![]() |
![]() |
![]() |
Верски објекти (општо) |
![]() |
Post Reply ![]() |
Page <1 3435363738 63> |
Author | |
Џоле ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 23-Apr-2013 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 15368 |
![]() ![]() |
За сè има вторпат
|
|
![]() |
|
гитардемон ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 19-Feb-2008 Online Status: Offline Posts: 5424 |
![]() ![]() |
Не е ова Орта Џамија, таа што ја срушија бесправно па почнаа да си ја градат? Гледам Музејот на Македонија е во позадина, веројатно е таа. Многу понова е од 2-3 години, максимум една.
|
|
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
|
|
![]() |
|
Џоле ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 23-Apr-2013 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 15368 |
![]() ![]() |
Не знам како се вика, но е покрај Музеј на Македонија. Не знаев дека бесправно била урната, но ја памтам без минаре од пред неколку години.
|
|
За сè има вторпат
|
|
![]() |
|
kultuzin ![]() Senior Member ![]() Joined: 07-Nov-2010 Online Status: Offline Posts: 3811 |
![]() ![]() |
Беше урната за да се изгради поголема.
|
|
![]() |
|
zabegan ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 01-Jul-2008 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 7859 |
![]() ![]() |
е сега што и како се случи, не знаеме, ама кај нас обично не владеат закони, на истата локација се доизгради џамијата и почна да функционира во религиозни цели, а не се знае колку е веродостојна, и не се знае како тоа државата одеднаш не е сопственик на истата, што е и логично |
|
Architects create dreams...politicians create nightmares
|
|
![]() |
|
Tzar_28 ![]() Groupie ![]() ![]() Joined: 07-Jun-2014 Online Status: Offline Posts: 95 |
![]() ![]() |
Црква Св.Маченик Димитриј Солунски, Ново Село, Штип , одма спроти куќата што се реставрира кај мостот
![]() ![]() ![]() Edited by Tzar_28 - 07-Jul-2014 at 15:57 |
|
![]() |
|
Bojan10 ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 21-Jun-2011 Location: Macedonia Online Status: Offline Posts: 504 |
![]() ![]() |
Еве ја ЦИЦ-Паша Џамија, алал бакшиш што се вели, дадено исполнето ветување на актуелниот градоначалник на Куманово Зоран Дамјановски ЦИЦ од меѓу двата круга за избор на градоначалник на Куманово кон Албанскиот електорат. Минарето се гради. Инаку, неврзано за градбата, вчера околу пладне, од звучниците ечеше некое дете, ги викаше верниците на молитва.
![]() Да се разбереме ова е само едно од "ветувањата", дознав од сигурни извори дека првично барале џамија во градска средина, ама после "тешки" преговори договорено е да се изгради оваа, и да се помогне за иградба на онаа во Черкези. ![]() ![]() Се извинувам што е слаб квалитетот, ама ќе си ја видите од десна страна кога по Александар Велики ќе одите на север, или ќе си ја слушнете... Еве ви координати, 42°11'31.65"N , 21°42'42.03"E. |
|
Од чаламот си патиме!
|
|
![]() |
|
kultuzin ![]() Senior Member ![]() Joined: 07-Nov-2010 Online Status: Offline Posts: 3811 |
![]() ![]() |
И секако најважен критериум е да биде до главен пат да се гледа и да се слуша што е можно подалеку инаку не функционират молитвите.
Тоа е кога во државата нема закони за висина и контури на објекти а уште помалку закони за бучавост. Всушност ги има законите ама се спроведуваат само таму каде што може. |
|
![]() |
|
Џоле ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 23-Apr-2013 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 15368 |
![]() ![]() |
Денес бев до Маврово, па ја фотнав новата црква...
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() Црквата беше заклучена, па не можев да влезам и да ги видам фреските и иконостасот, ако воопшто ги има. Вратата е резбана со ликови на светци. ![]() Edited by Џоле - 13-Jul-2014 at 20:17 |
|
За сè има вторпат
|
|
![]() |
|
jyvation ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 11-May-2013 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 4191 |
![]() ![]() |
Нова црква се гради во росоманското село Трстеник
![]() Во росоманското село Трстеник денеска беа удрени темелите за изградба на нова црква Свети Петар и Павле. Градоначалникот на Росоман Стојанче Лазов информираше дека изградбата на црквата е резултат на заедничката соработка помеѓу росоманската локална самоуправа, црковни луѓе и жители на селото. - Формиран е петчлен црковен одбор и отворена е жиро сметка на која сите верници и хумани луѓе ќе можат да донираат во рамките на своите можности, со цел побрза изградба на црквата, која се гради на имот сред село кој досега беше приватен, но е преотстапен на МПЦ-ОА, рече градоначалникот Лазов. http://lider.mk/2014/07/19/nova-crkva-se-gradi-vo-rosomanskoto-selo-trstenik/ Edited by jyvation - 12-Sep-2014 at 23:47 |
|
![]() |
|
kultuzin ![]() Senior Member ![]() Joined: 07-Nov-2010 Online Status: Offline Posts: 3811 |
![]() ![]() |
Бигорски го разбуди Битуше
Иако се работи само еден месец, караулата полека почнува да наликува на древните манастирски конаци на Бигорскиот манастир, кој се наоѓа отспротива на Бистра планина Старата караула архитектонски ќе наликува на Бигорскиот манастир Мирот и спокојот во подножјето на Крчин Планина веќе еден месец се прекинува со звукот на мистриите и лопатите на вредната тајфа велешки мајстори. Со полна пареа ја реконструираат старата напуштена караула во селото Битуше, која наскоро ќе прерасне во вистински манастирски конак. Заедно со црквата, чии темели беа удрени неодамна, ќе се дел од манастирскиот комплекс Св. Кирил и Методиј" скит на Бигорскиот манастир. Една од намените на комплексот ќе биде летен камп за православна веронаука за деца. Двокатната војничка зграда каде што последниот војник замина откако полицијата ги презеде ингеренциите за гранична контрола со години беше празна и напуштена, па како што се случува со се што нема стопан, на неа останаа само ѕидовите. Ја празнеле кој како ќе стигнел. Мајсторите велат дека просториите биле буквално соголени. Но, сега, иако се работи само еден месец, караулата полека почнува да наликува на древните манастирски конаци на Бигорскиот манастир, кој се наоѓа отспротива на Бистра планина. - Работиме многу, но се е тоа без умор. Знаете, кога се работи на вакви благословени објекти, работата ни е како уживање. Ако на тоа се додаде мирот и спокојот што владее, потоа и убавиот збор на мештаните, кои се радуваат на се што се работи... Навистина, работата убаво ни оди - ни рече главниот мајстор. Бидејќи не бевме претходно најавени, тој најпрво побара благослов од архимандритот на манастирот, отец Партениј, па потоа не покани внатре во објектот за да ни покаже што е се сработено. Внатрешниот дел на објектот е речиси целосно реновиран. Електричната и водоводната инсталација се изградени, извршено е и проширување на првиот кат, а почнато е и преградувањето на балконите. Ни појаснија дека изградбата е според стандардите за енергетска ефикасност. Наскоро, велат мајсторите, ќе почне и отстранувањето на кровната конструкција и објектот ќе порасне за еден кат. Тие ни открија дека доколку се оди според предвидената динамика, би требало зградата до септември да биде пуштена во употреба. Посебна градба што уште повеќе го оплеменува местото ќе биде црквата посветена на македонските просветители, светите Кирил и Методиј, на која неодамна со голема црковна церемонија беше удрен камен-темелник. Храмот се гради на иницијатива на архимандритот Партениј, а со донација на семејството Џиковски од Скопје. Отец Партениј, кого го слушнавме телефонски, ни потврди дека овој објект ќе биде детско верско одморалиште, место за одмор и верска едукација на најмладите. Престојот ќе биде бесплатен за сите. - Ретки се местата како што е Битуше каде што штедрата рака на Творецот излеала посебна убавина и несекојдневна енергија. Со Божја помош тука наскоро ќе се слуша детски џагор и целото место ќе заживее. Домот ќе биде отворен преку целата година, па поради климата и острите зими, овде планираме да ангажираме домаќини - брачен пар кој ќе се грижи за објектот. Битуше е прекрасно село, а мештаните многу срдечни. Затоа, наша намера за понатаму е да инвестираме и во реконструкција на старото училиште, кое би можело да биде одличен музеј на мијачката и реканската традиција - ни најави отец Партениј. А задоволни се и битушани што во нивното село никнува еден таков прекрасен манастир. Сега тие веќе гледаат како се оплеменува и еден дел од селото се претвора во детски верски центар. Особено се горди на црквата, која е посветена на сесловенските просветители, патрони на образованието и просветните работници. И не без причина, бидејќи Битуше некогаш беше познато село на учители. Сите битушани со гордост ќе ви кажат дека во еден период по Втората светска војна од ова село имало седумдесетина дипломирани учители кои работеле во училиштата низ реканскиот и мијачкиот крај. (Е.А.) Практична настава во Бигорски и Рајчица И деца од други религии се запознаа со Христовото учење Четириесетина ученици од Центарот за православна христијанска веронаука Св. Јован Богослов" од Битола, предводени од нивните вероучители, биле дел од неколкудневната летна школа во манастирите Св. Јован Бигорски" и Рајчица". Ова е една своевидна подготовка, дел од програмата на бигорскиот скит Св. Кирил и Методиј" во село Битуше, каде што во иднина ќе се одржуваат ваквите летни катихетски кампови. -Во неколкуте изминати денови исполнети со радост и веселие децата имаа можност преку личен опит добро да се запознаат со животот во манастирот; ги посетуваа светите богослужби, земаа активно учество во нив и заедничареа со Христа, причестувајќи се со Неговите Свети Тајни; работеа на разни послушанија заедно со монасите и монахињите, учеа византиско пеење и секако, ги збогатуваа своите знаења за нашата православна вера на редовните часови по веронаука. Радоста која се отсликуваше на нивните лица, љубовта што ја ширеа насекаде беше најсилно сведоштво за нивното задоволство од срдечниот и гостопримлив престој во манастирот - вели отец Кирил. Тој додава дека на школата присуствувале и деца од друга религија кои уживале во вероучението и заедничката дружба со монасите и монахињите. За тоа, вели отец Кирил, говорат и нивните лични впечатоци. Дванаесетгодишната Валдета Лумановска изјавила: Мили сестри и отец Партениј! Јас сум од друга религија, но многу ми се допадна пеењето на црковни песни и обредите во црквата. Од нив научив да ширам мир и љубов кон сите мои другарчиња, иако се од друга религија. Вие бевте добри кон нас. Ве сакам". Слични импресии имале и сите останати ученици. Школата се одржала со благослов на митрополитот преспанско-пелагониски, г. Петар, игуменот на Бигорскиот манастир, архимандрит Партениј, а со поддршка на хуманитарната организација Утешител". http://vecer.mk/?ItemID=7D1AF82DEEE355478405487E13172007 |
|
![]() |
|
Џоле ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 23-Apr-2013 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 15368 |
![]() ![]() |
Во Вевчани се гради некоја црква... Не можам да најдам информации која.
![]() фото: фб профилот на градоначалникот на Вевчани |
|
За сè има вторпат
|
|
![]() |
|
N23 ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 03-Feb-2011 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 2159 |
![]() ![]() |
У паркот у Битола
|
|
23ka.wordpress.com
|
|
![]() |
|
kultuzin ![]() Senior Member ![]() Joined: 07-Nov-2010 Online Status: Offline Posts: 3811 |
![]() ![]() |
![]() Од фејс ми е сликата би требало да се работи за црква Свето Преображение на тромеѓето наречено Фојник помеѓу селата Брест, Требовле и Косово општина Македонски Брод. Црквата според фотографијата има преубава местоположба. Еве ја лоцирав црквичката https://goo.gl/maps/ht8Zi Edited by kultuzin - 23-Jul-2014 at 01:57 |
|
![]() |
|
jyvation ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 11-May-2013 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 4191 |
![]() ![]() |
Се гледа и мало делче од езерото Козјак
![]() Edited by jyvation - 23-Jul-2014 at 03:20 |
|
![]() |
|
kultuzin ![]() Senior Member ![]() Joined: 07-Nov-2010 Online Status: Offline Posts: 3811 |
![]() ![]() |
НОВАТА ЏАМИЈА ВО ТОПАНСКО ПОЛЕ ЌЕ БИДЕ НАЈГОЛЕМА ВО МАКЕДОНИЈА?
Бранко ЃорЃевски Новата џамија и исламски центар, чиј камен-темелник за градба беше положен минатиот вторник со населбата Топанско Поле во скопската општина Чаир, ќе бидат најголем верско-просветен центар на Исламската заедница во Македонија. Ова произлегува од големината на комплексот, во кој првпат во праксата за градба на исламски верски објекти на едно место ќе се изградат како голема џамија така и повеќе други придружни објекти. Kако што беше најавено на свеченоста, на која присуствуваа поглаварот на ИВЗ, реис-ул-улема Сулејман Реџепи, и градоначалникот на општина Чаир, Изет Меџити, новата џамија ќе има трапезоидна форма, која ќе има и четири минариња. Освен ова, составен дел од комплексот ќе бидат и образовен и научен центар со амфитеатар, библиотека, читалница... Предвидено е овие содржини да се користат за едукација на студентите кои ја изучуваат исламската теологија. Изградбата на толку голем верски комплекс се вклопува во трендот на градењето големи исламски објекти како во нашата земја така и во непосредното соседство. И покрај обидите вчера во ИВЗ и во Општина Чаир не успеавме да добиеме информација за тоа колку ќе изнесува вкупната површина на новиот исламски центар во оваа скопска општина. Непознато е исто така од кои с` извори ќе бидат обезбедени средства за неговото завршување. ИВЗ досега градеше главно само индивидуални верски објекти – џамии, без да се форсира градбата на комбинирани комплекси. Ова верска заедница, познато е, има свои образовни институции во скопското село Kондово каде што веќе повеќе децении функционираат Исламскиот теолошки факултет и Медресата како средно верско училиште. Според објавените планови за изгледот на комплексот, лесно може да се забележи дека тој ќе зафаќа поголема површина отколку што ја имаат големите џамии како во Скопје така и во внатрешноста на земјата – Мустафа-пашината џамија, Султан-Муратовата џамија, Јахја-пашината џамија или, пак, џамијата во Битола и во други градови. Инаку, Општина Чаир последниве години е место каде што често се организираат разни исламски теолошки предавања, често и на отворениот простор на чаирскиот фудбалски стадион. Инаку, во нашата земја има околу 1.900 православни цркви и околу 600 џамии. Во последните направени анкети мнозинство од граѓаните изјавуваа дека во земјава веќе имаме доволно верски објекти. РЕИС РЕЏЕПИ: АЛАХ ДА ГИ ПРИМИ НАШИТЕ ДОБРИ ДЕЛА Семоќниот Алах да ги прими нашите добри дела и нашите молитви направени во текот на рамазан. Го молам семоќниот Алах да н` чува од злото на злонамерните, порача во својата рамазанска порака поглаварот на ИВЗ, реис-ул-улема Сулејман Реџепи. - Го завршуваме месецот на постот и целосно се чувствуваме горди и радосни затоа што со послушност, со молитви, со добрина, победувајќи над злото, успеавме да бидеме побожни и поблиску до нашиот господар. Месецот на рамазан е почетна точка на нашето вечно патување кон нашиот извор. Светлината што ја допревме во овој месец постојано треба да свети во нашиот живот - потенцира тој. - Го прославуваме Фитр Бајрам. Ќе му се заблагодариме на Алах за она што ни овозможи да го постигнеме во овој месец. Но, да не заборавиме: во нашата радост да ги вклучиме и луѓето што имаат потреба за помош како и сиромашните, сираците, но и нашите верски образовни институции - нагласи тој. НАТПРЕВАР СО НАЈГОЛЕМИТЕ ЏАМИИ НА БАЛКАНОТ Почетокот на градбата на новиот исламски комплекс се надоврзува на градбата на големи исламски верски објекти во регионот. Познато е, пред две години во Приштина, Kосово, беше поставен камен-темелник за изградба на, како што се тврди, најголемата џамија на Балканот. Мегаџамија се планира да се гради и во Нови Пазар, Србија. Голема џамија исто така се гради во Сараево, БиХ, при што и за неа се наведува дека ќе биде меѓу најголемите на Балканот бидејќи ќе се простира на 4.500 квадратни метри. Но, и таа ќе биде комплекс што ќе вклучува и административни простории за Ријасетот на ИВЗ на БиХ. Во Сараево веќе постои една од најголемите џамии изградена како донација на саудискиот крал Фахд, по кој е и наречена. Пред неколку месеци медиумите во Србија објавија дека во Белград, пак, ќе се гради најголемата џамија на Балканот во рамките на проектот „Белград на вода“, кој го финансираат Обединети Арапски Емирати. Според пишувањата, градбата на џамијата било услов да се финансира овој голем проект. Темелите за една од најголемите џамии на Балканот се поставени и во Тирана, Албанија. http://dnevnik.mk/?ItemID=41EF4F6C9DF7B544AEE44EC8EFAD55FB |
|
![]() |
|
Macedonicus ![]() Senior Member ![]() ![]() Google Maps: Regional Expert Joined: 29-May-2011 Location: Czech Republic Online Status: Offline Posts: 398 |
![]() ![]() |
Страшно...
|
|
ಠ_ಠ
|
|
![]() |
|
jyvation ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 11-May-2013 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 4191 |
![]() ![]() |
Од каде толкава експанзија на градба на џамии.Контролира ли државава колку џамии се изградени, од каде се финансираат, за што ќе служат?
|
|
![]() |
|
kiriOK ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 11-Apr-2012 Location: Tamworth,UK Online Status: Offline Posts: 1023 |
![]() ![]() |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() Edited by kiriOK - 26-Jul-2014 at 04:26 |
|
![]() |
|
stratus ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 19-Aug-2010 Location: Bitola/Skopje Online Status: Offline Posts: 755 |
![]() ![]() |
Џамијата изгледа пристојно, само да не се претерува свисината на минарињата. А за изворот на фининсии веќе е дискутирано но форумот.
|
|
![]() |
Post Reply ![]() |
Page <1 3435363738 63> |
Forum Jump | Forum Permissions ![]() You cannot post new topics in this forum You cannot reply to topics in this forum You cannot delete your posts in this forum You cannot edit your posts in this forum You cannot create polls in this forum You cannot vote in polls in this forum |