Урбанистички планови и парцели (општо) |
Post Reply | Page <1 23456 65> |
Author | |
lslcrew
Senior Member Joined: 14-Jan-2008 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 10988 |
Quote Reply #61 Posted: 26-Jun-2008 at 00:38 |
Мислам дека би требало ГУП-от да има поголема важност, а ДУП-от да биде донесен во рамките на ГУП-от до каде што дозволува. Во твојот случај би требало спорен да биде ДУП-от.
|
|
pbanks
Admin Group Joined: 01-Sep-2007 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 9141 |
Quote Reply #62 Posted: 26-Jun-2008 at 08:23 |
И јас се сложувам со лсл. ДУПот мора да се софпаѓа во ГУПот инаку воопшто не треба да биде докажен. Како што и самиот велиш тоа нема врска во пракса. Па премиерот лично (ис)турка промена на ДУП која нема врска со постоечкиот гуп (црквата на плоштад). Мислам дека правдата е на твоја страна, мислам дека можеш да го обжалиш ДУПот бидејќи е во спротивност со ГУП (во рамките на твојата локација). Сепак како што и самиот кажа најдобро е да се консултираш со некој кој е компетентен и има искуство со оваа проблематика. |
|
Cloverstack
Admin Group Joined: 01-Sep-2007 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 12453 |
Quote Reply #63 Posted: 26-Jun-2008 at 16:20 |
Не знам каква држава е ова... Како може да се носат ДУП-ови кои не се во согласност со ГУП?!?
|
|
beTon
Senior Member Joined: 25-Jun-2008 Online Status: Offline Posts: 3887 |
Quote Reply #64 Posted: 26-Jun-2008 at 23:35 |
средено е маркицата и официјално е зелена површина!
но сепак за промена на дупот им требало т.е. добиле согласност од министерството!!! Edited by beTon - 14-Aug-2008 at 16:21 |
|
lslcrew
Senior Member Joined: 14-Jan-2008 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 10988 |
Quote Reply #65 Posted: 27-Jun-2008 at 03:28 |
КАРПОШ ПРАВИ ИЗМЕНИ ЗА ДЕЛ ОД КАРПОШ 2 Граѓаните против изградба на осум згради кај Технолошкиот факултет Според планот, висината на зградите е 16 метри, а за нивната изградба ќе се уништи паркот кај кафеаната „Лира“
Осум нови згради со висина од 16 метри ќе се градат во населбата Карпош 2, во
реонот кај Технолошкиот факултет и покрај „Илинденска“, тврдат жителите
што живеат во околните згради. Тие велат дека останале вџашени кога ги
виделе градежните маркички во новиот Нацрт-детален урбанистички план за
локалитетот Резиденцијален комплекс, чија јавна расправа заврши пред
три дена. Според планот, предвидено е да се уништи дел од зеленилото од
паркот кај кафеаната „Лира“. За време на јавната расправа, која траеше
две недели, речиси на сите влезови од зградите беа излепени летоци со
повик до граѓаните да одат до Месната заедница за да видат што планира
Општина Карпош. Планот наскоро треба да биде усвоен на седница на
Советот. - Со новиот нацрт-план за делот околу Технолошкиот
факултет се врши усогласување со Генералниот план на Скопје и со
Правилникот за стандарди и нормативи во урбанистичкото планирање.
Практично, се врши една ревизија на важечкиот урбанистички план, кој е
донесен во 2001 година - изјавија од Општина Карпош. Оттаму велат дека
во новиот нацрт-план воопшто не се предвидуваат нови површини за
градба. Според нив, била извршена репарцелизација на површините за
градба во согласност со имотно-правната состојба, по барање од
граѓаните, како и нивно намалување. Се' со цел, како што велат, да се
зачува постојното зеленило, како и да се овозможи соодветно растојание
помеѓу објектите. Општинарите тврдат дека катноста на објектите е
планирана во согласност со регулативата. Сметаат дека со тој план нема
да се наруши квалитетот на живеењето, туку ќе се добие нов урбан
амбиент на населбата. Јорданка Ивановска http://dnevnik.com.mk/?ItemID=38F174EBA5889848A7FC9D7C498EC2F1 |
|
lslcrew
Senior Member Joined: 14-Jan-2008 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 10988 |
Quote Reply #66 Posted: 27-Jun-2008 at 03:31 |
Како може некои луѓе до толку да се дрзнуваат и да бараат во нивното маало да НЕ се градат згради. Па тоа не е нивна работа, тоа е на општината. Јас разбирам нешто како случајот со аеродром кајшто беше на сила натискана зграда меќу другите згради, ама овдека стварно е средено све и местото е таман за згради. Порано имаше едни грди бараки од ПРВА светска војна и кал.
|
|
pbanks
Admin Group Joined: 01-Sep-2007 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 9141 |
Quote Reply #67 Posted: 27-Jun-2008 at 08:30 |
Се сложувам и мене ми е преку глава овој себичен пристап кога група граѓани сметаат дека треба да имаат ексклузивитет над некој дел од градот и просторот од 2-3 блока околу нив да мора да биде празен. Па го имаат цел градски парк од другата страна на улицата, поголема ексклузивност од тоа амин Се надевам дека Општина Карпош ќе се стои на своето |
|
beTon
Senior Member Joined: 25-Jun-2008 Online Status: Offline Posts: 3887 |
Quote Reply #68 Posted: 28-Jun-2008 at 15:33 |
народе нешто чув но недочув, се работи за одобренијата за градба.
дали по добивањето градежна дозвола си обврзан законски со некаков рок за отпочнување и завршување со проектот, т.е. дали и колку можеш да развлекуваш со градењето и кои се последиците од неспроведување на роковите (доколку и навистина постојат)? |
|
lslcrew
Senior Member Joined: 14-Jan-2008 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 10988 |
Quote Reply #69 Posted: 28-Jun-2008 at 15:38 |
Абе локациите во центар, оние што одат на тендер имаат такви рокови кои ги практикува владата од 2006 навака. Порано немаше и затоа тој објектот на банката, сеуште не е готов. Сите нови објекти што идат на тендер се се рокови. А за куќа у периферија на градот не треба.
|
|
beTon
Senior Member Joined: 25-Jun-2008 Online Status: Offline Posts: 3887 |
Quote Reply #70 Posted: 28-Jun-2008 at 16:29 |
а за ниска зграда во Маџар маало ? или воопшто за куќа или зграда во централно градско подрачје, има некаков закон или е се импровизација? сакам да верувам дека е солидарна државава но сигурно има регулатива, е сега друго е судски спор па самата држава т.е. судот да те стопира...
Edited by beTon - 28-Jun-2008 at 16:38 |
|
pbanks
Admin Group Joined: 01-Sep-2007 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 9141 |
Quote Reply #71 Posted: 28-Jun-2008 at 16:33 |
Теоретски рокови има но практично ги нема. Немам точна информација колкави се. Кривини очигледно може да се фаќаат (треба човек само да се сврти околу и да го види темпото на градба). |
|
lslcrew
Senior Member Joined: 14-Jan-2008 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 10988 |
Quote Reply #72 Posted: 28-Jun-2008 at 17:58 |
Во Маџар маало ако земеш да реновираш вц ќе дојдат и ќе ти го бутнат. Граќаните во маџар маало се под некој државен рекет, поточно тамо држава ги репресира граќаните за да падне цената на имотот и да иде полесно екпропријацијата. Овдека сосема потполно ја подрржавам државата, единствено не им успеја во случајот со новиот мост. |
|
lslcrew
Senior Member Joined: 14-Jan-2008 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 10988 |
Quote Reply #73 Posted: 01-Jul-2008 at 22:41 |
Cloverstack
Admin Group Joined: 01-Sep-2007 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 12453 |
Quote Reply #74 Posted: 02-Jul-2008 at 00:00 |
Редно беше! Мада со задоцнување, сепак пофалба |
|
Cloverstack
Admin Group Joined: 01-Sep-2007 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 12453 |
Quote Reply #75 Posted: 02-Jul-2008 at 00:10 |
Некои од плановите не ми се отвараат во голема резолуција... До мене е или до нив?
|
|
pbanks
Admin Group Joined: 01-Sep-2007 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 9141 |
Quote Reply #76 Posted: 02-Jul-2008 at 10:53 |
До тебе е Јас ги собрав сите |
|
Cloverstack
Admin Group Joined: 01-Sep-2007 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 12453 |
Quote Reply #77 Posted: 15-Jul-2008 at 15:39 |
Карпош влегол и во кампања за промовирање на ГИС алатката...
|
|
GreatMakedon
Senior Member Joined: 13-Nov-2007 Online Status: Offline Posts: 186 |
Quote Reply #78 Posted: 15-Jul-2008 at 17:45 |
sto e toa gis?
|
|
UrbanFreak
Senior Member Joined: 28-Oct-2007 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 1732 |
Quote Reply #79 Posted: 15-Jul-2008 at 19:17 |
Географски информационен систем
|
|
Cloverstack
Admin Group Joined: 01-Sep-2007 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 12453 |
Quote Reply #80 Posted: 01-Sep-2008 at 14:12 |
Општина аеродром конечно поставила уште еден ДУП на својот веб сајт: Индустриска зона - Урбана Единица В
Не можам да ги пофалам, затоа што со ова темпо нема далеку да стигнеме... После две години откога ги поставија првите два ДУП-а, еве конечно го добивме и третиот. Зошто токму овој после толку време ја добил таа чест да биде издвоен од останатите и поставен на веб страницата? Веројатно затоа што некој „многу паметен“ во општината мисли дека овој ДУП има „стратешко значење“... Ова е фамозниот ДУП кој предвидува 500 метарски облакодер (кај бензинската на МакОил како што популарно се објаснува). Колку само перверзно изгледа во листата на објекти, со максимални дозволени висини од 23 и неколку од 29 метри. Друга работа што ме багира е зошто го носи тоа име, кога со него не е предвидена практично никаква индустрија... Али ај да не го тупам, еве од каде можете да го симнете ДУП-от: http://80.77.150.4/Sliki/IndustriskaZonaUE_V.jpg |
|
Post Reply | Page <1 23456 65> |
Forum Jump | Forum Permissions You cannot post new topics in this forum You cannot reply to topics in this forum You cannot delete your posts in this forum You cannot edit your posts in this forum You cannot create polls in this forum You cannot vote in polls in this forum |