build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Инфраструктура > Енергетика
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Хидроелектрани

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 34567 28>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
La Linea View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Nov-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2067
  Quote La Linea Quote  Post ReplyReply #81 Posted: 22-Apr-2009 at 23:26

Отворени понудите за изградба на 20 мали ХЕЦ

Во Министерството за економија вчера се отворени понудите на десетте компании заинтересирани за изградба на мали хидроцентрали.

Понуди доставија италијанската „Ко-Вер енерџи“, германската РЦЦ СЕ и РЦЦ ДЕГ, австрискиот конзорциум составен од ЕМК, „Енерги истерн“, „Енерги зотер бау“, конзорциумот „Хидроинвест“, македонскиот конзорциум „Фероинвест“, конзорциумот „Флекспауер“, Ристо Николов, „Ингмарк“ од Македонија и македонските конзорциуми „Еурогипсум прогрес 1998“ и „ЏСП актуел-хидроват“. Понуди доставија и Томе Трајчески и Марко Козомора, како физички лица.

Тендерот за изградба на 20-те мали хидроцентрали беше објавен на 15 декември минатата година. Рокот за пријавување заврши во јануари годинава, вкупно 30 компании, домашни и странски, подигнаа документација и се стекнаа со правото за доставување понуди.

Ова е третиот пакет за мали хидроцентрали од вкупно 60, предвидени за изградба во земјава. (МИА)




http://www.utrinski.com.mk/default.asp?ItemID=482442FF83130C44BCB5E6D9D8083086
Помогнете во Македонската Википедија - Слободна енциклопедија!
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #82 Posted: 06-May-2009 at 13:01
Браните „Чебрен“ и „Галиште“ се нужност и потреба



Автор:  Ка.М.
ВАСИЛЕ%20СОКОЛОСКИ,%20ИНЖЕНЕР%20ШТО%20ВЕЌЕ%2030%20ГОДИНИ%20ГИ%20СОНУВА%20БРАНИТЕ%20НА%20ЦРНА%20РЕКА
Изградбата на браните „Чебрен“ и „Галиште“ и предложената брана „Скочивир“ е реалност, а оправданоста може да се согледа само ако целиот систем на Црна Река, заедно со браната „Тиквеш“, се третира со повеќенаменското користење на водата во Тиквешијата и по текот на Вардар од вливот на Црна Река, па низводно. За планираните брани „Чебрен“ и „Галиште“ нема никакви дилеми ниту од топографски ниту, пак, од геолошки карактер. Сега е потребно иновирање на хидролошките податоци, со задолжително респектирање на потребите од вода за наводнување на Пелагонија, вода за пиење, индустриска вода.

Ова го вели Василе Соколоски, дипломиран градежен инженер од Прилеп, кој веќе 30 години работи и сонува за конечната реализација на овие проекти. Тој посочува дека општината Прилеп, на чија територија ќе бидат лоцирани браните „Чебрен“ и „Галиште“, треба многу брзо да преземе активности за просторно и урбанистичко планирање на локалитетите непосредно до браните, како и урбанизирање на бреговите од акумулациите.

- Да не ни се случи неорганизирана изградба на туристички објекти и викендички, како што е случајот со масовната дивоградба на Тиквешко Езеро. Посебно внимание треба да им се посвети на инфраструктурата, проектирањето и градењето на регионалната патна мрежа во Мариово, планирањето на пристапните патишта потребни за изградба на браните, планирањето за обезбедување вода за пиење, како на градилиштата, така и за туристичките населби, планирање на канализацијата, електричната мрежа - вели Соколоски.

Според него, за следење на реализацијата на градбата на браните, како и за осмислување на концептот и на потребните зафати во Мариово, добро би било локалната самоуправа да формира некој облик на советодавно тело, а надлежните служби и овластени претпријатија да ги изработуваат проектите што претходно треба да се програмираат.

- Час поскоро треба да се изградат браните „Чебрен“ и „Галиште“. Браната „Галиште“ е планирана како камено-насипна, висока 141,5 метар и, со формирање акумулација, со зафатнина околу 365 милиони кубни метри вода. Браната „Чебрен“ е планирана како лачно гравитациско-армирана бетонска брана, висока 192,5 метри, со акумулација од 915 милиони кубни метри вода. Со акумулациите во Мариово целосно ќе се регулира протекот на Црна Река и со нив ќе се обезбеди наводнување поголеми земјоделски површини. Исто така значително ќе се зголеми протекот на Вардар во летниот сушен период. Покрај наводнувањето, значењето на регулираните води е големо и за зголеменото производство на електрична енергија, смета Соколоски.

Тој со проектот за „Чебрен“ бил запознаен уште во текот на студиите на Градежниот факултет во Скопје. Уште во педесеттите години од минатиот век тој ја имал привилегијата да ги следи сите планови за нејзината изградба.

Од 1983 година Соколоски станува раководител на организација во основање одговорна за изградба на браната „Чебрен“. Ова значеше дека конечно почнуваат активностите за реализација на проектот.

- Потрошив доста време и вложив голем труд да се запознаам со сите обемни студии и проекти. Следуваа голем број состаноци на кои не се донесоа никакви конкретни заклучоци за понатамошно работење. Заклучив дека ЕСМ не е подготвено да презема сериозни зафати, па така ја напуштив таа работа. Во изминативе десетина години исто така интензивно се работеше на изработка на нови студии за енергетското користење на потенцијалот на Црна Река низ Мариово. Системот на акумулации на Црна Река е рационално и економски исплатливо решение, ако се третира во целина, со повеќенаменското користење на водата низводно од најдолната, изградената акумулација „Тиквеш“- вели инженерот Соколоски.

Тој потсетува дека првиот меѓународен јавен конкурс за учество во претквалификација за изградба на браните „Чебрен“ и „Галиште“ се распишал уште во 1996 година. Вториот јавен конкурс бил распишан во 2007 година. И овој конкурс беше поништен. Третиот конкурс за „Чебрен“ и за „Галиште“ е објавен при крајот на декември 2008 година. Останува да се чека да заврши постапката и да се донесе одлуката.

- Моја желба, а верувам и на сите граѓани од Македонија, е да се отстапат браните за градење, нормално без негативни последици за државата - вели Соколоски, кој смета дека изградбата на браните многу брзо треба да стане реалност.
http://www.novamakedonija.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=0&tabid=2&fCat=1&top=1&EditionID=386&ArticleID=23928
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #83 Posted: 20-Jun-2009 at 16:07
Специфичноста на кањонот на Треска ја отежнува изградбата на Матка 2

Тешко пристапниот терен и специфичноста на земјиштето на кањонот на реката Треска ја отежнуваат изградбата на хидроцентралата “Света Петка“. Од словенечката компанија Рико, која го доби тендерот за изградба на централата тврдат дека на терен се појавиле големи проблеми при изведување на градежните работи поради што се одолговлекла реализацијата на енергетскиот проект.

Според Матијаж Голтек, директор за енергетика во Рико, проблемот на терен настанал бидејќи не секогаш геолошките испитувања на земјиштето се совпаѓале со реалната слика на теренот. Поради тие проблеми, додава Голтек, морало да се работи во три смени за да се надокнадува изгубеното време.

“Цената на проектот Матка 2, како и на сите светски централи кои во моментов се во изградба, претрпува ребаланс кон првичната предвидена инвестиција за изградба, односно на веќе потребните пари. И тоа не е случајно. Тоа е токму поради фактот што цената на светскиот пазар расте и во моментов изнесува околу 2,5 милиони евра на MW. Поради тоа, Рико продолжува со работа и се надева дека во сооработка со ЕЛЕМ, кој ја финансира изградбата на централата, ќе се најде заедничко решение за проблемот, кој настана поради моменталните состојби на светскиот економски пазар“, велат од словенечката компанија.

Проектот Матка 2 е од големо значење за Македонија бидејќи со централата ќе се намали постојаниот увоз на струја во земјава. Со пвој енергетски објект, Македонија ќе го подигне нивото на искористување на природниот хидро потенцијал за производство на струја за секојдневните потреби. Според упатени енергетски експерти, светската економска криза ги зголемила првичните предвидени средства за реализација на инвестициите во енергетиката. На пример во Словенија за хидроцентралата Бланца, која произведува 39 MW струја и чија првична инвестиција изнесувала 60 милиони евра, сега нејзината изградба чини околу 100 милиони евра. Централата Кршко со капацитет 40 MW и со првична инвестиција од 60 милиони евра, сега вреди 100 милиони евра.

Словенечкиот инвеститор на енергетски проекти планира да гради и пречистителна станица во скопското село Волково, проект кој ќе се финансира со пари од словенечеката Влада. Во план е и изградба на депонија за уништување на медицински отпад. Рико планира во Македонија да почне бизнис и со производство на електрична и на топлинска енергија од отпад, нешто со што веќе се занимава во Словенија.

http://netpress.com.mk/vest.asp?id=57849&kategorija=2
Back to Top
Dragan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Feb-2009
Location: Tetovo
Online Status: Offline
Posts: 1172
  Quote Dragan Quote  Post ReplyReply #84 Posted: 20-Jun-2009 at 17:57

СЛОВЕНЧКИ ИНВЕСТИЦИИ ВО ЕНЕРГЕТИКАТА И ЕКОЛОГИЈАТА

СЛОВЕНЕЧКИ „РИКО“ ЈА ПРОДОЛЖУВА ДОБРАТА СОРАБОТКА СО МАКЕДОНИЈА

Енергетиката и екологијата се двете области во кои словенечките компании го гледаат интересот за инвестирање во Македонија. Од раководството на „Рико“, компанија која во Македонија ја гради хидроцентралата „Св. Петка“, велат дека досегашната добра соработка со Македонија ја продолжуваат и натаму.

Покрај изградбата на хидроцентралата на реката Трeска, Јанез Шкрабец, сопственикот на „Рико“, најавува интерес за учество на новиот тендер за изградба на хидроцентралите Чебрен, Галиште и Бошков Мост, како и за и проектот Вардарска долина, односно каскадните централи на реката Вардар. -Има голем интерес од многу фирми за овие хидроцентрали, вели Шкрабец, но очекува на тендерот фер игра и од страна на оние кои ги издаваат концесиите и оние кои учествуваат на тендерот. „Рико“ веќе учествуваше на тендер за изградба на овие хидроцентрали.

„Рико“ има искуство во изградба на хидроцентрали, не само во Македонија, туку и во Словенија и Украина. Слично на она што го работи во Македонија, хидроцентралата „Св. Петка“ е „Бланца“ на Сава во Словенија, која е дел од петте хидроцентрали на реката чија вкупна исталирана моќ ќе биде 150 мегавати. Разликата меѓу „Бланца“ и „Св. Петка“, вели Матијаж Голтеш, одговорен на проектот „Св. Петка“ е теренот и геологијата, која всушност е еден од факторите што влијаеше на пролонгирање на работите и пробивање на првично предвидениот план за завршување на изградбата во 2009 година. Голтеш вели дека покрај тоа што на терен се соочиле со поинаква состојба од она утврдена со геолошките истражувања, на одложување на рокот за завршување на изградбата влијаела и промената на законодавството во Македонија, според кое уште на почетокот требало да изработат дополнителен план кој претходно при пријавувањето на тендерот не бил планиран. -Работите се интензивирани сега и се работи во три смени за да може да се завршат работите“, вели Голтеш. Од „Рико“ потенцираат дека и во однос на планираната инвестиција е претрпена промена, како и кај сите хидроцентрали што се градат во светски рамки, бидејќи цената на светскиот пазар расте и во моментов изнесува околу 2,5 милиони евра на инсталиран мегават. Оттаму, појаснуваат, и централите „Бланца“ која првично било предвидено да вредни 60 милиони евра, вредноста на крајот е 100 милиони евра.

Компанијата работи на повеќе проекти во Украина, Русија и Белорусија, а за Македонија освен делот од енергетиката велат дека се подготвени за повеќе проекти и во областа на екологијата со цел Македонија да стане еколошка земја.

-На ова поле во Македонија добро соработуваме. Почнавме со еден проект за изработка на национална стратегија за управување со отпад со Министерството за животна средина и просторно планирање, а сега ќе работиме на проект за изработка на национална стратегија за управување води, велат во „Рико“.

„Рико“ во Македонија ќе ја изработува и комунално пречистителна станица за отпадни води во населбата „Волково“ во општина Ѓорче Петров, за што веќе е потпишан договор. Проектот е вреден близу шест милиони евра за што е обезбедена и донација од словенечката Влада. Изградбата треба да заврши за три години.

Компанијата има дадено понуда и за проект за изградба на инценератор за медицински отпад.
http://www.sitel.com.mk/?ItemID=3D896761B02B8848ACD764D6E740B148
 
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #85 Posted: 23-Jun-2009 at 02:22

Ќе успее ли четвртиот тендер за „Бошков мост“?

Државата повторно ја пробува среќата за наоѓање инвеститор за централата на Мала Река

Маја Томиќ

Владата по четврти пат се обидува да најде инвеститор за изградба на ХЕЦ „Бошков мост“, откако три пати досега пропаднаа сите вакви обиди, односно меѓународни тендери. Зошто се' паѓаше во вода, иако постоеше голема заинтересираност од странски компании, никогаш официјално не беше објаснето. Според неофицијални видувања, проблемот беше во преголемата височина на браната што се бараше во тендерските услови, 33 метри, што потенцијалните инвеститори барале да биде сменето. Но, и овој пат во тендерот постои таква височина на браната. Како друга причина за неуспешноста на претходните тендери се наведува моделот на управување и концесионерство, односно непрецизноста околу траењето на концесијата, како и немањето податок кому ќе му остане централата по рокот за концесионерство, на државата или на компанијата-инвеститор.

Според вчера објавениот претквалификационен тендер, кој трае до 18 септември годинава, не е наведено за колку години се дава централата под концесија и под кои услови, што повторно буди сомневање во неговата успешност и конечно до стартот на оваа одамна очекувана инвестиција.

На претходниот тендер во 2007 година имаше голем интерес за ХЕЦ „Бошков мост“ и во трка беа 16 странски и домашни компании, меѓу кои чешката ЧЕЗ, германските ЕОН и РВЕ, австриската ЕВН, словенечкиот „Турбо институт“ и швајцарската ЕФТ. Тогаш беше побарано да се гради според БОТ-системот, што значи враќање на објектот во сопственост на државата, но не беше прецизиран периодот на концесионерство. Тоа беше трет обид за концесионерство врз ХЕЦ „Бошков мост“.

Уште додека ЕСМ беше една компанија се склучи основен договор со контроверзната малезиска компанија „Хиснијага корпорејшн“, кој остана само на хартија, поради започнувањето на процесот на трансформација на ЕСМ. Нешто подоцна, во свое време вицепремиерот Минчо Јорданов лобираше за влез на оваа странска компанија на македонскиот пазар, но не само со ХЕЦ „Бошков мост“, туку и со други проекти, главно, во градежништвото. Претходната Влада склучи и непосреден договор со „Хиснијага корпорејшн“ за ХЕЦ „Бошков мост“, како и за пет други мали хидроцентрали и за изградба на 10.000 станови во скопската населба Лисиче. Но, тој остана само на хартија.

Инаку, ХЕЦ „Бошков мост“ треба да се гради на Мала Река, блиску до Дебар и до магистралниот пат Скопје-Дебар-Охрид. Просечното годишно производство на електрична енергија ќе изнесува 117 гигават-часа, а протокот на вода ќе биде 4,60 кубни метри во секунда. Инвестиционата вредност на централата е проценета на 70 милиони евра, а времето на градба на 4 години.

Во Македонија, освен ХЕЦ „Козјак“, последниве 20 години нема друга инвестиција во енергетиката. Експертите одамна апелираат за итни проекти, поради се' поголемата зависност од увоз на струја, за што секоја година се трошат стотици милиони евра. Сите домашни капацитети просечно годишно произведуваат 5.600 гигават-часови струја, а според последниот енергетски биланс на државата, за годинава ни се потребни 9.000 гигават-часови, што е за 4,58 отсто повеќе од потрошувачката во 2008 година.

Ситуацијата е дотолку поалармантна, ако се има предвид дека на повидок се планираните капацитети, меѓу кои спаѓаат 20 мали хидроцентрали, потоа ХЕЦ „Чебрен“ и „Галиште“, проектот „Вардарска долина“, „Луково поле“, што значи дека ќе поминат уште многу години до нивна конкретна реализација, односно до првите количества струја кои ќе ги произведуваат. Бидејќи државата ни оддалеку не располага со средства за вакви капитални инвестиции, единствен излез е странски капитал.

И во најновата Нацрт-стратегија за развој на енергетиката е наведено дека, ако нема изградба на нови капацитети, државата брзо ќе се соочи со енергетска криза. Стратегијата содржи две развојни опции, изградба на три нови термоцентрали со јачина од по 300 мегавати, или изградба на нуклеарна централа до 2026 година, со капацитет од 1.000 мегавати. За реализација на првата идеја се потребни 4 милијарди евра, а за втората околу 5 милијарди евра. Во документот е посочено и дека во првата половина од 2010 година ќе почне со работа и првата гасна централа „Те-То“, а се предвидува и изградбата на уште две вакви централи на гас.

http://utrinski.com.mk/?ItemID=3BFD433F34C37D458E0F5D48724D902D

Back to Top
UrbanFreak View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 28-Oct-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1732
  Quote UrbanFreak Quote  Post ReplyReply #86 Posted: 02-Jul-2009 at 14:15

Кризата двојно ја поскапе изградбата на ХЕЦ Св. Петка

Втората фаза од изградбата на хидроцентралата Св.Петка ќе чини многу повеќе од 42 милиони евра. Ако се знае дека инсталираниот капацитет на оваа хидроцентрала е 36 мегавати, со едноставна математика доаѓаме до вредност од 90 милиони евра, што е над двојно повеќе од првично планираната инвестиција.
Од словенечката компанија Рико, која пред три години го доби тендерот за изградба на електраната, стигнаа информации дека цената за изградба на Матка 2 мора да претрпи ребаланс затоа што цената на инвестициите во хидроенергетските проекти постојано расте на светско ниво и во моментот изнесува околу 2,5 милиони евра за мегават. Како примери за тоа дека енергетските проекти секојдневно поскапуваат поради светската криза и недостигот на природни енергетски ресурси, Рико ги наведува хидроцентралите Бланца и Кршко во Словенија, кои наместо првично предвидените 60 милиони евра ќе чинат 100 милиони евра.

Инвеститор на проектот Матка 2 е Електрани на Македонија. Во Рико се надеваат дека во соработка со ЕЛЕМ ќе најдат заедничко решение за проблемот. Ова значи дека ЕЛЕМ веројатно ќе мора да го одврзе ќесето за изградбата на хидроцентралата конечно да заврши до крајот на 2010 година.
До затворањето на овој текст од ЕЛЕМ не добивме одговор за тоа дали се запознати со овој проблем и колку ќе чини точно изградбата на ХЕЦ Св. Петка, ниту што планираат да сторат во врска со новонастанатата ситуација. Бидејќи ЕЛЕМ е државна компанија, за ова би требало да бидат информирани и во Владата. Во Министерството за економија обврската за давање информации ја префрлија во ЕЛЕМ.

(Тотал)



Edited by UrbanFreak - 02-Jul-2009 at 14:16

Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #87 Posted: 02-Jul-2009 at 19:40

Целава работа ми е претерано чудна и сомнителна...

Ова „поскапување“ ни се сервираше и пред 2-3 недели. Но во текстовиве никако не можам да лоцирам валидни издржани аргументи за тоа. Особено не за онакви баснословни суми како скокање на цената на сред проект од 42 на 90 милиони!

Наведените причини за потребата од поскапување ми изгледаат прилично невешто образложени дури и да се работеше за многу помала сума.
Каква врска со потребата од „ребаланс“ има некаков генерализиран податок (ако е воопшто точен) дека:
цената на инвестициите во хидроенергетските проекти постојано расте на светско ниво и во моментот изнесува околу 2,5 милиони евра за мегават
Зарем веќе превземени обврски и потпишани договори се за украс?

Разбирам дека доколку не се склучени договори на пример за турбините и агрегатите, а тие во меѓувреме поскапеле поради пазарна логика, тогаш електраната ќе не чини поскапо отколку што било првично зацртано. Но цената на целиот зафат да скокне од 42 на 90?!? Нешто тука не ми штима. Плус тоа дали Рико е задолжен и за тие набавки?


Нека повелат нека си ја завршат работата како што склучиле договор. Доколку има реално покачување на нивните трошоци, дебело нека го образложат и докажат, а нека ја докажат и логиката тоа да резултира со промени во договорот. Најпосле, дали ќе се бараше „ребаланс“ доколку трошоците се намалеа???

А доколку во меѓувреме за нивните услуги на пазарот почнале да се плаќаат повисоки цени, нека повелат на наредните тендери нека се јават со поскапи понуди.

Edited by Cloverstack - 02-Jul-2009 at 19:41
Back to Top
UrbanFreak View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 28-Oct-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1732
  Quote UrbanFreak Quote  Post ReplyReply #88 Posted: 03-Jul-2009 at 00:17
Previous
И не само тоа, вероватно има некоја комплексна формула по која се пресметува која е финалната цена по мегават. Не некои груби апроксимации 36х2,5=90. Па овој проект е во изградба веке 4-5 години и сигурно дека крајната цена ке биде некаков агрегат на сите досегашни и идни трошоци. Ако сега се цените зголемени, тоа се евектуира само на идните цени. Или новинариве погршноја пренесуваат приказнатава со бројкиве, или се спрема простор за некоја тешка малверзација или пак забошотување на стари погрешни проекции, за кои некој треба во најмала рака да поднесе отчет. Па во Германија и локлните самоуправи се должни за секој проект да поднесат отчет, а овде станува збор за исклучитлно важен и скап проект, кој е спроведуван од неколку владин гарнитури по ред. Ќе превземе ли еднаш конечно некој одговорност?
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #89 Posted: 07-Jul-2009 at 12:38

Баш во врска со муабетот
Фала богу во оваа Македонија да дочекаме и нешто разумно да чуеме  Smile

ДОЦНИ ХЕЦ „СВЕТА ПЕТКА“
Со една цена на тендер, со друга на терен

Изградбата на втората фаза од браната „Света Петка“ на Матка нема да поскапи, иако главниот изведувач, фирмата „Рико“ од Словенија, го побара тоа минатата недела, дознава „Време“. Од „Електрани на Македонија“ (ЕЛЕМ) велат дека „Рико“ го добил јавниот оглас во 2006 година толку поради најдобрата понуда во што е вклучена и поволна цена за изградба на браната. Според нив, при секоја нова пресметка на „Рико“, тие ќе се држат до договорот и до цената од 45 милиони евра што словенската фирма сама ја понудила. ЕЛЕМ досега во браната има инвестирано 20 милиони евра. Во словенската фирма „Рико“ велат дека цената на изградбата на хидроцентралата „Света Петка“ мора да претрпи корекција зашто цената на инвестициите во хидроенергетските проекти постојано расте на светско ниво и изнесува околу 2,5 милиони евра за мегават. Според нивните пресметки, ова би ја поскапело цената на изградбата за најмалку двапати. Фирмата „Рико“ веќе половина година доцни со изградбата, иако, според договорот, браната требаше да биде готова на почетокот од годината, а во март и пуштена во употреба. - Изградбата на браната доцни поради исклучително сложените геодетски и теренски услови. Сега треба да почне бетонирањето на браната. Динамиката на работа зависи од изведувачот, нам како инвеститори битно ни е тоа да биде час поскоро. Воопшто не ни одговара доцнење “ вели Мирче Котевски од ЕЛЕМ. Тој додава дека фирмата „Рико“ од Словенија, како главен изведувач, ќе одговара за доцнењето на изградбата за што ЕЛЕМ ќе преземе соодветни мерки за наплата на пенали во согласност со одредбите на договорот. Од ЕВН предупредуваат дека хидроцентралата „Света Петка“ нема да почне да работи уште најмалку една година.

Е.К.



http://vreme.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=0&tabid=1&EditionID=1750&ArticleID=117214


Edited by Cloverstack - 07-Jul-2009 at 12:39
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #90 Posted: 08-Jul-2009 at 12:10

Дали Владата се откажува од ХЕЦ „Чебрен“ и „Галиште“?

И по два месеца од доставувањето на понудите Владата не го направила изборот од четирите компании

Маја Томиќ

Дали Владата, конечно, ќе стори нешто конкретно околу тендерот со хидроцентралите „Чебрен“ и „Галиште“ или состојбата околу оваа толку најавувана инвестиција, и понатаму ќе остане статус кво. Иако досега веќе требаше на владина седница да се избере најповолниот понудувач, оваа тема се' уште не е ставена на дневен ред. И покрај тоа што Министерството за економија уште пред еден месец до Владата ја достави информацијата за пристигнатите понуди за инвестирање во двете хидроцентрали. Зошто е тоа така, немаа дециден одговор, ниту во Владата ниту во Министерството за економија.

И покрај големиот број заинтересирани компании што се јавија на последниот тендер, четири важат за посериозни инвеститори, кои ги имаат доставено и понудите, а кои учествуваа и на претходниот тендер што го поништи Владата лани во декември. Тоа се: „Вербунд“ од Австрија, РВЕ од Германија, „Енел“ од Италија и „Старткрафт“ од Норвешка.

Претходниот тендер за „Чебрен“ и „Галиште“ требаше да заврши на крајот на март минатата година, но неколку пати во текот на 2008 година беа пролонгирани роковите за понуди за на крајот на 2008 да се донесе одлука за поништување и за распишување нов. Крајниот рок за доставување на понудите беше до 19 март, а потоа Владата го пролонгира до 15 април годинава. Немаше подетални информации за причините за одложувањето на рокот.

Како една од можните причини, неофицијално, се спомнуваат забелешките околу тендерските услови на 20-ина енергетски фирми што тие ги искажаа пролетва на една презентација во Министерството за економија. По тоа, се очекуваше Владата да направи некои интервенции во тендерот, но засега не знае ништо за тоа.

ХЕЦ „Чебрен“ и „Галиште“ треба да се градат на Црна Река, каде што е веќе лоцирана ХЕЦ „Тиквеш“. Нивното годишно производство на струја треба да е колку вкупната струја од македонскиот хидросистем, или околу 1.100 гигават-часа. Германската РВЕ лани неофицијално важеше за фаворит. Претставници на таа компанија направија сопствена промоција на идеите за инвестирање во двете ХЕЦ и изјавија дека се подготвени да вложат над 500 милиони евра, што би било досега највисоката понудена инвестиција во енергетиката. Според проектот, вкупната инсталирана моќност на ХЕЦ „Чебрен“ и „Галиште“ да биде од 526,5 до 540,5 мегавати.

Досегашното тактизирање на Владата со оваа значајна инвестиција е спротивна на нејзините чести изјави за важноста од инвестициите во енергетиката. Пред неколку месеци, Владата најавени и дека до 2016 година планира околу 40 милијарди евра инвестиции во овој сектор.

http://utrinski.com.mk/?ItemID=8E9B0237648CDA46A019135FE594E7B8
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #91 Posted: 09-Jul-2009 at 14:55

Од Дневник и од Алсат-М со поинакви информации

Три кандидати за „Чебрен“ и за“Галиште“

Италијански ЕНЕЛ, германско-словенечката корпорација РВЕ- ХСЕ и австриски „Вербунд“ се квалификуваните компании на меѓународниот тендер за изградба на хидроцентралите „Чебрен“ и „Галиште“, кој беше објавен на 19 декември минатата година, изјави вчера Фатмир Бесими, министер за економија.Овие три компании од понеделник до 15 август годинава може да ја подигнат тендерската документација во Министерството за економија, а најдоцна до 15 октомври годинава треба да ги достават и официјалните понуди.

- На 23 февруари годинава на 10-тина заинтересирани компании им беше презентиран проектот за изградба на хидроелектраните. Во јавниот повик внесени се измени, односно прецизирано е учеството на државната компанија ЕЛЕМ во проектот што ќе се реализира по принципот на јавно-приватно партнерство. Дефинирани се приоритетите за искористување на водата од акумулациите согласно со меѓународните искуства, односно прво за пиење, па за земјоделски потреби и на крај за енергетски потреби - рече Бесими.

Тој посочи дека процентот на учество на ЕЛЕМ во изградбата на хидроцентралите ќе го прецизира најдобриот понудувач на јавниот тендер. Бесими прецизира дека ЕЛЕМ влегува во проектот за јавно-приватно партнерство со хидроцентралата „Тиквеш“, кој по изградбата на двете хидроелектрични централи ќе влезе во состав на проектната компанија формирана од ЕЛЕМ и од најдобриот понудувач.Покрај тоа, ЕЛЕМ ќе ја спроведе експропријацијата на земјиштето на двете локации каде што ќе се гради, ќе изгради трафостаница и далновод за поврзување на хидроелектраните со преносната мрежа. ЕЛЕМ ќе изгради и пристапни патишта до ХЕЦ „Чебрен“, од кои едниот до нивото на круната на браната од десната страна на Црна Река, а другиот до машинската зграда на левата страна на реката, ќе ги обезбеди концесиите и одобрувањата за експлоатација на неопходните количества на материјалите за изградба на браните, како и сите други неопходни дозволи и лиценци што ќе треба да се обезбедат од Владата.


http://dnevnik.com.mk/?ItemID=A3EACA34BB61ED4A84E7275150BC6B83




Нови олеснувања за купувачите на Чебрен и Галиште

08/07/2009 13:45:00
Големина на фонт: Decrease%20font Enlarge%20font
image

Владата со нови олеснувања за компаниите кои ќе треба да ги изградат хидроцентралите Чебрен и Галиште. Компанијата која ќе победи на тендерот кој треба да се заврши до крајот на годинава, од државната компанија за происводство на струја ќе добие изграден пат, нова трафостаница и мрежа за приклучување во електричниот систем, додека странскиот инвеститор ќе треба да се изгради само хидроцентралата со брана. Државата како дел од хидроцентралите го вклучил и ХЕЦ Тиквеш.

„Се предвидува ЕЛЕМ во целиот проект да учествува со експропријација на земјиштето за изградба на трафостаницата која ќе ја пренесува електрична енергија од хидроцентралите до линијата со висок напон. Потоа ќе обезбеди патиштата како и концесија за експлоатација на потребните минерали“изјави Фатмир Бесими  министер за економија

Новост во најновата понуда е и употребата на водата од акумулациите. Предност ќе има користењето на водата за пиење, па за наводнување, а на крај за производство на енергијата.


„Ако водата се употребува за други потреба, како што е за во водовод и за наводнување, освен употребата за производство на електричната енергија,  пропорционално ќе се продолжи рокот на  периодот за користење на хидроцентралите“ рече Фатмир Бесими  министер за економија

Во втората фаза од тендерот за Чебрен и Галиште има три квалификувани фирми. Тоа се германски ЕР – ВЕ – Е, италијански ЕНЕЛ и австриски ВЕРБУНД. Овие компании во наредниов месец можат да ја подигаат тендерската докумантација која можат да ја добијат во министерството за економија. Понудите за изградба на браните, кои ќе се реалзиараат според јавно приватно партнерство во кое ќе влезе и државниот ЕЛЕМ, со можно учество од 10 до 50 отсто, странските фирми можат да ги достават до 18 октомври. Според проценките изградбата на ХЕЦ Чебрен и Галиште се треба да чини околу 500 милион евра, додека нивниот капацитет ќе биде околу 600 мегавати.
Невзат Мамути


http://alsat-m.tv/mk/ekonomija/14963.html


Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #92 Posted: 09-Jul-2009 at 15:00
И една штура васт за „две електрани“ од вардарска долина, од 03.07.2009

http://www.build.com.mk/forum/forum_posts.asp?TID=296&PID=42519#42519
Back to Top
Dragan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Feb-2009
Location: Tetovo
Online Status: Offline
Posts: 1172
  Quote Dragan Quote  Post ReplyReply #93 Posted: 16-Jul-2009 at 11:26

ИЗГРАДБА НА ХИДРОЦЕНТРАЛИ ВО МАКЕДОНИЈА

ПОТПИШУВАЊЕ ДОГОВОР ЗА КОНЦЕСИЈА ЗА ВОДА СО ЕНЕРЏИ ЗОТЕР БАУ ЗА ИЗГРАДБА НА МАЛИ ХИДРОЕЛЕКТРИЧНИ ЦЕНТРАЛИ

Министерот за економија Фатмир Бесими и претставник од компанијата Енерџи Зотер Бау, во присуство на премиерот Никола Груевски, денеска ќе го потпишат Договорот за концесија за вода со кој компанијата доби вкупно 16 локации за изградба на мали хидроелектрични централи.

Вкупната проценета инвестиција на австриската компанија за изградба на мали хидроелектрични централи изнесува 10 милиони евра.

Вкупната инсталирана моќност на сите 16 локации изнесува 6,62 MW со планирано просечно годишно производство од 26,48 GWh. Централите треба да бидат завршени до јуни 2012.

Концесионерот треба во првата година да ги обезбеди сите потребни документи во согласност со законската регулатива на Република Македонија и да започне со градба. Во наредниот период ќе следи потпишување на договорите за концесија со останатите осум компании кои беа најуспешни понудувачи на првите два меѓународни јавни огласи.

Комисијата за активностите за мали и големи хидроелектрични централи врши евалуација на пристигнатите понуди по третиот меѓународен јавен оглас за изградба на 20 мали хидроелектрични централи со вкупна инсталирана моќност од 13,4 MW и просечно годишно производство на електрична енергија од 54 GWh.

По извршената евалуација ќе следи избор на најповолни понудувачи кои ќе бидат поканети да потпишат договор за концесија. По првите три, Министерството за економија ќе објави четврти меѓународен јавен оглас за изградба на мали хидроелектрични централи на кој ќе се објават од 30 до 40 локации.
http://www.sitel.com.mk/?ItemID=02F0138F7BC09642AFDFA36543B59C48
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #94 Posted: 16-Jul-2009 at 17:36

ПОТПИШАН ДОГОВОР ЗА КОНЦЕСИЈА ЗА ВОДА СО ЕНЕРЏИ ЗОТЕР БАУ

Министерот за економија Фатмир Бесими денеска во Владата потпиша Договор за концесија за вода со Роберт Зотер и Самоли Целески, претставници на австриската компанија Енерџи Зотер Бау, која доби вкупно 16 локации за изградба на мали хидроелектрични централи на двата меѓународни јавни огласи објавени во 2007 година.

Вкупната инсталирана моќност на сите 16 локации изнесува 6,62 мегавати со планирано просечно годишно производство од 26,48 гигават часови електрична енергија. Централите треба да бидат завршени до јуни 2012.

Со ова започна потпишувањето на договорите за изградба на мали хидроелектрични централи со деветте компании кои беа најуспешни понудувачи на првите два меѓународни јавни огласи за изградба на вкупно 88 мали хидроелектрични централи на територијата на Македонија.

Австриската компанија доби три локации со вкупна инсталирана моќ од 1,985 мегавати и просечно годишно производство од 8,6 гигават часови електрична енергија на првиот оглас објавен на 14 февруари 2007 година и 13 локации со вкупна инсталирана моќ од 4,542 мегавати и  просечно годишно производство од 16,7 гигават часови на вториот оглас објавен на 13 сетември 2007 година. Концесионерот, согласно договорот, треба во првата година по потпишувањето да ги обезбеди сите потребни документи во согласност со законската регулатива на Република Македонија и да започне со градба.

- Со потпишувањето на овој договор веќе почнува реализацијата на проектот за изградба на 400 мали хидроелектрични централи во Република Македонија со вкупна инсталирана моќност од 250 мегавати и просечно годишно производство од 1.200 гигават часови електрична енергија, вреден над 300 милиони евра. Досега Министерството за економија објави три јавни огласи за нивна реализација,  од кои првите два завршија, третиот е во фаза на евалуација, а наскоро ќе се објави и четвртиот на кој ќе се понудат 30 до 40 локации, рече министерот Бесими по потпишувањето на договорот.

Тој посочи дека во првиот оглас беа доделени 41 локација со вкупна инсталирана моќност од 47,3 мегавати и вкупно производство на електрична енергија од 189 гигават часови на годишно ниво, со проценета вредност од околу 45 милони евра. Во вториот оглас, како што кажа, беа доделени 24 локации со вкупна инсталирана моќност од 15,4 мегавати и вкупно производство на електрична енергија од 65 гигават часови на годишно ниво и проценета вредност од околу 17 милиони евра. Во моментов се врши евалуација на пристигнатите понуди по третиот меѓународен јавен оглас за изградба на 20 мали хидроелектрични централи со вкупна инсталирана моќност од 13,4 мегавати и просечно годишно производство на електрична енергија од 54 гигават часови електрична енергија.

Самоил Целески од Енерџи Зотер Бау рече дека компанијата има и знаење и средства и оти комплетно е подготвена да ја реализира инвестицијата за изградба на 16 мали хидроелектрични централи вредни околу 15 милиони евра, како и да учествува на наредните јавни огласи.

- Подготвени сме веднаш да започнеме со реализацијата на проектите и очекуваме помош од министерствата и локалната самоуправа за полесно добивање на потребните документи неопходни за реализација на проектите. Доколку дозволите за градба бидат навреме обезбедени во февруари наредната година планираме да ја пуштиме во употреба првата мала хидроелектрана. Делот од опремата за неа, кој е со подолг рок на испорака, веќе е нарачан, рече Целески.

Тој прецизира дека денешниот договор за концесија за вода го потпишала Енерџи Зотер ДООЕЛ Скопје, претставништвото на Energie Zotter Bau GmbH&Co KG од Австрија во присуство на сопственикот на австриската компанија Роберт Зотер. Во врска со добивањето лиценца од Регулаторната комисија за енергетика рече дека прво треба да биде готов објектот, со направен технички прием и добиена употребна дозвола, за да се аплицира за добивање дозвола, па потоа може РКЕ да додели лиценца за производство на електрична енергија.

Енерџи Зотер Бау веќе има сопствени проекти во Австрија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Бугарија, Романија, Полска и Словачка.

http://sitel.com.mk/?ItemID=259047EB1584224EBB23EED7A51984AB
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #95 Posted: 27-Jul-2009 at 12:19

Малку корист, многу штета од хидроцентралите

Изградбата на малите хидроцентрали ќе предизвика ненадоместливи штети врз природата и биодиверзитетот, предупредува Македонското еколошко друштво (МЕД). Тоа од поодамна апелира да се внимава на природата кога ќе се градат 400-те хидроцентрали во државата


%20
Експертизата на МЕД во која се вели дека изградбата на хидроцентралите ќе предизвика сериозни нарушувања и во заштитени подрачја како националните паркови е испратена до Владата и до неколку министерства.

- Економските ефекти од овој проект ќе бидат минимални, а ќе се појават ненадоместливи еколошки последици. При градбата на браните неминовно ќе се случи и големо уништување на природата - велат во Македонското еколошко друштво.

Една од забелешките е дека нема да се произведе толкаво количество струја за кое ќе вреди да се уништи дел од природата.

Апелите на еколозите не предизвикаа реакција од надлежните институции, а иницијативата ја поддржале меѓународни организации за заштита на природата. За случајот се заинтересирал и Генералниот директорат за животна средина на Европската комисија(ЕК).

Министерот за економија Фатмир Бесими минатата недела го потпиша договорот за концесија за вода со австриската компанија „Енерџи Зотер Бау“, со кој оваа фирма доби 16 локации во Македонија за до јуни 2012 година да изгради мали хидроцентрали. Вкупната проценета инвестиција на австриската компанија е 15 милиони евра. Во првата година, концесионерот треба да ги обезбеди потребните дозволи и да почне да гради на следните локации: Љубанска Река, Тораница, Малинска Река, Речанска, Дупница, Бањанска, Побошка, Отљанска, Станечка, Мала Река, Големача, Обедничка, Ораовица, Јутачка и две локации на Крива Река.

На првите два меѓународни јавни огласи се јавија осум компании. Владата допрва ќе ги потпишува договорите за концесија со нив. Во меѓувреме се врши евалуација на понудите за третиот меѓународен јавен оглас за изградба на уште 20 мали хидроцентрали. По првите три, Министерството за економија ќе објави четврти тендер на кој ќе се објават 30-40 локации за мали хидроцентрали.

http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=727910202&id=10&prilog=0&setIzdanie=21748
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #96 Posted: 02-Sep-2009 at 00:45

Хидроцентрала со јавно-приватно партнерство во Кичево

Советот на Општина Кичево ја поддржаа одлуката на Управниот одбор на Јавното комунално претпријатие „Комуналец“ да почне постапката за јавно-приватно партнерство за изградба и стопанисување мала хидроцентрала на гравитацискиот водоснабдувачки систем „Другово“, преку кој со вода за пиење се снабдуваат жителите на Кичево.

- Целта што сакаме да ја постигнеме со оваа хидроцентрала е да се искористи гравитацискиот систем за водоснабдување на Кичево, кој е изграден во 1979 година, без притоа да се наруши режимот за водоснабдување. Ќе се постигне поголема усогласеност на објектите од хидроцентралата и водоводот - истакна директорот на „Комуналец“, Бранко Ѓорѓиоски.

Причините зошто Јавното комунално претпријатие бара партнер за овој зафат се гледаат во недоволниот кадар обучен за планирање, изведување, експлоатација и одржување објект од ваков карактер, како и малкуте пари со кои располага „Комуналец“. Новоформираното друштво ќе го преземе правото на концесија за користење на водата за производство на електрична енергија, а правото за водоснабдување и понатаму ќе биде во рамките на „Комуналец“.

- Ова е одлична идеја, која требало и порано да се реализира бидејќи водоводот и така функционира на принципот на слободен пад на водата. Јавното комунално претпријатие пред десетина години доби дозвола за вршење на дејноста што вклучува и производство на струја, но дури сега се создадени можности тоа и практично да профункционира - вели правникот на „Комуналец“, Рајна Алексоска.

http://dnevnik.com.mk/?ItemID=6F55AFA56922F8498A686FF21BD391D1
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #97 Posted: 25-Sep-2009 at 13:52
Не пристигна ниту една понуда за ХЕЦ „Бошков мост“

Се прекинува постапката за претквалификација за изградба на ХЕЦ „Бошков мост“, бидејќи на меѓународниот јавен повик за пројавување интерес, објавен на 22 јуни годинава, до 15 септември, додека траеше рокот, не пристигна ниту една понуда.

Како што соопшти вчера Министерството за економија, на 22 септември пристигнал затворен плик, но тој не можел да се земе предвид, бидејќи е доставен по крајниот рок, односно на 18 септември.

„Тендерската процедура се одвиваше со ограничена постапка, со претквалификација, во согласност со Законот за концесии, Законот за води и други видови јавно приватно партнерство. До 18 септември, кога беше крајниот рок за доставување документација за изразување интерес, во Министерството не пристигна ниту една понуда“, е наведено во соопштението. Во согласност со Законот за концесии и други видови јавно приватно партнерство , врз основа на кој е објавен јавниот повик, треба да има најмалку две понуди од квалификувани кандидати, кои ќе бидат поканети да учествуваат во втората фаза и да достават понуди. Поради ова, Комисијата формирана од Владата за активности поврзани со спроведувањето на тендерската постапка за мали и големи ХЕЦ, констатира дека не е исполнет овој услов од Законот за продолжување на постапката. Меѓународниот тендер за ХЕЦ „Бошков мост“ беше објавен во „Службен весник“, „Дневник“, „Факти“ и „Фајненшл тајмс“. (МИА)



http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=A65CC22936C0DB4C87A9D8F19E91324D
Back to Top
bingo View Drop Down
Newbiе
Newbiе
Avatar

Joined: 25-Sep-2009
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 0
  Quote bingo Quote  Post ReplyReply #98 Posted: 25-Sep-2009 at 22:34
Ми треба мала помош. Ми требаат податоци за локациите за 60-те мали хидроелектрични централи (моќност, хидролошки податоци) што беа поделени на два јавни огласи. Ги имало на интернет страницата на Министерството за Економија но веќе не можам да ги најдам. Ако може некој да ми помогне однапред благодарам.



Edited by bingo - 25-Sep-2009 at 22:37
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #99 Posted: 01-Oct-2009 at 15:42
ВО КРИВОПАЛАНЕЧКО
Ќе се градат девет мини-хидроцентрали

Проточни мини-хидроцентрали ќе се градат на кривопаланечките цевководи за вода за пиење од Калин Камен и село Станци, реши локалната самоуправа. - Со идејниот проект на цевководот од Калин Камен до градскиот резервоар ќе се изградат пет проточни мини-хидроцентрали со интензитет од три милиони киловат-часови, а на потегот од селото Станци до фабриката за вода ќе се постават четири со интензитет од 1,7 милиони киловат-часови - истакна градоначалникот на Крива Паланка, Арсенчо Алексовски.
Произведената електрична енергија ќе ја откупува ЕВН, а се очекува годишната добивка да биде 570.000 евра, со што инвестицијата ќе се исплати за две години, додаде Алексовски.



http://vreme.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=2&tabid=1&EditionID=1827&ArticleID=122900
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #100 Posted: 01-Oct-2009 at 15:43

РВЕ без одлука за „Чебрен“ и за „Галиште“





 

Германската РВЕ е заинтересирана за изградбата на хидроцентралите „Чебрен“ и „Галиште“ и не побарала одложување на тендерската постапка

 

 
%20  
- Ние ги подигнавме документите, ги разгледуваме и анализираме дали е економски исплатливо да се влезе во овој проект. Конечна одлука сé уште нема, но доколку не е економски исплатливо, нема да учествуваме - ни изјави Торнстен Липарт, советник во РВЕ.

Според Липарт, од технички аспект секогаш има можности да се подобри постапката. Тој смета дека спорот помеѓу ЕЛЕМ и ЕВН нема влијание врз инвеститорите, но очекува проблемот да се реши брзо.

Од австриски „Вербунд“ вчера не сакаа да коментираат дали ќе достават понуда за „Чебрен“ и за „Галиште“.

РВЕ е една од најголемите енергетски компании во Германија и заедно со австриската „Вербунд“ учествуваше и на претходниот тендер за двете хидроцентрали, кој Владата го поништи. На повторниот повик годинава се јавија три реномирани европски компании РВЕ, „Вербунд“ и ЕНЕЛ од Италија. Последен рок за компаниите да достават понуди е 15 октомври.
 
   
Автор: А.С.Д.


http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=1019101534&id=10&prilog=0&setIzdanie=21801
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 34567 28>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.226 seconds.

Copyright ©2007 - 2024  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.