![]() |
![]() |
![]() |
Топлификација |
![]() |
Post Reply ![]() |
Page <1 345 |
Author | |
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
Без ТЕ-ТО ќе се случи ценовно цунами со парното во Скопје - Нова цена нема да има се до поставување на топловодите под Беласица
На скопјани им се закануваат жешки сметки за парно оваа зима. Се ќе зависи од тоа дали ЕСМ ќе успее да ги постави новите цевки на опожарениот мост Беласица. Додека Град Скопје и ЕСМ си ја префрлаат вината, се поизвесно станува дека новата грејна сезона ќе почне со големи проблеми кој ќе им се одразат на граѓаните. На разум повикува и првиот човек на регулаторна, кој предупредува на ценовен шок за парно. Битката за мостот Беласица трае речиси половина година. Од пожарот до денес, мостот беше затворен, потоа се чекаше Обвинителството за да можат експертите ангажирани од градот да направат проценка, а откако ја завршија се наложи ЕСМ да ги отстрани цевките и да постави нови. Во меѓувреме Град Скопје го пушти за сообраќај, но само со две ленти. Од АД ЕСМ скоро еден месец чекаат дозвола од градските власти и нејасно е до сега зошто не ја добиле. Велат се подготвени за монтажа и тврдат дека нема да има проблеми со парно греење. - Опожарувањето на мостот не е причина за одложување на стартот на следната грејна сезона, која почнува во октомври 2023 и сите потрошувачи ќе имаат сигурна и непрекината испорака на топлинска енергија. Од регулаторна веруваат дека нема да има поскапување на струјата оваа зима, но велат сепак зависи од цената што ќе ја понуди ЕСМ. https://sitel.com.mk/bez-te-kje-se-sluchi-cenovno-cunami-so-parnoto-vo-skopje-nova-cena-nema-da-ima-se-do-postavuvanje-na |
|
Carpe diem
|
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
„Новите згради мора да се приклучат на парно греење“: ЕСМ е исклучок од барањата за поскапување на парното
Во моментов кога повеќето компании бараат зголемување на цените за парно греење и до 50%, ЕСМ, која снабдува 90% од жителите на Скопје, останува исклучок, дознава ТВ21. Марко Бислимовски, претседател на Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ), изјави дека поволните цени на природниот гас би требало да влијаат на одржувањето на постоечките цени на парното греење. -Имаме поволно цени за приоден гас, очекувам дека тоа ќе влијае на цената на парното, вели Марко Бислимовски, претседател на РКЕ. Новина од оваа година е што веќе ги нема субвенциите, но пак за разлика од лани просечната цена на гасот е значително пониска. РКЕ е во процес на приготвување за главната седница на која ќе се одлучува за цените, закажана за понеделник. Еден од предизвиците за системот на централно греење во Скопје е поставувањето на новата топловодна цевка на мостот „Беласица“. Кога ЕСМ ќе ја постави новата топловодна цевка под овој мост, не успеавме да добиеме информација од прес службата. Ниту директорот не одговори на нашите прашања. Таму се чека новата Влада да постави ново раководство. Во моментов се користат алтернативни начини за пренос на топлинската енергија, но таа е со намален капацитет. Па доколку се случи, зимата да биде со температури длабоко под нулата, тогаш граѓаните би останале со ладни радијатори За подобро да се искористат постоечките ресурси, РКЕ предложила измена на законот кој би обврзал секоја нова зграда во своето одобрение за градба да наведе начин на греење, со задолжително приклучување на централниот систем доколку е можно. -Не може да проаѓа цевка за парно на сто метри од некоја зграда, а таа зграда да не се приклучи. И да им вели на граѓаните на струја да се приклучи. Значи ако имаме инфраструктура за топлинска енергија, ќе се греат на топлинска енергија, ако има инфраструктура за гас, таму ќе се користи гасот повеќе. Ако има, ако нема во ред е да се користи електрична енергија, вели Марко Бислимовски, претседател на РКЕ. Над 90 насто од корисниците во Скопје парно добиваат од ЕСМ која обединува три фирми со снабдување, производство и дистрибуција на топлинска нергија. Во системот е и Топланата Скопје север и енергетика. https://mk.tv21.tv/novite-zgradi-mora-da-se-prikluchat-na-parno-greene-esm-e-iskluchok-od-baranata-za-poskapuvane-na-parnoto/ |
|
Carpe diem
|
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
Цевките за топловодот на мостот „Беласица“ се уште се во тревата
![]() На месец ипол пред стартот на грејната сезона под мостот „Беласица“ нема никакви активности за поставување на цевките за топловодот. Поради пожарот што настана лани на полноќ, меѓу 11 и 12 мај, беа извадени старите и опожарени цевки, а беа донесени нови кои сеуште лежат во тревата покрај мостот, иако мостот одамна целосно е пуштен во сообраќај. ЕСМ требаше да ги постави цевките уште пред стартот на минатата грејна сезона, но тоа не се случи. Претседателот на Регулаторната комисија за енергетика, Марко Бислимовски стравува дека доколку имаме студена зима, можно е да има проблеми со снабдувањето со парно на дел од потрошувачите ако цевките од овој топловод не бидат поставени. Тој упати апел да се постави цевката пред почетокот на грејната сезона за да стане функционална. – Каква зима ќе имаме – никој не знае, дали ќе биде блага или со температури под нулата. Алтернативниот цевковод е со помал капацитет и доколку има студена зима, ќе има проблеми во снабдувањето на најголемиот дел од потрошувачите во Скопје, ако навреме не биде поставен цевководот под „Беласица“ – потенцира Бислимоски. https://www.vecer.press/cevkite-za-toplovodot-na-mostot-belasica/ |
|
Carpe diem
|
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
И оваа грејна сезона нема да потече топлина под мостот „Беласица“
Цевководот ќе биде поставен во наредните неколку месеци и ќе биде целосно подготвен за наредната грејна сезона. Дотогаш, испораката на топлинска енергија кон централниот дел од градот и понатаму, како и во изминатата грејна сезона, ќе се врши преку функционалниот крак на примарниот топловод А, вклучувајќи ги и количините што ги испорачува ТЕ-ТО. На тој начин, и понатаму целосно ќе се задоволуваат потребите на потрошувачите на топлинска енергија, дури и во случај на ниски надворешни температури, образложуваат од АД ЕСМ Топлинската енергија за потрошувачите нема да поминува под мостот „Беласица“. Од АД ЕСМ велат дека нема да бидат поставени цевките на топловодот за оваа грејна сезона. – Цевководот ќе биде поставен во наредните неколку месеци и ќе биде целосно подготвен за наредната грејна сезона. Дотогаш, испораката на топлинска енергија кон централниот дел од градот и понатаму, како и во изминатата грејна сезона, ќе се врши преку функционалниот крак на примарниот топловод А, вклучувајќи ги и количините што ги испорачува ТЕ-ТО. На тој начин, и понатаму целосно ќе се задоволуваат потребите на потрошувачите на топлинска енергија, дури и во случај на ниски надворешни температури – образложуваат од АД ЕСМ. Притоа, објаснуваат дека вложуваат сериозни напори за претстојната грејна сезона, која започнува на 15 октомври, да обезбедат сигурна и непрекината испорака на топлинска енергија до сите потрошувачи приклучени на дистрибутивната мрежа. – Поради исклучителната неспособност или незаинтересираност на претходните раководства на ЕСМ Дистрибуција на топлина и на АД ЕСМ, новите раководства на двете компании се судрија со огромен предизвик пред почетокот на годинашната грејна сезона, да преземат ургентни мерки за надминување на сите пречки што предизвикаа застој во поставувањето на цевководот – ги објаснија од АД ЕСМ причините за одолжувањето на поставувањето на цевките. Непречен почеток на новата грејна сезона беше една од темите и на неодамнешната средба помеѓу претседателот на Регулаторната комисија за енергетика, Марко Бислимоски, и генералниот директор на ЕСМ, Лазо Узунчев. Притоа, во исто време стана збор и за топловодот под мостот „Беласица“. Тогаш беше нагласено дека треба да се стави тој во функција и дека во иднина соодветно ќе бидат обезбедени новиот топловод и просторот за да се намали ризикот од повторување на случајот со опожарување на цевките. Мостот беше запален во мај минатата година. За пожарот, МВР поднесе кривична пријава против 37- годишен скопјанец, за предизвикување општа опасност, и тој веќе е во затвор за друго дело. https://www.vecer.press/i-ovaa-grejna-sezona-nema-da-potece-toplina/ |
|
Carpe diem
|
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
![]() ![]() ![]() |
|
Carpe diem
|
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
ПОРАДИ ДЕФЕКТ БЕЗ ПАРНО ОСТАНА РЕЧИСИ ЦЕЛО СКОПЈЕ
Речиси цело Скопје претпладнево остана без парно греење. Од „ЕСМ Снабдување со топлина“ соопштија дека поради зголемени загуби на вода во топлификациската дистрибутивна мрежа има намален квалитет во испораката на топлинска енергија. „Екипите на ‘Дистрибуција на топлина’ се на терен и активно работат на изолирање на проблемот, со цел воспоставување стабилен хидрауличен режим во системот и нормализација на снабдувањето со топлинска енергија. Се користат сите расположливи ресурси, а екипите преземаат засилени мерки и вложуваат максимални напори за што побрзо воспоставување на редовно снабдување со топлина до потрошувачите“, велат од „ЕСМ Снабдување со топлина“. Од таму упатуваат на Центарот за грижа за потрошувачи на телефонските броеви (02) 3076 200 и 075400100, за дополнителни информации. https://sdk.mk/index.php/dopisna-mrezha/poradi-defekt-bez-parno-ostana-rechisi-tselo-skopje/ |
|
Carpe diem
|
|
![]() |
Post Reply ![]() |
Page <1 345 |
Forum Jump | Forum Permissions ![]() You cannot post new topics in this forum You cannot reply to topics in this forum You cannot delete your posts in this forum You cannot edit your posts in this forum You cannot create polls in this forum You cannot vote in polls in this forum |