Author |
Topic Search Topic Options
|
Andrej_LJ
Senior Member
Joined: 20-Oct-2008
Location: Ljubljana
Online Status: Offline
Posts: 2954
|
Quote Reply
#121 Posted: 09-Dec-2011 at 04:15 |
Браво браво гледам сите наши градежни компании се пријавени на тендерот. И ние би можеле да бидеме претендент за добивање на крупни проекти во странство? Смешно! Тотален колапс на нашите компании, останаа со локалните патишта низ земјава.
|
"Тaм, където глупостта е образец, разумът е безумие." Гьоте
|
 |
lslcrew
Senior Member
Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
|
Quote Reply
#122 Posted: 09-Dec-2011 at 05:45 |
Малку е некоректно да се даваш вакви коментари кога и сам знаеш дека се штелуваше тендерот така да и сите компании наши заедно да основаат конзорциум, да неможат да го земат. Целта е јасна, тендерот да го добие некоја европска компанија која нема на терен ништо да работи туку Македонски подизведувачи ќе ја завршат работата, а преку победникот да се исцица некоја провзизија за оние кои одлучиле за да и се доделат на Македонија овие пари. Нема ништо нелогично во тоа, оној кој има функција и зависи нешто од него, очекува награда, оддамна светот така функционира.
|
 |
Andrej_LJ
Senior Member
Joined: 20-Oct-2008
Location: Ljubljana
Online Status: Offline
Posts: 2954
|
Quote Reply
#123 Posted: 09-Dec-2011 at 13:40 |
А многу е наивно да даваш ти вакви коментари. Те прашувам нели можеа да се договорат да настапат во конзорциум со некоја странска компанија, како што прават компаниите во регионов? Или и за тоа не се способни. Во тој случај партнерската улога е многу поповолна за домашната компанија, не да им се молат да ги земат како подизведувач и ќе работат на позитивна нула. Те молам престани со вакви теории на заговор ала тендерот бил наместен. Такви се меѓународните стандарди и пракси и тоа е добро за нас бидејќи е вид гаранција дека ќе биде квалитетно сработено. Има решение за ова-одење во конзорциум со странски партнер. Ама на кривата ракета и космосот и е крив!
|
"Тaм, където глупостта е образец, разумът е безумие." Гьоте
|
 |
axel
Senior Member
Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3654
|
Quote Reply
#124 Posted: 09-Dec-2011 at 13:55 |
За делницата Демир Капија - Смоквица 45 милиони евра од ЕУ фондовите
Скопје, 9 декември 2011 (МИА) - Дел
од средствата потребни за изградбата на делницата Демир Капија -
Смоквица се обезбедуваат од ЕУ. Договорот за 45 милиони евра ќе биде
потпишан денеска од страна на вицепремиерот и министерот за финансии
Зоран Ставрески, министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески и
директорот за регионална политика на ЕУ Жан-Мари Сејлер.
За реализација на проектот покрај средствата од
претпристапните фондови на ЕУ, обезбедени се и 130 милиони евра од
Европската инвестициска банка, 90 милиони евра од Европската банка за
обнова и развој, како и шест милиони евра од македонската Агенција за
државни патишта.
Новата автопатска делница Демир Капија – Смоквица,
како дел од Пан-европскиот Коридор 10 треба да се реализира како целосно
автопатско решение. Предвидено е овој автопат да содржи 2+2 коловозни
ленти со широчина од 3,5 метри за секој правец, физички одвоени со
средна лента од три метри, со предвидена дозволена брзина од
110 километри на час постојано по целата лента. На трасата е
предвиденo да има шест двоколовозни моста, два тунела, две клучки,
едната кај населеното место Миравци, а другата кај Смоквица, пет
натпатници, вклучувајки ги и тие на клучките, седум потпатника и
секундарна патна мрежа од 15 километри, локални и пристапни патишта.
Почетокот на градежните работи се очекува да се случи
во првиот квартал на 2012 година, по потпишување на договорот со
изведувачот кој ќе биде избран на тендер. На тендерот понуди доставија
15 компании. Изградбата ќе трае 4 години.
http://www.mia.com.mk/default.aspx?vId=89353312&lId=1&pmId=501
|
 |
Macedonicus
Senior Member
Google Maps: Regional Expert
Joined: 29-May-2011
Location: Czech Republic
Online Status: Offline
Posts: 398
|
Quote Reply
#125 Posted: 09-Dec-2011 at 18:05 |
4 години е некако многу ама ајде..битно ќе се гради
|
ಠ_ಠ
|
 |
lslcrew
Senior Member
Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
|
Quote Reply
#126 Posted: 09-Dec-2011 at 18:07 |
Андреј, извини ама морам да кажам вакво нешто, или оставаш впечаток на наивно разбирање или не си прочитал и разбрал до крај работите. Како бе така случајно условот за квалитет да биде баш малку над обртот на Македонското градежништво. Што ако учествува Македонска компанија во конзорциум со надворешна, пак домашната ќе ртаботи, странската ќе биде фикус во целата работа и на крај ќе легнат пари за провизија. Терна беше гарант за успех?! Премногу е јасна работава, и мене ми е јасно какви се праксите во светот, и не се нервирам заради тоа, но имам право да го констатирам тоа без да на тоа следат такви малодушни реплики како тоа се било фино и било сигурен гарант за квалитет, алудирајќи дека квалитет на друг начин е недостижен со помали критериуми од тие. Многу непроверена доверба на инстанци кои од ден на ден се повеќе оставаат впечаток на утабана бирократија.
Edited by lslcrew - 09-Dec-2011 at 18:10
|
 |
tomi_z
Senior Member
Joined: 24-Oct-2010
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 196
|
Quote Reply
#127 Posted: 09-Dec-2011 at 18:20 |
За жалење сме. Чисто се сомневам дека за 4 години ќе биде готова делницава.
|
 |
Andrej_LJ
Senior Member
Joined: 20-Oct-2008
Location: Ljubljana
Online Status: Offline
Posts: 2954
|
Quote Reply
#128 Posted: 09-Dec-2011 at 20:26 |
Исл престани тенденциозно да менуваш тези и да ми ставаш зборови во уста! Никаде не кажав дека тоа е сигурна гаранција туку дека е еден вид гаранција дека квалитетни компании ќе работат на објектот кои се со висока репутација и таква веројатно сакаат да ја зачуваат. Што малодушно виде во ова? И за Бога знаеш ли што тој збор значи? Малку евентуално ми звучиш! Второ е фактот дека многу финансиски институции се вмешани што веројатно ќе извршат притисок да се избере сериозна компанија која ќе извршува градежен надзор што ќе е гарант за спазување на стандардите и роковите. Третата работа што сакав да ја појаснам а ти не ја сфати беше одењето во конзорциум! Стартната позиција на македонска компанија која го добила тендерот како партнер е секако далеку подобра (со поголем профит) отколку подоцна да се молат на странска компанија да им даде подредена улога на изведувач (каде профитот е минимален). Констатирам со жалење дека нашите компании не успеале да го разберат овој дел. И престани да се трескаш над очигледни работи!
|
"Тaм, където глупостта е образец, разумът е безумие." Гьоте
|
 |
lslcrew
Senior Member
Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
|
Quote Reply
#129 Posted: 09-Dec-2011 at 22:13 |
многу финансиски институции се вмешани што веројатно ќе извршат притисок
да се избере сериозна компанија која ќе извршува градежен надзор што ќе
е гарант за спазување на стандардите и роковите |
Многу неоснована доверба. Многу институции, многу интереси, многу провизии. Далеку од тоа дека мотивот за стандардите што се бараат за компаниите е квалитетот, па ова се очигледни работи. Македонските компании нема да молат, туку ќе бидат ангажирани со деловна соработка од компанијата што ќе го добие тендерот, освен ако немаат рачун да транспортираат механизација и да сметуваат работници. Исто како што неофицијално е јасно зашто се критериумите, така и неофицијално претпоставувам дека и Македонската страна имала барања во усогласувањето, така да тоа е далеку од молење како што тебе ти изгледа.
|
 |
nenad
Senior Member
Joined: 19-Dec-2009
Online Status: Offline
Posts: 741
|
Quote Reply
#130 Posted: 10-Dec-2011 at 09:05 |
Малку сум во тек со оваа проблематика па само неколку збора како функционира системот. Бидејки земјите од југоисточна европа се слаби со пари, принудени се за изградба на својата инфраструктура да бараат кредити од странски банки. Тендерите нормално ги прават земјите домаќини но по диктат на тие банки т.е. мора да вградат клаузули кои важат во ЕУ. Покрај тоа што се вградени високи стандарди за квалитет, и строг мониторинг најчесто не одговараат за домашните компании, бидејќи се бараат богати портфолија и банкарски гаранции! Дали ет тоа намерно? Зависи од гледанта точка. Било како, тие банкарски гаранции и портфолија оневозможуваат даомашните да победат на тендерите, а победници се страснките (австријци, грци...). Домашните потоа се земаат како подизведувачи за многу помал профит,а тие се задоволни што воопшто имаат работа.
Кваката 22 е што и тие австријци, грци исл. се премачкани со многу масла, и не се придржуваат на договореното. Се изведуваат неброени маневри, роковите се пробиваат, цената расте, и скоро никогаш не е истата од почетокот на изведување на работите. Ако случајно работата оди на суд, секогаш тие победуваат, бидејќи никој не ги чита ситните букви од договорите. Дали тука има корупција? Јас сум убеден во тоа дека има! Да не робуваме на тоа дека ако се странци тука се е шисто. Кога ќе дојадат на Балканот и тоа како знаат да се однесуват балкански.
Но немаљ тука што да се прави,доколку немаш свои пари, мора да ја играш таа игра. Така да, направиле конзорцијум ил не направиле, немаме шанси.
И бај да веј, јас сум против тоа да се гради тој правец! На македонија не и треба, туку на Грција. Ние имаме други приоритети, Но Грција е во ЕУ, и парите се одобрени...
|
 |
Gaudi
Newbiе
Joined: 26-Sep-2011
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 0
|
Quote Reply
#131 Posted: 12-Dec-2011 at 00:49 |
Во комисијата има двајца странци,кои што не се овде бадијала,него да изфаворизираат некоја компанија(најверојатно).Знам дека првата комисија која што требаше да решава за тендерот беше комплетно променета,зошто може да се претпостави,некој сакал да омрси брк  .А иначе знае ли некој кога треба да биде објавено кој е добитник на тендерот,има ли некој рок за решавање ?
|
 |
Мартин
Senior Member
Joined: 04-Jan-2009
Online Status: Offline
Posts: 366
|
Quote Reply
#132 Posted: 16-Dec-2011 at 02:23 |
Долгоочекуваното довршување на автопатот од Табановце до Богородица следната година ќе почне да се реализира, со изградбата на делницата од Демир Kапија до Смоквица. Минатата недела беше комплетиран финансискиот пакет за проектот вреден 270 милиони евра. Дел од тие пари, односно 45 милиони се обезбедени од Европската комисија, чиј претставник, Жан-Мари Сејлер престојуваше во земјава за да го потпише договорот со Министерството за финансии. Сејлер вели дека ЕK одлучила да го финансира автопатот бидејќи смета дека е еден од приоритетните проекти кој ќе има големо значење за нашите граѓани, но и за поврзувањето со соседните земји.
- Трансевропската мрежа е еден од нашите приоритети, со оглед на нејзиното големо значење за европскиот транспорт. Затоа и сакаме да инвестираме за нејзина изградба во земјите-кандидати, како што тоа сега го правиме во Македонија за Kоридорот 10 - вели Сејлер.
Домашните градежни компании не можеа да се пријават на тендерот поради високите критериуми кои ги пропишавте. Зошто ги одбивте барањата да ги измените критериумите?
- Kога се работи за ИПА-програмата, апсолутно мора да го добиеме најдобриот квалитет на инвестицијата што ја реализираме. Мора да сме сигурни дека кога придонесуваме за некој проект, тој ќе биде со врвен квалитет. Тоа е причината зошто пропишавме толку високи критериуми. Но, ова не значи дека македонските градежни компании нема да бидат вклучени и нема да учествуваат во други градежни проекти што ќе ги финансираме во земјата.
Сметате ли дека е фер од почеток да ги исклучите домашните компании од тендерот, имајќи предвид дека досегашното искуство покажува оти странските фирми на крајот ги ангажираат токму нив за да ја завршат целата работа?
- Точно е дека компаниите што ги добиваат тендерите ангажираат други фирми. Странска компанија може да го направи тоа, доколку претходно најави дека планира да ангажира домашни компании за да завршат дел од работата. Но, тоа законски не е забрането. Многу често во сите земји се случува избраната компанија на тендерот да најми локални компании за да завршат дел од работите.
Синдикатот за градежништво бараше во тендерот да се внесе услов избраната компанија да обезбеди 70 отсто од опремата и работниците од сопствените редови токму за да се избегнат ситуациите целата работа да ја завршуваат македонските компании. Го прифативте ли ова барање?
- Токму овој услов е оној стандард што го имплементираме секаде за да сме сигурни дека работата е завршена со највисок можен квалитет. Во минатото имаше случај избраната фирма да ангажира подизведувачи кои ~ понудиле најниска цена, но ја завршуваа работата со квалитет од кој не бевме најзадоволни. Затоа и ги имплементиравме овие стандарди во тендерите. Оваа регулатива ни помага да сме апсолутно сигурни дека на крајот ќе го имаме најдобриот квалитет.
На тендерот за Демир Kапија-Смоквица се пријавија 15 компании. Kога ќе ја донесете конечната одлука?
- Процедурата е во тек и прилично сме задоволни како се одвива. Прво ќе го избереме надзорот на градбата. Потоа најверојатно во јануари или во февруари ќе заврши евалвацијата и за изведувачот на градежните работи и ќе биде избрана компанијата.
Задоволни ли сте од интересот?
- Пристигнаа 15 понуди од компании, што е многу добар резултат. Меѓу нив има големи градежни компании, ликвидни и со највисоко реноме. Тоа е добар знак дека ќе добиеме квалитетен проект.
Kога е крајниот рок за завршување на делницата?
- Kраен рок до кога работите треба да бидат завршени и сметките платени е последниот ден на 2017 година. Од аспект на почитување на роковите ќе инсистираме македонската влада да осигура завршување на работата навреме.
Зошто објавувањето на тендерот доцнеше околу половина година?
- Требаше прилично долго време за проектот да биде добро подготвен. Би сакал да нагласам два елемента кои влијаеја врз доцнењето. Првиот е влијанието на градбата врз животната средина. Сакаме да сме апсолутно сигурни дека животната средина ќе биде зачувана при изградбата на автопатот. Со оглед на тоа дека оваа инвестиција има влијание врз животната средина, имавме правни дискусии со властите околу компензациските мерки за да бидеме сигурни дека тие ќе бидат применети. Вториот елемент беше сигурноста дека финансискиот пакет е затворен. Во проектот учествуваме со 45 милиони евра, што значи дека остатокот треба да го обезбеди Владата, која како извор на финанисирање користи интернационални институции како ЕБОР и ЕИБ. За тоа требаше малку повеќе време. Во целата процедура нормално беше партнерите да извршат супервизија на тендерската документација, да проверат дали сите одредби и услови се во склад со регулативите на институциите. И тоа потроши одредено време. Но, не треба да се претерува дека тендерот многу доцнеше. Можам да кажам дека подготовката на проектот зеде подолго време отколку планираното, но тендерот и процедурите течат нормално.
Планирате ли да финансирате некои други проекти во Македонија следната година?
- Завршувањето на Kоридорот 10 е еден од најважните, бидејќи има големо значење и за регионот. Ние ќе продолжиме да инвестираме во вашата земја и во други сектори. Следната година најверојатно ќе учествуваме во проекти за модернизација на железницата и на железничката станица во Скопје. Во моментов разгледуваме кој би можел да биде нашиот придонес во делот од Kоридорот 8. Исто така, сакаме да финансираме со дел од ИПА-пакетот проекти од животната средина, поточно за третман на цврстиот отпад, заштита на водите, справување со отпадните води. Би сакале да ги вложиме нашите пари во овие проекти. Ќе инсистираме да имаме издржани и сериозни проекти во овие сектори и ќе ги финансираме во текот на следната година.
Се возев по автопатот од Kоридорот 10
Дали сте првпат во Македонија?
- Не, не сум тука првпат, туку трети или четврти пат. Морам да кажам дека работите се движат, има напредок од тоа што го видов пред неколку години.
Се возевте ли по автопатот од Kоридорот 10?
- Да, кога патував од Солун до Скопје пред две години и можам да кажам дека квалитетот генерално беше добар. Kога ќе се заврши и последниот дел, тоа ќе биде голема придобивка за луѓето што живеат тука, но и за соседните земји.
Даница ТУНТЕВСКА |
ЛИНК
|
 |
UrbanFreak
Senior Member
Joined: 28-Oct-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1732
|
Quote Reply
#133 Posted: 16-Dec-2011 at 13:16 |
- Kраен рок до кога работите треба да бидат завршени и сметките платени е последниот ден на 2017 година. Од аспект на почитување на роковите ќе инсистираме македонската влада да осигура завршување на работата навреме.
|
Па добро бе дали сме ние нормални? 6 години за 40 километри? Со години го чекаме прокелтиов тендер за на крај крајниот рок да биде 2017? Навистина се вадам од кожа колку сме неспособни и рамнодушни. И кој е тој експерт кој бил задоволен од состојбата на Коридор 10? Видел ли дека Смоквица-Гевгелија само пола е направен а на едната страна се вози по стариот пат со ограничување од 80км/ч на права делница? Видел ли во каква состојба е Велес-Катланово? Кој стандард е Катланово-Велес? Дури и релативно новите делници Неготино-Демир Капија е катастрофално нерамна со пропаднати и недобро санирани делови. Не треба подалеку доволно е до Бугарија, Србија, Хрватска а и Албанија да отидеме да се види со каков квалитет би требало да се гради и во кои рокови.
|
אל תסתכל בקנקן, אלא במה שבתוכו
|
 |
Мартин
Senior Member
Joined: 04-Jan-2009
Online Status: Offline
Posts: 366
|
Quote Reply
#134 Posted: 16-Dec-2011 at 13:31 |
Рокот е КАТАСТРОФАЛЕН! 5 години за 28 километри автопат е премногу споро. Да бидеме реални не е ни толку комплициран проектот како што ни се претставува! Да не бидам сфатен погрешно, комплициран е, но низ светов, посебно во овој дел од кој ние се претставуваме дека сме, западниот, цивилизираниот, ова е ништо! Со денешната технологија и знаења сметам дека рокот не треба да биде подолг од 3 години.
|
 |
Мартин
Senior Member
Joined: 04-Jan-2009
Online Status: Offline
Posts: 366
|
Quote Reply
#135 Posted: 09-Jan-2012 at 22:00 |
Италијанска компанија е најсериозен кандидат за изградба на автопатот Демир Капија-Смоквица. Според информации на Алфа, оваа компанија понудила најниска цена на тендерот од 182 милиони евра. Највисоката понуда е речиси 400 милиони. Од вкупно пријавените 15 меѓународни компании поголемиот дел го прекршиле тендерскиот услов според кој доставените финансиски понуди треба да бидат без вкалкулиран данок на додадена вредност.
За компаниите кои доставиле понуди согласно тендерските правила, клучен услов ќе биде цената за изведба на делницата од Коридорот 10. Еден од условите е и обезбедување банкарска гаранција со рејтинг „АА“ што во старт може да биде проблем за кандидатите кои доаѓаат од презадолжените земји како Грција. Комисијата деновиве врши евалуација на понудите.
Целата постапка според најавите треба да заврши до март кога би била позната и фирмата која ќе го гради овој дел од автопатот. Инаку тендерот се реализира под надзор на европските институции. Главни донатори и кредитори на проектот се Европската инвестициска банка и Европската банка за обнова и развој. Според владините пресметки, изградбата на автопатот ќе чини 270 милиони евра.
Костадин Делимитов |
http://www.time.mk/read/NONE/6d899dca80/index.html
|
 |
build.mk
Senior Member
Joined: 13-May-2010
Online Status: Offline
Posts: 216
|
Quote Reply
#136 Posted: 11-Jan-2012 at 12:49 |
Избран консултант за изградба на автопатот Демир Капија – Смоквица„SAFEGE
Consulting Engeneers“, која е подружница на француската компанија „Suez
Environnement“ ќе и помага на Агенцијата за државни патишта при
комплетирањето на патниот Коридор 10 во Македонија. За сума од 1,4
милиони евра, „SAFEGE“ во период од 6 години и 2 месеци ќе обезбедува
техничка подршка при имплементацијата на инфраструктурните работи врз
автопатот Демир Капија – Смоквица. Консултантот исто така ќе треба да
ги надгради капацитетите на вработените во Агенцијата, за развој,
имплементација, мониторинг и надзор на инфраструктурните проекти
финансирани од ИПА фондовите, Европската инвестициска банка и Европската
банка за обнова и развој. Понудата на „SAFEGE“ е избрана според
критериуми во кои техничкиот дел учествува со 80%, а цената со 20%.
„SAFEGE Consulting Engeneers“ досега во Македонија има работено на
проекти поврзани со реконструкцијата на домови после воениот конфликт од
2001 година, подобрување на регулаторната рамка за воздушниот
сообраќај, техничка помош на Владата за спремање на документи од ИПА
програмата, како и ревизија на работите врз локални и регионални
патишта.
Тендерот за изведувач на градежните работи на автопатот Демир Капија – Смоквица е во тек
и на него се пријавени 15 странски компании. Според информации на
телевизијата „Алфа“, најсериозен кандидат е италијанска компанија која
понудила најниска цена од 182 милиони евра. Највисоката понуда била
речиси 400 милиони евра.
#
Објавено на
11.01.2012 во категорија Вести.
Тагови: SAFEGE, Suez, Автопати, Демир Капија, Инфраструктура, Коридор 10, Патишта, Смоквица | http://www.build.mk/?p=11668
|
 |
axel
Senior Member
Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3654
|
Quote Reply
#137 Posted: 12-Jan-2012 at 13:57 |
Три компании најсериозни кандидати за изградба на автопатот Демир Капија-Смоквица
 „Капитал“
дознава дека италијанските компании Тото и Тодини и грчката Актор дале
најтрактивни понуди за изградба на најголемиот инфраструктурен проект
годинава, последната делница од Коридорот 10 Италијанските
компании Тото коструциони џенерали (Тото S.P.A. Costruzioni Generali) и
Тодини коструциони џенерали (Todini Costruzioni Generali SPA) и грчката
Актор имаат најатрактивни понуди за изградба на најголемиот
инфраструктурен проект во државата, автопатот Демир Капија-Смоквица.
Неофицијално се дознава дека понудата на Тото од 182 милиони евра за
изградба на најголемиот инфраструктурен проект во државава можеби има
поголем ишанси поради тоа што содржи најниска цена. „Капитал“ дознава
дека од 15 понуди кои пристигнаа во Министерството за финансии,
италијанската градежна компанија понудила најниска цена за изградба на
27 километри автопат. Највисока понуда од 400 милиони евра доставила
кинеската компанија CWE, која е една од двете компании заинтересирани и
за изградба на хидроцентралите Чебрен и Галиште. Владата, според
условите на тендерот, може да ѝ даде најголем попуст од 18,4% на
италијанската компанија Тодини. Тодини без попуст нуди 260,4 милиони
евра. Грчката Актор понуди 224,3 милиони евра, а може да добие попуст од
7%. Според информациите на „Капитал“,
најголем дел од 15 компании кои доставилe понуди не ги исполнуваат сите
услови, односно го прекршиле тендерскиот услов, според кој доставените
финансиски понуди треба да бидат без калкулиран ДДВ. Коректна понуда
доставиле само италијанските компании Тото и Тодини. Тендерската
комисија во Министерството за финансии во моментов ги разгледува сите
понуди, а конечната одлука треба да ја донесе најдоцна до крајот на
март, кога е предвидено да биде склучен договорот за изградба на
автопатот. Според условите кои ги бараат финансиерите на проектот,
Европската банка за обнова и развој (ЕБРД), Европската инвестициска
банка (ЕИБ) и Европската комисија, кои обезбедија 270 милиони евра за
проектот, клучните услови кои ќе одредат која компанија ќе го добие
тендерот се цената за изведба и банкарската гаранција со рејтинг АА.
Ова, како што се шпекулира во градежните кругови, може да биде проблем
од старт кај многу од компаниите кои доставиле понуди, кои доаѓаат од
презадолжени земји, како што е Грција. Која
компанија ќе го добие овој инфраструктурен проект, кој е предвидено да
почне да се гради годинава и да трае седум години, ќе се знае за два
ипол месеци. Кои се групациите кои се заинтересирани за изградба на автопатот? Групацијата
Тото е една од најголемите градежни компании во Италија. Има изградено
многу важни инфраструктурни проекти во Италија и во странство, а
концесионер е на автопатиштата Рим-Лакуила и Рим–Пескара. Влезена е и во
авиобизнисот, основач е на авиокомпанијата Ер уан (Air One), која ја
продаде на националниот превозник Алиталија (Alitalia), a и во бизнисот
со обновливи извори на енергија. Грчката
Актор пак, досега има работено на неколку инфраструктурни проекти во
земјите во регионот. Групацијата работи и во индустријата, рударството,
отпадни води и др. Кинеската CWE е
позната во јавноста како една од заинтересираните компании за изградба
на хидроцентралите Чебрен и Галиште. Таа три години го контролираше
техничкото работење на ХЕЦ Козјак. Во април годинава Владата и CWE
потпишаа меморандум за соработка за изградба на проектот Вардарска
Долина. Австриската Штрабаг е една од
најприсутните градежни компании во Македонија, беше една од
заинтересираните за концесионирање на автопатиштата од Коридорот 8, која
влезе во конзорциум со Гранит, работи на повеќе проекти од „Скопје
2014“, како и на изградба на регионални и на локални патишта во
државата. Ја градеше жицарницата до Водно. Алпине
бау изгради повеќе регионални и локални патишта во Македонија, меѓу нив
и автопатот Куманово-Табановце. Го доби тендерот за изградба на
обиколницата во Охрид, на административната зграда на Водовод и
канализација и на зградата на филхармонијата. Меѓу
15 заинтересирани е и грчката Терна, која ја градеше обиколницата во
Скопје, како и групацијата составена од неколку турски компании, меѓу
кои и ТАВ, концесионерот на двата македонски аеродроми. http://www.kapital.com.mk/mk/dneven_vesnik.aspx/78699/tri_kompanii_najseriozni_kandidati_za_izgradba_na_avtopatot_demir_kapija-smokvica.aspx?iId=2545
|
 |
Мартин
Senior Member
Joined: 04-Jan-2009
Online Status: Offline
Posts: 366
|
Quote Reply
#138 Posted: 13-Jan-2012 at 21:04 |
Тендер за Коридорот 10
Условот за обезбедување гаранција од банка со највисок кредитен рејтинг може да биде решавачки при одлуката за изборот на компанијата која ќе го гради автопатот од Демир Капија до Смоквица. Според информации на Алфа, грчката Актор, која е второрангирана според понудената цена на тендерот, ги губи шансите поради потешкотии во обезбедувањето гаранција од банка со највисок кредитен рејтинг „АА“. За разлика од грците, италијанската компанија Тото достави најниска понуда од 182 милиони евра без ДДВ како што се бара во тендерот и веќе ја обезбедила банкарската гаранција.
Доколку Тото го добие тендерот за изградба на делот од Коридорот 10, според најавите тоа би било само почеток на нивниот поширок инвестициски циклус во земјава. Информациите на Алфа велат дека италијанците сакале да инвестираат во енергетски капацитети, но и во други инфраструктурни проекти.
Инаку освен во изградбата на автопатишта, тунели и мостови, според интернет профилот на компанијата, Тото има искуство во железничката инфраструктура, градежништвото, авијацијата, обновливи извори на енергија. Компанијата е формирана во 1960 година, а освен во Италија реализира проекти и во земјите од регионот, Африка и Среден Исток.
Костадин Делимитов |
http://vesti.alfa.mk/default.aspx?mId=37&eventId=44867
|
 |
axel
Senior Member
Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3654
|
Quote Reply
#139 Posted: 04-Feb-2012 at 13:16 |
Автопатот Демир Капија - Смоквица ќе го уништи живиот светКоалицијата од организациите
„Бенквоч“ и „Пријатели на Земјата“ утврдила дека има 33 штетни проекти
во Источна Европа што се финансираат од европските
фондови, а меѓу нив е и оваа делница
од Коридорот 10 |
|
|
|
 |
|
Стариот пат нема да биде дел од коридорот 10, новата делница ќе се прави на спротивната страна на Вардар
ИСТРАЖУВАЊЕ ОД ЕВРОПСКИ ЕКОЛОГИСТИ
Триесет и двакилометарскиот автопат помеѓу Демир Капија и Смоквица е
штетен проект, бидејќи ќе го уништи еколошкиот свет на Демиркаписката
клисура, која и така е под заштита. Вака тврди коалицијата на
организациите „Пријатели на Земјата“ и „Бенквоч“ со седиште во Брисел,
во истражувањето што во вторникот е објавено на европско ниво. Ова се
залудно фрлени пари од европски фондови на штетни проекти, нагласуваат
овие организации. Тие истражувале за какви проекти се трошат пари од
европските фондови и кои од нив ја загрозуваат животната средина. Освен
овој автопат, за Македонија не е споменат друг еколошки штетен проект.
Но за него во истражувањето пишува дека се потрошени 258 милиони евра,
односно спаѓа во групата штетни проекти што веќе се финансирани.
- Клисурата е еден од најбогатите резервати за птици во Европа и
проектот може да уништи многу живеалишта и еколошки коридори. Загрозен е
и миграцискиот коридор на кафеавата мечка. Напорите за обновување на
штетите не гарантираат соодветна компензација за понатамошна заштита на
регионот - заклучува „Бенквоч“ во истражувањето.
Министерството за животна средина и просторно планирање тврди дека
изградбата на автопатот Демир Капија - Смоквица нема да му наштети на
биодиверзитетот во клисурата. На 29 август 2008 година, ресорниот
министер издал решение според кое нема никаква опасност.
„Студијата за оцена на влијанијата врз животната средина на проектот за
изградба на автопат Е-75, делница Демир Капија - Смоквица, Коридор 10,
ги задоволува барањата за заштита на животната средина и природата со
примена на мерките за спречување и за намалување на штетните влијанија
врз животната средина“, пишува во решението од министерот.
Студијата е изработена од Градежниот институт.
ЧЕШКА ИМА НАЈМНОГУ ШТЕТНИ ПРОЕКТИ
Истражувањето на европските организации покажало дека, освен во
Македонија, штетни проекти од европски пари се финансираат и во
Естонија, Чешка, Унгарија, Полска и во Словачка, а од нашиот регион на
тапет е ставена и Бугарија. „Бенквоч“ изброил вкупно 33 такви проекти,
кои чинат 16 милијарди евра, а се реализираат или треба да се спроведат
во периодот од 2007 до 2013 година. Од вкупната сума, веќе биле
потрошени 6,4 милијарди евра, 4,9 милијарди допрва ќе се трошат, а 5,2
милијарди чинат проектите чие финансирање се разгледува.
Најмногу пари за штетни проекти за животната средина, според еколошката
коалиција, се потрошени во проекти за изградба на автопатишта, а потоа
следуваат водоснабдувањето, железниците, јавниот транспорт, изградбата
на метроа, печки за согорување отпад, аеродроми, проекти за
енергија/биомаса и мостови.
Во Бугарија, како земја-членка на ЕУ и како единствен споменат сосед на
Македонија, пак, критични се четири проекти. Два од нив се за
автопатишта, 19-километарскиот пат меѓу Софија и Перник (за кој веќе се
потрошени 10 милиони евра за еден километар) и автопатот Струма, кој
поминува низ Кресненската клисура. Третиот проект е за изградба на
депонија, објект за преработка на органски отпадоци и механичко-биолошка
фабрика од која ќе се произведува гориво за енергија за цементни печки.
Особено оспоруван е четвртиот, кој предвидува да се раскопа дното на
Дунав и да се прошири коритото, за реката да биде пловна во областа
Браила. Според „Бенквоч“, со него драматично ќе се загрози
биодиверзитетот не само во Бугарија туку и во Романија. Два од четирите
проекти загрозуваат подрачја што се дел од мрежата Натура 2000, која ја
претставува срцевината на законската регулатива за природата и
биодиверзитетот во Европската Унија.
ВЛАДАТА ДА ГАРАНТИРА ПРАВИЛНА ОБНОВА
Европските екологисти објаснуваат дека тие не се против изградбата на
сите споменати проекти во овие земји од Европа, туку им посочуваат на
властите на секоја земја одделно да размислат за алтернативи, за тоа
како овие проекти да се изградат на места каде што нема да ги загрозат
животната средина и разновидноста на растителниот и животинскиот свет.
- Сфативме дека европските фондови финансираат неодржливи, немодерни,
застарени видови инвестиции. Властите не ја научија лекцијата од
поранешните искуства на Шпанија, Португалија, Грција, каде што парите од
европските фондови беа искористени за инвестирање во недвижности со кои
се нарушува стабилноста на пазарот на недвижности и за градење
автопатишта. А можеа да ги искористат за јавен транспорт, железници,
инвестиции во енергетската ефикасност - изјави Маркус Трилинг,
координатор за ЕУ-фондовите на коалицијата „Бенквоч“ и „Пријатели на
Земјата“.
Еколошката организација „Екосвест“ од Скопје е дел од мрежата на
„Бенквоч“. Таа го надгледува проектот уште од самиот почеток. Ана
Чоловиќ Лешоска, националната координаторка на „Бенквоч“ за Македонија и
директорка на „Екосвест“, вели дека во почетокот проектот се водел без
јавна расправа. Откако реагирале до Европската Унија, институциите се
отвориле за јавното мислење и постапките се одвивале како што треба.
- Постои елаборат за тоа како автопатот ќе влијае на екосистемот во
Демиркаписката клисура и тој е доста добар. Но останува сомневањето како
институциите ќе го зачуваат биодиверзитетот откако ќе се изгради патот.
На пример, таму има зимзелена ниска грмушка што надлежните планираат да
ја сечат заради изградбата, но таа како вид е заштитена на европско
ниво и е прогласена за европско еколошко наследство. Затоа властите мора
да имаат план за во иднина да засадат такви грмушки и да гарантираат
дека тие таму ќе преживеат - објаснува Чоловиќ Лешоска.
Според неа, тешко би можело да се замисли дека животинскиот свет ќе опстане покрај автопатот.
- Во овој предел живеат кафената мечка и волкот, а има информации дека
таму живее и дивата мачка. Поради градежните работи, а подоцна и поради
бучавата од автопатот, постои голем можност овие диви животни да
мигрираат на други места и да ја избегнуваат клисурата, која моментно им
е природно живеалиште или коридор на поминување - додава Чоловиќ
Лешоска.
Во рок од нецел месец ова е втора меѓународна реакција за евентуални
штетни последици од капитални проекти финансирани од европски институции
во заштитени области и национални паркови во Македонија. Кон средината
на јануари годинава меѓународни еколошки невладини организации реагираа
дека изградбата на хидроцентралите „Бошков мост“ и „Луково поле“ во
националниот парк Маврово ќе го загрози природното живеалиште на
балканскиот рис. Рисот во земјава е заштитен вид и се проценува дека има
најмногу десетина единки, од кои најголем дел живеат во мавровскиот
регион, а доброупатените тврдат дека рисот живее во исклучително
незагадени предели. Во овој дел од националниот парк треба да се изгради
хидроцентралата „Бошков мост“.
Кои се „Бенквоч“?
„Бенквоч“ е меѓународна невладина организација со организации-членки од
земји од Централна и Источна Европа. Таа ги следи активностите на
меѓународните финансиски институции што работат во овој дел од Европа, а
промовираат алтернативи за регулативи и политики на земјите од
централниот и источниот дел на Европа. Алтернативите се засновани на
одржливи еколошки, социјални и економски основи. Мрежата на „Бенквоч“ е
формирана во 1995 година.
Парите се собраа, лопатите ќе се „удрат“ за неколку месеци
Македонија доби грант од Европската комисија од 45 милиони евра во
декември 2011 година, со што Владата ја заокружи финансиската
конструкција за изградба на автопатот Демир Капија - Смоквица.Автопатот
треба да има по две коловозни ленти во секој правец, со широчина од по
3,5 метри. Бидејќи ќе поминува низ планински предел, ќе мора да се
ископаат и тунели. Овој автопат треба да почне да се гради кон средината
на годинава, а предвидено е изградбата да трае четири години. На
распишаниот тендер се пријавиле 15 компании.
|
http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=2312219552&id=9&prilog=0&setIzdanie=22497
|
 |
гитардемон
Senior Member
Joined: 19-Feb-2008
Online Status: Offline
Posts: 5424
|
Quote Reply
#140 Posted: 04-Feb-2012 at 17:51 |
Баш сега ќе ја постирав веста. Јасно дека е многу важно ова што го кажуваат, но барем за конкретниов проект неверојатни маки мачеа со трасата ако се сеќавам добро, така што наоѓање на нова траса е sci-fi ми се чини. Настрана фактот дека парите се веќе доделени врз основа на тој идеен проект (со таа траса). Штета за дивиот свет, не сум бил пеш во клисурата, но дефинитивно е доживување и со кола и со воз.
|
 |