Или е ова тенденциозно известување или не е проверена цената од нивна страна или грешка место 390-490.
Ви текнува како се пишуваше за Wizz, стално најниската цена. Но може овие не се со владини субвенции. Проверете, повеќето датуми се по 190 евра правец со вклучен багаж, такси.
За 2 недели треба да летам за Копенхаген, бидејќи до сега се немам возено со авион, навистина не знам ни каде да почнам да барам билет. Ако може мала помош и некоја препорака?
За 2 недели треба да летам за Копенхаген, бидејќи до сега се немам возено со авион, навистина не знам ни каде да почнам да барам билет. Ако може мала помош и некоја препорака?
imas dve opcii
1. so Wizz (http://wizzair.com) Skopje - Malmö, i onda so bus Malmö Airport - Kopenhagen
2. so Adria, Austrian ili Jat
ako si privatno i sakas da zastedis pari prvata opcija bi trebalo da e najpovolna , ( pogotovo ako si bez bagaz) , ako si na biznis trip ili cenata ne e presudna idi so Austrian ili Adria (poudobno e )
Операторот од Дубаи ја стартува првата директна авионска рута меѓу Обединетите Арапски Емирати и Република Македонија
Скопје, Република Македонија, 22 октомври 2012 година: Првиот лет на flydubai меѓу Дубаи и Скопје беше лансиран денеска. Тоа го означи отворањето на 15-тата патничка рута во Централна и Источна Европа на иновативната нискотарифна авиокомпанија.
Летот, со ознака, FZ791, го напушти Терминалот 2 на аеродромот во Дубаи во 9.15 часот и слета на скопскиот "Александар Велики" во 12.40 по локално време. Извршниот директор на flydubai, Гаит Ал Гаит, беше пречекан од министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески и од главниот оперативен директор на "ТАВ холдингс", Мурат Орнекол. По поздравот со водени топови на слетување, Ал Гаит имаше традиционален пречек со леб и сол, а потоа делегацијата одржа прес-конференција во терминалот на аеродромот.
Извршниот директор на flydubai, Гаит Ал Гаит, рече: "над 40 отсто од нашиот развој на авионски рути годинава се одвиваше во Централна и во Источна Европа. Со додавањето и на Скопје, ние ги поврзуваме Обединетите Арапски Емирати со уште еден пазар што досега не беше доволно опслужуван. Ова ја илустрира нашата посветеност на регионот и во исто време, отвора можности за соработка со различни нации".
Според министерството за надворешна трговија на Обединетите Арапски Емирати, обемот на стока тргувана помеѓу ОАЕ и Македонија во 2011 се зголемил за 80 проценти споредено со претходната година, а текстилот бил најбараната индустрија.
-Нискотарифните авиопревозници како flydubai нудат превоз по значително пониски цени во споредба со регуларните авиопревозници. Регионите во кои тие оперираат мошне често доживуваат брз економски развој. Вклучувањето на Скопје како дестинација во понудата на компанијата flydubai е значајно од причина што на овој начин Скопје, освен со Дубаи, индиректно се поврзува и со повеќе од 50 дестинации ширум светот на кои оваа компанија оперира”- рече Миле Јанакиески, министерот за транспорт и врски.
Како што објави Светскиот совет за патување и за туризам, вкупниот придонес на овие две гранки во бруто домашниот производ на Македонија се очекува да расте по пет отсто годишно во следната деценија. Туристите се привлечени од македонската историја како родна земја на Александар Велики, 1.500 години старата скопска тврдина "Кале" и Охридското Езеро.
- Лансирањето директна линија на релација Скопје-Дубаи дефинитивно ќе има многу позитивен ефект пред се за бројната македонска дијаспора во Австралија. Времетраењето на летот и бројот на аеродромски конекции со овој лет драматично се намалува со што Македонците кои живеат во Австралија сега многу побрзо и полесно ќе можат да стигнат до Скопје. Но со директен лет, не само граѓаните на Македонија туку и жителите на соседните земји сега ќе можат преку скопскиот аеродром “Александар Велики директно да летаат до Дубаи ”- истакна Мурат Орнекол, главниот оперативен директор на ТАВ Холдинг, кој оперирира со македонските аеродорми.
Скопје е второто проширување на централно и источноевропската мрежа на flydubai изминатиов месец, по почетокот на летови во Букурешт, главниот град на Романија, на 1 октомври. Авиокомпанијата сега опслужува 15 дестинации во Азербејџан, Ерменија, Грузија, Романија, Русија, Србија, Туркменистан, Украина и од денеска, во Република Македонија.
Детали за летот
Летовите за Дубаи ќе оперираат двапати неделно, во понеделник и во четврток. Летот со ознака FZ791 ќе полетува од вториот терминал на меѓународниот аеродром во Дубаи во 9.15 часот и ќе слетува на "Александар Велики" во Скопје во 12.40 часот по локално време. Повратниот лет, со ознака FZ792 ќе го напуштa главниот град на Македонија во 13.25, а ќе пристигнува во Дубаи во 20.35 по локално време.
Билетите за повратните летови од Дубаи до Скопје ќе можат да се купат по почетна цена од 380 евра. Тие ги вклучуваат сите такси плус пријавен багаж до 20 килограми, едно парче рачен багаж до седум килограми и еден мала рачна или лаптоп-торба. За седиште со дополнителен простор за нозете се доплаќа 21 евро. Во леталото, патниците можат да изберат од долгата листа понуди, што вклучува пакети за забава во текот на летот со цена од 2 евра, разновидно мени со освежувачки пијалоци и производи што не подлежат на царина.
Билети за летовите меѓу Скопје и Дубаи можат да се купат од официјалната интернет-страница на компанијата (www.flydubai.com), од телефонскиот центар (02 321 1133 и 02 321 1576) и преку травел-партнерите и flydubai травел-продавниците. Детали за изнајмувањето автомобили преку авиопревозникот како и за осигурување, исто така, се достапни на интернет-страницата www.flydubai.com
За flydubai:
Основан во март 2008 година, flydubai е првиот нискобуџетен авиопревозник од Дубаи и новоформиран авиопревозник со најбрз пораст во светот. По започнувањето со работењето во јуни 2009 година, авиопревозникот воспостави оперативна мрежа од авио линии со повеќе од 50 одредишта во заедницата на арапски земји на Персискиот Залив, Блискиот Исток, Северна Африка, индискиот потконтинент, Азија и Централна и Источна Европа и изгради флота од 26 воздухоплови. Нискобуџетниот авиопревозник, што е во сопственост на Владата на Дубаи, ги поддржува трговскиот и туристичкиот сектор на градот опслужувајќи ги сите патници и обезбедувајќи им авионски линии по достапни цени до широк спектар одредишта.
ГАИТ АЛ ГАИТ, ГЕНЕРАЛЕН ИЗВРШЕН ДИРЕКТОР НА АВИОКОМПАНИЈАТА ФЛАЈ ДУБАИ
На летовите кон Скопје очекувам полни авиони
Очекувам секаков вид луѓе да продефилираат на оваа дестинација. Голем број луѓе од Македонија веќе живеат во Дубаи. Знаеме дека Дубаи е добра транзит-локација за вашата дијаспора која ја има ширум светот. Исто така, ќе охрабруваме да се развие деловната соработка помеѓу Скопје и Дубаи и ќе го искористиме овој момент за ја прикажеме вашата прекрасна земја на нашите потенцијални туристи кои би дошле и би сакале да ја посетат, вели главниот извршен директор на Флај Дубаи, Гаит Ал Гаит
Авиокомпанијата Флај Дубаи ја стартуваше првата директна авионска линија меѓу Обединетите Арапски Емирати и Република Македонија. Летот со ознака ФЗ791, завчера сабајле го напушти Терминалот 2 на аеродромот во Дубаи во 9.15 часот и слета на скопскиот "Александар Велики" во 12.40 по локално време. Извршниот директор на Флај Дубаи, Гаит Ал Гаит, беше пречекан од министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески и од главниот оперативен директор на ТАВ холдингс, Мурат Орнекол. По поздравот со водени топови на слетувањето, Ал Гаит имаше традиционален пречек со леб и сол. Во терминалот на аеродромот поразговаравме со него за причините што ги мотивирале да го стават Скопје на долгата листа од 50 директни дестинации до кои летаат нивните модерни воздухоплови.
Флај Дубаи почна со работа од пред три години и веќе воспостави оперативна мрежа од авиолинии со над 50 одредишта ширум светот, а од пред некој ден и со Скопје. На што се должи ваквата експанзија? На почетокот започнавме со географска одредница за се што би било во радиус од пет и пол часови од Дубаи, со тоа што сега покриваме 2,5 милијарди потенцијални корисници на нашите услуги во тој географски регион. Дубаи е познат трговски и бизнис-центар кој веќе е развиен и познат ширум светот. Кога почнавме со работа во јуни 2009 година нарачавме 50 авиони "Боинг 737" нови летала, досега имаме добиено 26, до крајот на годината очекуваме да имаме 28 и полека, но сигурно растеме кон нашите потенцијали и гледаме да го исполниме таргетот што ни е зацртан.
Се одлучивте да летате и кон Македонија која е мал пазар за Флај Дубаи. Очекувате ли полни авиони на дестинацијата кон Македонија? Секако. Немаше да започнеме ако сметавме дека нема да биде успешно. Дури очекуваме и повеќе од нашите проекции. Започнуваме со два лета неделно, но очекуваме дека ќе имаме и повеќе. Ако ни се исполнат очекувањата, секако дека тоа ќе го оствариме.
Од која категорија очекувате да бидат патниците - бизнисмени, туристи...? Од сите категории. Очекувам секаков вид луѓе да продефилираат на оваа дестинација. Голем број луѓе од Македонија веќе живеат во Дубаи. Знаеме дека Дубаи е добра транзит-локација за вашата дијаспора која ја има ширум светот. Исто така, ќе охрабруваме да се развие деловната соработка помеѓу Скопје и Дубаи и секако, ќе го искористиме овој момент да ја прикажеме вашата прекрасна земја на нашите потенцијални туристи кои би дошле и би сакале да ја посетат.
Дали одлуката на македонската Влада да ги субвенционира странските авиокомпании да ја стават Македонија на листата на дестинации што ќе понудат летови по пониски цени, Ве мотивираше да летате кон Скопје? Нема субвенции од македонската Влада за реализирањето на овој лет. Ние и онака бевме заинтересирани за Балканот. Правевме истражување, ги проучивме локациите и сфативме дека до Скопје летот е релативно краток, што нам ни одговара. А, исто така, морам да напоменам, дека до Скопје многу брзо се стигнува од другите градови во Македонија за да се искористи овој лет. Луѓето што работат на скопскиот аеродром беа желни да не исконтактираат и да го овозможат овој вид соработка.
Што може да очекуваат македонските патници во поглед на луксузноста и нивото на услуги во авионите на Флај Дубаи? Флај Дубаи има сосема нови летала со удобни седишта рекаро" кои се најдобри во овој бизнис. Имаме системи на забава што ги нема ниту една друга авиокомпанија во светот. Имаме екипаж што го сочинуваат луѓе од 82 националности, на тој начин се овозможува многу добра услуга. Ние сме многу млада и многу желна за работа авиокомпанија.
Флај Дубаи е нискотарифна авиокомпанија со невидено темпо на раст која има огромно влијание на регионалната и меѓународната сцена на нискобуџетното воздухопловство. Можете ли да ни откриете каде лежи клучот на успехот? Клучот на нашиот успех лежи во нашето име - ние го опслужуваме Дубаи кој е навистина атрактивно место за бизнис и туризам. Дубаи е голем центар во регионот и секој пат кога летате за Дубаи ви се отвораат многу различни можности. Секаде каде што одите во светот секогаш има некаква конекција или поврзаност со Дубаи. Нашата сила лежи во тоа што сме млада авиокомпанија, немаме никакви пречки кон нашиот натамошен развој и сето ова придонесува да се развиваме со достојно темпо.
Што го прави Флај Дубаи уникатен во споредба со другите авиопревозници? Истото тоа што претходно го кажав. Доаѓаме на убави места, како овде на пример. Ние сме многу уникатни по тоа што овозможуваме ваков вид мрежа каде, дури и патници од вашата земја, сега можат со еден лет да стигнат до Дубаи и понатаму да имаат простор да патуваат каде што сакаат. По тие иновации, всушност ние сме познати и тоа не прави единствени.
Што прави Флај Дубаи да се задржи уп-то-дате со најновите технолошки достигнувања во оваа индустрија? Она што не разликува од другите е тоа што кога ја започнавме нашата авиокомпанија која е релативно млада, гледавме да воведеме еден систем за забава кој ќе биде уникатен и различен од другите авиокомпании и секогаш бараме нови можности да го истражиме овој пазар за да бидеме во тек со сите технолошки достигнувања.
Кој е тој систем на забава? Во авионите на Флај Дубаи има телевизор на секое седиште. На патниците им се достапни над 190 филмови, 160 телевизиски програми, над 300 музички албуми, над 36 игри, и ние сме првата и единствената авиокомпанија која овозможува да се читаат весници во рамки на системот. Тој систем користи нова технологија. Сите телевизиски канали што се прикажуваат се со ХД (висока резолуција). Тоа се прави преку унексес, висока оптика, лесни се во споредба со други системи, значи две третини се полесни од другите. Ако некој патник го купи основниот пакет за забава при летот и доплати 30 дерхами (локална парична единица во Дубаи) или 6 евра, добива можност од неограничено гледање на филмови, а за плус 12 дерхами (2 евра) може да игра игри и гледа телевизија. Во глобала, на летот од Скопје до Дубаи можете да погледнете два-три филма.
И за крај би Ве прашала. Во Македонија не знаеме кој е господинот Гаит Ал Гаит, што значи тој во авиосообраќајот? Не сум некој посебен човек. Во авиоиндустријата сум 26 години, од кои 22 години работев за авиокомпанијата Емирати и по оформувањето на Флај Дубаи сега сум во рамките на оваа авиокомпанија.
Регионите во кои оперираат нискотарифните превозници често доживуваат брз економски развој -Нискотарифните авиопревозници како Флај Дубаи нудат превоз по значително пониски цени во споредба со регуларните авиопревозници. Регионите во кои тие оперираат мошне често доживуваат брз економски развој. Вклучувањето на Скопје како дестинација во понудата на компанијата Флај Дубаи е значајно од причина што на овој начин Скопје, освен со Дубаи, индиректно се поврзува и со повеќе од 50 дестинации ширум светот на кои оваа компанија оперира, рече министерот за транспорт и врски, Миле Јанакиески.
Детали за летот Авионот на Флај Дубаи ќе оперира двапати неделно, во понеделник и во четврток. Летот со ознака ФЗ791 ќе полетува од вториот терминал на меѓународниот аеродром во Дубаи во 9.15 часот и ќе слетува на "Александар Велики" во Скопје во 12.40 часот по локално време. Повратниот лет, со ознака ФЗ792 ќе го напушта главниот град на Македонија во 13.25, а ќе пристигнува во Дубаи во 20.35 по локално време.
Билетите за повратните летови од Дубаи до Скопје ќе можат да се купат по почетна цена од 380 евра. Тие ги вклучуваат сите такси плус пријавен багаж до 20 килограми, едно парче рачен багаж до седум килограми и еден мала рачна или лаптоп-торба. За седиште со дополнителен простор за нозете се доплаќа 21 евро. Во леталото, патниците можат да изберат од долгата листа понуди, што вклучува пакети за забава во текот на летот со цена од 2 евра, разновидно мени со освежувачки пијалоци и производи што не подлежат на царина.
Авиокомпанијата ќе посредува и меѓу македонските граѓани и институциите во Емиратите за издавање на визите за влез. Ал Гаит најави дека апликациите ќе се препраќаат по електронски пат и ќе бидат готови за 24 часа.
„Виз ер“ ќе почне со летови до шест европски дестинации
Нискобуџетната авиокомпанија „Виз ер“ од недела, со зимскиот ред на летање, ќе почне со реализација на летови од Скопје до шест европски дестинации, со субвенции од македонската влада
Првиот лет што ќе го реализира авиокомпанијата е на релацијата Скопје - Ајндховен. На таа линија „Виз ер“ треба да лета двапати неделно. Два лета во текот на неделата ќе реализира и од Скопје до Милано, Малме, Минхен и до Дортмунд, а трипати неделно до Базел.
Според најавите од „Виз ер“, најевтините авиобилети во еден правец со вклучени аеродромски такси ќе чинат од 8,99 евра до 17,99 евра. За субвенционирање на „Виз ер“, македонската влада во согласност со потпишаниот тригодишен договор, одвојува 306 милиони денари. Инвестицијата за новите дестинации, според првичните најави на раководството на „Виз ер“, ќе ги чини 80 милиони долари, што ќе биде проследено со отворање 300 нови работни места.
Авиокомпанијата идната година планира да понуди и директни летови од Скопје до Брисел, Рим и до Барселона, но, според раководството, тоа ќе зависело од потребите на македонските патници.
Очекуваните ефекти од субвенционирањето, според критериумите, се во првата година да има најмалку 120.000 нови патници, односно по 10.000 месечно, најмалку 135.000 во втората година и 150.000 во третата година.
Јас летам на 2-ри ноември за Милан (Бергамо)
Повратна карта со сите трошоци 45 евра. Е сега ја купив пред да ја промовираат "новата политика за багаж" што значи можам и со 55ка. Но дури и да треба да доплатиш за неа доплатата е 10 евра правец.
И кој тука ќе ме убеди дека 65 евра повратна до Милан е скапо?
Па и 100 евра да е пак е најевтино, а реално многу лесно не наоѓа повратна за било која дестинација за 50 евра.
Ако сте толку убедени дека Wizz ве краде и е скап ајде дајте ми поевтин начин да стигнам до Милан? Adria, Jat, Croatia или автобус можеби...
Видете го EasyJet, таму немате вклучено багаж, а за 55ка се доплаќа 29 евра.
You cannot post new topics in this forum You cannot reply to topics in this forum You cannot delete your posts in this forum You cannot edit your posts in this forum You cannot create polls in this forum You cannot vote in polls in this forum