Author |
Topic Search Topic Options
|
lslcrew
Senior Member
Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
|
Quote Reply
#61 Posted: 11-Jan-2010 at 01:33 |
Азбестот им создава главоболки
Азбестните и поцинкуваните цевки се' уште се рак рана на битолскиот водоводен систем. Дел од нив се стари четири децении
и предизвикуваат дефекти и проблеми со водоснабдувањето. Од 350
километри водоводна мрежа во Битола, околу 50 километри беше со
азбестни цевки. Јавното претпријатие „Водовод“ успеа да земени само
дел, а за комплетно реновирање се потребни многу пари. Иако во повеќе
наврати битолската локална опозиција и некои лекари предупредуваа дека
азбестот е штетен за здравјето, од претпријатието го тврдат
спротивното.
- Азбестните цевки се' уште ги има во градот и ќе
ги има уште долг период, покрај тоа што ние направивме напор дел од нив
да се сменат. Азбестната цевка не е проблематична за здравјето на
луѓето, проблематична е во однос на одржувањето. Ние се трудиме што
повеќе можеме да смениме, особено главните доводи, помалите кога ќе им
дојде редот- изјави директорот Зоран Илиоски.
Надлежните велат
дека не може да се фокусираат само на промена на азбестните цевки,
зашто проблем им претставуваат и поцинкуваните делови од
водоснабдителниот систем. На нив се нафаќаат наслаги, па домаќинствата
имаат проблем со недостиг на вода за пиење, односно со недоволен
притисок. Санацијата сега се очекува да оди побрзо со инвестициската
програма што ја подготви претпријатието, а од која дел ќе се финансира
со пари од поскапувањето на водата.
Досега неретко се
случуваше да реагираат граѓани дека делот на улица каде што се
поправала водоводна цевка подолго време останал неасфалтиран.
-
Ние немаме служба и материјал за асфалтирање. На тендер имаме избрано
фирми што го работат тоа. Некогаш се чека да се преасфалтира цела
улица, но причина за доцнењето е и тоа што тие не можат да асфалтираат
дефект по дефект, туку чекаат да има повеќе простор за асфалтирање, со
едно да асфалтират на повеќе места - вели Илиоски.
Постои и
техничка причина поради која се одлага преасфалтирањето за подоцна.
Директорот вели дека е потребно да помине време местото да налегне, да
се набие за да може да се асфалтира. Ако се избрза, асфалтот може за
брзо да пропадне.
Поради стариот водоводен систем
претпријатието трпеше и поголеми загуби на вода. До средината на
годинава се очекува да проработи компјутерски мониторинг-систем на
водоводната мрежа.
Жанета Здравковска
Водомерите ќе се читаат далечински
ЈКП
„Водовод“ ги почна подготовките за реализација на капитален проект -
далечинско читање на водомерите кај сите корисници од овој град.
-
Со новата инвестициска програма предвидовме поставување нови водомери
со далечинско читање на потрошената вода. Граѓаните ќе добијат
специјален водомер, а со тоа и навремени и точно пресметани сметки без
да се влегува во нивните домови, ќе имаат информации за предизвикани
проблеми во мрежата, ќе се спречат кражбите на вода и ќе се обезбеди
квалитетна услуга за сите потрошувачи - изјави директорот Илиоски.
Покрај
проектот за далечинско читање на водомерите, од овој локален сервис
најавуваат и други проекти за тековната година, за што ќе бидат
обезбедени потребните пари.
http://dnevnik.com.mk/?ItemID=A95B96C05D09BB4A92F1B722FCF986E3 |
|
|
La Linea
Senior Member
Joined: 07-Nov-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2067
|
Quote Reply
#62 Posted: 11-Jan-2010 at 02:01 |
Не сум сигурен дали важи за цела ЕУ, но во 90% од земјите не смее да има автоперални со шмрк како кај нас. Како се расфрлаат со вода, тоа е чудо невидено. И тоа вода за пиење! Секаде во светот или ја мијат со кофа и сунѓер, или онакви машини со големи четки. А кај нас, цревото и ајде! Сељачки народ.
|
Не се автопералните криви, проблемот е што во голем дел од Македонија се нема пристап до техничка вода. Еве во автокоманда бил ископан таков бунар, а и во аеродром мислам, но тоа е за полевање на зелените површини
Тревата се полева со техничка вода И еве еден супер текст од Нова Македонија за оваа работа
Чистата вода се троши сé понемилосрдно |
|
Домаќинствата
во Скопје во летниот период ја зголемуваат потрошувачката за 25 отсто,
односно за 400 илјади кубици месечно, поради постојаното прскање
дворови и полевање тревници |
|
|
Секој
ден од изворот во Рашче, преку главните цевководи на јавното
претпријатие „Водовод и канализација“, кон Скопје се упатуваат 260
илјади кубни метри вода за пиење со врвен квалитет. Тоа е доволно вода
за да се наполнат точно 104 олимписки базени со стандардни димензии,
односно должина од 50 метри, широчина од 25 метри и длабочина од два
метри. Главниот град го добива ова количество за само 24 часа.
Како
го троши? Половината мистериозно се губи. Според сите податоци издадени
од скопскиот водовод досега, загубата во системот изнесува 50 отсто,
што е еден од највисоките проценти во Европа. Стотина илјади кубици,
доволни за да се задоволат месечните потреби на една цела скопска
општина, ги снемува за едно деноноќие. Каде оди таа вода? Објаснувањата
од надлежните во претпријатието се дека овде спаѓаат истекувањата
поради дефекти или поради застарениот водоводен систем, ненаплатената
вода од корисниците, како и дивите приклучоци.
Но и другата
половина не се користи рационално. Се употребува во индустријата, во
автомијачниците, во повеќето паркови за наводнување зеленило и за други
технички и комунални потреби. И населението, особено во индивидуалните
куќи, во лето, кога состојбата со водоснабдувањето е и најкритична, ја
зголемува својата потрошувачка за околу 25 отсто поради миењето дворови
и полевањето тревници.
КАДЕ СЕ ОДИ ЧИСТАТА ВОДА?
Зеленилото
во Аеродром од пред неколку години се полева со бунарска вода.
Градскиот парк се одржува со водата од Вардар. Со мали исклучоци, во
речиси сите други зелени површини се расфрла чистата вода за пиење.
Иако се задолжени да се грижат за водоснабдувањето на градот,
надлежните од „Водовод и канализација“ тврдат дека не располагале со
податоци колку чиста, а колку техничка вода користат другите јавни
претпријатија во градот.
Елизабета Георгиевска, портпаролката на
„Паркови и зеленило“, вели дека петте бунари во Аеродром овозможиле
таму целосно да се замени водата од Рашче со техничка, но случајот не
бил таков во другите општини.
- Градскиот парк го полеваме со
водата од каналите што се полнат од Вардар. Но градската
водоснабдувачка мрежа ни е изворот за другото зеленило - додава
Георгиевска.
За разлика од парковите, кои сé уште пијат вода
наменета за луѓето, таа е целосно исфрлена од миењето улици. Катерина
Лаова, портпаролката на јавното претпријатие „Комунална хигиена“, кое е
задолжено за одржување на чистотата на коловозите и на пешачките
површини, вели дека се користи само техничка вода за овие потреби.
-
Кај Генералштабот на АРМ се наоѓа нашата пумпа од која цистерните се
полнат со техничка вода. Секој ден на улиците излегуваат по шест или
седум цистерни, кои собираат по осум кубни метри. Значи нашата дневна
потрошувачка е околу 55 кубици вода - објаснува Лаова.
Толкаво
количество вода троши едно просечно семејство во станбена зграда за
цела година, што значи дека екипите на „Комунална хигиена“ заштедуваат
чиста вода за пиење за 365 семејства годишно.
Но не се сите
штедачи на водата. Индустриите сé уште ја користат за своите потреби.
Вкупно 82 кубици месечно се трошат во прехранбената индустрија, 25
кубици во индустријата за лекови, а 14 во другите индустриски гранки.
Автомијачниците,
пак, трошат многу поголеми количества од индустриските капацитети.
Шеесетината мијачници, колку што се регистрирани во градот, во просек
користат по стотина кубици месечно, што значи дека секоја од нив го
црпе изворот во Рашче колку десет семејства заедно.
- Имаме две
мијачници, една на фреквентна улица, а друга на не толку прометно
место. Сметките за вода ни изнесуваат околу шест илјади денари во
првата, а две до три во втората. Ние немаме никакви услови да користиме
техничка вода, приклучени сме на градскиот водовод - вели Илија,
вработен во автомијачница.
Ниту 160-те илјади домаќинства што ги
опслужува „Водовод“ не заостануваат. Во зима трошат 2,1 милиони кубици
вода месечно, а во лето потрошувачката се зголемува за 400 илјади
кубици, односно за 25 отсто. Оваа разлика се создава поради постојаното
миење дворови и полевање тревници.
СЕКОЈ ДЕН СЕ ГУБАТ ПАРИ ЗА ДВА БУНАРА
Јавните
претпријатија „Водовод и канализација“ и „Паркови и зеленило“ велат
дека немале информации колку чини изградбата и искористувањето на еден
бунар за наводнување зеленило. Тоа зависело од самиот проект, како и од
изведувачот, односно кој колку ќе понуди на јавна набавка. Во градот во
изминативе години се ископаа бунари на неколку места.
Со проект
што го спроведоа градот и јавните претпријатија со помош на Светската
банка беа направени четири бунари во населбите Аеродром и Ново Лисиче,
односно се ископаа три нови и се обнови еден стар. Тоа вкупно чинеше
4,8 милиони денари и тие веќе се користат за да се полеваат пространите
зелени површини во овој дел од Скопје. Еден кубен метар вода од
градскиот водовод чини 17,25 денари, што значи дека во просек, за секој
од овие бунари биле потрошени пари колку за 70 илјади кубици вода.
Тоа
укажува дека парите што дневно ги губи „Водовод“ поради рекордните 50
отсто загуби во системот би биле доволни за секој ден да се прават по
два бунара за техничка вода. Општината Гази Баба беше првата што со
свои пари копаше бунари, по еден во Ченто и во Автокоманда, а и Карпош
направи два во близина на спортската сала „Борис Трајковски“. Кисела
Вода лани донесе програма за замена на чистата вода со техничка за
полевањето на зелените површини, но таа сé уште не е реализирана.
„ВОДОВОД“: БЕЗ ПАНИКА
Од
претпријатието „Водовод и канализација“ истакнуваат дека претераното
трошење на чистата вода за пиење не треба да ги плаши граѓаните.
-
Проблематични се појавите на трошење вода за полевање земјоделски
култури, кое најчесто се случува во руралните средини, како и за миење
тротоари и разладување улици пред дворовите. Според нашите сознанија,
злоупотребата се случува на места и од корисници што не ја плаќаат
водата, или тоа е вода украдена од јавните хидранти. За намалување на
потрошувачката на вода можеме да влијаеме со кампањи и долгорочен
плански пристап за едукација на децата како идни корисници. Тоа може да
даде добри резултати, но само на подолг рок - велат од „Водовод“.
Од
претпријатието истакнуваат дека годишно чиста вода за пиење се
произведува околу 100 милиони кубици, односно месечно околу осум, а
дневно просечното производство на вода изнесува околу 260 илјади кубици
вода.
- Од поизведената чиста вода дневно загубите ни се 50
отсто. Тука спаѓаат категориите на потрошувачи што не ја плаќаат
водата, односно јавната комунална употреба, за полевање на зеленилото,
илегалните корисници и други - додаваат оттаму.
Според
пресметките во разликата од потрошувачката, потрошените 400 кубици вода
најчесто се поради полевање на градините во летниот период, како и
поради разладувањето на улиците.
ПЕТ МИЛИОНИ ДЕНАРИ ЗА БУНАРИ
Градоначалникот
Коце Трајановски со последниот ребаланс на градскиот буџет обезбедил
пет милиони денари за копање бунари за техничка вода, соопштуваат од
неговиот кабинет.
- Технички можности и услови за користење на
бунарската вода има. Во зависност од локацијата се утврдува и намената
и потребното количество. Но исплатливоста на бунарите не треба да се
разгледува само од финансиски аспект, туку кон нив треба да се
пристапи, пред сé, како кон средство што ја штеди чистата вода за
пиење. Градоначалникот во својата програма предвидува проект за
искористување на техничките води. Рокот за неговата реализација е
2010-2011 година, но веќе оваа година успеавме да обезбедиме пет
милиони денари и работите ќе почнат - сметаат од кабинетот на
Трајановски.
Битолчани безмилосно трошат
Битолското
водоводно претпријатие во лето испорачува по 800 литри вода во секунда,
што е повеќе од двојно во однос на зимскиот период.
- Граѓаните
нерационално ја трошат водата, полеваат градини и прскаат плочници,
бетонски дворови, дури и улици пред куќите. Освен апели за рационално
користење, немаме други механизми за да ги спречиме овие појави. Штом
водата минува низ водомер, не можеме на некого да му кажеме како да ја
троши бидејќи ја плаќа - вели Зоран Илиоски, директор на ЈП „Водовод“
од Битола.
Ваквото трошење предизвикува и големи дефекти во
мрежата, која има цевки стари и по 40 години. Затоа и загубата во
системот е околу 50 отсто. Менаџментот на јавното претпријатие со
потребата за осовременување го правда поскапувањето на водата за 120
отсто, што треба да се случи од почетокот на идната година. Илиоски
смета дека таа цена ќе ги натера и битолчани посовесно да ја користат
водата.
Комуналните претпријатија работат на проекти за да се
користи техничка вода од акумулацијата „Стрежево“, со која веќе се
наводнува паркот кај градскиот часовник, а се задоволуваат и потребите
на голем дел на индустријата. Се размислува и да се издупчат што повеќе
бунари.
Е.М.
Тетово првпат без рестрикции по девет години
Периодот
јуни-јули годинава во Тетово ќе се памети по тоа што немаше рестрикции
во водоснабдувањето, состојба што беше неизбежна во последниве девет
години. Штедроста на изворите на Шар Планина во овој период изнесува
околу 480 литри, што од јавното комунално претпријатие го оценуваат
како добра состојба. - Годинава имавме одлични хидролошки состојби.
Огромните количества дожд и снег придонесоа да се зголеми штедроста на
изворите, па немаше потреба од рестрикции, дури и во најкритичните
месеци - вели Сабедин Абедини од работната единица за водовод и
канализација на ЈКП Тетово.
Оваа служба се соочува со проблемот
на нерационалното користење. Граѓаните ја трошат водата за наводнување
дворови и бавчи, како и за миење улици и простори пред дуќаните. Пред
три години имаше акција за одземање на цревата на оние граѓани што
инспекторите ќе ги затекнат како ненаменски ја трошат водата. Во градот
нема техничка вода, па чистата вода за пиење се користи за сите
потреби. Свој резервоар за техничка вода има само фабриката „Тетекс“.
А.С.
Пресушуваат цевките во високите зони во Струмица
Жители
од погорните делови на градот Струмица велат дека не сакаат да ги
плаќаат сметките за вода бидејќи нивните цевки се празни кога ќе
настапат најголемите горештини. Најпроблематична е состојбата на
улицата Славчо Стојменски, на која живеат стотина семејства. Пластични
шишиња полни со вода се редовен декор на нивните тераси и лете и зиме.
-
Ме фаќа инает и не плаќам вода уште од 2007 година. Ми стигнуваат
опомени од „Комуналец“, но зошто да платам кога немам вода? Нека платат
вода моите деца кога ќе умрам бидејќи во спротивно „Комуналец“ нема да
ми даде гробно место - вели еден струмичанец.
И жителите на
улицата Бетовенова велат дека можат да готват, да се капат или да перат
само доцна навечер, поради слабиот притисок. Во „Комуналец“ потврдуваат
дека тој дел од градот има проблем, но додаваат дека во ромското маало
наплатата изнесува 23 до 25 отсто, а во другиот дел од градот 75 отсто.
Редовните плаќачи реагираат на таа состојба и порачуваат да не се
толерираат неплаќачите, односно тие да се одвојат со посебен вентил.
Минатата
година преку проектот „Меап“ се обновени водоводните цевки низ целиот
град, а со чиста вода за пиење се обезбедени и пет околни села. Една од
мерките да се надминат проблемите е и користењето техничка вода, со
која се наводнува Градскиот парк.
С.Џ.
Задоволени сите потреби во Охрид и во Струга
Охриѓани
и стружани имаат квалитетно и навремено водоснабдување и во летните
месеци, велат од меѓуопштинското јавно претпријатие „Проаква“. Бранко
Трпчески, директорот на претпријатието, информира дека сите извори се
во оптек и нема потреба од загриженост.
- Сосема е сигурно дека
потребните количества им се испорачуваат на корисниците. Во одредени
населени места има прекини поради интервенции, но реагираме навреме
секаде каде што ќе се појави дефект - вели Трпчески.
Граѓаните на стариот дел од Охрид реагирале дека имаат проблем со водоснабдувањето, но Трпчески го негира тоа.
-
Тие досега не почувствувале што значи вистински недостиг поради
технички проблеми. Немало ниту рестрикции. Се задоволуваат потребите и
покрај тоа што во лето во стариот дел има поголема фреквенција на луѓе
- додава директорот.
За домаќинствата се користи чиста вода за
пиење, додека јавното претпријатие „Охридски комуналец“, според
пропишаните нормативи, преку пумпа во центарот на градот користи
техничка вода од езерото за да ги мие улиците. Сашо Алчев, директорот
на ова претпријатие, најавува дека ќе се буши во близина на дирекцијата
за да се обезбеди вода за овие потреби.
А.Р.
Во Прилеп нема злоупотреби
И
покрај зголемената потрошувачка на вода во летните месеци, во Прилеп
нема проблеми со водоснабдувањето. Од јавното комунално претпријатие
„Водовод и канализација“ велат дека од Студенчица пристигнуваат по 450
литри во секунда.
- Овие количества се доволни ако граѓаните
рационално ја користат водата. Ако има потреба, ќе го зголемиме и
дотекот - вели Сашко Николоски, директорот на претпријатието.
Освен
што се апелира за рационално користење, се врши и контрола за тоа како
се троши водата. Николоски вели дека засега не забележале злоупотреби,
а се задоволни и од добрата наплата и од реконструктивните зафати за
промена на водоводната мрежа што ја прави австриската фирма „Штрабак“
со грант од банката КФВ.
Ка.М. |
|
Автор: Бојана Стојчевска |
Фотографија: Маја Јаневска Илиева | |
|
Edited by La Linea - 11-Jan-2010 at 02:02
|
Помогнете во Македонската Википедија - Слободна енциклопедија!
|
|
Cloverstack
Admin Group
Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
|
Quote Reply
#63 Posted: 12-Jan-2010 at 21:30 |
Ќе се гради брана на Косевичка Река Општина
Македонска Каменица доби 2,8 милиони денари од буџетот на Источниот
плански регион за изработка на урбанистички план и основен проект за
изградба на брана на Косевичка Река.
- Со активностите ќе
почнеме за дестина дена. Според идејното решение со кое аплициравме за
добивање пари, Косевичката брана ќе служи за две намени. Една ќе биде
за наводнување на 1.400 хектари земјоделско земјиште во атарите на
селата Луковица, Тодопровци, Косевица и дел од Камичко Поле, а се
планира и изградба на две мали хидроцентрали за производство на
електрична енергија - изјави Дарко Митевски, градоначалник на општина
Македонска Каменица.
Според него, изградбата на браната на
Косевичка Река ќе овозможи преродба на овие населени места и промена на
структурата на земјоделското производство. |
http://dnevnik.com.mk/?ItemID=3E3E3771ABB644419D6882099B973A08
|
|
Cloverstack
Admin Group
Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
|
Quote Reply
#64 Posted: 20-Jan-2010 at 21:25 |
Вода за сите домаќинства во Прилеп
ПРИЛЕП - Жителите на Прилеп наскоро ќе заборават на проблематичното
снабдување со вода. Со реконструкција на околу 40 километри градска
мрежа што ги опфаќа и најкритичните точки каде што се евидентираат
огромни загуби на вода во системот, сите домаќинства ќе имаат редовно и
непречено водоснабдување и во најсушните години.
Имено, во
првата половина од оваа година треба да биде завршен проектот за
реконструкција на градската водоводна мрежа, кој се реализира со
средства од германската КФВ банка. Старите азбестни цевки речиси на
цела периферија на Прилеп се заменети со еколошки цевки. Реконструиран
е и водоводот во централното градско подрачје.
За реализација
на најголемата инвестиција што досега е преземена во Прилеп,
поранешната локална гарнитура обезбеди грант од 9,2 милиони евра,
информираа од „Водовод и канализација“. Почнувајќи од 2002 година
секоја фаза на проектот се имплементираше под будно око на
консултантите од КФВ банка.
„Доколку се процени дека има
средства да се реконструираат уште десет или 15 улици, тогаш ќе
побараме од банката да го продолжи рокот. Ќе најдеме некоја форма за
обновување и на тие улици“, вели директорот Сашо Николоски. Тој додава
дека најдоцна за шест години се планира реконструкција и на останатата
водоводна мрежа.
Како што потенцираат од „Водовод“, сите
дефекти навреме се сервисираат. Половина од новата мрежа веќе е
приклучена на постојната мрежа и функционира без проблеми. За подобро
снабдување со вода ќе помогне и изградбата на бунари со средства што ги
вети Владата. Надлежните велат дека станува збор за потисен цевковод и
за пумпни станици, а средствата ќе се обезбедат од буџетот за 2010
година. Според Николоски, веќе се инвестирани 20 милиона денари, но за
да се стават бунарите во функција се потребни уште толку пари. (М.Т.) |
http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=6BD21757C3220941952801F166247780
|
|
lslcrew
Senior Member
Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
|
Quote Reply
#65 Posted: 09-Feb-2010 at 23:10 |
Намалена загубата на вода на велешки Дервен
ЈКП Дервен од Велес ги намали загубите на вода за над 15 отсто.
Со реализацијата на проектот МЕАП, со кој беше замената старата и
дотраена водоводна мрежа, покрај огромните загуби, во целост е решен
проблемот со вода за пиење на жителите од градот и приградските населби
Оризари, Превалец и Речани. - Со години наназад се губеа огромни
количества вода поради што велешани беа жедни - велат во претпријатието
и додаваат дека загубата од претходните 55 проценти, сега е намалена за
15, а со континуираната замена на старите салонитни и поцинкувани цевки
ќе биде помала и за 20 проценти.
Од кредитот од Европската банка за обнова и развој, ЈКП Дервен
потроши речиси 1,1 милион евра во периодот од 2002 до 2007 година за
замена на 9,6 километри секундарна водоводна инсталација и 1,2
километри канализациски цевки. Резултатите од овој зафат беа повеќе од
добри.
Покрај замената на старата водоводна инсталација, за намалувањето на
загубите на вода големо влијание имаат и двата новоизградени резервоари
во близина на Спомен-костурницата и во месноста Гумења, што го чинеше
претпријатието дополнителни 700.000 евра од кредитот. Во првото
тримесечје на 2006 година претпријатието имало загуба од 387.750 кубни
метри вода. По реконструкцијата во 2007 година, за истиот период
загубата е намалена за цели 100.000 кубни метри. Со изградбата на двата
резервоара, пак, жителите од повисоките делови на градот повеќе немаат
проблеми од недостиг на вода за пиење, што не беше случај во изминатите
години. Со извршената реконструкција и намалената загуба на вода, велешкото претпријатие Дервен се најде меѓу најдобрите во Македонија.
http://vecer.com.mk/?ItemID=BE43BE81F691504CA948B7CF225DB3DF |
|
|
lslcrew
Senior Member
Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
|
Quote Reply
#66 Posted: 16-Feb-2010 at 11:41 |
Нивото на Дојранско Езеро зголемено за 25 см
Поради
поројните врнежи од дожд, нивото на Дојранското Езеро е зголемено за 25
сантиметри, а езерската вода е навлезена на 3-4 метри од крајбрежјето и
ја покри целата инфраструктура. Поплавени се пешачките мостови на
градската плажа и на другите плажи долж крајбрежјето. Врнежите и
топењето на снегот од околните планини предизвикаа зголемување на
приливот на природните водотеци кон езерото, како од македонска, така и
од грчка страна. Реката Парскева од грчка страна и хидросистемот за
спас на дојранското езеро со дотек од 600 литри во секунда, придонесе
езерската површина деновиве да го достигне нивото од 60-тиот сантиметар
до минималната кота, а длабочина на езерото - 9 метри
http://www.kanal5.com.mk/default.aspx?mId=37&eventId=57760 |
|
|
lslcrew
Senior Member
Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
|
Quote Reply
#67 Posted: 16-Feb-2010 at 11:43 |
Имам некој впечаток дека последниве години некако поспоро се полни езерово, споредувајќи разлика до минималната кота, до тоа е ипак разбирливо што езерото е многу пошироко поблиску до минималната кота, одколку што е надоле во подлабокото, па тамо и побрзо с еполни. До сега немам прочитано некој рок или барем некоја проценка кога се очекува да се достигне нормалното ниво.
|
|
pbanks
Admin Group
Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9141
|
Quote Reply
#68 Posted: 16-Feb-2010 at 12:00 |
Originally posted by lslcrew
Имам некој впечаток дека последниве години некако поспоро се полни езерово, споредувајќи разлика до минималната кота, до тоа е ипак разбирливо што езерото е многу пошироко поблиску до минималната кота, одколку што е надоле во подлабокото, па тамо и побрзо с еполни. До сега немам прочитано некој рок или барем некоја проценка кога се очекува да се достигне нормалното ниво.
|
Мислам дека болдираниот дел држи и те како логика
|
|
lslcrew
Senior Member
Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
|
Quote Reply
#69 Posted: 18-Feb-2010 at 15:42 |
Итна изградба на насип меѓу Струга и Дебар
Изградба на насип на патот Струга-Дебар кој ќе ја акумулира водата што
наскоро ќе почне да се испушта од езерото Глобочица ќе го намали нивото
на водата во Охридското Езеро заклучиле на состанокот на Кризниот штаб
во Стуга денеска
Според податоците на
ЕЛЕМ, нивото на водата на Охридското езеро во моментов се наоѓа на 12
сантиметри над дозволената квота, но состојбата не е критична.
Од
Центарот за управување со кризи потсетија на 1986 година кога нивото на
водата во Охридското Езеро достигнала 18 сантиметри над дозволената
квота.
На состанокот било договорено непосредните субјекти кои стопанисуваат со браната Глобочица
да изградат насипи во ниските делови на регионалниот пат, во близина на
селото Луково, а доколку не можат, да побараат помош од општината
Струга.
Истовремено од приватното претпријатие Летница било
побарано да обезбеди непречен проток на вода кај местото Даљан, односно
решетките да бидат кренати до максимум за да има непречен проток на
вода.
Состанокот на платформата се одржа под водство на министерот за транспорт и врски Миле Јанакиевски, а во него учествуваа претставници од сите служби и институции надлежни за справување со поплавите.
Од
Центарот за управување со кризи информираат дека состојбата будно се
следи и во другите кризни делови од Македонија, особено во
Пелагонискиот, Струмичкиот и Полошкиот регион кои во последните
десетина дена беа поплавени поради неистечени одводни канали. http://forum.com.mk/_tools/article/17911/view |
Реката Црн Дрим на "една коцка" од излевање (ФОТО)
Струга, 18. февруари (ИНПРЕС)
Отворени 80%
од вратите на истекот на реката Црн Дрим во Струга со цел да се
регулира екстремно високиот водостој на Охридското Езеро кое деновиве е
на кота за 11 сантиметри над максималната и изнесува 693,86 сантиметри.
Зголемувањето на водостојот е резултат на обилните врнежи од дожд, а
особено на врнежите од снег кои заради високите температури се топи
многу брзо.
Ситуацијата би можела да излезе од контрола доколку продолжи вакво
врнежливо време, а особено со топењето на снегот од Галичица,
предупредуваат еколозите. Висок е водостојот и на реката Црн Дрим.
Уште 20-тина сантиметри или уште "една коцка" како што велат стружани фали за да се излее реката. (Крај)
http://www.inpress.com.mk/default.asp?ItemID=33B71D7BB967FA4FBAC6F1472A66B145 |
|
|
lslcrew
Senior Member
Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
|
Quote Reply
#70 Posted: 18-Feb-2010 at 15:45 |
За каков насип се спомнува покрај патот? Нешто како импровизирано вештачко езеро колку да се придржи водата привремено? Каква врска има сега патот, ќе биде поплавен ли? Не ми е јасно за каков насип зборуваат, ај ако може некој нека опише или скицира.
|
|
La Linea
Senior Member
Joined: 07-Nov-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2067
|
Quote Reply
#71 Posted: 22-Feb-2010 at 17:08 |
Во контекст на муабетот од Градска инфраструктура,
Нивото е високо, состојбата - стабилна |
|
Нивото
на Охридско Езеро е 13-14 сантиметри над максимално дозволената кота,
поради што стотина куќи во селото Пештани се преплавени во подрумските
простории |
|
|
Министерот
за транспорт и врски Миле Јанакиески, кој го предводи координативното
тело што ја следи состојбата со поплавите, го посети Пештани.
-
Нивото е над максималната кота, но состојбата е стабилна. Во моментов
од Црн Дрим се испуштаат 53 кубни метри води во секунда. Доколку се
испушта поголемо количество вода, може да дојде до поплавување на
другите подрачја, меѓу кои и на патот Струга-Дебар - изјави Јанакиески.
Куќите во Пештани веќе три дена се во вода, а Пештанци
стравуваат дека, доколку не се преземат итни мерки, штетите ќе бидат
уште поголеми.
- Целото село е под вода. Преплавена ми е
целата покуќнина, од апаратите за домаќинство до мебелот. Досега никој
не помогна иако навремено пријавивме - вели Лидија Башоска.
Сандре
Нечоски, 65-годишен жител на ова село, кој е и претседател на месната
заедница, рече дека не се памети вакво ниво на вода во Пештани во
последните 50 години.
- Направивме список на поплавените, кој
ќе биде доставен до Центарот за управување со кризи. Доколу не се
преземе навреме нешто, штетите ќе бидат многу поголеми- рече Нечоски.
Ништо повеќе не може да се стори, вели министерот Јанакиевски.
Освен
водата во домовите, поради која жителите се плашат да вклучат
електрична енергија, постои страв езерото да не го проголта целиот пат.
- Доколку не се направат потпорни ѕидови при силниот ветер
„Мрачник“, кој доаѓа од Калишта, езерото ќе го уништи и патот -
предупреди Трајан Симоноски од здружението на граѓани „Пештански чун“.
Еден
ден пред Јанакиески, Пештани го посети и градоначалникот на Охрид,
Александар Петрески, кој ситуацијата ја оцени многу подраматично и и
порача на Владата да излезе на терен и да се соочи со реалните
проблеми.
- Поткопан е патот Охрид - Свети Наум. Доколку не се
направат потпорни ѕидови, може да го загубиме - вели градоначалникот
Петрески.
Јанакиевски, пак, тврди дека професори од Градежниот
факултет во Скопје направиле увид на состојбата со патот Охрид - Свети
Наум, а по повлекувањето на водата од езерото, ќе биде извршена
дополнителна процена за да се утврди дали ќе биде неопходна санација на
оваа магистрала. |
|
Автор: Александра Ристоска | |
|
http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=222101021303&id=9&prilog=0&setIzdanie=21916
Залади, нема страв од поплави |
|
За
да дојде до посериозни поплави потребно е во исто време кога ќе се топи
снегот да врне дожд, а во овој период такви временски услови не ја
очекуваат Македонија, вели Јосиф Милевски, раководител на хидролошкиот
сектор во Управата за хидрометеоролошки работи |
|
|
Македонија од вчера е зафатена од бран заладување, поради што дневната
температура ќе биде и до десет степени пониска во однос на саботната,
кога беа измерени 17 степени, соопштува УХМР.
Поради преодното заладување, вчера и денеска топењето на снегот ќе биде
во стагнација. Македонија, соочена деновиве со покачени водотеци и
ерозија на земјиштето, може привремено да здивне.
- Состојбата на реките е стабилна и нема место за паника дека ќе дојде
до нивно излевање - објасни Јосиф Милевски, раководител на хидролошкиот
сектор во Управата за хидрометеоролошки работи.
Според него, при интензивни врнежи од дожд, нормално е да дојде до зголемување на водостојот на реките и езерата.
- За да дојде до посериозни поплави, потребно е во исто време кога ќе
се топи снегот да врне дожд, а во овој период такви временски услови не
ја очекуваат Македонија - вели Милевски.
На крајот на зимата и во почетокот на пролетта секогаш има помало
излевање на реките, но тоа се случува бидејќи се јавува зголемување на
нивото подземните води, кои не можат да се влеат во реките.
- Место за паника нема. На нашата територија има две критични точки: во
месноста Пласница, каде што тече реката Треска, и Бучим, по текот на
Црна Река. Секоја година во овие месности доаѓа до излевање на
водотеците. реките Струма, Вардар и Брегалница имаат стабилна состојба.
И временските услови, поточно паѓањето на температурите, со снег на
повисоките места, одат во прилог на тезата дека поплавите ќе нé
заобиколат - вели Милевски.
Проблемот со излевањето на водотеците, предупредува Милевски, е во тоа
што коритата на реките не се одржуваат на потребниот начин со години.
- За поплавите во Пелагонија е виновен човечкиот фактор, затоа што
каналите изградени во 60-тите години на минатиот век за наводнување на
ораниците се веќе уништени - вели Милевски.
На итна помош - 20 отсто повеќе повици
Наглите промени на
времето најголеми проблеми им прават на хроничните болни, оние со астма
и со срцеви заболувања. Често променливото време го покачува и бројот
на мозочни удари. Во службите за итна медицинска помош викендов обемот
на работа се зголемил за 20 проценти.
- Најмногу помош бараат
оние со астма и кардиопатски заболувања. Тоа не е ништо невообичаено за
ваквите временски промени, па затоа ги советуваме болните да се јават
веднаш штом ќе почувствуваат дека им се влошува здравјето - велат од
Итна помош.
Во кругот на кардиологија деновиве сé повеќе медицински возила носат срцево болни од Скопје и од внатрешноста.
-
Само во сабота вечер дежурните лекари им дале помош на триесетина
болни. Наглите промени многу влијаат на оние со покачен крвен притисок,
со слабо срце и со проблематични крвни садови. Болните во овој период
мора да ја земаат својата терапија - вели проф. д-р Елизабета
Црвеновска, која вчера дежураше во оваа клиника.
Невропсихијатарот
проф. д-р Анте Поповски објаснува дека нестабилното време го зголемува
бројот на мозочни удари, кои се последица од друга болест, често
поврзана со крвниот притисок, срцето и крвните садови или, пак, стресот.
-
Освен редовното примање терапија, болните мора да се трудат да не се
изложуваат на стресови, но и да ги почитуваат лекарските совети за
правилна исхрана - вели д-р Поповски.
Н. Б. |
- Лизгање на земјиштето предизвика оштетувања на магистралниот пат
Ресен – Битола. Пропаднати се двете коловозни ленти на искачување кон
планинскиот превој Ѓавато во правец од Ресен кон Битола, а постои
опасност да пропадне и третата коловозна лента.
ден |
мин. |
макс. |
|
Понеделник |
8 |
10 |
Вторник |
1 |
14 |
Среда |
2 |
15 |
- На патниот правец Маврово – Дебар, во близината на манастирот „Св.
Јован Бигорски“ сé уште се расчистуваат остатоци од честите одрони. Не
се исклучува можноста за нови одрони.
- Затворен за сообраќај на сите видови возила е патниот правец Отешево – Трпејца, преку Галичица.
|
|
|
|
|
http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=222101020404&id=9&setIzdanie=21916
|
Помогнете во Македонската Википедија - Слободна енциклопедија!
|
|
krale
Senior Member
БАНИРАН
Joined: 28-Dec-2009
Online Status: Offline
Posts: 1487
|
Quote Reply
#72 Posted: 24-Feb-2010 at 13:24 |
Нивото на Охридско езеро расте,отворена уште една порта за испуст на вода
Автор: Владимир Митоски 08:40 | 24 февруари 2010
ОХРИД
Нивото на Охридското езеро во текот на ноќта се зголеми за еден сантиметар и сега е 16 сантиметри над дозволената кота утврдена со билатералниот договор меѓу Македонија и Албанија.
За да се спречи излевањето на езерото во вторник Координативното тело за превенција од природни непогоди донесе одлука да отвори уште една порта на испустот кај реката Црн Дрим во Струга.
Целта е да се испуштаат поголеми количества на вода бидејќи водотекот на Црн Дрим е намален во однос на претходните денови, а вода се испушта и кај населбата Далјан-информираа од координативното тело.
До вчера во Црн Дрим се испуштаа 53 кубни метри вода во секунда, но сега со отворањето на шестата порта ќе биде овозможен далеку поголем испуст.
Од друга страна, продолжува акцијата за изградба на насипи на критичните делови од крајбрежјето, а најалармантна останува состојбата кај населбата Пештани каде жителите стравуваат дека езерото ќе се излее и ќе ги поплави нивните домови./крај/охњуз/фо/вм
Фото: Охрид Њуз
http://makfax.com.mk/_tools/article/100082/view
|
|
lslcrew
Senior Member
Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
|
Quote Reply
#73 Posted: 26-Feb-2010 at 01:19 |
По поплавите Охрид го демнат земјотреси
Состојбата
со Охридското Езеро е загрижувачка, а штетите се повеќекратни,
предупредуваат експертите. Нивото вчера се покачи за 20 сантиметри над
максималната кота од 693,75. Според познатиот охридски архитект Димитар
Зарчев секој сантиметар над оваа кота преставува катастрофа. -
Покачувањето за еден сантиметар дневно е 350 милиони кубни метри вода
во Езерото, а денес нивото е повисоко за 20 см. При максимален истек
низ браната кај Дрим, без да има прилив на вода во Езерото, за да се
дојде до котата од 693,75, потребни се четири дена за да истече еден
сантимнетар. За 20 см потребни се 80 дена, вели Зарчев. Според него
високиот водостој прави непроценливи штети при дување на јужниот ветар,
кој е карактеристичен за овој период од годината, кога брановите
достигнуваат висина и до метар и половина. - Доколку тој бран е на
оваа кота ќе добиеме океански бран кој не само што ќе ги однесе
патиштата туку е закана и за куќите и за пристаништето. Од друга
страна, поплавите ги следат земјотреси. Не очекуваат тектонски
пореметувања како последица на огромното количество вода во земјата,
вели Зарчев.
Директорот на Центарот за управување со кризи, Панде Лазаров, кој
вчера ги посети критичните места во охридско-струшкиот регион, оцени
дека сосојбата е стабилна. - Се обезбедува од една страна да не
бидат загрозени Струга и Охрид, а од друга страна да не се предизвикаат
штети на патот на од Дрим до Глобочица и до Дебарското Езеро. Штетите
засега се минимални. Водостоите на реките се намалени. Се прави
прецизно планирање за тоа колку вода ќе се испушти и како ќе се
прифатат водите од топењето на снеговите, што се очекува, за да не се
загрозат градовите, а истовремено да не се предизвика поплавување на
селата кои се на патот каде што поминува реката Дрим, рече Лазаров.
На патот кај Луково, што беше поплавен, тешката механизација на
Дирекцијата за заштита и спасување вчера ја санира состојбата. Тимовите
за брз одговор пак делуваа кај Калиште и Радожда, едни од
најзагрозените од надојдената вода.
http://vecer.com.mk/?ItemID=71C06DAE16803943B4739485BD90FFDA |
Црн Дрим се заканува со нови излевања
Во Долно Луково под вода се амбулантата, полициската станица, куќи и рибник
Симон Илиески
СТРУГА - Дождот престана да врне во Охрид, но остануваат проблемите
со пораст на водостојот на езерото, излеаните реки и поплавените куќи.
Поплавениот
дел од патот кај Луково, Струшко, што го чистат постојано од
завчеравечер екипи на Дирекцијата за заштита и спасување е прооден во
двете насоки кон Струга и Дебар. Доколку има нови испуштања вода од
браната „Глобочица“, се стравува од нови поплави на патот по течението
на Црн Дрим кон Дебарско Езеро. На овој правец е видливо и надоаѓањето
вода од планините кое постојано предизвикува одрони, па затоа се
апелира за внимателно возење.
Од нови поплави се плашат и во
селото Долно Луково каде што под вода се амбулантата, полициската
станица, неколку куќи и рибник. За да се избегнат евентуални поплави по
течението на Црн Дрим, завчеравечер со одлука на Кризниот штаб се
затворени две порти на истекот кај Струга, а сега се излеваат помалку
од 50 кубни метри вода во секунда. Тоа ќе значи ново зголемување на
нивото на Охридско Езеро, кое веќе е над 20 сантиметри од максимално
дозволеното.
„Кризниот штаб е постојано на терен, ја проценува
состојбата и презема мерки за да има балансирана состојба на нивото на
водата на браните по течението на Црн Дрим кон Дебарско Езеро. Тоа го
правиме во соработка со ЕЛЕМ, кој е надлежен за одржување на нивото на
водите на Охридско Езеро и вештачките акумулации“, рече вчера во Струга
Панде Лазаревски, директор на Центарот за управување со кризи. Тој
немаше одговор дали со затворањето на дел од истекот на езерото и
натаму ќе се зголемува нивото и дали тоа ќе предизвика поплави во
Охридско-струшкиот регион. Лазаревски објаснуваше дека акумулациите
„Глобочица“ и „Шпилје“ претставуваат систем на сврзани садови и дека се
внимава да не се направат неконтролирани потези кои можат да направат
огромни штети.
За разлика од оптимизмот на Кризниот штаб,
ситуацијата на теренот е поинаква и жителите на селото Луково се плашат
од нови поплави. „Се плашиме од нови излевања преку браната
’Глобочица’. За се' е виновна ЕЛЕМ, зашто во текот на есента на високо
ниво ги држеше водите на Охридско Езеро и акумулацијата ’Глобочица’,
која сега не може да ги испушти надојдените води“, вели Бошко
Мурџевски, сопственик на рибник во Луково. Тој се жали дека нему и на
други жители во селото им е направена голема штета што треба некој да
ја надомести.
Глетката кај истекот на браната „Глобочица“ е
вознемирувачка и очигледно е дека дополнително испуштените води уриваат
се' пред себе низ речното корито кон Луково. „Патот пред Луково беше
поплавен во должина од 300 метри. Со три машини, работејќи деноноќно,
успеавме да направиме насип и да исчистиме дел од коритото кое е
преполно со новоизраснати дрвја. Тоа ја отежнува работата“, објаснува
Рашид Абазовски од Одделението на Дирекцијата за заштита и спасување од
Дебар. Притоа, тој вели дека на жителите на Луково не можат повеќе да
им помогнат зашто во услови кога водата е помала треба темелно да се
исчисти речното корито. И тој се плаши дека зголемувањето на водата
може да поплави и други делови на патот кон Дебар.
Првите луѓе
на Дирекцијата за заштита и спасување и Центарот за управување со кризи
вчера ги посетија и Пештани и Радожда, при што ги уверуваа граѓаните
дека ситуацијата е под контрола. „Нема ветер и дожд, езерото е
потсмирено и водостојот е стабилен“, им рече Лазаревски на пештанци.
Тие не поверуваа во ветувањата, па затоа организираа протест и побараа
итно да се санира меѓународниот пат до Свети Наум. Ова ветување
завчераноќ им го дал премиерот Никола Груевски, кој во еден часот по
полноќ, по завршувањето на трибината на ВМРО-ДПМНЕ во Охрид, го посетил
Пештани. Средбата, како што дознавме, била во месната заедница чии
претставници на Груевски ноќе му ги покажале критичните места.
Справувањето
со опасноста од поплавите, наместо да ги спојува, и натаму ги дели
локалната и централната власт. По изјавата на градоначалникот на Охрид,
Александар Петрески, во која вели дека поради тоа што не добил помош од
македонската ќе побара од бугарската влада, на завчерашната трибина во
Охрид му возврати премиерот Груевски. Тој го обвини дека од поплавите
Петрески прави политички маркетинг што не е во интерес на граѓаните.
Охридскиот градоначалник вчера на прес-конференција изјави дека власта
прави политичка дискриминација во општините каде што градоначалниците
се од СДСМ, при што заборава дека е загрозено охридското подрачје.
Граѓаните
бараат да им се помогне, а не да слушаат политички препукувања. Покрај
жителите на Пештани, вчера со протести бараа помош жителите на селата
Орман и Лакочереј и населбата Воска. Се' погласни се и барањата за
санирање на колекторскиот систем кој сега е преполн со вода и дел од
фекалиите се испуштаат по улиците на Охрид или се влеваат во езерото.
http://utrinski.com.mk/?ItemID=C2F5429B2532374892A2DC329EA2BF24 |
|
|
lslcrew
Senior Member
Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
|
Quote Reply
#74 Posted: 26-Feb-2010 at 14:07 |
|
|
lslcrew
Senior Member
Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
|
Quote Reply
#75 Posted: 28-Feb-2010 at 19:01 |
Езерото го враќа ударот - си дојде по своето!
Охрид, 26. февруари (ИНПРЕС)
Универзитетскиот
професор Атаноско Туневски, поранешен директор на МЕПСО, деновиве, во
екот на полемиката околу режимот на испуштање на водата од Охридското
Езеро, ќе рече - режимот е прашање на бизнис!
Професорот и докажан стручњак во областа која ја коментира е наполно
во право. Дури и кога вели дека неуки од ЕЛЕМ играат ризична игра со
природата!
За жал неуките ги има секаде и во Скопје и во Охрид и во Струга. И
не само режимот, туку се што е поврзано со Охрид и Охридското Езеро, е
прашање на бизнис. Езерото е впрегнато во бизнис.
До невидени граници е узурпирано, поради профит и лични интереси е
нападнато длабоко внатре. Насипи, платформи и секакви други објекти.
Акумулација на капитал, без трунка акал!
Охридското езеро не е од вчера. Тогаш како се регулирало, кога ги
немало централите Шпиље и Глобочица, кога го немало ЕЛЕМ, кога ги
немало денешните кабидахии - спрегата меѓу урбаната мафија и локалната
самоуправа. Тогаш се било спонтано и природно, а ако имало потреба кај
Струга истекувале и 100 кубни метри во секунда.
Зошто сега некој мисли дека Охридското Езеро може да го регулира и
да го испушта и запира како обична чешма со славина? Сепак, тоа е
огромен природен басен, не е легенче или када!
За се се виновни човечката рака и човечката алчност. Колку им сечи
акалот кога предлагаат дека ќе влегуваат длабоко со платформи на две -
три места на градскиот кеј. Тие ќе завршат како што заврши мостот на
Велија Рамковски и локалните аналфабети. Цевките од колекторот ќе
шетаат по езеро, вели градоначалникот. А каде шетаат платформите?
Езерото го враќа ударот и се повлекува во своите природни граници,
вели познатиот екологист од Охрид, Лазе Наумоски од Е.Д. "Грашница".
Наумоски тврди дека во 1970. година од Дрим кон Шпиље течеле 200
метри кубни вода во секунда, а сега викаме дека 50 - 60 биле премногу.
Дали езерото навистина го враќа ударот?
Токму така, езерото се враќа по своето, по тоа што му е одземено.
Секое кафуле во стариот дел на градот, влезе внатре, изгради бетонски
ѕидови и платформи. На потегот кон Горица, после мостот на Студенчишки
канал, езерото е ставено во ѕидови и бетони, како во корито. Со
платформи на три места се навлегува длабоко во него.
Каде се старите рибари, кои бараа барем "два снажни" простор од
езерото, за да ги извлечат кајчињата? Тие знаеја со сенкерот (бродското
корито) да донесат големи карпи на пристаништето, за да се заштитаат од
бранови. Ама не го оковаа езерото во бетон и железо.
Направена е историска деградација со асфалтирањето и претходно
тампонирањето, на патеката што води до хотел Парк. Прекината е
комуникацијата меѓу езерото и блатото, живеалиште на ендемичен жив
свет. Или, како што велат од СРК, одземени му се белите дробови на
езерото!
Сепак, најголемиот проблем е узурпацијата на езерото. Човекот
влегува се повнатре за да го стопанисува езерото и гради насипи,
платформи и секакви други објекти. Тоа очигледно го враќа ударот и се
враќа во своите природни граници.
Посебен проблем е пренасочувањето на реката Сатеска во Охридското
Езеро, а не како некогаш кога се вливала дирекно во реката Црн Дрим.
Друг проблем е што во реката Црн Дрим се влеваат и вевчанските извори,
и затоа не може да ја прими целата вода.
Она што особено загрижува е што ќе се случи кога оваа вода ќе се
повлече? Подрачјето на Струга и Охрид е активно сеизмолошко подрачје.
Пред последниот голем земјотрес во овој регион имавме исто така големи
врнежи.
Езерото си дојде по своето, што е следното? |
Охридското Езеро доби езерца - соседи (ФОТО)
Охрид, 26. февруари (ИНПРЕС)
После
ноќешните дождови, охриѓани со стравување и неизвесност ги читаат
метереолошките прогнози. Расположението им се менува, како што се
менуваа временската ситуација. Час сонце, час облаци и мал јужен ветар,
кој повторно го разбрани езерото.
Од официјално место, до овој момент не може да се добие информација
- дали во последниве 24 часа, дошло до зголемување на водостојот.
Меѓутоа, дури и да стагнира на вчерашните 22 сантиметри над горната
дозволена граница, тоа е повеќе од аларм.
Имено, горната кота е дури за 4 сантиметри над рекордот во 1968. година и тогашните големи поплави.
На истекот во Струга, се испуштат само педесетина кубни метри во
секунда во Црни Дрим, бидејќи во спротивно Дримот повторно ќе го
поплави регионалниот пат Струга - Дебар. Тоа пак оневозможува некакво
брзо симнување на нивото на езерото.
Дека водостојот на Охридското Езеро е алармантно висок, потврдуваат
фотографиите на репортерите на Инпрес, направени утринава нешто после
10 часот.
Каналот Студенчишта е преполн. Преполно е и е претворено во ново
езеро Студенчишкото блато, кое од езерото го дели само патеката кон
хотелот Парк, која на неколку места е непроодна и покриена со вода.
Прелеан е и патот кој води до сообраќајницата Охрид - Свети Наум и
водата навлегува во Центарот за тренинг на води на АРМ. (Крај)
|
Inpress
|
|
lslcrew
Senior Member
Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
|
Quote Reply
#76 Posted: 28-Feb-2010 at 19:07 |
Нивото на Дојранското езеро покачено за еден метар
28.02.2010 16:15
Од
обилните врнежи од дожд во југоисточна Македонија најголема полза има
Дојранското езеро. За скоро 1 метар е покачено нивото на водата или
сега езерото е подлабоко за цели 5 метра од еколошката катастрофа. Дојранчани
велат дека по еколошката катастрофа езерото сега го има најголемото
полнење, од обилните врнежи од дожд но и топењето на снегот на
планината Беласица. На полнењето на езерото најмногу му се радуваат
жителите, за кои туризмот е најголем извор на егзистенција. „Езерото се полни и тоа доста, количински доста, доволно има вода се очекува уште повеќе да стигне“, рече жител на Дојран. „Од
еколошка точка се очекуваат прво многу птици, многу риба значи се
очекува природен живот, јасно е и туристи ќе доаѓаат сега“, рече жител
на Дојран. Полното езеро ја разработи и локалната власт. „Сега
веќе ќе почнеме со уредувањето на плажите , имаме зацртано некаде до
Струмичката плажа да ги направиме сите тие потребни работи според
урбанистичкото решение кое е предвидено“, рече Глигор Чабулев,
градоначалник на Дојран. На Дојранското езеро сега му недостасуваат уште 25 сантиметри за да се врати во состојбата од пред еколошката катастрофа.
http://www.a1.com.mk/vesti/default.aspx?VestID=120403 |
Edited by lslcrew - 28-Feb-2010 at 19:09
|
|
krale
Senior Member
БАНИРАН
Joined: 28-Dec-2009
Online Status: Offline
Posts: 1487
|
Quote Reply
#77 Posted: 01-Mar-2010 at 00:16 |
Конечно се наполни Дојран!
|
|
La Linea
Senior Member
Joined: 07-Nov-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2067
|
Quote Reply
#78 Posted: 04-Mar-2010 at 02:07 |
Во Вардар ќе се испушта вода од Мавровско Езеро
ГОСТИВАР - Во приградската гостиварска населба Мало Турчане завчера
реката Вардар се изли и поплави дваесеттина куќи и неколку хектари
плодна површина. Водостојот на Вардар беше зголемен поради максималното
и непрекинато повеќечасовно работење на хидроелектричните централи
„Вруток“ и „Равен“.
Во наредниов период, како што изјави Љупчо
Димовски, министер за земјоделство, при вчерашната посета на
поплавените места и на критичните точки на Вардар, од Мавровското Езеро
контролирано ќе се испушта вода за да не се зголемува водостојот на
Вардар . Според Димовски, Полошкиот регион е стабилен. Доколку има
проблем, дежурни екипи на Дирекцијата за заштита и спасување веднаш ќе
интервенираат. Министерот потенцира дека со интензивното топење на
снегот на Шар Планина, што се очекува кон крајот на овој и на почетокот
на идниот месец, може да дојде до излевање на планинските реки. Тој
апелираше до месното население да ги расчистат затрупаните канали.
Инаку,
во мај и во јуни Управата за води на Министерството за земјоделство ќе
го чисти коритото на Вардар од Гостивар до Теново, како што беше пред
две години. (К.К.) |
http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=AE74AEE584201441A1CA3174EAA82FAE
Подоброто управување на водите ќе ги намалеше штетите
Состојбата со поплавите можела да се ублажи, но не и целосно да се избегне
Билјана Ангеловска Маја Томиќ
Дали
покрај топлото време и обилните врнежи од дожд, некарактеристични за
овој период од годината, вината за поплавите и за состојбата со
преполните акумулации треба да се бара и во лошото менаџирање со
водите? Дали последиците можеа да се избегнат или да бидат ублажени
доколку надлежните поинаку реагираа кога од нас се бараше да не
испуштаме вода кон Албанија, поради поплавите што го зафатија овој наш
сосед? Односно, дали се доведовме во ситуација, помагајќи и' на
Албанија, да си наштетиме самите себе?
Во состојба на висок
водостој на реките и на Охридското Езеро, поради што цели региони се
соочуваат со големи штети од поплави, ретко некој се осмелува јавно и
експлицитно да каже кои се причините за ова што се случува во државава.
Експерти
по хидрологија се согласни дека и поплавите во соседна Албанија
несомнено имаат удел во состојбата со водите. Иако јавно не го
вперуваат прстот во директните виновници, домашните стручни лица не ја
отфрлаат целосно ниту одговорноста на надлежните. Велат, веројатно
можело и требало поинаку да се регулираат водите, оти со подобро
управување, последиците сега би биле помали.
„Годинава имаше
врнежи во период кој е невообичаен за тоа. Нормално е во текот на
зимата да паднат нивоата на езерата, на реките и на акумулациите за да
можат да ги примат пролетните води, кои секогаш се очекува да бидат
големи. Но, годинава беше незгодна, дождовите и топлото време дојдоа
порано што придонесе за нагло топење на снегот, а тоа, секако, се
неповолни околности. Затоа веројатно и можело претходно да се спроведе
поинаков режим на користење на водите за производство на електрична
енергија, па да се намали нивото на водата во акумулациите“, вели
Љубомир Танчев, професор на Катедрата за хидротехнички објекти при
Градежниот факултет во Скопје.
Тој појаснува дека во принцип
првиот квартал од векот е влажен, по него следува сушен период, па
повторно влажен. Тоа значи дека сега се можни незгоди од хидролошки
аспект, бидејќи условите се неповолни.
„Во земјава обично
најголем проток на реките има во април, мај и во јуни, поради обилни
врнежи. Таа состојба дојде порано годинава и затоа треба правилно да се
управува со акумулациите, да се испушта вода и да се произведува
струја. Но, моментално е ограничено испуштањето од Црн Дрим, а пролетта
ќе носи нови врнежи. Значи, ќе имаме проблеми на подолг рок, бидејќи
Албанија нема капацитет да прима повеќе вода, а акумулациите се веќе
полни и ќе доаѓа нов доток на вода од дождовите. Тука сме немоќни.
Згора на се', надоаѓаат и подземните води, кои бавно се обновуваат, но
и бавно се губат“, појаснува Танчев.
Тој смета дека според
временските услови во оваа сезона, состојбата веројатно можела да се
ублажи, но сигурно не и целосно да се избегне. Бидејќи во периодот кога
беа поплавите во Албанија, Охридско Езеро веќе беше полно и имаше
висока кота, а полни беа и ХЕЦ „Шпилје“ и „Глобочица“, чии електрани
работеа со полн капацитет, цел јануари и февруари. Танчев е убеден дека
е потребно систематско следење на состојбата, да се знаат дотоците и
прогнозите, иако и тоа не е гаранција за избегнување на поплавите.
„За
да се избегнат или да се сведат на минимум штетите од поплави, мора
редовно да се одржуваат каналите, но и да се градат нови објекти и со
нив да се управува правилно. Кај нас водниот потенцијал е искористен
само 30 проценти, а за да нема поплави, потребно е да се изградат нови
акумулации“, вели професорот Танчев.
Деновиве во неколку
наврати имаше јавни обвинувања за ЕЛЕМ од Атанско Туневски, поранешен
прв човек на МЕПСО и од неодамна член на СДСМ. Тој отворено го впери
прстот во ЕЛЕМ како главен виновник за состојбата со поплавите и со
Охридското Езеро. Односно, дека поради лошото раководење со водите од
страна на ЕЛЕМ дошло до многу несакани последици. Според Туневски, во
октомври минатата година се произвеле многу помалку киловат-часа струја
во ХЕЦ „Глобочица“ отколку што можело и требало.
„Да се
произведоа 120, наместо само 69 гигават-часа, сега нивото на езерото ќе
беше за 20 сантиметри пониско и ќе немаше поплави“, вели Туневски.
Од
ЕЛЕМ деновиве демантираа дека вината за високото ниво на водите е
резултат на лошото раководење и потенцираа дека со водите се управува
онака како што треба и целата вода се обработува регулирано.
Временските непогоди, односно обилните врнежи на дожд и на снег и
порастот на температурите се главната причина. Од ЕЛЕМ потсетија дека
ланското производство на струја од сите ХЕЦ е натфрлено за 37 отсто, а
во последните денови се испуштаат максимално дозволените количества
вода од Црн Дрим за да не се предизвикаат дополнителни штети. |
http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=C0725FA232F73447BDD2F60B21AF25F0
Edited by La Linea - 04-Mar-2010 at 02:08
|
Помогнете во Македонската Википедија - Слободна енциклопедија!
|
|
lslcrew
Senior Member
Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
|
Quote Reply
#79 Posted: 05-Mar-2010 at 17:50 |
Не толку за преписката колку за информациите и сликите...
Акумулациите максимално се празнат ЕЛЕМ ги отфрла тврдењата дека одговорноста за поплавите во Охрид и прелевањето на водата кај „Глобочица“ и „Шпилје“ лежи кај нив Како
поткрепа го наведуваат фактот што електроцентралите од 15 декември
работат 24 часа под полна пареа, поради што и извозот на електрична
енергија е двојно зголемен.
Дел експертите, пак, го тврдат спротивното, односно дека во декември и
во јануари ЕЛЕМ произвел мало количество електрична енергија, што
влијаело Охридско Езеро да остана неподготвено да ги прими надојдените
води.
Во Шпилје се прелеваат 45 кубни метри вода во секунда. Во Глобочица е
слично. Вчера и поранешниот директор на АД МЕПСО Атанаско Тунески
запраша дали катастрофата со Охридско Езеро не е предизвикана од
неработењето на ХЕЦ „Глобочица“ со полн капацитет во периодот октомври
2009 - јануари 2010 за да се увезе скапа струја и го обвини премиерот
Никола Груевски дека свесно го штити директорот на ЕЛЕМ.
Од ЕЛЕМ ги отфрлаат ваквите тврдења како „паушални и нерелевантни“.
http://novamakedonija.com.mk/ |
|
|
Cloverstack
Admin Group
Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
|
Quote Reply
#80 Posted: 08-Mar-2010 at 20:49 |
Ќе се
гради филтер-станица во Ново Село
Во општинскиот центар Ново Село деновиве ќе почне изградба на новата
филтер-станица за прочистување на водата за пиење. За реализацијата на
овој комунален проект гласаа граѓаните преку Форумот на заедници, а
средствата се обезбедени од Швајцарската агенција за обнова и развој.
-
На јавен тендер за изведувач на градежните работи е избрана фирмата
„Кикотерм“, која деновиве треба да почне со подготвителните работи за
изградбата што треба да заврши до крајот на годинава. По
реконструкцијата на водоводната мрежа, се покажа дека е неопходно да се
изгради и нова филтер-станица, која ќе овозможи Ново Село да добие чиста
и здрава вода за пиење - вели градоначалникот на Ново Село, Петар
Спасов.
Филтер-станицата ќе биде со капацитет од 18 литри во
секунда, со што во наредните 20 години ќе биде решено прашањето со
водоснабдување на жителите на ова најголемо населено место во
Струмичкиот регион. |
http://dnevnik.com.mk/?ItemID=62155F9493EF0743A845725895630631
|
|