![]() |
![]() |
![]() |
Коридор 10 |
![]() |
Post Reply ![]() |
Page <1 34567 9> |
Author | ||
Dexter26 ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 19-Nov-2010 Online Status: Offline Posts: 2035 |
![]() ![]() |
|
Готово сега, тоа е веќе јасно. И се разбира дека нема да ги поштедам нашинците од критиката дека ова е очајнички, идиотски, несериозен и пред се, тапа потег од нивна страна, со цел да демонстрираат некаква лажна одлучност и лажна решителност при обновувањето на македонските железнички пруги. ![]() Edited by Dexter26 - 11-Nov-2012 at 17:45 |
||
![]() |
||
mr bombastic ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 10-Jun-2011 Online Status: Offline Posts: 420 |
![]() ![]() |
|
Не ми е јасно како ќе се одвива сообраќајот додека трае реконструкцијата на овие делници?
|
||
![]() |
||
BOJAN ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 09-Sep-2008 Location: SKOPJE Online Status: Offline Posts: 3438 |
![]() ![]() |
|
Се работи за меѓународен коридор, така што целосно затворање на пругата сигурно нема да има. Мислам дека ќе се работи во одредени периоди од денот, може да дојде до промена на возниот ред на одредени патнички и товарни возови, некои може привремено да се укинат, а на делницата на која се работи возовите ќе сообраќаат со минимална брзина од 20 км/ч. Пак ќе кажам, ова се мои претпоставки. Доколку има било каква промена на возниот ред, тогаш би имало соопштение од МЖ-Инфраструктура. |
||
![]() |
||
zookisk ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 26-Dec-2008 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 334 |
![]() ![]() |
|
Воведен е затвор на пруга секој ден од 09:00 до 17:00 часот се додека трае реконструкцијата... |
||
![]() |
||
mr bombastic ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 10-Jun-2011 Online Status: Offline Posts: 420 |
![]() ![]() |
|
Информација - Објава на тендер![]() На 17.01.2013 година се објавува тендер за ремонт на железничката делница од Коридорот 10 помеѓу Ногаевци и Неготино во должина од 31 километар. Последниот ремонт на горенаведените пруги е извршен во 1967 година ( пред 46 г.) Ремонтот ќе се состои од комплетна замена на дотраените дрвени прагови со армирано- бетонски прагови, комплетна замена на шините со нови, прочистен стариот и надополнет со нов толчаник. Постоечките 6 ( шест )патни премини во ниво ке бидат изработени со горен строј од рециклирана гума и нов асфалтен приод во должина од 20 метри од двете страни, со што значително ке се подобри безбедноста при поминување на возилата преку патните премини.Исто така се планира пероните на 6 ( шест )стојалиштата да се реконструираат со вградување на нови армирано-бетонски елементи. Ова представува вториот тендер од предвидениот ремонт на 55 км пруга на Коридорот 10 , со финансиска подршка преку заем од ЕБОР во висина од 17.6 милиони евра. Со првиот тендер беше опфатен ремонтот на делниците Табановци – Куманово и Миравци – Смоквица во должина од 24 километри кој е во тек . Вкупна реализација на кредитот од ЕБОР со ремонт на делниците опфатени со двата тендера ке биде завршен до крајот на 2014 година. Бенефит од ремонтот е овозможување на возење со проектираната брзина од над 100 км/час и зголемување на сигурноста во железничкиот сообраќај, а со тоа и зголемување на квалитетот на превозот на патниците и транспортот на стоки. www.mzi.mk/news-info.php?id=163 |
||
![]() |
||
MIKI1 ![]() Senior Member ![]() Joined: 14-Jan-2011 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 313 |
![]() ![]() |
|
tomo441, мало дополнување кон Твојов пост. Не се работи за фолија, туку се работи за т.н. геотекстил. Тоа е синтетички материјал, произведен со ткаење, пакуван во ролни, кој се вметнува во проектираното место во одреден објект, најчесто при темелење, изведување насипи под пруги и патишта, насипи за речни корита и сл. Геотекстилот, кој се вградува со одреден облик, најчесто со преклопување и свивање, служи за задржување на обликот од материјалот кој се обвива со геотекстилот и така обвиениот материјал, ја задржува својата форма, носивост и стисливост, со тек од времето не ги губи своите механички својства, не се меша со околните материјали, а пропушта природно движење на подземните води. Во поразвиените земји, не само новите, туку и постарите железнички правци веќе се реконструирани со ваков тип материјал, кој е прилично евтин, а врши голема работа. Edited by MIKI1 - 23-Jan-2013 at 12:58 |
||
![]() |
||
BOJAN ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 09-Sep-2008 Location: SKOPJE Online Status: Offline Posts: 3438 |
![]() ![]() |
|
Започната ли е реконструкцијата на првите две делници од Коридорот 10? Има ли некој подетални информации околу проектот, дали се работи на терен, на кој начин се врши реконструкцијата? Фотографии би биле одлична работа, особено во сегментот на машинското отстранување на дотраените материјали и поставувањето нови прагови и шини.
|
||
![]() |
||
BOJAN ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 09-Sep-2008 Location: SKOPJE Online Status: Offline Posts: 3438 |
![]() ![]() |
|
Колку ни е конкурентен Коридорот 10 или пак зошто треба да очекуваме и понатамошен пад на обемот на превоз на стоки:
Како Македонската железница, од крстосница, стана слепо црево на Балканот? Железничкиот Коридор 10 ( север-југ) полека ја губи конкурентноста во однос на Коридорот 4 ( исток-запад). Застарената инфраструктура, царинските формалности и задржувањето на граничните премини во регионот се повеќе ги пренасочуваат европските компании да го користат Коридорот 4, правец кој почнува од Германија, минува низ Чешка, Унгарија, Романија, Бугарија до Турција. Битката за транспортните железнички коридори стигна до точка на вриење. Нов удар за, и така слабата конкурентност на Коридорот 10 зададе Бугарија која неодамна ги намали цените за пристап кон железничката инфраструктура на Коридорот 4 и со тоа ја зголеми предноста пред Коридорот 10 кој поминува низ Македонија. Ваквиот поразителен податок е нотиран во годишниот извештај за работата на Агенцијата за регулирање на железничкиот сообраќај лани, доставен до Собранието. „Бугарското регулаторно тело не извести дека ја намалуваат таксата за пристап по возен километар од 4 евра на 2,7 евра. Со оглед дека надоместокот за пристап на Коридорот 10 кој поминува низ Македонија се уште изнесува 5 евра по возен километар, може да се каже дека истиот станува неконкурентнен во однос на Коридорот 4 кој поминува низ Бугарија“, се вели во извештајот на Агенцијата. Експертите констатираат дека штом еднаш се воспостават токовите на стоки преку Коридорот 4, Коридорот 10 ќе биде испратен во историјата. „Не е потребно да се има само добра инфраструктура, неопходно е транспортот по пругите да биде евтин и на тој начин да се убедат компаниите да ги користат услугите на Коридорот 10 наместо на Коридорот 4“, велат добро упатени експерти во железничкиот бизнис.. Единствена можност македонската железница да ги намали цените за пристап до инфраструктурата е да успее да го зголеми нивото на транспорт, состојба која најбрзо може да се постигне со либерализација на железничкиот превоз и влез на приватни оператори. Но, уште минатата година Владата донесе конена одлука да забрани либерализација на Железницата под изговор дека влезот на приватни оператори во земјава ќе значи низа отпуштени работници од МЖ Транспорт. Во замена за либерализацијата, Владата вети зајакнување на позицијата на националната железничка транспортна компанија преку обнова на возниот парк и набавка на нови товарни и патнички вагони, но истите треба да се испорачаат дури во 2016 година. Обемот на товарниот превоз со Железницата во слободен пад Во меѓувреме, железничкиот товарен сообраќај е во континуиран пад, како по обемот на поминати километри така и во обемот на превезена стока. Лани со железница биле превезени 2.538.879 тони разновидна стока што е за 8,36% помалку од 2011, додека обемот на превоз изразен преку тонски километри изнесувал 422. 983. 411 нето тонски километри што е за 11,68% помалку од 2011 година. Минатата година се остварени 726 илјади возни километри во товарниот сообраќај што е за 17,78% помалку од 2011 година. Ако се земе предвид дека токму возните километри се основа за пресметка на надоместокот за користење на железничката инфраструктура, која управителот на инфраструктура го наплаќа од превозниците, тогаш станува јасно дека нема пазарна логика за намалување на цената за надоместок за користење на пругите. Во земјава, железницата се уште најмногу ја користат компаниите од металопреработувачката и рударската дејност како и нафтената индустрија.. Патниците незадоволни од услугите на Железницата Минатата година не е констатиран само пад на товарниот железнички сообраќај туку и на бројот на патници кој лани се намалил за 28,83% во споредба со 2011 година. Агенцијата за железнички сообраќај нотирала и дека во крајно лоша состојба се наоѓаат железничките станици во земјава кои не се доволно осветлени, имаат необележани перони а хигиената е на незадоволително ниво. Констатирано е и дека Железницата е во дефицит со капацитети согласно потребата за превоз на патници особено за време на викенди и државни празници.. Агенцијата за железнички сообраќај се уште не може да си ги наплати побарувањата Иако уште лани, Агенцијата за регулирање на железничкиот сообраќај предвидела изработка на неколку методологии за оценување на квалитетот на услуги на патниците, на железничките превозници како и анализа на пазарот на железнички услуги на конкурентноста во однос на патниот сообраќај, ниту една од нив не се реализирала поради недостаток на финансиски средства. Агенцијата за регулирање на железничкиот сообраќај, лани им тарифирала вкупно 130 илјади евра на двете јавни претпријатија МЖ Инфраструктура и МЖ Транспорт како годишна такса за регулирање на пазарот на железничките услуги. Од овој износ 30% биле фактурирани на МЖ Инфраструктура а 70% на МЖ Транспорт. Парите требало да бидат уплатени на сметка на Агенцијата најдоцна до 30 септември, ама до крај на минатата година, Инфраструктура извршила делумна уплата од 33 илјади евра, а МЖ Транспорт се уште ги немала подмирено обврските. С.Н Извор: интернет - портал „Фактор“, http://faktor.mk/archives/40476 |
||
![]() |
||
daci92 ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 10-Dec-2012 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 1937 |
![]() ![]() |
|
Да прашам дали некој знае што стана со рехабилитацијата на Коридорот 10 ,до каде е , што е поправено до сега ,дали се работи активно на терен и такви работи ?
|
||
![]() |
||
BOJAN ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 09-Sep-2008 Location: SKOPJE Online Status: Offline Posts: 3438 |
![]() ![]() |
|
Друже, на линков можеш да прочиташ повеќе информации за постоечката реконструкција на делниците: http://www.mzi.mk/news-info.php?id=177&&cat=7
|
||
![]() |
||
daci92 ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 10-Dec-2012 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 1937 |
![]() ![]() |
|
Гледам добро оди на Миравци- Смоквица ,само неможев да најдам информации за Куманово- Табановце па се надевам дека и таму иде добро.
|
||
![]() |
||
axel ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 08-Dec-2009 Location: kumanovo Online Status: Offline Posts: 3654 |
![]() ![]() |
|
Возовите заглавија на старата пруга Дали „Вибе“ ќе ја продолжи реконструкцијата на Коридорот 10 по банкротот на „Алпине“ Сања Наумовска http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=8B64F2DA8C9EDF41A2E7DDBBD994BA5A |
||
![]() |
||
BOJAN ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 09-Sep-2008 Location: SKOPJE Online Status: Offline Posts: 3438 |
![]() ![]() |
|
И во овој текст нема јасен став на МЖ-Инфраструктура, едноставно треба да излезат во јавност и да кажат што се случува, работава овде е maybe
|
||
![]() |
||
daci92 ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 10-Dec-2012 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 1937 |
![]() ![]() |
|
Незнам дали има некоја компанија кај нас домашна која има таква машинерија да може да ја изврши обновата доколку има мислам дека би можело да се направи некаков директен договор со таа компанија да ја доврши реконструкцијата на тие 3км кој фалат и да не биде никаков проблем со роковите ,мислам дека и кредиторите би биле разумни за ова решение за директен договор во 4 очи само за побрзо завршување на делниците.
Бојан не е само тоа проблемот ,погледни колку објекти градат Алпине кај нас и во соседна Србија од кој во Србија ако не се лажам ги градат и двете делници на автопати кој моментално ги гради Србија кон Македонија и Бугарија, а никаде нема јасен став ниту од подрачните компании ниту од инвеститорите. |
||
![]() |
||
Џоле ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 23-Apr-2013 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 15368 |
![]() ![]() |
|
Пругата од Ногаевци до Неготино ќе се реконструира
Денеска ќе се потпише договорот за ремонт на пругата од Ногаевци до Неготино на Коридор 10. Овој проект е финансиран од ЕБРД со финансиска вредност од 10 милиони евра. Според раководството на Железница Инфраструктура, бенефитот од ремонтот на пругата долга 30 километри е зголемување проектираната брзина од 100-120 км/час и зголемување на сигурноста во железничкиот сообраќај. http://ekonomski.mk/?p=47754 |
||
За сè има вторпат
|
||
![]() |
||
zookisk ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 26-Dec-2008 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 334 |
![]() ![]() |
|
Двајцата директори меѓу другото разговараа за поставување на заедничка станица каде ќе се врши примопредавањето на возовите, а разгледана е и опцијата за повторно воведување на патничкиот воз до Солун: - Ќе се обидеме да го воведеме тој воз, но се зависи од тоа колку е исплатливо да се воведе таа линија. Не треба да се доведеме во ситуација да влеземе во загуба, истакна Асани на прес-конференцијата по средбата.
|
||
![]() |
||
Џоле ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 23-Apr-2013 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 15368 |
![]() ![]() |
|
За три и пол пати намален железничкиот транспорт под Коридор 10
Поради лошата железничка инфраструктура, за три и пол пати е намален железничкиот транспорт по Коридорот 10, во споредба со периодот пред економската криза. Од МЖ Инфраструктура велат дека состојбата во која се наоѓа Коридорот 10, го прави далеку понеконкурентен од Коридорот 4. Честите штрајкови на грчките работници, дополнително го отежнуваат сообраќајот. Директорите на Македонската и грчката железница, кои по 25 години пауза, конечно се сретнаа да разговараат за проблемите и да ја интензивираат соработката, објаснија дека штрајковите не им создаваат големи загуби на бизнисмените, бидејќи тие однапред се најавени и транспортот се регулира според нив. За да забрза и олесни транспортот по Коридор 10, денеска МЖ Инфраструктура потпиша Договор со бугарската фирма ЦК-13 Холдинг ЈСЦ, за реконструкцијата на железничката пруга од Ногаевци до Неготино. Со тоа ќе се заокружи санирањето на 28-те црни точки на железничките пруги низ државата, каде возовите мораат да се движат со намалена брзина, поради старите и дотраени пруги. За реконструкција на оваа делница, се обезбедени 9.5 милиони евра од Европската банка за обнова и развој. Последниот ремонт на делницата Ногаевци-Неготино е извршен пред дури 45 години. http://www.alfa.mk/News.aspx?ID=60050#.UebYRo0wfTo |
||
За сè има вторпат
|
||
![]() |
||
Cloverstack ![]() Admin Group ![]() ![]() Joined: 01-Sep-2007 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 12453 |
![]() ![]() |
|
Интересна вест ама поминала незабележана на форумов.
Колку и да е неизвесен рокот во кој би се извело ова, добро е што сериозно се работи на проектна документација ![]() Но она што навистина многу ме чуди е фактот како воопшто може во 2013 година, макар една од варијантите да предвидува едноколосечна пруга со проектирана брзина од 120 km/h за оваа толку важна делница. Не само што е дел од пан-европски коридор, туку е и најважната железничка отсечка во Македонија. Со оглед како се развиваат железничките технологии, додека ова се реализира, таа брзина ќе биде смешна и потполно неадекватна. Добро е што консултантите преку споредбата на проценетите трошоци во суштина ја маркирале таа варијанта како бесмислена. Инаку колку што можам да заклучам, барем дел од кракот што ќе се формира од старата пруга (од Орешани до местото каде што ќе биде потопено) би можел да остане во функција како дел од приградска железница или слично.
|
||
![]() |
||
Cloverstack ![]() Admin Group ![]() ![]() Joined: 01-Sep-2007 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 12453 |
![]() ![]() |
|
![]() Еве ја и мапата во поголема резолуција (иако може да се кликне и на тамбот во самата вест) Бело - нова пруга на површина Портокалово - тунели Цијан - мостови Темно сиво - постоечка пруга Може добро да се види и локацијата на предвидената брана и површината на идното вештачко езеро ![]() ![]() |
||
![]() |
||
BOJAN ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 09-Sep-2008 Location: SKOPJE Online Status: Offline Posts: 3438 |
![]() ![]() |
|
Консултантите ја проектирале бидејќи знаат дека ние ќе ја избереме верзијата за изградба на пруга до 120 километри на час. Истиот случај е и со пругата од Коридорот 8. Од консултантската куќа неколку пати нагласија дека ја преферираат и ја препорачуваат опцијата за изградба на двоколосечна пруга со максимална брзина од 160 километри на час. На настанот во Дом на АРМ беа 10 луѓе, со се новинарите. Интересот е толкав за ваков проект.
Инаку се сложувам, постоечката пруга до Зелениково треба да остане во функција за градска железница, од овој регион има доста корисници на возовите, така што ако правиме ваков проект во иднина, таа ќе биде од полза. |
||
![]() |
Post Reply ![]() |
Page <1 34567 9> |
Forum Jump | Forum Permissions ![]() You cannot post new topics in this forum You cannot reply to topics in this forum You cannot delete your posts in this forum You cannot edit your posts in this forum You cannot create polls in this forum You cannot vote in polls in this forum |