![]() |
![]() |
![]() |
Еуростандард банка |
![]() |
Post Reply ![]() |
Page <1 345 |
Author | |
Andrej_LJ ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2008 Location: Ljubljana Online Status: Offline Posts: 2954 |
![]() ![]() |
Кловер, не треба да се заборави дека заслужноста за складноста на целата целина во центарот не е на овој објект туку на сите останати кои изгледаат далеку подобро. Од мене една добра 4ка за објектов пред се заради конечното завршување.
|
|
"Тaм, където глупостта е образец, разумът е безумие." Гьоте
|
|
![]() |
|
UrbanFreak ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 28-Oct-2007 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 1732 |
![]() ![]() |
Од мене 2ка и тоа со сила дадена, ради почитуваната градежна линија раздвижувањето кое го прави во центарот. Друго се е ужасно, грдо, петпарачкао и фушерско.
|
|
![]() |
|
my Macedonia ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 09-Oct-2008 Location: 🇲🇰🇨🇭 Online Status: Offline Posts: 4094 |
![]() ![]() |
![]() |
|
pbanks ![]() Admin Group ![]() ![]() Joined: 01-Sep-2007 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 9141 |
![]() ![]() |
mymacedonia, веројатно останал само знакот, не верувам дека од Македонска банка има било што останато, особено не згради.
|
|
![]() |
|
Џоле ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 23-Apr-2013 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 15368 |
![]() ![]() |
Зградата на „Еуростандард“ понудена на аукција за 8,4 милиони евра
![]() Здружението на оштетни штедачи на Еуростандард банка реагира дека обвинителството молчи“ за организираниот криминал“, а имотот се продава. Нивните очекувања се дека со продажбата на зградата ќе се подмират дел од нивните побарувања Деловната зграда на Еуростандард банка, со површина од околу 4.000 квадратни метри е понудени на аукција, а нејзината проценета вредност е околу 8,4 милиони евра. Здружението на оштетни штедачи на Еуростандард банка реагира дека обвинителството молчи, а имотот се продава. „И додека обвинителството упорно молчи за организираниот криминал во Еуростандард банка, за продажба стигна и главната зграда на банката во строгиот центар на град Скопје. Понудена е за продажба на сите заинтересирани субјекти на објавениот објавениот оглас. Таа е една од малкуте останати вредни имоти кои не се украдени поради фактот што не можела и физички да биде украдена додека била и останала во сопственост на самата банка. Но, нејзината вредност останува да биде како утеха за оштетените депоненти, граѓани и фирми, дека сепак има останато нешто вредно од банката и дека не е се украдено“, велат од Здружението. Оттаму обвинуваат за „можното соучество на некои високо позиционирани политичари, банкари и сопственици на фирми во грабежот на Еуростандард банка“ и велат дека „можно е одлуката од обвинителството да почека подобри времиња кога навистина ќе сакаат да застанат на страна на граѓаните, а против криминалот“. „Лоцирана во строгото централно подрачје на град Скопје, со својата грандиозност и привлечност, главната зграда на Еуростандард банка беше симбол за стабилност и сигурност, верба во банкарска институција со која може да се соработува. И покрај фактот што во банката се случувал долгогодишен масовен грабеж на депозити без истиот да биде навремено спречен и санкциониран од Народната банка и останатите надлежни институции на прогонот, централната главна зграда на Еуростандард банка како градба останува да зрачи со својата атрактивност и привлечност. Најновата официјална проценка за вредноста на зградата вели дека нејзината сегашна пазарна вредност е во висина од околу 520 милиони денари или околу 8,4 милиони евра“, пишува во соопштението. Здружението забележува дека таа е една од малкуте вредни имоти кои останаа во рамките на стечајната маса и која сега се нуди за продажба. „Тоа е можност за сите заинтересирани домашни и странски субјекти да навремено достават банкарска гаранција или да извршат уплата на депозит за учество на јавната електронска продажба на зградата согласно условите наведени во огласот. А огласот кажува дека електронското надавање за главната зграда на банката е закажано и ќе се случи на 15 март оваа година. Сите оштетени депоненти од Еуростандард банка посакуваат успешно идно користење и берикет на најдобриот понудувач и купувач на зградата“, велат од Здружението на оштетни штедачи на Еуростандард банка. https://www.slobodenpecat.mk/zgradata-na-eurostandard-ponudena-na-aukcija-za-84-milioni-evra/ |
|
За сè има вторпат
|
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
ПАНТЕЛЕОН ГС ПОНУДИ 5.36 МИЛИОНИ ЕВРА ЗА ЗГРАДАТА НА ЕУРОСТАНДАРД БАНКА Дали ќе биде успешна третата аукција?
На третата по ред електронска лицитација за продажба на зградата на Еуростандард банка понудата на компанијата Пантелеон ГС беше избрана за најдобра. Сега останува во следните денови стечајниот управник и собранието на доверители само да го потврдат купопродажниот процес. Пантелеон ГС, со цел да понуди реална цена, ја ангажираше независната интернационална ревизорска куќа РСМ Македонија. Ревизорската процена беше направена во декември 2022 година во присуство на претставник од стечајниот управник, а по стандардизирана методологија за евалуација на недвижен имот, соглано законски усвоена методологија, професионално и непристрасно почитувајќи го кодексот на етика. Објектот вклучува 1.977 м2 канцелариски простор, 1.512 м2 под земја наменети за трезор, архива, помошни простории и 20 паркинг места, или вкупна површина од 3.489 квадратни метри. Објектот ревизорската куќа РСМ Македонија го процени на 5,3 милиони евра, додека износот кој Пантелеон ГС го понуди изнесува 330 милиони денари (или 5.360.624 евра). На оваа аукција ѝ претходеа две неуспешни. Од продажбата на објектот треба да се обесштетат штедачите на пропаднатата Еуростандард банка. https://plusinfo.mk/panteleon-gs-ponudi-5-36-milioni-evra-za-zgradata-na-eurostandard-banka-dali-e-bide-uspeshna-tretata-aukci-a/?fbclid=IwAR1lLBVbUlBpwNfiLrs5ZEYxN9n8Aki0Gl8CCbpB1b6HmGxQ6HBP_lxk2cU |
|
Carpe diem
|
|
![]() |
Post Reply ![]() |
Page <1 345 |
Forum Jump | Forum Permissions ![]() You cannot post new topics in this forum You cannot reply to topics in this forum You cannot delete your posts in this forum You cannot edit your posts in this forum You cannot create polls in this forum You cannot vote in polls in this forum |