![]() |
![]() |
![]() |
Ски центри (општо) |
![]() |
Post Reply ![]() |
Page <1 45678 9> |
Author | |
mackomk ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 04-Nov-2007 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 130 |
![]() ![]() |
![]() Под мотото „Сите на снег“ во сабота на Попова Шапка ќе се одржи промотивен ден во организација на Скијачката федерација на Македонија, Клубот Полар, Меѓународната скијачка федерација- ФИС и ЕЛЕМ Турс. За сите љубители на зимските спортови ова ќе биде одлична можност да научат да скијаат, бордаат и да поминат прекрасен семеен ден во еден од нашите најголеми скијачки центри. Организаторите се погрижија за првите 30 пријавени деца на возраст од 6 до 14 години бесплатно да организира превоз, оброк и пијалак, часови по скијање и сноуборд, изнајмување на опрема, возбудливи трки и многу други изненадувања. “Годинава топлото време малку подрани, но на Попова Шапка условите за уживање во зимските спортови се сè уште одлични, па затоа во соработка со клубот Полар и ЕЛЕМ Турс решивме да ја покренеме оваа иницијатива се со цел да не ја пуштиме зимата да си отиде толку рано. Првите 30 пријавени дечиња ќе имаат можност да добијат бесплатни часови по скијање и сноуборд, изнајмување на опрема, како и топол оброк и пијалак. Превозот од Скопје до Шапка е исто така организиран па првите пријавени посетители единствено што треба да понесат со себе е доброто расположение и желбата за совладување на зимските спортови“-изјави Кирил Насков, секретар на скијачката федерација на Македонија. Според управителката на ЕЛЕМ Турс, Јованка Стојанова, оваа манифестација ќе влезе во календарот на планирани активности на туристичкиот центар Попова Шапка и за наредните скијачки сезони. Веќе од наредната сезона, во функција на подобрување на условите во скијачкиот центар, АД ЕЛЕМ почнува со серија инвестициски зафати во туристичкиот центар Попова Шапка вредни околу 30 милиони евра. Во рамките на стратегијата за развој на еден од најголемите туристички центри во Република Македонија, претстојат активности кои во огромна мера ќе ги подобрат условите за сите посетители и ќе ја направат Попова Шапка уште поатрактивна туристичка дестинација. Еден од капиталните проекти што почнува годинава е изградбата на шестоседна жичарница. За таа цел, во меѓународна постапка веќе е избрана е италијанската групација LEITNER која со активностите за поставување и изградба на жичарницата ќе започне во текот на пролетта. Позицијата на жичарницата е одредена според Мастер план Студијата за Попова Шапка, и се наоѓа на позицијата на сегашниот ски-лифт „Мал Јелак“. Должината на трасата изнесува 1.420 м. Иницијалниот капацитет за транспорт на скијачи ќе биде и до 2.400 скијачи на час, а максималниот 3.200 скијачи. По должината на оваа жичарница ќе бидат отворени три нови скијачки патеки со вкупна должина од пет километри. Според Мастер план Студијата, во рамките на истиот зафат, во план е да се направи и ски пат по кој скијачите ќе може да стигнат од крајната точка на шестоседната жичарница, односно до позицијата планирана за почетна точка на жичарницата. Овој зафат е предвиден да се гради во втората фаза од реализацијата на мастер планот за модернизација на Попова Шапка. Проектот за таа цел веќе е изготвен, а допрва останува да се објави јавен повик за изведувач на изградбата на патот. Исто така, врз основа на изработен проект за паркинг за јавна намена на ски-центарот “Попова Шапка”, во 2013 година е објавен повик за изведувач на овој инфраструктурен зафат. Во тек е избор на најповолен понудувач, по што работите на терен се очекува да започнат во почетокот на мај, годинава. Позицијата на паркингот е во централното подрачје на Попова Шапка со капацитет од 350 возила, осветлување и пристапен пат. Со задоволство може да истакнам дека со овој проект целосно ќе се реши недостигот од паркинг места со кој се соочуваа посетителите во минатото. Во насока на обезбедување услови за долга скијачка сезона, во 2013 година започна ископот за изградба на отворен резервоар за вода, која ќе се користи за изработка на вештачки снег. Изградбата на овој резервоар треба да заврши во октомври 2014 година кога ќе биде инсталиран и системот за вештачки снег. Резервоарот е со должина 80 м, широчина 100 м, максималната длабочина од 7 метри, и капацитет на зафатнината е 32.000 м3. Со оваа количина на вода, ФИС хомологираните патеки за велеслалом и слалом ќе бидат целосно покриени со вештачки снег. Понатаму, кон крајот од 2012 година во соработка со најдобрите архитектонски куќи, потпишавме договор за изработка на проект за изградба на нов хотел на местото на хотел „Славија“ на Попова Шапка. Изработката на проектот за новиот хотел е во последна фаза по што следи негово ревидирање. Според востановената динамика, на крајот на наредниот месец, АД ЕЛЕМ ќе објави тендер за избор на изведувач, а до крајот на јуни очекуваме да биде избрана фирма која ќе изгради целосно нов хотел на истата локација каде што сега се наоѓа хотелот Славија. Годинава ќе биде објавен и јавен повик за инсталирање електронски систем за печатење и евиденција на ски билети. Со овој систем ќе добиеме модерно, поекономично и поедноставно функционирање на скијачкиот центар. Новиот систем ќе биде инсталиран пред почетокот на ски сезоната 2014/2015. Една од новините која ја најавуваме е почеток на изградбата на “Snowboard park”, кој ќе биде според сите ФИС стандарди со можност за одржување на официјални натпревари. Паркот ќе биде со должина од 320 метри и широчина од 65 метри. Ќе бидат поставени 3 линии (патеки), поделени во 4 сектори. Трите линии за почетници, средни и напредни ќе содржат по 4 боксови, 2 скока и по 2 реила. Локацијата на паркот ќе биде на потегот меѓу сегашниот ски-лифт “Бабин извор” или “Аеродром” и двоседната жичарница “Св. Илија”. Се очекува изградбата на оваа, веруваме атрактивна содржина за „бордерите“ да почне летово. Освен споменатите проекти, во тек се и активности за реализирање на помали пропратни проекти. Се работи на изградба на техничка зграда за информации, персонал, прва помош, ски-школа и канцеларии. Ќе бидат набавени и три нови машини за препарирање на снегот од кои едната со витло за работа на недостапен терен. Ќе биде поставена и дополнителна инфо сигнализација низ скијачкиот центар, а ќе се реновираат и постојните бачила на ски терените. Во план е изградба и на нов ресторан на крајната точка од новата жичарница. АД ЕЛЕМ како општествено одговорна компанија, но истовремено и како сопственик на овој туристички центар, ја почнува најавената реализација на Мастер планот за развој на Попова Шапка и во рамките на своите можности ќе даде свој придонес кон плановите на Владата на Република Македонија, Попова Шапка да стане една од омилените туристички дестинации во Југоисточна Европа. Edited by Cloverstack - 20-Feb-2014 at 18:03 |
|
![]() |
|
daci92 ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 10-Dec-2012 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 1937 |
![]() ![]() |
Мене едно не ми е јасно ,од каде АД ЕЛЕМ ја доби сопственоста над повеќето Ски центри низ Македонија и над локациите каде што се планираат Ски центри ,исто така од каде АД Елем има толку пари да вложува во Ски центри кога се позајмува за градење на главната (примарната) инфраструктура за електрична енергија во Македонија.
Инаку честитки за оваа вест, добро е нашите ски центри да напредуваат. Edited by daci92 - 20-Feb-2014 at 18:08 |
|
![]() |
|
Portal ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 13-Nov-2010 Online Status: Offline Posts: 452 |
![]() ![]() |
znaci rezime, naprolet ke pocne da se gradi sestosedot, I vo maj parkingot dolu. Dali ima nekoj info koj e rokot za izgraadba na sestosedot toest do koga treba da bide gotov I dali slednata sezona ke go doziveeme ... elektronski bilet za slednata zima isto se vetuva ![]() ![]() Edited by Portal - 23-Feb-2014 at 12:14 |
|
![]() |
|
kultuzin ![]() Senior Member ![]() Joined: 07-Nov-2010 Online Status: Offline Posts: 3811 |
![]() ![]() |
Плачковица, Голак и Берово ќе станат скијачки центри
Третата локација на која ќе се гради скијачки центар е на планината Голак на надморска височина од 1.400 метри. Зимско – рекреативниот центар е на оддалеченост од 12 километри од Делчево, при што неговата големина ќе биде идентична на претходните два центри. „Билд“ има рок од 12 месеци за да ја изготви проектната документација за сите три локации, по што би се донела и одлуката на кој начин ќе се градат неопходните објекти. Засега е познато дека за изработка на документацијата ќе се издвојат 10.726.200 денари (околу 170 илјади евра) од буџетот на државната компанија МЕПСО. Реализацијата на овие инвестиции се составен дел на владината програма за развој на планинскиот туризам во Македонија, започната во 2012 година. http://www.build.mk/?p=33016Браво за иницијативата. Конечно некој се сети да искористи дел од потенцијалите кои ги нудат нашите планини. Мислам дека треба да се тргне претставата која ја имаме дека еден скијачки центар мора да биде гломазен со огромен број пропратни елементи и градби. Одтука мислам дека треба да се модифицира и самиот збор Скијачки Центар, зошто онаа што досега на нашиот народ му е познато под овој поим веднаш асоцира на нешто многу големо. Значи скијачки центри можат да бидат Маврово, Попова Шапка и Кожув, додека во случајот на Пелистер, Крушево, Отешево како и кај новопланираните на Галичица, Јабланица, Пљачковица, Берово и Голак повеќе се работи за скијачки патеки. |
|
![]() |
|
gorco ![]() Senior Member ![]() Google Maps: Regional Expert Joined: 22-Oct-2009 Online Status: Offline Posts: 642 |
![]() ![]() |
УБаво е ова со новава жичара, меѓутоа малку повеќе е замачување очи ...
Шапка треба да се шири, во права смисла на зборот со жичари кон планината од другата страна, во реонот на Лешница, во правец на Бозовце. А за snowboard-parks, Шапка е таква „планина“, што природата дала направени веќе неколку туби за оваа намена, кај Мал Јелак и Церипашина. Не хејтам, браво за ова (само во случај доколку не остане на хартија). Мое мислење како скијач и планинар. Можеби единствена грешка е што никој не ја споменува жичарата од Тетово. |
|
![]() |
|
Dragan ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 19-Feb-2009 Location: Tetovo Online Status: Offline Posts: 1172 |
![]() ![]() |
![]() ![]() ![]() |
|
![]() |
|
one1 ![]() Senior Member ![]() БАНИРАН Joined: 13-Mar-2013 Online Status: Offline Posts: 416 |
![]() ![]() |
Исто како што и Кожув 10 години наназад стануваше ски-центар. Наместо се што имаме да се уложи на Шара ние изолирано Берово ќе сме го правеле скијачки центар. Или каква држава такви капацитети. Банско не само во регионот туку и во централна и југоисточна Европа ќе остане најдобриот и најразвиен ски центар.
|
|
![]() |
|
Portal ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 13-Nov-2010 Online Status: Offline Posts: 452 |
![]() ![]() |
Sea Beroo ko ke go naprajme ski centar , od juzna I jugozapadna bugaria sve na Skijanje u Beroo
![]() Super bi bilo od Tetovo zicarta da se napraj no toa cini, lesno e nesto da rasipas tesko e da go naprajs... Do vcera na Sapka po pola saat se cekase dolu na biletara cickoto so nozici sece lifcinja, pa kuca fiskalna pa zema pletenoto vrfce pa vraka kusur... pa paa potoa uste cekaj na dvosedot pa so nego uste 15 minuti, ete ti saat vreme od koga ke stignes dodeka pocnes da skijas... Da ne zborime ako sakas da go skijas s'rtot kako podolga pateka, treba so aerodrom zicarata da cekas pa patesestvie, pa posle biJatlon malce do GE zicara e hee hee... bare ova ko ke se sredi ke skijame vo vistinska smisla... ![]() ![]() Edited by Portal - 23-Feb-2014 at 23:02 |
|
![]() |
|
Dragan ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 19-Feb-2009 Location: Tetovo Online Status: Offline Posts: 1172 |
![]() ![]() |
ЕЛЕМ
Попова Шапка ќе добие нова жичарница за 9,4 милиони евраЕлектрани на Македонија (ЕЛЕМ) реши италијанската компанија „Леитнер" (Leitner AG/Spa) да ја проектира и да ја гради шестоседната жичарница за скијачкиот центар Попова Шапка за 581.002.500 денари или за околу 9,4 милиони евра. Овој проект би тебало да биде завршен до првото тромесечие во 2015 година. Должината на трасата на идната жичарница ќе биде 1.420 метри, а максималниот капацитет ќе биде 3.200 скијачи за еден час. ЕЛЕМ,
компанијата која стопанисува со скијачкиот центар, планира да изгради и
три нови скијачки патеки со должина од 5.000 метри. Целиот проект за
модернизација на скијачкиот центар ќе чини 30 милиони евра. http://www.mkd.mk/makedonija/ekonomija/popova-shapka-kje-dobie-nova-zhicharnica-za-94-milioni-evra |
|
![]() |
|
jyvation ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 11-May-2013 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 4191 |
![]() ![]() |
Странци од Јабланица ќе прават познат ски-центар
![]() Странски инвеститори од Русија, Словачка, Австрија и Бугарија сакаат Јабланица да ја направат познат ски-центар, јавува телевизијата „Алфа“. Физибилити студијата и мастер планот за изградба на ски-центарот се веќе готови. Целосната изработка на проектот чини 250.000 евра, а ја платил МЕПСО, објавува „Алфа“. Алпинистите ја поздравија иницијативата за изградба на ски центар бидејќи со својата местоположба како и поволните временско-метеоролошки услови Јабланица пружа идеални услови за скијање. Планината е под снег 5 месеци во годината. - Географски кога велиме мислам на должината на патеки кои можат да се изградат таму ,бидејќи има доста добра североисточна експонираност каде што природно има доста големи количини на снег .На голема надморска височина се среќаваат природни извори со кои што многу лесно може да се направи акумулација на пример, вели алпинистот Антонио Додоски. Овој капитален проект покрај жичарници предвидува и изградба на пет до шест луксузни хотели од прва категорија со 4 и 5 ѕвезди. http://republika.mk/?p=362655 |
|
![]() |
|
kultuzin ![]() Senior Member ![]() Joined: 07-Nov-2010 Online Status: Offline Posts: 3811 |
![]() ![]() |
Ако добро го разбрав министерот за култура физибилити студија ќе се прави и за Беласица и за Матка и уште едно место. Не ме фаќајте 100 % за збор можеби не сум разбрал најдобро со оглед дека не бев 100% концентриран на муабетот,
|
|
![]() |
|
jyvation ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 11-May-2013 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 4191 |
![]() ![]() |
Нижо Поле ќе добие зголемени ски капацитети
По иницијатива на Директорот на Јавното претпријaтие Стрежево, Марјан Ѓероски во соработка со ПоинтПро Консалтинг изработена е физибилити студија која има за цел изнаоѓање на оптималното решение за проширување на постојните ски капацитети на СЦ Нижо Поле Стрежево на Пелистер со цел да се создаде зимско – летен рекреативен центар, кој ќе понуди содржини преку целата година. “Со оваа студија во првата фаза е предвидено проширување на ски комплексот во зоната за оддржлив развој на НП Пелистер кој го опфаќа појасот околу врвот Муса.Во втората фаза скијачкиот комплекс ќе се прошири до месноста Орлови Бари и кон Преспа, но тоа ќе се прави подоцна заради тоа што локалитетот сега е во опфатот на строго заштитена зона”изјави Марјан Ѓероски директор на ЈП Стрежево. Со реализација на првата фаза ќе се задоволат потребите на 3000-4000 илјади скијачи од Пелагонискиот регион и југо-западниот дел на Македoнија притоа скијачите ќе имаат можност да скијаат на одлични стази и во најповолни услови. Според податоците добиени со истражувањата, кофигурацијата на теренот нуди огромен потенцијал, а се разгледувани три локалитети за компарација Чука, Скрково и Муса. ![]() Најидеални услови во однос на опстојувањето на снегот, ориентацијата на теренот север југ и потребите на скијачите, располага планинскиот предел со врвот Муса 2351м и Скрково 2140м. Падините околу врвот Муса нудат супериорни услови во споредба со останатите две алтернативи (Скрково и Чука) во однос на: -Најголема висина на почетната и крајната станица на жичарата и најголема висинска разлика; -Најголем инсталиран капацитет за транспорт на патници, расклоплив шесто сед; -Услови кои нудат можности за најголем број на снежни денови, чисто северна ориентација; -Најдолги и најголеми ски патеки; -Најголем поврат на инвестицијата. ![]() Предвидена е изградба на шестосед жичара со номинален капацитет од 2,500 скијачи на час, како и минимум 5 ски патеки за сите типови на скијачи (сина,црвена и црна) со вкупна должина околу 10 км, систем за вештачки снег на минимум една ски патека, асфалтен пристапен пат со паркинг за околу 500 возила, дополнителна опрема ратраци и ски санки, бачила, snow парк, snowboard патеки и останати содржини. ![]() Инвестицијата за предложеното решение е околу 9 милиони евра, и може да биде реализирана како јавно приватно партнерство, со делумна поделба на инвестицијата помеѓу партнерите. Очекуваниот период на повратот на инвестицијата е околу 7 години, додека при дисконтна стапка од 12%, проектот има интерна стапка на поврат од 20.4% и нето сегашна вредност од 4.5 милиони. Доколку постои интерес кај инвеститорот можна е реализација и на поголем проект од предвидениот, односно реализација на две или три решенија од предложените, со жичари или комбинација од жичари и ски лифтови, со што би се создал поголем скијачки капацитет кој би бил силна конкуренција на најголемите постоечки ски центри во Македонија “ За оваа тема во Битола се зборува последниве 40-50 години, но никогаш ништо конкретно не се направило освен сегашните две скијачки патеки со кои стопанисуваме. Со реализација на овој проект Пелистер ќе стане атрактивна дестинација налик на Банско или Боровец, а туризмот и скијањето ќе се издигнат на високо место со можност за нови вработувања.” истакна Ѓероски. Инаку минатава ски сезона по неколку години мирување повторно беше пуштен во функција ски центарот Стрежево. Центарот располага со два ски лифта, со лесна и средна тежина, патеките се идеални за обука на почетници и рекреативно скијање, центарот поседува угостителски објeкт како и сосема нов сноуборд парк кој ЈП Стрежево во соработка со Ски&Сноуборд клубот НоЛимит од Битола дополнително го анимираат Нижо Поле и Пелистер во целост. На Пелистер на кој се сместени два ски центри Копанки и Нижо Поле – Стрежево радикално се зголемува понудата за зимски туризам и рекреација преку понуда на фрирајд скијање со ратрак, сноуборд парк и настани во рамките на истите. http://skimacedonia.mk/nizo-pole-ke-dobie-zgolemeni-ski-kapaciteti/ |
|
![]() |
|
ehrlich ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 31-May-2012 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 1365 |
![]() ![]() |
Очигледно идејата за ски-центарот на Водно ќе се тера понатаму или пак овие места (сето раководители) се за пополнување на членови пред претстојните избори (Оглас за вработување)
|
|
![]() |
|
Kid_A ![]() Senior Member ![]() Joined: 24-Nov-2014 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 452 |
![]() ![]() |
Кај нас се е продавање магла пред избори, затоа што народот многу лесно се пали на дневно популистичка политика. Терминот “ќе направиме“ е најупотребуваниот термин во историјата на независна Македонија.
|
|
![]() |
|
Џоле ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 23-Apr-2013 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 15368 |
![]() ![]() |
Една многу убава фотографија од Попова Шапка
![]() |
|
За сè има вторпат
|
|
![]() |
|
Navigator ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 02-May-2014 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 678 |
![]() ![]() |
Напредува изградбата на новата жичара на Попова Шапка
На скијачкиот центар Попова Шапка има засилени градежни активности за поставување на новата шестоседна жичара за која сега се монтира крајната станица што дава надежи кај сите љубителите на зимските спортови во Македонија дека ќе добијат уште едно атрактивно место за скијање. Скијачкиот центар Попова Шапка според проектот на ЕЛЕМ кој ја финансира изградбата вредна 9.6 милиони евра ќе добие модерна жичара. Проектот и изведбата го води италијанската компанија Лентер и штом биде целосно поставена се очекува да привлече голем број на туристи и скијачи во новата снежна сезона. ![]() ![]() ![]() ![]() ![]() ![]() ![]() Извор |
|
![]() |
|
BOJAN ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 09-Sep-2008 Location: SKOPJE Online Status: Offline Posts: 3438 |
![]() ![]() |
Шуќур - после 10 години ветување на ЕЛЕМ.
|
|
![]() |
|
Portal ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 13-Nov-2010 Online Status: Offline Posts: 452 |
![]() ![]() |
koja tocno e pozicijata na liftov? od koja tocka pocnue, i rekoa zavrsue na vrvot na GE!?
edit ova e nad GE, ke imali stanica na GE?: ![]() Edited by Portal - 20-Sep-2016 at 18:43 |
|
![]() |
|
<Fresno> ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 13-Jun-2010 Online Status: Offline Posts: 1161 |
![]() ![]() |
Не може на Ге да има станица. Евентуално на Јелак.
|
|
![]() |
|
bob39 ![]() Groupie ![]() ![]() Joined: 25-Feb-2011 Location: Amsterdam Online Status: Offline Posts: 51 |
![]() ![]() |
Која глупост! Горе бре скапаници и спори скилифти, а тие градат жичара до центар што не функционире наместо прво горе да ги модернизираат и доизградат патеките. Тотална утка и тотално не познавање на состојбите.
Ама што би можеле да очекуваме од луѓе што градат панорамски тркала и свакојаки мизерии насекаде... ![]() Edited by bob39 - 10-Nov-2016 at 00:34 |
|
Трговски центри= убиство на Скопје
|
|
![]() |
Post Reply ![]() |
Page <1 45678 9> |
Forum Jump | Forum Permissions ![]() You cannot post new topics in this forum You cannot reply to topics in this forum You cannot delete your posts in this forum You cannot edit your posts in this forum You cannot create polls in this forum You cannot vote in polls in this forum |