскиот сектор во државава до 2020 година. По завршувањето на јавната расправа која сметам дека е оптимално да трае еден месец ќе имаме еден значаен документ чија намена нема да биде да седи во некоја фиока, рече министерот за економија Фатмир Бесими пред почетокот на презентацијата.


Тој посочи дека усвојувањето на стратегијата ќе значи и либерализација на енергетскиот пазар во Македонија и ќе овозможи формирање на пазарни цени. Министерот за економија нагласи дека и во моментов се спроведуваат активности за реализација на некои од проектите предвидени во Нацрт стратегијата.
Министерот Бесими, како што нагласи, е реалист и оптимист дека има доволно стручност во Нацрт стратегијата и оти предвидувањата во неа се раални и изводливи.



http://www.vlada.mk/?q=node/3225
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #58 Posted: 16-Jun-2009 at 00:23
Еве го и нацрт документот во ПДФ формат:

Стратегија за развој на енергетиката 2008-2020 со визија до 2030



Има богатство информации кои ќе бидат корисни за најразлични дискусии во иднина.

Cheers
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #59 Posted: 16-Jun-2009 at 00:29
Добро е што конечно добивме еден ваков документ кои треба да ни го трасира патот во кој правец треба да се движиме со енергетиката. Обично досега може би и ни било пречка немањето ваков документ, а и обично тоа што се правело не било врз основа на стратегија него врз база на потреби па најчесто владата одлучувала или па некое друго тело. Сега да ги охрабриме институциите да ја започнат со спроведување на стратегијата, а ако можат некои проекти нека ги завршат и понапред од предвидениот рок. Исто така ги охрабрувам да го сватат документов поозбилно одколку што го сватиле за озбилно гуп-от на Скопје.
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #60 Posted: 16-Jun-2009 at 02:50
А како надополнување еве ја и вечерашната дебата на А2 помеѓу Академик Глигор Каневче и Професор Атанаско Тунески.
Нацрт стратегијата беше претставена денес, па да се надеваме дека ваквите дијаметрално спротивни ставови околу нејзе ќе спласнат откако ќе има време подобро да се разгледа, да се разјаснат некои работи, да се прифатат издржани забелешки доколку се потврдат слабости...





Воведен дел и нешто околу „Вардарска Долина“ во контекст на изместувањето на пругата долж К10:






За гасот, за предвидените хидроелектрани и за хидроелектраната во изградба - Света Петка:






За идната цена на електричната енергија и за квалитетот на документов:






За идната сопственичка структура на ЕЛЕМ, за ревитализацијата/модернизацијата на хидроелектраните и за планираната нуклеарна електрана:





Edited by Cloverstack - 16-Jun-2009 at 02:57
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <12345 27>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.234 seconds.

Copyright ©2007 - 2024  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.