![]() |
![]() |
![]() |
Социјални згради и населби |
![]() |
Post Reply ![]() |
Page <1 56789 10> |
Author | |
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
Изградбата на социјална зграда приоритет за Општина Пехчево
Во месец април започнува изградбата на социјална зграда во Пехчево. Ова го најави градоначалникот Драган Тренчовски кој информираше дека во крајна фаза е тендерирањето, по што очекува следниот месец да започне изградбата на според него капиталниот проект, со кој како што додаде ќе се реши голем проблем за семејствата од социјален ризик во Пехчево. -Изградбата на социјална зграда ќе опфати 34 единици, што е од особено значење за социјално ранливите категории во нашата општина. Според моите информации во крајна фаза е тендерирањето за да може да почне изградбата најдоцна до месец април. Сепак оставаме простор да течат активностите како што треба, за да се конкретизираат работите во таа насока, рече Тренчовски. Перидот кој што следи, како што додаде пехчевскиот градоначалник, на барање на жителите ќе се гради и градска капела за што во тек е изработка на проектна документација. -Прироритет според мислењето на граѓаните е изградбата на градска капела, која беше дел и од изборната програма. Изработката на проектната документација и тендерирањето очекуваме да заврши на крај на април, во мај да се почне со градба, со што до септември или порано, би била изградена градската капела, што ќе биде од особено значење затоа што и тоа како е потребно овој прироритетен проект да биде реализиран, додаде Тренчовски. о општина Пехчево со грант од Светска банка, предвидена е и изградба на улици во должина од 3 километри. -За реализација на оваа активност се ќе зависи од тендерирањето на Министерество за транспорт и врски дали ќе успеат до крајот на април да го тендерираат проектот, за да може да се избере изведувач и да почнеме со изведба на овој капитален проект во изградба на 3 километри улици во Пехчево, додава Тренчовски. Дополни дека ова ќе биде од особено значење на жителите во насока на подобрување на патната инфраструктура во градот, која е во лоша состојба, што според него ќе биде значајно и за сите туристи кои ја посетуваат општина Пехчево. https://delcevo365.mk |
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
Изградбата на првата зграда во општина Свети Николе на социјални станови е при самиот крај.
![]() https://www.facebook.com/sasovelkovskizasvnikole |
|
![]() |
|
user8642 ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 18-May-2020 Online Status: Offline Posts: 2041 |
![]() ![]() |
Зашто воопшто градат социјални станови во градови во кои има огромен број празни куќи. Можда треба владата да објави отворен оглас за експропријација и пренамена во социјални куќи. Па кој сака да си ја продаде куќата на државата. Ем ќе си купи стан тамо каде што е преселен во град, ем инаку неможе да најде купец во овие градови испразнетите. Тие што имаат куповна моќ се иселени од градовите, тие што се останати немаат куповна моќ д акукпат куќа туку чекаат социјален стан. Затоа најпаметно на средина да се најде, наместо скапа изградба на згради, да се прави откуп и пренамена на куќи.
|
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
37 СОЦИЈАЛНИ СТАНОВИ ВО СТРУМИЦА СЕДАТ ПРАЗНИ ТРИ ГОДИНИ, НАЈАВЕН НОВ ОГЛАС ЗА РАСПРЕДЕЛБА
![]() По три години од изградбата на социјалната зграда во Струмица, 37 станови сѐ уште не се доделени на лицата од социјален ризик за кои се предвидени. Последната најава дека ќе биде распишан нов оглас за распределба на становите беше во февруари, но од Министерството за транспорт и врски сѐ уште не го објавиле. Корисниците на социјална помош, деца без родители, самохрани мајки, лицата погодени од елементарни непогоди сѐ уште го чекаат огласот со надеж дека ќе го решат станбеното прашање. „Конкуриравме на два повика, но добивме куси известувања дека повикот е поништен заради усогласувања на законската регулатива и опфатот на лица од социјално ранливи категории“, реагираа корисници на социјална помош од Струмица. Министерот Благој Бочварски во февруари кажа дека причина за неуспешните повици за распределба на социјалните станови во Струмица била тоа што имало голем број апликанти од други општини и увери дека за десетина дена ќе биде распишан нов. На прашањето зошто и по месец и половина од најавата нема Оглас, од Mинистерството кусо одговорија дека било поради ковид ситуацијата. „Двајца членови од комисијата беа позитивни и во изолација. Огласот за распределба на социјалните станови во Струмица на улицата Ѓорги Василев ќе биде распишан следната недела“, ни одговорија од Министерството за транспорт и врски. Од таму велат дека социјален стан во Струмица може да добијат само жителите на оваа општина, додека лицата од социјален ризик од останатите рурални општини кои гравитираат и се водат под Центарот за социјални ризици Василево, Босилово, Ново Село немаат право. Бочварски вели дека може да се градат социјални згради и во помалите општини за што треба иницијатива од градоначалниците и да се разработи модел. „Мислам дека не е добро да се дозволи селење на граѓани од една во друга општина со аплицирање за добивање стан. Ако се дозволи, тогаш може граѓани од Гевгелија да аплицираат за социјален стан во Гостивар. Ние постапуваме по закон, но ги разгледуваме сите можности и ако се јави потреба во помалите општини тогаш ќе најдеме начин да се изградат станбени единици и таму“, изјави неодамна Бочварски. Социјалната зграда во Струмица беше изградена во 2018. Таму живеат само лица со посебни потреби кои со процесот на деинституционализација од Заводот за рахабилитација Бања Банско се вселија во четири стана кои беа доделени на Министерството за труд и социјална политика. https://sdk.mk/index.php/dopisna-mrezha/37-sotsijalni-stanovi-vo-strumitsa-sedat-prazni-tri-godini-najaven-nov-oglas-za-raspredelba/ |
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
ГРАДОНАЧАЛНИКОТ КОЦЕВСКИ, МИНИСТЕРОТ БОЧВАРСКИ И ДИРЕКТОРОТ НА АД ЗА СТАНБЕН И ДЕЛОВЕН ПРОСТОР ВО УВИД НА ГРАДЕЖНИТЕ РАБОТИ НА СОЦИЈАЛНАТА ЗГРАДА ВО ВЕЛЕС
Градоначалникот Аце Коцевски, Министерот за транспорт и врски Благој Бочварски и Директорот на АД за изградба и стопанисување со станбен и деловен простор од значење за Републиката-Скопје денеска извршија увид на градежните работи на социјалната зграда во Велес. Изградбата на станбениот објект е финансиран од Влада преку Министертсвото за транспорт и врски во износ од 41.579.000 денари. Социјалната зграда се гради на локација во близина на железничката пруга пред фабриката „Киро Ќучук“ и е наменета за социјално ранливи категории на граѓани. Капацитетот на зградата е 29 станбени единици. „Денеска сме тука да извршиме увид на градежните зафати на социјалната зграда во Велес што претставува вистинска прилика за граѓаните од социјално ранливите категории да обезбедат пристојни услови за живот. Посакувам ова да биде успешен пример за соработка помеѓу локалната и централната власт“, рече министерот Бочварски. „Ги завршивме постапките за уште три згради во други градови и нив ќе ги посетиме како што денес ја посетуваме локацијата во Велес каде што се гради една од социјалните згради“, рече директорот на АД за станбен и деловен простор Трајковски. „Во име на граѓаните односно семејствата кои се потенцијални кандидати за овие станови, да му се заблагодарам на министерот и на министерството за одлуката да се изгради ваква зграда во Велес која ќе биде наменета за семејства од социјално ранливи категории“, рече градоначалникот Коцевски. Социјалната зграда во Велес се очекува да биде комплетно изградена до крајот на јуни наредната година. Инаку, со финансиски средства од министерството за транспорт и врски во висина од 15 милиони денари се реконструираат влезовите на градот, кај Башино Село, Бензиската станица „Лук оил“ и јужниот влез на градот. ![]() ![]() ![]() https://veles.gov.mk/uvid-gradezni-raboti-socijalna-zgrada/ |
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
Силно темпо на изградба на социјалната зграда во Бутел
Социјалната зграда во скопската општина Бутел, како најголем објект од овој тип е во завршна фаза од изработка на карабина. Станбените единици со просечна квадратура од 28-42 м2 ќе овозможат дом на 312 семејства од социјално ранливите категории граѓани. Во моментов се вградуваат керамички плочки во бањи и кујни на ниските катови,се работи на водоинсталатерски и електротехнички инсталации,се вградува фасадна столарија, довршува ѕидаријата на последните катови и се работи на кровната конструкција. Во оваа, како и во сите останати социјални згради, АДИССДП обрнува особено внимание на инвалидизираните лица, односно за нив се предвидени прилагодливи станови, соодветен пристап пред влезовите, како и посебни паркинг места. ![]() ![]() ![]() https://www.facebook.com/adsdp.makedonija |
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
Градежните активности од изградбата на првата социјална зграда во општина Неготино се во завршна фаза.
Наскоро 62 социјално-загрозени фамилии од нашата општина ќе добијат трајно станбено решение. ![]() ![]() ![]() ![]() ![]() https://www.facebook.com/delkovtoni/ |
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
Во Бутел(од фб)
![]() |
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
Завршна фаза на изградбата на социјалната зграда во Свети Николе
![]() ![]() ![]() https://www.facebook.com/adsdp.makedonija |
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
МИРЕН ПРОТЕСТ НА ЖИТЕЛИТЕ ОД НАСЕЛБАТА ДРАЧЕВИК ПОРАДИ ИЗГРАДБАТА НА НОВА СОЦИЈАЛНА ЗГРАДА
![]() 10.05.2021 - Жителите од населбата Драчевик во Кочани доцна попладнево одржаа мирен протест поради почетокот на изградбата на ламелата број 3 од станбениот објект за сместување на семејствата од социјален ризик. Причина за протестот, како што рекоа, е што се влошила безбедносната состојба во населбата, односно зачестиле кражбите, нарушувањето на јавниот ред и мир, имало насилство и физички инциденти, а се уништувала и урбаната опрема и природната околина. -Имаме огромен проблем со дел од станарите во ламела број 2 на социјалната зграда, поради што од надлежните институции бараме привремено да ја прекинат изградбата на третата ламела. Членови на неколку семејства што живеат во постојниот објект доцна навечер и преку ден пуштаат гласна музика, предизвикуваат тепачки, управуваат нерегистрирани моторни возила, неретко се закануваат со физички пресметки и загрозување на животите на жители во соседството. Како крајна мерка, надлежните нека преземат мерки за да ги иселат проблематичните семејства, за да не страдаме сите останати во населбата, истакна Јован Танчев. Дополнителен мотив за протестот е неодамнешниот инцидент меѓу жители од социјалната зграда, при што во физичка пресметка неколку лица се здобиле со тешки повреди предизвикани со убоди од нож. Освен тоа, уништени се реквизитите во новоизградениот детски парк, а се сечат и стебла во шумата во околината на населбата. На присутните на протестот им се обрати и градоначалникот на Кочани, Николчо Илијев, при што ги информираше дека локалната самоуправа нема надлежност во изградбата и вселувањето на станарите во социјалната зграда. -Јас им давам поддршка на жителите од оваа населба, затоа што проблемите со кои тие се соочуваат се сериозни. Ќе инсистираме кај институциите кои се надлежни за одржување на јавниот ред и мир и на безбедноста на граѓаните, да преземат соодветни мерки против прекршителите. Законските прописи треба да ги почитува секој, во спротивно следува санкција. Изградбата на овие колективни станбени објекти за лица од социјален ризик не може да запре, затоа што тие се предвидени со урбанистичкиот план уште во 1998 година, истакна градоначалникот Илијев. На реакцијата на граѓаните дека се загрижени за проблемите со водоснабдувањето на населбата поради изградбата на новиот објект, Илијев објасни дека комуналното претпријатие „Водовод“ ја завршило изградбата на нов експлоатациски бунар за градскиот водовод, а ќе се гради и нов резервоар за вода за објектите во т.н. висока зона, во која спаѓа и населбата Драчевик. https://www.facebook.com/profile.php?id=100009705198069 |
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
Финализирана изградбата на социјалната зграда во Пробиштип
Зградата ќе овозможи дом на 48 семејства од социјално ранливите категории ![]() ![]() https://www.facebook.com/adsdp.makedonija |
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
Програма за социјални станови за Роми во Кичево
|
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
Во Неготино
![]() https://www.facebook.com/delkovtoni |
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
Нови станбени единици за социјално ранливи категории на граѓани во Свети Николе, во кои има и станови предвидени за лица со посебни потреби
![]() https://www.facebook.com/bochvarskiblagoj/ |
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
Започнавме со изградба на социјална станбена зграда во Кочани со 34 станови наменети за социјaлно ранливи категории на гарѓани, инвестција од околу 60 милиони денари.
Преку изградбата на оваа зграда даваме уште еден пример како оваа Влада води грижа за заштита на ранливите категории граѓани. Во моментот привршуваме со зградите во Виница и Пробиштип, ја завршивме во Свети Николе и Гостивар и откако ќе бидат комплетирани сите административни постапки ќе распишеме јавни огласи за распределба. Паралелно се подготвувамрме за изградба на две социјални станбени згради во Штип и Прилеп. ![]() ![]() https://www.facebook.com/bochvarskiblagoj/ |
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
Во Пробиштип
![]() ![]() https://www.facebook.com/bochvarskiblagoj |
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
За прв пат во Неготино изградена е социјална зграда во која ќе се вдомат 62 фамилии од социјален ризик.
![]() https://www.facebook.com/delkovtoni |
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
Денес во Гевгелија извршивме увид во градежните активности на социјалната зграда, која ќе им го реши станбеното прашање на 52 социјално ранливи семејства. Вредноста на инвестицијата изнесува 79 милиони денари и очекуваме зградата да биде завршена до април 2022 година.
![]() ![]() https://www.facebook.com/bochvarskiblagoj |
|
![]() |
|
Џоле ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 23-Apr-2013 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 15368 |
![]() ![]() |
Социјалната зграда во Бутел, до Моди Ливинг комплексот
![]() ![]() ![]() ![]() |
|
За сè има вторпат
|
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
од задниот дел ![]() ![]() https://www.facebook.com/RamiFetahi |
|
![]() |
Post Reply ![]() |
Page <1 56789 10> |
Forum Jump | Forum Permissions ![]() You cannot post new topics in this forum You cannot reply to topics in this forum You cannot delete your posts in this forum You cannot edit your posts in this forum You cannot create polls in this forum You cannot vote in polls in this forum |