build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Инфраструктура > Енергетика
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Гасификација

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 45678 30>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #101 Posted: 17-Jun-2010 at 15:22

Македонија преку „Газром“ влегува во „Јужен поток“

четврток, 17 јуни 2010, 14:41

Вклучувањето на Македонија во значајниот меѓународен транзитен коридор „Јужен поток“, со можност за изградба на крак низ македонска територија, беше една од темите на денешната средба во Санкт Петерсбург на претседателот на Македонија Ѓорге Иванов и вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески со генералниот директор на „Газпром“, Алексеј Милер.

Тие воедно заклучиле дека претстојното потпишување на спогодбата за клириншкиот долг меѓу Русија и Македонија, најавено за в сабота, ќе создаде услови за учество на „Газпром„ во изградбата на македонската гасоводна мрежа.

- Потпишувањето на спогодбата ќе овозможи унапредување на соработката меѓу Македонија и Русија во енергетскиот сектор. Со тоа се создадени услови „Газпром“ да учествува во изградбата на гасоводната мрежа во Република Македонија, за што двете страни искажаа целосна подотвеност за соработка, соопшти Кабинетот на министерот за финансии Ставрески.

Иванов, Ставрески и Милер разговарале и за можноста за партнерство меѓу рускиот енергетски гигант и Македонија во изградба на гасни електрани.

- Подготвеноста на двете страни за реализација на проектите се докажува и со тоа што е договорено експертските тимови на Газпром и Владата на РМ веднаш да почнат да работат на усогласување на техничките работи, се вели во соопштението од кабинетот на вицепремиерот Зоран Ставрески.

http://vesti.alfa.mk/default.aspx?mId=37&eventId=23752
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #102 Posted: 19-Jun-2010 at 16:04

Потпишан договорот за клириншкиот долг на Русија кон Македонија

Санкт Петербург, 19 јуни (ИНПРЕС)

- Со потпишувањето на овој Договор се затвора едно децениско прашање што ги оптоваруваше односите во економскиот дел и сега ќе се унапреди економската и енергетската соработка меѓу двете земји, изјави министерот за финансии Зоран Ставрески по церемонијата на потпишување на спогодбата со заменик-министер за финансии Дмитриј Панкин.

Со договорот, со кој го регулира подмирувањето на долгот на некогашниот Советскиот Сојуз кон поранешна Југославија, Македонија добива 60 милиони американски долари, што ќе бидат искористени за реализација на проектот за гасификација на земјата.

- Со ова практично добиваме можност за зголемена соработка со Руската Федерација и со еден значаен партнер како што е „Газпром“, енергетски гигант во светски размери, кој што ќе ни помогне побрзо да го реализираме проектот за гасификација. Верувам дека во блиска иднина Македонија ќе влезе на меѓународната енергетска мапа, потенцира Ставрески.

Рускиот-заменик министер Панкин од своја страна нагласи дека со потпишувањето на Договорот во следниот период се отвораат можности за интензивирање на економската соработка меѓу Македонија и Русија во повеќе сектори.

http://www.inpress.com.mk/default.asp?ItemID=1C02D738FBC062408347BE02053842A8
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #103 Posted: 22-Jun-2010 at 21:38
Солиден осврт од Нова Македонија
Со „Јужен тек“ низ Македонија, Русија ќе ги ќари и Албанија и Косово





 
 
 
%20  

Изгледа пак направивме есап без крчмарот. Еуфоријата за влегување на голема врата на рускиот гас во Македонија спласна кратко по изјавата на првиот човек на „Газпром“, Алексеј Милер, дека дури по неколку месеци ќе биде позната судбината за евентуалното учество на Македонија во „Јужен тек“. Според него, најпрво треба да се направи техничка и економска анализа на можноста за вклучување на територијата на Македонија во гасоводот, за што ќе бидат потребни од два до три месеци. Претходно, претседателот Ѓорге Иванов и министерот за финансии Зоран Ставрески од Санкт Петербург ни ја соопштија радосната вест дека Русија се согласила да ја вклучи Македонија во овој проект.

- Со изградба на коридор од „Јужен тек“ кон Македонија, земјата влегува на меѓународната мапа на енергетски транспортни коридори, со што ќе се овозможи македонското стопанство да добива евтин гас. Експертскиот тим ќе го утврди и правецот на кракот од „Јужен тек“ низ Македонија, по што би следувало потпишување на меѓувладин договор за реализација на тој проект - рече Ставрески.

За аналитичарите, прашањето за доаѓањето на гасот во Македонија повеќе е прашање на политика и стратегиско влијание, отколку на чисто економски односи. Од друга страна, на Русите им е важно да освојуваат нови пазари и да го шират своето влијание и од тој аспект Македонија може да биде интересна за нив. Тие би можеле да загризат и да пуштат крак низ Македонија и поради ширење на влијанието кон Албанија и Косово, кои можат да се приклучат на овој крак - велат нашите извори.

За Димитар Хаџимишев, претседател на Македонската енергетска асоцијација, голема е шансата и реални се изгледите за приклучување на Македонија кон „Јужен тек“, а колку ќе чини тоа и како ќе се реализира ќе каже „Газпром“, бидејќи се работи за руска инвестиција.

- За Македонија е најдобро приклучокот да биде близу Гевгелија. Доколку еден крак од „Јужен тек“ оди низ Македонија, се отвора можноста и за поврзување на Албанија и Косово кон овој гасоводен систем - смета Хаџимишев.

Во ваков случај, Македонија би имала пристап до два гасовода, постојниот од Бугарија и новиот преку „Јужен тек“.

Кога Русија нема да има проблеми со Украина, како минатата година за време на гасната криза, ќе работат двата гасовода. Ако пак има проблеми со оваа земја, тогаш гасот за Европа и за Македонија ќе оди преку „Јужен тек“. Тоа е идејата на овој гасовод, да се избегнат евентуалните проблеми со Украина, објаснуваат експертите.

И првиот човек на „Гама“, Крсте Миладинов, вели дека коридорот за Македонија е изводлив, но треба да се видат техничките, финансиските и градежните можности, како и да се утврдат правилата на игра за овој крак за Македонија.

- Од друга страна одлуката е и политичка. Може да се приклучиме каде било, каде што е најблиску за нас. Сегашниот гасоводен систем во Македонија е со капацитет од 800 милиони кубни метри годишно. Според анализите, на Македонија и требаат 2 милијарди кубни метри гас годишно и овој гасоводен крак на „Јужен тек“ може да ја обезбеди таа една милијарда годишно што недостига, без тоа да се почувствува на европскиот пазар - вели Миладинов.

%20


Од друга страна, дипломатски извори за „Нова Македонија“ тврдат дека „Јужен тек“ е транзитен гасовод чија примарна цел се другите европски земји. Државите низ кои транзитира може да користат многу малку од неговиот капацитет. За нив главен извор на приходи е таксата што ја наплаќаат од транзитот низ нивната територија, додаваат тие.

Се планира „Јужен тек“ да се реализира со учество на „Газпром“, и тоа 50 отсто, италијанската корпорација ЕНИ да учествува со 40 проценти и 10 отсто да биде учеството на францускиот енергетски гигант ЕДФ. Околу 900 километри од гасоводот треба да минуваат по дното на Црно Море до Бугарија. Цевководот годишно треба да доставува 63 милијарди кубни метри гас за Европа. Договори за учество во проектот потпишале Австрија, Бугарија, Унгарија, Грција, Словенија и Хрватска, а интерес пројавува и Романија.

Шансата крак на „Јужен тек“ да мине низ Македонија, власта ја гледа преку неодамна потпишаниот договор за враќање на клириншкиот долг на Русија кон Македонија во износ од 60 милиони долари. Со можноста за крак на „Јужен тек“ кон Македонија, овие пари повторно би останале во рамките на руската економија, а на Москва би и донеле и дополнителна заработувачка. Според проценките, гасификацијата на Македонија се проценува на повеќе од 300 милиони евра.

Во Министерството за транспорт и врски потврдуваат дека се одредени приоритетните магистрални правци во правецот Клечовце-Битола, со крак до Струмица и правецот Скопје-Тетово-Гостивар и до крајот на годината се очекува да почне процесот на гасификација на државата.

- Од технички аспект не би требало да има никакви проблеми, бидејќи се работи за меѓународни коридори. Ако државата се договори со државите што го продаваат гасот, како Русија, не би требало да има никакви пречки - вели инженерот Чедомир Теодосиевски.

Од Македонската енергетска асоцијација тврдат дека сите коридори поминуваат многу блиску или на растојание од 200 километри до границата на Македонија. Тоа е меѓу 50 и 100 милиони евра инвестиција да се поврзете и да донесете енергија во земјата- велат од МЕА.

Моменталната искористеност на гасоводниот систем во земјата е 15 отсто. Со пуштањето во употреба на комбинираната гасна централа ТЕ-ТО се претпоставува дека овој процент ќе се зголеми на 50 отсто. Досегашната мала искористеност на гасот е причина и за високата цена на гасот кај нас. Поради овие причини градоначалникот на Струмица, Зоран Заев, реши со камиони од Петрич, Бугарија да носи гас во општината, кој потоа ќе се декомпресира и ќе се пушти во градската мрежа. Набавениот гас на овој начин ќе чини 44 евра за 1.000 кубни метри. Во оваа цена се вклучени и транспортот, шпедицијата, терминалите и царината од 2 отсто, вели Заев.


%20



 

Руска амбасада: За десетина дена сé ќе биде појасно

Од Амбасадата на Русија во нашата земја вчера не беа во можност да ги прецизираат деталите за евентуалниот крак на „Јужен тек“ низ Македонија, иако потврдуваат дека идејата е реална и остварлива.

- Ова е нов момент што беше обелоденет пред три дена во Санкт Петербург и сега треба да се направат анализи. Сепак, мислам дека идејата е реална и остварлива. Во наредниот период, веројатно, ќе следат консултации меѓу „Газпром“ и Владата или некоја фирма од Македонија задолжена за гасификацијата. Времето ќе покаже дека за десетина дена сé ќе биде појасно - ни изјави Александар Лесин, советник за економија во руската амбасада во Скопје.

Според него, „Газпром“ е доста затворена организација и тоа е нивна деловна политика. Од амбасадата не сакаа да коментираат ниту за можноста преку кракот на „Јужен поток“ низ Македонија да се прошири мрежата и во Албанија и на Косово.



%20



Каде би се поврзале?


Сé уште е нејасно дали точката на поврзување на гасоводниот систем треба биде во Бугарија или во Грција. Доколку точката на поврзување биде во Грција, сигурно ќе биде потребен и меѓудржавен договор, предупредуваат експертите, кои велат дека просторот е многу мал за некакви политички маневри или блокади од нашиот јужен сосед.
Со гасот драстично пониски сметки за сите

Анализите покажуваат дека гасификацијата на земјата ќе резултира со намалување на сметките за греење од 30 до 50 отсто. Корист ќе имаат и компаниите, кај кои ќе се намалат трошоците на производство од 20 до 50 отсто, додека земјоделците ќе имаат и до два месеци порано раноградинарско производство од пластеници, со што и заработката ќе им биде за 30-70 отсто поголема. Споредено со струјата, секое домаќинство што ќе користи природен гас за затоплување ќе остварува заштеда од 200 до 1.000 евра годишно, покажуваат пресметките. За компаниите, заштедите ќе бидат поголеми, што пак ќе ја зголеми нивната стабилност и конкурентност. Продажната цена на природниот гас и во иднина ќе биде околу 40-50 отсто пониска од нафтата за греење и 30 отсто пониска од мазутот.

Во споредба со сите други енергенси, гасот е најевтината и најдобрата можна опција и од аспект на најмала емисија на јаглероден диоксид, што беше клучна заложба и на последниот самит во Копенхаген, сметаат експертите. Нивните прогнози се дека пазарните предности гасот ќе ги задржи и во догледно време.

 
   
Автор: Александар С.Димковски
http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=62210101929&id=9&setIzdanie=22014

Edited by Cloverstack - 22-Jun-2010 at 21:40
Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3654
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #104 Posted: 23-Jun-2010 at 14:08
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #105 Posted: 25-Jun-2010 at 02:41

Во Куманово се форсира гасификацијата

Столе Божиновски


КУМАНОВО - Километар по километар во Куманово веќе трета година се инсталира подземната мрежа на проектот за гасификација. Од есен или од наредната грејна сезона најголемата општина во државата ќе може да ги ужива благодатите на природниот гас како моментно најевтина и еколошки чиста енергија. Сепак, за масовна потрошувачка на природниот гас ќе се почека. Според некои процени, гасификацијата на двособен стан ќе ги чини граѓаните повеќе од 1.000 евра, инвестиција што во општата сиромаштија ретко кој може да си ја дозволи.

Примарната мрежа во централното градско подрачје е завршена. На раскрсницата на булеварите „Трета МУБ‘“ и „Октомвриска револуција“ е направено спојување на гасоводните цевки со профил од 159 мм, што овозможува изградба на нови два километра од примарната гасоводна мрежа кон приградските населби Гоце Делчев и Зелен рид.

Мегапроектот гасификација, што ќе го чини Куманово околу 10 милиони евра, го води новоформираното јавно претпријатие „Куманово - гас“, а го изведува фабриката за заварени цевки и профили „11 Октомври“, со специјализирана екипа за инсталирање на испитани и гарантирано безбедни челични цевки со полиетиленска заштита на притисок до 16 бари.

„Тоа обезбедува услови за безбедна и непречена дистрибуција на природен гас на стандардните 10 бари притисок. Моментно се форсираат 600 метри од главниот вод по булеварот ’Трета МУБ‘ кон Училишната амбуланта, а потоа ќе се продолжи по главните улици од јужната страна на Куманово (Соколанско Маало‘) кон строгиот центар на градот, односно до општинските институции и до колективните станбени згради со повеќе стотини семејства“, објаснува директорот на ЈП „Куманово – гас“, Момчило Мирчевски.

Другиот крак од примарниот гасовод ќе се протега кон зоната околу гимназијата „Гоце Делче“ и основните училишта „Крсте Мисирков“ и „Браќа Миладиновци“. И двата дела треба да бидат завршени до крајот на август. По ова на компанијата ГАМА, дефинитивно, и' се овозможуваат услови за изградба на главната мерно-регулаторна станица и приклучокот на Куманово во главниот гасовод.

http://utrinski.com.mk/?ItemID=B1A3C66334C8A345BA9CF32EB44BD953
Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3654
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #106 Posted: 07-Jul-2010 at 12:46

Во септември параф за „Јужен тек“ низ Македонија


Првиот човек на „Газпром“, Алексеј Милер, доаѓа да го потпише договорот. Вкупниот проект за гасификација на Македонија се проценува на 300 милиони евра. Само во делот што ќе се затвора со парите од клириншкиот долг, предвидено е учество на руски и на македонски фирми

 
 
%20  
Меѓудржавниот договор за изградба на крак од гасоводот „Јужен тек“ низ Македонија ќе биде потпишан во септември кога во нашата земја ќе допатува првиот човек на „Газпром“, Алексеј Милер, дознаваме од дипломатски извори од Руската Федерација. Македонија со тоа во последен час успева да фати приклучок кон еден исклучително важен енергетски проект, за кој сé повеќе лобира и Романија. Покрај влегувањето во мапата на европските енергетски коридори, вклучувањето во „Јужен тек“ за Македонија ќе значи енергетска преродба, поконкуретно производство и пониски трошоци за сите.

- Првиот човек на „Газпром“ беше особено заинтересиран за овој проект и во септември се планира негова посета на Македонија, кога ќе биде потпишан и договорот.

%20Во меѓувреме, оперативни групи составени од неколку експерти ќе ја посетат Македонија, за да направат анализи каде ќе биде приклучокот, за кој временски рок ќе се изгради кракот, вредноста на инвестицијата, економската оправданост и слично. До крајот на август треба сé да биде готово - ни изјави Илија Исајловски, македонски амбасадор во Москва.

Од владини извори дознаваме дека во тек се преговорите со „Газпром“ и договорот што ќе се постигне мора да се ратификува во парламентот, бидејќи се работи за меѓудржавен договор. Она на што посочуваат од амбасадата во Москва е да не се меша затворањето на клириншкиот долг од 60 милиони долари и изградбата на „Јужен тек“ низ Македонија, иако „Газпром“ учествува и во двете работи.

- Сега партнер на македонската влада е Владата на Русија. Во втората фаза македонската влада треба да потпише посебен договор или инструмент со „Газпром“ за целиот проект - објаснува амбасадорот Исајловски.

Во однос на дилемата дали руска компанија може да гради во Македонија, тој тврди дека тоа е надминато преку договорот за враќање на клириншкиот долг. Станува збор за поранешен долг што се третира како стоки и услуги и тука е најдена правната можност „Газпром“ да го гради кракот кај нас, што исто така се третира како стоки и услуги. Во втората фаза, токму преку тој инструмент што треба да го потпишат македонската влада и „Газпром“, ќе се знаат и деталите за тоа кој ќе биде партнерот од македонска страна и како ќе се затвори финансиската конструкција - нагласува Исајловски.

За експертите, прашањето за сопственоста на земјиштето каде што ќе поминува гасоводот не може да биде предмет на договарање со „Газпром“. Сопственик на земјиштето е македонската влада или некое домашно јавно претпријатие, задолжено да стопанисува со трасата и со гасоводот. И од Министерството за финансии нагласуваат дека нема барање од Русија за сопственост врз земјиштето каде што би поминувал гасоводот.

- Тоа не е ниту правно можно. Во однос на изградбата, само во делот кој ќе се затвора со парите од клириншкиот долг, предвидено е учество на руски и на македонски фирми - ни изјави Ивана Билбиловска, портпаролка во Министерството за финансии.

Реализацијата на вкупниот проект за гасификација на Македонија се проценува на 300 милиони евра. Со „Газпром“ се преговара и за учество во изградба на гасни електроцентрали и евентуална трансформација на ТЕЦ „Неготино“ во гасна електрана. Димитар Хаџимишев, претседател на Македонската енергетска асоцијација, смета дека за Македонија е најдобро приклучокот да биде близу Гевгелија.

- Доколку еден крак од „Јужен тек“ оди низ Македонија, се отвора можноста и за поврзување на Албанија и на Косово кон овој гасоводен систем. Во ваков случај, Македонија би имала пристап до два гасовода, постојниот од Бугарија и новиот преку „Јужен тек“ - нагласува тој. Сегашниот гасоводен систем во Македонија е со капацитет од 800 милиони кубни метри годишно. Според анализите, на Македонија и требаат 2 милијарди кубни метри гас годишно и токму кракот на „Јужен тек“ може да го обезбеди тоа количество гас што недостига.
 
 
http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=7710106519&id=10&prilog=0&setIzdanie=22027
Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3654
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #107 Posted: 09-Jul-2010 at 15:05
И ПОКРАЈ ТОА ШТО ТРАЈАНОВСКИ ЈА НАЈАВУВА КАКО ПРИОРИТЕТ
Скопје се уште далеку од гасификација Роза Петкова

Ниту една заинтересирана компанија не влезе во акционерското друштво на Град Скопје „Енергетика“, иако тоа се формира пред три години, токму со намера да ја почне гасификацијата на главниот град. Градоначалникот Коце Трајановски на почетокот на годинава најави дека ќе објави меѓународен тендер за концесионер што ќе откупи удел од акциите и ќе го гасифицира градот по реони, но сега од неговиот кабинет велат дека тоа била само идеја, а тендер воопшто не се распишал. - Гасификацијата на Скопје е еден од поважните приоритети во програмата на градоначалникот Коце Трајановски. Најавата на почетокот на оваа година е идеја во која насока треба да се движи развојот на „Енергетика“, во функција на побрза и на поквалитетна реализација на програмската заложба. Тендер не беше распишан затоа што акционерското друштво работи на изработка и на собирање обемна документација, која е основен предуслов за изработка на точна техничка спецификација за начинот и за реализацијата на проектот - велат од градското Одделение за односи со јавност. „Енергетика“ е тема за која често се интересираат советниците на Градот, од власта и од опозицијата, со оглед на тоа што токму тие го изгласаа неговото формирање, а досега од неговата работа се виделе само состаноците што се одржуваат во Градско собрание. На последната седница на Советот, до градоначалникот се постави советничко прашање што конкретно работи ова друштво, што постигнало досега како резултат и дали сработеното соодветствува на парите, кои за него се наменуваат од градскиот буџет. Според Трајановски, засега трошоци се правеле само за директорот и за сметководителот на „Енергетика“. - Ова претпријатие и управниот одбор до крајот на одморите треба да дадат програма за работа и начин на наоѓање концесионер кој ќе каже како ќе се воведе гасификацијата. Сигурно, по летните одмори ќе дискутираме како ќе функционира претпријатието - изјави скопскиот градоначалник. И пред две години многу се ветуваше за гасификацијата, кога се зборуваше дека има заинтересирани фирми, меѓу кои беа „Топлификација“, „Макпетрол“ и „Дуферко“, кои би откупиле акции и би влегле во проектот. Се ветуваше приклучување на околу 60.000 станбени објекти, кои не биле приклучени на топлификациската мрежа. Инаку, за идејата за гасификација на Скопје, истанбулското претпријатие „Игдаш“ направи процена според која целиот град би можел да се гасифицира дури во 2026 година.

http://www.vreme.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=2&tabid=1&EditionID=2064&ArticleID=144225
Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3654
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #108 Posted: 13-Jul-2010 at 14:11

Струмица ќе чека на гасификација

Сузана Тасева Коментари (4)   
12.07.2010 17:51
 

 

Министерството за финансии ја кочи гасификацијата на Струмица, обвинува градоначалникот Заев. И по шест месеци финансии не дава ни позитивно, ниту негативно мислење за кредитно задолжување на општината од 2 милиони и 800 илјади евра од Светска банка.

„Би било навистина штета и жално кога општина Струмица е со огромен финансиски капацитет, може да подигне кредит да не добие никаква согласност“ рече Зоран Заев, градоначалник на Струмица.

Од министерството за финансии велат дека ќе се изјаснат кога ќе биде комплетирана документацијата, бидејќи се работело за голем и специфичен проект досега тоа неколкупати го побарале од општината. На ова Заев вели дека доставиле се што било потребно.

„Тие мораат да ја оценат финансиската способност на општината но да навлегуваат во одредени барања на решенија кон општина Струмица тоа не е нивно право, ниту нивна обврска“ додаде Заев.

Доколку до крајот на овој месец финансии не даде согласност, Заев најави дека ќе ја повлече документацијата и заедно со бизнис секторот ќе ја реализираат гасификацијата на Струмица. Проектот вкупно чини 3 милиони и 800 илјади евра, 1 милион евра обезбедува општината.

http://a1.com.mk/vesti/default.aspx?vestID=125247
Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3654
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #109 Posted: 14-Jul-2010 at 17:24

Јавните установи ќе се грејат на гас

Директорите на јавните претпријатија и установи вчера се сретнаа со претставниците на ЈП „Кумановогас„ и одржаа договорен состанок во врска со понатамошните активност за гасификација на нивните објекти. На состанокот присуствуваше и градоначалникот Зоран Дамјановски.

Целта на овој договорен состанок е распишување на тендер за избор на претпријатие кое што ќе изврши адаптација на постопечките системи за грење од мазут и нафта на гас. Тоа е процес во кој треба да се адаптираат самите котли и безбедносните системи во околината на самите котли. Со тоа ќе започнеме со приклучување на дистрибутивната гасна мрежа во градот и се надевам дека процесот ќе се заврши во предвидени законски рокови за јавни набавки и со грејната сезона ќе почне дистрибуцијата на гас до сите јавни установи, големите потрошувачи - рече градоначалникот Дамјановски.

Во првата фаза на приклучување на гасоводната мрежа ќе влезат институциите и установите од централното градско подрачје, каде е изградена гасоводната мрежа. Тоа се  основните училишта „11 Октомври„, „Крсте Мисирков„,„Браќа Миладиновци„, гиманазијата „Гоце Делчев„, детската градинка „Синоличка„, дом за стари лица „Зафир Сајто„, јавните претпријатија „Чистота и зеленило„, „Водовод„, Општината, Полицијата, Судот и др.

Нашите финансиски испитувања покажуваат дека гасот ќе направи заштеда во енергетската ефикасност некаде околу 40 проценти. Мислам дека прво финансиски издатоци на самите јавни претпријатија ќе бидат намалени, а втора е еколошката компонента, бидејќи десетпати помало е загадувањето со овој енергенс- смета Дамјановски.

Градоначалникот ги повика и граѓаните во индивидуалните или колективни домувања кои имаат желба и потреба да се приклучат на гасификациона мрежа на „Кумановогас„ да побараат повеќе ионформации во самото претпријатие.

http://www.kumanovonews.com/vesti/ekonomija/javnite-ustanovi-ce-se-grejat-na-gas.html
Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3654
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #110 Posted: 16-Jul-2010 at 15:10

Изработката на техничка документација за гасоводот чини 2,7 милиони евра

Автор:
16 јули 2010, 15:18
Извор: Макфакс
Скопје Министерството за транспорт и врски склучи договори за изработка на техничка документација на ниво на основен и изведбен проект за магистралната линија на гасоводен систем во Република Македонија во вредност од 2,7 милиони евра.

Како што е соопштено најповолен понудувач за изработка на техничка документација за магистралниот гасовод од Клечовце до Неготино во должина од околу 100 км е скопската компанија „Прима Инженеринг“ ДОО.

За магистралниот гасовод од Неготино до Битола во должина од околу 100 км, како и од Чвор Штип до Чвор Хамзали во должина од околу 60 км, е склучен договор со компанијата ОАД „Укргазпроект“, од Киев, Украина.

Техничка документација на ниво на Основен и Изведбен проект за магистрален гасовод од Чвор Хамзали до Стојаково во должина од околу 50 км, ќе подготвува  конзорциумот „DIWI Cosult International GmbH“, од Есен, Германија и „ДИВИ Консалт Интернационал Македонија“, од Скопје, Република Македонија.

Избраните компании треба да достават банкарски гаранции, а проектите треба да бидат завршени проектите, кои чинат 166.174.475 денари без ДДВ

http://www.makfax.com.mk/#112279;jsessionid=DDBD3F110FC8AC3938B482A67C27C977
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #111 Posted: 17-Jul-2010 at 20:20

Заев бара согласност за кредит од владата да ја гасифицира Струмица

Една недела им даде Заев на министерството за финансии да се изјаснат за задолжување на Струмица за проектот гасификација. Тоа е последниот рок кој општината ќе чека одговор од финансии, зашто Штип добил согласност за задолжување за само еден месец, а Струмица ниту по половина година нема одговор.

- За споредба ќе кажам дека Штип побара согласност за задолжување на 15 април и на 15 мај ја доби, ние чекаме од 5 јануари, вели Заев.

Од министерството за финансии велат дека Штип бара согласност за задолжување за изградба на паркинг, за разлика од Струмица која се зафаќа со огромен проект. Велат дека во три наврати барале општина Струмица да ја комплетира документацијата за да се утврди оправданоста за задолжувањето. 
Заев пак вели дека ги исполнуваат условите и ќе градат со или без согласност. 

Според законот за финансирање на единиците на локалната самоуправа ги исполнуваме сите услови да подигнеме кредит. Доколку владата не даде согласност подготвени сме да почнеме да градиме со општински пари, а на владата ова ќе и биде уште еден доказ за заборавеноста на Струмица, рече струмичкиот градоначалник.

Гасификацијата на Струмица чини три милиони и 800 илјади евра, еден милион обезбедува општината.

Сузана Мицева


17.07.2010, 14:46
http://kanal5.com.mk/default.aspx?mId=37&egId=13&eventId=62849
Back to Top
Plugger View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 15-Sep-2008
Online Status: Offline
Posts: 378
  Quote Plugger Quote  Post ReplyReply #112 Posted: 18-Jul-2010 at 19:14

Премиерот Груевски за гасоводната мрежа и за заштитата на домашните производители на пченица

Проектирањето на гасоводната мрежа во Македонија почнува наскоро, а можно е со нејзината изградба да се почне веќе следната година, изјави денска во општина Бутел премиерот Никола Груевски.

- Министерството за транспорт и врски веќе склучи договор за проектирање на целиот гасовод во Република Македонија, проект кој што ќе чини околу 2,5 милиони евра и наскоро треба да почне да се проектира. Проектирањето ќе трае до следната пролет, а потоа треба да почне физичката градба. Обзбедено е дел од финанисрањето да оди од клириншкиот долг на Руската федерација, кој што е договорен. Остатокот ќе биде финансиран од Европската банка за обнова и развој или од Европската инвестицона банка кои што на последните состаноци покажаа сериозна заинтересираност за овој проект. Големи се шансите по завршувањето на проектот со кој што сега се почнува, следната година да почне и изградбата на проектот, рече Груевски.

Во однос за пченицата подвлече дека мерките донесени за заштита на домашните производители на пченица се во рамки на владината посветеност за поддршка на земјоделството

- Штом се виде дека е можно да постои опасност околу производителите на пченица, ние останавме доследни на нашите политики и преземавме мерки за нивна заштита, рече шефот на Владата псоочувајќи дека таквиот начин на работење ќе продолжи и во иднина.

За изградба на фабрика за монитори во Бунарџик на компаниите ХР и Тривју, премиерот Никола Груевски рече дека засега постојат најави оти една од компаниите, кинеската ќе продолжи со инвестициите. Тој информира и дека постои интерес за влез на нови турски инвестиции во земјава,  односно дека станува збор за подолга листа на компании од Турција заинтересирани за инвестирање во Македонија, пред се за изградба на цементарница.

http://www.sitel.com.mk/dnevnik/biznis/premierot-gruevski-za-gasovodnata-mreza-i-za-zashtitata-na-domashnite-proizvoditeli-n


Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3654
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #113 Posted: 03-Aug-2010 at 05:18

Доцни гасификацијата на Струмица

Градоначалникот Зоран Заев тврди дека доцнењето е поради тоа што Министерството за финансии не одговарало на нивното барање за кредитно задолжување, а од Министерството велат дека од Општината не ја комплетирале документацијата за овој проект

Проектот за гасификација на Струмица доцни седум месеци и најверојатно нема да се остварат најавите наесен низ градот да потече гас. Според градоначалникот Зоран Заев, причина за тоа било Министерството за финансии, кое повеќе од седум месеци не одговарало ни позитивно ни негативно на нивното барање за добивање согласност за кредитно задолжување од 2,8 милиона евра од Светска банка. Општината го побарала тоа на 5 јануари годинава.

- Навистина е штета што Општина Струмица е со огромен финансиски капацитет и има одличен кредитен рејтинг, а не може да добие согласност да подигне кредит. Во последниот допис што го добивме од Министерството за финансии стои дека тоа не може да даде ни позитивно мислење ни негативно, со образложение дека државата имала намера во иднина да гради гасоводна мрежа како национален гасовод во Република Македонија - вели градоначалникот Заев.

Тој додава дека на барање на Министерството за финансии била доставена целокупната документација за проектот, иако за тоа немале законска обврска бидејќи Општината од Министерството бара само согласност за кредитно задолжување.

- Министерството треба да ја оцени финансиската способност на Општината, а не да навлегува во одредени други барања што не се во нивна надлежност - тврди струмичкиот градоначалник.

Од Министерството за финансии, на обвинувањата на Заев, одговорија дека во неколку наврати побарале Општината да ја комплетира документацијата поврзана со овој проект, бидејќи станувало збор за голем и специфичен проект што треба да биде оправдан со прецизна проектна документација. Штом ќе се комплетирала документацијата, Министерството за финансии ќе се изјаснело околу давањето согласност.

Целиот проект за гасификација на Струмица чини 3,8 милиони евра, од кои покрај кредитот, Општината ќе учествува со 1 милион евра.

Градоначалникот Заев рече дека согласноста за кредитно задолжување од Министерството ќе ја чека до почетокот на месецов. Ако не ја добие, ќе ја повлече целокупната документација, а изградбата на гасоводната мрежа низ Струмица ќе ја реализираат со општински пари и со помош на бизнис-секторот.

http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=083AFB3CC4D97242A6B9A8EF7830B190
Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3654
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #114 Posted: 03-Aug-2010 at 05:22

Скопје ќе се изначека за гас

Градските власти допрва ќе ја кројат стратегијата за работа на „Енергетика Скопје“, иако претпријатието функционира веќе три години, а директорот редовно зема плата

Овие летни месеци градската власт требаше да распише меѓународен конкурс за гасификација на Скопје, но тој, според сегашните изјави на градоначалникот Коце Трајановски, не е ни на повидок. Напротив, наместо тендер, наесен градоначалникот допрва ќе отвора тема пред Советот за тоа како во иднина ќе функционира акционерското друштво „Енергетика Скопје“. А само пред неколку месеци беше најавувано дека како Град очекуваат да се пријават многу заинтересирани фирми, како и дека ако тендерот помине како што треба, ќе биде зацртана целата стратегија за изградба на мрежата.

„Енергетика Скопје“ беше формирано како јавно претпријатие во времето на поранешниот градоначалник Трифун Костовски, а потоа стана акционерско друштво. Постои веќе три години, има директор и Управен одбор, но и покрај тоа, стратегијата за неговото работење допрва ќе се крои. Иако без стратегија за работа, неговите вработени три години редовно земаат плата од градскиот буџет, па затоа опозицискиот СДСМ на една од последните седници на Советот го праша градоначалникот Трајановски што работи ова претпријатие, кои се резултатите и дали некој води евиденција за трошоците.

Скопскиот градоначалник рече дека ќе биде искрен со членовите на Советот.

- Советот одобри дополнителни средства за „Енергетика“, но не сум среќен со начинот и работата на ова акционерско друштво. По летните одмори на седниците ќе дебатираме како ќе функционира во иднина, бидејќи ова сега е затечена состојба. Имаме трошоци само за директорот, сметководителот и за управниот одбор. Тие до крајот на годината ќе треба да дадат стратегија за ангажирање на концесионер кој ќе го стопанисува гасот - изјави градоначалникот.

Прашањата кои и после три години висат во воздух, според него, се дали „Енергетика“ да биде акционерско друштво или јавно претпријатие и дали ќе се распишува оглас за влегување на странски капитал.

- Не е во ред ваквото однесување од ова акционерско друштво за решавање на проблемот со гасификацијата на Скопје. Директорот и сметководителот ги гоиме две години - рече советникот Драги Давчевски од опозицискиот СДСМ.

Трајановски изрази задоволство од нивната работа и рече дека резултатите зависат од други фактори, а не од нив.

Сумата што е потребна за градење на гасификациската мрежа во Скопје, според процените, би требало да изнесува некаде од 30 до 40 милиони евра. Беше кажано дека меѓу првите општини што ќе бидат приклучени на гас се планирани Кисела Вода, Ѓорче Петров и Гази баба, имајќи предвид дека таму се наоѓаат големи заинтересирани потрошувачи.

Благодети од гасификацијата се намалување на увозот на електрична енергија, намалување на одливот на пари во други земји, поевтинување на трошоците на живот на граѓаните, помало загадување итн. Гасификацијата, според објаснувањата од Градот, не е конкуренција на „Топлификација“, но во секој случај ќе им понуди на потрошувачите можност за избор.

http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=9997E32F0760254E9811D72C24486ADB
Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3654
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #115 Posted: 26-Aug-2010 at 19:55

Кумановогас уште ја чека станицата на ГАМА

Мерната станицата за приклучок на гасоводната мрежата на ЈП „Кумановогас“ ќе стигне до крајот на наредниот месец или најдоцна до 15 октомври.

Одговорните лица во ГАМА, кои две години пролонгираат  да отпочне дистрибуцијата на гас во градо,  дале ветување дека ќе ја постават до почетокот на грејната сезона. 

Со поставување на оваа станица ќе се приклучи нашиот гасен систем, кој е испитан и спремен за приклучување. Се надевам дека конечно ќе почне употребата на гасот и проширувањето на нашата мрежа до нови потрошувачи-вели Момчило Мирчевски директор на ЈП„Кумановогас“.

Екипите на ЈП „Кумановогас“ моментно работат на приклучок во гимназијата „Гоце Делчев“, училиштата „Крсте Мисирков“, „Браќа Миладиновци“ и поранешниот Пионерски дом. 

Во нашиот систем ги имаме приклучено позначајните и поголемите  потрошувачи во Куманово. Досега се опфатени осум училишта, градинките, Поштата, Полицијата, Општината, Судот со што нашите активности за поврзување на поголемите потрошувачи ќе ги привршиме во овој период - вели директорот.

Потоа ќе се продолжи со поврзување и на помалите потрошувачи како што се стамбените единици, приватните домаќинства и куќите.

http://www.kumanovonews.com/vesti/vesti/kumanovogas-uste-ja-ceka-stanicata-na-gama.html
Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3654
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #116 Posted: 30-Aug-2010 at 08:06

Гасификација со јавно-приватно партнерство

Општина Крива Паланка планира гасифицирање на градот преку јавно-приватно партнерство за што веќе се во тек подготвителните активности. Идејата за заедничка реализација на проектот на општината со приватен партнер е поттикната од повеќето заинтересирани инвеститори, кои се подготвени да инвестираат во изградбата на овој инфраструктурен објект.

- Подготвуваме изработка на студија за јавно-приватно партнерство за гасификација на градот. Првичната идеја беше да го гасифицираме само индустрискиот дел, но поради интересот на повеќе инвеститори, со гасоводот ќе биде опфатено целото градско подрачје. Според првичните процени целата инвестиција би била 2,5 милиона евра - вели градоначалникот Арсенчо Алексовски.

Уште пред десетина години Крива Паланка има обезбедено идеен проект за целиот град и главен проект за гасификација на централното градско подрачје, изработен од бугарската компанија „Овергас“ од Софија, со што беше првата општина во државата со готова планска документација за воведување на овој енергенс во потрошувачката.

- Постојниот проект ќе ни послужи како идеен за изработка на потребната документација за јавното-приватно партнерство. Општината ќе учествува во делот на изработка на документацијата и комуналиите, а ако е законски изводливо и со закуп на одредени водови. Преку Североисточниот плански регион веќе имаме аплицирано за средства за потребната документација, а приватниот партнер би ја презел изградбата на целиот гасовод - вели Алексовски.

Во оптек се две варијанти за реализацијата на јавното-приватно партнерство. Според едната, општината би си го наплатила делот за градежните дозволи и комуналиите, а, според другата, би требало да се откаже од овој дел и да добие процент од експлоатацијата и продажбата на гасот.

- Мислам дека за општината е подобро да имаме удел како косопственици во јавното-приватно партнерство од експлоатацијата на гасоводниот систем, со што континуирано ќе добиваме процент во општинската каса - истакнува Алексовски.

Според сегашниот проект, гасоводниот систем опфаќа 5 км од главниот градски колектор и 50 км од градската гасоводна мрежа. Пред неколку години беше извршено и истражување кај 500 домаќинства и 12 јавни и стопански субјекти од кои речиси сите беа подготвени да го вклучат гасот во производството и во индивидуалната потрошувачка. Дел од нив веќе имаат и изградени инсталации, кои само би се преадаптирале за искористување на овој еколошки и најекономичен енергенс.

- Штета е Крива Паланка да не го искористи гасот, на кој нашата општина може најлесно и најбргу да се приспособи. Низ нашето подрачје минува гасоводната магистрала, а во селото Жидилово се наоѓа главната мерна станица за државата, која претставува влез на гасот во земјава. Воедно, веќе имаме и главна мерно-регулациона станица и приклучок за градот, па затоа ќе гледаме што е можно побргу да го подготвиме овој проект, кој ќе биде вистински благодат за градот - вели Алексовски.

Со јавно-приватно партнерство општината веќе реализира проект за изградба на административно деловна зграда и смета дека овој модел, како светски тренд, е многу погоден за побрза реализација на потребните проекти, кои придонесуваат за развој на градот.

http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=BFE219C8A9C4544AA43E4A03E2173625
Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3654
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #117 Posted: 04-Sep-2010 at 11:02

„Газпром“ доаѓа во септември


Експертите на руската компанија треба да одлучат дали точката на поврзување на „Јужен тек“ кон Македонија ќе биде од Бугарија или од Грција

 
 
%20  
Македонија сé уште чека официјална потврда од „Газпром“ на упатената покана да ја посетат земјава, дознаваме од дипломатски извори. Руската енергетска компанија уште во јуни се согласи да ја вклучи Македонија во проектот за гасоводот „Јужен тек“, за време на посетата на македонскиот државен врв на Санкт Петербург, кога беше потпишан и договорот за намирување на клириншкиот долг. Тогаш беше најавено дека експерти од „Газпром“ ќе дојдат да ги испитаат техничките можности за приклучок на кракот од гасоводот кон Македонија.

- Делегација на „Газпром“ се подготвува да дојде во септември во Скопје. Поканата е упатена, но засега нема точен одговор за терминот на посетата на која ќе се разговара за клириншкиот долг и кракот на „Јужен тек“ низ Македонија - најавуваат дипломатски извори од руската амбасада во Скопје.

Процените се дека посетата најверојатно ќе се реализира кон средината на месецов. Во нашето дипломатско претставништво во Москва вчера не успеваме да добиеме информација за посетата и за текот на разговорите со „Газпром“.

- Амбасадорот е на аеродром, каде што треба да пречека една делегација. Потоа ќе биде зафатен со гостите. Јавете се в понеделник - е одговорот што го добивме од амбасадата.

Според договорот, меѓу двете земји парите од клириншкиот долг, во износ од 60 милиони долари, Македонија ќе ги компензира преку стоки и услуги односно гасификација на земјата што треба да ја спроведе „Газпром“. Рускиот енергетски гигант би се вклучил и во изградба на гасни електроцентрали и евентуална трансформација на ТЕЦ „Неготино“ во гасна електроцентрала. Гасификацијата на Македонија се проценува дека ќе чини повеќе од 300 милиони евра. Во однос на проектот „Јужен тек“ низ Македонија потребно е да се изработи студија за оправданост, како и да се потпише меѓудржавен договор. Во моментов сé уште е нејасно дали точката на поврзување на гасоводниот систем ќе биде во Бугарија или во Грција.

Според Димитар Хаџимишев, претседател на Македонската енергетска асоцијација, за Македонија е најдобро приклучокот да биде близу Гевгелија.

- Со крак од „Јужен тек“ низ Македонија, се отвора можноста и за поврзување на Албанија и на Косово кон овој гасоводен систем - вели Хаџимишев.

Сегашниот гасоводен систем во Македонија е со капацитет од 800 милиони кубни метри годишно. Според анализите, на Македонија и требаат две милијарди кубни метри гас годишно и токму кракот на „Јужен тек“ може да ја обезбеди онаа една милијарда годишно што недостига, тврдат експертите.
 
 
http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=9410953248&id=10&prilog=0&setIzdanie=22076
Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3654
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #118 Posted: 07-Sep-2010 at 15:19

"Јужен тек" неизвесен, „Газпром“ продолжува да ветува

09:00 | 06.09.2010 | Автор: Владимир Петрески

Редица руски медиуми јавија дека руско-кинескиот гасовод Алтај се очекува да почне со работа во периодот од 2015 до 2018 година, додека лансирањето на „Јужен тек“ има временска рамка во периодот од 2015 до 2024 година, според државниот план за развој на гасоводниот сектор на Русија до 2030 година. Но, како и секогаш кога е „Газпром“ во прашање, и овој гасовод, како и „Јужен тек“, е преполн со проблеми. Кина веќе наголемо инвестира во снабдување со природен гас од Туркменистан и Казахстан. Инаку, Русија се согласи да изгради гасовод кон Кина уште во 2002 година, но двете земји се ценкаат за цената уште оттогаш. Русија сака да и го продава гасот на Кина по европски цени, нешто на што Кина не се согласува во ситуација кога веќе

добива далеку поевтин гас од централноазиските земји. Инаку, Македонија нема никаков проблем со цената на рускиот гас, иако таа е повисока и од европските. Земјава плаќа дури 100 долари повеќе за 1.000 кубни метри гас од Германија, на пример, а како причина за тоа се смета малата потрошувачка. Надежите се дека со отворањето на двете топлани на гас во земјава цената ќе се намали, иако „Газпром“ не е познат по прифаќање такви промени во цените, па дури е и подготвен да исклучува цели земји од гасоводната мрежа, како што тоа и се случи на Украина пред две години и на Белорусија (инаку, земја која е најголемиот руски сојузник во Европа) ова лето. Во меѓувреме, пак, во земјава се најавува дури и доаѓање на делегација на „Газпром“ и тоа овој месец, која би требало да врши истражувања за трасата на македонскиот крак на „Јужен тек“. Шпекулациите се дека македонскиот крак би дошол од Грција и дека тој крак би требало да влезе во земјава кај Гевгелија. Но, од друга страна, деновиве албанскиот премиер Сали Бериша, без никакво подлабоко објаснување изјави дека е можно да се изгради и крак на „Јужен тек“ од „соседните земји“ во неговата земја до пристаништето во Валона. Иако не е специфицирано за кои соседни земји станува збор, се смета дека Бериша очекува да ги искористи своите добри врски со својот италијански колега Силвио Берлускони. Арно ама, Грција и Русија имаат цврст договор, па дури и

заедничка фирма, која треба да управува со гасоводот на грчка територија и неговата траса е утврдена да поминува целосно низ Грција и од грчко копно да продолжи кон Италија. Кога станува збор за Македонија, покрај фактот што е проблематично понатамошното цврсто врзување со рускиот државен монопол за природен гас, од стратешка и од политичка гледна точка, не е многу паметно и извлекување крак за Македонија од „Јужен тек“ преку Грција, имајќи го предвид спорот за името. Настрана фактот што приклучувањето на уште еден гасовод во земјава нема никаква логика од деловна гледна точка. Имено, постоечкиот гасовод, кој поминува низ земјава, има капацитет од 800 милиони кубни метри годишно, а ние користиме само 10 отсто од капацитетот. Пресметките се дека и со целосна гасификација на земјава, и тоа и на стопанството и на домаќинствата не би можеле да искористиме повеќе од 70 отсто. Ваквите бројки не ни овозможуваат постоечкиот гасовод да го користиме за транзит на гасот кон другите земји. Што се мисли да се постигне кон приклучувањето кон „Јужен тек“ во ситуација кога не можеме да ги искористиме ниту постоечките капацитети, останува нејасно.


http://www.spic.com.mk/kat/biznis/juzen-tek-neizvesen-gazprom-prodolzuva-da-vetuva.html
Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3654
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #119 Posted: 07-Sep-2010 at 18:10

Јужен поток ќе се гради и во Македонија ?

Руски Газпром е подготвен да дојде во Македонија на преговори со македонската влада, за идејата крак од гасоводот јужен проток да минува и низ земјата. Ова за канал 5 го потврдија директно од централата на Газпорм. “Tехничкиот тим што работи на проектот јужен проток е подготвен да дојде во Македонија и да разговара за можноста крак од транснационалниот гасовод да поминува низ нашата земја”, стои во одговорот на русите до канал 5. Дека средба ќе има и тоа во Скопје, потврдува и министерот за финансии Ставрески како предводник на македонскиот преговарачки тим за решавање на клириншкиот долг.
Јужниот поток нема да биде единствената причина за доаѓањето на русите. Извори за канал 5 објаснуваат дека Македонија и Русија ќе разговараат и за тоа како земјата да добива поголеми количини гас од сегашните. Проблемот ќе се усложни дополнително, кога Те – ТО ќе биде пуштено во употреба. Според познавачите, новата гасна централа во Скопска Керамидница речиси целосно ќе го оптовари постојниот гасовод. Неискористени би останале до 30 проценти од цевката, што во иднина треба да трансферираат гас до Албанија, што е многу малку.

Информациите на Kанал 5 се дека Македонија и Газпром ќе договараат изградба на нов гасовод, паралелен со постојниот со многу поголема цевка. Македонија има потреба од поголеми количини гас бидејќи веќе се најави изградба на нови 2 гасни централи, од ЕЛЕМ и од РЖ услуги. Сега помалку од 30 компании гасот го користат како енергенс. Според информациите над 100-тина други бараат да се приклучат на овој евтин извор на енергија. Зголемената потрошувачка во иднина ќе се должи и на Владините проекти за гасификација на земјата, вклучително и домаќинствата.
http://www.kanal5.com.mk/default.aspx?mId=44&egId=14&eventId=64602
Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3654
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #120 Posted: 08-Sep-2010 at 17:38

Природен гас од Македонија кон Косово

published - 08/09/2010 13:20:00
Големина на текст: Decrease%20font Enlarge%20font
image

 Со евентуалното градење на дел од рутата на гасоводот Јужен Поток низ земјава, тој би можел да продолжи и кон Косово за да понуди пристап до овој ефтин енергенс и за тамошните компании и домаќинства. За Алсат-М ова го најавуваат од кабинетот на претседателот Ѓорге Иванов од каде напоменуваат дека сепак она што евентуално ќе се гради низ Македонија и Косово, нема да биде главната рута на гасоводот, туку негов крак. Јужен Поток е проект од 2007 година со кој треба да се заобиколи проблематичната Украина и рускиот гас да се доставува до Италија и Централна Европа. Главните цевководи треба да минуваат под Црното Море, Бугарија, Грција, Србија и Унгарија. Се предвидува изградбата да заврши до 2015 година. Руската енергетска компанија Гаспром која е главен изведувач на работите во јуни летово веќе се согласи Македонија да се вклучи во проектот, но нејзини експерти најнапред треба да дојдат да ги испитаат техничките можности за приклучок на еден крак кон Македонија. Нивното доаѓање од македонаската Влада го очекуваат кон средината на месецов. Инаку, во Европа веќе се гради другиот проект на Русија за испорака на гас кон потрошувачите во ЕУ. Станува збор за Северниот Поток кој веќе е во напредна фаза, а ќе ги поврзе Русија и Германија, повторно заобиколувајќи ја Украина.

http://alsat.mk/vesti/zemja/1221810.html
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 45678 30>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.336 seconds.

Copyright ©2007 - 2025  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.