build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Инфраструктура > Патишта
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Патна мрежа (општо)

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 4041424344 84>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
kultuzin View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-Nov-2010
Online Status: Offline
Posts: 3811
  Quote kultuzin Quote  Post ReplyReply #821 Posted: 16-Jun-2014 at 14:04
Ѓоко не ти го разбрав постот. Но мислам дека ова е одлична идеа која ќе го скрати патувањето од Кичево кон Дебар и Албанија.
Back to Top
gjoko View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 18-Jun-2011
Location: kicevo
Online Status: Offline
Posts: 6554
  Quote gjoko Quote  Post ReplyReply #822 Posted: 16-Jun-2014 at 14:36
Terenot e pološ nego da se gradi pat preku Vodno ama ne odokolu tuku od kaj krstot pa da se stigne na južnata strana
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 15225
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #823 Posted: 16-Jun-2014 at 17:44
ПАТОТ ШТО ГО ГРАДИ КОНЧЕ, ГО ОШТЕТИ ПАТОТ ШТО ГО ИЗГРАДИ ШТИП

Патот што во ноември лани го пушти премиерот Никола Груевски, во должина од 4,5 км, од клучката на патот Штип-Неготино до браната "Мантово", на повеќе места е сериозно оштетен. Тешките камиони што работат на асфалтирање на втората делница од 3,5 км, што е обврска на Општината Конче, направија дупки на првата делница што ја градеше Општина Штип.



Двете делници се дел од проектот на Владата за асфалтирање 100 локални патишта, во должина од 200 километри.

Градоначалникот на Штип, Илчо Захариев, вели дека веднаш пратил екипи да направат увид на оштетувањата за да се преземат мерки за санирање на состојбата. Градоначалникот на Општина Конче, Благој Јованов, не знаел за оштетувањата на патот во штипскиот дел, но и тој најави санирање на сите оштетувања на веќе асфалтираниот пат. Изведувач на работите на првата делница била штипската фирма "Коле транс", која тврди дека го изградила патот по сите стандарди.

"Потрошивме над 150 тони битумен. Да се оштети асфалтот со дебелина од 9 сантиметри, мора да се работи за неодговорност. Доволно е тешките камиони што работат сега на втората делница, да испуштат тешки карпи за да се направат дупки, а и направениот пат не е за камиони со најголема носивост", вели сопственикот на штипскиот изведувач, Никола Никоманец, кој сe уште од државата ги чека парите за патот.

Новиот пат, кој ќе биде готов деновиве, е важен за 3.650 жители на Општина Конче, затоа што тие во иднина за Скопје или за Штип не мора да кружат преку Радовиш, туку директно ќе излегуваат на регионалниот пат. Само во еден правец, патот се скратува за 17 километри.

Градоначалникот Јованов објаснува дека патот е важен и за викендашите, кои пројавуваат интерес да градат стопански или рекреативни објекти покрај браната "Мантово".

"Досега е извршена легализација на педесетина објекти, а Општината веќе распиша тендер за продажба на 50 нови плацови по цена 1 евро за квадратен метар. Интерес за тендерот пројавија и луѓе од Швајцарија, кои потекнуваат од овој крај", вели Јованов.

http://www.vest.mk/default.asp?ItemID=507EAA3CF176BD4EB43DB9A889492EC1
За сè има вторпат
Back to Top
Тркало View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 31-Dec-2010
Location: Охрид
Online Status: Offline
Posts: 1179
  Quote Тркало Quote  Post ReplyReply #824 Posted: 16-Jun-2014 at 21:03
Можам само да потврдам исто како Ѓоко, неколку пати сум го поминал делот од оваа страна (означеното е асфалтирано пред многу години), а понатака е тешко и со теренец, посебно во есен или зима.
Најблиска споредба на теренот би била со Отешево - Трпејца преку Галичица.
Oва е од таа околина
Back to Top
gjoko View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 18-Jun-2011
Location: kicevo
Online Status: Offline
Posts: 6554
  Quote gjoko Quote  Post ReplyReply #825 Posted: 16-Jun-2014 at 23:54
пошто немам други слики,ќе постирам од тоа што сме го `работеле` на тој терен:

припрема на теронот(ова е дел од патот што е асфалтиран)
S6000158 by , on Flickr


ова е бункер покрај патот изграден од италијанците во 2.с.в.
S6000159 by , on Flickr

одма до патот на 200 метри ги однесовме `овие` работи:

S6000154 by , on Flickr

а ова е резултатот од `работата`:
S6000163 by , on Flickr



Edited by gjoko - 16-Jun-2014 at 23:55
Back to Top
kultuzin View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-Nov-2010
Online Status: Offline
Posts: 3811
  Quote kultuzin Quote  Post ReplyReply #826 Posted: 17-Jun-2014 at 00:00
Мислам дека цел овој проект е дел од проектотот за заживување на селото Гари како туристичко место. А нели таму сега се отвори и фабрика за вода така да најверојатно ќе има потреба за поголема мобилност и во тој дел.
Тоа е мое размислување. Членовите од тој крај веројатно можат поточно да продискутираат во однос на моето размислување.
Back to Top
gjoko View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 18-Jun-2011
Location: kicevo
Online Status: Offline
Posts: 6554
  Quote gjoko Quote  Post ReplyReply #827 Posted: 24-Jun-2014 at 21:38
На Плетвар каде што беше асфалтот пропаднат од тешките камиони(и лошо избраната гранулација на асфалтот),се греби стариот и се става нов слој на асфалт

IMAG0041 by , on Flickr

Edited by gjoko - 24-Jun-2014 at 21:38
Back to Top
Vasilij View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 09-Jun-2014
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 333
  Quote Vasilij Quote  Post ReplyReply #828 Posted: 05-Jul-2014 at 19:04
Еве некои фотографии од реконструкцијата на магистралниот пат Велес-Кадрифаково.Според планот истиот треба да прерасне во експресен со 4 ленти, 11 метри широчина и максимална брзина на возење од 80-100 км/ч. (досегашната широчина беше 6 метри и поради лошата состојба и густината на сообраќајот според сите критериуми беше најлошата магистрала во Македонија).
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 15225
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #829 Posted: 07-Jul-2014 at 17:11
Реконструкција и проширување на делницата Велес-Кадрифаково



фото: МИА.мк

Повеќе фотографии на линкот http://mia.mk/mk/Inside/RenderSingleGalleryTest/4590/1?month=7&year=2014&day=7&desc=0
За сè има вторпат
Back to Top
gjoko View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 18-Jun-2011
Location: kicevo
Online Status: Offline
Posts: 6554
  Quote gjoko Quote  Post ReplyReply #830 Posted: 07-Jul-2014 at 19:02
ако не се тампонира доволно добро новиот дел,со сигурност ќе пропаѓа.неможи да се на исто ниво пат газен 50 години и тампон зашлакан набрзина
Back to Top
Teglarot View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 15-Nov-2012
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 569
  Quote Teglarot Quote  Post ReplyReply #831 Posted: 07-Jul-2014 at 19:30
Конечно на некого му текна да го средат тој патен правец.

За какво проширување станува збор ?

Сепак станува збор за 30 километарска делница, речиси 2/3 од патот Велес -Штип. Да се надеваме дека ќе биде квалитетно направен.
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 15225
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #832 Posted: 07-Jul-2014 at 21:24
Не можев да го најдам на македонски, па нека оди вака. Според овие податоци, ќе биде нешто налик на експресен пат, ако не грешам.

Infrastructure design and basic design for expressway in length of 23.3 km, with 2 x 3.25m driving lanes and 2 x 2.0m emergency lanes, and 2 x 0.3m edge lines, with total road profile of 11.10m.

http://roads.org.mk/420/96/projects-project-details-preparation-of-basic-design-technical-documentation-for-rehabilitation-of-road-a3-section-veles---kadrifakovo

Edited by Џоле - 07-Jul-2014 at 21:25
За сè има вторпат
Back to Top
Skopjanecot View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 31-Oct-2013
Online Status: Offline
Posts: 147
  Quote Skopjanecot Quote  Post ReplyReply #833 Posted: 08-Jul-2014 at 08:08
на македонски:

Ве­лес-Kад­ри­фа­ко­во

 

Пр­ва­та фа­за од клуч­ка­та Ве­лес до ве­леш­ка­та де­по­ни­ја е ве­ќе за­вр­ше­на и во мо­мен­тот се ра­бо­ти на вто­ра­та фа­за - од ве­леш­ка­та де­по­ни­ја до Ло­зо­во во вкуп­на дол­жи­на од 8,9 ки­ло­мет­ри.

- Гра­деж­ни­те ак­тив­нос­ти те­чат сог­лас­но за­цр­та­на­та ди­на­ми­ка и оче­ку­ва­ме до кра­јот на оваа го­ди­на или до­де­ка доз­во­лу­ва­ат вре­мен­ски­те ус­ло­ви да се за­вр­ши нај­го­лем дел од тра­са­та, од­нос­но па­тот да би­де про­би­ен по це­ла­та не­го­ва ши­ро­чи­на. Се­то тоа се пра­ви за да се ели­ми­ни­ра­ат цр­ни­те точ­ки, ја­ки­те сви­о­ци и да се зго­ле­ми без­бед­нос­та во со­об­ра­ќа­јот - из­ја­ви ди­рек­то­рот на Јав­но­то прет­при­ја­тие за др­жав­ни па­тиш­та, Љуп­чо Ге­ор­ги­ев­ски, при де­неш­ни­от увид на гра­деж­ни­те ра­бо­ти.

За тре­та­та фа­за од Ло­зо­во пре­ку Са­рам­за­ли­но до Kад­ри­фа­ко­во со вкуп­на дол­жи­на од 10,9 ки­ло­мет­ри, ве­ќе е склу­чен до­го­вор со гра­деж­на ком­па­ни­ја и за око­лу еден ме­сец се оче­ку­ва да поч­нат гра­деж­ни­те ра­бо­ти и на овој дел од дел­ни­ца­та. Си­те ак­тив­нос­ти се ре­а­ли­зи­ра­ат со сред­ства од Ев­роп­ска­та бан­ка за об­но­ва и раз­вој.

На овој па­тен пра­вец се ут­вр­де­ни око­лу 12 „цр­ни точ­ки“, а доз­во­ле­на­та бр­зи­на на дви­же­ње е око­лу 60 ки­ло­мет­ри на час. Со про­ши­ру­ва­ње­то ќе се ели­ми­ни­ра­ат „цр­ни­те точ­ки“ и се оче­ку­ва про­сеч­на­та бр­зи­на да се зго­ле­ми на око­лу 90 ки­ло­мет­ри на час.

(од Дневник.мк)
All truth passes through three stages. First, it is ridiculed. Second, it is violently opposed. Third, it is accepted as being self-evident.

Arthur Schopenhauer
Back to Top
Vasilij View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 09-Jun-2014
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 333
  Quote Vasilij Quote  Post ReplyReply #834 Posted: 08-Jul-2014 at 11:16
Доколку овој пат би се категоризирал според критериумите за патишта во европските држави тој сепак не би бил експресен.Експресен пат е пат со по две ленти за движење во еден правец, без лента за застанување или 2Х2, нешто слично на ,,автопатот'' Тетово - Гостивар.Значи експресен би бил кога на средина ќе има двојна неиспрекината линија и ќе има по две еднакви ленти за движење во еден правец.

https://www.google.com/search?q=Ekspress+way&source=lnms&tbm=isch&sa=X&ei=h8S7U6T9EJPb4QSXqoGQBQ&ved=0CAYQ_AUoAQ&biw=1280&bih=641#q=dual+carriageway&tbm=isch&facrc=_&imgdii=_&imgrc=Rds732u-CfgdQM%253A%3ByNa8Uo6qX3mkVM%3Bhttp%253A%252F%252Fwww.freefoto.com%252Fimages%252F41%252F14%252F41_14_12---Dual-Carriageway_web.jpg%3Bhttp%253A%252F%252Fwww.freefoto.com%252Fpreview%252F41-14-12%252FDual-Carriageway%3B600%3B400
Back to Top
jyvation View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 4191
  Quote jyvation Quote  Post ReplyReply #835 Posted: 08-Jul-2014 at 16:38
Па за тие пари требаше да ни направат 2X3.75m и 2X2.5m.Поширок а и ќе личи барем на експресен пат по сите стандарди.А вака сега постоечкиот само ќе го надградат со по 2.0м од страна и завршена работа.

Ајде кога ќе ми текне каква очајна делница беше и ова ќе биде полна капа   
Back to Top
kultuzin View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-Nov-2010
Online Status: Offline
Posts: 3811
  Quote kultuzin Quote  Post ReplyReply #836 Posted: 08-Jul-2014 at 16:53
Ако се земе предвид дека со изградбата на автпатската делница Миладиновци - Штип овој патен правец веројатно драстично ќе се растерети мислам дека понудената ширина е сосема доволна.
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 15225
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #837 Posted: 15-Jul-2014 at 16:41
Се санира свлечиштето на Пелистер

Санирањето на свлечиштето ќе се изведува три месеци



После четири години и повеќе реакции на туроператорите, започнато е санирањето на свлечиштето на рагионалниот пат на Пелистер, веднаш под детското летувалиште, каде што коловозот е небезбеден и опасен за превоз со автобуси. Изведувач на работите е ГП „Гранит“ а во обемниот зафат, се санираат и подземните води што се појавија на оваа делница, јавува телевизијата Алфа.

- Работата ќе се изведува три месеци и мислиме за три месеци да го завршиме објектот - вели за телевизијата Благојче Стерјовски, градежен техничар во „Гранит“ и раководител на објектот.

http://www.novamakedonija.com.mk/DetalNewsInstant.asp?vestInstant=37291
За сè има вторпат
Back to Top
jyvation View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 4191
  Quote jyvation Quote  Post ReplyReply #838 Posted: 17-Jul-2014 at 12:35
Владата започнува со проектот за изградба на придружни објекти по автопатите



Владата започнува со реализација на проектот за изградба на 30 придружни објекти по автопатите, магистралните и регионалните патишта низ државата.
Владиниот портпарол Александар Ѓорѓиев денеска на прес-конференција информира дека во првата фаза веќе се утврдени девет локации за изградба на бензински пумпи, мотели и други придружни комерцијални објекти по трите автопатишта кои се градат во државата. Од нив, две се локации по автопатот од Кичево до Охрид во близина на селата Мислешево и Смилево, три се локации на потегот Демир Капија – Смоквица во близина на месноста Миравци и Милетково и четири локации по трасата на новиот автопат Скопје – Штип во близина на Свети Николе, Пеширово и Сопот...

http://www.mia.mk/mk/Inside/RenderSingleNewsNewsCategory/134/119769603
Back to Top
gjoko View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 18-Jun-2011
Location: kicevo
Online Status: Offline
Posts: 6554
  Quote gjoko Quote  Post ReplyReply #839 Posted: 17-Jul-2014 at 17:35
село Смилево нема ни во пошироката близина на автопатот Кичево Охрид.Има кај Битола,после Д.Хисар
Back to Top
jyvation View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 4191
  Quote jyvation Quote  Post ReplyReply #840 Posted: 20-Jul-2014 at 11:25
Осветлена крстосницата кај влезот на Вевчани

Крстосницата кај влезот на Вевчани од денеска е целосно осветлена. Инвестиција од 1,5 милиони денари е на Јавното претпријатие за државни патишта. Осветлувањето е во должина од околу 350 метри и вклучува девет канделабри со висина од по 10 метри...



http://ekonomski.mk/2014/07/18/%D0%BE%D1%81%D0%B2%D0%B5%D1%82%D0%BB%D0%B5%D0%BD%D0%B0-%D0%BA%D1%80%D1%81%D1%82%D0%BE%D1%81%D0%BD%D0%B8%D1%86%D0%B0%D1%82%D0%B0-%D0%BA%D0%B0%D1%98-%D0%B2%D0%BB%D0%B5%D0%B7%D0%BE%D1%82-%D0%BD%D0%B0/
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 4041424344 84>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.367 seconds.

Copyright ©2007 - 2024  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.