build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Инфраструктура > Железници
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Железницата низ историјата

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 56789 18>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
MAPJAH View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 27-Nov-2008
Online Status: Offline
Posts: 246
  Quote MAPJAH Quote  Post ReplyReply #121 Posted: 04-Mar-2009 at 12:32
Originally posted by vardar

Одлични клипови Марјан Cheers
 
Него она вагон цистерната како да гори а пожарникарите се качени на неа Eeek3 (или само така ми се чини?)
 
 
Вагон цистерната гори, а пожарникарите се качени на неа Eeek3 
(туку така не ти се чини !!!)
 
Да биде ситуацијата многу сериозна,
вагон цистерната била на поранешниот осми колосек во станица СКОПЈЕ
и постоела опасност од нејзина експлозија,
бидејќи била товарена со запаллива хемикалија.
 
Еве доказ дека безбедноста во железницата е пресуден фактор !!!
Back to Top
MAPJAH View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 27-Nov-2008
Online Status: Offline
Posts: 246
  Quote MAPJAH Quote  Post ReplyReply #122 Posted: 12-Mar-2009 at 12:35

Narrow Gauge in Macedonia

 
Tеснолинејка во Македонија
 
ПОЗДРАВ ОД ЖЕЛЕЗНИЧАРОТ
ПО ПРОФЕСИЈА И ПО ДУША
Back to Top
MAPJAH View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 27-Nov-2008
Online Status: Offline
Posts: 246
  Quote MAPJAH Quote  Post ReplyReply #123 Posted: 12-Mar-2009 at 12:40

Narrow Gauge in Macedonia

 
Tеснолинејка во Македонија
 
ПОЗДРАВ ОД ЖЕЛЕЗНИЧАРОТ
ПО ПРОФЕСИЈА И ПО ДУША
Back to Top
BOJAN View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 09-Sep-2008
Location: SKOPJE
Online Status: Offline
Posts: 3438
  Quote BOJAN Quote  Post ReplyReply #124 Posted: 14-Mar-2009 at 01:54
Што се случува во моментов со "Македонија Симплон"? Дали годинава ќе добие ваква атракција? Пари од министерството за култура се доделија, но никој ништо не говори на оваа тема во медиумитеDunno?
Back to Top
Vladimir P View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 06-Apr-2008
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 3304
  Quote Vladimir P Quote  Post ReplyReply #125 Posted: 14-Mar-2009 at 10:55
Originally posted by BOJAN

Што се случува во моментов со "Македонија Симплон"? Дали годинава ќе добие ваква атракција? Пари од министерството за култура се доделија, но никој ништо не говори на оваа тема во медиумитеDunno?

Бојане, знаеш дека сега кај нас се избори, и спомнување на тема која тек треба да се реализира е утопија. Пробав но ...
Клуб на љубители на железниците во Македонија, Macedonian Railways Fan Club
https://www.facebook.com/767277056651521/
Back to Top
beTon View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 25-Jun-2008
Online Status: Offline
Posts: 3887
  Quote beTon Quote  Post ReplyReply #126 Posted: 30-Mar-2009 at 18:40
Парадоксалната судбина на возовите на македонската западна пруга
Проектот "Мала станица" неостварена визија
 
 

Иако за многумина современици поимот "Мала станица" е врзан за караницата околу сопственоста на еден некогашен воен магацин во близина на Клиничкиот центар меѓу министерката за култура и еден од нејзините претходници, за постарите генерации тој поим секако блика еден несопирлив сентимент, еден копнеж со свирежот на малите вовчиња да се освојува просторот на западниот дел на Македонија, да се минува низ нејзините дабови шуми, да се гледа од високо на нејзините реки во долините и да се прават познатите "осумки" на стратегиските премини Буковик и Пресека.

Минувањето на двата вагона од Куманово кон Кичево со многу политичари во нив во минатиот викенд, како дел од проектот наречен "Враќање на суверенитетот" во тој дел од земјата има навистина многу допирни точки токму со "Мала станица": од ова место, имено, со децении почнувала авантурата наречена патување со воз кон западниот дел на Македонија, која неретко имало неизвесен крај. Всушност, секогаш, во мир и во војна, таа пруга што спојувала четири котлини (Скопската, Полошката, Кичевската и Охридската) и многу планини, била како трасата од филмот "Ѓаволова градина" - тргнувате кон крајната точка и кога знаете дека на секој свиок, на секој мост или насип ве чекаат грст непријатности и постојаниот здив на смртта...

Пругата Скопје-Кичево, некогаш продолжена се до Ташморуништа, село на влезот на Дрим во јабланичките клисури и како идеја имала, начелно, значи гледана историски, воено-стратегиски премиси. Таа требала да го обезбеди некогашниот Солунски фронт од неговото десно крило. Потоа, таа требала да ја гарантира безбедноста на регионот во време на матните, "индијански" напади на качачките банди во првите години на власта на Кралството СХС , а потоа, одново, во миговите на новите војни била предизвик за двете страни на замислените и често неисцртливи рововиски линии на меѓунационалните конфликти.

Речиси секогаш совршената техничка супериорност на германскиот дух, поплочена и со милитаристички изблици за време на тригодишното опстојување на Солунскиот фронт, за малку ќе направела од Македонија да личи на својот (по површина) географски близнак Швајцарија. За многу кусо време насекаде никнувале линии железнички пруги. Вистина, тие биле теснолинејки, но во тоа време во многу побогатата алпска земја, исто така, опстојувале десетици такви пруги. Прва што била изградена од германските техничари и инженери била теснолинејката од Вардарската Долина кон Плетвар, па потоа кон Битола, од каде што постоела пруга со нормален колосек кон Солун. Пругата е градена во три етапи. Првата била од Градско (место што дури тогаш е и основано) кон Дреново, потоа од Дреново кон Прилеп и, на крај, е изградена пругата во Пелагонија. Тие што денес, веројатно многу ретко, се возат со воз кон Богомила и кон познатиот тунел, можат да забележат остатоци од стари железнички постројки покрај редовната линија. Германците изградиле и паралелна пруга кон Прилеп, која од денешната се издвојувала кај Степанци и преку Стари Град излегувала кај сегашното вештачко езеро на тутунарите.

Во Пиринска Македонија биле изградени теснолинејките Душица-Горна Џумаја-Петрич, потоа Петрич-Рупел и Петрич-Леуново, како и пругата Милетково-Хума во Гевгелискиот регион.

Но, теснолинејката Скопје-Кичево-Охрид, со крак кон Струга и Ташморуништа, како дел од визијата за врзување на Дримколскиот регион со Дебар имала особен приоритет, а според должината на делницата и теренот за кој станува збор, тоа бил проект со димензии на технички спектакл!

Германците и Австријците ја давале техничката основа на проектот кој почнал да се реализира во летото 1916 г., Бугарите ги давале војниците за да ја чуваат пругата од постојаните банди на тој терен, а на трасата работеле принудно донесени Албанци од Косово, како и локалното население. Цената на трудот за тие што не биле заробеници, а такви имало илјадници со ознаки на српската и грчката војска, била еден пченкарен леб и по две суви сливи дневно. Европските кулинарски навики, ете, не дозволувале храната да биде еднолична, туку во неа имало и "витамини". Колку се работело крвнички говори и фактот дека на секој метар изградена пруга имало по неколку мртви тела. По заминување на летото, кога стартувала изградбата, зимата донела и масовни болести, а чуварите, едноставно, заболените ги ставале во колиби и живи ги палеле!

Германците не стигнале до брегот на Охридско Езеро - хрониките кажуваат дека стигнале близу до Мешеишта, до местото до каде што целта можела да се види. Солунскиот фронт во меѓувреме (1918 г.) бил пробиен и тие морале набрзина да се повлекуваат и да ги уриваат сите работи што толку упорно, со многу инвенција, но и суровост го граделе во претходните три години! Се палеле станиците, се гореле мостовите, со динамит се уривале тунелите!

Кралството СХС веднаш пристапило кон обновување на таа пруга. Впрочем, во западниот дел на Македонија, освен макадамски поправаните остатоци на Виа Ингатија (Битола-Струга-Елбасан), не постоел нормален пат, па пругата едноставно неизбежно се наметнувала како стратегиска првокласна цел. Војската особено инсистирала, од денес и тогаш разбирливи причини кај тогашниот управител на обновата - извесен инженер Антун Крал, да продолжи изградбата на пругата од Ташморуниште кон Дебар, која би била долга 30 километри. Сегашно Ѓорче Петров, тогашно Генерал Анрис (или Ханрис!) добило градски лик кога се изградени стотици станови за идните железничари кои својот леб требале да го поврзат со оваа западна пруга, која, во меѓувреме (дури во 1923 г.), била поврзана со Скопје, но со посебна станица, нам извесната Мала станица.

Обновата завршила во солидно време - пругата била пуштена на Петровден 1922 година. Според тогашните хроники, пругата била поделена на неколку секции.

  • Првата била релацијата Мала станица-Анриево (Ѓорче) во должина од 5,1 километар.
  • Втората била Анриево-Гостивар (61,5 километри),
  • додека наредната била најдолга - меѓу Гостивар и Кичево, преку познатиот премин Буковик, а должината на шините изнесувала (84 километри) во еден правец.
  • Приближно слично било растојанието и меѓу Кичево и Охрид (82,3 километри), а последната секција била меѓу Подмолје и Ташморуништа (22,4 километри).

Најголемата брзина што ја имал тој воз, на отворена пруга и во долините, била 20 километри на час, многу помала од просечната на велосипедистите денес. Просечна брзина на шините широки 0,60 метри била 10 километри на час, а возот кој обично поаѓал напладне (околу 13 часот) од Мала станица ако не доцни, што било реткост во Охрид, пристигнувал во станицата која се наоѓа денес кај големиот јазол во кој се влегува со автомобил од Скопје кон Охрид, со издвоен крак за Битола. Токму почетокот на издвоениот крак за Битола е место на кое завршувала пругата. Тие што оделе за Струга и понатаму, кон Дримкол, се префрлувале во Подмолје на друга композиција и имале уште еден и пол час возење! Значи тоа патување за тогашниот купувач на билет значела издвојување од 25 до 28 часа, но велат дека процената на траењето на патувањето од 48 часа некогаш била и пореална.

Пуштањето во промет на пругата битно ја зголемило безбедноста во регионот, бидејќи почнале да се зголемуваат нападите врз македонските села од качаците од Албанија, кои претходно, во периодот до 1923-24 година биле секојдневје. Исто така, се намалил хроничниот глад, бидејќи дошло до каква-таква размена на продукти меѓу жителите на овој регион на Вардарска бановина и централниот град, како и меѓу селата и градовите по должината на пругата. За жал, не дошло до продолжување на пругата кон Дебар, на што воената команда постојано инсистирала, но некаде во дворот таа идеја не добивала зелено светло.

Необично драматични приказни се врзуваат за оваа пруга за време на војната. Прво пругата се наоѓала на распарчена територија, со сосема различни управи. Италијанците го зеле под свое поголемиот дел од западната пруга. Тие ја преземале власта во селото Сараќино, на влезот во тетовскиот крај, по Групчин, и ја имале управата се до Ташмопруништа. За безбедноста на пругата се грижеле припадниците на елитната дивизија "Фиренце", а сите вработени од претходниот период, Македонци и Албанци, биле повикувани да се вратат на работа со закана дека ќе бидат стрелани. Заповедта ја потпишал лично Мусолини. Шефовите на работниот дел се наоѓале во Кичево. Бугарскиот окупатор го извлекол "помалото чкорче" во овој случај и добил сосема издвоени парчиња, практично почетокот на пругата (Мала станица-Сараќино во должина од 34,7 километри) и крајот на пругата, петте километри од Подмолје кон Охрид. Но, Бугарите итромански украле околу 70 отсто од возниот парк (локомотиви и вагони), за што за време на војната постојано се спореле со своите соседи-сојузници. За редовно одвивање на сообраќајот бил проблематичен јагленот. Донесениот до Косово немал доволна калорична вредност, па квалитетен јаглен бил носен дури од Италија со брод, преку Драч. Иако локалната власт (просветната и комуналната) ја имале квинслинзите од Тирана, Италијанците никогаш не дозволиле со пругата да управува цивилниот фактор.

Пругата постојано била разурнувана - ако одредени делници ги поседувале окупаторите, ја уривале партизаните, и обратно, кога "црвените" ја имале власта врз одредени делници, окупаторот правел се да оневозможи сообраќај по неа. Еден од поважните настани за време на Втората светска војна е носењето на селаните од Дебарца на митингот во Кичево (тоа е настанот што ние го паметиме по фотографијата на Темпо, кој говори на еден балкон во овој град), кога за еден ден се превезени 20 илјади патници иако претходно дневниот просек бил десет пати помал!

Новата власт уште при ослободувањето на Скопје, на 13 Ноември 1944 година дала наредба да се оспособи пругата која претходно толку жестоко ја напаѓала. Линијата Скопје-Генерал Жостов (бугарско име за Ѓорче Петров) е оспособена за еден ден. Обновувањето на пругата кон Тетово и Гостивар се одвивала низ постојани борби во тој регион и зависела од успехот во совладувањето на четите на Мефаил и Џемо. Колку била битна оваа теснолинејка говори и фактот дека Повардарскиот регион, главно Скопје, првата зима во слобода ја дочекувал само со огревно дрво што возовите го носеле од Буковик!

И тогаш, во тие мигови, доаѓа до парадоксот војната да го потенцира значењето на пругата, а слободата да оди кон разградување: поради немање доволно пружни елементи, нареден е да се разгради кракот од Подмолје кон Дримкол и со тој материјал да се поправа делот од Скопје кон Охрид, особено најоштетениот дел кај Дебарца!

Оваа пруга нема голема и долга среќа, без оглед на нејзиното значење во партизанската борба. Во1948 година е наредено демонтирање на пругата и изградба на пруга со нормален колосек. Истата е изградена само на релација Скопје-Гостивар и тоа дури во 1952 година, на Денот на младоста (25 Мај). Наредната делница, и покрај многу ветувања, се изгради дури во 1969 година, како суровински неопходна за Скопската железарница и се пушти на 29 ноември во таа година.

Факт е дека Мала станица згасна со ветување дека од неа - кога е западната пруга во прашање - ќе добиеме некаква "голема" станица, од која скопјани и сите други градови поврзани со шини со главниот град, ќе можат да појдат на капење можеби веднаш по работно време и со повратен билет истата вечер да се вратат дома. За некакви нормални држави, со сериозен развоен концепт, тоа и не треба да е проблем: останаа уште 60-ина километри до езерото и можеби уште толку за Македонија да добие заокружен возен тек на шини. Да сме Швајцарци, барем во духот, ние навистина би можеле да фатиме некаков воз во 15 и во 17 часот, кога е водата најтопла да се искапеме се до зајдисонцето на Охрид и потоа, по некое испиено кафе во чаршијата, да фатиме некаква композиција за назад, во 22 часот, и на полноќ да бидеме дома!

Во меѓувреме, се затворија и рудниците покрај пругата од кои се хранеше македонскиот челик и од него - од "македонскиот челик" останаа само скапо платените реклами и пустите фалби на некои директори, трајно заболени од украинскиот полуфабрикатски вирус.

Пругата, тоа што остана од неа, лани доживеа да биде прекината на начин кој одново не потсети на некои сцени од подалечното минато. А Мала станица? Таа остана дел од синдромот на нашите делби и судири, од еден никогаш недооден пат.

Утрински - Љубомир Костовски - 20.07.2002

Back to Top
Vladimir P View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 06-Apr-2008
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 3304
  Quote Vladimir P Quote  Post ReplyReply #127 Posted: 30-Mar-2009 at 21:04
Добар текст, но со повеќе грешки, се надевам дека во немајќи на доволно податоци, за кој можам да најдам оправдување бидејќи незнам по кој пат повторувам - во Македонија нема музеј на историја на железница и една од ретките земји во Европскиот континент.

возот кој обично поаѓал напладне (околу 13 часот) од Мала станица ако не доцни, .... Значи тоа патување за тогашниот купувач на билет значела издвојување од 25 до 28 часа, но велат дека процената на траењето на патувањето од 48 часа некогаш била и пореална.

Возот тргнувал многу рано од Скопје баш ради наведените тешкотии попат нарочно на еден од најстрмните искачувања на Буковик да биде денски пројден.

Возниот ред од 1957-1958 година

Возот 3213 од Скопје тргнуваше во 5:40 часот, во Тетово 7:40, во Гостивар 8:27, и тука доаѓаше подвигот на таја траса, така во Кичево пристигаше во 18:00 и двоењето кај Подмоље во 0:56 а пристигнуваше во Охрид во 1:34.

Возниот ред од 1937-1938 година

Возот 5512 од Скопје тргнувал во 5:47 часот, во Тетово 8:38, во Гостивар 10:02, и тука доаѓал подвигот на таја траса, така во Кичево пристигал во 16:00 и двоењето кај Подмоље во 20:54 а пристигнувал во Охрид во 21:16.

Сево ова беше релативно ако попат не искочеше возот од шини и мораше да се врати назат, каде самите патници беа екперти за таа процедура.

Од двата возни реда се гледа голема разлика на тајмингот за која разлика како се спомнува и во текстот, е оправката после ратот со недоволна соодветна опрема и потреба за брзо пуштање
Клуб на љубители на железниците во Македонија, Macedonian Railways Fan Club
https://www.facebook.com/767277056651521/
Back to Top
beTon View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 25-Jun-2008
Online Status: Offline
Posts: 3887
  Quote beTon Quote  Post ReplyReply #128 Posted: 30-Mar-2009 at 21:16
па добро човеков мислам зборува за возен ред веднаш по пуштањето на пругата, бидејќи информацијата е веднаш после пасусот со должините, информации кои се извадени според него од хрониките од тоа време, значи пуштањето на целосната пруга во употреба. 

Edited by beTon - 30-Mar-2009 at 21:16
Back to Top
Vladimir P View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 06-Apr-2008
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 3304
  Quote Vladimir P Quote  Post ReplyReply #129 Posted: 30-Mar-2009 at 21:52
Генерал Харис (Ѓорче Петров) – Мала станица (Скопје) изградена и пуштена е на 26.07.1923 година, така да не станува збор за возниот ред од пуштањето на самиот почеток.
Клуб на љубители на железниците во Македонија, Macedonian Railways Fan Club
https://www.facebook.com/767277056651521/
Back to Top
beTon View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 25-Jun-2008
Online Status: Offline
Posts: 3887
  Quote beTon Quote  Post ReplyReply #130 Posted: 30-Mar-2009 at 22:16
горе во текстот вели пругата беше пуштена 1922,  во тој случај колку што те разбрав ако пругата била почната '22, тогаш кога била завршена целосно,  правецот Ск-Ох?  
Back to Top
Vladimir P View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 06-Apr-2008
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 3304
  Quote Vladimir P Quote  Post ReplyReply #131 Posted: 30-Mar-2009 at 22:46
Originally posted by beTon

горе во текстот вели пругата беше пуштена 1922,  во тој случај колку што те разбрав ако пругата била почната '22, тогаш кога била завршена целосно,  правецот Ск-Ох?  

Г. Петров - Охрид е пуштена 15.07.1922 год. а подоцна на 26.07.1923 се сврзува Г.Петров со Скопје.

Така да датумот
26.07.1923 е сврзувањето на Скопје (Мала станица) со Охрид.

Затоа нагласив дека има мали грешки во текстот
Клуб на љубители на железниците во Македонија, Macedonian Railways Fan Club
https://www.facebook.com/767277056651521/
Back to Top
beTon View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 25-Jun-2008
Online Status: Offline
Posts: 3887
  Quote beTon Quote  Post ReplyReply #132 Posted: 30-Mar-2009 at 23:01
добро тоа го вели и во текстот, сакав  да ми потврдиш, значи спорно е само ова околу времето на поаѓање од мала станица по тебе, јас влечам заклучок дека заради редослед со пасусот на годините  и тајмингот може да е од дваесеттите, односно истиот и да е точен, бидејќи ти наведуваш време на поаѓање во триесетите...  
Back to Top
Vladimir P View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 06-Apr-2008
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 3304
  Quote Vladimir P Quote  Post ReplyReply #133 Posted: 30-Mar-2009 at 23:17
И најобичната логика вели дека тргнувањето во пладневните сати и пристигнувањето на Буковик кое е најкритично место е сулуда идеја, втората логика возот бил за пренос на трупи а подоцна и на снабдување на население, знаеме дека кај селското население денот почнува дакеку пред зори, а патувањето нис тие планински предели и пристигање после полнок на такви терени стварно е огромен ризик и сулудост.
Клуб на љубители на железниците во Македонија, Macedonian Railways Fan Club
https://www.facebook.com/767277056651521/
Back to Top
beTon View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 25-Jun-2008
Online Status: Offline
Posts: 3887
  Quote beTon Quote  Post ReplyReply #134 Posted: 30-Mar-2009 at 23:34
да прилично нема логика, но од друга страна сите останати информации му се на место, па затоа и јас сум малку збун, евентуално да помешал некоја брзина во прелистување на хрониките и лошо да ја пренел таа информација! 
Back to Top
Vladimir P View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 06-Apr-2008
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 3304
  Quote Vladimir P Quote  Post ReplyReply #135 Posted: 19-May-2009 at 20:01
На денешен ден 19-05-1906 пуштен е светски познатиот Симплон тунел во должина на: тунел 1=19.803 m и тунел 2=19.823 m, помеѓу Швајцарија и Италија.



По него се наречени и познатите возови Simplon-Orient-Express и Venice Simplon-Orient-Express, од кој еден крак-воз проагал и низ Македонија.

Клуб на љубители на железниците во Македонија, Macedonian Railways Fan Club
https://www.facebook.com/767277056651521/
Back to Top
Vladimir P View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 06-Apr-2008
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 3304
  Quote Vladimir P Quote  Post ReplyReply #136 Posted: 28-May-2009 at 10:18
На денешен ден, 28-05-1961 - Последно возење на релавија Парис - Букурешт на славниот Orient Express после цели 78 години

Клуб на љубители на железниците во Македонија, Macedonian Railways Fan Club
https://www.facebook.com/767277056651521/
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9141
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #137 Posted: 25-Jul-2009 at 17:23
Владимир неколку слики што верувам ќе те заинтересираат. Превземени од албумот на Владо Дамјановски на Фликр. Сликите се од 1979 година на железничка станица Скопје

1.

2.

3.

4.



Edited by pbanks - 25-Jul-2009 at 18:27
Back to Top
Vladimir P View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 06-Apr-2008
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 3304
  Quote Vladimir P Quote  Post ReplyReply #138 Posted: 25-Jul-2009 at 18:17
pbanks, стварно ме заинтересирава прекрасни фотографии.

Но ме чуди годината што ја наведуваш 1979 и што е логично од годиштето на Дамјановски, највероватно локомотива е од возот кој идел од Косово Поле за Скопје (ако е сликана во Скопје), бидејќи во тоа време Македонија веќе одавно нема парни локомотиви.

Edited by Vladimir P - 25-Jul-2009 at 19:19
Клуб на љубители на железниците во Македонија, Macedonian Railways Fan Club
https://www.facebook.com/767277056651521/
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9141
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #139 Posted: 25-Jul-2009 at 18:29
Човекот ја има класификувано фотографијата под 1979 година така да дефинитивно е од тогаш
Back to Top
Vladimir P View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 06-Apr-2008
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 3304
  Quote Vladimir P Quote  Post ReplyReply #140 Posted: 25-Jul-2009 at 19:19
Originally posted by pbanks

Човекот ја има класификувано фотографијата под 1979 година така да дефинитивно е од тогаш

Да ја пронајдов таа фотографија со датум - 1979, штета што нема некој детал од околината за локација, но сигурно е во Скопје - станица или лижилница.

Благодарам што ги ископа Cheers
Клуб на љубители на железниците во Македонија, Macedonian Railways Fan Club
https://www.facebook.com/767277056651521/
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 56789 18>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.156 seconds.

Copyright ©2007 - 2024  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.