Црква на Плоштад Македонија |
Post Reply | Page <1 394041 |
Author | |
axel
Senior Member Joined: 08-Dec-2009 Location: kumanovo Online Status: Offline Posts: 3654 |
Quote Reply #801 Posted: 04-Aug-2011 at 16:22 |
Црквата од плоштад се сели кај домот на мајка ТерезаПреговорите меѓу Ахмети и Груевски ја дислоцираат најавената црква на плоштадот Македонија. Според високи партиски извори од преговарачкиот тим на ДУИ, преговарачите на Ахмети ги убедиле тимот на Груевски дека на плоштадот не треба да има никакви саркални објекти, односно ниту црква ниту џамија. „ За нас е најбитно дека црква нема да се гради на плоштад и дека на плоштадот нема да има саркални објекти, што е наш став уште од почетокот. Дислокацијата на црквата не е наша работа, изјави за „Журнал.мк“ висок партиски функционер од ДУИ . Од ВМРО – ДПМНЕ не сакаат да коментираат. А не сакаат да коментираат и од МПЦ, портпаролот на МПЦ г. Тимотеј за „Журнал.мк“ изјави дека тоа не е работа на синодот, туку на скопската епархија. Останува неизвесно на чие земјиште кај АРМ ќе се гради новата црква и што ќе се случува со земјиштето од плоштадот што владата и го подари на МПЦ. Црквата на плоштад беше дел од проектот „Скопје 2014“ и предизвика реакции и од партнерот во власта ДУИ и од опозицијата, а беше иницијална каписла и за координативното тело за обнова на Бурмали џамијата на плоштад. Владата за да докаже дека не се меша во секуларноста на државата, земјиштето и го подари на МПЦ. Од координативното тело пак на Бурмали Џамијата бараа нивната иницијатива од 2007-та да стане реалност, односно земјиштето на плоштад каде што во минатото била џамијата да му го врати на ИВЗ. Најавената црква на плоштадот предизвика дури и немири на протестите кога студентите протестираа против нејзината изградба, а на протестите се појавија контрапротестанити кои беа „за“ црква, при што настана тепачка. Опозицијата обвинуваше дека контрапротестаните се „масло“ на власта и дека власта тепала студенти. Власта пак тврдеше дека студентите што беа против црквата се партиски члено на СДСМ, органзирани од Сорос на Милчин и дека тие предизвикувале. http://daily.mk/cluster3/32a16e0c021e7a566748e35e67e4b33c/851061 |
|
Post Reply | Page <1 394041 |
Forum Jump | Forum Permissions You cannot post new topics in this forum You cannot reply to topics in this forum You cannot delete your posts in this forum You cannot edit your posts in this forum You cannot create polls in this forum You cannot vote in polls in this forum |