![]() |
![]() |
![]() |
Паркирање и паркинзи (општо) |
![]() |
Post Reply ![]() |
Page <1 3334353637 47> |
Author | |
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
Поради корона кризата, догодина ќе нема инвестиции во изградба на нови паркинзи во Скопје
Големите финансиски загуби на јавните претпријатија годинава ќе доведат до одложување на планираните капитални инвестиции во изградба на нови јавни паркинзи и монтажни гаражи за решавање на проблемот со паркирањето во Скопје. Големиот број проблеми со паркирањето во главниот град, за што „Мета.мк“ веќе подолго време пишува, и понатаму ќе се решава единствено со интервенции од помал обем. „ЈП Паркинзи на Општина Центар се соочи со голема финансиска загуба како резултат на пандемијата предизвикана од вирусот Ковид-19. Бидејќи се работи за исклучително тешка година, ЈП „ПОЦ“ во 2021 година ќе мора да ги стопира капиталните инвестиции се со цел да не се загрози нормалното работење на претпријатието“, велат за „Мета.мк“ од ЈП „ПОЦ“. Тие додаваат дека наместо изградба на новите монтажни паркинзи што беа најавени кај ДТЦ „Дилајла“ и кај бараките на Општина Центар, сега имаат план да направат реконструкција на постојните монтажни гаражи за да се обезбедат дополнителни паркинг места. Ако добијат помош од Општина Центар или од Град Скопје, во тој случај ЈП „ПОЦ“ е подготвен да ги реализира проектите што беа претходно предвидени за 2021 година. Откако ги зголемија цените за паркирање на почетокот на годинава, од ЈП ПОЦ велат дека во 2021 година не планираат да го поскапат паркирањето на паркиралиштата со кои стопанисуваат. ЈП „Градски паркинг“ пак со одлука на Совет на град Скопје на почетокот на месецов го поскапи паркирањето за 5 денари за еден час на сите зони на паркирање во Скопје со кои тие стопанисуваат, а нови цени добија и месечните паркинг карти во катните гаражи. Инаку, „Мета.мк“ во два наврати во изминативе три недели испрати прашања до ЈП „Градски паркинг“-Скопје, но од нив досега не добивме одговори за тоа какви инвестиции планира ова јавно претпријатие да вложи догодина за да се зголеми бројот на паркинг места во главниот град. Единствено Општина Карпош излезе со информација дека во моментов течат координативните активности со ЈП „Градски паркинг“ за спроведување на регулација на паркинзите, односно воведување на зонско паркирање на територијата на оваа општина. Со оглед на тоа што веќе беше спроведена анкета на која граѓаните позитивно се изјаснија, извесно е дека во 2021 година ќе се воспостави зонско паркирање во населбите Карпош 1 и 2, со кое ќе управува ЈП „Градски паркинг“. И ЈП „ПОЦ“ и „Градски паркинг“ веќе подолго време имаат проблем со недостигот на паркинг места, кој најизразено се гледа преку бројот на издадени бесплатни дозволи за паркирање на станарите наспроти вкупниот број на паркинг места со кој управуваат двете претпријатија. Па така, заклучно со декември минатата година, ЈП „Градски паркинг“ располагаше со 8.999 паркинг места, додека имал издадено 113.963 бесплатни дозволи за паркирање на станарите кај зонското паркирање и кај јавните паркиралишта во општините Центар и Аеродром. https://meta.mk/poradi-korona-krizata-dogodina-kje-nema-investiczii-vo-izgradba-na-novi-parkinzi-vo-skopje/ |
|
![]() |
|
гитардемон ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 19-Feb-2008 Online Status: Offline Posts: 5424 |
![]() ![]() |
![]() Треба да се изврши мерење колку подземни паркинг места се достапни, и секој кој има подземна гаража да се лиши од надземно паркинг место. |
|
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
|
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
ОКОЛУ „СИТИ МОЛ“ НАЈПОВОЛНА ВАРИЈАНТА Е ЗОНСКО ПАРКИРАЊЕ ЗА ДА НЕ ИМ ПРЕЧАТ ПОСЕТИТЕЛИТЕ НА ЖИТЕЛИТЕ, ВЕЛИ БОГОЕВ
Се разгледува можноста за воведување на зонско паркирање и во населбите Карпош 3 и Карпош 4, најави градоначалникот на општина Карпош Стефан Богоев. Откако по спроведената анкета беше одлучено зонско да се воведе во населбите Карпош 1 и Карпош 2, Општината размислува на овој начин да се реши проблемот и околу трговскиот центар „Сити мол“. „Граѓаните на Карпош 3 и Карпош 4 во ниту една варијанта нема да плаќаат за паркинг. Сметам дека најповолно решение за паркинг просторот кој е узурпиран од посетителите на ‘Сити мол‘ е воведување на зонски резиденцијален паркинг. Истиот би подразбирал бесплатен паркинг за станарите и евтина гостинска карта, а посетителите на трговскиот ќе плаќаат“, вели градоначалникот Богоев. Богоев вели дека пред да се решат за овој чекор ќе спроведат анкета меѓу граѓаните, како што беше направено во населбите Карпош 1 и Карпош 2. Жителите на зградите околу „Сити мол“ постојано се жалат дека немаат место за паркирање од посетителите на трговскиот, кои за да не плаќаат паркинг во гаражата, се паркираат на улиците и тротоарите пред зградите. https://sdk.mk/index.php/dopisna-mrezha/okolku-site-mol-najpovolna-varijanta-e-zonsko-parkirane-za-da-ne-im-prechat-posetitelite-na-zhitelite-veli-bogoev/ |
|
![]() |
|
carver91 ![]() Senior Member ![]() Joined: 09-Mar-2015 Online Status: Offline Posts: 166 |
![]() ![]() |
Дали има полнач за електрични возила во Охрид?
|
|
![]() |
|
гитардемон ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 19-Feb-2008 Online Status: Offline Posts: 5424 |
![]() ![]() |
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
|
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
Зонското паркирање годинава влегува во Карпош
По воведувањето на зонско паркирање во Центар и Аеродром, годинава ваков вид на паркирање треба да се воведе и во Општина Карпош. Во населбите Карпош 1 и 2 уште пред една година жителите потврдно одговорија на анкетата која ја спроведе локалната власт за тоа дали сакаат или не регулирано паркирање, со надеж дека на тој начин ќе се надмине долгогодишниот сериозен проблем со недостигот на паркинг-места. – Во Карпош 1 предвидената организација на сообраќајот во мирување го зафаќа потегот помеѓу улиците Гиго Михајловски, Иван Аговски, Даскал Камче, Руѓер Бошковиќ и Никола Тесла. Согласно направените анализи, со реорганизација и реконструкција на јавните површини на споменатите улици на кои би се вовело зонско паркирање, јавното претпријатие би овозможило 432 места за паркирање. Во Карпош 2 предвидено е да се оспособи потегот од булевар Осми Септември, улиците Бранислав Нушиќ и Веселин Маслеша, со што би се ставиле во употреба уште 352 паркинг места – прецизирано е во Инвестиционата програма на ЈП „Градски паркинг“ за 2021 година. Паркирањето во Општина Карпош би било во Д зоната, што значи дека сите оние што не се жители на овие населби би плаќале по 30 денари од час. Подготовката на теренот во двете населби за воведување зонско ќе започне на пролет. – Штом ќе овозможат временските услови ќе направиме подготовка на теренот за воведување на зонско паркирање во Карпош 1 и 2, но и во Лептокарија и кај Млечен. Општина Карпош има потреба од зонско паркирање, притисокот на возачите и граѓаните кои живеат на оваа територија е голем, па тоа ќе се реализира во текот на 2021 година. Размислувавме за воведување на зонско паркирање и во Кисела Вода, во делот кај Расадник, но по направените анкети сфативме дека граѓаните не се согласуваат со таквата идеја – информира директорот на „Градски паркинг“, Борче Јакимовски во „Утрински брифинг“. Градоначалникот на Карпош, Стефан Богоев, во неодамнешто интервју за „Слободен печат“ објасни дека паркирањето би било бесплатно за граѓаните резиденти до три нивни возила, додека пак сите што живеат во подалечните населби или во други општини би плаќале по 30 денари од час. Сепак, според него, поради тесните улици во населбите воведувањето на зонско има извесни проблеми. – Во Карпош 1 главно се потесни, сервисни улици, а зонското паркирање, исцртувањето места подразбира и ослободување на тротоарите од возила, со што значително ќе се намали капацитетот за паркирање во одредени населби (особено во Карпош 1 и кај „Млечен“). Затоа се подготвува нов предлог, кој ги зема предвид спецификите на микро ниво, по населби, со цел и резидентните граѓани да не се соочат со недостиг на паркинг места. Решението мора да биде функционално и одржливо на долг рок – рече Богоев. Покрај воведувањето зонско паркирање во овие две населби во Карпош, годинава претпријатието планира да уреди 18 паркинг- места на улица Орце Николов, 40 на Кале, на улица Самоилова, потоа 103 места кај Сточарски институт. Нови места за паркирање ќе се уредат и кај Музеј на современа уметност, кај СЦ „Борис Трајковски“ и во Лептокарија во Карпош 3, но нивниот број ќе биде дополнително утврден откако ќе се изработи сообраќајно техничко решение, односно Проект за регулирање на сообраќајот. ЈП „Градски паркинг“ во моментов располага со 8220 паркинг места – 1720 на паркиралишта со наплатна рампа, 5450 во зоните за паркирање и 1050 во катните гаражи. https://www.slobodenpecat.mk/zonskoto-parkirane-godinava-vleguva-vo-karposh/ |
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
Прво нов ГУП, потоа изведба на Park & Ride терминали за решавање на паркирањето во Скопје
Изградбата на патничките транспортни терминали во Скопје ќе ја чека изработката на новиот Генерален урбанистички план за периодот 2022-2032 година. Популарните Park & Ride терминали во македонскиот главен град се ветија пред една деценија, но до денешен ден не се изградија на влезовите во Скопје, каде би можело да се паркира возилото и од таа точка да се продолжи патувањето со градско-приградска автобуска линија, велосипед или железница. Од Град Скопје за „Мета.мк“ велат дека за реализација на патничките транспортни терминали неопходно е најпрво да се заврши процесот на изработка на Студијата за новата мрежа на градско-приградски линии на територијата на Град Скопје, која во моментов е во фаза на евалуација од Европската банка за обнова и развој (ЕБОР). Исто така, градските власти сметаат дека овој проект е поврзан со донесувањето на новиот ГУП на Град Скопје, при што во моментов за потребите на идниот ГУП се прави евалуација на Планот за одржлива урбана мобилност за долгорочна визија на урбаниот транспорт, кој е финансиран од ИПА фондовите на ЕУ. „Со Планот за одржлива урбана мобилност (СУМП) се надеваме дека ќе ја добиеме основата за изработка на Park & Ride паркинг терминалите“, велат за „Мета.мк“ од Град Скопје. Освен довршување на постапката за подготовка на овие документи, градските власти од годинешниов буџет не предвидуваат да одвојат средства за реализација на вакви патнички транспортни терминали во Скопје. Инаку, Park & Ride терминалите би биле наменети за паркирање на возилата кои доаѓаат од другите градови во Скопје, а кои според застарените проценки од 2012 година, се околу 30.000 возила на дневно ниво. Овие патнички транспортни терминали би требало да се изградат покрај автопатите на влезовите во Скопје, во Сарај од западната страна, и во Хиподром, Илинден или Петровец од источната страна. Покрај тоа што би можело да се паркира возилото на овие локации, од оваа точка возачите ќе може да се прекачат на автобус, воз или велосипед кој би ги одвел до крајната дестинација во Скопје. На тој начин, со овој проект главниот град би имал неколку бенефити: би се намалил сообраќајниот метеж во Скопје, би се ублажил проблемот со паркирањето, додека на граѓаните од другите градови би им се овозможило поевтино и побрзо да го реализираат своето патување во главниот град. Во развиените европски градови, ваквите Park & Ride терминали се градат во близина на најоддалечените метро станици, покрај железнички станици во приградските населби или на локација до која е изградена велосипедска мрежа, а во Скопје ваквите патнички транспортни терминали би можеле да претставуваат уште една шанса за развој на градско-приградската железница во Скопје, која се ветува веќе три децении. https://meta.mk/prvo-nov-gup-potoa-izvedba-na-park-ride-terminali-za-reshavanje-na-parkiranjeto-vo-skopje/ |
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
Се гради паркингот кај поранешната полициска станица
Општина Ѓорче Петров стартуваше со изградбата на ветениот паркинг-простор на местото на поранешната полициска станица. Оттаму информираат дека капацитетот на паркингот е за педесетина возила. Доколку временските услови дозволат, паркингот ќе биде пуштен во употреба за еден месец. ![]() ![]() https://www.vecer.press/се-гради-паркингот-кај-поранешната-по/ |
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
Тротоарите на улиците во Карпош 2, посебно на „Бранислав Нушиќ“, претворени во паркинзи
![]() ![]() Горјан Јовановски, жител од Карпош 2, му предлага на градоначалникот на Општина Карпош, Стефан Богоев, од двете ленти на еднонасочните улици, едната да се пренамени во паралелен паркинг. Од Општина Карпош велат дека законски немаат надлежност сами да го менуваат сообраќајниот режим, да поставуваат сообраќајна сигнализација или да пренасочуваат режим на движење на коловозот. -Истото се однесува и за пренамена и обележување на зоните за паркирање низ сервисните улици. За таа цел, мора да се изготви проект од страна на сообраќајни инженери, кој потоа Секторот за сообраќај на Град Скопје и СВР Скопје треба да го разгледаат и доколку е прифатлив, да го одобрат – одговорија од локалната самоуправа и додаваат дека тие повторно ќе им ја посочат конкретната ситуација во населбата Карпош 2 Жителите на улицата „Бранислав Нушиќ“ во Карпош 2 реагираат дека како и многу други улици во населбата, поради зголемениот број на автомобили по семејство и неправилното користење на гаражите од станарите, тротоарите се претворени во паркинг. Горјан Јовановски, жител од Карпош 2, му предлага на градоначалникот на Општина Карпош, Стефан Богоев, од двете ленти на еднонасочните улици, едната да се пренамени во паралелен паркинг. -Двете ленти на еднонасочните улици не се потребни на ваква улица, а со паралелен паркинг ќе се ослободи тротоарот за да може децата од училиште и градинка безбедно да одат и да се враќаат дома. Реално, неколку канти боја и еден ролер, 2-3 часа и една улица ќе ја скоцкаме веднаш. Јас сум подготвен да помогнам околу ова – што велиш Стефан, прашува Јовановски. Мила Рориќ, пак, додава дека кога би се урнале гаражите кои се издаваат како магацини, би се направиле поголеми отворени паркинзи и би се ослободиле дел од тротоарите. На тоа градоначалникот Богоев и одговора дека е подготвен и тој, но оти мора прво да се направи сообраќаен проект за стационарно паркирање. -И тоа може да го нарачаме и имплементираме. Идејата е добра и ќе помогне сигурно – потенцира Богоев. Виктор Костов смета дека сега со зонско паркирање, жителите уште повеќе ќе бидат заглавени и дека Општина Карпош „ќе лапка“ пари од Градски паркинг. Тој го повика градоначалникот Богоев да излезе од канцеларија, бидејќи според него Карпош не е само Лептокарија и сликање на асфалтирани улици. Јасна Шоптрајанова бара да се остави простор за противпожарни возила. – Во основно на времето, на СВОЗ, учевме дека никако не смее да се дозволи паркирање околу училишта и слични објекти, зашто ако таму се случи критична ситуација, таа е неспоредливо покритична од другите и мора да има чист пристап за противпожарни возила, брза помош и слично. Па колку и да е мала веројатноста дека тоа би се случило – истакна Шоптрајанова. Од Општина Карпош велат дека се запознаени со конкретната ситуација која според нив произлегува од несовесното однесување во сообраќајот, кога станува збор за паркирањето на автомобилите во овој реон на Карпош. -Општина Карпош законски нема надлежност сама да го менува сообраќајниот режим, да поставува сообраќајна сигнализација или да пренасочува режим на движење на коловозот. Истото се однесува и за пренамена и обележување на зоните за паркирање низ сервисните улици. За таа цел, мора да се изготви проект од страна на сообраќајни инженери, кој потоа Секторот за сообраќај на Град Скопје и СВР Скопје треба да го разгледаат и доколку е прифатлив, да го одобрат – одговорија од локалната самоуправа и додаваат дека тие повторно ќе им ја посочат конкретната ситуација во населбата Карпош 2. -Веруваме дека предлогот за ново сообраќајно решение на нашиот сограѓанин кој живее на ул. „Бранислав Нушиќ“ е добронамерен. Но, ние како институција за да постапиме по истиот, треба првенствено да распишеме јавна набавка со сите критериуми за изготвување на проект за ново сообраќајно решение. Оттука, откако ќе се избере правен субјект за таа намена, сообраќајните инженери изготвуваат предлог-проект, кој потоа ние го доставуваме на разгледување до СВР Скопје и до Секторот за Сообраќај при Град Скопје, кои треба да го одобрат овој проект. Таква е законската процедура која сме должни да ја почитуваме во целост – објаснија општинските власти. За потсетување, од Општина Карпош потенцираат дека неколку месеци пред пандемијата е спроведена анкета за воведување на зонско паркирање во населбите Карпош 1 и Карпош 2, каде што доминантниот дел од анкетираните жители од овој реон се изјаснија дека ќе го поддржат предлогот за зонско паркирање во своето населено место. https://www.vecer.press/тротоарите-на-улиците-во-карпош-2-посеб/ |
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
Резидентните паркиралишта не се паркинг за сите возачи
Паркинг-главоболки на Општина Центар: живеалиштето оди во пакет со паркинг-место за автомобил Проблемите со паркирање во Општина Центар колку-толку успешно се решаваа со воведувањето зонско паркирање и со формирањето на јавното претпријатие „Паркинзи на Општина Центар“. Сепак, и покрај тоа, граѓаните наидуваат на проблематични ситуации предизвикани од разни несекојдневности. Токму таквите невообичаености и проблеми бараат или финансиски средства или лутање по бирократските шалтери со намера регулирање на документацијата заради добивање на т.н. резидентно паркинг-место, кое би требало да следува заедно со имањето живеалиште (стан, куќа) на граѓаните. Мнозинството жители се задоволни од целокупниот воспоставен систем на претпријатието задолжено за паркирањето во Центар. Сепак, има и повеќе граѓани што наишле на одредени проблеми. Најчесто причините се поради нерегулирани лични податоци во нивните лични документи, или, пак, затоа што се сопственици на повеќе од едно возило. Весна Блажески-Синадинова, жителка на Општина Центар, во допис до истата општина реагира дека добила казна во износ од 960 денари, бидејќи, како што вели, по седум години дознала дека не може да паркира пред зградата каде што е сопственик на стан и има налепница како резидент на Општина Центар. Таа за своето возило добила налепница од ПОЦ меѓутоа за друга адреса, односно за локацијата на стан во сопственост на нејзиниот сопруг, а за истата адреса налепница поседувал и нејзиниот сопруг. Вели дека ниту таа ниту нејзиниот сопруг немале проблем при паркирање на паркинг-простор на местото каде што не живее, а каде што е лоциран нејзиниот стан. – На телефон ми беше кажано дека досега било толерирано паркирање, но од сега ПОЦ се решил за порестриктивна политика! Граѓаните на Општина Центар не знаат и не се свесни дека не можат да си паркираат пред зградата каде што се сопственици на стан бидејќи се со различна адреса на лична карта на Општина Центар! Ми беше кажано дека ако сум сопственик на повеќе од еден стан во Општина Центар, за секој од нив треба да доплаќам по 250 денари од прво возило месечно – револтирано реагира таа. Општинските власти информираат дека во согласност со Правилникот за начинот и постапката за издавање повластена паркинг-карта за јавни паркиралишта со наплата со кои управува ЈП „Паркинзи на Општина Центар“ сите жители што по лична карта живеат на територијата на Општина Центар и што поседуваат сопствено возило добиваат повластена паркинг-карта (ПКЖ) со која може да паркираат на сите комерцијални паркиралишта со кои стопанисува претпријатието, освен на резидентните паркиралишта што не се наменети за нив, паркиралиштата од затворен тип, зоната 0 и катната гаража „Судска палата“. – По исклучок, во согласност со членот 14 од Правилникот за издавање ППК, доколку се работи за единствено патничко моторно возило во семејството, ПКЖ се издава врз основа на нотарски заверено полномошно, под услов властодавецот и полномошникот да се сопружници и еден од нив да е жител на Општина Центар, а властодавецот да е сопственик на патничкото моторно возило – предмет на корисничкиот договор. Доколку, пак, властодавецот го издава полномошното за сопствено второ или трето возило, ќе се смета дека барателот на ПКЖ не ги исполнува условите за користење на повластената паркинг-карта – информираат од Општината. Оттаму додаваат дека физичките лица што имаат во сопственост моторно возило и станбен простор во Oпштина Центар, кој не е регистриран како нивно живеалиште според личната карта, а за кој поседуваат имотен лист, како и физичките лица што се сопственици на моторно возило, а имаат станбен простор под закуп на подрачјето на Општина Центар за кој имаат склучено нотарски заверен договор, добиваат привремена паркинг-карта за станари (ВПКС) и може да паркираат само во секторот каде што им е издадена налепницата, но не и на резидентните паркиралишта. – Госпоѓата што се жали дека не може да се паркира пред нејзината зграда има веќе склучено кориснички договор за повластена паркинг-карта на друга адреса во Општина Центар и можност бесплатно да ги користи сите други комерцијални паркиралишта со кои стопанисува ЈП ПОЦ. Исто така, постои можност да се направи уште еден кориснички договор за другата адреса со надомест во согласност со ценовникот за услуги и надоместоци доколку станот по имотен лист е во нејзина сопственост, или да ја промени адресата во лична карта ако живее на таа адреса како што се вели во нејзиниот допис за да може да ги користи резидентните паркиралишта во тој сектор. ЈП „Паркинзи на Општина Центар“ нема направено никакви измени прекуноќ, овие правила важат со години и важат за сите. Многу граѓани ги злоупотребуваат услугите на претпријатието и постојано наоѓаат начин да ги заобиколат правилата. Затоа, ЈП ПОЦ ќе продолжи со интензивно контролирање и воведување ред на паркиралиштата со кои стопанисува со намера да се реши проблемот со паркирањето и да се стави крај на сообраќајниот хаос во Општина Центар – информираат од Центар. Оттаму додаваат дека ЈП „Паркинзи на Општина Центар“ секогаш транспарентно ги носи одлуките и за сите измени во подзаконските акти, кои прво се одобруваат од Управниот и Надзорниот одбор на претпријатието, а потоа и од Советот на Општина Центар, навремено ги информира граѓаните преку медиумите, официјалната веб-страница на претпријатието и социјалните мрежи. Резидентните паркиралишта на претпријатието постојат од самото негово формирање. Пред две години, со намера да се воведе поголем ред на овие паркиралишта, ЈП ПОЦ започна со поставување блокатори на сите возила што се затекнуваат на резидентно паркиралиште, а не се корисници резиденти на секторот во коj се паркирани, за да им се овозможи на жителите на Општина Центар непречено да ги користат резидентните паркиралишта – велат општинските власти. https://www.novamakedonija.com.mk/makedonija/skopje/резидентните-паркиралишта-не-се-парк/ |
|
![]() |
|
user8642 ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 18-May-2020 Online Status: Offline Posts: 2041 |
![]() ![]() |
Многу лошо се научени луѓето тука да мисламд еке нешто нивно што не е нивно. Сите имаме еднаква потреба од паркинг во Центар, зашто овие да се приилигирани на државно земјиште. Мора да се расчисти ова, и тоа на најможен капиталистички начин. Еднаква цена за сите, тие згради што си имаат сопственост на нивното земјиште може да си прават што сакаат одкако ќе го оградат. Кој неможе да си дозволи ќе си продаде и ќе си се пресели понадвор од центар.
|
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
Деновиве многу галама се прави по социјалните мрежи за интензивни акции на пајак службите низ Стар Аеродром,според мене е сосем оправдано бидејќи се застанува буквално среде улица(особено кај Еквилибриум) а и пред сите други продавници има по неколку коли.
Дека треба барем еден монтажен треба ама исто така станарите од новите згради требало да си купат паркинг место под зграда доколку не им следувало со станот бидејќи кога тогаш ова ќе им се случи оставајќи ја колата наоколу. ![]() ![]() https://www.facebook.com/jassumodopstinaaerodrom |
|
![]() |
|
mackomk ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 04-Nov-2007 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 130 |
![]() ![]() |
Баш пред Еквилибриум, каде што е најголемиот проблем и безобразлук не се креваат коли, затоа е галамата.
|
|
![]() |
|
user8642 ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 18-May-2020 Online Status: Offline Posts: 2041 |
![]() ![]() |
Галамата е само политички leftist jibber-jabber, да се ќари политички поен некој од една помала партија, осетиле поле за поентирање и мислат дека ете шанса за некој глас повеќе. Ако се наведат станарите да паркираат во гаражи тогаш ќе има место за да нема паркирање пред еквилибриум. Не е крив кафичот што постои, предвидени се такви дејности според ДУП. И паркинзите треба да се баш за оние што се "на проаѓање". Да не треба случајно гостите у еквилибриум да си купат гаража во близина ако сакаат да одат таму. Паркирањето на гостите во угостителските објекти е еднакво, ако не и повеќе, легитимно од паркирањето на станарите. Мора да се прекине со оваа навика во Македонија да се протажира кампања дека станарите имаат повеќе право на околните површини. Таа лоша пракса што се направи со повластените зонски паркирања на јавни површини мора да прекине.
Edited by user8642 - 09-Feb-2021 at 15:28 |
|
![]() |
|
user8642 ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 18-May-2020 Online Status: Offline Posts: 2041 |
![]() ![]() |
Сум размислувал дури и на темата, дали можеби ќе биде подобро за Скопје да се најде модел во кој подземните гаражи би биле под надлежност на ЈП Паркинзи или слични општински претпријатија. Во новите згради никој не ги купува, стојат неискористени, во старите згради се одвоени гаражи полни со ѓубриња и повторно неискористени. Барем да подпаднат под општините како нивни имот, дали со експропријации или уште во изградба да се регулира тоа. Едноставно сегашниот модел на паркирање создава проблеми и нефункционира. Не викам дека предложеното во претходната реченица е најдобро решение, но од сегашната ситуација мора да дојдеме до различна во која ефективно ќе се искористува паркинг просторот.
|
|
![]() |
|
zabegan ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 01-Jul-2008 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 7859 |
![]() ![]() |
нормално е дека правилото е „не го крши законот и нема да бидеш казнет“, ама кога двајца граѓани подеднакво ги кршат ама едниот само го казниваат, доаѓа до фрустрации и дополнителна игнорантност инаку, сиот тој проблем со паркинг местата местата че се реши само ако се забрани становите да се продаваат одделно од нив... жалосно е колку паркинг места имаат обезбедено овие објекти и колку стојат празни што се однесува до проблемот со Еквилибриум, можеби ресторанот не е должен да обезвбеди паркинг, ама граќаните не се должни да се паркираат до маса... барем Аеродром сеуште има паркинзи наоколу и бесплатни и што се наплаќаат, ако сакаш да се движиш наоколу, ќе си платиш место и готово |
|
Architects create dreams...politicians create nightmares
|
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
Автокоманда окупирана од возила на поголемите фирми, станарите кружат за да најдат паркинг место
![]() ![]() ![]() Сообраќаен хаос во населбите во општина Гази Баба. Жители на Автокоманда се жалат дека нема места за паркирање низ населбата, бидејќи улиците, тротоарите и паркинзите се окупирани од возила на поголемите фирми. Велат дека станарите вртат по улиците низ населбата и по 15-20 минути барајќи некое слободно место, макар и во парк за да си го сместат возилото. Тие им забележуваат на општинските власти дека дозволуваат Автокоманда да се развива во секој поглед, пред се со зголемување на станбениот простор, но никако да го решат проблемот со паркирањето. Велат дека решение е катна гаража или зонско паркирање Жители на Автокоманда се жалат дека нема места за паркирање низ населбата, бидејќи улиците, тротоарите и паркинзите се окупирани од возила на поголемите фирми. Велат дека станарите вртат по улиците низ населбата и по 15-20 минути барајќи некое слободно место, макар и во парк за да си го сместат возилото. Тие им забележуваат на општинските власти дека дозволуваат Автокоманда да се развива во секој поглед, пред се со зголемување на станбениот простор, но никако да го решат проблемот со паркирањето. Велат дека решение е катна гаража или зонско паркирање. Паркингот кај што е мојата зграда, го делиме со околните. Не е исто по 12 станови во зграда и по 36 станови во зграда. Ниту зонско не помага овде, право на паркинг има секој станар, но нема место – вели Габи Велјаноска. Димитар Проданов смета дека зонско паркирање треба да се разгледа како опција, со тоа што постојните станари да добијат по едно загарантирано место за паркирање, за што би се плаќало симболична годишна наемнина или можност за откуп. Еден жител на Автокоманда вели дека на немањето места за паркирање најмногу се жалат оние кои меѓу првите добија проширување и доградби на станбени единици. Сега им сметаат гужвите и премногу возила, зошто тогаш воопшто дозволивте зградите да ги доградуваат. Автокоманда е хаос, беше но сега е уште поголем. Не е проблемот само во паркинг места, проблем е и надвозникот, гужви невидени по цел ден – вели жителот. Смета дека во Автокоманда има многу позиции за искористување на паркинг места, но од диви гаражи без имотни листови, од узурпирани паркови од поединци, и од луѓе кои работат во фирмите околу, не може да се дојде до паркинг за луѓе кои живеат тука и тоа треба да се реши и тоа веднаш. – За луѓето од фирмите има голем паркинг пред Земјоделскиот факултет, сега е слободен, но не им се оди од таму до работното место – вели Иво Младеновски. На големиот паркинг во населбата, кај Комерцијална банка, беше предвидена изградба на катна гаража, но жители на улицата „Јани Лукровски“ бр 2 (или војната кула) потпишале дека се против. Сметаат дека тоа е единственото уредено место со плоштадот за шетање, а големите фирми од другата страна на булеварот да си направат паркинзи за своите вработени. Советникот во општина Гази Баба, Дејан Димитровски вели дека се прави друго решение за катна гаража. Тротоарите кај пазарот во Ченто окупирани со возила и диви продавачи Тротоарите кај пазарот во населба Ченто секојдневно се окупирани со возила и диви продавачи на земјоделски производи. Пешаците и инвалиди во колички мораат да се движат по коловозите на улиците. Жители на Ченто предлагаат „пајак“ службата да си ја врши работата и барем едно возило да кружи по цела општина и да им ги дига колите, сметаат дека само така ќе се научат на ред. Исто така, предлагаат на оние кои паркираат на недозволени места да им се наплатува паркирање по час, или пак, да се постават заштитни столпчиња и проблемот ќе го снема. https://www.vecer.press/автокоманда-окупирана-од-возила-на-по/ |
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
Станари на Максим Горки чекааат по половина час за да се ослободи паркинг место за да си одат дома
Станари сме на улицата Максим Горки број 14 во центарот на Скопје. Накратко Ви го изнесуваме нашиот долгогодишен проблем за користење на паркинг услуги на нашата улица, кој кулминираше со забрана од страна на ЈП Градски Паркинг Скопје за користење паркинг на улицата на која живееме и паркирање две улици подалеку од живеалиштето. Секојдневен проблем е неподносливата фрекфенција на улицата којашто се создава заради масовно паркирање на улицата (којашто се наоѓа до самиот плоштад Македонија), а поради којашто сме принудени секојдневно да чекаме по половина час до час за да се ослободи паркинг место и да се паркираме. Речиси две децении од страна на сите градоначалници (Центар и Град Скопје) добиваме ветување дека ќе се изнајде решение на овој проблем, ветување за воведување резидентен паркинг, но од сето тоа остануваат само празни ветувања, а ситуацијата на терен е секојдневно зголемување на стресот и притисокот да се паркираме и да си дојдеме дома (особено сега во време на пандемија). Кулминација на сето ова беше дописот добиен од ЈП Градски Паркинг Скопје на средината на месец март 2021 со кој не повикуваат да доставиме на увид потребна документација за да се продолжат дозволите за паркирање, без најава на никакви промени. Притоа, на самиот шалтер при доставата на документите усно сме известени дека од 01.04.2021 година само станарите од зградата број 14 и 16 (за која не се издадени паркинг дозволи) имаат забрана за паркирање на улицата на која живееме (паркиралиште Максим Горки А06) и дека ќе можеме да се паркираме преку две улици, на паркиралиштето А5 (за кое досега имавме усна дозвола дека ако не можеме да најдеме паркинг на А06 дозволено е да се обидеме на А5, но секогаш безуспешно бидејќи истото е преполно). Значи, сите останати жители на улицата ќе продолжат да се паркираат тука, вклучувајќи ги и жителите на споредните улички до Максим Горки, а само ние како жители на зградата број 14 на Максим Горки не смееме да користиме паркинг на улицата на која живееме. На наше инсистирање упатени бевме телефонски да се обратиме кај госпоѓа Валентина (раководител во ЈП Градски Паркинг, согласно информацијата од вработените на шалтер), која одбиваше да го чуе и разбере секое наше образложение на оваа апсурдна ситуација, со кратки објаснувања дека оставале простор за издавање нови станарски дозволи, дозволи на лица кои работат во близина, како и за поголемо комерцијално работење на претпријатието на улицата. Да потсетиме дека основно станарско право е да се паркираме на улицата на којашто живееме, а дополнително претпријатието може да врши комерцијално работење. Во случајов, комерцијалното работење е над нашето право за паркинг, но само за мал дел од корисниците (жителите на нашата зграда, во која дел од нас живееме и преку 50 години). Револтирани од дискриминирањето и понижувањето од страна на ЈП Градски Паркинг, упативме писмен допис со барање за решавање на овој проблем до нив, Градоначалникот на Град Скопје г-н Петре Шилегов и Град Скопје – Сектор за сообраќај, а одлучни сме да се обратиме и на повисока инстанца доколку не наидеме на никакво разбирање од нивна страна. (Забелешка: испртениот допис е потпишан само од дел од станарите и без печат од заедницата на станари поради изолација заради ковид на дел од станарите, вклучувајќи го и претседателот ЗС) Можеби, навидум мал проблем, за нас е долгогодишен проблем што предизвикува секојдневни нервози. Ваквото малтретирање на користење паркинг преку две улици од местото на живеење, особено сега во време на пандемија, е показател за ставање на материјалните интереси наспроти интересите на жителите, а уште повеќе што е директна дискриминација на нас. Ова е најкратко што можеме да го изнесеме проблемот (верувајте има уште моменти во целиот проблем, но се задржуваме на најбитното). Ви се заблагодаруваме на одвоеното време и Ве замолуваме за објава на нашата реакција, со надеж дека ќе помогне надлежните институции да покажат разбирање за проблемите што ги создаваат и да станат свесни за дискриминацијата и понижувањето што го вршат врз нас. https://24info.mk/станари-на-максим-горки-чекааат-по-пол/ |
|
![]() |
|
user8642 ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 18-May-2020 Online Status: Offline Posts: 2041 |
![]() ![]() |
Ова е добро што е така. Живеење во центар на метропола е привилегија, а не право. Па уште екстов има доза на солидарност. Ако не им се исплати нека продадат и нека се поместат малку на страна од центарот, а не обратно.
|
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
Битка за паркинг во Центар
![]() ![]() Изградбата на две улици во исто време им го наруши раатот на дебармаалци. Паркинг нема ниту за лек. Новата ревизија во Центар, пак ги налути дел од станарите на „Максм Горки“. И тука паркингот е сериозeн проблем. Жители од двете локации го контактираа Радио МОФ, за да видиме каде е проблемот. Станарите од зградата 14 на улица Максим Горки, велат дека имаат долгогодишен проблем за користење на паркинг на улицата. Тврдат дека на станари кои со децении живеат тука, им било забрането да се паркираат до домот, додека на нивно место надлежните им дозволиле паркирање на лица кои работат, а не живеат во близина. Станарите додаваат дека кон средината на март оваа година, требало да достават на увид потребна документација за дозволи за паркирање, но на шалтерот биле известени дека од 1 април, зградите број 14 и 16 на улица Максим Горки имаат забрана за паркирање на паркингот на улицата. „Само станарите од зградата број 14 и 16, за кои не се издадени паркинг дозволи, имаат забрана за паркирање на улицата на која живееме (паркиралиште Максим Горки А06) и ќе можеме да се паркираме преку две улици, на паркиралиштето А5, за кое досега имавме усна дозвола дека ако не можеме да најдеме паркинг на А06 дозволено е да се обидеме на А5, но секогаш безуспешно бидејќи истото е преполно. Значи, сите останати жители на улицата ќе продолжат да се паркираат тука, вклучувајќи ги и жителите на споредните улички до Максим Горки, а само ние како жители на зградата број 14 не смееме да користиме паркинг на улицата на која живееме“, велат тие. Станарите велат дека се обратиле во ЈП Градски Паркинг, од каде, како што велат, им било образложено дека се остава простор за издавање нови станарски дозволи, дозволи на лица кои работат во близина, како и за поголемо комерцијално работење на претпријатието на улицата. „Да потсетиме дека основно станарско право е да се паркираме на улицата на којашто живееме, а дополнително претпријатието може да врши комерцијално работење. Во случајов, комерцијалното работење е над нашето право за паркинг, но само за мал дел од корисниците (жителите на нашата зграда, во која дел од нас живееме и преку 50 години“, велат тие. Од Град Скопје, велат дека преку ЈП „Градски паркинг“, се организира паркинг на голем број локации. Уверуваат дека ќе има паркинг за станарите, без да прецизираат за кои згради, и на кои паркинзи. „На конкретните локации нема да има промена на системот, и сите станари ќе можат да го користат паркингот на Максим Горки, но само за тие кои ги исполнуваат условите за категорија „станар“, согласно правилникот за станарски дозволи. Од тие причини деновиве од ЈП „Градски паркинг“ контактираат со жителите на објектите во овој реон со цел да спроведат ревизија (ажурирање) на станарите кои имаат право да го користат овој паркинг, бидејќи истата не е извршена подолг временски период“, велат од Град Скопје. Паркинг нема ниту на улицата „Аминта Трети“, односно „Ленинова“ Поради градежни дејности на улица Орце Николов, улицата Аминта Трети, која деновиве си го врати старото име „Ленинова“, времено е прогласена за двонасочна, наместо еднонасочна улица. Станарите од улицата реагираат на ваквата промена, бидејќи и овде паркирањето стана невозможна мисија. Иван К. е долгогодишен станар во зграда на улица Чедомир Миндеровиќ, споредна улица на „Ленинова“. Тој вели дека проблемот со метежот и недостатокот на паркинг места бил донекаде решен со одлуката од пред неколку години кога улицата станала еднонасочна, но временото решение повторно ги отворило старите рани. „Со времената промена на улицата се направи повеќе метеж отколу решение. Бидејќи не е дадена алтернатива за тргнатите паркинг места од улицата, резидентните улици се преполнија со нерезидентни автомобили. Раскрсницата на која се врши изведба е заглавена од лошиот избор за пренасочување и промената на насока на движење, а не поради зголемен метеж”, вели тој. Од Град Скопје не упатија до Општина Центар и МВР, велејќи дека преку нив се контролираат целосните или привремените сообраќајни режими. Град Скопје нема врска со промената на сообраќајниот режим на улицата Аминта Трети (Ленинова). Согласно нашите информации, истото е привремено и се спроведува како дел од проектот кој го реализира Општина Центар за реконструкција на улицата Орце Николов“, велат оттаму. Од Министерството за внатрешни работи пак, не известија дека се изведуваат градежни работи врз основа на Одобрение за времена измена на режимот на сообраќај и од тие причини е извршена времена измена на режимот на сообраќај на улицата „Аминта Трети“, „Сообраќајниот режим е променет од еднонасочен во двонасочен кој ќе важи се до завршување на градежните работи на ул.„Орце Николов“, а потоа ќе се воспостави стариот режим на сообраќај“, велат од МВР. Граѓаните сега коментираат дека и покрај времената одлука, проблемот што го имаат со метежот и паркингот на „Ленинова“ е многу голем. „Временото решение иако во теорија би требало мене да ми е корист бидејќи не кружам, ме остава заглавен во огромен метеж во кој никој не ги знае новите насоки на движење. Тоа допринесува времето за враќање од работа да се зголеми тродупло, за на крај да стигнам на улицата и да немам каде да паркирам. Секојдневно треба да комуницирам со надлежниот работник од ПОЦ, а и пајак службите“, вели Иван. Општина Центар е една од најгусто населените места во Скопје. Проблемите со паркингот се присутни две децении. https://www.radiomof.mk/bitka-za-parking-vo-centar/ |
|
![]() |
Post Reply ![]() |
Page <1 3334353637 47> |
Forum Jump | Forum Permissions ![]() You cannot post new topics in this forum You cannot reply to topics in this forum You cannot delete your posts in this forum You cannot edit your posts in this forum You cannot create polls in this forum You cannot vote in polls in this forum |