Radisson Blu Skopje |
Post Reply | Page <1 56789> |
Author | |||
daci92
Senior Member Joined: 10-Dec-2012 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 1937 |
Quote Reply #121 Posted: 18-Apr-2013 at 18:04 | ||
Што стана со овој проект, ја одземаа дозволата за градба ?
иначе еве една понова слика http://www.panoramio.com/photo_explorer#view=photo&position=46&with_photo_id=88808331&order=date_desc&user=21091 Не ја постирам на форумот бидејќи на панорамио има зум и може убаво да се види. |
|||
Cloverstack
Admin Group Joined: 01-Sep-2007 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 12453 |
Quote Reply #122 Posted: 19-Apr-2013 at 10:39 | ||
Сигурен сум дека не ја одзеле дозволата за градба, иако според условите на продажба на земјиштето досега требаше да го одземат и самото земјиште. Edited by Cloverstack - 19-Apr-2013 at 10:40 |
|||
daci92
Senior Member Joined: 10-Dec-2012 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 1937 |
Quote Reply #123 Posted: 19-Apr-2013 at 11:24 | ||
Значи нема заинтересираност ниту од страната на власта за ова земјиште и овој проект .... Нешто многу смрди тука ,особено после оној графички приказ за фирмите и како се одвивале работите за ова земјиште некаде на претходните страни од нишкава.
Edited by daci92 - 19-Apr-2013 at 11:25 |
|||
OCB
Senior Member Joined: 03-Feb-2011 Location: 54 Online Status: Offline Posts: 921 |
Quote Reply #124 Posted: 20-Apr-2013 at 12:40 | ||
Усвоија законски измени со кои непридржувањето до роковите резултира само со финансиски пенали. Претходно беше предвидено одземање на земјиштето. |
|||
Cloverstack
Admin Group Joined: 01-Sep-2007 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 12453 |
Quote Reply #125 Posted: 21-Apr-2013 at 21:25 | ||
Сме збореле и порано на оваа тема. Мене ме интересира дали таквите законски измени навистина можат да бидат применливи во овој и сличните случаи каде не се работи за обични рокови од законот за градење, туку се работи за земјиште продадено на тендер, каде што рокот за изведба бил еден од тендерските услови. Дали со ова всушност сите овие тендери не се всушност невалидни? И дали некоја засегната фирма не може некаде да се жали, до домашна или меѓународна инстанца? BTW што бидува со пеналите? Може ли некаде да се провери што бидува на тоа поле и можеме ли да бидеме сигурни дака барем пеналите се применуваат во сите случаи? |
|||
OCB
Senior Member Joined: 03-Feb-2011 Location: 54 Online Status: Offline Posts: 921 |
Quote Reply #126 Posted: 21-Apr-2013 at 23:05 | ||
„Законите и другите прописи не можат да имаат повратно дејство, освен по исклучок, во случаи кога тоа е поповолно за граѓаните.“ Ова е уставна одредба која утврдува дека новите закони не можат да важат за минати настани. Исклучокот се однесува на поповолни закони за граѓаните, во случајов инвеститорот, со што законот има повисока правна сила од договорот склучен по тендерот.
Тендерот е валиден, но сега пеналите кои се однесувале на инвеститорот се законски ублажени. Не постои можност за другите компании кои учествувале на тендерот да се жалат.
Одговорот на ова прашање го има Министерството за транспорт и врски кое го отуѓи државното земјиште. Како имател на таа информација, министерството е должно да одговори доколку до него биде доставено барање за пристап до информации од јавен карактер. Во пракса многу малку граѓани, организации и новинари бараат вакви информации. Дури и кога ќе побараат, институциите знаат да затаат. Многу често ова поминува несанкционирано, иако законски се предвидени казни и до неколку илјади евра за државните органи и одговорните лица во истите. Накратко, во овој случај (кој сигурно не е единствен) е пристапено кон легализација на неправдата. |
|||
Cloverstack
Admin Group Joined: 01-Sep-2007 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 12453 |
Quote Reply #127 Posted: 21-Apr-2013 at 23:43 | ||
Во тој случај што станува со останатите засегнати страни, бидејќи овде немаме само еден инвеститор за кого таквата измена на законот е поповолна, туку има повеќе засегнати страни, односно има други потенцијални инвеститори за кои ваквата измена на законот со ретроактивно дејство е неповолна, штетна, дискриминаторска, дисквалификаторска... Дали во правниот систем нема некаква брана против вакви очигледни измами, која барем ќе оневозможи да се користи некое такво едноставно и лесно решение како повикување на уставната одредба која ја спомна, а која во случајов очигледно не е баш целосно и идеално применлива. Не сум наивен, знам дека правото знае да биде растеглива материја, ама во случајов работа е премногу провидна... Edited by Cloverstack - 21-Apr-2013 at 23:45 |
|||
daci92
Senior Member Joined: 10-Dec-2012 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 1937 |
Quote Reply #128 Posted: 21-Jul-2013 at 00:45 | ||
Да прашам поминал ли некој тука во изминативе денови ?
Денес поминав и на едната страна имаше голема 3д проекција со информации за инвеститорот и дозволата кој ми се чинеше како сега брзо да е поставена ,а исто така и од кај Рамстор во внатрешноста на парцелата како да забележав иста информативна табла само бев во движење со возило и неможев да забележам убаво. Не успеав да прочитам точно име на инвеститорот но не беше Радисон со сигурност. Можеби табливе ги имало од претходно но да не сум ги видел ,а можеби и да се нови ,затоа и прашувам. |
|||
axel
Senior Member Joined: 08-Dec-2009 Location: kumanovo Online Status: Offline Posts: 3654 |
Quote Reply #129 Posted: 03-Aug-2013 at 12:40 | ||
иако не се работи за хотелот во скопје го постираб тука.админи ако мислите дека не треба да стои тука бришете го постов
Beogradski Radison od maja 2014.Izvor: NovostiBeograd -- Ukoliko sve bude teklo prema predviđenim rokovima, hotel Radison blu kod Mostarske petlje u Beogradu biće otvoren u maju 2014, pišu Večernje novosti. Tik uz zgradu BIGZ-a, oronula površina Starog mlina do sredine sledeće godine zasijaće u potpuno novom ruhu. Naime, na temeljima zapuštenog objekta poslednjih meseci punom parom niče prvi hotel lanca Radison blu, koji podižu austrijski investitori, pišu Večernje novosti. Luksuzna
kula od 12 spratova, koja će biti izdavana i predstavništvima firmi,
već je podignuta, a ovih dana startovali su i unutrašnji radovi na
objektu.
"Ušli smo u fazu završnih radova, jer su svi betonski
završeni. Na gradilištu je svakoga dana oko 200 radnika, o očekujemo da
će ih biti još najmanje 100 kako se bude povećavao tempo radova. Sada
sledi objavljivanje tendera za dobavljače. Ukoliko sve bude teklo prema
predviđenim rokovima, vrata hotela ćemo otvoriti već u maju naredne
godine", objšnjava Ana Marković iz Soravija grupe, austrijskog investitora koji podiže hotel. |
|||
Џоле
Moderator Group Joined: 23-Apr-2013 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 15225 |
Quote Reply #130 Posted: 22-Sep-2013 at 18:54 | ||
сликата е од 21 јули
|
|||
За сè има вторпат
|
|||
gjoko
Senior Member Joined: 18-Jun-2011 Location: kicevo Online Status: Offline Posts: 6554 |
Quote Reply #131 Posted: 22-Sep-2013 at 19:07 | ||
ова е некоја притока на Вардар?или грешам
|
|||
pbanks
Admin Group Joined: 01-Sep-2007 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 9141 |
Quote Reply #132 Posted: 22-Sep-2013 at 22:48 | ||
Сега ми е се јасно. Живеам во непосредната околина од каде е сликано ова и оваа година имавме неверојатна инвазија на комарци. Секој ден убавивав буквално по 10 комарци во просек, буквално. И тоа сезоната почна уште во март. Се сомневав дека во градилиштето има устоена вода каде што комарци би можеле да се репродуцираат но не очекував дека се работи за цело мочуриште.
Проблемот се реши дури некаде на почетокот на август, и се мислев дека градот направил полн погодок со прскањето, но најверојатно го пресушиле ова чудо (или испарило од жегата). Тешка срамота, во центар на главен град да се развие едно вакво жариште на болести и секако никој да не одговара. Веројатно во случајов „инвеститорот“ треба да се поткачи со дебела казна. |
|||
stratus
Senior Member Joined: 19-Aug-2010 Location: Bitola/Skopje Online Status: Offline Posts: 754 |
Quote Reply #133 Posted: 23-Sep-2013 at 10:07 | ||
Оваа локација не е ли моментално сопственост на турски Лимак, со што овој проект заминува во историја?
|
|||
Portal
Senior Member Joined: 13-Nov-2010 Online Status: Offline Posts: 452 |
Quote Reply #134 Posted: 23-Sep-2013 at 17:08 | ||
ova stvarno ne normalno, ziva zaraza za tie sto ziveat vo blizina... ako vo juli bilo vaka mozes da zamislis kako ke bide so esensite dozdovi... na prv pogled stvarno ne ja razbrav slikava kade e ova vardar, pozadi starazeleznicka Sto e ova betonirano po dolzina , so dimenzii negde visina 3 i sirina 8 metri? @stratus ova ne e na limak, izmegu juzen bulevar i ul zeleznicka e...
Edited by Portal - 23-Sep-2013 at 17:35 |
|||
Џоле
Moderator Group Joined: 23-Apr-2013 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 15225 |
Quote Reply #135 Posted: 18-Oct-2013 at 20:46 | ||
За сè има вторпат
|
|||
Macedonicus
Senior Member Google Maps: Regional Expert Joined: 29-May-2011 Location: Czech Republic Online Status: Offline Posts: 398 |
Quote Reply #136 Posted: 18-Oct-2013 at 21:15 | ||
Го забележав и јас пред некој ден возејќи се со двокатна 9ка. Се прашувам кој сноси одговорност за ова и кој треба да ги притисне инвеститорите, општината или градот?
|
|||
ಠ_ಠ
|
|||
Dexter26
Senior Member Joined: 19-Nov-2010 Online Status: Offline Posts: 2035 |
Quote Reply #137 Posted: 18-Oct-2013 at 21:15 | ||
Споменициии !!!
Сакам да видам споменици во езерцево !!! Со фонтани, се разбира. Ќе биде прекрасна туристичка атракција. Edited by Dexter26 - 18-Oct-2013 at 21:15 |
|||
my Macedonia
Senior Member Joined: 09-Oct-2008 Location: 🇲🇰🇨🇭 Online Status: Offline Posts: 4089 |
Quote Reply #138 Posted: 19-Oct-2013 at 10:01 | ||
|
|||
jyvation
Senior Member Joined: 11-May-2013 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 4191 |
Quote Reply #139 Posted: 19-Oct-2013 at 18:54 | ||
Што бара ова во оваа нишка?Нели треба да биде во онаа за "Рекреативни езера"
И уште нешто нели треба сега да излезе оној заменикот министер и да го "пошуми" езерово со пастрмка. |
|||
OCB
Senior Member Joined: 03-Feb-2011 Location: 54 Online Status: Offline Posts: 921 |
Quote Reply #140 Posted: 09-Nov-2013 at 03:15 | ||
true, true. |
|||
Post Reply | Page <1 56789> |
Forum Jump | Forum Permissions You cannot post new topics in this forum You cannot reply to topics in this forum You cannot delete your posts in this forum You cannot edit your posts in this forum You cannot create polls in this forum You cannot vote in polls in this forum |