build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Инфраструктура > Градска инфраструктура
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Клучка Континентал

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 45678 11>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9141
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #101 Posted: 24-Jul-2008 at 16:01
Промена на сообраќајниот режим на крстосницата во Автокоманда

Секторот за урбанизам на Град Скопје ги известува граѓаните за времена измена на сообраќајниот режим на делот од булеварот Александар Македонски, на потегот од крстосницата во Автокоманда кон Бит пазар. Возилата кои доаѓаат од Автокоманда, на крстосницата кај зелената кула, ќе се пренасочуваат во крајната лента од коловозот кој води кон излезот од Скопје. Овој сообраќаен режим ќе започне од утре во доцните попладневни часови и ќе важи до понеделник, 28 јули.

Како што се вели во соопштението од Службата за информирање на Градот, измената на сообраќајниот режим се прави заради изведба на завршните работи на асфалтирањето на финалните делници. Со асфалтирањето на 500 метри од коловозот на булеварот, што поминува покрај студентскиот дом Стив Наумов, завршува изведбата на првата фаза од клучката кај Континентал. Веќе се започнати работите за изградба и на втората фаза и во тек се подготвителните изместувања на инсталациите од теренот на кој ќе се изгради кружниот тек.


http://www.netpress.com.mk/vest.asp?id=35833&kategorija=1

Back to Top
theone View Drop Down
Groupie
Groupie
Avatar

Joined: 05-Feb-2008
Online Status: Offline
Posts: 0
  Quote theone Quote  Post ReplyReply #102 Posted: 28-Jul-2008 at 13:05
Возев денес  преку новонаправениот дел од клучката и има една работа што многу ме изнервира. Поточно,  веќе кога го менуваа асфалтот на поголемиот дел од булеварот не мораа да остават 70 -тина метри со стар асфалт (крпен на неколку места) и тоа на пределот од семафорот во Автокоманда до пицеријата Цмок. Bash
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9141
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #103 Posted: 29-Jul-2008 at 09:56


ваљда и тоа ќе го доправат Dunno Барем според статијава

Се гради втората сообраќајна лента на клучката „Континентал“

Целосно ќе биде реконструиран и коловозот на булеварот „Александар Македонски“

Првата фаза од изградбата на клучката кај хотелот „Континентал“ заврши, а новоизградената сообраќајница е предадена во употреба. Во наредниот период останува да се изгради втората сообраќајна лента, поради што деновиве на булеварот „Александар Македонски“ има нов режим на сообраќај. Во Градот Скопје велат дека иако моментно се вози во двата правци, во текот на неделава ќе се затвори за сообраќај делот по кој до неодамна поминуваа автомобили за да започнат градежните работи за втората лента од клучката. Режимот ќе важи околу еден месец по што практично ќе останат само завршните работи пред конечното предавање во употреба на овој капитален објект.

Втората лента на „Александар Македонски“, исто така, ќе биде издигната од постојното ниво и ќе завршува во правец спроти Скопски саем. Градежните зафати, информираат градските власти, во втората фаза се пократки од првата, која всушност е 80 проценти од изградбата на целата клучка. Последна фаза од изградбата на овој капитален објект ќе биде кружниот тек кај хотелот „Континентал“, што ќе трае многу пократко од изградбата на подвозникот, а во текот на август ќе се градат и приклучните улици кон хотелот „Континентал“ и Скопски саем.

Во рамките на проектот за изградба на клучката „Континентал“ ќе бидат направени и два дополнителни зафата, додека трае втората фаза од изградбата. Ќе се санира подземниот премин од хотелот „Континентал“ кон општината каде што ќе биде поставена хидроизолација за да се спречи протекувањето вода. Исто така, целосно ќе биде реконструиран коловозот на булеварот „Александар Македонски“ од клучката до семафорите во Автокоманда.


http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=E1FF5E3CF7387C4E86396F1D1D44DC92
Back to Top
vardar View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 03-Mar-2008
Online Status: Offline
Posts: 1106
  Quote vardar Quote  Post ReplyReply #104 Posted: 04-Aug-2008 at 09:52
Две прашања:
 
1.Беласица од почеток планираа да ја прошират или отпосле е ова најавено?
 
2. Гоце Делчев зошто само од една страна (и повторно дали вака од почеток беше планирано и ја сум го утнал, или ова решение е нешто ново)?
 
 

ПРИ КРАЈ ИЗГРАДБАТА НА НОВАТА КЛУЧКА

Кружен тек ќе го намали метежот кај „Континентал“

Сообраќајниот метеж кај хотелот „Континентал“ е намален со пуштањето на дел од новата клучка во употреба. Сообраќајот се одвива во двата правца кон центарот и кон излезот на градот. Во тек е изведбата на втората фаза од проектот за клучката, која опфаќа изведба на кружен тек. Како што информираат од Градот, во моментов се вршат подготвителните работи, односно преместување и замена на подземната инсталација.- Катастарските мерења извршени порано покажаа дека под трасата по која треба да биде кружниот тек има само две-три инсталации. Но, со започнување на подготвителните работи беше утврдено дека има околу осум подземни инсталации. Затоа подготвителните работи ќе одземат повеќе време - вели Љупчо Пандиловски, од одделението за односи со јавноста во Градот.Со проектот за клучката кај хотелот „Континентал“ се предвидува да се постави хидроизолација на постојниот пешачки подземен премин што води од хотелот до бараките во кои е сместена администрацијата на Општина Гази Баба. Во тек е повторното гребење на асфалтот и поставување нов на булеварот Александар Македонски во должина од 500 метри, од зградата на студентскиот дом „Стив Наумов“ до клучката и 500 метри од клучката во насока на Бит-пазар.Градските власти велат дека паралелно се работи на хортикултурното уредување на клучката. Засадена е трева, се уредуваат пешачките острови и тротоарите, а делот што е пуштен во употреба е комплетно осветлен. Се уредува средишниот дел на булеварот Александар Македонски со жардиниери.

Изведбата на вкупниот проект за клучката чини 2,5 милиона евра, а изведувач на работите е градежната фирма „Пелагонија“.По завршување на кружниот тек, ќе почне и со проширувањето на улицата Беласица пред Скопското сајмиште. Проширувањето ќе биде за по една лента во двата правца, што значи дека овој дел од улицата ќе биде булеварско решение. По добивањето на согласност од Министерството за внатрешни работи за привремен сообраќаен режим, ќе почне да се проширува улицата Гоце Делчев за една сообраќајна лента, само од страната на зградата на Македонската радио-телевизија.Според градските власти, со ова во голема мера ќе биде подобрена сообраќајната инфраструктура на влезот и на излезот од Скопје.

Dnevnik
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #105 Posted: 04-Aug-2008 at 10:07
Originally posted by vardar

Две прашања:
 
1.Беласица од почеток планираа да ја прошират или отпосле е ова најавено?
 
2. Гоце Делчев зошто само од една страна (и повторно дали вака од почеток беше планирано и ја сум го утнал, или ова решение е нешто ново)?
 


1. Да, Беласица од почеток се планираше.

2. Ова дека Гоце Делчев ќе биде проширен само од едната страна прв пат го слушам. Не ми прави апсолутно никаква логика, освен ако од другата страна не се во прашање имотно-правни односи (а според ситуацијата на терен, не ми изгледа веројатно да би требало да има такви проблеми).
Што и да е причината, ни останува само да се надеваме дека во најскоро време ќе се прошири и од другата страна, а не да го остават така од едната страна проширен, а од другата по старо...
Back to Top
twin View Drop Down
Newbie
Newbie
Avatar

Joined: 02-Aug-2008
Location: skopje
Online Status: Offline
Posts: 0
  Quote twin Quote  Post ReplyReply #106 Posted: 04-Aug-2008 at 17:52
izgradbata na vtorata faza odi brzo ke napravam nekoi sliki
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9141
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #107 Posted: 08-Aug-2008 at 10:45
Рекордери се...

ЗА ДВА МЕСЕЦИ ВО УПОТРЕБА РАСКРСНИЦАТА КАЈ „КОНТИНЕНТАЛ“
Клучката заглави кај изведбата на кружниот тек

Пуштањето во употреба на клучката кај „Континентал“, што требаше да се случи на почетокот од месецов, се одложува за два месеци. Од Град Скопје велат дека веќе подолго време се работи на завршната фаза на изградбата на кружниот тек на булеварот Александар Македонски. - Се надеваме дека работите целосно ќе финализираат и клучката со сите нејзини ленти ќе може целосно да биде пуштена во употреба за еден и пол месец, а најмногу за два месеци, и тоа само доколку се работи интензивно и, се разбира, доколку дозволат временските услови. Во изградбата ќе има уште една т.н. меѓуфаза, во која досегашниот сообраќај по долната лента за излез од Градот ќе биде пренасочена по новата горна лента на новиот подвозник. На тој начин ќе им се овозможи на нашите екипи полесно и непречено да ги изведуваат градежните активности на долната коловозна лента - изјави Коста Зекмановски, надлежен за изведувањето на работите за изградба на клучката кај Континентал. Од Градот велат дека истовремено со изградбата на клучката се работи и на хортикултурно уредување на просторот. Се садат дрвца и трева, се монтира уличното осветлување, а како завршна активност ќе биде поставувањето на сообраќајни знаци на булеварот и обележување на коловозните ленти по целата должина на клучката. - Работите се одвиваат според предвиденото. До сега се користеше само една коловозна лента за влез во градот и две ленти за излез. Сега возачите ќе можат да сообраќаат по три сообраќајни ленти за влез и две ленти за излез од градот - објаснува Зекмановски. Според него, втората фаза која се сметаше за најтешка при изградбата на клучката, е завршена во целост. Готови се и градежните зафати, кои опфаќаат земјени и бетонски активности на трасата, а паралелно се работи и на асфалтирање по целата должина на клучката. Пред да се почне со работа на последната, завршна фаза од изградбата, потребно беше да се отстрани подземната инсталација и да се тргнат билбордите кои беа поставени на места кои ја попречуваа работата на екипите. За целосно да се подготви теренот извадени беа уличните светилки и откорнати дрвата, кои беа засадени околу патот. Со пуштањето во употреба на новата клучка предвидено е да се растовари сообраќајот во правец на Бит-пазар и на пластичарската улица, а ќе се овозможи и излез на западниот дел на градот, без притоа возилата да минуваат низ Бит-пазар и преку булеварот Никола Карев.



http://www.vreme.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=3&tabid=1&EditionID=1471&ArticleID=96099
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #108 Posted: 15-Aug-2008 at 20:02
Од терен... Таканаречената „втора фаза“...




Edited by Cloverstack - 15-Aug-2008 at 20:18
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #109 Posted: 22-Aug-2008 at 07:30
Сакам да се навратам на една дискусија од порано. Тамо каде што дискутиравме како би се уклопил бул. Крушевска република со клучкава.

Еве скицирав едно решение кое е прилично замашно за наши услови. Ова решение предвидува рушење на така прилично многу работи, вклучувајќи ја и клучката. Ова решение ја задоволува потребата за конектирање на крушевска република кон Александар Македонскии, но исто така ја третира улицата пред саем со иста важност како и гореспоменатите булевари, што всушност и делумно беше цел на градските власти со изградба на оваа клучка. Важноста на оваа улица значително се намалува со евентуална изградба на крушевска република, а со тоа се дозволуваат помали радиуси и поголеми агли на нивелација, така да овде не би сообраќале камиони, камионите би доагале по крушевска. Се работи за кловерстак, нормално на три нивоа. Нулто нив, прво ниво, второ ниво, само што овој кловерстак делумно е модифициран во однос вртење на десно, односно предвидува и тие улички да бидат дел од надвозниците.




Edited by lslcrew - 22-Aug-2008 at 07:36
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #110 Posted: 22-Aug-2008 at 14:53
ЛСЛ, супер е што размислуваш на вакви теми, ама мислам дека овој пат ептен си забегал...

Прво една забелешка. Ова не е кловерстак како што викаш, туку класичен стак.

Ова што си го скицирал е непотребно скапо (ужасно скапо) решение. Исто така завзема многу простор, кој инаку би бил атрактивно градежно земјиште. Но и покрај тоа што завзема многу простор, прашање е дали тоа е доволно за класичен стак на четири нивоа. Прашање е какви нагиби би имало тука, затоа што не е лесно да се сместат тие четири нивоа дури ни на волкав простор (побарај на GoogleEarth, ќе ти биде тешко да најдеш толку мал стак)

И со која цел би било сето тоа - за да ја третира Беласица со иста важност како и урбаните автопати... Од тука ти потекнува целата грешка. Беласица ама баш во никој поглед нема ниту некогаш ќе има иста улога како урбаните автопати и нема потреба од мешање на баби и жаби.
Дури и самиот си контрадикторен - би ја издигнал Беласица на тоа ниво, ама си ставил оштра камикази кривина преку која ја поврзуваш со клучкава.
Не верувам дека некаде во светот ќе најдеш улица од рангот на Беласица директно поврзана на стак, ниту пак дека на некој стак има толку оштра кривина...

Дополнителен проблем е што со „пренасочувањето“ на Беласица ги отсекуваш ЕРА City и Хотел Континентал.
Уште еден проблем со вакво решение е што исто така не ја зема во предвид Гази Баба (и населбата и факултетите и кружната сообраќајница предвидена со ГУП-от). Сето тоа исто така останува отсечено, токму на местото каде што треба да е главната врска.


Ова би било крајноно непотребно, тотално мегаломанско решение, а сепак со многу слабости.


Мислам дека мојот предлог:
http://www.build.com.mk/forum/forum_posts.asp?TID=34&PID=1353#1353
и твојот претходен предлог:
http://www.build.com.mk/forum/forum_posts.asp?TID=34&PID=4468#4468
се прилично практични со оглед на околностите и во некои такви рамки треба да се реши овој јазол кога ќе се гради Бул.Крушевска Република.


Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #111 Posted: 22-Aug-2008 at 18:48
Па јас вчера разгледаував поназад и инспириран од овие решенија онака си цртав само. Сепак од ден на ден сум поубеден од потребата на крушевска но соочени со финансиската немоќ, мораше да се најде решение за обезбедување свртување кон десно од а.македонски (автокоманда) кон беласица. Од ден на ден сум повеќе убеден од потребата на скопје да ги изгради целосно северен, јужен и крушевска како примарни три вени на скопје. Во споредба со овие три булевари се друго е второстепено. Се надевам дека клучава е temporary решение иако може да се уклопи со мојот и твојот предлог посочени во предходниот пост. Инаку ова што вчера го цртав е онака само замисла од досада, ништо озбилно.
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9141
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #112 Posted: 24-Aug-2008 at 22:20

ПРИВРШУВААТ ГРАДЕЖНИТЕ РАБОТИ НА КЛУЧКАТА КАЈ ХОТЕЛОТ "КОНТИНЕНТАЛ"


Последната фаза, кружниот тек-готов за два месеца


Според наделжните во Градот за десетина дена сообраќајот ќе биде пренасочен по ново изградената горна сообраќајна лента, а тогаш ќе започне и изградба на последната фаза од клучката - кружниот тек, кој треба да биде изграден најдоцна за 2 месеца

Горната сообраќајна лента од клучката е завршена и во моментот се расчистува подземна инсталација на делот каде што ќе се гради кружниот тек. Според надлежните во Градот, деновиве, треба да заврши и асфалтирање на приклучоците од кон Бит Пазар и Автокоманда.
- За десетина дена сообраќајот ќе биде пренасочен по новоизградената горна сообраќајна лента, а тогаш ќе започне и изградба на последната фаза од клучката- кружниот тек. Очекуваме најдоцна за месец и половина по почнување на овие градежни работи, клучката целосно да биде завршена и пуштена во сообраќај. Паралелно со изградбата на сите делови од клучката се врши и хортикултурно уредување на околниот простор, поставување на уличните светилки, како и вертикалната сигнализација, така што новата клучка веќе го добива конечниот изглед, вели Коста Зекмановски од Градот.
Според Зекмановски, проблемите со подземната инсталација и нејзино дислоцирање всушност е и главна причина за доцнење на изградбата на ова клучка. Деновиве треба да зврши и дислоцирање на каблите на ЕВН, а се врши и засилување на шахтите кои со изградбата на новата сообраќајна лента се најдоа на коловозот.
-Со изградбата на кружниот тек, кој се надеваме ќе биде готов до крајот на октомври, ќе се заокружи и целиот сообраќаен потег кон новиот мост кај Транспортниот центар, но и кон булеварот Гоце Делчев, каде што во моментот се врши проширување со уште една лента и од страна на Македонската телевизија и од кај влезот во факултетите, додава Зекмановски.
Инаку, со новата клучка која е на две нивоа и чија изградба започна пред нешто повеќе од една година, ќе се растовари сообраќајот од влезот во Скопје, односно населбата Автокоманда кон Битпазар и пластичарската улица.



http://www.vecer.com.mk/?ItemID=4FA5D34C693F7148A957014969EC74F4
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #113 Posted: 18-Sep-2008 at 02:59
Клучката кај Континентал готова за месец и половина


На клучката се завршени инфраструктурни работи за отпочнување на последната фаза, изградба на кружните токови кои треба да бидат готови во период од петнаесетина дена. За месец и половина треба да биде завршена и улицата Македонска војска во Ѓорче Петров, како и проширувањето на булеварот Гоце Делчев


Клучката кај хотелот Континентал официјално треба да биде пуштена во употреба за месец и половина. Според градоначалникот на Скопје Трифун Костовски, кој вчера ги посети четирите актуелни градилишта во Скопје, градежните работи интензивно се одвиваат на клучката Континентал, улицата Македонска војска во Ѓорче Петров и проширување со по уште една лента од двете страни, на булеварот Гоце Делчев, коишто исто така се очекува да бидат целосно завршени во овој период. На делницата од булеварот Србија кај цементарницата Усје, по кој веќе се одвива сообраќајот, пак, издаден е налог на ЈП "Водовод и канализација" за изградба на одвод со цел да се реши проблемот со атмосферските води.

- Градежните работи на клучката се пролонгираа поради проблемите со подземната инфраструктура што конечно е решено, а деновиве е издаден налог и за хортикултурно уредување на потегот од семафорите во Автокоманда кон Битпазар, вели Костовски. Тој напоменува дека за клучката која се гради на тромеѓето помеѓу општините Гази Баба, Чаир и Центар, Градот се уште се чека и градежна дозвола од Општината Центар?!

Во однос на сообраќајницата Македонска војска која треба да ги поврзе улиците Ѓорче Петров со продолжението на Партизански одреди, од Градот посочуваат дека изградбата доцнеше поради дислокацијата на привремените објекти, кои конечно деновиве треба да бидат отстранети. Иако со проектот е предвидено оваа особраќајница да има булеварско решение, во првата фаза улицата ќе биде со по една лента во двете насоки.

Костовски додава дека во наредните дваесетина дена треба да почне и проширувањето на улицата Илинденска, каде се завршени преговори со неколкуте сопственици на спорното земјиште за нивно обесштетување. Од Градот пак додаваат дека веќе започнаа и подготвителните работи за проширување на клучката кај Битпазар која ќе биде во вид на детелинка.

http://vecer.com.mk/?ItemID=2795A9B3783DD34EBD9190D47E5EB56A

Клучката „Континентал“ ќе почне да се користи за еден и пол месец

Градоначалникот најави дека ќе започне уште три големи проекти, доколку Советот го одобри ребалансот на буџетот

Деспина Трајковска

Клучката „Континентал“, првата фаза од булеварското решение на „Македонски војски“ во Ѓорче Петров, проширувањето на булеварот „Србија“ како и изведбата на уште една лента на булеварот „Гоце Делчев“, ќе бидат готови најмногу за еден и пол месец. Ова вчера го најави градоначалникот Трифун Костовски, кој беше лично да се увери како се одвиваат градежните активности на самото место.

Екипите на „Гранит“ интензивно работат на трасирање на улицата, односно на изведбата на првата фаза од булеварското решение за „Македонски војски“. На проширениот дел, пак, на булеварот „Србија“, на кој од неодамна и се сообраќа, екипите на „Водовод и канализација“ работат на решавање на проблемот со атмосферските води, со што практично ќе се заврши целиот проект. Привршува и проширувањето на булеварот „Гоце Делчев“, додека на клучката „Континентал“ екипи на ЈП „Паркови и зеленило“ вршат хортикултурно уредување на просторот. Деновиве таму ќе се изведе и неопходниот кружен тек, кој е проценето дека ќе биде готов за најмногу дваесет дена.

„Жално е што, и покрај обезбедените пари, проектите доцнеа поради бирократски причини. Сепак, среќен сум што нивната изведба е при крај, бидејќи тие во нашата програма за работа се водат како капитални проекти што им ги ветивме на граѓаните“, изјави вчера Костовски, кој најави дека во ребалансот на буџетот, за кој Советот треба да се изјасни за десетина дена, се предвидени дополнителни средства за неколку други поголеми проекти.

Имено, доколку Советот на Град Скопје даде зелено светло, од градската каса ќе се издвојат пари за уредување на двете страни на коритото на Вардар, согласно со прифатениот проект на студентите од Архитектонскиот факултет. Ребалансот предвидува и пари за поставување жардиниери по должината на целиот булевар „Партизански одреди“ и „8 Септември“. Костовски најави дека со евентуално усвоениот коригиран буџет, пари би се намениле и за изградба на мини- плоштад во реонот на црквата „Пресвета Богородица“, а со 50 милиони денари би се субвенционирало ЈСП „Скопје“.

http://utrinski.com.mk/?ItemID=DDE3D930D772A64AAB94CF3A5AF088D0

Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #114 Posted: 19-Sep-2008 at 03:24
Клучката кај „Континентал“ готова во октомври



Клучката кај „Континентал“ ќе биде готова за месец и пол најави градоначалникот Трифун Костовски при вчерашното теренско разгледување на четирите актуелни инфраструктурни проекти на градот. Според Костовски, од клучката останува да се заврши уште кружниот тек за потоа да биде пуштена во употреба.
 
- Се очекува клучката да биде пуштена за 45 дена, издадовме налог до јавното претпријатие „Паркови и зеленило“ да ги тргнат исушените дрва и хортикултурно да го уредат просторот, за да се добие вистинска слика дека живееме во урбана средина. Ние за проектите што се актуелни имаме доволно пари, но инфлацијата зема сè поголем замав. Затоа не можеме да чекаме, и гледаме да ги завршиме работите што побрзо, да не дојде време да не ни стигнат пари за сите проекти - објасни градоначалникот Костовски.
 
Другите проекти булеварите Македонски војски, Гоце Делчев и Србија ќе бидат готови за два месеца.
Меѓутоа дел проекти наидуваат на проблеми што најверојатно ќе го забават нивното завршување. Така булеварот Македонски војски сега-засега ќе биде само улица поради нерасчистени имотноправни односи. Нејзиното проширување ќе стартува по завршување на имотните спорови. Булеварот Србија веќе се користи иако официјално не е пуштен во употреба. Градоначалникот Костовски истакна дека кај булеварот Србија имало проблеми со атмосферските води, кои предизвикувале поплави и при најмало врнење дожд. Поради тоа градската администрација издала налог до јавното претпријатие „Водовод и канализација“ да изработат проект и да постават атмосферска канализација за истекување на водите.

http://novamakedonija.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=0&tabid=2&fCat=1&top=1&EditionID=186&ArticleID=7346


ГРАДОНАЧАЛНИКОТ КОСТОВСКИ СО НОВА ПРОГНОЗА
Клучката кај "Континентал" готова во ноември
Изведувањето на подземната инфраструктура и изградбата на трасите се завршени, останува уште да се изгради кружниот тек и хортикултурно да се уреди просторот

За еден и пол месец ќе биде готова клучката кај хотелот "Континентал". Градоначалникот Трифун Костовски вчера најави дека изведувањето на подземната инфраструктура и изградбата на трасите се завршени и останува уште да се изгради кружниот тек и хортикултурно да се уреди просторот.
"Најтешкиот дел - подземната инфраструктура е завршена. За изградба на кружниот тек потребни се 10 - 15 дена. Во моментов екипи на ЈП 'Паркови и зеленило' почнуваат да работат на хортикултурно уредување на просторот. Ќе го уредуваме на современ начин, а зеленилото ќе се полева по принципот капка по капка", вели градоначалникот Трифун Костовски.
Тој вели дека со изградбата на клучката се доцнело поради непредвидени работи во однос на подземната инфраструктура, како и бавното темпо на работа на изведувачот. Изградбата на клучката почна лани во јули и тогаш градоначалникот Костовски најави дека за шест месеци, кои истекоа во февруари годинава, клучката ќе биде готова.
"За сите проекти, па и за клучката роковите се одолжуваат поради тоа што градежните фирми се уште работат како да живеат во социјализмот. Не може на капитални проекти да се работи во една смена, а сабота и недела да бидат неработни денови. Затоа за сите наредни тендери кои ќе ги распишеме, како услов ќе бараме од изведувачот да се работи во две смени, за да се испочитуваат предвидените рокови", вели Костовски.
За 1,5 месец треба да заврши и пробивањето на првата траса на булеварот Македонска војска. Поради нерешени имотно-правни проблеми во оваа фаза Македонска војска ќе биде улица, односно ќе има по една коловозна лента во две насоки. Во втората фаза ќе следи нејзино проширување, односно изградба на по уште една коловозна лента во двете насоки, со што улицата ќе прерасне во булевар. Од Градот велат дека со реализацијата на овој проект доцнат оти Јавното претпријатие за стопанисување со станбен и деловен простор се уште не ги отстранило времените објекти кои се наоѓаат на трасата.

http://www.vest.com.mk/default.asp?id=157115&idg=8&idb=2477&rubrika=Skopje

Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #115 Posted: 06-Oct-2008 at 00:06

Електричен кабел ја кочи изградбата на клучката „Континентал“

По пренесувањето на кабелот ќе остане уште еден и пол месец за завршување на кружниот тек

Градежните работи на клучката „Континентал“ се во застој заради пренесување кабел, што треба да го изведе „ЕВН-Македонија“. Екипите на „Пелагонија“ повеќе од дваесетина дена се занимаваат со споредни работи, а не со изградбата на кружниот тек, бидејќи мора да го чекаат префрлањето на кабелот. Во Градот Скопје очекуваат секој ден да почнат работите, но не се сигурни за колку време ќе завршат. По пренесувањето на кабелот ќе остане уште еден до еден и пол месец за завршување на кружниот тек, што значи дека финиширањето на клучката „Континентал“ ќе го зафати длабока зима.

Во меѓувреме, ќе биде довршен и дел од потпорниот ѕид на втората сообраќајна лента на булеварот „Александар Македонски“, а се работи и на проширување на улицата „Беласица“ со уште една лента, со што таа ќе има 4 ленти од по 3,5 метри. Во Градот велат дека со овие зафати, кои се надвор од проектот за клучката, всушност, се дооформуваат сите сообраќајници во околината во функција на олеснување на сообраќајот. Тука градските власти ги вбројуваат и проширувањето на булеварот „Гоце Делчев“, раскрсницата кај Судската палата и новиот мост кај Транспортниот центар.

Во последната фаза од изградбата ќе остане само изведбата на приклучните правци кон хотелот „Континентал“ и кон Скопски саем. Претходно се работеше и на премостување на топлификациската мрежа, на поправка на коловозот на булеварот „Александар Македонски“ до семафорите во Автокоманда и на поставување делови од фекална канализација која во иднина ќе ги одведува отпадните води од Гази Баба. (С.Н.)

http://utrinski.com.mk/?ItemID=F823807DF6109248A5EC0898B7CABC20

Па добро бе! Аман више!!! Wallbash

Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9141
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #116 Posted: 11-Oct-2008 at 22:17
1 По ул. Беласица

2 Идниот кружен тек

3 Новите жардинерии

3 Спојката со постоечката траса на Александар Македонски и новата бехатонска жардинерија

Back to Top
dacito View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 24-Sep-2008
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 131
  Quote dacito Quote  Post ReplyReply #117 Posted: 12-Oct-2008 at 22:03
И ова ќе потрае ама кај толку чекавме ќе причекаме уште малку. Кружниот тек дефинитивно е почнат, од прилика некаде половина е асфалтиран, знам дека пред неколку дена го асфалтираа оној мал дел(20-30 метри) кој го водат како прширување на улица Беласица... Работите одат полека, ама сепак на крај мислам дека резултатот ќе биде мн позитивен... За значењето на проектов ич не треба да се прави муабет. Срамота е веќе да се оди по она субстандардно патче низ Ќерамидница. Но не е само тоа, деф мн добиваме со проектов предвиден мн одамна ама запоставен и зафрлен
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #118 Posted: 13-Oct-2008 at 00:32
Originally posted by dacito

Но не е само тоа, деф мн добиваме со проектов предвиден мн одамна ама запоставен и зафрлен


Незнам од каде заклучи дека проектов е предвиден многу оддамна. Овој проект не е во склад со ГУП-от. Тука требаше да биде спојот со крушевска република. Арно ама Трифкаа изврши упад и сега ќе се чудиме како ќе ја споиме крушевска со александар македонски. Иако е можно, многу е тешко.
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #119 Posted: 14-Oct-2008 at 00:40
Во една друга нишка во најновата вест се споменува дека сега проблемот бил со жардињерите за хортикултурно уредување. Стварно незнам како може ова да го дадат како официјално известување од градот. Ако ништо друго, срамота е!!! Се спомнува и новиот рок (најверојатно ќе го пробијат), 13 ноември!!!


Edited by lslcrew - 14-Oct-2008 at 00:40
Back to Top
dacito View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 24-Sep-2008
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 131
  Quote dacito Quote  Post ReplyReply #120 Posted: 14-Oct-2008 at 08:31

Незнам од каде заклучи дека проектов е предвиден многу оддамна. Овој проект не е во склад со ГУП-от. Тука требаше да биде спојот со крушевска република. Арно ама Трифкаа изврши упад и сега ќе се чудиме како ќе ја споиме крушевска со александар македонски. Иако е можно, многу е тешко.


Пријателе не си ме разбрал. Знам дека проектов на Трифка е класичен упад во ГУП-от од 2000 год и дивоградба. Кога кажав дека овој проект е предвиден одамна мислев на првобитниот план на Скопје и на сите наредни измени носени подоцна кои нели предвидуваа голема клучка на местото на сегашниот проект на Трифке, спојување со Крушевска итн итн... На тоа мислев... Ова решение е мн мн мн поефтино и бидејќи Трифка „спиеше“ првите години од својот мандат и направи мн малку му се брзаше ваљда да се реши да оди со овакво импровизирано решение, кое сепак, се надевам, ќе биде функционално...  Иначе градот дефинитивно има голема потреба за клучка овде.  40 и кусур години чека на решение. Ова додуша е квази, ама тоа е....
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 45678 11>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.695 seconds.

Copyright ©2007 - 2025  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.