Author |
Topic Search Topic Options
|
axel
Senior Member
Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3654
|
Quote Reply
#121 Posted: 11-Sep-2010 at 10:28 |
ГАСИФИКАЦИЈА
Македонија заинтересирана за Набуко!
Владата
ги разгледува сите можности за приклучување на Македонија кон проектите
за европската гасификација, односно приклучување кон еден од
стратешките гасоводи. Според министерот за економија, Фатмир Бесими,
заинтересирани сме да учествуваме во проектот "Набуко" доколку има
можност за тоа. -Проектот е на компании од ЕУ земји-членки,
финансиран од Европска инвестициска банка и ИФЦ. Со оглед дека се
дефинирани основачите и финансиерите, наше е да ги искористиме
потенцијалите за транзит преку територијата на Македонија - укажува
Бесими. Според министерот, Македонија треба да ги искористи сите
можности за да се поврземе со регионалните и меѓународните гасоводни
мрежи со цел да се добие епитетот на транзитна зона и во делот на гасот и
во делот на енергетиката.
http://www.vecer.com.mk/default.asp?ItemID=C7F2D4B216007E49B243B11BB9674008
|
 |
Cloverstack
Admin Group
Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
|
Quote Reply
#122 Posted: 15-Sep-2010 at 00:52 |
Настрана
фактот што приклучувањето на уште еден гасовод во земјава нема никаква
логика од деловна гледна точка. Имено, постоечкиот гасовод, кој поминува
низ земјава, има капацитет од 800 милиони кубни метри годишно, а ние
користиме само 10 отсто од капацитетот. Пресметките се дека и со целосна
гасификација на земјава, и тоа и на стопанството и на домаќинствата не
би можеле да искористиме повеќе од 70 отсто. Што се мисли да се постигне кон приклучувањето кон
„Јужен тек“ во ситуација кога не можеме да ги искористиме ниту
постоечките капацитети, останува нејасно.
|
Како што стана обичај, многу плитко од страна на Шпиц... Во моментов капацитетот на постоечкиот магистрален гасовод го користиме со само 10% единствено затоа што нивото на гасификација на земјата ни е симболично. Еве само Те-То кога ќе почне да работи ќе користи околу 50% од капацитетот на постоечкиот гасовод. А каде се другите најавени гасни електрани и топлани, каде е индустријата, каде се домаќинствата, каде е транзитот кон Косово и Албанија, каде е резервниот капацитет за пораст на потрошувачката со тек на време...
|
 |
Cloverstack
Admin Group
Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
|
Quote Reply
#123 Posted: 28-Sep-2010 at 20:42 |
Елитата на „Газпром“доаѓа в петок Највисока делегација на руската компанија „Газпром“ в петок доаѓа во Македонија на разговори со Владата за вклучување на нашата држава во трасата на меѓународниот гасовод „Јужен тек“
Дознаваме дека руската делегација ќе ја предводи Леонид Чугунов, прв човек на департментот на гасоводот „Јужен тек“. Нашиот преговарачки тим сé уште не е утврден, иако извесно е дека ќе го предводи вицепремиерот Зоран Ставрески, заедно со Фатмир Бесими и Владимир Пешевски, како и првите луѓе на „Гама“. Од Владата се убедени дека ќе ги убедат гостите да нé примат во нивното енергетско друштво. - Ќе направиме сé да ги убедиме претставниците на „Газпром“ дека постојат можности кои обезбедуваат и финансиска исплатливост на проектот за да се вклучи Македонија како транспортен коридор за „Јужниот тек“ или да биде приклучена во соодветен крак, што е од значење за стабилноста и сигурноста за испораката на гас во иднина - смета вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески. За експертите, приклучувањето на нашата земја кон овој гасовод е исплатлива инвестиција за „Газпром“. Според Димитар Хаџимишев, претседател на Македонската енергетска асоцијација, за Македонија е најдобро приклучокот да биде близу Гевгелија. - Со крак од „Јужен тек“ низ Македонија се отвора можноста и за поврзување на Албанија и на Косово кон овој гасоводен систем - смета Хаџимишев. Дознаваме дека рускиот енергетски гигант е заинтересиран и за изградба на гасни електроцентрали и евентуална трансформација на ТЕЦ „Неготино“ во гасна електроцентрала. |
http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=928101024448&id=10&prilog=0&setIzdanie=22094
|
 |
build.mk
Senior Member
Joined: 13-May-2010
Online Status: Offline
Posts: 216
|
Quote Reply
#124 Posted: 02-Oct-2010 at 18:36 |
Македонското вклучување во „Јужен поток“ станува поизвесноПо
вчерашните разговори со високи претставници на рускиот енергетски
гигант „Газпром“, вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески
изјави дека Македонија е чекор поблиску до вклучување во големиот
гасовод „Јужен поток“ и дека останува уште да завршат техничките
анализи, а потоа да се потпише меѓудржавен договор со Русија за
реализација на проектот. Во опција се повеќе варијанти за тоа каде и
како ќе биде изведен приклучокот за земјава и за тоа дали ќе функционира
како крак или и како транзитен вод за Албанија и Косово. Треба да биде
решено и колкаво количество на гас ќе добие Македонија. Поврзувањето на
Македонија со „Јужен поток“ е во тесна врска со подмирувањето на рускиот клириншки долг кон државава и реализацијата на неколку крупни гасификациони проекти во рамки на нашите граници.
Македонија својата гасификација ја започна во деведесетите години на
минатиот век, но позначајни ефекти досега изостанаа, меѓудругото и
поради долготрајниот спор помеѓу државата и „Макпетрол“ за сопственоста
врз гасоводниот оператор „Гама“. Постоечкиот гасовод од Крива Паланка до
Скопје во должина од 160 километри има капацитет од 800.000 кубни метри
годишно, капацитет кој до неодамна беше многу малку искористен. Но
нашите потреби за гас нагло растат и во Владата се надеваат дека
дополнителните потребни количини ќе бидат обезбедени преку „Јужен
поток“. Владата веќе го има формирано претпријатието „Македонија гас“
кое заедно со „Газпром“ ќе работи на реализација на проектот во
Македонија.
„Јужен тек“ е партнерски проект на руски „Газпром“ и италијанската
компанија „Ени“. Гасоводот ќе почнува во Џубга, на рускиот брег на Црно
Море, а потоа под вода ќе се движи до брегот на Бугарија, на чија
територија ќе се двојат двете главни гранки. Едната преку Србија и
Унгарија ќе завршува во Австрија и Словенија, додека другата преку
Грција и Јонското Море ќе завршува во Италија. Капацитетот на гасоводот
ќе биде 63 милијарди кубни метри гас годишно. Се предвидува пуштањето во
употреба да биде до крајот на 2015, а реализацијата на проектот да чини
помеѓу 19 и 24 милијарди евра. |
http://www.build.com.mk/?p=5096
|
 |
Andrej_LJ
Senior Member
Joined: 20-Oct-2008
Location: Ljubljana
Online Status: Offline
Posts: 2954
|
Quote Reply
#125 Posted: 03-Oct-2010 at 23:21 |
Мене не ми е јасно едно нешто. Што добива Македонија од Јужниот ток и каква ќе биде нашата улога (во смисла земја транзит или земја краен потрошувач сме)? Ако сме земја-транзит треба да се прашаме колку и каде би транзитирал тој гас (Албанија верувам е цврсто во преградките на Италија во енергетски смисол, а Косово во сечија друга, но не и во руска) и колку би имала нашата држава парична корист годишно од тоа? Ако сме земја краен потрошувач, би било редно да се направат анализи за перспективната домашна побарувачка од гас. Не велам дека во Македонија гасот допрва треба да го најде своето место (ако не се истроши до тогаш), но премногу еднотипни и површни информации добивам околу ЈТ. Една од главните задачи на ЕУ (кон која целиме и ние) е диверзификација на изворите на енергија (во тој дел и плин), а ние се врзуваме двојно со Русија (што под дифолт не е лошо, но в предвид нашата незначителна позиција и традиционално-никаквите односи со Русија), тоа би можело да биде опасно. Затоа пред да се земе ваква голема одлука треба Владата да излезе со јасни одговори на овие прашања.
|
"Тaм, където глупостта е образец, разумът е безумие." Гьоте
|
 |
Plugger
Senior Member
Joined: 15-Sep-2008
Online Status: Offline
Posts: 378
|
Quote Reply
#126 Posted: 04-Oct-2010 at 06:17 |
Eve intervju so Zoran Stavreski koj objasnuva detalno za sto se razgovaralo. Kako sto razbrav naj dobrata opcija bi bilo da bideme tranzit za Albania i Kosovo a vo naj los slucaj da se napravi eden krak samo za nasata drzava. http://sitel.com.mk/video/biznis/makedonija-so-seriozna-shansa-da-se-vkluchi-vo-%E2%80%9Ejuzen-potok%E2%80%9C
|
 |
OKA
Senior Member
Joined: 11-Dec-2009
Location: Yenni Maalе
Online Status: Offline
Posts: 332
|
Quote Reply
#127 Posted: 04-Oct-2010 at 10:03 |
Originally posted by Andrej_LJ
... Ако сме земја-транзит треба да се прашаме колку и каде би транзитирал тој гас (Албанија верувам е цврсто во преградките на Италија во енергетски смисол, а Косово во сечија друга, но не и во руска) и колку би имала нашата држава парична корист годишно од тоа? Ако сме земја краен потрошувач, би било редно да се направат анализи за перспективната домашна побарувачка од гас. |
Албанија е во прегратките на Италија во секој смисол, но „Јужен тeк” е рускоиталијански проект (Gazprom&Enel), па ако ја копчаат Албанија на гас, логично е тоа да го направат преку МКД, а не преку Бари. Истото важи и за Косово, ако неговите меѓународни мецени проценат дека на најновата европска држава воопшто и е потребен гас. Со оглед на неговите неверојатни резерви на јаглен, едни од најголемите во Светот. Примарно прашање е колку се русите искрени сега во намерата за проектот „гас на МКД”, или тактички нè користат како оружје во преговорите за транзитната и трговската цена на гасот, со Земјите кои веќе се во проектот (Србија, Бугарија, Грција...). Македонија домашната задача ја заврши. Претседателот излобира кај колегата му, премиерот си завршува проектна документација за гасификација, министерот за финансии го апсолвира рускиот клирингшки долг... Сепак, гасот е опција дури за 2015. Дотогаш мора да се оптимизира политиката за енергија од нашиот хидропотенцијал. Да се отпочнат долгонајавуваните и завршат започнатите капацитети.
Edited by OKA - 04-Oct-2010 at 10:57
|
Врзи два поста без СК2014 и освој трет гратис!!!
|
 |
lslcrew
Senior Member
Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
|
Quote Reply
#128 Posted: 04-Oct-2010 at 15:32 |
|
 |
lslcrew
Senior Member
Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
|
Quote Reply
#129 Posted: 06-Oct-2010 at 15:07 |
Ни дадоа гас, ни фалат цевкиПриклучок на идната мрежа за гас би ги
чинел граѓаните околу 200 евра, додека
годишната заштеда од користење
на овој еколошки енергенс се проценува
на близу 1.000 евра по семејство
Ископините на Паско Кузман се дреболија во споредба со копањето
што допрва ни претстои. Влегувањето на „Јужен тек“ и гасификацијата на
државата ќе ги извади багерите од депоата. Државата ќе се прекопува по
должината и по ширината, а нема да бидат поштедени ниту урбаните
средини.
Големи канали, цевки, мерни и контролни станици, потстаници, пумпи, котли интегрални кола...
Сето ова треба да се донесе до секоја населба, зграда, болница, трговски
центар, за вистински да ги почувствуваме благодатите на синото гориво,
како што поинаку се нарекува гасот.
Без развиена дистрибутивна мрежа бадијала ни е влегувањето во „Јужен
тек“ и доаѓањето на „Газпром“, тврдат експертите. Тоа е како во дворот
да имате река, а дома да немате вода за пиење. Она што сега ни претстои е
лобирање и барање искусни партнери за изградба на дистрибутивна мрежа.
Процените се дека за изградба на ваква мрежа само во Скопје ќе бидат
потребни околу 40 милиони евра, што не се големи пари со оглед на
користа што ќе се добие. Гасификацијата на целата земја ќе чини 300
милиони евра.
- Изградбата на дистрибутивната мрежа секако ќе оди во неколку фази и ќе
трае 5-6 години. Кога целата сума ќе се подели со временскиот период
потребен за изградба, тоа е евтина инвестиција, која е неопходна и мора
да се почне - ни изјави Константин Димитров од Македонски центар за
енергетска ефикасност (МАЦЕФ).
Тој сепак предупредува дека мора да се внимава и да се најде партнер што
има знаење и кој ќе гарантира безбедност, сервисирање, контрола на
мерните уреди итн. Лошо би било доколку државата сама тргне во една
ваква операција, бидејќи сето тоа не ќе може сама да го менаџира, а
нестручната инсталација може да доведе до големи штети, нагласува
Димитров. Според експертите, учеството на „Газпром“ во гасификацијата на
Македонија е сосема од друга природа. Тие ќе го градат транспортниот
систем. „Газпром“ не се толку искусни во градски мрежи, како други
специјализирани компании како австриски ЕВН, турски „Игдаш“ или „Газ де
франс“, тврдат експертите.
Ќе ќарат граѓаните, стопанството и природата
Сите се согласни дека предностите се многубројни од влегувањето на
гасот. Заштедите на домаќинствата ќе бидат од 200 до 1.000 евра годишно,
додека заработувачката за компаниите ќе биде многукратно повисока.
Процените се дека трошоците за греење кај граѓаните ќе бидат за 30-50
отсто пониски, компаниите ќе имаат од 20 до 50 отсто помали издатоци за
производство, а земјоделците ќе добијат и до два месеца порано
раноградинарско производство од пластеници што ќе се загреваат на гас,
со што и заработката ќе им биде за 30-70 отсто поголема. Во добивка ќе
биде и животната средина поради користење чисто гориво, наместо
фосилните што се загадувачи и емитери на јаглероддиоксид.
- Моментално купуваме најскап гас во споредба со другите земји од
опкружувањето, поради таксите за пренос. Но и покрај тоа цената на гасот
изразена во киловат-часови е еднаква со ноќната тарифа на електричната
енергија и е пониска по цена од киловат-час за парното греење. Цената на
гасот е пониска и од мазутот и од течниот гас и полесно е оперирањето
со овој енергенс - сметаат од МАЦЕФ.
И од Македонската академија на науки и уметности нагласуваат дека
земјата од година на година станува сé позависна од увоз на струја,
количествата на јаглен се ограничени, резерви на нафта немаме, така што
природниот гас ни останува единствената опција.
- Крајно време е да се почне инвестициски циклус во енергетскиот сектор.
Доколку не се направи тоа до 2020 година, Македонија ќе стане целосно
зависна од увоз на струја, а ЕУ ќе нé принуди да ги затвориме РЕК
„Битола“ и ТЕЦ „Осломеј“ - вели академикот Томе Бошевски.
За стручната јавност влегувањето на гасот е голема шанса не само за граѓаните туку и за државата.
- Ако Македонија стане дел од „Јужен тек“, што е веќе извесно, врската
би била на потегот Куманово - Гевгелија, или на 30 километри од јужната
граница кон Македонија. Низ тој мал крак за Македонија може да се
снабдуваат и јужна Србија и Косово, што е значајно за Русите, но уште
повеќе за нас, бидејќи освен што ќе донесеме гас, ќе наплатуваме и пари
за транзит низ нашата територија - тврдат од Македонската енергетска
асоцијација.
За стопанствениците гасот е многу поекономичен во споредба со струјата,
бидејќи индустријата плаќа поскапа струја од граѓаните, но и високи
давачки за ангажирана моќност. Адаптациите што треба да ги направат
индустриските капацитети, за користење на гасот, се занемарливи во
споредба со трошоците што ги имаат сега.
- Сите ќе имаат различни придобивки. Тие што ќе се приклучат на гас,
освен за греење на просторот, ќе може да го користат и за санитарна
топла вода, како и да приклучат апарати на домаќинство, фрижидер, шпорет
итн.
За приклучок 200 евра
Дознаваме дека новиот трговски центар „ЕРА сити“, кој е во изградба,
веќе предвидел искористување на гасот како енергенс. Домаќинствата што
ќе сакаат да го користат гасот ќе треба дополнително да инвестираат.
Според сегашните анализи, приклучокот на гас би ги чинел околу 200 евра
по семејство, додека заедно со адаптацијата и набавката на уреди на гас,
котел-потстаница, сумата не би надминала 1.000 евра. Димитар Хаџимишев,
претседател на Македонската енергетска асоцијација, смета дека
локалната самоуправа досега не била заинтересирана за гасификацијата.
- Странците не доаѓаат за мали потрошувачи. Општините се тие што треба
да направат почетни анализи кој дел од нивната територија е интересен за
користење на гасот, а тоа се местата каде што има индивидуална градба, и
да распишат конкурс за гасифицирање. Тоа е добар бизнис, но Македонија
10 години не го почна. На пример за Скопје, како најголем потрошувач на
енергија, досега немаше иницијатива од ниту еден приватен инвеститор да
ја развие мрежата на гас - вели Хаџимишев. Тој не ја исклучива можноста
„Топлификација“ во иднина да се вклучи во гасификацијата.
Повеќе од експертите со кои се консултиравме се согласуваат дека
изградбата на дистрибутивна мрежа за гас е долга и макотрпна работа
најмногу поради регулирањето на имотноправните односи со сопствениците
на земјиштето. Токму правото за сопственоста врз сегашниот гасовод е
причина и за деценискиот судски спор помеѓу „Макпетрол“ и државата.
Сепак Чедомир Теодосиевски, експерт што учествуваше во изработката на
студијата за гасификација, е оптимист за роковите во кои би можела да се
изгради целокупната гасоводна мрежа во земјата.
- Сé зависи од парите. Ако има пари, се прави брзо. Со затворањето на клириншкиот долг ќе се забрзаат работите - смета тој.
Од Министерството за транспорт и врски ни потврдија дека гасификацијата на земјата ќе почне во текот на идната година.
И додека работите околу гасификацијата полека, но сигурно се поместуваат
од мртва точка на градоначалниците на неколку града не им се чека и
веќе почнаа сопствени проекти за носење гас во нивните општини. Струмица
тоа го прави преку модел на виртуелен гасовод, односно носење гас од
Бугарија со камиони, кој ќе биде компресиран во транспортни модели и
потоа декомпресиран и пуштен во системот.
- Струмица требаше уште многу време да чека гасоводот да стигне до неа и
затоа се потрудивме природниот гас да го донесеме токму преку ваквиот
модел на виртуелен гасовод, со што ќе станеме прв гасифициран град во
Македонија и заштедите ќе изнесуваат над 30 отсто - вели градоначалникот
Зоран Заев.
Вкупната инвестиција, која вклучува и изградба на мрежа од 13 километри и
опрема, ќе го чини градот 4,5 милиони евра. Општинските власти на
Куманово исто така најавија дека оваа зима ќе се греат на гас. Јавното
претпријатие „Куманово-гас“ веќе извршило приклучок на гасоводната мрежа
на 15 големи потрошувачи, меѓу кои се зградите на општината,
полицијата, судот, поштата, основните и средните училишта, градинките,
јавните претпријатија, домот за стари лица и други институции во градот.
- За приклучување и на домаќинствата треба да се доизгради секундарната
мрежа - велат од локалната самоуправа. Со магистралните правци за
гасификација покрај главниот град се опфатени и Куманово, Свети Николе,
Битола, Тетово, Гостивар, Велес, Прилеп и други места.
Цената ќе паѓа со количествата
Од Регулаторната комисија
за енергетика тврдат дека цената на гасот ќе паѓа во зависност од
пренесените количества. Така, за оваа година цената е утврдена на 1,34
денар за кубен метар гас и планирани годишни пренесени количества од
220 милиони кубни метри. За 2011 година цената е пониска и изнесува
0,81 денар по кубен метар, за годишно количество од 533 милиони кубни
метри гас. Во 2012 година цената ќе биде уште пониска и ќе изнесува
0,49 денари по кубен метар гас за 558 милиони кубни метри, објаснуваат
од регулаторната комисија за енергетика. Досегашната искористеност на
постојниот гасоводен систем во државата е околу 15 проценти и со
скорашното вклучување на новата централа на ТЕ-ТО таа ќе се зголеми на
50 проценти.
Гасоводот во пет пакети
Од Министерството за транспорт и
врски велат дека се склучени договори со најповолните понудувачи за
изработка на основен и изведбен проект за магистрална линија на
гасоводен систем. Пакетот 1 опфаќа проект за магистрален гасовод од
Клечовце до Неготино во должина од околу 100 км, за што е склучен
договор со компанијата „Прима инженеринг“ ДОО.
Пакетите 2 и 3 го
опфаќаат потегот од Неготино до Битола во должина од околу 100 км, како
и од јазолот Штип до јазолот Хамзали во должина од околу 60 км, за што
е склучен договор со ОАД „Укргазпроект“, од Киев.
За пакетот 4,
од јазолот Хамзали до Стојаково во должина од околу 50 км е одговорен
конзорциумот „ДИВИ Консалт интернешнал ГмбХ“ од Есен, Германија, и
„ДИВИ Консалт интернешнал Македонија“, од Скопје.
За пакетот 5
за делницата Скопје – Тетово – Гостивар, со можност за поврзување со
Кичево, избрани се компаниите „Чакар партнерс“, „Градежен институт“ и
„Кат плус“.
Турците заинтересирани за нашиот пазар
Македонија в петок
ќе биде домаќин на голема регионална конференција на која ќе се
разговара за перспективите на примената на природниот гас во земјата и
во регионот. Организаторот МАЦЕФ тврди дека присуството на големиот
број домашни и странски експерти и стопанственици е одлична можност за
директен контакт и договарање деловна соработка. На конференцијата свое
излагање ќе има и Биљал Аслан, првиот човек на турскиот гасен гигант
„Игдаш“, кој управува со гасот во Истанбул, што се толкува како
сериозен сигнал за влегување на оваа компанија на нашиот пазар. „Игдаш“
и порано, за време на мандатот на Трифун Костовски, правеше анализи за
гасификација на Скопје. Од „ЕВН-Македонија“ вчера не добивме одговор
дали е контактирано со нив за развој на гасоводна мрежа и дали имаат
интерес за такво нешто.
http://novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=106101016227&id=9&prilog=0&setIzdanie=22101 |
|
 |
Cloverstack
Admin Group
Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
|
Quote Reply
#130 Posted: 10-Oct-2010 at 18:12 |
Струмица ќе се гасифицира со свои пари

Десет месеци Министерството за финансии не дава согласност за кредит од Светска банка
СТРУМИЦА - Проектот за гасификација на Струмица и по десет месеци не е
почнат, иако според најавите гасот требаше да стаса овој месец.
Причината зошто проектот не се реализира градоначалникот, Зоран Заев ја
адресира во Владата, односно во Министерството за финансии, кое не дава
согласност за кредитно задолжување на Струмица кај Светска банка во
висина од 2,8 милиони евра. Поради тоа, Заев најавува дека самиот,
односно општината ќе ја гасифицира Струмица.
„Барањето за кредит
го поднесовме на десетти јануари оваа година. Навистина е жално што
наспроти финансискиот капацитет на општината немаме согласност за кредит
од Светска банка, а со тоа не можеме да го реализираме планираниот
проект. Министерството не дава ни позитивно, ни негативно мислење. Во
еден од дописите наведоа дека државата имала намера да гради национален
гасовод. Но не гледам ништо спорно ако Струмица сега гради, а потоа се
приклучи на тој гасовод. Очигледно е дека тука се работи за нешто друго,
односно за оспорување на проектот“, коментира струмичкиот
градоначалник.
Бидејќи проектот е битен за Струмица и од него
стопанството и граѓаните ќе имаат голема корист, Заев најави дека повеќе
нема да ја чека Владата и дека општината сама ќе го реализира проектот
за гасификација.
„Немам намера повеќе да ја чекам Владата.
Доволни беа десет месеци за да се произнесе по барањето за задолжување.
Откако тоа не го направи, решив општината со сопствени средства и со
помош на бизнис заедницата да го заврши планираното. Кон крајот на овој
месец ќе распишеме тендер за изградба на гасоводната мрежа во должина од
13 километри. По завршување на тендерската процедура, на почетокот на
2011 ќе почне изградбата. Се надевам дека во јули наредната година ќе
бидат гасифицирани стопанството и јавните институции. Потоа ќе
продолжиме со гасификација на домаќинствата и пластеничкото
производство“, објасни градоначалникот Заев.
На овој начин
наместо гасот да се компресира во Струмица, како компресиран ќе се
увезува од градот Петрич, Бугарија. Проектот за гасификација на Струмица
чини околу четири милиони евра. Од нив 2,8 милиони евра требаше да
бидат кредит од Светската банка, а другите да се покријат од општинската
каса. (Е.П.) | http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=A1FFE828DC82C04F8DD7EFD05AF04E94
Турци би инвестирале во гасификација
Над 60 компании од Турција се подготвени да инвестираат во Македонија
доколку се отворат портите за нив, порача од името на инвеститорите
генералниот директор на турската компанија за дистрибуција на гас
„Газбир“, Мехмет Казанчи, на вчерашниот симпозиум за природен гас на
балканските земји ИНГАС 2010, што се одржува вчера и денес во Скопје.
Целта на традиционалниот симпозиум, започнат во 2005, што секоја втора
година се одржува во Истанбул, а за првпат во Македонија, е да се
пренесат турските искуства во работата со природниот гас на земјите од
Балканот. На симпозиумот присуствуваат претставници од енергетскиот
сектор на Македонија, Србија, БиХ, Косово, Романија, Хрватска, Црна
Гора, Албанија, Бугарија, Молдавија и Словенија. |
http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=EB83D73BDD6C3F4B95D2DDC487475C30
|
 |
lslcrew
Senior Member
Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
|
Quote Reply
#131 Posted: 10-Oct-2010 at 23:53 |
Секоја држава мора бес-пристрасно да ја следи светската политика за кога ќе се заигра на нејзин терен да си пројде без џавељања внатрешно-политички. Едноставно треба да се игра по својот интерес, не по интересот на трети страни. Е сега да не ме разберете чудно мислам дека моментално се игра една минорна безначајна етапа светска политика на Струмички терен, меѓутоа многу значајна за Македонија. Од една страна во време кога од владата активно се спроведува идејата за рускиот гас во Македонија, во Струмица (+Куманово) друга политичка инстанца под друга капа по секоја цена се зафаќа за проект гасификација и покрај милијарда други грижи што ги има и се инсистира на поврзување по секоја цена со веќе постоечки гасоводни чворови блиски до граница, па макар и тоа е скапа и опасна метода со цистерни. Село се поврзува со цистерни, не град со четириестина илјади население. Не сакам да ме разберете дека сега нешто заземам страна, но едноставно сакам да кажам за да не си правиме да ни биде тешко и јадно во политиката домашна, да си знаеме која е играта и да не мислиме дека сега нешто интересите се тукашни локални, пошироки се. До сега мислам дека и двата проекти се компатибилни еден со друг. Владата по никоја цена не би дозволила Струмица да се врзе на Петрич со гасовод. Едноставно за Струмица може би е добро што ќе добие гас и привремено со виртуелен гасовод ќе се снабдува, додека да се донесе гасовод во Македонија, па да се уштека некаде кај Гевгелија потоа, што по пазарни природни механизми ги исфрла цистерните од употреба, макар и сеуште да сака некој да игра геостратегија со Струмица уштекана на гасовод, не му се исплати. Едноставно може би и ова да е некое компромисно (на Македонските внатрешни политички играчи) решение, за привремено снабдување со цистерни додека да дојде гасоводот. Супер е што градовите инвестираат во гасоводни градски мрежи, но преку-граничните линкови се исклучиво владина работа и секој што ќе се обиде да форсира линк за потреби на еден град ја става во заложништво државната политика, а работа на локална самоуправа не е да спроведува државна политика. Инсистирањето не придонесува никому, најмалку на државата, а и онака нема да донесе резултат, само тензична атмосфера.
Edited by lslcrew - 10-Oct-2010 at 23:57
|
 |
Cloverstack
Admin Group
Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
|
Quote Reply
#132 Posted: 11-Oct-2010 at 00:45 |
lsl не знам како успеа да видиш толку работи кои не постојат, па уште и геостратегија во тоа што до Струмица некое време гас ќе се транспортирал со цистерни.
Ако Струмица никаде ја нема во плановите на државата за гасификација во догледна иднина (чисто како факт, без никаква намера да имплицирам нешто околу причините), а „виртуелниот“ гасовод од Петрич е сепак повеќе од доволно исплатлива алтернатива во меѓувреме, тогаш каде најде закачка што Струмица се обидува ова прашање да си го реши со сопствени сили?
Дај боже да имавме повеќе единици на локална самоуправа кои покажуваат таква иницијативност и капацитет, но за жал во најголем дел имаме сосема спротивни примери - тотално зависни единици на локална самоуправа, практично во состојба на ступор!
Е сега ако Струмица „не чини“ ради некои други причини, тоа е друга работа , ама таквите закачки немаат место на форумов! Која всушност ти е поентата и што точно сугерираш дека треба да прави Струмица? Ај биди малку поконкретен каде најде проблем, и кажи какво решение застапуваш ти. А Куманово не ми е јасно ни по кој основ беше воопшто спомнато, освен што ги потврдува сомнежите дека во постот всушност не зборуваш за гасификацијата!
Edited by Cloverstack - 11-Oct-2010 at 00:50
|
 |
lslcrew
Senior Member
Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
|
Quote Reply
#133 Posted: 11-Oct-2010 at 01:20 |
Најдов проблем што Струмица не е суверена под-држава за сама да тера енергетска политика. Се знае кој тера државна политика во меѓународно поврзување со гасоводи, владата, не општините. Ако ме прочита беспристрастно ќе видиш дека го поздравив тоа што одредени општини градат градска мрежа, но меѓународните енергетски линкови не се пивтијади за меѓугранична соработка, сериозни политики се тоа. Незнам зашто толку сакаш да се ограничиш од "големата" слика концентрирајќи се на овие двеста километри простор тука.
План има за сите градови и поголеми енергетски и индустриски капацитети и економски зони. Никаде не е Струмица во тоа изоставена. Ај да имаат сите градови гасовод, па Струмица да е намерно запоставена политички, па да речеме дека е така. Не е работа на општинска управа да решава "со сопствени сили" меѓународни енергетски поврзувања.
Тоа што треба Струмица да прави е да си ја доврши градската мрежа, да си доставува гас со цистерни и да не се меша во државна политика. Гас во цевка ќе им стигне кога ќе стигне и кај сите. Цистерните се оправдана и потребна импровизација.
|
 |
OKA
Senior Member
Joined: 11-Dec-2009
Location: Yenni Maalе
Online Status: Offline
Posts: 332
|
Quote Reply
#134 Posted: 11-Oct-2010 at 01:54 |
|
Врзи два поста без СК2014 и освој трет гратис!!!
|
 |
lslcrew
Senior Member
Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
|
Quote Reply
#135 Posted: 11-Oct-2010 at 02:13 |
ОКА го имав на памет текстов од петокот навака да го постирам и се заборавам.
|
 |
Cloverstack
Admin Group
Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
|
Quote Reply
#136 Posted: 11-Oct-2010 at 02:20 |
lsl, очигледно си нешто збунет, бидејќи планот на Струмица е токму тој - да изгради станица за декомпресија и локална гасна мрежа, а не да гради меѓународен гасовод. Кога ќе им стигне гасоводна цевка од државата, ќе бидат спремни веднаш да се уштекаат, а ако во меѓувреме локалната економија си има сметка мрежата да ја снабдува со цистерни, не гледам зошто некој би имал нешто против.
Можам да кажам само дека е добро што и на централно и на локално ниво конечно почнуваат да се прават конкретни чекори за гасификација, досегашното спиење ми е несфатливо. Секоја сериозна иницијатива е добредојдена, вклучувајќи ја и струмичката.
Edited by Cloverstack - 11-Oct-2010 at 02:23
|
 |
lslcrew
Senior Member
Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
|
Quote Reply
#137 Posted: 11-Oct-2010 at 03:04 |
Па станицата за декомпресија им е токму поради тоа што неможе да изградат гасовод. Алтернатива е, не примарна замисла. Може и исто да чини цевка до Петрич, ама политика е во прашање.
Добри се сите иницијативи, јас ја поздравувам и Владината и Струмичката, само да не се преклопуваат во ингеренциите. Ако Македонија треба да импровизира на сите други внатрешни полиња и да се преклопуваат институциите во делување, ако може барем во надворешна енергетска политика да не се прави тоа. Да не се брукаме надвор, државна енергетска политика е во прашање, да ја оставиме владата да ја тера.
|
 |
Cloverstack
Admin Group
Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
|
Quote Reply
#138 Posted: 11-Oct-2010 at 03:54 |
Значи Струмица може да биде гасифицирана за една година, ама треба да чека пет, за да наводно (а не знам по кој критериум) не сме се брукале надвор... Од друга страна пак и сам претходно рече дека е оправдано е тоа што го прави Струмица, дај одлучи се. И што остана од твојот првичен пост?
Edited by Cloverstack - 11-Oct-2010 at 04:04
|
 |
lslcrew
Senior Member
Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
|
Quote Reply
#139 Posted: 11-Oct-2010 at 04:54 |
Ако ти текнува Струмица сакаше првично да пушти цевка до Петрич, па компресија и декомпресија се најдоа како алтернативно решение. Се обидувам тука да објаснам неколку пати која е големата слика и кои се Македонски пиксели во таа слика, ти упорно имам впечаток дека се трудиш да не ме разбереш. Не го почнав муабетов за да кажам дека Струмица не треба да се гасифицира, таман работа, напротив. Сакав само да објаснам зашто е оваа поскапа варијанта во оптег.
|
 |
Cloverstack
Admin Group
Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
|
Quote Reply
#140 Posted: 11-Oct-2010 at 05:53 |
Разбирам сосема добро... Од милион реални проблеми во државава, ти успеа да најдеш проблем таму каде што го нема (и логично на тоа, се уште не објасни во што точно всушност бил проблемот). Прочитај си го повторно иницијалниот пост, каде што збориш како небаре проектов за Струмица да е работење против државните интереси, па и до геостратегија ја отера работата. А ете и Куманово било проблем по некој основ (кој остана уште помистериозен). Ако мислиш дека е суптилно, ептен се лажеш. Да ја поштедиме нишкава од такви финти...
|
 |