![]() |
![]() |
![]() |
Основно училиште „Киро Глигоров“ - Капиштец |
![]() |
Post Reply ![]() |
Page <1234> |
Author | |
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
Се бара име за новото училиште во Капиштец
На почетната страница на веб страницата на Општина Центар е активна анкета за името на новото училиште што ќе се отвори во Капиштец. Како што информира на својата фејсбук-страница градоначалникот на општина Центар, Саша Богдановиќ, тие сакаат да го слушнат мислењето на граѓаните во врска со името на училиштето. Тој додаде дека можноста за предлози за име на новото училиште ќе биде отворена пет дена, а потоа, наредните седум дена имињата што ќе бидат повеќе пати предложени, ќе бидат ставени на јавна анкета. Од општина Центар информираат дека изградбата на основното училиште Капиштец е во третата, завршна фаза. Зафаќа бруто површина од 9.428 квадратни метри квадратни, а може да прими од 500 до 600 деца. – Во училиштето има 20 училници и кабинети за физика, хемија, биологија, музичко образование, историја, географија, а има и ботаничка градина. Училиштето ќе има и фискултурна, но и гимнастичка сала – велат општинските власти. Училиштето се планира да започне со работа на први септември со тоа што сите простории нема да бидат пуштени оваа година, затоа што се почнува со одделенска настава (од прво до петто одделение), а останатите ќе се пуштаат во употреба тековно. Изградбата на училиштето започна во октомври 2016 година, уште кога градоначалник на општината беше Андреј Жерновски. Тој изградбата ја најави уште на почетокот на декември 2015 година. (А.П.) https://www.vecer.press/се-бара-име-за-новото-училиште-во-капиш/ |
|
![]() |
|
alexsend ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 11-May-2011 Location: Скопје, Центар Online Status: Offline Posts: 2086 |
![]() ![]() |
Како се конкурира за наставен кадар?
Ако веќе градиме најмодерно улилиште во центар на главен град на држава сакам да знам кој и по кои критериуми ќе предава таму. Како до вработување на најдобриот кадар? |
|
Јас Скопје никогаш не сум го замислувал вака.
|
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
Внатрешниот двор(од фб)
![]() |
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
ЦЕНТАРЦИ ПРЕДЛАГААТ: Новото училиште во Капиштец да се вика Киро Глигоров
При крај е изградбата на новото основно училиште кое се гради во населбата Капиштец. Денеска во обиколка на објектот беше градоначалникот на општина Центар, Саша Богдановиќ заедно со министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска и најавија дека училиштето ќе почне со работа со почетокот на новата училишна година. Кон почетокот на август ќе започне опремувањето на училиштето. За првпат по 47 години општина Центар добива ново основно училиште. Со современ изглед и капацитет за 500 ученици, ова е првото училиште во регионот кое е целосно адаптирано за лица со попреченост – истакна Богдановиќ. Ова училиште сè уште нема име. На почетокот на овој месец на веб-страницата на општина Центар активна е анкета преку која надлежните сакаат да го слушнат мислењето на граѓаните во врска со името на училиштето. Богдановиќ вели дека најголем процент од граѓаните го предложиле името на Киро Глигоров, првиот претседател на независна Македонија. Сепак, кое име ќе добие училиштето ќе одлучат советниците на општина Центар. Новиот објект зафаќа бруто површина од 9.428 квадратни метри, а може да прими од 500 до 600 деца. Во училиштето има 20 училници и кабинети за физика, хемија, биологија, музичко образование, историја, географија, а има и ботаничка градина. Училиштето ќе има и фискултурна, но и гимнастичка сала. Од септември нема да бидат пуштени сите простории затоа што се почнува со одделенска настава (од прво до петто одделение), а останатите ќе се пуштаат во употреба тековно. Изградбата на училиштето започна во октомври 2016 година и чини околу 5 милиони евра. (С.Бл.) https://www.vecer.press/центарци-предлагаат-новото-училиште/ |
|
![]() |
|
Enzo ![]() Groupie ![]() Joined: 25-Jun-2019 Online Status: Offline Posts: 57 |
![]() ![]() |
бахахаха па нормално ЦЕНТАРЦИ дека ќе предложат да се вика Киро Глигоров....нормално
![]() |
|
![]() |
|
ironm ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 07-Jun-2018 Location: Frankfurt Online Status: Offline Posts: 886 |
![]() ![]() |
А што е проблемот или смешното во тоа да се вика Киро Глигоров?
![]() |
|
![]() |
|
Џоле ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 23-Apr-2013 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 15368 |
![]() ![]() |
![]() ![]() ![]() ![]() |
|
За сè има вторпат
|
|
![]() |
|
alexsend ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 11-May-2011 Location: Скопје, Центар Online Status: Offline Posts: 2086 |
![]() ![]() |
Само требало да им текне да направат и пола лента за застанување...
|
|
Јас Скопје никогаш не сум го замислувал вака.
|
|
![]() |
|
kiriOK ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 11-Apr-2012 Location: Tamworth,UK Online Status: Offline Posts: 1023 |
![]() ![]() |
Основна школа градеа два и пол градоначанички мандата ејјјјј...да не правиме муабет за локацијава...место да бараат што повеќе зеленило и разтеретеност од сообраќај они го тутнаа тука...Иначе треба да се прекине со праксата (оставштина на комунизмот) основните училишта да носат имиња на било која личност и да се премине кон западниот модел на именување кој е присутен дури и во соседна Грција...
Edited by kiriOK - 04-Aug-2019 at 04:45 |
|
![]() |
|
alexsend ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 11-May-2011 Location: Скопје, Центар Online Status: Offline Posts: 2086 |
![]() ![]() |
Основно училиште "Капиштец", "Капиштец Парк" такво име треба
|
|
Јас Скопје никогаш не сум го замислувал вака.
|
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
Може да се додаде името во насловот на нишкава......
-------------------------------------------------------------------------- Новото училиште во Капиштец се вика „Киро Глигоров“ На предлог на Министерството за образование и наука, Владата, на вчерашната седница усвои информација и даде позитивно мислење за основање на ново општинско основно училиште „Киро Глигоров“ во Општина Центар. Првите генерации ученици новото училиште ќе ги прими во текот на претстојната учебна 2019/2020 година. Инаку, ова е прво училиште што се изгради во Центар, по „J.X.Песталоци“ изградено во 1969 година, како донација на швајцарската Влада по катастрофалниот земјотрес. Иако со своите 12.000 жители е најголема населба во Центар, Капиштец немаше свое училиште. Поради тоа, голем број деца се принудени да одат во училиштата што се наоѓаат далеку од населбата. За да стигнат до најблиските училишта децата мораат да поминуваат повеќе сообраќајници, со што е загрозена нивната безбедност. Со изградбата на новото основно училиште, конечно Капиштец доби своја модерна образовна установа за 500 ученици. https://nezavisen.mk/novoto-uchilishte-vo-kapishtec-se-vika-kiro-gligorov/ |
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
Капиштец ќе се поднови со „Киро Глигоров“ – Модерно училиште за модерни генерации
![]() ![]() Околу 250 ученици од прво до петто одделение од септември ќе учат во новоизграденото основно училиште во Општина Центар, „Киро Глигоров“. Ова е прво новоизградено училиште од 1969 година во скопската Општина Центар, кога со донација од швајцарската влада по катастрофалниот земјотрес било изградено училиштето „J.X. Песталоци“. Иако со своите 12.000 жители е најголема населба во Центар, Капиштец немаше свое училиште. Поради тоа, голем број деца се принудени да одат во училиштата што се наоѓаат далеку од населбата. За да стигнат до најблиските училишта, мораат да поминуваат повеќе сообраќајници, со што е загрозена нивната безбедност. Со изградбата на новото основно училиште, Капиштец добива модерна образовна установа на површина од 12.000 квадратни метри за 500 ученици, а новата учебна година во него ќе ја почнат 250 ученици, од кои најголемиот дел се првоодделенци. Другите се преместени од неколку училишта во Центар, затоа што им е поблиску до дома. Околу 250 ученици од прво до петто одделение од септември ќе учат во новоизграденото основно училиште во Општина Центар, „Киро Глигоров“. Ова е прво новоизградено училиште од 1969 година во скопската Општина Центар, кога со донација од швајцарската влада по катастрофалниот земјотрес било изградено училиштето „J.X. Песталоци“. Иако со своите 12.000 жители е најголема населба во Центар, Капиштец немаше свое училиште. Поради тоа, голем број деца се принудени да одат во училиштата што се наоѓаат далеку од населбата. За да стигнат до најблиските училишта, мораат да поминуваат повеќе сообраќајници, со што е загрозена нивната безбедност. Со изградбата на новото основно училиште, Капиштец добива модерна образовна установа на површина од 12.000 квадратни метри за 500 ученици, а новата учебна година во него ќе ја почнат 250 ученици, од кои најголемиот дел се првоодделенци. Другите се преместени од неколку училишта во Центар, затоа што им е поблиску до дома. Во очекување сме на согласности од Министерството за образование за техничкиот персонал, стручната служба и администрација. Од следната учебна 2020-2021 година ќе се вработат и наставници по предметна настава, во зависност од бројот на запишани ученици – додаваат од Центар. Греењето на училиштето е централно и во основа ќе биде подно греење. Анкетата за името на училиштето ја спроведе Општина Центар, при што граѓаните што гласаа одлучија тоа да се вика „Киро Глигоров“, а на предлог на МОН, Владата усвои информација и даде позитивно мислење за основање на ново општинско основно училиште во Општина Центар. Финансирањето на изградбата на училиштето е целосно покриено од Општина Центар. Дел од средствата се сопствени, а дел од средствата се со кредит од Европската банка за обнова и развој и чини нешто повеќе од 5,5 милиони евра. Училиштето во Капиштец почна да се гради во октомври 2016 година, кога градоначалник беше Андреј Жерновски. https://nezavisen.mk/kapishtec-kje-se-podnovi-so-kiro-gligorov-moderno-uchilishte-za-moderni-generacii/ |
|
![]() |
|
skopskodete ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 17-Feb-2017 Online Status: Offline Posts: 926 |
![]() ![]() |
Се надевам дека внатре испланирале паркинг со обележани паркинг места, а не вака без ред испаркирани внатре... Прегрдо.
|
|
![]() |
|
Џоле ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 23-Apr-2013 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 15368 |
![]() ![]() |
![]() од фб профилот на Саша Богдановиќ |
|
За сè има вторпат
|
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
Kolku sto mozam da vidam od slikive skolovo voopsto nema zelenilo ili greska sum? Nekako mnogu asfalt po dvorot. Samo od prednata strana ima nekolku drva.
|
|
![]() |
|
alexsend ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 11-May-2011 Location: Скопје, Центар Online Status: Offline Posts: 2086 |
![]() ![]() |
Дефинитивно фалат дрва, но фали и лента за кратко застанување со возила кои неминовно ќе направат хаос. И најбитно од се фали образложение на кој начин ќе ги изберат најдобрите и најсоодветни професори за најдоброто училиште во градот убав? Објектот не значи ништо за процес на образование, кадарот е!
|
|
Јас Скопје никогаш не сум го замислувал вака.
|
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
Од фб на градот поставена е заштитна ограда поред тротоарот за поголема безбедност
![]() ![]() ![]() ![]() |
|
![]() |
|
xnx ![]() Senior Member ![]() Joined: 05-Apr-2009 Online Status: Offline Posts: 1943 |
![]() ![]() |
seriozno u 2019ta uste se pravat pesacki so trotoar sto moze samo so skok da se pomine? dali se normalni?
|
|
![]() |
|
alexsend ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 11-May-2011 Location: Скопје, Центар Online Status: Offline Posts: 2086 |
![]() ![]() |
Училиштето е 10ка.
Но само после 1 недела се избришани новите пешачки и натписот "Школо"...!!! И пак ќе пишам, како ќе ги изберат најдобрите наставници за најдоброто училиште? Кога знаеме дека 90% од наставниците се брука сама за себе, и 90% од оние кои завршиле педагошка се исто така брука сама за себе. |
|
Јас Скопје никогаш не сум го замислувал вака.
|
|
![]() |
|
ironm ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 07-Jun-2018 Location: Frankfurt Online Status: Offline Posts: 886 |
![]() ![]() |
Со партиска книшка - како поинаку?
|
|
![]() |
Post Reply ![]() |
Page <1234> |
Forum Jump | Forum Permissions ![]() You cannot post new topics in this forum You cannot reply to topics in this forum You cannot delete your posts in this forum You cannot edit your posts in this forum You cannot create polls in this forum You cannot vote in polls in this forum |