![]() |
![]() |
![]() |
Булевар Цветан Димов |
![]() |
Post Reply ![]() |
Page <1 3456> |
Author | ||
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
|
Целиот булевар „Цветан Димов“ во Чаир е поделен со бетонски барикади
![]() Синоќа, за време на полицискиот час, беа поставени бетонски барикади по целата должина на булеварот „Цветан Димов“, познат како Чаирчанка. Жителите од оваа зона очекуваа такво нешто, бидејќи првиот сегмент од патот се постави лани, но нивниот револт е поголем бидејќи бетонот го попречува, според нив, слободното движење. До некаде маат право, но сообраќајот е многу оптоварен, се надевам дека наскоро ќе го отстранат, бидејќи ако продолжи вака, не знам што ќе се случи. Единственото решение е да се исечат овие дрвја за да се прошири патот, нема друго решение или пак да се отвори тунелот под Кале“. Со децении, кошмар на секој возач е да го помине овој пат, бидејќи долгите колони предизвикуваат чекање и нервоза. Тие ги обвинуваат надлежните за тоа што не наоѓаат други решенија за паркирање и растоварување на сообраќајот на другите патни правци. Автомобилите ги зафатиле и тротоарите. „Моето мислење е дека е во ред затоа што минувачите минуваат на погрешно место или го вртат автомобилот тука, ова е добра идеја затоа што нема место за зеленило на средина затоа што патот е полн со продавници“. „И покрај поставувањето на бетонски огради тука на еден од најфреквентните булевари во главниот град „Цветан Димов “, сообраќајот сè уште е пренатрупан во екот на денот, како денеска“. Од Град Скопје велат дека ѕидот изгледа лошо, но единственото итно решение било поставување бетонски барикади. Градоначалникот Петре Шилегов рече дека тоа е направено за безбедноста на пешаците во таа област. И од општина Чаир велат дека ова е привремено решение сè до пуштање во употреба на електрични автобуси во главниот град. Минатата година беа поставени бетонски огради на овој булевар, што според надлежните органи го олесниле сообраќајот, додека граѓаните бараат друго долгорочно решение. https://alsat.mk/mk/tseliot-bulevar-tsvetan-dimov-vo-chair-e-podelen-so-betonski-barikadi/ |
||
![]() |
||
<Fresno> ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 13-Jun-2010 Online Status: Offline Posts: 1161 |
![]() ![]() |
|
После дебаклот на Орце Николов, тешко дека зелените ќе дозволат сеча на овој потег. Шала на страна, каков профил е планиран тука? По кој проект почна Коце да чепка некои сегменти?
|
||
![]() |
||
user8642 ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 18-May-2020 Online Status: Offline Posts: 2041 |
![]() ![]() |
|
Кој ги врти зелените, нама за тоа опасност. Два дена јадење бабури на твитер и толку е. Нема поеколошка работа од проточен булевар, а не застој со илјада коли што чурат од кои 50% <еуро4.
|
||
![]() |
||
Џоле ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 23-Apr-2013 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 15368 |
![]() ![]() |
|
Заборавете на проширување тука, нема доволно простор. Со сите тие продавнички, бурекџилници, чајџилници и сл. тротоарите се веќе тесни. Коце додаде една лента (од 2+1 направи 2+2) од раскрсницата кај Веро маркетот до булеварот кај раскрсницата пред Бутел, значи едно 500 метри се во прашање, бидејќи булеварот (Х. Т. Карпош) навлегуваше и делумно во Чаир (ориентационо, речиси до паркот кај стадионот). И вака е добро, без сите тие коли што вртат полукружно и луѓе што преминуваат улица кај е им текне безбедноста е веќе подобрена, само уште полицијата да си ја врши работата со паркираните возила што блокираат една лента.
Фактички, Коце го прошири булеварот Х. Т. Карпош, а не Цветан Димов. Edited by Џоле - 12-Jun-2021 at 09:55 |
||
За сè има вторпат
|
||
![]() |
||
FiLo ![]() Senior Member ![]() Joined: 26-Apr-2015 Online Status: Online Posts: 148 |
![]() ![]() |
|
Вакви бетонски блокади треба да се постават на сите булевари во Скопје каде што има само две полни линии бидејки претерано се престигнува преку две полни линии.
Затоа и пред некој ден беше сообраќајката на Борис Трајковски кај цементара. |
||
![]() |
||
Staro Skopje ![]() Senior Member ![]() Joined: 07-May-2013 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 2692 |
![]() ![]() |
|
Ако не се шири Цветан Димов, ќе мора пред БРТ-то да се направат бул. Хрватска, тунелите под Кале и ширењето на ул. Македонско-Косовска Бригада, можеби и улицата помеѓу Чаир и парк шумата Гази Баба и улицата од бул. Џон Кенеди до бул. Хрватска. Со тоа што сечењето на дрвјата (ако веќе не може да се пресадат) тука би било за воведување поеколошки јавен превоз и намалување на гужви, додека тоа на ул. Орце Николов беше непотребно. А бетонски блокади треба на сите булевари што немаат средишно зеленило. Па и на оние што имаат за да нема пешаци насекаде.
|
||
Градот убав никна, но го откорнаа
|
||
![]() |
||
zabegan ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 01-Jul-2008 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 7859 |
![]() ![]() |
|
изградба на недовршените булевари во градов треба да е приоритет број еден, а во меѓувреме може да се работи на креирање на клучки и понапредни кружни текови Edited by zabegan - 15-Jun-2021 at 00:11 |
||
Architects create dreams...politicians create nightmares
|
||
![]() |
||
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
|
ЧАИР ЌЕ ДОБИЕ БРТ НА НОВИОТ БУЛЕВАР ЦВЕТАН ДИМОВ
Градот Скопје денеска ја почна постапката за јавна набавка за изработка на основниот проект за реконструкција и изградба на булеварот Цветан Димов во општината Чаир, на потегот од крстосницата со улицата Џон Кенеди до крстосницата со булеварот Никола Карев. Проектната задача предвидува модерно булеварско решение со 6 коловозни ленти, по 3 во една насока, тротоари, велосипедски патеки, зеленило и ново осветлување по должината на целата траса од 1.100 метри. Од особена важност е фактот што на овој потег е предвидено да минува втората траса на БРТ системот на брз автобуски превоз која ќе се движи од Бутел до Кисела Вода. - Изградбата на овој дел од булеварот Цветан Димов е од исклучителна важност за жителите на општините Чаир и Бутел, од причина што ја врзува улицата Џон Кенеди со булеварите Крсте Мисирков и Никола Карев. Изработката на овој основен проект верувам дека ќе биде добра основа да се создадат услови веќе следната година да влеземе во реализација на изведбата на овој дел од булеварот Цветан Димов – рече на денешната прес-конференција градоначалникот Петре Шилегов. Значајно е да се нагласи дека со развојот на сообраќајната инфраструктура во северниот дел од градот, Градот Скопје создава услови кои директно влијаат на зголемување на мобилноста на жителите на овие скопски општини, што индиректно влијае и на подобрувањето на локалниот економски развој. - Придобивките од нашите заложби во овој дел во изминатите 4 години граѓаните веќе почнаа да ги чувствуваат и поздравуваат, што особено ме радува. Тоа, на некој начин е реализација на нашата визија за Скопје како еднаков град за сите жители кои во него го основале својот дом - нагласи градоначалникот Шилегов. https://www.facebook.com/CityofSkopje/ |
||
![]() |
||
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
|
Булеварот „Цветан Димов” ќе биде со шест ленти, ќе се уриваат објекти
Во тек на следната година ќе почне изградбата на булевар „Цветан Димов” во Општина Чаир. Ова денеска го најави градоначалникот на град Скопје, Петре Шилегов, кој истакна дека денеска започнува тендерот за негово проектирање. Ќе има шест коловозни ленти, централно зеленило, како и пешачки и велосипедски патеки. – Конечно еден од најгорливите проблеми во нашиот град ќе почнеме чекор по чекор да го надминуваме. Моите очекувања се 2 до 3 години од сега ќе зборуваме за сосема поинакво Скопје, за сосема поинаков Чаир. Ова неформално значи и изградба на втората траса на Бас Рапид Транзитот имајќи предвид дека тука имаме коридор по кој ќе се движи БРТ до железничката во Бутел – изјави Шилегов, кој додаде дека овој булевар ќе биде широк 29 метри. Воедно, Шилегов наведе дека ова проширување подразбира и експропријација на определен број објекти и нивно отстранување од причина што се наоѓаат на самата траса на изведба. Изведбата на овој проект според анализите на Град Скопје се проценува дека ќе изнесува до 6,5 милиони евра. – Свесен сум дека ќе уриваме неколку објекти, ќе го надоместиме тоа, но многу повеќе сум свесен дека тоа ќе биде трајното решени за овој дел од градот. Кога ќе ги ставите на кантар зијанот и користа што го добиваат граѓаните тогаш дефинитивно станува збор за еден поголем бенефит – рече Шилегов. Градоначалникот на Чаир, Висар Ганиу, истакна дека ова проширување е потребно и за град Скопје, и за жителите на Чаир. – Од голема важност е изградбата на овој булевар имајќи предвид дека општина Чаир е најгусто населено место во земјата. Оваа улица е единствена артерија што ги поврзува и другите општини Бутел и Шуто Оризари – изјави Ганиу. Инвестицијата, дополни, ќе придонесе за поврзување на останатиот дел од градот со булевар „Х. Т Карпош“ и обиколницата. https://plusinfo.mk/bulevarot-cvetan-dimov-e-bide-so-shest-lenti-e-se-urivaat-ob-ekti/?fbclid=IwAR1tucmrSi8NatTqFDIeqnakhs5JG8GdMlbPWI_YwN-zRzKUnIAlO15o8b0 |
||
![]() |
||
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
|
Ќе се отстранува бетонскиот ѕид во Чаир, ќе се прошири улицата, ќе се уриваат околни објекти
Бетонските банкини се поставија за регулирање на сообраќајот на улицата Цветан Димов во Чиар, но глетката не е баш пријатна, а со тоа се согласува и градоначалникот на Чаир. „Никогаш не сум рекол дека е добро решение, не е решение кое дава добар изглед.“. Денеска градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов заедно со градоначалникот на Чаир презентираа нов проект за решавање на секојдневните гужви на оваа улица. Според нив, се планира оваа улица да стане булевар со 6 коловозни ленти. Но за да се реализира такво нешто треба да се прошири улицата и да се урнат објектите кои се во близина на улицата. Иако се на крајот на мандатот, велат дека работите ќе започнат идната година. „Со работите, очекуваме следната година да започнеме и според направената анализа, две до три години ќе ни требаат за да биде пуштена.“, вели Ганиу. Екс градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски реагираше на социјалните мрежи. Тој вели дека Петре Шилегов прави проекти кои треба да се градат неколку години и кои ќе треба да ги плаќа идниот градоначалник. „Петре добро утро,помина денот тоест мандатот, веќе е зајдисонце и крај на мандатот. На неколку месеци пред избори панично започнуваш проекти кои ќе се градат повеќе години и треба да ги плаќа идниот градоначалник а тоа нема да бидеш ти. Сето ова го правиш само за да ја смениш сликата за себе од неработник сакаш со неколку сликање,две три изјави и разни ПР трикови да станеш работник“, напиша Трајановски. На овој булевар се предвидува да има и велосипедска патека и зеленило, а ширината на булеварот ќе изнесува 22 метри. Целиот проект според градоначалникот Шилегов би чинел 6 до 6.5 милиони евра. https://mk.tv21.tv/ke-se-otstranuva-betonskiot-zid-vo-chair-ke-se-proshiri-ulitsata-ke-se-urivaat-okolni-objekti/ |
||
![]() |
||
my Macedonia ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 09-Oct-2008 Location: 🇲🇰🇨🇭 Online Status: Offline Posts: 4094 |
![]() ![]() |
|
Пример имаш колку сакаш, од стопчиња до модерен метален ,,зид,, како по автопатите на европа. |
||
![]() |
||
my Macedonia ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 09-Oct-2008 Location: 🇲🇰🇨🇭 Online Status: Offline Posts: 4094 |
![]() ![]() |
|
Е ако ова би го направил Шиле, тогаш аллал нејка и е. Секој си бегал од вакви храбри решенија.
|
||
![]() |
||
zabegan ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 01-Jul-2008 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 7859 |
![]() ![]() |
|
|
||
Architects create dreams...politicians create nightmares
|
||
![]() |
||
<Fresno> ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 13-Jun-2010 Online Status: Offline Posts: 1161 |
![]() ![]() |
|
НаТочак: Одлуката за изградба на „Цветан Димов“ со шест коловозни ленти да се промисли
Иницијативата НаТочак реагира по вчерашната прес-конференција на Град Скопје дека почнала јавната набавка за изработка на основниот проект за реконструкција и изградба на булеварот „Цветан Димов“ во општина Чаир. Според најавите, тој треба да добие 6 коловозни ленти, по 3 во една насока, тротоари, велосипедски патеки, зеленило и ново осветлување по должината на целата траса од 1.100 метри. Од друга страна, НаТочак смета дека одлуката три пати треба да се промисли, тврдејќи дека улицата би станала доминатна за автомобили. „Сте се запрашале зошто ‘Партизанска’ и ‘Јане Сандански’ се поподносливи како булевари иако имаат многу ленти за автомобили? Затоа што содветно на асфалтот имаат голема површина со странично и централно зеленило, зашто имаат широки (за наши услови) велосипедски патеки и широки тротоари. Затоа што просторот е релативно пропорционално распределен“, забележуваат од НаТочак. Од слични причини, велат тие, булеварот „Климент Охридски“ е неподнослив и е автопатски пекол. Односно, посочуваат, затоа што на помала вкупна широчина добил ист број ленти за автомобили како горенаведените. „Затоа што просторот не е пропорционално распределен. Затоа што таа широчина нема капацитет за толку коловозни ленти. Taa широчина треба да добие помал број коловозни ленти“, напоменуваат вело-активистите. За споредба, посочуваат дека профилот на булеварот „Климент Охридски“ меѓу регулациони линии (јавниот простор: коловоз + вело + тротоар) изнесува 38 метри. На „Христијан Тодоровски Карпош“ и „АСНОМ“ велат дека изнесува 40 метри, на „Партизанска“ 50 метри, а на „Јане Сандански“ 60 метри. „Сите овие се со по 6 ленти на коловоз. Чувството е различно на сите зашто во различна широчина на уличен профил се ставаат ист број ленти за коли. Секогаш страда непропорционално зеленилото, пешачките патеки, велосипедските. А ‘Цветан Димов’ во спорниот сегмент е широк само 29 метри! За 9 метри помалку од булеварот ‘Климент Охридски. Со 6 коловозни ленти ќе бидат атмосферата и пропорциите дури и многу полоши од тие на Климент Охридски! И нема да има простор за зеленило во функција на пешачките и велосипедски патеки кои ќе бидат со минимални димензии, несоодветни за булевар. Додека на Партизански Одреди и Јане Сандански коловозот е 35-42% од целиот профил на улицата, на Христијан Тодоровски Карпош (новото продолжение) е 52.5%, на Климент Охридски е 55%, на Цветан Димов ќе биде околу 70%! Со тоа таа би станала веројатно најавтодоминираната улица во градот, далеку од планирање за 21-ви век по принципите #УлициЗаЛуѓе. Секако ова е само еден од аспектите кои заслужуваат внимание. Ова одлука мора 3 пати да се промисли“, се вели во реакцијата на НаТочак. Инаку, според вчерашните најави, основниот проект за реконструкција и изградба на „Цветан Димов“ во Чаир ќе важи за потегот од крстосницата со улицата „Џон Кенеди“ до крстосницата со булеварот „Никола Карев“. На овој потег е предвидено да минува и втората траса на БРТ системот на брз автобуски превоз која ќе се движи од Бутел до Кисела Вода. Според градските власти, со развојот на сообраќајната инфраструктура во северниот дел од градот, „Градот Скопје создава услови кои директно влијаат на зголемување на мобилноста на жителите на овие скопски општини, што индиректно влијае и на подобрувањето на локалниот економски развој“. Радио МОФ |
||
![]() |
||
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
|
Нема решение за метежот кај „Чаирчанка“ – бетонските прегради остануваат, сè уште нема план за нивно отстранување
„Вака изгледа сообраќајот во претпладневните часови на улицата „Цветан Димов“ позната како „Чаирчанка“. Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска за време на изборната кампања вети ново решение за овој дел од градот“, вели репортерката на ТВ21. Поминаа три месеци откако Арсовска беше избрана на прв човек на Град Скопје. ТВ21 ги праша градските власти – каков план имаат за решавање на овој проблем, но не добивме повратен одговор. Во меѓувреме, став побаравме и од општина Чаир, од каде рекоа дека има подготвеност за решавање на прашањето, но сепак не дадоа конкретен рок. „Со градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска разговаравме и начелно има подготвеност за решавање на проблемот со улицата „Цветан Димов“. Се договоривме бетонските прегради да бидат привремено решение и во наредните денови надлежните служби ќе излезат со идеја – кое решение би било најдобро и се разбира најдолгорочно. Важно е дека ја отворивме темата и што ќе најдеме долгорочно решение“, посочуваат од Општина Чаир. Инаку, бетонските прегради првично беа поставени за да го регулираат сообраќајот на улицата „Чаирчанка“, но сообраќајниот хаос и понатаму претставува голем проблем во текот на целиот ден. https://mk.tv21.tv/nema-reshenie-za-metezhot-kaj-chairchanka-betonskite-pregradi-ostanuvaat-se-ushte-nema-plan-za-nivno-otstranuvane/ |
||
![]() |
||
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
|
Се најавува проширување на улицата кај Чаирчанка, Ганиу: Ќе се врши експроприација на околните објекти
https://mk.tv21.tv/se-najavuva-proshiruvane-na-ulitsata-kaj-chairchanka-ganiu-ke-se-vrshi-ekspropriatsija-na-okolnite-objekti |
||
Carpe diem
|
||
![]() |
||
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
|
ЌЕ СЕ ВАДИ БЕТОНСКАТА ОГРАДА НА УЛИЦАТА ЦВЕТАН ДИМОВ ВО СКОПСКИ ЧАИР ПОСТАВЕНА ЗА ДА НЕ ПРЕТРЧУВААТ ПЕШАЦИ
![]() Ќе се отстранува бетонската ограда на улицата Цветан Димов во скопски Чаир. Оградата беше поставена во мај 2020 заради поголема безбедност на пешаците и велосипедистите. Градоначалниката Данела Арсовска, одговарајќи на новинарско прашање кога ќе биде отстранета оградата, рече дека тој ќе биде наскоро и најави нов проект за овој дел од градот. „Мислам дека ќе ве изненадиме многу наскоро. Тој е проект кој што го работиме заедно со градоначалникот на Општина Чаир Висар Ганиу. Морам да кажам дека нема да почнеме ниту еден проект додека не се решат сите ситуации за да се одвива реализацијата брзо и ефикасно. Ќе има целисходно решение за тој дел и заедно со градоначалникот Ганиу наскоро ќе го најавиме како нов проек за чаирчани“, рече Арсовска, не кажувајќи што предвидува новиот проект. Улицата Цветан Димов во Чаир со години важи за една од најнебезбедните улици во Скопје. Во овој дел од градот иако има пешачки мост никој не го користи, па кој како сака минува низ улицата. Возила постојано има испаркирано на коловозот и вртат полукружно иако тоа е забрането. Затоа, Град Скопје пред две години постави бетонска ограда висока еден метар во должина од 380 метри долж улицата. За да се разубави просторот на оградата беа нацртани и графити со имиња на деца кои секојдневно го минуваат овој дел. Ексградоначалникот Петре Шилегов заедно со градоначалникот на Општина Чаир Висар Ганиу лани во јуни на прес-конференција најавија проектот за проширување во булевар со 6 ленти на улицата која сега претставува тесно грло во градот. Беше кажано дека почната е постапката за изработка на проектот, по што во 2022 би стартувале градежните работи. Како што кажа тогаш Шилегов, проширување на улицата во булевар е потребно и заради воведувањето на втората фаза од Бас рапид транзит системот од Кисела Вода до Бутел, проект кој сега е стопиран од Арсовска. https://sdk.mk/index.php/dopisna-mrezha/ke-se-vadi-betonskata-ograda-na-ulitsata-tsvetan-dimov-vo-skopski-chair-postavena-za-da-ne-pretrchuvaat-peshatsi/ |
||
Carpe diem
|
||
![]() |
||
user8642 ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 18-May-2020 Online Status: Offline Posts: 2041 |
![]() ![]() |
|
И зашто?? Кога нема една причина нормална зашто да се извадат, само зголемена безбедност? Што сега, треба да сеуште "на мртвога германца шамар опалише"? Ете изгуби Шилегов на избори, доста ги бодете неговите проекти како да се некаква вуду кукла од Шилегов. Клошаришта жмровски!
![]() Edited by user8642 - 12-Jun-2022 at 13:47 |
||
![]() |
||
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
|
Проширувањето на „Цветан Димов“ ќе ја чека експропријацијата
До каде е проектот за проширување на булеварот „Цветан Димов“. Прашања испративме до Град Скопје и Општина Чаир. Од општинаа не ни дадоа детали до каде е постапката за експропријација и кога се очекува да се одржи презентацијата на проектот, упатувајќи не одговори да побараме во град Скопје. Проектот и буџетирањето за проширување на булеварот „Цветан Димов“ и сите процедурални фази му припаѓаат на Град Скопје. Општина Чаир дава целосна поддршка за реализација на овој проект, кој истовремено претставува долгорочно решение за сообраќајниот хаос на оваа улица“, велат од оопштина Чаир. Од Градот Скопје велат дека ги решаваат сите предизвици пред да почнат со реализација на проектот. За булеварот велат дека подготвуваат интерни акти за решавање на сообракајниот хаос. Еден месец по изјавата на градоначалничката на Градот Скопје, Данела Арсовска, дека жителите на Чаир ќе бидат изненадени од презентацијата на проектот за булеварот „Цветан Димов“,граѓаните се уште го чекаат планот. За проширување на овој булевар треба да се решат прашањата за експропријација – и некои објекти треба да се отстранат. Оние кои ги посетивме пред извесно време ни кажаа дека слушнале дека се планира проширување на булеварот за три ленти, но велат дека се уште не добиле официјално известување. Граѓаните кои тогаш ги анкетиравме беа скептични, некои не веруваа дека најавениот проект ќе се реализира, а некои сметаа дека ќе требаат години да се реализира истиот. Проширување на булеварот се ветува со години, но на терен ништо не е преземено. https://alsat.mk/mk/molk-od-nadlezhnite-za-proshiruvane-na-bulevarot-tsvetan-dimov/ |
||
Carpe diem
|
||
![]() |
||
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
|
Чаирчанка ќе се проширува следната година? – Ганиу: Во јануари почнува експропријацијата на околните објекти
https://mk.tv21.tv/chairchanka-ke-se-proshiruva-slednata-godina-ganiu-vo-januari-pochnuva-eksproprijatsijata-na-okolnite-objekti/ |
||
Carpe diem
|
||
![]() |
Post Reply ![]() |
Page <1 3456> |
Forum Jump | Forum Permissions ![]() You cannot post new topics in this forum You cannot reply to topics in this forum You cannot delete your posts in this forum You cannot edit your posts in this forum You cannot create polls in this forum You cannot vote in polls in this forum |