build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Проекти
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Вести

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 45678 46>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9141
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #101 Posted: 14-Aug-2008 at 11:26

НОВИТЕ ГРАДБИ ВО ПАРК-ШУМАТА ПОКРИЕНИ СО ДОКУМЕНТАЦИЈА

Водно се уништува легално

Никој ниту не' консултира ниту не' прашува што е најсоодветно да се гради во градежниот реон до парк-шумата Водно, велат во „Паркови и зеленило“


Висококатница никна пред заштитената парк-шума Водно

Никој ниту го консултира ниту го прашува Јавното претпријатие „Паркови и зеленило“ што е најсоодветно да се гради во градежниот реон до парк-шумата Водно.Во „Паркови и зеленило“ велат дека општините ги носат детаљните урбанистички планови без законска обврска да побараат стручен став од нив, иако се единствено претпријатие задолжено за заштита на шумата. Според нив, локалните власти треба да ги консултираат дали е подобро во овој реон да се градат згради или индивидуални куќи за да се зачува зеленилото што го храни градот со чист воздух.

- Општина Центар го донесе планот за ниските падини на Водно, кај хотел „Панорама“ без наше мислење за оправданоста на изградбата на педесетина висококатници во овој појас. За жал, Општината никогаш не не' повикала на стручните расправи за детаљниот урбанистички план. Така што не сме имале можност на овие расправи да го кажеме своето мислење, ниту пак да имаме увид во детаљниот план - велат од јавното претпријатие.Во „Паркови и зеленило“ велат дека доколку забележат дека некој навлегол во шумата, единствени ингеренции им се да направат записник. Нашите шумочувари на терен ја набљудуваат ситуацијата и за секое градежно навлегување во парк-шумата ги преземаат мерките што се во нивна надлежност. За жал, надлежностите не се многу големи. Шумарите може да ја запрат градбата до доставување валидна документација, да направат записник што потоа го доставуваме до полиција и пријавуваме до комунална инспекција. Понатаму надлежните преземаат мерки во нивна надлежност - велат во „Паркови и зеленило“. Еколошкото друштво „Еко-мисија“ пред неколку месеци посочи на изградбата на овие згради и побара заштита на шумата од понатамошна урбанизација. Нивните барања беа Владата и Министерството за транспорт и врски да ја обележат границата на градежната зона на парк-шумата со цел да се спречат урбанизацијата на Водно и разните малверзации со земјиштето што влегува во шумскиот појас.

- Урбанизацијата на Водно се случува три децении наназад. Ниту тогаш ниту сега не се знае доколку некој ја пречекорил линијата. Мора да се спроведе целосна истрага за да се открие. Но, најчесто, се' е формално правно покриено. Пример се големите згради кај „Панорама“, за кои е забележително дека навлегуваат кон парк-шумата. Власта е незаинтересирана нешто да спречи, а директно учествува. Постои спрега меѓу администрацијата, политиката и бизнисот - вели Петар Бошевски од „Еко-мисија“.Во моментов, на ниските падини на Водно, кај хотелот „Панорама“, се случува градежна инвазија. Во и околу поранешното Олимписко село се градат околу триесетина згради високи до седум ката, а се расчистува теренот за градење на уште околу дваесетина. Таму, под зградите, се наоѓа и таблата на која пишува „Парк-шума Водно“, што ја означува границата каде таа почнува. Во „Паркови и зеленило“ креваат раменици велејќи дека ништо не може да направат. Реагираме до надлежните инспекциски служби. Но, често се случува по сите наши интервенции и реакции, градежниците да излезат со комплетна документација за градба. Тогаш не може ништо да направиме. Се' што се случува надвор од границите на парк-шумата не е во наша надлежност. Се' додека не се навлегува во зоната на парк-шумата немаме право и не може да реагираме - велат во „Паркови и зеленило“.



http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=424544D60D72C4419D5B70FF533961B2
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #102 Posted: 11-Sep-2008 at 00:07

Одложена лицитацијата на земјиштето за деловен објект

Продажбата на 4.700 квадратни метри државно земјиште на улица „Железничка“, наменето за изградба на деловен објект, вчера беше одложена. По барање на Комисијата за спроведување на постапката, јавното наддавање се пролонгира за 15 дена. Од Министерството за транспорт и врски рекоа дека причината за пролонгирањето на лицитацијата е заради пристигнатата обемна документација на компанијата-учесник на лицитацијата!

„Има само една заинтересирана компанија, а која е таа, сега не можеме да кажеме. Така налагаат правилата на објавата“, велат во Министерството. Доколку се утврди дека таа ги исполнува критериумите, датумот за јавното наддавање ќе биде дополнително утврден, а лицитацијата ќе може да се одржи и само со еден понудувач. (Дс.Т.)

http://utrinski.com.mk/?ItemID=1EB9DF2DD7E304418B18876CAD44C958
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #103 Posted: 11-Sep-2008 at 00:09
Ќе може ли некој да обележи на ГЕ точно за која локација се работи?!
Back to Top
vardar View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 03-Mar-2008
Online Status: Offline
Posts: 1106
  Quote vardar Quote  Post ReplyReply #104 Posted: 02-Oct-2008 at 08:05

Општина Аеродром со проект за трговски центар на саемот во Минхен

Со проектот за изградба на трговски центар, предвиден во Детаљниот урбанистички план за локалитетот „Црква Б“ зад Тобако 2, Општина Аеродром ќе ја претстави Македонија на 11. меѓународен саем за комерцијални недвижности „Експо реал 2008“, што ќе се одржи од 5 до 9 октомври во Минхен. Саемот е во организација на германското друштво за техничка соработка ГТЗ, Министерството за локална самоуправа и Агенцијата за странски инвестиции. Во рамките на истиот комплекс ќе се градат и станбени згради, катна гаража, образовни институции...

Од вкупно 15 проекти, Општина Аеродром го избра овој како еден од најатрактивните проекти за инвестирање во Македонија. Проектот ќе биде презентиран од ГТЗ, а Општината ќе обезбеди макета и брошури за проектот.Аеродром вторпат ја претставува Македонија на саемот, откако лани го презентира проектот за административно-деловен објект (општинска зграда).

 
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #105 Posted: 02-Oct-2008 at 13:48
Аеродром вторпат ја претставува Македонија на саемот, откако лани го презентира проектот за административно-деловен објект (општинска зграда)


Чим го прочитав насловот, одма се сетив на ланското претставување. Лани баш „добро“ не претставија, па требаше и годинава Roll%20eyes

Еве ги фамозните рендери од лани:
http://www.aerodrom.gov.mk/index.aspx?item=228

„Подобри“ рендери од овие сум видел само за катната гаража во аеродром Crazy

Како што ми изгледа од ситните слички што ги поставиле на сајтот, ни годинава не направиле некаков голем помак со рендерите Roll%20eyes
Ај ваљда макетата ќе ја извади малку работата...

1


2


3


Сообраќајно мислам треба и подобро да се реши... И онака ќе имаат сосема чист простор после рушењето на оние П+1 старудии таму.


Edited by Cloverstack - 02-Oct-2008 at 14:12
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #106 Posted: 12-Oct-2008 at 20:45
ЕСЕНВА: Реконструкција на комплексот Порта Влае

Image
Делумната реконструкција на комплексот Порта Влае ќе почне оваа есен. Овој проект е поттикнат од граѓанска иницијатива, а општинските власти го прифатиле. Од Општината велат дека се уште не знаат колку ќе чини проектот, ниту колку ќе чинат градежните работи, но потврдуваат дека ќе има реконструкција и дека таа ќе почне најдоцна во ноември.

Со активностите што се планира да се спроведат ќе се обноват само искршените делови на плочникот и на оштетените
скалила. Нема да се работи на целиот комплекс, бидејќи за тоа биле потребни многу повеќе пари, а Општината не можела да ги обезбеди.

- Во периодот кога се градел овој комплекс, односно кон крајот на 80-тите и во почетокот на 90-тите години на минатиот век, надлежноста за зградите му припаѓала на Министерството за транспорт и врски, а Општината ја добила дури во 1995 година. Затоа си зедовме обврска да им излеземе во пресрет на граѓаните и да им помогнеме да го решат
нивниот проблем, иако обврската за санирање на штетите им припаѓа на дуќанџиите - објаснуваат општинарите.

http://www.porta3.com.mk/index.php?option=com_content&task=view&id=925&Itemid=54


Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9141
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #107 Posted: 13-Oct-2008 at 00:24
Во Македонија ме чека убава иднина


Првиот проект најверојатно ќе биде Аква Парк во Расадник, а со нови спа центри ќе можат наскоро да се пофалат и хотелот Дрим во Струга и Инекс Горица во Охрид


Во Македонија ме чека убава иднина - ова е коментарот на Бугаринот Бојко Дражев, кој својот бизнис со спа центри од следната недела ќе го прошири и во Македонија. Бугарската компанија Спа дизајн ќе регистрира фирма во Македонија и ќе отвори свои канцеларии и изложбен салон во Скопје. Намерата е во блиска иднина да се направат и магацини и да се отворат канцеларии и во Охрид. Канцеларијата во Скопје, според идеите на Дражев, ќе го покрива не само македонскиот, туку и српскиот, косовскиот и албанскиот пазар.

"Планот е да се вработат околу 100 луѓе. Бидејќи во Бугарија се соочуваме со недостиг на работна сила, отворена е опцијата работници од Македонија да работат и во Бугарија. За во Бугарија да најдам работник, треба да го украдам од друга фирма. За разлика од тоа, Македонија има квалитетни работници кои се невработени" - вели Дражев.
Тој првпат ја поминува македонско-бугарската граница. Вели, еден ден му бил доволен за да почувствува дека инвестира на право место во право време.

"Кога влегов во Македонија немав чувство дека сум во друга држава. Луѓето се исти, со иста насмевка, исто облечени, со исти дух. Мислам дека Македонците се вредни луѓе, условите за инвестирање во Македонија се многу поволни. Ми треба само малку време да ги проучам законите овде, но во секој случај мислам дека овој бизнис во Македонија добро ќе се развива" - оптимистички изјавува Дражев.

Неговата фирма гради спа центри и базени. Освен изградба, тие прават и проекти за изгледот на ваквите центри, организираат обука за кадарот кој ќе работи таму, даваат предлози како да се менаџира со објектите. Но, неретко се појавуваат и како инвеститори, а нивниот план е да инвестираат и во изградба на голем спа центар во Скопје.

"Нашата цел не е да изградиме што повеќе спа центри. Ние сакаме да направиме квалитетни центри и базени, кои ќе му користат на инвеститорот. А не само да направиме да земам пари и после постојано да ни плаќаат за сервисирање. Тоа не би било добра реклама за нас" - потенцира Дражев.

Тој е веќе во преговори за изградба на првите центри во Македонија. Првиот проект најверојатно ќе биде аква парк во Расадник, Општина Кисела Вода, каде според деталниот урбанистички план е предвиден ваков објект. Со нови спа центри ќе можат наскоро да се пофалат и хотелот Дрим во Струга и Инекс Горица во Охрид.

"Постоењето на базен во хотелите веќе не се смета за луксуз. Време е земјите од овој простор да си ги заработат ѕвездичките. И Бугарија и Македонија се бедни држави, но имаат нешто што многу силни земји го немаат - природните богатства и убавини. Имаме природа, богати сме и тоа треба да го искористиме. Туризмот повеќе не е само скијање и сончање. Треба да се научиме да ги примамиме гостите и да ги задржиме туристите онаму каде што имаме минерални и термални води. Мислам дека ние ќе бидеме само предвесник на овој бизнис во Македонија" - коментира Дражев.


http://www.vecer.com.mk/?ItemID=D807ABA698229C489F8C880F511205F2
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9141
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #108 Posted: 15-Oct-2008 at 17:35
хмм... многу сензационализам но ајде да го евидентираме

Абрамович го купува Љубаниште?

Според локалното население и локалната самоуправа, емисарите од Русија кои се распрашувале за имотите на жителите од потегот на селото Љубаниште до атарот на црковното земјиште во “Свети Наум” биле испратени лично од рускиот милијардер Роман Арјадеевич Абрамович, кој тука сака да изгради монденска туристичка населба.”Капитал” беше во Охрид и разговаравме со охриѓаните кои веќе добиле сигнали дека некои богати Руси се заинтересирани да ги икупат нивните имоти.
Дел од нив тврдат дека руските претставници им советувале да се здружат и побрзо да ги решат спорните имотно-правни односи со државата, така што би можеле целото градежно земјиште да го продадат одеднаш.
Според претседателот на месната заедница “Љубаниште” Владо Трајкоски и правникот Крсте Велески кој ги застапува интересите на селаните, градежното земјиште за кое странците биле заинтересирани да го купат во атарот на Љубаниште е со површина од околу 250 хектари. Но, околу 80 хектари се предмет на денационализација и околу тие парцели се спорат локалните жители и црквата, која исто така вели дека е сопственик на имотот и сака да го врати во сопственост.

За локациите во населбите Рача и Велестово над брегот на Охридското Езеро и за градежното земјиште во Елшани, Коњско и Горица, покрај Русите најмногу се заинтересирани Англичаните и Германците, кои таму веќе купиле дваесетина градежни парцели на кои некои од нив веќе изградиле или градат луксузни вили и апартмани.
Агенцијата за обезбедување “Питон” од Охрид и домарите кои водат сметка за странските имоти додека нивните сопственици не се тука, не дозволуваат доближување до имотите и снимање на странските имоти во Охридско
Следува инвестициски бум во Охрид

Како што почнуваат да се развиваат работите, може да се случи многу брзо да го заборавиме Охрид како синдикално одморалиште. Се поголем е бројот на странски компании кои сериозно се занимаваат со туризам и кои пројавуваат интерес да градат луксузни хотели и туристички населби покрај брегот на Охридското Езеро.
“На пролет може да се очекува вистински инвестициски бум во Охрид и почеток на изградба на шест луксузни хотели и аква- парк на површина од 60.000 квадратни метри, како и   изградба на голф игралишта на 30.000 кавдратни метри”, вели градоначалникот Александар Петрески.
Доколку се остварат и плановите за влез на руските компании и поединци во Љубаниште, вкупните инвестицици во развојот на туризмот во охридското крајбрежје би се искачиле на повеќе од 700 милиони евра.
Овој интерес е посебно зголемен, по најавата за реконструкција и модернизација на охридскиот аеродром.
Пред десетина дена во посета на Охрид и охридскиот градоначаланик биле турски бизнисмени, кои биле заинтересирани за купување на недвижности и изградба на аква-парк. Меѓу нив биле и претставници на турските компании од Анкара и Истанбул: “Омко”, “Мурал” и “Нова”, кои веќе имаат изградено неколку аква-паркови. Тие биле спремни веднаш да инвестираат 50 милиони евра и до наредната сезона да го изградат аква-паркот.
Според урбанистичкиот план, аква-парк би се градел во близина на Горица на површина од 30.000 квадратни метри.
“Според деталниот урбанистички план за изградба на шест луксузни хотели покрај брегот на Охридското Езеро се определени четири локации за кои државата многу скоро треба да распише тендер за продажба на државното земјиште”, вели Петрески и додава дека имаат одлична соработка со Министерството за транспорт и врски.
А меѓу заинтересираните се споменуваат светскиот синџир хотели “Хилтон” и австриската компанија “Соравија”.
Локациите за луксузни хотели се во Горица во близина на некогашниот хотел “Застава”, со површина од 30.000 квадратни метри. Втората локација е блиску до хотелот “Гранит” со површина од 15.000 квадратни метри, а третата е  на локалитетот Горица со површина од 16.000 квадратни метри. Четвртата локација каде би се изградиле уште два хотели со пет ѕвездички е во близина на Билјанините извори.



http://www.total.com.mk/default.aspx?mId=16&eventId=12272
Back to Top
vardar View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 03-Mar-2008
Online Status: Offline
Posts: 1106
  Quote vardar Quote  Post ReplyReply #109 Posted: 16-Oct-2008 at 08:10

Ребаланс на 73 милиони евра од буџетот

Власта донесе предлог-одлука за пренамена на 73 милиони евра од годинашниот буџет за веќе започнати проекти што можат да бидат реализирани до крајот на годината, најави заменик-министерот за финансии Недим Ремзи на вчерашната Собраниската комисија за финансирање и буџет. Според предлогот, тие ќе бидат пренаменети за доизградба на Градскиот стадион во Скопје, социјалните станови, Градскиот трговски центар, спортската сала „Борис Трајковски“, за инвестиции во железницата, како и за поддршка на МРТ и на МЕПСО.

Со оваа одлука се обезбедуваат и дополнителни средства за намирување на долговите на одделни здравствени установи и за довршување на Клиниката за гинекологија.Повереникот на Владата, Вера Проковиќ, рече дека со одлуката се финансираат и проекти што биле планирани со Буџетот за 2009 година, што генерално значи дека со ова би се растоварил буџетот за идната година.

 
http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=32FDE208C9068D4B81DF0229F4D882CC
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9141
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #110 Posted: 18-Oct-2008 at 10:35
ПУСТА ЖЕЛБА НА ВЛАДАТА И ОПШТИНИТЕ
Луксузните населби во Скопје само на хартија
Во плановите останаа елитните населби Сончев град, Зајчев рид, Хиподром 2 иако за нив уште пред да почнат да се изработуваат урбанистичките планови Владата и општините кажувцаат дека веќе имаат инвеститори кои се подготвени да почнат со градба веднаш

Скопје има луксуз, но тој е само на хартија. Владата пред две години на големо ветуваше изградба на луксузни населби во кои ќе може да си дозволи да живее само елитата од градот. Одвоени од останатите жители на Скопје, жителите на елитните населби според плановите ќе уживаат во здрава животна средина далеку од издувните гасови и сообраќајниот метеж, во куќи изградени по европски стандарди со еколошки материјали, со огромни дворови, со базени, со тениски игралишта, со зелени појаси околу секоја улица, со широки сообраќајници и пристап од сите страни ...
Такви елитни населби, кои Владата во 2006 година ги стави на таканаречната приоритетна листа се Сончев град во Сопиште, Зајчев рид кај Упрвата за хидрометеорологија и најтазе проектираната населба над селото Бардовци. Сите овие населби се уште се само на хартија. Ги има во веќе донесените урбанистички планови или пак се само во нацрт - плановите. Општина Карпош, судејќи според бројот на луксузните населби, иако тие се само во план, е најелитна Општина бидејќи освен населбата на Зајчев рид и онаа над селото Бардовци, има предвидено елитни квартови на уште неколку локации на нејзина територија. Такви се просторот на сегашната фабрика Алумина, каде треба да никнат згради кои ќе нуидат луксузен и најмодерен деловен простор, со можност за домување на повисоките катови, а за луксуз во Општината го сметаат и просторот на булеварот Илинден спроти салонот за коли "МИ - ДА" кој веќе се оформува во деловен кварт со згради по европски терк. Освен Карпош и Сопиште луксузна населба, одвоена од градското јадро предвиде и Општина Гази Баба. Тоа е населбата која го носи работното име Хоподром 2 и е веднаш до постојната населба Хиподром на периферијата од градот. За оваа нселба, како и за сите останати луксузи по општините, Владата и градоначалниците уште пред да ги предвидат во урбанистичките планови кажуваа дека веќе имаат заинтересирани инвеститори кои се подготвени веднаш штом ќе се досенаст плановите да почнат да градат. Поминаа месеци и години од најавите за изградба на населбите, се донесоа и урбанистичките планови, а луксузните населби останаа само пуста желба на Владата и Општините. За доцнењето имаат куп оправдувања. Ту се заглавени во административни процедури, ту имаат проблеми со денационализации и ред други извинувања за тоа што нема реализација на плановите од кои повеќето се донесени по скратена постапка поради итноста, а земјиштео кај многу од нив е речиси за бадијала продадено на инвеститорите.
Иако од досега испланираните луксузни населби нема трага градските власти најавија дека по налог на Владата ќе почнат со планирање на нова населба на местото на сегашната касарна Илинден. Со оглед на близината на Американската амбасада не е тешко да се претпостави дека и оваа населба ќе биде луксузна и квадрат станбена површина ќе се продава по цена еднаква на цената на квадратот во најстрогиот центар на градот. И на територијата на другите касарни во Скопје се предвидени нови населби. На местото на воениот економат во Бардовци е најтазе проектираната елитна населба Бардовци, касарната Гоце Делчев во Аеродром ќе стане место за изградба на комерцијални објекти, а станбени објекти ќе се градат на дел од објектот на касарната Јане Сандански. Со трансформацијата на касарните во земјиште за градба градските власти предвидуваат дека ќе се обезбеди место за 60.000 жители.

Луксуз над луксузите е скриен во новата населба Бардовци

Луксуз над луксузите Општина Карпош предвиде над селото Бардовци. Новата населба е замислена по принципот на американските населби – широки улици, зеленило и двокатни куќи со големи дворови. Таа ќе биде на височинка, а сите куќи е замислено да имаат панорамски поглед на Скопје. За разлика од останатите елитни населби каде има простор за многу повеќе семејства, во оваа населба ќе има место за само 30 - 40 куќи. Населбата ќе се гради на 19 хектари, а поделена е на 17 мега парцели. Со урбанистичкиот план ограничена е само висината на објектите, па тие не може да бидат повисоки од 7,8 метри во кои обично се сместуваат по два ката. Од инвеститорот или од инвеститорите на парцелите ќе зависи колку куќу ќе се сместат на една парцела која ќе биде по околи 1.000 квадратни метри. Доколку некој има интерес во 1.000 квадрати може да смести и само една куќа, а останатиот простор да го искористи за двор, базени игралишта и слично.
"Луксузот во новата населба над Бардовци ќе се наметнува не со урбанистичкиот план што го донесовме неделава туку со локациските услови. Кога инвеститорите ќе дојдат кај нас да побараат одобрение за градење ние ќе ги обврземе не само да вградат природни материјали и да користат сончева енергија туку ќе им наметнеме европски стандарди до детали во градењето. Така на пример ќе бидат обврзани во куќите да вградат посебни прозорци со дебело затемнето стакло кое за нашиот стандард е ужасно скапо и ред други работи кои оваа населба ќе направат да биде наменета само за елитатата од градов", вели в.д. градоначалникот на Карпош Сашо Димиќ.
Населбата над Бардовци ќе биде исклучиво за домување. Во неа нема да има други комерцијани содржини туку едноставно следејќи ја американската приказна како што велат од Карпош, во оваа населба треба да живеат луѓе кои ќе можат да си дозволат секојдневно со кола да патуваат на работа и да пазаруваат надвор од населбата бидејќи не се предвидени продавници. Предвидено е многу зеленило околу куќите и плоштад со фонтана среде населбата.
Населбата Бардовци ќе се гради на местото на некогашниот воен економат со нејзината изградба ќе се офајди и селото Бардовци бидејќи таа ќе го поврзе со Визбегово. Главната сообраќајница од новата населба ќе излегува на едниот крај во селото бардовци, а на другиот крај во Визбегово на патот кон Косово во близина на бензинската пумпа.

Хиподром 2 ќе биде град во град

Населбата со работно име Хиподром 2 е предвидена веднаш до постојаната населба Хиподром. Таа ќе има 11 згради и 324 куќи за околу 5.000 жители. И таа е предвидено да биде луксузна со оглед на тоа што е издвоена од градот и ќе се гради во чиста животна средина, а куќите и становите ќе имаат 100 и повеќе квадратни метри. Слично како населбата Зајчев рид и Хиподром 2 треба да биде град во град бидејќи во неа е предвидено да има комерцијални и деловни објекти, основно училиште, градинка социјални установи , црква, плоштад, фонтана, место за споменик и трговски центар. Населбата ќе да ја опслужува јавен превоз, а предвиден е и јавен паркинг. Со појас на зеленило таа треба да се одвои од автопатот, а внатре ќе се изградат неколку паркови.
Планот и за оваа населба е донесен во коодринација со Владата. Од Општина Гази Баба велат дека за нејзина изградба била заинтересирана некоја турска фирма уште во периодот пред да се донесе планот кој беше усвоен на почетокот на годинава. Тендерот за продажба на земјиштето треба да го распише Министерството за транспорт и врски.

Луксузни куќи, казина и ноќни клубови на Зајчен рид

Елитна населба со луксузни куќи и неколку викокатници Владата уште лани најави дека ќе се гради на Зајчев рид за Управата за хидрометеорологија. Оваа населба е предвидена да биде како мини град во Скопје. Освен куќи и станови таа ќе има комерцијални и деловни објекти кои вклучуваат хотел со конгресна сала, трговски центри, кино сала, дискотека, ноќни клубови, казино, но предвидени се и поликлиника, градинка, основно училиште, црква и објекти во кои би се сместиле дипломатски претставништва. Од спортско – рекреативните содржини предвидени се базени, спортска сала и игралишта, а предвиден е иогромен процент за зелени површини. Целата населба ќе биде одделена од улицата Скупи со голем појас од зеленило што треба да ги неутрализира издувните гасови од возилата.
Во оваа населба, исто како и во Сончев град треба да бидат вградени еколошки материјали, објектите треба да имаат максимална термичка и звучна изолација, а покрај тоа што ќе имаат мрежа за електрична енергија и природен гас, инвеститорот ќе мора во куќите и становите да вгради уреди за користење на сончевата и геотермална енергија.
Нацрт - планот за изградба на населбата Зачев рид е готов. Од Општина карпош најавуваат дека треба да ги разгледаат забелешките од граѓаните, да побараат мислења од Министерствата за планот повторно да се најде пред советниците и конечно да го изгласаат. Од Општината велат дека за изградба и на оваа населба била заинтересирана некоја израелска фирма.

Нема сонце за Сончев град во Сопиште

Сончев град ќе биде модерна, урбана и еколошка резиденцијална населба. Вака Владата на крајот на 2006 година ја најави изградбата на новата населба во селото Сопиште. Во Сончев град предвидено е да се обезбедат домови за вкупно 777 семјства кои ќе бидат сместени во 604 куќи и во 11 згради. Куќите и становите ќе имаат површина од 100 до 200 квадратни метри, а инвеститорот, израелската фирма "Индустријал билдингс корпорејшн" е обврзана за нивната изградба да користи исклучиво еколошки материјали по стандардите на Европската унија. Во населбата нема да има индустриски или други производствени капацитети за да се зачува здравата животна средина. Освен куќи и станови од кои дел ќе бидат на терасесто земјиште, во населбата ќе има два големи спортски комплекси, училиште, градинка, амбуланта и ред други содржини неопходни за семеен живот. Плацовите за изградба на куќите се планирани до улиците, а меѓу секоја од нив предвидена е парк – шума. Патната инфраструктура, електричната, водоводната, канализационата, телекомуникационата и мрежата за гас треба треба да бидат најсовремени и целосно да ги задоволат потребите на 777 - те семејства. Главниот пристап до населбата беше планирано да се изгради од Средно Водно, покрај Институтот за земјотресно инженерство и инженерска сеизмологија кадесе планира да минува нов пат во должина од околу 3,5 километри. Друг пристап во населбата ќе се направи од селото Сопиште, а ќе се направи и пат од Сончев град кон Долно Соње.
Планот за населбата е готов, земјиштето продадено на инвеститорите, но изградбата иако требаше да почне лани во мај, се уште се чека. Од Министерството за транспорт и врски објаснуваат дека имале проблем со упис на земјиштето во катастар, но и таа пречка била отстранета во текот на минатиот месец, па велат дека наскоро треба да почнат градежните работи на терен. Од фирмата "Сан сити", македонско претставништво на инвеститорот "Индустријал билдингс корпорејшн" не сакаат да разговаат ниту за роковите ниту пак за доцнењето. Но и покрај тоа од Министерството за транспорт и врски тврдат дека "Сончев град" воопшто не е пропадната инвестиција, а тврдат и дека не е пуста желба на Владата.
"Фирмата има рок од четири години сметано од вадењето градежна дозвола да ја изгради населбата. Кај нас рокот им тече иако имаме толернација поради административните процедури за уписот во Катастар каде земјиштето од име на Република македонија требаШе да се префрли на име на израелците. Сончев град треба да биде изграден во рок од четири години, и нас не не интересира со каква динамика Ќе се гради. Може инвеститорот три години ништо да не чепне, а четвртата да изгради се, тоа е негова проценка. Ние ќе реагираме ако рокот истече, а населбата не се изгради", велат од Министерството за транспорт и врски.
Од таму нагласуваат дека со уписот на земјиштето во Катастар создадени се услови инвестирот да извади градежна дозвола. Од Општина Сопиште која треба да ја издаде дозволата велат дека тоа од нив се уште не е побарано.


http://www.vest.com.mk/default.asp?id=158466&idg=8&idb=2502&rubrika=Revija
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #111 Posted: 29-Oct-2008 at 01:06
41°58'44.26"N 21°26'11.59"E

Овде нешто почнува да се гради. Вчера поминувајќи случајно го забележав. Ридот е веќе солидно засечен, па сигурно не се работи за куќа или нешто слично. ЛСЛ ти си најблиску, кога ќе те одведе пат ѕирни шо праат таму и дали ќе има табла.
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #112 Posted: 29-Oct-2008 at 04:52
Ридот е оддамна раскопан, може би пола година веќе. Мислам дека е обична станбена зграда па сум ја маргинализирал, а ти еве ме потсети. Зграда која што кога тогаш ќе биде голтната од ридот при евентуално свлечиште, пошто на ваква локација не ми изгледа дека потпорен ѕид ќе биде трајно решение.
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #113 Posted: 29-Oct-2008 at 17:39


Епа наздравје, не чекавме долго да се случи нешто во тој стил... Еве сега само што слушнав на вестите на Канал 5 дека овде имало одрон. За жал веста уште не е објавена на сајтот, па еве отприлика за што се работи - соседите одамна стравувале за безбедноста и барале да се превземе нешто, од општината се дистанцираат и велат дека местото е подобно за градење само што изведувачот не работел по пропис, а изведувачот по обичај молчи и продолжува со градба...

Ohno


Edited by Cloverstack - 29-Oct-2008 at 17:40
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #114 Posted: 29-Oct-2008 at 19:36
Како одговор на мојот сомнеж, за неполн ден стигна одронот!











Edited by lslcrew - 29-Oct-2008 at 20:04
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #115 Posted: 30-Oct-2008 at 00:06
Ископ за зграда срина рид во Кисела Вода

Според Општината, инвеститор на градилиштето на кое се случи инцидентот е фирмата „НЃ инженеринг“, која пак ги демантира тие наводи


Немаше повредени покрај свлечувањето на земјиштето, иако градилиштето не е прописно оградено

Дел од рид во Кисела Вода вчера падна од се' уште непознати причини. Немаше повредени работници или случајни минувачи, иако градилиштето, лоцирано на ниските падини на Водно не е прописно оградено. Веќе неколку месеци овој дел покрај улицата Огњан Прица се срамнува заради изградба на зграда. Инвеститор, како што тврдат од Општината Кисела Вода, е фирмата „НЃ инженеринг“, а градежната дозвола, велат, се води на Наташа Мицевска и Ѓорѓи Николов. Наспроти Општината, од посочената фирма негираат дека градат објект на улица Огњан Прица бб, во близина на средното училиште „Васил Антевски-Дрен“. Уште помалку дека вчера се случил инцидент на нивните градилишта.

На терен можеше да се види длабока дупка во висина и ширина од околу педесетина метри, како и паднати огромни столбови од бетонска арматура. На овој празен плац ќе се гради шесткатница, велат од Општината.

- Се' е во ред. Градителите имаат уредна техничка документација, изјави Драган Ристевски, раководител на Секторот за урбанизам во Општината Кисела Вода.Градежниот инспектор Ристо Челебиев изјави дека пред да се направи опсежна анализа и вештачење не може да се каже што навистина се случило на терен. Надзорниот орган или вештото лице допрва ќе утврдува дали станува збор за несовесна работа, виша сила или нешто друго. Инвеститорот има одобрение за градба - изјави Челебиев, инспектор од Кисела Вода.

На прашањето зошто локацијата не е прописно оградена, тој рече дека тоа не било можно поради фреквенцијата на машини и луѓе при ископ на брдото. Граѓаните што живеат во овој реон сметаат дека постои опасност од ерозија, односно свлечување на земјиштето, како и загрозување на безбедноста на останатите жители, но досега никој не реагирал на нивните апели.

Планот за овој реон е усвоен во 2003 година. Претходно, децении наназад, потврдија во Општина Кисела Вода, поради стрмноста на теренот, не се вцртувала маркичка за градење. Градските власти, пак, пред неколку месеци одговорија дека не знаат што им се случува на ниските падини на Водно. Не одговорија и дали имаат евиденција колку градби досега ја оштетиле парк-шумата. Тие се оградуваат од се', иако нивното Јавно претпријатие „Паркови и зеленило“ е надлежно за заштита на шумата, вклучувајќи и уништување при градење.

- Град Скопје нема законско право ниту можност да ги санкционира сопствениците на овие објекти, туку само ја обезбедува заштитата на Водно од аспект на заштита на урбаната опрема, одржување на шумата и зеленилото, заштита од пожари, уредување на патеките и облагородување на просторот. Град Скопје повеќепати апелираше до општините да ги почитуваат границите на парк-шумата Водно и да внимаваат околу издавањето градежни дозволи во близина на заштитениот појас. Нарушувањето на природните географски карактеристики на планината може да доведе до сериозни нарушувања и појава на свлечишта - објаснија од Градот.

http://dnevnik.com.mk/?ItemID=DA7EAA30D947C34884D898479F88CBD6


Back to Top
Mr.BobbY View Drop Down
Newbiе
Newbiе
Avatar

Joined: 11-Jul-2008
Online Status: Offline
Posts: 0
  Quote Mr.BobbY Quote  Post ReplyReply #116 Posted: 30-Oct-2008 at 01:53

Previous

само што ја чув веста и право ми текна на твоето мислење,а нема и ден еј...Ohno





Edited by Mr.BobbY - 30-Oct-2008 at 03:00
Back to Top
se_manda View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 15-Nov-2007
Online Status: Offline
Posts: 259
  Quote se_manda Quote  Post ReplyReply #117 Posted: 30-Oct-2008 at 15:31
hahahaha abe sigurno on miniral tamu neso...znaete on e po tie raboti Big%20smile
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #118 Posted: 30-Oct-2008 at 15:35
Originally posted by se_manda

hahahaha abe sigurno on miniral tamu neso...znaete on e po tie raboti Big%20smile


Што знам ваљда претчуство некое! Прашање на часови било! Инаку со задоволство би минирал све што е така индијански направено низ Скопјево!
Back to Top
Djole88 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 28-May-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 611
  Quote Djole88 Quote  Post ReplyReply #119 Posted: 03-Nov-2008 at 21:44
дечки незнаев кај да пишам, ама се надевам дека е ок место. Што се гради одма до Т.Ц Бисер? Дали има нишка за тој проект?
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #120 Posted: 03-Nov-2008 at 21:47
Има! Тоа е катна гаража -аеродром!
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 45678 46>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 1.057 seconds.

Copyright ©2007 - 2025  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.