Пешачки зони и помали плоштади (општо) |
Post Reply | Page <1 565758 |
Author | |
my Macedonia
Senior Member Joined: 09-Oct-2008 Location: 🇲🇰🇨🇭 Online Status: Offline Posts: 4089 |
Quote Reply #1141 Posted: 26-Jan-2024 at 00:02 |
Стигнува добра вест од Тетово:
Наскоро почнува уредување од таканаречената улица на бутик? или радован цониќ (rruga e butiqeve), каде се предвидува уредување со калдрма, осветлување итн. коко и во втора фаза уредување на дуќаните во ист стил нешто како скопската чаршија. Инфо од Алсат М на албански. Јас пред години кога бев таму тешко да се спаси само комплетно уривање на новите згради и реновирање на старите ама ајде ќе видиме што ќе прават... Edited by my Macedonia - 26-Jan-2024 at 00:18 |
|
Џоле
Moderator Group Joined: 23-Apr-2013 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 15225 |
Quote Reply #1142 Posted: 26-Jan-2024 at 09:57 |
Избори се ближат, ќе се изнагледаме слични најави.
|
|
За сè има вторпат
|
|
stef4o
Moderator Group Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 20697 |
Quote Reply #1143 Posted: 20-Mar-2024 at 19:31 |
Хаос кај Порта Македонија, диви таксисти, доставувачи и повторно искршен плочник
На потег се надлежните од Град Скопје да покажат дека сè уште се грижат за Скопје, но и полицијата да покаже дека во градов и државата не се толерира недозволено паркирање и дека за тоа се казнува. Негрижата комбинирана со неквалитетно работење веројатно е причината што само една година откако се сменија искршените плочки на влезот од Порта Македонија кон градскиот плоштад, тие повторно се расклатени и оштетени. Точно пред толку време „Слободен печат“ пишуваше за ужасната состојба на плочникот, кој беше поставен есента во 2019 година и за тоа беше потрошена значителна сума од градскиот буџет. Реконструкцијата на овој дел од плочникот се изведуваше заедно со реконструкцијата на просторот пред ГТЦ, во мандатот на поранешниот градоначалник Петре Шилегов. За овој проект беа потрошени околу 33 милиони денари, односно повеќе од половина милион евра од градскиот буџет. Наместо стариот, искривен и полн со дупки асфалт, целиот потег, на двата приода кон плоштадот, беше поплочен со три вида плочки, на површина од околу 5.000 метри квадратни. Беа засадени и дрвореди од костени, поставени клупи и соодветно осветлување. Но, потоа никому не му текна да забрани на овој простор да влегуваат автомобили, кои за кусо време го уништија тоа што беше направено. На ваквата состојба не реагираше никој, ниту полицијата, ниту градските и општински инспектори, иако паркирањето на недозволено место е, пред сѐ, работа на полицијата. Во отсуство на казни, рампи, хидраулични столпчиња или какви било други направи што можат да го сопрат движењето со возила и паркирањето на овој простор, граѓаните си го тераа „ќефот“, особено што во центарот на градот ретко може да се начека слободно место за паркирање, па уште бесплатно. По нашето укажување за состојбата во која се наоѓа плочникот, неочекувано брзо реагираше Град Скопје. Покрај Портата беше поставена монтажна куќарка со чувар и се забрани влез со возила освен за станарите на зградите кои немаат друг пристап до своите домови освен од таму. Една година подоцна куќарката е сѐ уште таму, си стои затворена и напуштена. На средината на преминот после Портата e поставен знак за забранет сообраќај кој возачите вешто го избегнуваат кога влегуваат низ неа. Таксистите што просторот пред Портата го претворија во дива такси-станица, поставениот знак го користат за околу него полукружно да свртат. Само доставувачите на разни производи сега не влегуваат до рестораните накај плоштадот туку се паркираат пред Портата, па таму е вистински хаос. Никој не реагира и не казнува. https://www.slobodenpecat.mk/haos-kaj-porta-makedonija-divi-taksisti-dostavuvachi-i-povtorno-iskrshen-plochnik/ |
|
Carpe diem
|
|
Marcello
Newbie Joined: 22-May-2024 Online Status: Offline Posts: 39 |
Quote Reply #1144 Posted: 21-Jul-2024 at 12:48 |
Се уредува кај што беше семкарницата Роналдо, го прават нешто како одморалише.
Додека поранешната стоковна куќа Интер Промет е продадена и се средува внатрешно и надворешно фасадата. Ќе биде играчница со компјутери, PS 5, билијард, куглана а еден дел ќе биде теретана професионално опремена. Делот каде што беше Тинекс сега е Кипер маркет. Edited by Marcello - 21-Jul-2024 at 13:50 |
|
stef4o
Moderator Group Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 20697 |
Quote Reply #1145 Posted: 20-Sep-2024 at 17:53 |
ШТИП ГО ДОБИ ПРВОТО ШЕТАЛИШТЕ КОЕ ЧИНИ 200.000 ЕВРА, ПРВИ ЌЕ МИНУВААТ УЧЕСНИЦИТЕ НА 16. „ШТИПСКА ПАСТРМАЛИЈАДА“
Улицата Ванчо Прќе во Штип, која до пред еден месец беше еднонасочна за моторни возила, од денеска е само шеталиште за пешаците. Првото штипско шеталиште е долго 150 метри, ширината е над 15 метри, старата подлога целосно е заменета со нови плочки, дрворедот е зачуван, а од двете страна на шеталиштето, каде што се станбените објекти, и натаму ќе работат бројните дуќани. На шеталиштето остануваат и експозитурите на две банки. Работите на шеталиштето траеја нешто повеќе од еден месец и истовремено е смената старата канализациона и водоводна инсталација, а потоа е извршено поплочување. Севкупно, како што информираат од Општина Штип, се потрошени 200.000 евра. Во овој износ влегуваат и веќе изградените две катни гаражи: едната на шеталиштето кај стоковната куќа „Нама“ и другата до Домот на културата „Ацо Шопов“. Првото штипско шеталиште ќе го промовираат учесниците на годинашнава манифестација „Штипска пастрмалијада“. Штандовите ќе бидат поставени од двете страни на шеталиштето, на чиј почеток и крај ќе има по една бина. Организаторот за денеска и утре најавува целодневна и целовечерна културно-уметничка и забавна програма. Денеска на пладне ќе се презентира џиновската пастрмалија долга два, а широка 1,20 метри, а утре ќе се одржат традиционалните натпревари: трка на келнерите и брзо јадење на штипскиот специјалитет, кој годинава на 30 штандови ќе се нуди по цена од 200 денари. https://sdk.mk/index.php/dopisna-mrezha/shtip-go-dobi-prvoto-shetalishte-koe-chini-200-000-evra-prvi-ke-minuvaat-uchesnitsite-na-16-shtipska-pastrmalijada/ |
|
Carpe diem
|
|
Marcello
Newbie Joined: 22-May-2024 Online Status: Offline Posts: 39 |
Quote Reply #1146 Posted: 23-Oct-2024 at 21:29 |
Ангел Карапетров: Реконструкција на улицата „Борис Кидрич“: Тетово ќе добие нова модерна сообраќајна инфраструктура”
Почитувани тетовчани, за краток период се очекува да се отпочне со изведување на работите на улицата „Борис Кидрич“ (Методија Андонов – Ченто). Една од главните улици во градот ќе добие целосно нов изглед. Целосно ќе се реконструира улицата, атмосферска канализација, ќе се постави урбана опрема, нови тротоари, јавно осветлување, шеталиште, велосипедска патека и нови паркинг места. https://bulevar.mk/2024/10/20/karapetrov/ Edited by Marcello - 23-Oct-2024 at 21:30 |
|
Marcello
Newbie Joined: 22-May-2024 Online Status: Offline Posts: 39 |
Quote Reply #1147 Posted: 24-Oct-2024 at 11:09 |
Заборавив вчера да го искоментирам ова а сакав. Видов слики дека ископале ама еден куп жици струја на бандери испоплетени. Сепак кога веќе се работи нека се среди се комплет како што треба струјата по земја да е спроведена. Кога ќе треба да речеме тоа да се средува или оптика да се спроведе ајде пак копај. Edited by Marcello - 24-Oct-2024 at 11:09 |
|
Post Reply | Page <1 565758 |
Forum Jump | Forum Permissions You cannot post new topics in this forum You cannot reply to topics in this forum You cannot delete your posts in this forum You cannot edit your posts in this forum You cannot create polls in this forum You cannot vote in polls in this forum |