Author |
Topic Search Topic Options
|
pbanks
Admin Group
Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9141
|
Quote Reply
#61 Posted: 16-Oct-2009 at 16:59 |
Почна сезоната на темни фотки  . Сепак одлични се. 8ца не и бега на оваа зграда од мене
|
 |
lslcrew
Senior Member
Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
|
Quote Reply
#62 Posted: 01-Nov-2009 at 06:55 |
Од пред некој ден... 
|
 |
The Man
Senior Member
Joined: 06-Oct-2009
Online Status: Offline
Posts: 135
|
Quote Reply
#63 Posted: 01-Nov-2009 at 10:39 |
Постојано има работници на кровот и во внатрешноста, се работи турбо.
|
 |
xnx
Senior Member
Joined: 05-Apr-2009
Online Status: Offline
Posts: 1943
|
Quote Reply
#64 Posted: 01-Nov-2009 at 14:21 |
zgradava e odlicna, od mene minimum 9
|
 |
Dave Gahan
Senior Member
Joined: 27-Oct-2008
Location: 42°0′N,21°26′E
Online Status: Offline
Posts: 986
|
Quote Reply
#65 Posted: 01-Nov-2009 at 14:39 |
Малку пробуричкав во темава и уште не сум на чисто со некои работи во врска со објектов. Гледам дека на повеќето од вас објектов им изгледа многу добро, да не речам им се допаѓа со што и јас се согласувам, можеби најголема забелешка би ми била бојата на панелите што не викам дека не е добра, туку прашање е колку е соодветна за скопската клима и енергетската ефикасност во тој правец, ама тоа се други прашања. Факт е дека за голем процент од „поновите“ скопски згради од овој карактер, треба да им биде репер (во смисол на обликувањето, дека и така во најголем процент така ги коментираме проективе, во недостаток на повеќе инфо).
Само не ми е јасна локацијата, стварно е штета што објектов не е поставен на некој аголна локација. Во тој контекст чудна ми е врската (визуелната) на канцеларискиот простор (што е нормално целосно застаклен) со обесените гаќи на балконите на станбените згради што се во најнепосредна близина (последната слика од постот на lslcrew). Генерално е позитивно што не се инсистира да се збута ваква намена некаде во центар што може е комерцијално логично, ама и не е задолжително, посебно што локацијата е послободна, квадратот е поефтин, паркирањето е поедноставно исл, ама и покрај се ова, пак објектов е збутан во лавиринт. До толку ли не се води сметка при урбанистичкото планирање и доделување на намени на објектите или овде нешто „измајмунисале“ или со овој објект или со станбените згради (што мене повеќе ми изгледа дека е направено со овие вторите, со оглед на непосредното окружување)?
И друго нешто што ме загрижува (што ме инспирираше објектов) е што треба да се здружат странски инвеститор и странски проектант за да се промовира ваква архитектура. На три прста може да се избројат проектантски студија од Скопје што би предложиле некое вакво обликовно решение и што е најтрагично и кога би го предложиле, не верувам дека би се нашол таков јунак инвеститор да прифати објект на кој нема до влакно да му е искористена дозволената површина (нормално неизбежното мансардно поткровје исл.). Во овој поглед има и спротивни примери и тоа уште поголеми промашувања како што е Рамстор или објектот на НЛБ, ама повеќето објекти од ваков тип, не дека ги има многу: ЕРА, објектот на Газит, неколку автосалони исл.(повеќето не се ни изградени) имам впечаток дека убаво ни покажуваат колку сме out во овие некакви современи светски случувања во поглед на некоја ваква комерцијална архитектура. Да не ја допирам станбената, дека таа ни е прича за себе...со тоа што и таму работите би се промениле кога би имало повеќе примери од овој тип...
|
MAKE CAPITALISM HISTORY
|
 |
ovaj_stariov
Senior Member
Joined: 02-May-2008
Location: Prilep
Online Status: Offline
Posts: 1321
|
Quote Reply
#66 Posted: 12-Dec-2009 at 21:17 |
Дечки нешто оддамна не сте кажале ништо за објектов,кога официално ќе биди пуштен во употреба?
Според сликиве од пред еден месец изгледа скоро готов.
|
build.mk, гради форумска историја
|
 |
pbanks
Admin Group
Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9141
|
Quote Reply
#67 Posted: 12-Dec-2009 at 22:13 |
Originally posted by ovaj_stariov
Дечки нешто оддамна не сте кажале ништо за објектов,кога официално ќе биди пуштен во употреба?
Според сликиве од пред еден месец изгледа скоро готов. |
Во право си потребна е нова фото сесија. Екстериерно е готов
|
 |
Cloverstack
Admin Group
Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
|
Quote Reply
#68 Posted: 22-Jan-2010 at 15:54 |
|
 |
liburni
Newbiе
Joined: 02-Feb-2010
Location: London
Online Status: Offline
Posts: 0
|
Quote Reply
#69 Posted: 02-Feb-2010 at 03:53 |
|
 |
lslcrew
Senior Member
Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
|
Quote Reply
#70 Posted: 09-Mar-2010 at 13:32 |
Изнтересно изгледа објектов под снег...
|
 |
fichot
Senior Member
Joined: 02-Feb-2010
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2602
|
Quote Reply
#71 Posted: 15-Mar-2010 at 23:38 |
Многу ме бендисува објектов. Може да звучи чудно, ама некако ми делува агресивно, спортски со тие острите испакнати делови. Тоа тераси се вајда?
|
 |
Мартин
Senior Member
Joined: 04-Jan-2009
Online Status: Offline
Posts: 366
|
Quote Reply
#72 Posted: 30-Mar-2010 at 15:26 |
Хипо Алпе Адриа Лизинг во нови простории
Компанијата
Хипо Алпе Адриа Лизинг од идната недела ќе биде сместена во новиот
деловен центар Хипериум, со што ќе се означи и почетокот на
функционирањетона новиот модерен деловен центар Хипериум, инвестиција
вредна 17 милиони евра.
Модерниот деловен центар Хипериум, се состои од две петкатни згради
со препознатливо и единствено архитектонско решение кое се протега на
13.000 метри квадратни со подзмени гаражи на две нивоа наменети за 200
возила.
Проектот е смислен по принципот на plug&work, што значи дека
закупците немаат потреба од дополнителни инвестиции во просторот што го
земаат под закуп. Комплексот ги има сите потребни елементи за
секојдневно работење на компаниите, како и совршено опремен конгресен
центар, за потреби на семинари, конференции, презентации. Зградата има
24 часовен видео надзор, посебен систем за греење и ладење, ресторан со
услуги, отворен паркинг простор за посетители. |
http://www.time.mk/read/64437d474e/ef59307e0e/index.html
|
 |
UrbanFreak
Senior Member
Joined: 28-Oct-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1732
|
Quote Reply
#73 Posted: 30-Mar-2010 at 21:51 |
Ајде модератопи, спремајте анкета. Тука се оштрам за некоја 8ца-9ка.
Edited by UrbanFreak - 30-Mar-2010 at 21:51
|
 |
La Linea
Senior Member
Joined: 07-Nov-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2067
|
Quote Reply
#74 Posted: 30-Mar-2010 at 23:23 |
7/8-ца не му бега на овој. 9ката за филхармонијата, кога тогаш. Ајде пбанкс!
|
Помогнете во Македонската Википедија - Слободна енциклопедија!
|
 |
pbanks
Admin Group
Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9141
|
Quote Reply
#75 Posted: 30-Mar-2010 at 23:37 |
Чекајте дечки ваљда е ред како што иде да легне една финална фото сесија пред да го оцениме.
Се прашувам дали е среден просторот пред објектот со оглед на тоа што МИДА е сеуште градилиште.
|
 |
Cloverstack
Admin Group
Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
|
Quote Reply
#76 Posted: 24-Jul-2010 at 21:37 |
ПРВА ИНТЕЛИГЕНТНА ДЕЛОВНА ЗГРАДА ВО МАКЕДОНИЈА
ХИПЕРИУМ
Сензори наместо
копчиња
Во Хипериумот сe се управува компјутерски. Во зградата не
треба да притискате копчиња за да вклучите или исклучите
светло, клима-уред, греење и вентилација, затоа што сe се
случува со помош на сензори
Стаклената фасада овозможува микроклима во
објектот. Така, ако е надвор 53 Целзиусови степени, внатре
можете да работите на 19 степени. Стаклото, иако е темно,
овозможува пропустливост од над 45%, со што се обезбедува
доволно природна светлина во ентериерот "Подгответе се
за успех" е слоганот на компанијата "Хипо Алпе-Адрија
лизинг", која е сопственик на Хипериум, моментно
најексклузивниот деловен центар во Македонија. Објектот,
сместен на аголот на улиците Октомвриска револуција и
Илинденска во Скопје, ќе го препознаете уште оддалеку по
црните фасади со искршени балкони, на кои овде-онде се
наѕираат акценти во златна боја. "Тие симболизираат
софистицираност и успех", вели Оливер Цинтл, генерален
директор на компанијата, кој открива и дека концептот,
дизајнот и технологијата кои се вградени во објектот се
врвни и исти како и во сите други згради кои групацијата
"Хипо" ги има во светот. "Нашата групација е позната по
модерните згради со современи услови за работење. Сакавме
да пренесеме дел од нашите искуства од Австрија, Словенија,
Италија, од Германија на македонскиот пазар за деловни
објекти", објаснува овој магистер по правни науки од Виена,
кого во Македонија пред 3,5 години го донел неговиот голем
интерес за финансии и за освојување нови пазари. Изградбата
на Хипериум следела по истражувањето на нашиот пазар за
недвижности, на кој му недостигаше ваков објект кој ќе понуди
повисоки стандарди, кои се еквивалент на потребите на
компаниите кои работат овде. "Имајќи ги предвид тешкотиите
со кои се соочивме барајќи соодветен канцелариски простор
за нашето седиште овде, си поставивме цел да го подигнеме
нивото на пазарот на недвижнини во Македонија", вели тој.
Деловно-комерцијалниот комплекс Хипериум, со
површина од 16.000 м2, располага со 5 ката деловен простор.
Секој кат, освен приземјето, е поделен на три сегменти, од кои
најмалиот има 192 м2, средниот 450 м2, а најголемиот 560 м2.
Приземјето е предвидено за услужни дејности, банка и за
ресторан. На највисокото ниво, кое претставува луксузен
потпокрив, има сала за состаноци и конференциска сала,
опремена со најсовремена аудио и видеоопрема за
презентации. Таа може да се изнајмува на час или на ден, како и
Хипо павилјонот на приземјето, кој служи како изложбен
простор. Една од карактеристиките на објектите на оваа
компанија е можноста за уредување по принципот опен спацее,
концептот кој тие им го нудат на своите клиенти. Просторот
може да се дефинира по желба, а деловните единици се уредени
по системот плуг & плаѕ, односно моментно се подготвени за
употреба, без потреба од дополнителни инвестиции. Исто
така, просторот може да се организира и на поинаков начин,
во склад со желбите на новите корисници. Зградата ги
исполнува сите технички и градежни стандарди за модерна
деловна зграда од А класа, вклучувајќи и современ систем на
греење и ладење, спуштени плафони со противпожарна
инсталација, со безбедносен и мониторинг систем. Таа е
интелигентна деловна зграда во која сe се управува
компјутерски. Ако снема струја, се активираат УПС кои може да
одржат електрична енергија за целата зграда до половина час.
Во самиот момент на пад на напонот, се активира
дизел-агрегат, кој го иницира работењето на генераторот, со
што почнува да се произведува струја за напојување на
зградата. Поради начинот на кој се поврзани коморите за
гориво, овој генератор овозможува Хипериум да добива
електрична енергија за неограничен период и независно од
главната дистрибутивна мрежа за електрична енергија.
Гаражите и заедничките простории од зградата се опремени
со мотион детецтор (ИР сензори), кои детектираат движење, и
само тогаш ги активираат светлата. Сите прозорци и
балконски врати имаат сњитцх сензори кои, автоматски, го
исклучуваат централното ладење или греење во случај тие да
се отворат. Температурата во просторот е централно
адаптирана на зимски и на летен режим, со можност на
индивидуална корекција од +/- 3 Целзиусови степени. "Оваа
зграда е енвиронментал фриендлѕ и е изработена од
висококвалитетни материјали. Стаклото на фасадата, кое е
со спроводливост од 1,1, ја задржува негативната топлинска
енергија надвор, и со тоа се заштедува струја за ладење на
објектот во текот на летото. Така, ако температурата надвор е
53 Целзиусови степени, во ентериерот лесно се постигнува
температура од 19. Стаклото, иако е темно, овозможува
пропустливост од над 45%, односно се обезбедува доволно
природна светлина во просторот", вели Цинтл.
Висината на наемнината ја одредуваат во четири
очи со идните корисници, земајќи ги предвид квалитетот на
просторот и локалните стандарди. Овластен застапувач во
делот за изнајмување е ЦБ Рицхард Еллис, водечка
меѓународна компанија на полето на комерцијалните
недвижности, која дејствува во повеќе од 58 земји, а со
Хипериум првпат доаѓа на македонскиот пазар. "Оваа
компанија се занимава со консалтинг, процена на вредноста на
недвижностите и со развоен консалтинг, истражување на
пазарот, издавање на деловни простори, пласман на
недвижности на пазарот, со продажба и издавање на
малопродажни, станбени и на станбено-комерцијални
недвижности. Горди сме што успеавме во Македонија да
донесеме интернационална компанија од овој ранг", вели
Цинтл. Проектот на Хипериум бизнис центарот е дело на
словенечкиот архитект Јани Возељ. "Модерниот дизајн,
карактеристичен за објектите на Хипо групацијата во сите
земји, е задржан и во Хипериум. Такви се, на пример, и
седиштето на групацијата во Клагенфурт и Хипо комплексот во
Загреб, кои ги проектираше култниот американски архитект Том
Мејн, кој е познат и како основач на групата 'Морфозис'. Ние во
нашиот објект сакавме да го задржиме овој стил, а, сепак, да
внесеме свежина. Визијата на словенечкиот архитект Јани
Возељ се покажа како најблиска до нашата. Тој во Словенија
важи за архитектонски гуру, има работено за претседателот
на Руската Федерација, Горниот и Долниот Парламент на
Русија, како и за 'Лек' од Крка", кажува Цинтл. Објектот е
странска инвестиција, вредна 17 милиони евра. Во изведбата
беа ангажирани и локални компании - градежните работи ги
изведе "Торус инженеринг", електричните и машинските
инсталации-"Ентес дооел", а фасадата е дело на "Прототип".
Наталија
Новаковиќ Фото: Б. Грданоски |
http://vest.com.mk/?ItemID=25C08A0C81489643BA3DA65A20A2BDB6
|
 |
ovaj_stariov
Senior Member
Joined: 02-May-2008
Location: Prilep
Online Status: Offline
Posts: 1321
|
Quote Reply
#77 Posted: 24-Jul-2010 at 21:54 |
Дечки зошто не му ставите знакче завршено на проектов.
|
build.mk, гради форумска историја
|
 |
Cloverstack
Admin Group
Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
|
Quote Reply
#78 Posted: 24-Jul-2010 at 22:10 |
Веќе поодамна на некој начин го имаа прогласено за отворен, ама немаше врска. Тогаш поминав таму, внатре уште се работеше, надвор просторот уште наликуваше на градилиште. Треба да се направи нова извидница. Ако некој живее во близина нека пише што се случува. Сепак претпоставувам дека кога навистина ќе го отворат, ќе направат свеченост и медиумска помпа, а во меѓувреме изгледа само Хипо се има вселено во дел од просториите. Инаку пред извесен период слушнав дека (барем до тој момент) уште не успеале да издадат ниту метар квадратен, па претпоставувам сите текстови што излегоа во меѓувреме и што можеби создадоа погрешна претстава за стадиумот во кој е објектот, се обид што повеќе да се испромовира Хипериум.
Edited by Cloverstack - 24-Jul-2010 at 22:12
|
 |
lslcrew
Senior Member
Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
|
Quote Reply
#79 Posted: 12-Oct-2010 at 13:43 |
Нека иде и тука веста...
Oтворен деловниот комплекс Хипериум
Скопје
Скопје го доби првиот деловен центар со „5 звезди”, „Хипериум.
Сместен е на аголот на булеварите „Октомвриска револуција“ и „Илинден“, а
е препознатлив по својата црна фасада со „искршени“ балкони, со
современ дизајн и највисока технологија вградена во објектот.
Сопствeникот
на овој деловно-комерцијален комплекс, реномираната компанија "Хипо
Алпе-Адрија лизинг" во него инвестираше 17 милиони евра.
„Изградбата
на Хипериум настана по спроведеното истражувањето на македонскиот пазар
за недвижности, и констатацијата дека на Скопје му недостига ваков
објект кој ќе понуди повисоки стандарди, кои се еквивалент на потребите
на компаниите што работат овде. Имајќи ги предвид тешкотиите со кои се
соочивме барајќи соодветен канцелариски простор за нашето седиште овде,
си поставивме за цел да го подигнеме нивото на пазарот на недвижнини во
Македонија", изјави Оливер Цинтл, генерален директор на компанијата.
Објектот
е со површина од 16.000 метри квадратни и располага со 5 ката деловен
простор. Секој кат, освен приземјето, е поделен на три сегменти.
Приземјето е предвидено за услужни дејности, банка и за ресторан. На
највисокото ниво, кое претставува луксузен потпокрив, има сала за
состаноци и конференциска сала, опремена со најсовремена аудио и видео
опрема за презентации, кои може да се изнајмуваат на час или на ден. На
приземјето е Хипо павилјонот, кој е идеален за изложбен простор.
Проектот на Хипериум бизнис центарот е дело на словенечкиот архитект Јани Возељ.
http://www.makfax.com.mk/#118428;jsessionid=3297150A72AFAD44960D67C49B7872FA |
|
 |
OKA
Senior Member
Joined: 11-Dec-2009
Location: Yenni Maalе
Online Status: Offline
Posts: 332
|
Quote Reply
#80 Posted: 12-Oct-2010 at 14:01 |
Со среќа нека им е! Додуша, малку ме разочараа во врска со објектов.
Според првите информации, подземните нивоа им мирисаат на мевла, се
појавила темелна влага, од некои плафони на минус еден капе вода. Ќе
биде циркус ако некој изведувач при изградбата „импровизирал”, т.е. не
бил доволно стрплив со исушувањето на темелното јадро. Што е недозволиво
за објект што е еден од ретките во Скопје со две подземни нивоа. Исто
така, водата во малото декоративно езерце и фонтаната во атриумот
редовно имале „жабја” боја. Деловен објект од „А” класа, подразбира и
одржување со високи стандарди. Оти, на пример, повеќето канцеларии во
Хипериумот се со фиксни прозори, па дотур на свеж воздух е исклучиво од
воздушниот систем за ладење и греење. Тој ако откаже...
|
Врзи два поста без СК2014 и освој трет гратис!!!
|
 |