Рудници и рудни богатства |
Post Reply | Page <1 56789 13> |
Author | |||||||
axel
Senior Member Joined: 08-Dec-2009 Location: kumanovo Online Status: Offline Posts: 3654 |
Quote Reply #121 Posted: 21-Feb-2012 at 13:06 | ||||||
Иловица треба да се продаде на голема рударска компанија, смета „Цезарс Рипорт“Канадската компанија „Еуромакс Рисорсис“ неодамна беше премет на анализа од „Цезарс Рипорт“, агенција која се занимава со истражување на пазарот и која го посети проектот Иловица во кој „Еуромакс“ истражува бакар и злато. Иловица се наоѓа северно од грчката граница во близина на Струмица. Актуелната проценка за ресурсите во наоѓалиштето Иловица на канадската компанија е 99,5 тони злато и 728 илјади тони бакар, но „Цезарс“ во својот извештај објави дека очекува овие бројки да се зголемат на 140 тони злато и 1,137 милиони тони бакар, кога ќе биде извршена новата проценка подоцна во текот на ова тромесечје од годинава. Проектот е отворен во сите насоки, но воглавно кон исток и југоисток, „па постои значителен потенцијал за нагорна корсекција на ресурсната база,“ се вели во ивештајот. „Нашите главни прашања во однос на Иловица се ниската концентрација и откопувањето на рудата. Просечната густина во моментов изнесува 0,32 грама на тон злато и 0,23 отсто бакар (според проценките од 2008 година), при што од овие количества можат да се откопаат 60 отсто. Сепак, ние сметаме дека нивото на откопување би можело (и би требало) да оди нагоре, откако ќе се направат дополнителни металуршки тестови,“ се вели понатаму во извештајот. „Цезарс“ смета дека „најдобро решение за Иловица и за Еуромакс би било проектот да биде продаден на голема меѓународна рударска компанија, откако ќе биде извршена новата проценка или за се најде партнер за заедничко вложување.“ http://www.plusinfo.mk/vest/34172/Ilovica-treba-da-se-prodade-na-golema-rudarska-kompanija-smeta-Cezars-Riport |
|||||||
axel
Senior Member Joined: 08-Dec-2009 Location: kumanovo Online Status: Offline Posts: 3654 |
Quote Reply #122 Posted: 23-Feb-2012 at 12:10 | ||||||
„Алшар“ ја губи заштитата, Владата го дава на концесија
http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=22312912278&id=9&prilog=0&setIzdanie=22513 |
|||||||
axel
Senior Member Joined: 08-Dec-2009 Location: kumanovo Online Status: Offline Posts: 3654 |
Quote Reply #123 Posted: 10-Mar-2012 at 22:40 | ||||||
Огражден лежи на бакар и златоДесетгодишните истражувања покажале дека над селата Иловица и Штука се крие наогалиште кое има околу 4,5 пати повеке руда во споредба со ископот на Бучим. Добиените резултати од истражувањата на компанијата ,,ФЕЛПС Доџ-Вардар,, укажуваат на тоа дека во блиска иднина овде треба да никне еден од најголемите рудници во Југоисточна Европа. Првиот човек на општина Босилово смета дека овој проект ке биде многу значаен за целиот микро регион бидејки се најавува една од најголемите инвестиции од осамостојувањето на државата. -Ќе се работи за една доста голема инвестиција од некои можеби и 700 милиони евра ,мегутоа зборуваме за еден подолг период кога капацитетот би работел оптимално.Тука се очекуваат и голем број вработувања директи,а и секако индиректни, вели Љупчо Колев - градоначалник на општина Босилово Големи очекувања од отварањето на рудникот имаат и жителите на селата Иловица и Штука. Велат сето ова ке значи многу за сите,а пред се за младите. -Се надеваме дека ке се отворат пред се повеке работни места,ке се згрижат многу луге и крајот ке почне да живее бидејки ке влезат свежи пари, вели Ѓорги Трајков од селото Иловица -За младите тоа ке биде супер. Сигурно ке се вработи многу млад кадар, рече Славе Алаѓозовски од селото Штука Потенцијалните концесионери веке подготвиле и физибилити струдија со која гарантираат дека отварањето на рудникот нема да има никакво влијание врз животната средина, посебно врз земјоделските површини од кои во моментов егзистира најголем дел од населението во овој регион. http://www.sitel.com.mk/dnevnik/makedonija/ograzden-lezi-na-bakar-i-zlato |
|||||||
mackomk123
Newbiе Joined: 16-Feb-2012 Online Status: Offline Posts: 0 |
Quote Reply #124 Posted: 12-Mar-2012 at 17:31 | ||||||
Не се разбирам многу во целава работа со руднициве и рудниве богатства,па ако може некој да ми објасни,зошто рудниците се даваат под концесии на фирми од странство? Каков бенефит има државата од тоа,освен по некое ново вработување(рудари).Рудата претпоставувам ќе ја извезува фирмата што ќе ја експлоатира и со тоа и целиот ќар ке иде во нивен џеб.Со оглед на бројкиве кој се презентирани,конкретно за Огражден станува збор за милијарди долари вредна руда.Зар не може рудник да биде во државна сопственост или тоа беше случај само во стариот систем.
|
|||||||
OCB
Senior Member Joined: 03-Feb-2011 Location: 54 Online Status: Offline Posts: 921 |
Quote Reply #125 Posted: 12-Mar-2012 at 19:06 | ||||||
http://www.build.mk/forum/forum_posts.asp?TID=207&PID=117618#117618 Истражувања и експлоатација можат да вршат правни и физички лица, вклучувајќи ги и странските правни лица со подружница во Македонија. Концесијата за експлоатација на минерални суровини може да се додели врз основа на јавен конкурс или по барање на заинтересираните лица. Во услови на пазарна економија секој кој е спремен да инвестира во рудници е добредојден. Придобивките за државата, покрај оние наведени на линкот погоре + надоместоци за концесија и дополнителни дозволи, се исти како оние во сите останати сектори (нови вработувања, приходи од придонеси, даноци итн.). Државата (преку јавно претпријатие) сѐ уште може да експлоатора руда, но инвестициите во оваа област се мерат во стотици милиони евра а се враќаат за неколку децении. Со нашата економија и технолошки развој, ние не сме доволно моќни за вакви вложувања. |
|||||||
axel
Senior Member Joined: 08-Dec-2009 Location: kumanovo Online Status: Offline Posts: 3654 |
Quote Reply #126 Posted: 27-Mar-2012 at 19:55 | ||||||
Руски „Солвеј“ во 2014 ќе почне со изградба на рудник за бакар кај ПехчевоРуската фирма „Солвеј“, која е сопственик на рудникот за бакар и злато „Бучим“ од Радовиш, ги интензивира истражувањата на новото рудно наоѓалиште „Кадиица“ кај Пехчево. Заменик-менаџерот на рудникот „Бучим“, Николајчо Николов, вели дека во април ќе почнат деталните хидро-геолошки истражувања. - До еден Институт во Москва доставивме проба за утврдување на технологијата на експлоатација и работа на рудното наоѓалиште „Кадиица“ и очекуваме дека резултатите ќе бидат позитивни, рече Николов. Според досегашните истражувања на рудното наоѓалиште „Кадиица“ има резерви од над 100 милиони тони бакарна руда. - Во 2014 година очекуваме дека ќе почнеме со градењето на новиот современ рудник, зашто есплоатацијата на бакарната руда ќе се врши по пат на лужење без деградација на површината. Во овој рудник предвидено е за почеток да се вработат околу 100 лица, вели Николов. Тој додаде дека годинава ќе немаат поголеми истражувања на рудното наоѓалиште „Боров Дол“, кое се наоѓа на територија на општините Штип и Конче, бидејќи ги очекуваат измените во законот за минерални суровини. http://www.plusinfo.mk/vest/38204/Ruski-Solvej-vo-2014-kje-pochne-so-izgradba-na-rudnik-za-bakar-kaj-Pehchevo |
|||||||
axel
Senior Member Joined: 08-Dec-2009 Location: kumanovo Online Status: Offline Posts: 3654 |
Quote Reply #127 Posted: 23-Apr-2012 at 11:13 | ||||||
Ќе се вадат бакар и злато од Иловица?! Се отвора најголемиот рудник во ЈИЕ?!Катерина ПопоскаЌе
никне ли најголемиот рудник за бакар и злато во Иловица под планината
Огражден, кој е најголем и во Југоисточна Европа?! Канадскиот
инвестициски фонд Еуромакс чека да добие концесија за експлоатација на
минералните суровини 789.250 тони бакар се потенцијалите на сè уште неотворениот рудник кај Иловица, дознава „Капитал“ 130 тони злато лежат под планината Огражден кај месноста Иловица 4 пати поголеми се резервите на бакар и злато во сè уште неотворениот рудник кај Иловица во споредба со резервите на радовишки Бучим Под Огражден лежат речиси 790.000 тони бакар и дури 130 тони злато, ексклузивно дознава „Капитал“. Податоците од десетгодишните детални геолошки истражувања на американско-бугарската компанија Фелпс доџ Вардар, кои се држеа во тајност, покажуваат дека месноста Иловица го крие досега најголемиот рудник за бакар и злато во Југоисточна Европа. Ексклузивните податоци до кои дојде „Капитал“ покажуваат дека со рудни наоѓалишта од точно 789.250 тони бакар и 130 тони злато, Иловица располага со рудни резерви четири пати поголеми од потенцијалите на радовишки Бучим. Останатите детали од децениското истражување кај Огражден сè уште не се обелоденуваат во јавноста. Дека Иловица е на чекор до отворање рудно окно покажува и фактот што Министерството за економија веќе е во постапка да му издаде концесија на канадскиот инвестициски фонд Еуромакс, кој пак, во ноември минатата година ја купи Фелпс доџ Вардар, со што ги наследи сите геолошки истражувања во Иловица. „Во процесот на истражување на потенцијалите на овој локалитет досега инвестиравме над четири милиони долари, а во следниот период планираме да инвестираме неколку стотици милиони долари во целосна изградба на рудникот и сите придружни објекти. Висината на инвестицијата ќе зависи од големината на рудникот“, изјавија од Еуромакс ексклузивно за „Капитал“. Од Министерството за економија потврдуваат дека веќе ги скенирале сите информации од целокупниот извештај на Фелпс доџ Вардар, компанија која од 2002 година почна да ги истражува скриените рудни богатства во Струмичко. Неофицијалните информации до кои дојде „Капитал“ покажуваат и дека најдлабоките бушотини под планината Огражден, Фелпс Доџ Вардар ги направил на 850 метри под земјината површина, кои биле пресудни за комплетирање на сликата за Иловица, македонското Елдорадо. Еуромакс, канадски инвестициски фонд кој бара концесија за Иловица „Во процесот на истражување на потенцијалите на овој локалитет досега инвестиравме над четири милиони долари, а во следниот период планираме да инвестираме неколку стотици милиони долари во целосна изградба на рудникот и сите придружни објекти. Висината на инвестицијата ќе зависи од големината на рудникот.“ Од Министерството за економија тврдат дека веќе тече постапката за да им доделат концесија за експлоатација на минералните суровини на канадски Еуромакс, фирмата-сопственик на Фелпс доџ Вардар. „Сега се води постапка за додeлување концесија за експлотација на фирмата Фелпс доџ Вардар. Процедурата за регулирање на концесијата за експлоатација е во тек, односно се прибираат мислења од надлежни органи за да се усогласи просторот кој е предмет на барање на концесија за експлоатација од аспект на животна средина, земјоделство, шумарство, води, пристапни патишта, споменици на културата и друго. По ова следува постапка на нивно проследување во владина процедура за носење одлука за доделување концесија и склучување договор за концесија“, велат од Министерството. Ќе никне ли најголемиот рудник за бакар и злато во ЈИЕ? Иако потенцијалниот инвеститор во Иловица не кажува колку би ги чинело отворањето надворешен ископ на рудата кај Иловица, анализирано според досегашните рудни резерви на кои лежи Огражден, градоначалникот на општина Босилово, Љупчо Колев, проценува дека отворањето рудно окно е инвестиција од околу 700 милиони евра. Мештаните од Иловица со нетрпение очекуваат децениски најавуваната инвестиција конечно да се случи, со што очекуваат економски да заживе овој дел од Македонија. Николајчо Николов претседател на Асоцијацијата за рударство „Бучим годишно преработува околу четири милиони тони руда. За капацитет како Бучим количината на рудата од Иловица значи работа за околу 150 години. Овие количини, на кои се претпоставува дека лежи Иловица, се многу големи и ќе имаат огромно влијание врз економијата од повеќе аспекти.“ „Во Југоисточна Македонија ова е заспана мечка, која треба да се разбуди. Ова ќе придонесе за целокупен развој на економијата. Со години се зборува дека во Иловица има огромни наоѓалишта на бакарна и златна руда. Но, некои од соселаните низ годините велеа и дека од работниците на терен слушнале и дека се откриени количества ураниум, но никој ништо не потврди со сигурност“, изјавуваат жители на Иловица. Отворањето рударско окно, можеби најголемо на просторот на Југоисточна Европа, на македонската економија може да ѝ донесе повеќекратни придобивки. Претседателот на Македонската асоцијација за рударство, Николајчо Николов, потврдува дека ако кај Иловица навистина се отвори рудник со надворешен ископ, тоа ќе биде рудник чии капацитети ќе бидат дури четири пати поголеми споредено со ископот на радовишкиот рудник за бакарна руда Бучим. http://www.kapital.com.mk/mk/dneven_vesnik.aspx/83134/kje_se_vadat_bakar_i_zlato_od_ilovica_!_se_otvora_najgolemiot_rudnik_vo_jie_!.aspx?iId=2704 |
|||||||
axel
Senior Member Joined: 08-Dec-2009 Location: kumanovo Online Status: Offline Posts: 3654 |
Quote Reply #128 Posted: 23-Apr-2012 at 11:37 | ||||||
Австралискиот партнер на „Силекс“ за истражување на злато и бакар ќе добие нов газдаАвстралиската компанија за истражување на руди „Кленси Експлорејшн“ лансираше понуда за купување на помалата рударска компанија „Џенезис Рисорсис,“ чие седиште е, исто така, на австралискиот континент. „Џенезис“ спаѓа во групата на мали компании за истражување на руди (junior miner). Ваквите рударски компании по правило се занимаваат само со истражување, но не и со експлоатација. Откако ќе откријат богато наоѓалиште, тие го продаваат или самото наоѓалиште или правата за понтамошно истражување и/или експлоатација на големите мултинационални рударски компании. „Кленси“ минатата недела понуди 8 австралиски центи по акција за „Џенезис“, кои би ги платила со сопствените акции, значи не во кеш, при што со оваа понуда помалата компанија е проценета на 4,2 милиони австралиски долари. Акциите на „Џенезис“ на берзата, инаку, чинеа 6,8 австралиски центи. Во изјавата по повод лансирањето на понудата „Кленси“ објасни дека смета оти има техничка експертиза и пристап до финансиски ресурси кои се потребни рапидно да се забрзаат токму истражувачките работи во рамките на проектот за истражување на бакар и злато на Плавица во близина на Кратово, кој го работи „Џенезис“ во соработка со „Силекс“ од Кратово. „Кленси“, исто така, додава и дека овој проект е комплементарен со проектите што компанијата ги работи во Нов Јужен Велс. Новата комбинирана компанија би имала значителен бизнис во областа на истражувањето на рудите со проекти во Квинсленд и Северната територија на Австралија, како и во Европа. „Џенезис“ се уште нема одговорено на понудата. Точно пред една година „Џенезис рисорсис“ ја објави својата проценка за нова и дотогаш неексплоатирана жила на метали проценети во износи од 45,4 тони злато и 8.000 тони сребро во рамките на својот проект во близина на месноста Плавица во општина Кратово, а пренесе американскиот неделник за рударство „Mining Weekly“, според соопштение на компанијата. Тоа беше прва процена направена во месноста Плавица според правилата на меѓународниот Заеднички комитет за резерви на руда. Во рамките на проектот е откриен и ресурс со проценет износ од повеќе од 14.787 тони бакар со просечна чистота од 0,28 отсто. „Џенезис“ го потпиша договорот со „Силекс“ во декември 2007 година за концесиите врз Плавица и Црн Врв, месности во близина на Кратово, кои официјално беа доделени од страна на Министерството за економија на владата на РМ. Во рамките на договорот меѓу двете компании, интересот на „Џенезис“ изнесува 62 отсто и компанијата целосно го финансира истражувањето и студијата за економска оправданост, а исто така и управува со сите операции во рамките на проектот. Остатокот од проектот е на „Силекс.“ Самиот проект, пак, е составен од две лиценци за истражување кои покриваат околу 200 квадратни километри во карпатскиот вулкански лак, сегмент кој поминува низ Југоисточна Европа и има огромни потенцијали за откривање на минерализација на злато, бакар и сребро. http://www.plusinfo.mk/vest/40922/Avstraliskiot-partner-na-Sileks-za-istrazhuvanje-na-zlato-i-bakar-kje-dobie-nov-gazda |
|||||||
Goran
Senior Member Joined: 09-Jul-2009 Online Status: Offline Posts: 195 |
Quote Reply #129 Posted: 24-Apr-2012 at 00:49 | ||||||
Капитал“ дознава:
Ќе се вадат 790.000 тони бакар и 130 тони злато од Иловица?! Се отвора најголемиот рудник во ЈИЕ?!Катерина ПопоскаЌе никне ли најголемиот рудник за бакар и злато во Иловица под планината Огражден, кој е најголем и во Југоисточна Европа?! Канадскиот инвестициски фонд Еуромакс чека да добие концесија за експлоатација на минералните суровини „Во југоисточна Македонија ова е заспана мечка, која треба да се разбуди. Тоа ќе придонесе за целокупен развој на економијата. Со години се зборува дека во Иловица има огромни наоѓалишта на бакарна и златна руда. Но, селаните велат и дека се откриле и количества ураниум“, изјавуваат за „Капитал“ жители на Иловица Под Огражден лежат речиси 790.000 тони бакар и дури 130 тони злато, ексклузивно дознава „Капитал“. Податоците од десетгодишните детални геолошки истражувања на американско-бугарската компанија Фелпс доџ Вардар, кои се држеа во тајност, покажуваат дека месноста Иловица го крие досега најголемиот рудник за бакар и злато во Југоисточна Европа. Ексклузивните податоци до кои дојде „Капитал“ покажуваат дека со рудни наоѓалишта од точно 789.250 тони бакар и 130 тони злато, Иловица располага со рудни резерви четири пати поголеми од потенцијалите на радовишки Бучим. Останатите детали од децениското истражување кај Огражден с$ уште не се обелоденуваат во јавноста. Дека Иловица е на чекор до отворање рудно окно покажува и фактот што Министерството за економија веќе е во постапка да му издаде концесија на канадскиот инвестициски фонд Еуромакс, кој пак, во ноември минатата година ја купи Фелпс доџ Вардар, со што ги наследи сите геолошки истражувања во Иловица. Од Министерството за економија потврдуваат дека веќе ги скенирале сите информации од целокупниот извештај на Фелпс доџ Вардар, компанија која од 2002 година почна да ги истражува скриените рудни богатства во Струмичко. Неофицијалните информации до кои дојде „Капитал“ покажуваат и дека најдлабоките бушотини под планината Огражден, Фелпс Доџ Вардар ги направил на 850 метри под земјината површина, кои биле пресудни за комплетирање на сликата за Иловица, македонското Елдорадо. Ќе никне ли најголемиот рудник за бакар и злато во ЈИЕ?Иако потенцијалниот инвеститор во Иловица не кажува колку би ги чинело отворањето надворешен ископ на рудата кај Иловица, анализирано според досегашните рудни резерви на кои лежи Огражден, градоначалникот на општина Босилово, Љупчо Колев, проценува дека отворањето рудно окно е инвестиција од околу 700 милиони евра. „Овој проект Ќе биде многу значаен за целиот регион, бидејќи се најавува една од најголемите инвестиции во рударството од осамостојувањето на државата. Можеби инвестицијата ќе достигне и 700 милиони евра, меѓутоа зборуваме за еден подолг период кога капацитетот би работел оптимално. Тука се очекуваат и голем број вработувања, директни и индиректни“, неодамна изјави градоначалникот Колев. отворив нова тема не сум сигурен дали има во друга нишка. Ова ке биди добар поктик за Мак економија.
|
|||||||
axel
Senior Member Joined: 08-Dec-2009 Location: kumanovo Online Status: Offline Posts: 3654 |
Quote Reply #130 Posted: 24-Apr-2012 at 12:01 | ||||||
Пет инвеститори во трка за кичевско Тајмиште
Една индиска, две турски и две домашни компании се во трка за кичевскиот рудник за железна руда Тајмиште. Овие потенцијални инвеститори веќе подигнале тендерска документација со намера да станат концесионери на ова рудно наоѓалиште. Од Министерството за економија очекуваат тендерска документација да подигнат и инвеститори од Русија, Холандија, Велика Британија и од Бразил. Според информации од Министерството, од инвеститорот ќе се услови и да изгради фабрика до рудникот и во првите три години да вработи до 2.000 луѓе. Последните податоци во јавноста се дека Тајмиште крие околу 150 милиони тони висококвалитетна железна руда, доволни за рудникот да работи во следните 30 години. Проценките се дека резервите на железна руда гарантираат експлоатација во следните 100 години. Тајмиште не работи веќе 15 години. http://www.kapital.com.mk/mk/dneven_vesnik.aspx/83187/koj_e_euromaks,_potencijalniot_investitor_vo_ilovica_!.aspx?iId=2705 |
|||||||
axel
Senior Member Joined: 08-Dec-2009 Location: kumanovo Online Status: Offline Posts: 3654 |
Quote Reply #131 Posted: 24-Apr-2012 at 12:10 | ||||||
Американци и Руси фрлија око на македонското рудно богатство
http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=42412912144&id=10&prilog=0&setIzdanie=22563 |
|||||||
axel
Senior Member Joined: 08-Dec-2009 Location: kumanovo Online Status: Offline Posts: 3654 |
Quote Reply #132 Posted: 03-May-2012 at 18:34 | ||||||
Како да профитира државата од рудникот кај Иловица?!Катерина ПопоскаЕкспертите
потенцираат дека најмалку што може да се бара од потенцијалниот
инвестититор е да произведува рафиниран, чист бакар, а не само да го
ископува и да го извезува рудното богатство, кое се проценува дека е
најмалку четири пати поголемо во споредба со радовишки Бучим фото: Филип Поповски Државата не сме да дозволи потенцијалниот инвеститор во рудникот кај Иловица да профитира на штета на државата, предупредуваат геолозите и рударските експерти. Откако „Капитал“ неодамна ги обелодени ексклузивните информаци од десетгодишното истражување на рудното богатство под Огражден, експертите алармираат дека Владата мора да води сметка за државните интереси при издавањето концесија за експлоатација на најмалку 790.000 тони бакар и 130 тони злато кај Иловица. Во спротивно, штетите ќе се бројат во милијарди евра. Според сегашните цени на бакарот и на златото на светските берзи, ова македонско Елдорадо „тежи“ неверојатни 10 милијарди евра! Експертите потенцираат дека најмалку што може да се бара од потенцијалниот инвестититор е да произведува рафиниран, чист бакар, а не само да го ископува и да го извезува рудното богатство, кое се проценува дека е најмалку четири пати поголемо во споредба со радовишки Бучим. Деканот на Технолошко-металуршкиот факултет, Александар Димитров, за „Капитал“ предупредува на можните грешки при давањето под концесија на рудникот кај Иловица, за да избегне склучување на „штетен договор“ за македонската економија. Внимателно со издавањето дозвола за експлоатација на рудникот во Босилово, порачува Димитров, кој додава дека токму од начинот на експлоатација на рудното богатство кај Иловица и од видот на дозволата ќе зависи колку ќе профитира Македонија на подолг рок. „Државата треба да го обврзе инвеститорот да го затвори целиот циклус на производство на катоден чист бакар - од ископ на руда и производство на бакарен концентрат до негова преработка, до метален бакар и метално злато и производство на финални производи, како бакарни жица, бакарни кабли, трансформатори, електромотори и многу други производи од бакар и бакарни легури. Многу е важно при доделувањето на дозволата да се инсистира, односно во договорот инвеститорот да се обврзе дека во текот на експлоатацијата на рудникот и изградбата на производните капацитети ќе ги примени највисоките стандарди за заштита на животната средина. Само на овој начин во околината на Струмица, покрај рудникот, ќе се изградат фабрики во кои директно ќе се вработат неколку илјади работници, а индиректно во Струмичко и во цела Македонија за овие фабрики ќе работат неколку десетици илјади работници. Ова е важно затоа што искуството покажува дека ако на самиот почеток не се постават овие правила, тогаш може да ни се повторат катастрофалните грешки направени со изградбата на некои индустриски капацитети во минатото“, оценува Димитров. Министерот за економија, Ваљон Сараќини, обелодени дека канадскиот инвестициски фонд Еуромакс веќе е во постапка за добивање концесија за експлоатација на рудното богатство кај Иловица. Оттаму потврдуват дека веќе ги скенираат сите информации од целокупниот извештај на Фелпс Доџ Вардар, компанија која од 2002 година почна да ги истражува скриените рудни богатства во Струмичко, а веќе од лани е сопственост токму на канадски Еуромакс. „При дупчењето на првата дупка резултатите вклучуваат 345 метри бакар со концентрација од 0,24% и злато во износ од 0,32 грама на тон, како и 153 метри концентрации на бакар од 0,3% и злато во износ од 0,45 грама на тон. Во втората дупка, која се наоѓа на јужниот дел од наоѓалиштето, е откриена 413,6 метри сулфидна минерализација до нивото од 0,19% бакар и 0,20 грама злато на тон“, пишува во извештајот на Еуромакс. Иако
потенцијалниот инвеститор во Иловица, Еуромакс, не кажува колку би ги
чинело отворањето на надворешен ископ на рудата, анализирано според
досегашните рудни резерви на кои лежи Огражден, познавачите проценуваат
дека отворањето рудно окно и фабрика за производство на бакар би чинело
околу 700 милиони евра. http://www.kapital.com.mk/mk/dneven_vesnik.aspx/83583/kako_da_profitira_drzhavata_od_rudnikot_kaj_ilovica_!.aspx?iId=2717 |
|||||||
axel
Senior Member Joined: 08-Dec-2009 Location: kumanovo Online Status: Offline Posts: 3654 |
Quote Reply #133 Posted: 07-May-2012 at 18:13 | ||||||
Поништен тендерот за продажба на Тајмиште поради голем интерес на странски компанииТендерот за продажба на рудникот Тајмиште поништен. Според првичните информации надлежните институции на овој чекор се одлучиле од две причини.
Прво,
неочекувано за реактивирање на рудникот има голем интерес од познати
странски компании. Тие бараат почетната цена да биде повисока од
утврдената во поништениот тендер кој заврши на 4 овој месец.
07.05.2012, 18:20
http://kanal5.com.mk/default.aspx?mId=44&egId=14&eventId=90983 |
|||||||
anti-modernista1
Newbie Joined: 01-Dec-2011 Online Status: Offline Posts: 27 |
Quote Reply #134 Posted: 08-May-2012 at 16:04 | ||||||
ne znam so koj pamet se prodavat vakvi resursi koga trebat da ostanat vo drzavni race i na ovoj, izvini za off-topic..
|
|||||||
axel
Senior Member Joined: 08-Dec-2009 Location: kumanovo Online Status: Offline Posts: 3654 |
Quote Reply #135 Posted: 12-May-2012 at 07:37 | ||||||
Огражден ќе стане најголем рудник на злато
Кај струмичкото село Иловица се кријат резерви од 505 милиони тони бакарна и златна руда Иван Бојаџиски |
|||||||
axel
Senior Member Joined: 08-Dec-2009 Location: kumanovo Online Status: Offline Posts: 3654 |
Quote Reply #136 Posted: 18-May-2012 at 19:37 | ||||||
СЕ РЕСТАРТИРА НАЈГОЛЕМИОТ РУДНИK ЗА ЖЕЛЕЗО ВО ЗЕМЈАТА Резервите во „Тајмиште“ повторно интересни За рудникот, кој беше затворен пред 20 години, се интересирале компании од Турција, Индија, Русија, Украина, Норвешка и една наша фирма
http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=01F4152438379146A0A1C61DED11F6F3 |
|||||||
axel
Senior Member Joined: 08-Dec-2009 Location: kumanovo Online Status: Offline Posts: 3654 |
Quote Reply #137 Posted: 18-May-2012 at 19:38 | ||||||
„Еуромакс Рисорсис“ продолжува со нови дупчења на ИловицаКанадската компанија „Еуромакс Рисорсис“, која истражува бакар и злато во месноста Иловица во југоисточна Македонија, од своето седиште во Ванкувер, Бритиш Колумбија, извести дека започна со нови дупчења на длабочина од 4.000 метри во правец на југ-југоисток од досегашните истражувања, а со оглед на тоа што податоците од досегашните истражувања индицираат значителен потенцијал за зголемување на ресурсите во оваа насока. Иако проширувањето на минерализацијата во овие насоки би можела да се наоѓа на поголема длабочина од досега откриените ресурси, новите можни ресурси, кои се добиени преку моделирање би можеле да покажат дека и дупчењето во оваа насока може да произведе ресурси исплатливи за експлоатација и потенцијално да направи експанзијата на актуелните проценети ресурси ако истражувањето се покаже успешно. Првото дупчење со шофра EOIC-1229 (види карта) е вертикална дупка која претставува исчекор од 200 метри од најблиската досега направена дупка и во моментов е на длабочина од 400 метри. „Еуромакс Рисорсис“, минатиот месец првпат по 3 години објави сеопфатни резултати од своите истражувања извршени преку дупчења. Според проценката за дедуцирани (имплицитни) ресурси, до кои е дојдено според меѓународните стандарди кои се користат при ваквите истражувања, откриено е присуство на 789 илјади тони бакар и 130,6 тони злато.
Фотографии долу: брдото на Иловица, одрон на Иловица, патот до Иловица и жили со наоди од руда на Иловица |
|||||||
gjoko
Senior Member Joined: 18-Jun-2011 Location: kicevo Online Status: Offline Posts: 6554 |
Quote Reply #138 Posted: 18-May-2012 at 20:10 | ||||||
лично се знам со сегашниот директор на `Тајмиште` кој ми кажуваше дека првата шанса за рестартирање на рудникот се имаше во 1999-2000 година кога го повикал тогашниот премиер Љупчо Г. и му побарал физибилити студија за исплативоста на повторното отварање на рудникот ,нормално со тогашните цени на железото кои беа доста пониски од сегашните.после тоа премиерот бил многу задоволен од прикажаното за исплативоста на рестартирањето на рудникот,и биле предвидени пари од продажбата на телекомот за рестартирањето.после тоа знаеме во какви води влезе РМ во 2001 и за какви глупости се потрошија парите.и така си живеевме до крајот несреќен живот во Кичево
|
|||||||
axel
Senior Member Joined: 08-Dec-2009 Location: kumanovo Online Status: Offline Posts: 3654 |
Quote Reply #139 Posted: 22-May-2012 at 13:24 | ||||||
Фабрика за железна руда - услов за да проработи ТајмиштеКатерина ПопоскаПокрај
најавата за повторно експлоатирање на железната руда кај Тајмиште по 15
години, геолозите и металурзите најавуваат отворање на неколку нови
рудни окна за бакар, злато, железо и никел 150 милиони тониквалитетна железна руда најверојатно крие Тајмиште 789 тони бакари 130 тони злато се потенцијалите на сè уште неотворениот рудник кај Иловица 100 милиони тонирудни резерви најверојатно крие Кадиица Владата наметнува нови обврски за искористување на железната руда кај локалитетот Тајмиште, кај Зајас. Изградба на фабрика за преработка на железната руда и вработување на околу 1.000 луѓе во првите пет години е најновиот услов за заинтересираните инвеститори што сакаат да ги експлоатираат рудните богатства од Тајмиште. Иако веќе една индиска, две турски и две домашни компании веќе подигнале тендерска документација за да станат концесионери на ова рудно наоѓалиште, Министерството за економија ја прекина постапката и почна нова. Со новите услови државата сака да се осигура дека концесионерот нема само да ја експлоатира и да ја извезува железната руда, која се проценува на околу 150 милиони тони. „Владата одлучи да ја прекине постапката за доделување концесија за експлоатација на минерални суровини и да почне нова, во согласност со која се воведуваат нови услови за инвеститорот. Обврска за идниот инвеститор е да изгради погон за преработка на рудите на железо, што ќе придонесе за отворање нови работни места, односно зголемување на бројот на вработени“, кусо објаснуваат од Министерството за економија. Преку новиот повик Министерството бара заинтересираните инвеститори за Тајмиште да одлучат дали сакаат максимум 60 години да ја искористуваат железната руда од Тајмиште. Иако од Министерството не ја откриваат проценетата вредност на локалитетот и на минералните суровини, токму највисоката понудена цена ќе биде пресудна кој во следните 60 години ќе стопанисува со рудното богатство кај Кичево. Последните податоци во јавноста се дека Тајмиште крие висококвалитетна железна руда доволна за рудникот да работи во следните 150 години. Тајмиште не работи веќе 15 години. Покрај Тајмиште, Министерството за економија нуди концесија и за отворање рудник кај Иловица, Струмичко. Се проценува дека овој рудник крие 790.000 тони бакар и 130 тони злато. За добивање концесија е заинтересиран канадскиот инвестициски фонд Еуромакс. Од фондот објавуваат дека ќе почнат со нови дупчења на длабочина од 4.000 метри во правец југ-југоисток од досегашните истражувања. Стигнуваат и најави за отворање рудно окно кај локалитетот Кадиица, Пехчево. Деталните геолошки истражувања на неколку заинтересирани инвеститори, кои се кријат од јавноста, треба да покажат дали ќе се отворат и четири нови рударски окна во околината на Прилеп, Кичево и Кавадарци. Последните информации од геолозите во земјава се дека кај локалитетите Ракле и Црна Тумба во околината на Прилеп најверојатно има големи наоѓалишта на никел и железо. Кај локалитетот Арничко пак, во близина на Кавадарци, геолозите навестуваат дека длабоко под земјата најверојатно има резерви на хром. Истражувањата треба да покажат и дали кај локалитетот Стрелци во Осломеј може да се ископа значајно количество молибден и други метали. Претседателот на Македонската асоцијација за рударство, Николајчо Николов, за „Капитал“ вели дека можното отворање нови рудници е значаен момент за рударството и за неговиот понатамошен индустриски развој. „Во последните 5-6 години во Македонија не е отворен нов рудник. Очекуваме позитивни резултати затоа што ќе се отвораат нови фирми, а тоа ќе значи и нови вработувања и поголеми приходи во државниот и во општинските буџети од концесиските надоместоци“, вели Николов. Отворањето нови рудници во земјава може значително да влијае на македонската економија, ако се земе предвид фактот дека во 2009 и 2010 година рударството учествуваше со 19%, односно со 18,2%. http://www.kapital.mk/MK/dneven_vesnik.aspx/84311/fabrika_za_zhelezna_ruda_-_uslov_za_da_proraboti_tajmishte.aspx?iId=2747 |
|||||||
gjoko
Senior Member Joined: 18-Jun-2011 Location: kicevo Online Status: Offline Posts: 6554 |
Quote Reply #140 Posted: 22-May-2012 at 16:01 | ||||||
ова е паметно,да не се ставиме во позиција како Фени што зема само руда од Албанија и други држави и рудата ја топи овде,и нормално овде се прават пари.во случајот со фени РМ е во добивка,но можи да се случи со тајмиште и останатите рудници да е обратно.рудата да заминува од РМ во вагони.
грешката е што оваа мерка небила предвидена во веќе објавениот тендер,па целата работа ќе закасни една година |
|||||||
Post Reply | Page <1 56789 13> |
Forum Jump | Forum Permissions You cannot post new topics in this forum You cannot reply to topics in this forum You cannot delete your posts in this forum You cannot edit your posts in this forum You cannot create polls in this forum You cannot vote in polls in this forum |