build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Инфраструктура > Патишта
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Автопат Кичево - Охрид

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 23456 45>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
Тркало View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 31-Dec-2010
Location: Охрид
Online Status: Offline
Posts: 1179
  Quote Тркало Quote  Post ReplyReply #61 Posted: 15-Jun-2014 at 13:38
Во селото Извор на земјиштето на поранешната база на Гранит веќе е подигнат камп за работниците.Засега само неколку контејнери.
Back to Top
gjoko View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 18-Jun-2011
Location: kicevo
Online Status: Offline
Posts: 6554
  Quote gjoko Quote  Post ReplyReply #62 Posted: 15-Jun-2014 at 15:21
Во четвртокот се доедли тендерот за чистење на трасата од дрва и слични работи,и замислете на фирмата што го доби тендерот му ги `доделиле` и дрвата што не се откупени од државата.на мојот договор пишува дека за дрва,шуми,насади,поисеви...
е се договара цената дополнително.А овие му ја бапнале целеата траса нему.И сега јас треба да се пазарам со него за да добијам трошки.

Многу убав почеток на градба
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 15235
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #63 Posted: 11-Jul-2014 at 12:38
Кинеско гратче никна крај селото Извор



Забрзано се гради населбата крај селото Извор, Кичевско, во кое ќе бидат сместени работниците на кинеската компанија „Сино хидро корпорејшн лимитед“, кои ќе бидат ангажирани на изградбата на новиот автопат Кичево - Охрид. И покрај топлото време, работници од повеќе македонски компании деновиве го завршуваат првиот дел од таканаречениот кинески град.

- Околу два месеца целосно сме фокусирани во изградбата на овој комплекс, каде што ќе бидат сместени работниците од Кина. Покрај изградбата на бараките во кои ќе бидат сместени работниците, во овој мал град ќе има и управна зграда, каде што ќе се наоѓаат луѓето што ќе го водат целиот проект, а во комплексот се гради и работничка менза со сите неопходни содржини - вели Мусли Муслиоски, раководител на ова градилиште од компанијата „Пилана Плачковица“.
Не се бара луксуз

Работниците ангажирани на овие објекти велат дека платите се добри и дека нивното работно време е од 8 до 17 часот, а за викендите се слободни.

Од кинеска страна постои надзорен орган, кој будно ги следи квалитетот и динамиката на работата и материјалите што се вградуваат во овој град.
- За цело време на изградбата на оваа населба постојано сме под буден надзор на луѓето од кинеската компанија, кои се грижат објектите да бидат квалитетно изградени и по сите стандарди. Зачудува фактот што Кинезите не инсистираат на голем луксуз, дури во идната менза сметаат дека на подот не мора да се ставаат керамички плочки, што од наша страна секако дека не беше прифатено.

Како и да е, до почетокот на август сите започнати објекти ќе бидат комплетно завршени и предадени во употреба и, според нашите пресметки, во нив ќе можат да се сместат околу 300 работници. По завршувањето на првата фаза ќе продолжиме со вториот дел од оваа населба, во која по финализирањето ќе бидат сместени околу 600 работници - додаде Муслиоски.

Се поставуваат контејнери

Во непосредна близина на кинеската населба, Градежниот институт од Скопје формира своја населба од контејнерски тип, во која ќе бидат сместени службите од овој институт ангажирани на автопатот.

- Во 21 контејнер ќе бидат сместени надзорниот орган и лабораториите. Ќе се испитуваат квалитетот на бетонот и геомеханичките својства на асфалтот. Во девет контејнери ќе бидат сместени и нашите лаборатории. Контејнерската населба комплетно ќе биде завршена до крајот на јули. Не можам да ви ја соопштам точната бројка на луѓе што ќе работат во овие контејнери, но се очекува во нив да функционираат околу 60 лица. Што се однесува до нивното сместување, тие што се од поблиските градови ќе патуваат секојдневно, додека оние што се од Скопје и од подалечните градови најверојатно ќе бидат сместени во Кичево или во Охрид - рече Сребре Великичевски од Градежниот институт на Македонија, раководител на оваа населба.

Жителите од селото Извор се жалат од неконтролираното движење на машините по селскиот пат, кој деновиве претрпел сериозни оштетувања.

- Без некој да нѐ праша по селскиот пат деновиве поминуваат тешки булдожери, под чија тежина асфалтот попушти и на повеќе места е оштетен. Ако продолжи ова самоволие на компаниите што градат тука, тогаш од селскиот пат за брзо време нема да остане ништо - се пожалија изворчани, кои ги сретнавме во полициската станица во ова село, каде што од органите на редот побараа да се спречат овие појави.

http://novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=71114102495&id=10&prilog=0&setIzdanie=23222

Edited by Џоле - 11-Jul-2014 at 12:39
За сè има вторпат
Back to Top
gjoko View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 18-Jun-2011
Location: kicevo
Online Status: Offline
Posts: 6554
  Quote gjoko Quote  Post ReplyReply #64 Posted: 11-Jul-2014 at 17:09
А кој ќе има корист од сето ова-класична македонска идиотштина
Back to Top
gjoko View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 18-Jun-2011
Location: kicevo
Online Status: Offline
Posts: 6554
  Quote gjoko Quote  Post ReplyReply #65 Posted: 26-Jul-2014 at 11:34
Засега се работи на пристапни патишта до местата каде ќе има темели за мостовите.Темпото е поспоро,бидејќи има некои проблеми со самиот проект и непредвидени ситуации.Изградбата на патот сигурно нема да заврши за тоа време што го кажа владата.

Шефот на делницата од Гранит ми е близок човек,па ќе имам информации од прва рака,плус и службено ќе бидат активен ако се користи експлозив за пробивање на трасата

од пред неколку дена(една недела) и е сликано од кај влезот во Кичево од страна на Охрид


Back to Top
jyvation View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 4191
  Quote jyvation Quote  Post ReplyReply #66 Posted: 26-Jul-2014 at 17:46
Еве слики од "Трансмет" кога се почнуваше со работните активности околу автопатот.













Back to Top
jyvation View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 4191
  Quote jyvation Quote  Post ReplyReply #67 Posted: 26-Jul-2014 at 17:47
Овие се од пред околу 15-20 дена.











Edited by jyvation - 26-Jul-2014 at 17:48
Back to Top
jyvation View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 4191
  Quote jyvation Quote  Post ReplyReply #68 Posted: 26-Jul-2014 at 17:49
Овие се најнови од пред 2-3 дена.





Back to Top
Dexter26 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Nov-2010
Online Status: Offline
Posts: 2035
  Quote Dexter26 Quote  Post ReplyReply #69 Posted: 26-Jul-2014 at 17:59
Бидејќи не сум најдобро запознаен, еве ќе прашам:
 
Автопатот Кичево - Охрид нема да биде по истата траса по која е сегашниот пат ?
 
Прашувам бидејќи пишувате за мостови, а од сликиве гледам дека се копаат нови траси, па претпоставувам дека нема да биде истата траса.
 
Како за споредба, автопатот Скопје - Тетово е истиот пат што беше и претходно, само го проширија. Одлично помнам дека на почетокот од летото 2001 или 2002, кога почнаа градежните работи, се копаше веднаш до постоечкиот пат Скопје - Тетово, а на крајот од истото лето, патот - кој тогаш веќе стануваше автопат, беше до некаде асфалтиран.
 
Но автопатот Кичево - Охрид ќе се гради по друга траса, односно нема да се проширува веќе постоечкиот пат, или погрешно разбирам некои работи ?


Edited by Dexter26 - 26-Jul-2014 at 18:14
Back to Top
gjoko View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 18-Jun-2011
Location: kicevo
Online Status: Offline
Posts: 6554
  Quote gjoko Quote  Post ReplyReply #70 Posted: 26-Jul-2014 at 19:20
Декс,имам погоре ставено слики каде е трасата.Се до село Врбјани трасите се засебни и автопатот се качува над Кичево,па низ планините слично како патот Скопје-Велес.

Од Врбјани трасите се поклопуваат со тоа што незнам дали ќе бидат два паралелни патишта или автопатот ќе биди врз магистралниот

Edited by gjoko - 26-Jul-2014 at 19:21
Back to Top
gjoko View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 18-Jun-2011
Location: kicevo
Online Status: Offline
Posts: 6554
  Quote gjoko Quote  Post ReplyReply #71 Posted: 26-Jul-2014 at 19:33
погорнине слики би требало да се од оваа локација:

41.446455, 20.819858

каде би требало во близина да започнува тунелот под Пресека
Back to Top
Тркало View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 31-Dec-2010
Location: Охрид
Online Status: Offline
Posts: 1179
  Quote Тркало Quote  Post ReplyReply #72 Posted: 28-Jul-2014 at 20:19
Еве и од локацијата кај село Извор денешни.Имаше работници во некој мал број, работеа уште на средување на теренот меѓу и околу живеалиштата

Кратка географија на теренот



Лево на сликата во правец запад - три поголеми и два помали ‘павиљони‘, по таа логика објектот контра нив во правец исток би бил со некоја управна функција



Влез во ‘населбата‘





Edited by Тркало - 28-Jul-2014 at 20:30
Back to Top
gjoko View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 18-Jun-2011
Location: kicevo
Online Status: Offline
Posts: 6554
  Quote gjoko Quote  Post ReplyReply #73 Posted: 28-Jul-2014 at 21:01
местото од каде е сликана првата фотографија е приближната локација на еден од поголемите мостови на оваа делница
Back to Top
jyvation View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 4191
  Quote jyvation Quote  Post ReplyReply #74 Posted: 02-Aug-2014 at 23:15
Кинези во кичевски Извор. Изградбата на автопатот Кичево-Охрид ги раздвижи мештаните



Звукот на машините во шумите над селата Кленоец и Извор после Кичево, најавуваат дека автопатот Кичево-Охрид се гради. Подготовките на теренот за изградба, односно сечата на шумата и рамнење на теренот не беа запрени ниту за викенд, ниту за празник. Се работеше интенизивно.

Во подножјето на Кленоец, односно во селото Извор кај изворите на реката Треска, треба да „изникне“ нов мост кој практично ќе поврзе две планини, кој е само еден ден од делницата на автопатот.Можеби и најтешкиот. Во моментов се градат привремени објекти, односно бараки каде што ќе бидат сместени околу 300 Кинези кои ќе учествуваат во изградбата на автопатот. Присуството на Кинезите можеше да се забележи, но во далеку помал број како што се најавуваше. Беа седнати пред кооперација.

Во поранешната стаклара во Извор пак, се сместени вработените на компанијата Трансмет која исто така учествува во изградбата на автопатот кој треба да биде готов за четири години.

Трансмет за потребите на изградба на дел од автопатот Кичево-Охрид имаше потреба од 235 работници – градежни инженери, техничари, рударски инженери, извршители и работници на каменолом, минери, раководители со градежна механизација, ракувачи со градежни машини, возачи и градежни работници.

Во Трансмет, но и за потребите за изградбата на автопатот се вработени и жители на Извор и Кленоец. Мештаните велат дека со започнувањето на изградбата на автопатот, има повеќе луѓе а и селата малку заживеале.

„Дочекавме Кинези во селото,“ на шега велат мештаните.

Но со изградбата на автопатот, голем дел од имотот ќе им биде одземен, односно исплатен по одредена сума. Државата им дава по 40 денари за метар квадратен, сума од која воопшто не се задоволни.

Почетокот на изградбата беше означен во февруари годинава.

Должината е 57 километри, а инвестицијата е вредна 375 милиони евра. Средствата за инвестицијата се обезбедени преку кредит од кинеската Ексим банка, а ќе го гради кинеската компанија „Сајнохидро корпорејшн лимитед“. Согласно договорот, 51 процент од луѓето што ќе работат ќе бидат од Македонија.

Се проценува декан ова е највисоката инфраструктурна инвестиција во последните 50 години во Македонија.

Според проектот, новиот автопат ќе има две ленти со вкупна ширина од 25,2 метри, а на трасата ќе има 6 натпатници и 13 потпатници, и еден тунел со две цевки.

Изградбата на автопатот за жителите на овие села носи и добри и лоши страни. Добрата секако е можниот економски бенефит, подобрената инфраструктура, побрзото стигање до Охрид, стратешката позиција на местата. Но, лошата е што ќе го наруши мирот, ќе ја уништи природата и ќе го загади свежиот и чист воздух на планината.

http://emagazin.mk/%D0%BA%D0%B8%D0%BD%D0%B5%D0%B7%D0%B8-%D0%B2%D0%BE-%D0%BE%D1%85%D1%80%D0%B8%D0%B4%D1%81%D0%BA%D0%B8-%D0%B8%D0%B7%D0%B2%D0%BE%D1%80-%D0%B8%D0%B7%D0%B3%D1%80%D0%B0%D0%B4%D0%B1%D0%B0%D1%82%D0%B0-%D0%BD/

Edited by jyvation - 21-Oct-2014 at 19:23
Back to Top
Тркало View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 31-Dec-2010
Location: Охрид
Online Status: Offline
Posts: 1179
  Quote Тркало Quote  Post ReplyReply #75 Posted: 03-Aug-2014 at 23:18
^ ^ ^ ^
Базата малку подолу од кампот


И гледана од горе, отприлика локацијата - едниот крај на планираниот мост , а лево е другиот крај.На средина на сликата пробиеното во правец кон Кичево, во подолната слика пак


Ова во далечина е делот некаде пред Извор во правец кон Кичево, убав дел е трасиран почетно (бр. 1 на сл. слика)


Копано и делумно трасирано е и кај селата Попоец и Малкоец (2,3 и 4 - видливо од кај чешмата пред Пресека).По некоја логика според местата на работа вака некако би одело


Edited by Тркало - 03-Aug-2014 at 23:19
Back to Top
gjoko View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 18-Jun-2011
Location: kicevo
Online Status: Offline
Posts: 6554
  Quote gjoko Quote  Post ReplyReply #76 Posted: 03-Aug-2014 at 23:47
интересно е што базата е поставена на местото каде била базата кога се градел магистралниот пат Кичево-Охрид преку пресека.Малку погоре према патот за Ехловец се наоѓаат каменоломите(лево од базата на слика 2) од кои се вадел камен за изградба на магистралата
Back to Top
kultuzin View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-Nov-2010
Online Status: Offline
Posts: 3811
  Quote kultuzin Quote  Post ReplyReply #77 Posted: 03-Aug-2014 at 23:53
Штата за природата. За жал таа секогаш е жртва а развојот , не ми е по ќејф но нема бегање од глобализацијата и светските трендови.
Back to Top
Denko View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 14-Aug-2010
Online Status: Offline
Posts: 2271
  Quote Denko Quote  Post ReplyReply #78 Posted: 04-Aug-2014 at 10:35
Originally posted by kultuzin

Штата за природата. За жал таа секогаш е жртва а развојот , не ми е по ќејф но нема бегање од глобализацијата и светските трендови.
i zivotinskiot svet...
Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3654
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #79 Posted: 16-Aug-2014 at 12:15

Заврши изградбата на кинеската населба кај Извор

Во овој комплекс ќе бидат сместени работниците од кинеската компанија што ќе го гради автопатот

 
 
%20  
СЕ ЗАБРЗУВААТ АКТИВНОСТИТЕ ЗА АВТОПАТОТ КИЧЕВО - ОХРИД

Заврши изградбата на кинеската населба кај селото Извор што за потребите на компанијата „Синохидро корпорејшн лимитед“ ја изгради скопската фирма „Плачковица-Ел-Мик“.

- Во предвидениот рок од два месеца ги комплетиравме шесте објекти, кои за потребите на кинеската компанија „Синохидро“ ги изградивме кај селото Извор. Во овој комплекс изградивме шест приземни бараки, од кои четири ќе послужат за сместување на работниците од кинеската компанија, во една барака ќе биде сместена мензата, а друга ќе послужи за сместување на администрацијата. Веќе почна да пристигнува и неопходниот инвентар и наскоро сите објекти ќе ги примат првите станари - рече Иван Симоновски, еден од косопствениците на пиланата „Плачковица“.

Во текот на изминатите два месеца пиланата „Плачковица“, покрај сопствените работници, во изградбата на објектите ангажира и други работници, претежно од Кичево, како и подизведувачи. Инаку, работите за време на изградбата беа следени од надзорниот орган на работодавецот „Синохидро“.

- Цело време над нашата работа надзор вршеше кинеската компанија „Синохидро“. Со мали исклучоци, Кинезите беа задоволни од нашата изведба, лесно наоѓавме заеднички јазик за малите недостатоци, кои ги отстранувавме, што беше уште еден комплимент за нашата компанија. Единствено преостана до почетокот на грејната сезона Кинезите да одлучат на кој начин ќе ги затоплуваат бараките, кои се градени според сите светски стандарди - додаде Симоновски.

Деновиве се врши и партерното уредување на просторот, со што ќе се добие финалниот изглед на овој мал град. Наскоро се очекува значително да порасне и бројноста на работници на „Синохидро“ на автопатот Кичево - Охрид.

Во непосредна близина на кинеската населба финишира и изградбата на работните простории од контејнерски тип на Градежниот институт на Македонија од Скопје.

http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=81514183923&id=9&setIzdanie=23251
Back to Top
gjoko View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 18-Jun-2011
Location: kicevo
Online Status: Offline
Posts: 6554
  Quote gjoko Quote  Post ReplyReply #80 Posted: 17-Aug-2014 at 21:05
од вчера:







овде треба да биди влезот на тунелот



Edited by gjoko - 17-Aug-2014 at 21:07
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 23456 45>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.441 seconds.

Copyright ©2007 - 2024  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.