![]() |
![]() |
![]() |
ТИРЗ Штип |
![]() |
Post Reply ![]() |
Page <1 4567> |
Author | ||
Navigator ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 02-May-2014 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 678 |
![]() ![]() |
|
1. "ТИРЗ-Државата ти гради хала" - Неточно! Државата дава поддршка најмногу до 500 илјади евра. Колку за илустрација, просечна фабрика во ТИРЗ чини 7-8 милиони евра; 2. "бесплатно земјиште" - Неточно! секоја компанија во ТИРЗ плаќа кирија од 0.1 евра од квадрат; 3. "субвенции по работно место" - Делумно точно. Некои добиваат, некои не, во зависност од типот на профили што ги ангажираат. Освен тоа, надвор од ТИРЗ субвенции по работно место постојат и за самовработување, за иновативни бизниси, за вработување на лица од одредени категории, итн. Така што, ништо ново и ништо исклучиво за компаниите во ТИРЗовите; 4. "Некои имаат и повластувања во плаќање струја и комуналии" - Апсолутно неточно! Сите плаќаат струја по пазарни услови. Комуналии не се плаќаат воопшто во ТИРЗ, туку се плаќа одржување. Но и во обичните индустриски зони, каде мнозинство се домашните фирми, општините најчесто се откажуваат од дел од комуналиите; 5. "ангажираат консултантска странска компанија, обично од егзотичните острови" - Неточно! Си слушнал нешто околу девствени острови, капитал, инвестиции, перење пари, ама не си разбрал убаво. Консултантски фирми тешко ќе најдеш на егзотичните острови, таму се лоцирани инвеститорите, нив им одговара офшор дестинација. Виша математика за тебе; 6. "...покажуваат нула добивка. Данок на добивка не плаќаат..." - Не знам дали си свесен колку си контрадикторен. Данок на добивка не плаќаат, да, и затоа нема потреба да го испумпуваат оттука. Напротив, мотивирани се целосно да го прикажуваат овде, затоа што ќе им биде простен и нема да го платат; 7. "Придонеси не плаќаат" - Апсолутно неточно! Секоја една фирма во ТИРЗовите плаќа пензиски и здравствени придонеси. Тоа што не го плаќаат е персоналниот данок, најмалиот дел од бруто платата. 8. "Фабрикиве се чист трошок за државата и не само што не гаратнираат развој на државата, напротив." - Неиздржана и неточна констатација, ако воопшто може така да се наречи. 9. "македонските субвенции ја спасиле фабриката од пропаст" - Компанијата ги користи условите кои се достапни за сите други компании. Македонија успеала, со условите кои ги нуди, да одржи во живот компанија. За возврат, таа компанија издржува 650 фамилии, значително учествува во намалувањето на трговскиот дефицит и развива македонски компании со кои соработува. Еве, бидејќи не си дете, потсети се што се случувало, на пример, со Унипласт од Струга и што се случува сега, откако Ван Хол е во Македонија; 10. "кога ќе престанат субвенциите, ќе си отидат" - Како и за се претходно, и за ова немаш информации. Поволностите за компанијата престанаа уште во 2011 година, а одлуката за заминување е поврзана со преструктуирање на производните локации; 11. "што има државата и народот од бројката за извоз од ТИРЗ?" - Па дали воопшто вреди да се разговара со тебе на оваа тема? Сега ми е криво што го напишав ова досега. |
||
![]() |
||
King ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 24-Apr-2015 Online Status: Offline Posts: 654 |
![]() ![]() |
|
Колку се само смешни, без аргументи, контрадикторни, неиздржани критиките за странските инвеститори. Ги разбирам налудничавиот Заев и останатата боранија околу него, им рекла некоја пр агенција напаѓајте ги странските инвеститори, измислувајте дека домашните се запоставени, правете глупи паралели, избори се ближат. Ама овдшниве критизери или се доволно наивни да наседнат на таа пропаганда, или априори прифаќаат што ќе каже *партијата*, или се дел од пропагандниот штаб на истата.
Еве го апсурдот, ако некој вработен работи во конфекција во Штип за 9.000 денари, тоа е ок, бидејки работи кај македонски газда, ако истиот тој работник премине во Џонсон контролс во Штип и работи за 12.000, тогаш тоа е робовласништво од странците дозволено од Груевски. Ако некој седи дома со години, работи повремено како аргат без да е пријавен, или ако зема социјална помош 6.000, тогаш е ок, ама ако работи во Дрекселмаер за 11.000, тогаш тоа е робовласништво од странците дозволено од Груевски. Ако дојдовме до тоа да фантастични 39% од населението се невработени за време на СДСМ, или како што викаше Министерот Поповски од СДСМ, не е страшно и 40% од населението да не се вработени, ако во тоа време стотици фабрики се затворија, стотина други се опљачкаа, која антитеза е да се критикуваат вработувањата на истите тие отпуштени. Можам до утре за ова да пишувам, ама немам инспирација бидејки се е *so obious* |
||
![]() |
||
Macedunicus ![]() Groupie ![]() ![]() Joined: 02-Nov-2014 Location: Неготино МАК Online Status: Offline Posts: 42 |
![]() ![]() |
|
![]() Незнам само како некои се толку „упорни„ да ни ги продаваат нивните неаргументирани „Тези„ и да шираат некоја негативна енергија, дека странските инвеститори се лошите момци, додека сме сведоци дека условите што ги нудат се каде-каде подобри од условите на повеќето наши бизнисмени, каде по подруми, неклиматизирани простории и носоодветни услови шиеја лон/произбоди, работејќи по две смени, за 6000ден! - И додека цел свет се боре за нивно привлекување, овие упорно ги оцрнуваат и бркаат- само да се потсетиме на АУДИ 1998год. Нека одат во Кавадарци па да видат дали градот и околните места имаат Ќар (бенефит) од нив или Немаат (Dräxelmeyer), каде директно се вработени над 5400 луѓе а градот е како препороден, од кафиќи, продавници, градежни фирми...Незадоволни има секогаш и ќе има, ама да не се правиме дека сме Германија, Норвешка...и ствараме перцепција дека до сега Се ни беше ТОП и средено па сега овие дошле и СЕ ни „срушија„ Просто кажано, ова не е нивно „поле„ на игра! ![]() Edited by Macedunicus - 31-Oct-2015 at 10:02 |
||
![]() |
||
Bojan10 ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 21-Jun-2011 Location: Macedonia Online Status: Offline Posts: 504 |
![]() ![]() |
|
Ех, да е се како што ве учат во штабот...
Законот за ТИРЗ е толку произволен, што ако инвестира некоја фирма во момент кога и паѓа рејтингот на владата пред избори како сега, може да добие све џабе. Ама ете, Навигатор не е сигурен ни за тоа што го пишува, некои имаат некои не, па не било џабе ама 0.1 еур по м, а ни тоа не е исто за сите... Јас сум апсолутно сигурен дека кога ќе се отворат договорите кои се тајна, ќе се покаже какви се повластувања имале фабриките, гарантирам дека некои не плаќаат струја. Џабе ми го браниш концептов, држава не се развива со ваков концепт, и ниедна држава во целиот свет не се развила на сличен начин а да ги има македонските параметри, ова е за кампања само. Што е најтрагично, СДСМ уште посмешно тврди дека уште подобро ќе привлекува странски инвестиции. Животот ни стана кампања, ама кој да види. Јас сум замрзнат во времето кога фабрики како ФЗЦ биле успешни? Такви фабрики и ден денес се успешни низ целиот свет. Еве го ФЗЦ прорабоете, ама се чекаше политички момент, тоа е политички затворена фабрика, не може да не работи таква фабрика. Во момент кога пукаше од работа и почна со извоз ВБ политиката одигра своја улога. Како лесно само го скокна делот за платите кои се мизерни и произволно дефинирани... ![]() Како лесно го скокна делот дека работницие немаат никакви права, немаат синдикати, избрканите од Дрекслермаер кои си ги бараа парите... Бре што си ми објаснил, алал нека ти е знаењето, ќе има сендвичи и сокче. Срам да им е на владата. Спасиле белгиска фабрика за автобуси со државни пари, и дури се фалат, а ФАС 11 Октомври го пуштија да пропадне, и Скопје купи кршеви од Украина и Кина. Па син ти ако има нива со пиперки, ти од друг ли ќе идеш да купиш, каква перверзија човече. Нема оправдување за некои потези, џабе склопување празни фрази. Кој забранил да си ја развиваме економијата? Еве ти пример од терен од човек што сам си обезбедувал егзистенција. Мене ми се жалеше пријателка, плачат и полицаец и она (сопственичка на гранапче) зашто полицаецот има норма која мора да се исполни. И нашле дека не платила на време нешто пред 6 години, ама мора да плати за да исполни норма полицаецот. Ако си со власт имаш повластувања и можеш да работиш, ако не си, пример не ги викаш да се сликаат на отварање фабрика ти си на тапет. Фијат Цаноски кога беше со ВМРО го пуштија да прави што сака, вој си ја почна зградата како сакаше, кога премина во спротивен табор, му ја срушија. Не се исти правилата за тие што се со владетелот и тие што не се. Сите се исти, и ЦИЦ во Куманово бара да му го лижат газот да рекламира, и Заев во Струмица. На земјоделците кога пријавуваат приход, на листот треба да напишат колку кокошки имаат. ЕЕЕЕј земјо индијо, дали брои на село некој колку кокошки му шетаат по дворот. Иди у штаб да ти дообјаснат. ЕДИТ: Морам за ова со кафиќи кој е рандом аргумент на ботовите да дадам едно ![]() ![]() ![]() Edited by Bojan10 - 31-Oct-2015 at 15:23 |
||
Од чаламот си патиме!
|
||
![]() |
||
Kid_A ![]() Senior Member ![]() Joined: 24-Nov-2014 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 452 |
![]() ![]() |
|
Делумно се сложувам со тебе, но делумно. Кое е твоето решение да привлекуваме странски инвестиции? Имаме ли образована работна сила, ресурси, местоположба? Јас би рекол дека немаме. Доволно се движам меѓу луѓе и добро знам колку е нашата работна сила способна и стручна да работи нешто. Со што ти ќе ги привлекуваш странските инвестиции во Македонија ако не им даваш големи бенефиции? Да не се тие бенефиции јас би рекол дека ни 2% од тие фабрики не би вложиле капитал во Македонија. Сите сакаме германски и скандинавски плати, но колкав е нашиот капацитет за истите? Дали ние имаме доволно способна младина да развива свои сопствени бизниси? Не би рекол воопшто. Рестораните и кафичите не се некој најдобар показател за подобрување на нечиј стандарт, но се многу добар. Во помалите општини животот е и далеку поевтин. Замисли град како Кратово и просечно семејство од 6 члена( баба, дедо, мајка, татко и 2-3 деца) со две плати од 5-6000 денари. Доаѓа фабрика како Дрекслермајер, ги вработува мајката, таткото и двете деца за плати од 12.000 денари, плус, пензиите на баба и дедо. Добиваш сума од 60.000 денари месечени примања што е и многу солидно за мали општини, а претходно живееле со 11.000 денари. И ние како народ премногу се преценуваме дека вредиме кој знае колку на пазарот за трудот. Не вредиме и треба да ја погледнеме вистинската реалност. Затоа треба реформи во образованието и строги критериуми кој се завршува и се кој запишува факултети. |
||
![]() |
||
Obedineta Makedonija ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 23-Aug-2011 Location: Macedonia Online Status: Offline Posts: 1744 |
![]() ![]() |
|
Jony олади малку - испиј една газирана вода ![]() Edited by Obedineta Makedonija - 31-Oct-2015 at 16:10 |
||
Создаваме за да имаме, а и тоа што го имаме треба да го чуваме такво какво што е !!!!
|
||
![]() |
||
Navigator ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 02-May-2014 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 678 |
![]() ![]() |
|
Johnson Controls
![]() ![]() Technical Textiles ![]() Condevo ![]() ![]() |
||
![]() |
||
Џоле ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 23-Apr-2013 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 15368 |
![]() ![]() |
|
Ти благодарам за фотографиите, ретко можат да се видат фотографии од индустриските зони и тамошните капацитети.
|
||
За сè има вторпат
|
||
![]() |
||
kultuzin ![]() Senior Member ![]() Joined: 07-Nov-2010 Online Status: Offline Posts: 3811 |
![]() ![]() |
|
Не би било лошо инвеститорите да инвестираат некое евро да ја средат околината на халите евентуално во вид на некое паркче каде што би можеле вработените за време на паузите малку да се „пролуфитараат„.
|
||
![]() |
||
fichot ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 02-Feb-2010 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 2602 |
![]() ![]() |
|
нема потреба, нема паузи.
![]() |
||
![]() |
||
Џоле ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 23-Apr-2013 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 15368 |
![]() ![]() |
|
Малце провладина пропаганда...
![]() ![]() ![]() ![]() |
||
За сè има вторпат
|
||
![]() |
||
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
|
Канадски „Магна мехатроникс“ ќе инвестира 40 милиони евра и ќе вработи 600 лица во ТИРЗ Штип
Нови 40 милиони евра инвестиција и најмалку нови 600 работни места во Технолошко индустриската развојна зона во Штип ќе донесе фабриката која што ќе ја изгради канадската компанија „Магна мехатроникс“ и во која же се произведуваат компоненти за автомобилската индустрија. Инвестицијата денеска на прес конференција ја најавија премиерот Димитар Ковачевски и директорот на Дирекцијата на ТИРЗ, Јован Деспотовски, посочувајќи дека тест производството ќе стартува веќе годинава, а сериското во првата половина од наредната година. „Канадската компанија ‘Магна интернационал’, која дизајнира, развива и произведува автомобилски системи модули и компоненти кои се испорачуваат на сите најзначајни производители на автомобили во светот оствари стабилен раст на европскиот пазар и се појави потреба од нова фабрика на една од деветте групации“, рече премиерот Ковачевски. Тој посочи дека по спроведеното истражување на потенцијални локации за отворање на нова фабрика во Европа кое опфати повеќе држави, компанијата одлучи да инвестира и да отвори фабрика во нашата земја на понудената локација во технолошко развојната зона во Штип. Значи, по отворањето на фабрика во ТИРЗ Струга за производство и склопување ретровизори, и други технолошки продукти за автомобилската индустрија, каде според бизнис планот на компанијата ќе се вработат илјада луѓе, во ТИРЗ Штип компанијата ќе отвори нова фабрика каде тест производството се планира да започне годинава, а сериското производство ќе започне во првата половина од 2024 година“. Рече Ковачевски. Директорот на Дирекцијата на ТИРЗ, Јован Деспотовски рече дека во фабриката на „Магна мехатрионикс“ ќе изнесува 40 милиони евра и дека во неа се превидени најмалку нови 600 работни места. „Ова е ветување кое што го дадовме минатата година и го исполнуваме денеска“, рече Деспотовски. Тој посочи дека извозот од ТИРЗ лани достигна 3,7 милијарди евра, односно е за 25 проценти повисок од претходно највисоката сума. „Увозот расте, но со побавна динамика од извозот, така што 2022 година е завршена со нето ефект од 350-400 милиони евра позитивна разлика помеѓу извозот и увозот, пари кои што се останати во домашната економија. Според првичните пресметки, 40 отсто од овие средства останаа во Буџетот на државата и во џебовите на повеќе од 16.300 работници кои што се веќе ангажирани во компаниите кои што оперираат во ТИРЗ“, рече Деспотовски. Тој додаде дека обемот на државна поддршка се зголемува, а за секој денар дадена поддршка, во Буџетот се слеваат четири денари. „Тоа значи дека имаме зголемен обем на инвестиции, но и зголемен квалитет на самите инвестиции“, рече Деспотовски. Премиерот Ковачевски рече дека изминатата 2022 година компаниите во ТИРЗ ја завршиле со нови 2.300 нови работни места, над 430 милиони евра нови инвестиции и рекорден извоз. „Верувам дека Северна Македонија може повеќе да напредува и да се развива и среќен сум што такви можности препознаваат и многу странски инвеститори и одлучуваат да инвестираат токму овде кај нас“, рече премиерот Ковачевски. Инаку според податоците од интеренет страницата на ТИРЗ, зоната во Штип е најголемата зона со површина од 206.45 хектари. Лоцирана е северозападно од градот Штип, при влез од правец на Скопје. Во зоната активно оперираат три компании од кои две компании произведуваат делови за автомобилската индустрија, а една компанија произведува топлотни разменувачи за бојлери. https://nezavisen.mk/prva-golema-investicija-vo-2023-kanadski-magna-mehatrioniks-kje-investira-40-milioni-evra-i-kje-vraboti-600-lica-vo-tirz-shtip/ |
||
Carpe diem
|
||
![]() |
||
Џоле ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 23-Apr-2013 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 15368 |
![]() ![]() |
|
![]() ![]() Почна изградбата на „Магна мехатроникс“ во ТИРЗ Штип
https://www.slobodenpecat.mk/pochna-izgradbata-na-magna-mehatroniks-vo-tirz-shtip/ |
||
За сè има вторпат
|
||
![]() |
||
Vire ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 17-Aug-2021 Online Status: Offline Posts: 416 |
![]() ![]() |
|
И шо,ко плата ќе биди 20.000....
|
||
![]() |
||
pbanks ![]() Admin Group ![]() ![]() Joined: 01-Sep-2007 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 9141 |
![]() ![]() |
|
![]() Епа ај да се убиеме ако не
|
||
![]() |
||
Vire ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 17-Aug-2021 Online Status: Offline Posts: 416 |
![]() ![]() |
|
Не е убо да охрабруваш љуѓе на таков чин,макар и сатирично или иронично.
Платата е премала,шо е проблемо ако се кажи ? Лага е то ? |
||
![]() |
||
MKDSTRUGA ![]() Senior Member ![]() Joined: 20-Jun-2018 Online Status: Offline Posts: 465 |
![]() ![]() |
|
Источниот регион има најмала невработеност во државата помала од 5%, освен со поголеми плати не верувам дека на друг начин ќе најдат работници. Просечна плата за 2024 кога ќе почне фабриакта со работа на целиот тој регион ќе биде околу 600 ЕУР, што значи далеку над 20.000 ќе треба да се понудат. При тоа и другите околни фабрики ќе зголемат плати за да ги задржат вработените. Накратко конкуренција на пазар на труд е најголема придобивка за работниците и ниедна минимална плата не може да помогно колку конкуренцијата на пазар на труд.
Просечната плата во Источниот регион за минатата година според ДЗС е околу 400 еур а оваа година со раст на минималец и покачувања во јавен сектор ќе биде околу 500. Па од таму предвидов околу 600 за 2024. |
||
![]() |
||
Џоле ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 23-Apr-2013 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 15368 |
![]() ![]() |
|
Од пред неколку месеци минималната плата се зголеми на 21.000 денари, така што или тролаш или тропаш глупости. А за фабрики од ваков профил просечна плата стига до околу 30.000 поради недостиг од квалификувана работна сила во земјава. Инжинери и слично имаат многу поголеми плати од 500 евра, ова ти го кажувам од прва рака добиени информации (иако лицата работат во зоната во Бунарџик). |
||
За сè има вторпат
|
||
![]() |
||
user8642 ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 18-May-2020 Online Status: Offline Posts: 2041 |
![]() ![]() |
|
Отворен пазар на труд е најдобра работа што може да и се случи на една земја. Само треба услови за брзи преквалификации, дообуки, неколкумесечна финансика поддршка за тие што решиле да сменат струка. Само со таков пристап може масовно да се прелеваат работници од една во друга бранша, од струка со помали примања кон струка со поголеми. Сите приказни за минимална плата, синдикати, државата ова, државата она, све се тоа глупости за у ѓубре. Ситуацијата е иста и од обратниот пристап ако ги гледаме тие со поголеми примања. Џабе тука ве лажат локалните влади дека ќе удрат стап по програмерите и ќе им ги земат парите, само сакаат да ја задоволат љубомората и злобата на широките простачки и злобни народни маси. Сега пред некој ден читав како се фрлаат дрва и камења по Орце Камчев зашто вработил доктор од државна во Систина за поголема плата, и наводно сакал да го уништи државното здравство што ете го лечело правдоњубивиот маќедоњец. Притоа, не гледајќи го фактот дека всушност задржал еден доктор во државата, зашто изборот му е Германија или Систина.
Така да кучињата си лаат, карванот си врви. Платите се толку колку што се, според заслуги за секоја струка. Нема магично стапче ни за нагоре, ни за надоле. Поповолно време за да се уживаат плодовите од пазар на труд немало до сега во Македонија. Некогаш тоа значеше работна сила на претек, денес тоа се повеќе значи притисок кон работодавците. |
||
![]() |
||
pbanks ![]() Admin Group ![]() ![]() Joined: 01-Sep-2007 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 9141 |
![]() ![]() |
|
па тоа ти е генералниот призвук на сите постови. Ајде малку 101.... За да има повисоки плати треба да има повисока продуктивност и повисока додадена вредност. Македонската работна сила е или барем беше исклучително неквалификувана. Знаењата што некои луѓе ги имале во некои стечајни фирми се застарени и никој не ги бара. Овие фабрики нудат нова шанса за тој што сака. Освен преквалифкување и обучување според тековни стандади на тие луѓе им се дава шанса да работат на проекти/продукти кои се пласираат на светски пазар. Учат како да комуницираат со странски добавувачи и купувачи, како да продуцираат и гарантираат квалитет итн. И за сето тоа добиваат веројатно барем нешто поголемо од просечна плата. Истовремено тие луѓе живеат во околина со исклучително ниски животни трошоци. Ако Скопје е еден од најефтините ако не и најефтин град во Европа, Штип многу поефтин во Скопје. Моментално во Макеоднија невработеноста е на најниско можно ниво во својата историја, вклучувајќи ги и југословенските години. Оние што не работат се 90% не само неквалификувани туку и необразовани. Како дојдовме до овој процент на невработеност е друга приказна, но освен големиот број на иселени луѓе (што воопшто не е ненормално) голем удел во сето тоа имаат и проектите како овој во комбинација со услужен сектор, пред се ИТ. Така да ова може да е само и само добра вест. Останува на Штип и Македонија да ги искористат овие прилики и да работат за да утре станат поконкурентни па да имаат поголеми плати.
|
||
![]() |
Post Reply ![]() |
Page <1 4567> |
Forum Jump | Forum Permissions ![]() You cannot post new topics in this forum You cannot reply to topics in this forum You cannot delete your posts in this forum You cannot edit your posts in this forum You cannot create polls in this forum You cannot vote in polls in this forum |