Гаражни објекти (општо) |
Post Reply | Page <1 56789 36> |
Author | ||||||||||||||||||||
axel
Senior Member Joined: 08-Dec-2009 Location: kumanovo Online Status: Offline Posts: 3654 |
Quote Reply #121 Posted: 23-Aug-2010 at 11:03 | |||||||||||||||||||
НЕМА РЕШЕНИЕ ЗА ПАРКИРАЊЕТО НА НАРОДЕН ФРОНТ
Паркиралиштето во Капиштец заглави во тендери Пропадна и вториот тендер за избор на фирма која што ќе го изгради монтажното паркиралиште по улицата „Народен фронт“ во Капиштец. Општинските власти велат дека и овојпат не добиле поволна понуда. - Се уште не е избрана фирма, а огласот е поништен бидејќи не е доставена ниту една прифатлива понуда. Од проектот не се откажуваме и тендерот повторно ќе го распишеме - вели Јовица Ацковски, портпарол на Општина Центар. И првиот тендер пропадна поради високата цена што ја понудиле пријавените фирми, а според тогашната изјава на градоначалникот Владимир Тодоровиќ, Општината била подготвена да плати сума не повисока од 650.000 евра. Од Општината тогаш рекоа дека во повторениот тендер нема да биде пресудна цената, туку и рокот за изведба. Досега властите избраа само фирма што ќе ја поправи подлогата на постојниот паркинг по целата улица каде што треба да се монтира паркиралиште на еден кат. Прво ќе се проширува приземјето каде што ќе може да се сместат околу 250 возила, а потоа и катот кој, исто така, ќе собира уште толку. Објектот треба да се гради во фази, а годинава се планира да почне и да заврши првата фаза, или една третина од вкупната планирана површина. Општината планира со паркиралиштето да стопанисува нејзиното јавно претпријатие за паркинзи, а за цените се уште нема решено. Најверојатно, ќе се плаќа привилегирана цена за жителите, а другите посетители ќе плаќаат комерцијална цена. http://www.vreme.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=3&tabid=1&EditionID=2103&ArticleID=147113 |
||||||||||||||||||||
lslcrew
Senior Member Joined: 14-Jan-2008 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 10988 |
Quote Reply #122 Posted: 26-Aug-2010 at 04:37 | |||||||||||||||||||
|
||||||||||||||||||||
axel
Senior Member Joined: 08-Dec-2009 Location: kumanovo Online Status: Offline Posts: 3654 |
Quote Reply #123 Posted: 13-Sep-2010 at 10:04 | |||||||||||||||||||
ВО КАПИШТЕЦ
Се рамни теренот за монтажната гаража Отвореното паркиралиште спроти трговскиот центар „Беверли Хилс“, веднаш до пералницата за автомобили, деновиве се раскопува. Во Општина Центар велат дека тие ги почнале градежните работи за да го подготват теренот за изградба на монтажното паркиралиште, што беше предизборно ветување на градоначалникот Владимир Тодоровиќ. - Моментално се работи на изградба на подлогата за монтажна катна гаража, а работите ги изведуваат „Беграмо“ и фабрика „Карпош“ - вели општинскиот портпарол Јовица Ацковски. Иако работите на терен се почнати, се уште не се знае кој ќе биде изведувач на монтажното паркиралиште затоа што во тек е изборот на фирма. Општината распиша трет тендер кој трае до понеделник, откако првите два огласа поминаа неуспешно поради високата цена што ја побарале пријавените фирми. Паркиралиштето врз кое ќе се монтира еднокатната гаража досега граѓаните го користеа бесплатно. http://www.vreme.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=2&tabid=1&EditionID=2116&ArticleID=148065 |
||||||||||||||||||||
lslcrew
Senior Member Joined: 14-Jan-2008 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 10988 |
Quote Reply #124 Posted: 19-Sep-2010 at 22:26 | |||||||||||||||||||
|
||||||||||||||||||||
Swimmer
Senior Member Suspended Joined: 09-Aug-2010 Online Status: Offline Posts: 294 |
Quote Reply #125 Posted: 20-Sep-2010 at 13:44 | |||||||||||||||||||
Први монтажни паркинзи во Капиштец и во АеродромИако изминативе неколку години се изградија неколку катни гаражи, сепак во градот нема доволно место за паркирање, поради што во општините Центар и Аеродром почна изградбата и на монтажни паркиралиштаНиту една катна гаража не е само гаража. Или е деловен центар со место за паркирање или, пак, паркинг со деловен центар. Со ова дополнително се одзема просторот каде што може да се изградат вистински јавни гаражи, за градот да се ослободи од еден од основните проблеми, премногу возила, а премалку паркинг-места. Владимир Тодоровиќ, градоначалникот на општината Центар, деновиве го исполнува ветувањето дадено во својата предизборна програма на дел од постоечкиот паркинг на улицата Народен фронт, во населбата Капиштец, да се направи монтажна челична гаража. Деновиве на потегот од кафулето „Интермецо“ до пред ТЦ „Беверли Хилс“ почнаа подготовките на теренот за изградба на челичната конструкција наменета за паркинг. Во моментов се вадат старите павер-елементи, за да може екипите на фирмата „Беграмо“ и на фабриката за бетонски елементи „Карпош“ да почнат со изградба на подлогата за монтажниот паркинг. Од општината најавуваат дека наскоро ќе почне и поставувањето на челичната конструкција. Постапката за избор на фирмата што ќе ја прави конструкцијата сé уште е во тек, но Јовица Ацковски, портпарол на општината, појасни дека во следните две месеци би требало да се почне со работа. Паркингот ќе има две нивоа, со вкупно 500 места. Пред неколку месеци градоначалникот Тодоровиќ изјави дека со паркиралиштето ќе стопанисува јавното претпријатие „Паркинзи на општина Центар“, а цената за паркирање ќе биде симболична од 20 до 30 денари за еден ден, со попусти за жителите од населбата Капиштец.
- Целта е да овозможиме повеќе места за локалните жители, бидејќи по должината на улицата Народен фронт не може да се поминува од многуте паркирани возила. Се надеваме дека изградбата ќе се одвива со предвидената динамика и дека паркиралиштето за релативно кратко време ќе биде пуштено во употреба - изјави портпаролот Ацковски. Жителите на населбата Капиштец се задоволни што конечно почна да се работи на монтажното паркиралиште. Тие се надеваат дека наскоро ќе може нормално да се пешачи по тротоарите во населбата. Жителите велат дека од паркирани возила по тротоарите и по улицата нема каде да се оди. - Се надевам дека овој паркинг навистина ќе го реши проблемот со немање паркиралишта во Капиштец, особено на улицата Народен фронт. Се надевам и дека цената на паркирањето ќе биде достапна за нас. Сé само да се спасиме од хаосот, особено затоа што во Капиштец во моментов се отворија неколку банки, фирми и од автомобилите не може да се дише. По половина час вртиме со автомобилите за да најдеме место за паркирање. Не ретко возилата ги оставаме и далеку од влезот на зградата. Паркирањето е најголем проблем во Капиштец - вели Станко Митровски, жител на населбата. Покрај Тодоровиќ, и градоначалникот на општината Аеродром, Ивица Коневски, увиде дека многу поисплатливо е да се прават монтажни паркиралишта, отколку класични катни гаражи. Во општината Аеродром денеска во 12 часот ќе почне изградба на монтажен паркинг на булеварот Јане Сандански, спроти спортското игралиште „Сансет“. Како и жителите на Капиштец, така и аеродромци сметаат дека проблемот со немање паркинг-места во оваа општина е горлив, како и во Центар. - Оваа општина има најмногу жители, имаме два трговски центри, училишта, а немаме место за паркирање. Дури ни зонското паркирање не успеа да го реши нашиот проблем. Добра идеја е да се направи монтажен паркинг, ем нема да се потрошат многу пари на изградба, а ако според деталниот урбанистички план, просторот се предвиди за некоја друга намена, паркингот може само да се премести на друга локација - смета Марјан Мишковски, станар на населбата Јане Сандански. Со други зборови Тодоровиќ сакаше да каже... каде вие граѓанчишта ни едни што ме изгласавте сакате преку ред ? Прво за мене, а после по 2 години, ако остане и за вас и вашите потреби ќе има.
Патем, за паркингот под железничка за којшто се сечеше лента, а јас се смеев. Стои празен. А улицата веднаш до него е накрцана до даска со коли. Од другата страна калиштата стојат небекатонирани и таму се паркираат автобуси, како и пред Саем.
|
||||||||||||||||||||
|
||||||||||||||||||||
lslcrew
Senior Member Joined: 14-Jan-2008 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 10988 |
Quote Reply #126 Posted: 20-Sep-2010 at 21:51 | |||||||||||||||||||
http://www.aerodrom.gov.mk/ http://telma.com.mk/index.php?task=content&cat=1&rub=6&item=3124 Запазете ги овие што изјави дадоа. Кај имало сообраќајот на булеварот, па уште паркинг. Па за што е булевар? Предлог: нека направат уште две ленти па нека си се паркираат од страна! Господа незнам дали стварно ви смета паркинг за триесетина возила или некој ве буцка да се брукате за туѓи интереси пред камера, ама ако стварно ви смета и вие како и многу "граѓани" од Скопје може да се иселите по периферни населби и села без булевари, без паркинзи, со зеленило колку сакате! |
||||||||||||||||||||
zabegan
Senior Member Joined: 01-Jul-2008 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 7859 |
Quote Reply #127 Posted: 20-Sep-2010 at 22:08 | |||||||||||||||||||
не ми е јасно зошто оставаат критични точки на цедило а трошат пари за паркинг на ова место каде што паркингот и не е толкав проблем!
|
||||||||||||||||||||
Cloverstack
Admin Group Joined: 01-Sep-2007 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 12453 |
Quote Reply #128 Posted: 21-Sep-2010 at 19:28 | |||||||||||||||||||
Според Дневник, во Аеродром било малку поинтересно отколку што пренесе Макфакс
http://dnevnik.com.mk/?ItemID=785163EC8DA724418EBECFA1DE508CDF Edited by Cloverstack - 21-Sep-2010 at 19:32 |
||||||||||||||||||||
Swimmer
Senior Member Suspended Joined: 09-Aug-2010 Online Status: Offline Posts: 294 |
Quote Reply #129 Posted: 25-Sep-2010 at 14:13 | |||||||||||||||||||
ТРАЈАНОВСКИ ИНФОРМИРА
Со кредит ќе се градат катни гаражи Преку задолжување со кредит во банките, Град Скопје и Општина Центар ќе ги градат четирите катни гаражи, кои ги ветија пред неколку месеци. Градот ги завршува главните проекти за катните гаражи кај „Лотарија на Македонија“ и кај Цветен пазар, кои треба да се готови во октомври, а до крајот на годинава се очекува камен-темелник.
- Дел од парите за изградба ќе се соберат од продажбата на деловниот простор во гаражите, а дел од кредити, кои за двете гаражи треба да бидат во износ од седум до осум милиони евра - рече градоначалникот на Скопје, Коце Трајановски. На ист начин за истите пари и градоначалникот на Центар, Владимир Тодоровиќ, ќе ги гради гаражите кај МРТВ, кај новиот Кривичен суд и кај зградата на поранешна „Нова Македонија“. - Прво ќе се гради катната гаража кај МРТВ, која очекуваме да ја почнеме до крајот на годината, а до март ја планираме изградбата и на втората. Потоа, двете ќе бидат предадени на општинското претпријатие за паркирање - рече Тодоровиќ. На вчерашното Координативно тело на градоначалници, Трајановски најави дека до средината на октомври „Комунална хигиена“ ќе добие шест нови камиони за ѓубре. До идната пролет вети уште 40 до 45 камиони. |
||||||||||||||||||||
|
||||||||||||||||||||
Supervisor
Senior Member Joined: 28-Jan-2008 Location: skopje Online Status: Offline Posts: 1220 |
Quote Reply #130 Posted: 25-Sep-2010 at 14:28 | |||||||||||||||||||
Одлична информација и во делот кај Лотарија на Македонија одлично ќе се вклопи во просторот со што и таа недоградената зграда ќе и се овозможи да добие друга модерна содржина.
|
||||||||||||||||||||
NewYork-London-Paris-Moscow-Tokyo-Skopje
|
||||||||||||||||||||
Cloverstack
Admin Group Joined: 01-Sep-2007 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 12453 |
Quote Reply #131 Posted: 27-Sep-2010 at 16:21 | |||||||||||||||||||
Edited by Cloverstack - 27-Sep-2010 at 16:22 |
||||||||||||||||||||
Baze
Senior Member Joined: 08-Jan-2010 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 409 |
Quote Reply #132 Posted: 13-Oct-2010 at 15:14 | |||||||||||||||||||
ИЗВЕШТАЈОТ ПРЕД СОВЕТНИЦИТЕ Првите највисоки катни гаражи планирани во центарот, на локациите спроти полициската станица „Беко“ и кај Цветниот пазар, наскоро ќе почнат да се градат, а тоа го покажува и целосниот извештај за нив, кој денеска ќе се најде на разгледување пред советниците од Град Скопје. И двата објекта ќе имаат по седум ката и две нивоа под земја, и вкупно 1.200 паркинг-места. Според анализата која ја подготвиле градските власти, предвидно е тие да чинат 19 милиони евра, од кои 10.500.000 ќе бидат обезбедени од градскиот буџет и од продажба на деловниот простор, а за остатокот од 8.500.000 евра Градот ќе се задолжи со кредит во банка. Рокот за отплата на заемот ќе биде минимум десет години, со вклучен грејс период од минимум две години. |
||||||||||||||||||||
lslcrew
Senior Member Joined: 14-Jan-2008 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 10988 |
Quote Reply #133 Posted: 14-Oct-2010 at 08:51 | |||||||||||||||||||
Нешто за двете катни гаражи што ќе ги гради Град Скопје. Има и рендери од едната.
http://vesti.alfa.mk/default.aspx?mId=36&eventId=28807 |
||||||||||||||||||||
Cloverstack
Admin Group Joined: 01-Sep-2007 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 12453 |
Quote Reply #134 Posted: 19-Oct-2010 at 19:12 | |||||||||||||||||||
http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=101910102559&id=14&setIzdanie=22111 Edited by Cloverstack - 19-Oct-2010 at 19:13 |
||||||||||||||||||||
my Macedonia
Senior Member Joined: 09-Oct-2008 Location: 🇲🇰🇨🇭 Online Status: Offline Posts: 4085 |
Quote Reply #135 Posted: 19-Oct-2010 at 19:17 | |||||||||||||||||||
Konecno imaat garazite posebna niska
Znaci se znae kako kje izgleda katnata garaza kaj tcc plaza(renderov gore)!Ne e najdobriot ama ne e i grd |
||||||||||||||||||||
lslcrew
Senior Member Joined: 14-Jan-2008 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 10988 |
Quote Reply #136 Posted: 20-Oct-2010 at 21:02 | |||||||||||||||||||
Edited by lslcrew - 20-Oct-2010 at 21:03 |
||||||||||||||||||||
Cloverstack
Admin Group Joined: 01-Sep-2007 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 12453 |
Quote Reply #137 Posted: 29-Oct-2010 at 23:39 | |||||||||||||||||||
|
||||||||||||||||||||
lslcrew
Senior Member Joined: 14-Jan-2008 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 10988 |
Quote Reply #138 Posted: 30-Oct-2010 at 03:26 | |||||||||||||||||||
Катна гаража до Нова Македонија, поточно од другата страна, помеѓу ИК Банка и клуб на пратеници.
http://opstinacentar.gov.mk/resources/internal/file_views/986/1_%D0%94%D0%A3%D0%9F%20%D0%93%D0%90%D0%A0%D0%90%D0%96%D0%90%20%D0%9F%D0%9B%D0%90%D0%9D%D0%A1%D0%9A%D0%90%202010%20V07-%D0%A1%D0%98%D0%9D%D0%A2%D0%95%D0%97%D0%95%D0%9D%20.jpg http://opstinacentar.gov.mk/systems/file_download.aspx?pg=986&ver=4 Edited by lslcrew - 30-Oct-2010 at 03:26 |
||||||||||||||||||||
lslcrew
Senior Member Joined: 14-Jan-2008 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 10988 |
Quote Reply #139 Posted: 01-Nov-2010 at 17:30 | |||||||||||||||||||
Некое градилиште спроти Дилајла, незнам дали до сега сме го евидентирале.
|
||||||||||||||||||||
pbanks
Admin Group Joined: 01-Sep-2007 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 9141 |
Quote Reply #140 Posted: 01-Nov-2010 at 18:59 | |||||||||||||||||||
Таму уште пред 2-3 години ги срушија бараките и покренаа постапка за продажба ако не се лажам. Мислам дека го имаме евидентирано расчистувањето. |
||||||||||||||||||||
Post Reply | Page <1 56789 36> |
Forum Jump | Forum Permissions You cannot post new topics in this forum You cannot reply to topics in this forum You cannot delete your posts in this forum You cannot edit your posts in this forum You cannot create polls in this forum You cannot vote in polls in this forum |