![]() |
![]() |
![]() |
Верски објекти (општо) |
![]() |
Post Reply ![]() |
Page <1 3536373839 63> |
Author | |
kultuzin ![]() Senior Member ![]() Joined: 07-Nov-2010 Online Status: Offline Posts: 3811 |
![]() ![]() |
Не само што не контролира туку воопшто нема ниту надлежност ниту моќ да дејствува во тие подрачја. Ако државата имаше барем и најмала контрола новоизградените џамии ако ништо друго би требало да бидат вградени во некој си урбанистички планови и со нив да биде регулирана нивната висина и големина. Патем ако државата барем малку имаше контрола врз целата територија на Република Македонија тогаш за сите ќе важеа законите за бучава и слично. За жал некој работи што се испуштени од раце и многу е тешко да се вратат во нормала. А под нормала подразбирам градење на верски објекти таму каде што има вистинска потреба од нив и градење на верски објекти кои ќе имат некој си складни пропорции и ќе служат како место за молење на локалното население а не како објекти со кои се искажува доминантност и служат за религиозно чистење и маркирање на одредени региони. |
|
![]() |
|
Macedonicus ![]() Senior Member ![]() ![]() Google Maps: Regional Expert Joined: 29-May-2011 Location: Czech Republic Online Status: Offline Posts: 398 |
![]() ![]() |
Доколку се градеа верски објекти според потребите на народот тогаш ќе требаше да се рушат добар дел од истите затоа што верски објекти има повеќе од доволно. Ова е веќе експанзија, и од крстоносциве и од месечиноносциве - coming from an atheist.
|
|
ಠ_ಠ
|
|
![]() |
|
N23 ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 03-Feb-2011 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 2159 |
![]() ![]() |
Култузин, се надевам конечно ќе ми изреплицираш, ако државата може да гради цркви, ондак може да има и "ингеренции" да не дозволи да се градат овие објекти. Ама штом едниве се решија да градат црква у центар на Скопје за да купат гласови, и овие другиве имаат право да изградат џамија за да купат гласови. Мене ми е жал што народот тоа не го сфаќа туку дозволува лесно да е изигран и изманипулиран со верски објекти од кои се само зијан. А се додека од другата страна гласно не се појават личности кои се против изградба на џамии, како што кај нас има иљадници кои се против масовното поставување на цркви, меѓу кои и јас иако почитувам религија, тогаш ќе има некое помрднување.
|
|
23ka.wordpress.com
|
|
![]() |
|
kultuzin ![]() Senior Member ![]() Joined: 07-Nov-2010 Online Status: Offline Posts: 3811 |
![]() ![]() |
Црквата не ја гради државата туку МПЦ. Цркви најчесто се градат таму каде што има потреба и тие најчесто се со многу мали димензии и се наменети за верниците. Во некој места на пример требаат цркви затоа што во турско огромен број од нив биле срушени за да потоа дојдат такви времиња кои не биле баш најнаклонети кон религијата.
Но клучен момент се димензиите и гласноста. Никој не може да ми каже дека висината на џамиите е потреба или пак е потреба џамиите да се слушаат во радиус од 50 км. Тоа ми е поентата. Се знае со чии пари и зошто се градат џамиите во последните 10 години. Како поткрепа ќе земам една фотографија од еден странски турист а фотографирана мислам во Љубанци скопско. На фотографијата се гледат 3 огромни новоизградени џамии кои им служат на 50 куќи. Џамиите се повисоки и од највисоките цркви во Македонија. Потребата и пораката не би сакал да ја повторам. Убаво е човек да е реален но додека ние плукаме по своето цели територии на Македонија етнички и религиски се чистат. И јас сум човек кој е многу толерантен дури и се радувам на мултикултурализмот во Македонија. Но ова што се случува во последно време во Македонија ако не се спречи или ако не се обиедем да го спречиме за кратко време ќе произведе уште многу случаи како онаа на езерото во Станковци. ![]() Edited by kultuzin - 26-Jul-2014 at 16:51 |
|
![]() |
|
zabegan ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 01-Jul-2008 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 7859 |
![]() ![]() |
што се правите сите како да не знаете каде живеете?
државата е таа која на МПЦ и ИВЗ им дели земјиште и дозволи за градба како алва, како и да е, а после овие две верски заедници си прават размена на земјиште и си лапаат добра пара за тоа... најголем дел од верските објекти се ефтини и фушерајски, да не мислете дека нешто многу пари фрлаат на тоа... што се однесува до оваа тема, јас сум со Macedonicus од погоре, преку онакво ми е од крстоносци и месечиноносци, кои си ги мерат колкави им се преку изградба на што е можно побројни и помасивни објекти без осет никогаш не сум имал ништо против ниедна религија и самиот не можам да кажам дека сум атести, ама институциите кои ја застапуваат религијата ми се одамна вулгарно одвратни Edited by zabegan - 26-Jul-2014 at 18:52 |
|
Architects create dreams...politicians create nightmares
|
|
![]() |
|
Teglarot ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 15-Nov-2012 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 569 |
![]() ![]() |
Станува збор за селото Љуботен. Инаку има нешто над 2000 жители, со тие во странство. Па сега проценете вие колку се потребни трите џамии за потребите на локалното население. Многу пати сум слушнал и од пријатели мои кои се со исламска вероисповед и припадници на друг етникум, дека тоа што се прави со џамиите е претерано. Но, тоа е тоа. |
|
![]() |
|
kiriOK ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 11-Apr-2012 Location: Tamworth,UK Online Status: Offline Posts: 1023 |
![]() ![]() |
![]() |
|
![]() |
|
Џоле ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 23-Apr-2013 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 15368 |
![]() ![]() |
Ако ништо друго, имаме ракети на претек!
![]() Edited by Џоле - 26-Jul-2014 at 19:01 |
|
За сè има вторпат
|
|
![]() |
|
kultuzin ![]() Senior Member ![]() Joined: 07-Nov-2010 Online Status: Offline Posts: 3811 |
![]() ![]() |
И ова го споредувате со црквичките во Аеродром кои од ваква перспектива не би се ни забележале. Патем Аеродром општина со 100 илјади жители има одвај 5, нека се и 10 црквички. И тоа го споредувате со села кои имат 2.000 илјади жители и имат по 3 , 4 и повеќе џамии и сите до една поголеми и од најголемата црква во Македонија.
Во најмала рака е несериозно да се споредува религиозната читска што се прави во некој делови на Македонија со неколкуте цркви да не кажам црквички во Македонија изградени пред се во региони каде што навистина има потреба. И пред се тие цркви никого не репресираат со габаритите и гласноста. Тажно навистина тажно што дури и за вакви очиглетни работи треба да се натегаме на форумот. Вакви работи како што кажа Теглар и секој вистински муслиман би требало да ги осуди. Ова во Теарце не е ништо друго туку етничко и реигиозно чистење и обележување на територија. Edited by kultuzin - 26-Jul-2014 at 19:07 |
|
![]() |
|
Dexter26 ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 19-Nov-2010 Online Status: Offline Posts: 2035 |
![]() ![]() |
![]() Па и во Аеродром ситуацијата не е нешто поинаква со обележувањето на територијата. Од една страна на висококатниците крст, а позади висококатниците малечка црква. Малечка, но сепак црква. А тоа што можеби баш пред завршувањето на изградбата на висококатниците од никаде може да се појави најавуваната џамија кај висококатниците и не е толку важно. Нешто слично се случува и во Белград, каде што белградскиот проект пандан на скопскиот Скопје 2014, наречен Белград на вода, предвидува изградба на облакодер и на некои други деловни и станбени објекти, но за разлика од Скопје 2014, кој е државен проект, Белград на вода е приватен проект, предложен и финансиран од арапски инвеститори, кои како услов за изградба на објектите од проектот, побарале изградба на најголемата џамија на Балканот, ако не и во Европа, и покрај тоа што едвај 3% од жителите на Белград се муслимани. И исто како и кај нас во Македонија, властите продаваат магла за рајата, тврдејќи дека џамија не е планирана за изградба, но тоа го велат сега, а тоа што ќе се случи кога проектот ќе биде реализиран - доколку биде реализиран се разбира, тоа може да биде друга приказна во споредба со тоа што властите го тврдат сега. Edited by Dexter26 - 26-Jul-2014 at 19:43 |
|
![]() |
|
Џоле ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 23-Apr-2013 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 15368 |
![]() ![]() |
Ќе ви дадам пример од населба Бутел. Таму, во градежна парцела која според ДУП е предвидена за изградба на куќа, се изгради џамија што деноноќно ги малтретира околните жители со гласен разглас. Државните установи беа немоќни да му се спротивстават на тоа, иако градоначалникот на Бутел е од владејачката партија. Во Чаир, до пред изградбата на џамијата до Тинекс маркетот, имаше џамија во станбена зграда. Секој ден верници се собираа и се молеа во простории што според сите планови беа наменети за продавница или нешто слично. Патем, многу мештани (меѓу кои имаше и муслимани) реагираа против гласните повици за молитва што доаѓаа од звучниците од импровизираната џамија. И повторно, државните установи беа немоќни. Да бидеме реални - државата е немоќна или не сака да си ја врши работата. Тоа важи и за црквите и за џамиите. Згора на сè, имаме влада која е отворено религиозна и форсира одредена религија.
Edited by Џоле - 26-Jul-2014 at 19:59 |
|
За сè има вторпат
|
|
![]() |
|
Teglarot ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 15-Nov-2012 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 569 |
![]() ![]() |
Колку и да дебатираме што и да мислиме, државата е веќе отидена во неповрат пред се' за граѓаните од втор ред, Македонците.
|
|
![]() |
|
Dexter26 ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 19-Nov-2010 Online Status: Offline Posts: 2035 |
![]() ![]() |
Второто ќе да е. Од 1992 година па наваму, во секоја македонска влада имало и за жал сеуште има коалициски партнер кој ги застапувал и за жал сеуште ги застапува интересите на муслиманското малцинство во Македонија, па затоа поисплатливо е да се задоволат хировите на муслиманското малцинство во корист на политичките и деловните интереси на коалициските партнери, отколку да се негуваат интересите на мнозинството, кое секогаш ќе остане лесно за да биде поделено на предавници и патриоти, а поделено мнозинство секогаш е лесно за дупење во здрав мозок. А религијата која ја форсира актуелната влада - античката религија, е паганска и изумрена, па затоа и сосема разбирливо е тоа што мнозинството граѓани досега не виделе никаква корист од истата. Edited by Dexter26 - 26-Jul-2014 at 21:29 |
|
![]() |
|
antigona ![]() Groupie ![]() ![]() Joined: 16-Jan-2012 Online Status: Offline Posts: 86 |
![]() ![]() |
Вчера во Топаанско поле, во близина на тврдината Кале се удри камен темелник на уште една џамија со огромни димензии, прв пат во Скопје со четири минариња! Во Европа, а се плашам и пошироко, вклучувајќи ја и Турција, не постои држава со повеќе џамии на квадратен километар од Македонија! Македонија вртоглаво брзо ита кон судбината која го снајде Либан во 1970те год. кога од земја со христијанско мнозинство стана држава со доминатно муслиманска популација...а знаете што се случи со таа држава: 30 години долга граѓанска војна, која и до денес не е целосно завршена, а сега христијаните не се ни 30% од населението!
Edited by antigona - 28-Jul-2014 at 10:21 |
|
![]() |
|
Џоле ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 23-Apr-2013 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 15368 |
![]() ![]() |
Во Чаир се гради нова џамија и исламски образовен центар
![]() Во општина Чаир ќе се подигне една од поголемите џамии во Македонија. Градоначалникот на Чаир, Изет Меџити и поглаварот на ИВЗ, реис-ул-улема Сулејман Реџепи пред неколку дена ги поставија темелите на новото верско здание, во чии рамки се предвидени научно – едукативен центар, амфитеатар, библиотека, читална и останати содржини што ќе дадат поттик за проучување на исламот. Според тврдењето на веб – страницата на општина Чаир, овој верски храм ќе биде првиот во нашата земја кој ќе има верски и научен карактер. Дел од просториите во идниот објект ќе се користат и за образование на студентите кои ја изучуваат исламската теологија. Новата џамија ќе има трапезоидна форма, со четири минариња и ќе биде лоцирана во населбата Топанско поле, во непосредна близина на Балканскиот универзитет и новиот комплекс на Државниот универзитет во Тетово. http://www.build.mk/?p=37368 |
|
За сè има вторпат
|
|
![]() |
|
Џоле ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 23-Apr-2013 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 15368 |
![]() ![]() |
Покрај толку многу инфраструктурни проблеми, на Чаир најмалку му се потребни уште една џамија и исламски образовен центар (или црква, сеедно). Пред една недела ја прошетав населбата, и тоа што го видов воопшто не наликуваше на градска населба. Ѓубре имаше насекаде, улиците се полни со дупки, тревници не постојат, нема зграда што не е доградена или надградена - вистински урбан хаос! Мислам дека и во Газа повеќе се почитуваат некои урбани стандарди одошто во Чаир. Многу ми е жал поради тоа, зашто од урбана населба се претвори во страшно гето.
|
|
За сè има вторпат
|
|
![]() |
|
Џоле ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 23-Apr-2013 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 15368 |
![]() ![]() |
Манастир Свети Климент и Наум Охридски, Хамлази, Струмица
![]() |
|
За сè има вторпат
|
|
![]() |
|
kultuzin ![]() Senior Member ![]() Joined: 07-Nov-2010 Online Status: Offline Posts: 3811 |
![]() ![]() |
Манастирот се наоѓа на патот кој што води од Струмица кон Берово. Се наоѓа на височинка од која се гледа цела стумичка околина. Особено убаво е навечер. За жал не е осветлено ниту има некој кој би ја одржувал околината. Еден друга самоиницијативно направи таму клупички и го зачистуваше местото така да чат пат одевме таму навечер. Иначе манастирот е прилично нов граден некаде помеѓу 1998 и 2002 мислам дека некаде во околината има и конаци. Штета навистина што црквата не ја среди околината.
|
|
![]() |
|
Џоле ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 23-Apr-2013 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 15368 |
![]() ![]() |
Некој понов мал храм во Битола
![]() |
|
За сè има вторпат
|
|
![]() |
|
jyvation ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 11-May-2013 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 4191 |
![]() ![]() |
Се реновираат две цркви во Куманово
![]() Кумановско-осоговската епархија го започна реновирањето на храмовите свети Мина во Проевце и света Петка во Бедиње во Куманово. Во моментов, се врши подготовката на ѕидовите за фрескоживопис, а се планира целосна обнова на електричната инсталација и поставување на нова кровна конструкција. Двете цркви ќе добијат нови фасади. Исто така, во план е и целосно хортикултурно уредување на дворовите на црквите. Проектите се реализираат со средства на Кумановско-осоговската епархија. http://www.vecer.mk/default.asp?ItemID=B9346CDA686F64449A43435FC0E8BC5C |
|
![]() |
Post Reply ![]() |
Page <1 3536373839 63> |
Forum Jump | Forum Permissions ![]() You cannot post new topics in this forum You cannot reply to topics in this forum You cannot delete your posts in this forum You cannot edit your posts in this forum You cannot create polls in this forum You cannot vote in polls in this forum |